Петре М. Андреевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petre-m-andreevski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 10:56:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петре М. Андреевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petre-m-andreevski/ 32 32 СВП ќе одбележи 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svp-ke-odbelezhi-90-godini-od-raganeto-na-petre-m-andreevski-i-95-godini-od-raganeto-na-gane-todorovski/ Fri, 19 Jul 2024 10:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=798425

Оваа година, во рамки на Програмата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ ќе бидат одбележани годишнините на двајца наши истакнати поети: 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски, соопштија организаторите.

Во рамки на одбележувањето, во соработка со Здружението на слепи лица на општина Велес, ќе биде издадено специјално издание со Брајово писмо, избор од антологиските песни на Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски. Изборот го подготви професорката Кристина Николовска од катедрата за македоска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, велат од СВП.

The post СВП ќе одбележи 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски appeared first on Република.

]]>

Оваа година, во рамки на Програмата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ ќе бидат одбележани годишнините на двајца наши истакнати поети: 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски, соопштија организаторите.
Во рамки на одбележувањето, во соработка со Здружението на слепи лица на општина Велес, ќе биде издадено специјално издание со Брајово писмо, избор од антологиските песни на Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски. Изборот го подготви професорката Кристина Николовска од катедрата за македоска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, велат од СВП.

The post СВП ќе одбележи 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски appeared first on Република.

]]>
И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и романот „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/i-da-ne-ni-ostaveshe-nishto-osven-biserot-na-svetskata-lubovna-lirika-denitsija-i-romanot-pirej-petre-m-andreevski-ke-ostaneshe-genij-vo-nashata-knizhevnost/ Wed, 26 Jun 2024 10:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=790919

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вчера се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беа Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата и илустрациите на страниците се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син на Петре М. Андреевски.

Академик Влада Урошевиќ, кој беше во улога на промотор, се осврна кон пријателството и соработката со Петре М. Андреевски. Ја истакна неговата посебност и величина и како писател и како личност.

[caption id="attachment_790936" align="alignnone" width="2560"] Со објавувањето на „Книга за Петре“ македонската литература доби несекојдневна, необична и единствена книга, кажа академик Влада Урошевиќ[/caption]

Со објавувањето на „Книга за Петре“ македонската литература доби несекојдневна, необична и единствена книга. Легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски во оваа книга е лик кој оживува во 19 различни раскази, напишани од 19 творци... Извишувајќи се над биографските детали за Петре, она што останува, трајно е неговото книжевно дело и денес, 90 години по неговото раѓање, македонските писатели низ книгата што сега е пред нас, му ја искажуваат својата почит, ставајќи го во своите раскази. Ми се чини дека малкумина од нив го знаеле Петре, некои некогаш го виделе од далеку, а некои можеби го знаат само по неговите книги. По волја на судбината, јас тука сум еден од ретките што може да каже дека бил пријател со Петре, оние што седеле наспроти него, зборувале со него, се согласувале или не се согласувале, го гледале в очи... А тие што го погледале в очи знаат дека Петре беше бележан од природата или од боговите. Покрај својата исклучителност како автор имаше и телесна потврда дека е единствен, тој имаше ретка појава (хетерохромија), едното око му беше кафеаво, а другото зелено, метафорично речено, тоа што тој го гледаше и пренесуваше во својата поезија и проза блескаше и се прелеваше како ковчег со скриено азно, се вееше како виножито... На чудесен, само за него својствен начин секогаш го гледаше тоа што се одигруваше околу него, како дете кое го гледа светот низ шарена џамлија – рече Урошевиќ во своето обраќање.

Венко Андоновски, кој е автор на еден од расказите во книгата, во своето обраќање сподели повеќе анегдоти поврзани со неговото познанство со Петре М. Андреевски, нагласувајќи дека, покрај тоа што бил перфекционист, со високи критериуми за тоа што тој ќе го напише и ќе го објави, великанот на македонската книжевност бил критичен и кон авторите после него, и кон него (Андоновски). Секогаш го поттикнувал да биде подобар и на ниво.

[caption id="attachment_790937" align="alignnone" width="2560"] Легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски во оваа книга е лик кој оживува во 19 различни раскази, напишани од 19 творци. Фото/Арс Ламина[/caption]

И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и метаисторискиот роман „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност, затоа што тоа што тој ни го остави е една стилска мастилница за оние што доаѓаа да ги макаат своите пера (меѓу кои сум и јас) и да си го бараат својот авторски глас преку неговото невидливо мастило. На ист начин, како што ни го остави тоа стилско мастило за да не заборавиме на тоа, ја напиша и книгата „Лакримариј“. Всушност, „лакримариј“ е поставка во која жените собирале детски солзи за да имаат поубав тен, Петре ни остави еден „лакримариј“ полн со солзи од мастило, солзи љубовни, патриотски, историски и други солзи, за да се вежбаме и да израснеме во она што треба да бидеме. Да го најдеме свој авторски глас – рече Андоновски.

Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети. Книгата е приредена од Оливера Ќорвезироска.

Идејата за приредување на ваква книга не плисна, ниту надојде и гргна ненадејно како порој. Таа долго тлееше, татнеше, се мрешкаше и се разлачуваше од почитта кон претходниците, сè додека не се осамостои, не се избистри и не блесна како јасна намера за чествување и надоврзување на македонската книжевна традиција. Деветнаесетмина современи македонски раскажувачи од сите генерации наредени хронолошки, според годината на раѓањето, го славиме раскажувањето на Петре М. Андреевски на личен, автентичен начин, со специјални раскази за оваа пригода, кои имаат различни и комплексни врски со Петре и со неговото книжевно писмо. Сите 19 раскази, повеќе или помалку, повидливо или поневидливо, се поврзани со конкретни зборови, романи, раскази или песни на Андреевски. Чествувајќи го Петре, расказите истовремено го чествуваат и нашиот заеднички, еден и единствен мајчин јазик – македонскиот. Влада Урошевиќ, првиот застапен автор со кој се „отвора“ книгата, е врсник на Петре М. Андреевски. Хана Корнети, последната застапена авторка со која се „затвора“ книгата, е родена речиси шеесет години подоцна, што значи раскажувачкото „време“ на оваа книга опфаќа шест децении континуирана читателска, но и творечка почит кон великанот на македонската реч. „Книга за Петре“ има уште една исклучително топла и лирска валенција остварена со ликовно-графичкото уредување. Корицата и внатрешните илустрации на разделниците (сепараторите) се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, син на Петре М. Андреевски. На овој начин, едицијата „Mакедонски книжевни класици“ се збогатува со уште еден наслов, овој пат не од, туку за Петре на истата лично-емотивна фреквенција. Претходните девет книги од едицијата беа со ликовни лица на Воскресија Андреевска, внука на Петре. Десеттата („Книга за Петре“) е со ликовно лице на неговиот син Сергеј – рече Ќорвезироска.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега има објавено десет книги со прозни и поетски дела на Петре М. Андреевски. Станува збор за: „Тунел“, „Боемите“ и „Пофалби и поплаки“ (во едно издание), „Бежанци“ и „Јазли“ (во едно издание), „Лакримариј“, „Последните селани“, „Скакулци“, „И на небо и на земја“, „Дални наковални“ и „Вечна куќа: тажаленки“, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Во посебна едиција е објавена и книгата за деца „Шарам барам“.

[caption id="attachment_790939" align="alignnone" width="2560"] фото: Арс Ламина[/caption]

Петре М. Андреевски (25.06.1934, с. Слоештица – 25.09.2006, Скопје) е поет, прозаист, драмски автор, литературен критичар и преведувач, кој со својот многудецениски опус афирмира творештво што го вбројува во најзначајните и најистакнати современи македонски писатели, чии дела – а особено стихозбирката „Дениција“ и романот „Пиреј“ – стануваат општопризнаени дострели на македонската современа книжевност и неодминливо четиво на генерации љубители на литературата.
Првата самостојна збирка песни, „Јазли“, ја објавува во 1960 година, за издавачката куќа „Кочо Рацин“. По неа следуваат збирките: „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1976), „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999).
Првото прозно дело, расказите „Седмиот ден“, го објавува издавачката куќа „Култура“ во 1964 година, а потоа следуваат и: „Неверни години“ (1974, раскази), романите „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1984), „Небеска Тимјановна“ (1989), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994), романот „Последните селани“ (1998) и романот „Тунел“ (2003).
Петре М. Андреевски ги пишува и драмите „Богунемили“ (1971), изведена во Драмскиот театар во Скопје, и „Време за пеење“ (1975), изведена во Народниот театар во Битола. Објавува и две книги поезија за деца: „Шарам барам“ (1980) и „Касни порасни“ (1992). Постхумно се објавени неговите раскази „Боемите“ и недовршениот роман „Бежанци“.

Вредноста на неговите дела ја потврдуваат и многубројните награди, како што се: наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, националната награда „11 Октомври“, Рациново признание, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писатели на Македонија и други. Бил член на Македонската академија на науките и уметностите.

Книгата „Книга за Петре“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

The post И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и романот „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност appeared first on Република.

