петре прличко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petre-prlichko/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 17:05:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петре прличко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petre-prlichko/ 32 32 Ми дојде Рацин расплакан и ми рече „Ќе имаме еден ден и ние Македонски театар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mi-dojde-ratsin-rasplakan-i-mi-reche-ke-imame-eden-den-i-nie-makedonski-teatar/ Sat, 02 Sep 2023 07:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=672729

Петре Прличко во интервју за ХРТ говори за познанството и пријателството со Кочо Рацин:

The post Ми дојде Рацин расплакан и ми рече „Ќе имаме еден ден и ние Македонски театар“ appeared first on Република.

]]>

Петре Прличко во интервју за ХРТ говори за познанството и пријателството со Кочо Рацин:

The post Ми дојде Рацин расплакан и ми рече „Ќе имаме еден ден и ние Македонски театар“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва се отвора театарскиот фестивал „5ре“ во Велес посветен на Петре Прличко https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-otvora-teatarskiot-festival-5re-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/ Thu, 19 May 2022 11:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=504333

Вечерва во 20 часот во Народниот театар „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“ во Велес свечено ќе биде отворен театарскиот фестивал „5ре“ посветен на бардот на македонското глумиште Петре Прличко.

Вечерва ќе биде врачена наградата „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, која ќе му биде доделена на внукот на Прличко, Игор Џамбазов.

Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца.

Заради здравствени проблеми на еден од актерите, претставата „Синиот портокал“ се откажува, и на нејзино место ќе има Стенд ап шоу со актерот Бојан Кирковски.

Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.

 

The post Вечерва се отвора театарскиот фестивал „5ре“ во Велес посветен на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот во Народниот театар „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“ во Велес свечено ќе биде отворен театарскиот фестивал „5ре“ посветен на бардот на македонското глумиште Петре Прличко. Вечерва ќе биде врачена наградата „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, која ќе му биде доделена на внукот на Прличко, Игор Џамбазов. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца. Заради здравствени проблеми на еден од актерите, претставата „Синиот портокал“ се откажува, и на нејзино место ќе има Стенд ап шоу со актерот Бојан Кирковски. Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.  

The post Вечерва се отвора театарскиот фестивал „5ре“ во Велес посветен на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>
„5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/5re-teatarski-festival-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/ Tue, 17 May 2022 14:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=503413

Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира  нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две  претстави за деца.

Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко“  за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во чест на наградениот  ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари“ на велешкиот театарски ансамбл со што ќе биде отворен фестивалот кој ќе трае до 28 мај.

Ненад Витанов, режисер и член на организациониот одбор, денеска на прес-конференција потенцира дека преку овој фестивал ќе му се оддаде почит на Петре Прчилко преку популарни претстави како што беше популарен и Петре.

Тој информираше дека на програмата се девет фестивалски претстави, од кои шест на сцената на Велешкиот театар, една на отворена сцена во Младинскиот парк, а во дополнителната програма и две претстави за деца.

Зоран Љутков, актер и актуелен претседател на Советот на Општина Велес, истакна  дека со години наназад велешката театарска публика може да види одлични театарски продукции, како и комедии кои се од потешките жанрови за играње.

Ова не е ниту случајно, ниту инцидентно, туку логичен потег, Велес да добие ваков театарски фестивал, со домашни популарни  претстави на македонските театри. Се надевам дека ќе доживее голем успех, рече Љутков.

Воедно информираше дека по подолга пауза велешани повторно ќе имаат секојдневни културни настани од мај  до октомври. Во претстојното лето ги најави:  забавната рекреативна манифестација во Градскиот  парк од 2 до 5 јуни,   Рациновите средби, потоа  Меѓународниот фолклорен фестивал, Фестивалот на античка драма „Стоби“,  Фестивалот на џез и светска музика и Скулпторската колонија.

Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари,  освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.

Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес која и го финансира, а организатор е велешкото Здружение  „Плус публика“.

The post „5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>

Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира  нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две  претстави за деца. Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко“  за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во чест на наградениот  ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари“ на велешкиот театарски ансамбл со што ќе биде отворен фестивалот кој ќе трае до 28 мај. Ненад Витанов, режисер и член на организациониот одбор, денеска на прес-конференција потенцира дека преку овој фестивал ќе му се оддаде почит на Петре Прчилко преку популарни претстави како што беше популарен и Петре. Тој информираше дека на програмата се девет фестивалски претстави, од кои шест на сцената на Велешкиот театар, една на отворена сцена во Младинскиот парк, а во дополнителната програма и две претстави за деца. Зоран Љутков, актер и актуелен претседател на Советот на Општина Велес, истакна  дека со години наназад велешката театарска публика може да види одлични театарски продукции, како и комедии кои се од потешките жанрови за играње.
Ова не е ниту случајно, ниту инцидентно, туку логичен потег, Велес да добие ваков театарски фестивал, со домашни популарни  претстави на македонските театри. Се надевам дека ќе доживее голем успех, рече Љутков.
Воедно информираше дека по подолга пауза велешани повторно ќе имаат секојдневни културни настани од мај  до октомври. Во претстојното лето ги најави:  забавната рекреативна манифестација во Градскиот  парк од 2 до 5 јуни,   Рациновите средби, потоа  Меѓународниот фолклорен фестивал, Фестивалот на античка драма „Стоби“,  Фестивалот на џез и светска музика и Скулпторската колонија. Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари,  освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.
Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес која и го финансира, а организатор е велешкото Здружение  „Плус публика“.

The post „5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>
115 години од раѓањето на Петре Прличко https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/115-godini-od-ragjanjeto-na-petre-prlichko/ Sun, 13 Mar 2022 13:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=472122

Пред 115 години на 13 март во 1907, во Велес е роден Петре Прличко, еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Бил припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци и живеел од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги.

Од 1939 г. членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 г. во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер.

Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши глумци.

Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други.

Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде „Манданата“ т.е. неговиот лик во филмот „Мис Стон“, за која ја доби и наградата „Златна арена“.

Починал во Скопје, на 16 ноември 1995 година.

The post 115 години од раѓањето на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>

Пред 115 години на 13 март во 1907, во Велес е роден Петре Прличко, еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Бил припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци и живеел од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. Од 1939 г. членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 г. во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер. Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши глумци. Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други. Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде „Манданата“ т.е. неговиот лик во филмот „Мис Стон“, за која ја доби и наградата „Златна арена“. Починал во Скопје, на 16 ноември 1995 година.

The post 115 години од раѓањето на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>