]]>

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вчера се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беа Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата и илустрациите на страниците се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син на Петре М. Андреевски. Академик Влада Урошевиќ, кој беше во улога на промотор, се осврна кон пријателството и соработката со Петре М. Андреевски. Ја истакна неговата посебност и величина и како писател и како личност. [caption id="attachment_790936" align="alignnone" width="2560"] Со објавувањето на „Книга за Петре“ македонската литература доби несекојдневна, необична и единствена книга, кажа академик Влада Урошевиќ[/caption]
Со објавувањето на „Книга за Петре“ македонската литература доби несекојдневна, необична и единствена книга. Легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски во оваа книга е лик кој оживува во 19 различни раскази, напишани од 19 творци... Извишувајќи се над биографските детали за Петре, она што останува, трајно е неговото книжевно дело и денес, 90 години по неговото раѓање, македонските писатели низ книгата што сега е пред нас, му ја искажуваат својата почит, ставајќи го во своите раскази. Ми се чини дека малкумина од нив го знаеле Петре, некои некогаш го виделе од далеку, а некои можеби го знаат само по неговите книги. По волја на судбината, јас тука сум еден од ретките што може да каже дека бил пријател со Петре, оние што седеле наспроти него, зборувале со него, се согласувале или не се согласувале, го гледале в очи... А тие што го погледале в очи знаат дека Петре беше бележан од природата или од боговите. Покрај својата исклучителност како автор имаше и телесна потврда дека е единствен, тој имаше ретка појава (хетерохромија), едното око му беше кафеаво, а другото зелено, метафорично речено, тоа што тој го гледаше и пренесуваше во својата поезија и проза блескаше и се прелеваше како ковчег со скриено азно, се вееше како виножито... На чудесен, само за него својствен начин секогаш го гледаше тоа што се одигруваше околу него, како дете кое го гледа светот низ шарена џамлија – рече Урошевиќ во своето обраќање.
Венко Андоновски, кој е автор на еден од расказите во книгата, во своето обраќање сподели повеќе анегдоти поврзани со неговото познанство со Петре М. Андреевски, нагласувајќи дека, покрај тоа што бил перфекционист, со високи критериуми за тоа што тој ќе го напише и ќе го објави, великанот на македонската книжевност бил критичен и кон авторите после него, и кон него (Андоновски). Секогаш го поттикнувал да биде подобар и на ниво. [caption id="attachment_790937" align="alignnone" width="2560"] Легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски во оваа книга е лик кој оживува во 19 различни раскази, напишани од 19 творци. Фото/Арс Ламина[/caption]
И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и метаисторискиот роман „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност, затоа што тоа што тој ни го остави е една стилска мастилница за оние што доаѓаа да ги макаат своите пера (меѓу кои сум и јас) и да си го бараат својот авторски глас преку неговото невидливо мастило. На ист начин, како што ни го остави тоа стилско мастило за да не заборавиме на тоа, ја напиша и книгата „Лакримариј“. Всушност, „лакримариј“ е поставка во која жените собирале детски солзи за да имаат поубав тен, Петре ни остави еден „лакримариј“ полн со солзи од мастило, солзи љубовни, патриотски, историски и други солзи, за да се вежбаме и да израснеме во она што треба да бидеме. Да го најдеме свој авторски глас – рече Андоновски.
Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети. Книгата е приредена од Оливера Ќорвезироска. Идејата за приредување на ваква книга не плисна, ниту надојде и гргна ненадејно како порој. Таа долго тлееше, татнеше, се мрешкаше и се разлачуваше од почитта кон претходниците, сè додека не се осамостои, не се избистри и не блесна како јасна намера за чествување и надоврзување на македонската книжевна традиција. Деветнаесетмина современи македонски раскажувачи од сите генерации наредени хронолошки, според годината на раѓањето, го славиме раскажувањето на Петре М. Андреевски на личен, автентичен начин, со специјални раскази за оваа пригода, кои имаат различни и комплексни врски со Петре и со неговото книжевно писмо. Сите 19 раскази, повеќе или помалку, повидливо или поневидливо, се поврзани со конкретни зборови, романи, раскази или песни на Андреевски. Чествувајќи го Петре, расказите истовремено го чествуваат и нашиот заеднички, еден и единствен мајчин јазик – македонскиот. Влада Урошевиќ, првиот застапен автор со кој се „отвора“ книгата, е врсник на Петре М. Андреевски. Хана Корнети, последната застапена авторка со која се „затвора“ книгата, е родена речиси шеесет години подоцна, што значи раскажувачкото „време“ на оваа книга опфаќа шест децении континуирана читателска, но и творечка почит кон великанот на македонската реч. „Книга за Петре“ има уште една исклучително топла и лирска валенција остварена со ликовно-графичкото уредување. Корицата и внатрешните илустрации на разделниците (сепараторите) се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, син на Петре М. Андреевски. На овој начин, едицијата „Mакедонски книжевни класици“ се збогатува со уште еден наслов, овој пат не од, туку за Петре на истата лично-емотивна фреквенција. Претходните девет книги од едицијата беа со ликовни лица на Воскресија Андреевска, внука на Петре. Десеттата („Книга за Петре“) е со ликовно лице на неговиот син Сергеј – рече Ќорвезироска. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега има објавено десет книги со прозни и поетски дела на Петре М. Андреевски. Станува збор за: „Тунел“, „Боемите“ и „Пофалби и поплаки“ (во едно издание), „Бежанци“ и „Јазли“ (во едно издание), „Лакримариј“, „Последните селани“, „Скакулци“, „И на небо и на земја“, „Дални наковални“ и „Вечна куќа: тажаленки“, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Во посебна едиција е објавена и книгата за деца „Шарам барам“. [caption id="attachment_790939" align="alignnone" width="2560"] фото: Арс Ламина[/caption] Петре М. Андреевски (25.06.1934, с. Слоештица – 25.09.2006, Скопје) е поет, прозаист, драмски автор, литературен критичар и преведувач, кој со својот многудецениски опус афирмира творештво што го вбројува во најзначајните и најистакнати современи македонски писатели, чии дела – а особено стихозбирката „Дениција“ и романот „Пиреј“ – стануваат општопризнаени дострели на македонската современа книжевност и неодминливо четиво на генерации љубители на литературата. Првата самостојна збирка песни, „Јазли“, ја објавува во 1960 година, за издавачката куќа „Кочо Рацин“. По неа следуваат збирките: „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1976), „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999). Првото прозно дело, расказите „Седмиот ден“, го објавува издавачката куќа „Култура“ во 1964 година, а потоа следуваат и: „Неверни години“ (1974, раскази), романите „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1984), „Небеска Тимјановна“ (1989), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994), романот „Последните селани“ (1998) и романот „Тунел“ (2003). Петре М. Андреевски ги пишува и драмите „Богунемили“ (1971), изведена во Драмскиот театар во Скопје, и „Време за пеење“ (1975), изведена во Народниот театар во Битола. Објавува и две книги поезија за деца: „Шарам барам“ (1980) и „Касни порасни“ (1992). Постхумно се објавени неговите раскази „Боемите“ и недовршениот роман „Бежанци“. Вредноста на неговите дела ја потврдуваат и многубројните награди, како што се: наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, националната награда „11 Октомври“, Рациново признание, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писатели на Македонија и други. Бил член на Македонската академија на науките и уметностите. Книгата „Книга за Петре“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

The post И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и романот „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност appeared first on Република.

]]>
90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/90-godini-od-raganeto-na-petre-m-andreevski-eden-od-najpopularnite-makedonski-poeti-i-raskazhuvachi/ Tue, 25 Jun 2024 08:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=790530

Пред 90 години на 25 јуни 1934 година, во селото Слоештица, демирхисарско е роден Петре М. Андреевски, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје.

Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“.

Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија на чие чело бил еден мандат. Творештвото на Андреевски опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн.

Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома. Најпознати дела: „Јазли“, „И на небо и на земја“, „Дениција“, „Дални наковални“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Седмиот ден“, „Неверни години“, „Сите лица на смртта“, „Пиреј“, „Скакулци“, „Небеска Тимјановна“, „Последните селани“, „Тунел“ и други. Бил добитник на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Стале Попов“.

Постхумно му бил доделен Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.

Починал на 25 септември 2006 година, а бил погребан во родното село.

 

The post 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи appeared first on Република.

]]>

Пред 90 години на 25 јуни 1934 година, во селото Слоештица, демирхисарско е роден Петре М. Андреевски, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија на чие чело бил еден мандат. Творештвото на Андреевски опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома. Најпознати дела: „Јазли“, „И на небо и на земја“, „Дениција“, „Дални наковални“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Седмиот ден“, „Неверни години“, „Сите лица на смртта“, „Пиреј“, „Скакулци“, „Небеска Тимјановна“, „Последните селани“, „Тунел“ и други. Бил добитник на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Стале Попов“. Постхумно му бил доделен Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност. Починал на 25 септември 2006 година, а бил погребан во родното село.  

The post 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи appeared first on Република.

]]>
Во Слоештица ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-sloeshtitsa-ke-bide-odbelezhana-90-godishninata-od-raganeto-na-petre-m-andreevski/ Sun, 23 Jun 2024 14:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=789964

Со културна манифестација ќе биде одбележана 90 годишнината од раѓањето на македонскиот писател и поет, Петре М. Андреевски.

Настанот ќе се одржи во родното село и вечното почивалиште – с. Слоештица, Демир Хисар, во вторник (25 јуни) во 13 часот, а истиот е во организација на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, -АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола.

Покрај посета и оддавање почит на гробот на Петре во селото Слоештица, предвидена е реализација на културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со ликот и делото на Петре М. Андреевски. Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет – Битола, и истите ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во селото Слоештица.

Настанот ќе заврши во АРТ ПОИНТ – ГУМНО со свечено откривање на склуптура, инспирирана од прочуената „Дениција“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник, Никола Пијанманов.

The post Во Слоештица ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>

Со културна манифестација ќе биде одбележана 90 годишнината од раѓањето на македонскиот писател и поет, Петре М. Андреевски. Настанот ќе се одржи во родното село и вечното почивалиште – с. Слоештица, Демир Хисар, во вторник (25 јуни) во 13 часот, а истиот е во организација на Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Студенското собрание при УКЛО, -АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и Europe House – Битола. Покрај посета и оддавање почит на гробот на Петре во селото Слоештица, предвидена е реализација на културна манифестација која вклучува литературно читање на дел од поезијата на Петре М. Андреевски и квиз со едукативен карактер, поврзан со ликот и делото на Петре М. Андреевски. Литературното читање и квизот ги подготвија студенти од Педагошки факултет – Битола, и истите ќе се реализираат во реновираниот Задружен дом во селото Слоештица. Настанот ќе заврши во АРТ ПОИНТ – ГУМНО со свечено откривање на склуптура, инспирирана од прочуената „Дениција“ на Андреевски, а изработена од познатиот македонски уметник, Никола Пијанманов.

The post Во Слоештица ќе биде одбележана 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>
Во „Книга за Петре“ 19 македонски писатели напишаа по еден расказ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-kniga-za-petre-19-makedonski-pisateli-napishaa-po-eden-raskaz-vo-chest-na-90-godini-od-raganeto-na-petre-m-andreevski/ Wed, 19 Jun 2024 10:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=789010

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, на 25 јуни (вторник), во 12 часот, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, ќе бидат Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска.

Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата, како и илустрациите на страниците, се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син Петре М. Андреевски.

Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети.

The post Во „Книга за Петре“ 19 македонски писатели напишаа по еден расказ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, на 25 јуни (вторник), во 12 часот, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, ќе бидат Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата, како и илустрациите на страниците, се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син Петре М. Андреевски. Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети.

The post Во „Книга за Петре“ 19 македонски писатели напишаа по еден расказ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>
Има, така, некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш, без нив и ние не би биле тоа што сме https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ima-taka-nekoi-luge-koi-znaesh-deka-znaat-i-im-veruvash-bez-niv-i-nie-ne-bi-bile-toa-shto-sme/ Wed, 05 Jun 2024 13:13:24 +0000 https://republika.mk/?p=785013

Институтот за македонска литература денеска со свечен собир одбележа годишнини од раѓањето на писателите Гане Тодоровски (95 години) и Петре М. Андреевски (90 години).

Директорката на Институтот, Наташа Аврамовска, го нарече национален бард проф. Тодоровски, кој е еден од основачите на оваа институција. Нагласи дека особено ги задолжува „со неговата визија за потребата од научно проследување на сите области на развитокот на македонската литература“.

Со неговиот научен ангажман во проследувањето на претходниците на македонската книжевна и книжевно-научна мисла, со космополитизмот на неговата препејувачка дејност, а особено нѐ задолжува неговата лирика..., истакна Аврамовска.

За книжевната оставнина на Петре М. Андревски, пак, рече дека „нѐ задолжува подеднакво како заедница“.

Неговата поема „Дениција“ химнично не возвисува во исказот на љубовта и љубовноста. Неговата проза, од друга страна, во неговиот подвиг на повратокот, беспоштедно нѐ соочува со демоните на нашето историско траење и во соочувањето со нив ни ја нуди можноста за себеосозновање и излез од лавиринтот на повторливоста..., истакна Аврамовска.

Валентина Миронска-Христовска се осврна на творештвото на Тодоровски со кое, рече, ја задолжил и македонската литература, и македонската наука, и македонската култура воопшто. Тодоровски бил нејзин ментор и, како што рече, имал две татковини – литературата и Македонија.

Соња Елзесер во омажот за Тодоровски ја потенцираше неговата вештина во препевите од други јазици на македонски, да воведува нови зборови, т.е. да ги „помакедончува“ и да создава  „македонски верзии на бисерите на светската поезија.

Лорета Георгиевска-Јаковлева своето излагање го започна со зборовите: „Има така некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш. Без нив и ние не би биле тоа што сме“.

Творештвото на Петре М. Андреевски се изучува во гимназиите и е еден од столбовите со кои се идентификуваме, рече меѓу другото Георгиевска - Јаковлева и посочи дека со „Пиреј“ се отвора можност да се стекне увид во позадинските случувања на историското минато и ни нудат можност за опстојба на колективниот идентитет  во нови современи услови.

The post Има, така, некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш, без нив и ние не би биле тоа што сме appeared first on Република.

]]>

Институтот за македонска литература денеска со свечен собир одбележа годишнини од раѓањето на писателите Гане Тодоровски (95 години) и Петре М. Андреевски (90 години). Директорката на Институтот, Наташа Аврамовска, го нарече национален бард проф. Тодоровски, кој е еден од основачите на оваа институција. Нагласи дека особено ги задолжува „со неговата визија за потребата од научно проследување на сите области на развитокот на македонската литература“.
Со неговиот научен ангажман во проследувањето на претходниците на македонската книжевна и книжевно-научна мисла, со космополитизмот на неговата препејувачка дејност, а особено нѐ задолжува неговата лирика..., истакна Аврамовска.
За книжевната оставнина на Петре М. Андревски, пак, рече дека „нѐ задолжува подеднакво како заедница“.
Неговата поема „Дениција“ химнично не возвисува во исказот на љубовта и љубовноста. Неговата проза, од друга страна, во неговиот подвиг на повратокот, беспоштедно нѐ соочува со демоните на нашето историско траење и во соочувањето со нив ни ја нуди можноста за себеосозновање и излез од лавиринтот на повторливоста..., истакна Аврамовска.
Валентина Миронска-Христовска се осврна на творештвото на Тодоровски со кое, рече, ја задолжил и македонската литература, и македонската наука, и македонската култура воопшто. Тодоровски бил нејзин ментор и, како што рече, имал две татковини – литературата и Македонија. Соња Елзесер во омажот за Тодоровски ја потенцираше неговата вештина во препевите од други јазици на македонски, да воведува нови зборови, т.е. да ги „помакедончува“ и да создава  „македонски верзии на бисерите на светската поезија. Лорета Георгиевска-Јаковлева своето излагање го започна со зборовите: „Има така некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш. Без нив и ние не би биле тоа што сме“.
Творештвото на Петре М. Андреевски се изучува во гимназиите и е еден од столбовите со кои се идентификуваме, рече меѓу другото Георгиевска - Јаковлева и посочи дека со „Пиреј“ се отвора можност да се стекне увид во позадинските случувања на историското минато и ни нудат можност за опстојба на колективниот идентитет  во нови современи услови.

The post Има, така, некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш, без нив и ние не би биле тоа што сме appeared first on Република.

]]>
Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svechen-sobir-vo-chest-na-gane-todorovski-i-petre-m-andreevski/ Wed, 05 Jun 2024 08:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=784083

Институтот за македонска литература при УКИМ – Скопје ја продолжува традицијата на чествување на великаните на современата македонска книжевност. На 5 јуни, во 12 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонска литература, овој пат вниманието се насочува кон Гане Тодоровски (по повод 95-годишнината од раѓањето) и кон Петре М. Андреевски (по повод 90-годишнината од раѓањето).
– Како институција што е од посебен национален интерес се чувствуваме почестени, но и обврзани, да потсетуваме на дејноста и опусот на сите оние имиња од македонската книжевна историја што ги пренесувале традициите и ги граделе културните вредности кај нас. Двајцата писатели не само што се класици на македонската книжевност туку и за двајцата може да се констатира дека пишуваат литература што станува носител на актуелното преку предавање на историското знаење. Затоа, за нас е многу важно да се погрижиме значајните личности од македонската книжевна историја да се актуализираат и кај младите генерации, па во таа насока настојуваме овие собири да ги реализираме во интеракција со учениците од средните училишта – вели проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателка на Организациониот одбор.
Со поздравна реч, соборот ќе го отвори директорката на ИМЛ, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, за поезијата проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, книжевната дејност на Петре М. Андреевски ќе ја претстави проф. д-р Наташа Аврамовска, а за романот „Пиреј“ ќе зборува проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

The post Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>

Институтот за македонска литература при УКИМ – Скопје ја продолжува традицијата на чествување на великаните на современата македонска книжевност. На 5 јуни, во 12 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонска литература, овој пат вниманието се насочува кон Гане Тодоровски (по повод 95-годишнината од раѓањето) и кон Петре М. Андреевски (по повод 90-годишнината од раѓањето). – Како институција што е од посебен национален интерес се чувствуваме почестени, но и обврзани, да потсетуваме на дејноста и опусот на сите оние имиња од македонската книжевна историја што ги пренесувале традициите и ги граделе културните вредности кај нас. Двајцата писатели не само што се класици на македонската книжевност туку и за двајцата може да се констатира дека пишуваат литература што станува носител на актуелното преку предавање на историското знаење. Затоа, за нас е многу важно да се погрижиме значајните личности од македонската книжевна историја да се актуализираат и кај младите генерации, па во таа насока настојуваме овие собири да ги реализираме во интеракција со учениците од средните училишта – вели проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателка на Организациониот одбор. Со поздравна реч, соборот ќе го отвори директорката на ИМЛ, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, за поезијата проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, книжевната дејност на Петре М. Андреевски ќе ја претстави проф. д-р Наташа Аврамовска, а за романот „Пиреј“ ќе зборува проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

The post Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски посветена на големиот македонски поет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-presret-na-90-godishninata-od-raganeto-na-petre-m-andreevski-od-pechat-izleze-poemata-se-umira-li-od-premnogu-sakane-od-makedonskiot-pisatel-zoran-pejkovski-posvetena-na-golemiot-makedonski-poet/ Mon, 22 Apr 2024 09:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=769190

Деновиве во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на виртуозот во македонската литература, големиот и бесмртен Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски, а посветена на Петре М. Андреевски. Рецензенти на ова грандиозно поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Издавач е познатата издавачка куќа „ПНВ-Публикации“ од Скопје. Инаку оваа е прва објавена книга во 2024-та година, и шеста поема од вкупно 65 книжевно - драмски, поетски, прозни, научни, публицистички и преведувачки остварувања на Пејковски.

Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ е новото книжевно - поетско дело на македонскиот писател Зоран Пејковски, која е посветена на безвремениот и бесмртен Петре М. Андреевски, а по повод одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање.
Рецензенти на ова значајно книжевно - поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски.
Во својата рецензија, академик Катица Ќулавкова ќе напомене:.. „Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ од Зоран Пејковски е посветена на големиот македонски поет Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање. Поемата е составена од 25 (дваесет и пет) пеења....Поетот Зоран Пејковски го најавува широкиот тематски распон на поемата и нејзината воздигната трогателна и свечена патриотска и химнична интонација. Се работи за големата и трагична македонска историска приказна која оставила свои траги во просторот и времето, во јазикот и преданието на Македонците, кои „Ги измешале небото и земјата (...) предавствата и херојствата“. Љубовта е засенета од презирот спрема предавствата кои биле секогаш извор на најголеми лични и колективни страданија. Ако треба да се опише македонското поднебје и македонската историја, тогаш треба да се потсетиме на тоа дека Тие, Македонците, ги мешале небото и земјата, сакралното и профаното, паганското и христијанското, минатото и сегашноста. Поетот зборува од дистанца, временска и вредносна, небаре е во улога на историчар и судија.
Второто пеење веќе навестува дека лирскиот субјект е рефлексија и поетска „инкарнација“ на Петре М. Андреевски. Се користи прво лице еднина кое сугерира лична гледна точка обележана од демирхисарскиот хронотоп и од култните елегии за Дениција од истоимената книга на Петре М. Андреевски. Времето и просторот се стеснуваат за миг и сфаќаме дека уводната апотеоза на македонскиот „постанок“ ги поставува рамките на поширокиот значенски контекст на поемата. Нејзиниот потесен и доминантен тематски фокус е неразделен од опусот на Петре М. Андреевски и неговата маркантна човечка фигура....
Третото пеење повторно ги вкрстува темата на љубовта со патриотскиот вознес. Песната е ширум отворена спрема идеалот на љубовта и на татковината, спрема восхитот и очајот. Патетичната интонација се рационализира со повремени есеистички коментари за „распродадената историја“ и за идеалите на предците.
Четвртото пеење го става одново акцентот врз Дениција како парабола на возвишените татковински чувства. Дениција „ја носи целата татковина во прегратки“.
Петтото пеење нуди други аспекти на општествениот и историски контекст во позадината на песните за Дениција, а индиректно и на пееања на Зоран Пејковски. Тоа се осврнува на мотивот на војната, туѓите војски и воените трауми. Поетски фрагментарно се редат инсерти од воените неизвесности, кога жените „не знаеја дали се жени или вдовици“. Дениција се претвора во митска слика, во имагинарен „предел на Најсаканија“. Таа постои таква, идеална и дивинизирана само во поезијата на Петре М. Андреевски.
Од шестото до дваесет и петтото пеење, Дениција е како непрекината нишка во лавиринтот на историската приказна за Македонија, како водич низ темните времиња и невремиња, како светлина во темнината на ропските безумија и лелекија.
„Малата идеја за татковината е толку голема“ што лирскиот пејач не може да ја пронајде (Осмо пеење).
Љубовта градира од пеење во пеење. Дивинизацијата на Дениција продолжува. Дениција е икона (Дваесет и прво пеење). Дениција е митска слика. Приказната за Македонија, нејзините Богомили и нејзините востанија (Делчев и др.) се одвива паралелно со приказната за Дениција (Единаесетто пеење).
Дениција, како и Македонија, постои додека постои потрагата по неа, постои како недостижна цел која му дава смисла на животот, како Пат кој ја овозможува потрагата.
Поемата на Пејковски е мелодрамтична. Во далечината на последните неколку пеења се наѕира силуетата на Петре М. Андреевски кој како хиперчувствителен и осамен боем им се предава на чувствата и го брани своето право на слобода (Осумнаесето и Деветнаесето пеење).
Во последните пеења се сугерира и една апокалиптична визија на Македонија. Останува само „црната кутија“ по падот на „авионот“, кутија која ќе сведочи за настаните кои довеле до трагедијата. Интонацијата е траорна. Загубена е слободата. Сочуван е само сонот, но ни тој не е утеха (Дваесет и второ пеење). Во Дваесетитретото пеење конечно се поставува прашањето „Се умира ли од премногу сакање?!“. Дијагнозата е премногу љубов, вишок обожавање... Кулминацијата се доживува во чинот на губењето на довербата. Апсолутната љубов е катастрофична. Поетот како да станува свесен дека треба да се соочи со реалноста и да почне да се сомнева (Дваесет и петто пеење).
Современиот македонски поет Зоран Пејковски пишува долга поема од 25 пеења со цел да му направи омаж на Петре М. Андреевски. Таа цел е остварена. Пофалбата е испишана како модерна химна. Тоа е тројна пофалба - на Петре М. Андреевски, на неговата имагинарна Дениција, на Македонија и на љубовта и почитта спрема тие три величини и вертикали на македонското поетско творештво“...
Рецензентот Јордан Плевнеш за поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:.... „Македонскиот современ поет Зоран Пејковски со поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ посветена на 90-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател Петре. М Андреевски (1934-2006) докажува дека независно од историските услови во кои е создаван македонскиот идентитет во европскиот лавиринт, македонското писмо и писание се остварува и покрај негациите и политичкиот терор кој и денес е присутен на историската сцена кога ќе се спомене името Македонија. Таа се доживува како „елементарна непогода“ на Балканот кој уште Маркс го нарекува „Магарешки мост на европската дипломатија“.
Поемата на Зоран Пејковски содржи 25 пеења и низ длабоко рефлексивна јазичка сонда која ги поврзува вековите во духот на поетиката и јазикот на Петре М. Андреевски, ја става неговата поема „Дениција“ како Основен столб врз кого се гради поетскиот наратив и тој „Curiozum mundi“ како што Мирослав Крлежа ја нарекуваше Македонија. Дениција како што е познато е објавена во ревлуционерната година 1968 и нејзиниот познат стих од кого беа потресени повеќе балкански разузнавачки служби кои ги пренесуваа своите „зони на опасност“ во светските центри на воената моќ гласеше: „Кога ја љубев Дениција како да учествував во создавањето на првата македонска држава“!
Всушност поемата на Зоран Пејковски „Се умира ли од премногу сакање?!“ низ призмата на Дениција е еден стамен поетски монументален запис, дека љубовта станува опасност во балканската и европската историја и нејзината „прекумерност“ го загрозува етаблираниот ред на нештата дури и е закана за Светскиот поредок.
Јазикот на поемата на Пејковски е сличен на определбата на брилијатниот шекспиролог Јан Кот, кој вели ако се пишува „пост-модерн“ тоа значи дека се пишува „пост-мортем“. Неговите стихови изобилуваат со дигресивна форма на понирање низ времето, и всушност поемата ги овековечува и сите други жанри во кои се остварува книжевниот гениј на Петре М.Андреевски, бидејќи од неговиот прв драмски текст „Богунемили“ до романот „Пиреј“ и сите негови збирки поезија, Зоран Пејковски ќе го пронајде сублиматот на Главната окосница на неговата Поема-парабола низ стиховите во кои ќе ја објави сопствената само-дефиниција, или по угледот на Пабло Пикасо и неговиот последен авто-портрет, пишувајќи за Петре М. Андреевски, Зоран Пејковски го наоѓа круцијалното прашање и неговиот одговор: Во поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ ја откриваме после векови трагање „црната кутија на нашето самоуништување“! Поемата на Зоран Пејковски е како изградба на поетски храм на Петре М. Андреевски бидејќи тој веруваше во градбите од зборови кои се присутни во книгата на Дени Де Ружмон „28 векови на Европа“, во која големиот швајцарски мислител и историчар тврди дека Европа 28 векови се бара и не може да се најде. Значи исто е и со Македонија! Исто е и со Светот!!!
Во 1968 година „Дениција“ е објавена во времето кога Ален Гинсберг ги објавува своите „Новости од Планетата“, кои со својата жестина ја отсликувааат светската историја. Чарлс Буковски пишува за „Улицата на теророт и авенијата на агонијата“, Рејмон Кено пишува за „Летот на Икар“, Јосиф Бродски ги пишува „Елегиите“ со инспирација од Данте Алигиери, а унгарскиот поет Ласло Наѓ е добитник на „Златниот венец“ за песна на Струшките вечери на поезијата „Крадец си, во песна што се крие“.
Овие компаративни согледувања ни отвораат нови потпорни точки, за да ја согледаме тежината на поемата на Зоран Пејковски, бидејќи тој го објавува овој свој поетски крик во 25 пеења, во време кога целата планета е во состојба на војни, масакри и ликвидации на многу меридијани и последниот бастион кој што треба да се уништи за да се заврши фамозниот салто мортале на современиот свет е Љубовта, Цивилизацијата на љубовта, како што ја нарекуваат Рамноапостолите Свети Кирил и Методиј, за кои Пејковски напиша Поема „Светопис за сесловените“, како што напиша поеми или драми во стихови и за Свети Климент Охридски и за Григор Прличев и за Кочо Рацин и за Анте Поповски и за Ацо Шопов.
Всушност, Пеењата на Зоран Пејковски кон кои се приклучува и неговата најнова поема „Се умира ли од премногу сакање?!“ го иницираат клучното прашање на нашата книжевна меморија: Се гради ли сам по себе Имагинарниот храм наречен Македонски книжевен Пантеон, една невидлива, сега засега, Градба која е како насловот на втората поетска книга на Петре М, Андреевски, „Ни на небо, ни на земја“, која не можат да ја уништат не само пропагандите, туку ни нуклеарните боеви глави зошто таа е неуништива, бидејќи „Уметноста е конечна цел на сите револуции“!“....
Рецензентот Владимир Илиевски за поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:.... „Писателот Зоран Пејковски со својот инспиративен творечки континуитет го надополнува корпусот на македонската книжевност со дела кои длабоко продираат во македонската историја и во македонската културна историја. Пејковски ги користат овие материјали како своја книжевна предлошка... За нескротливата творечка енергија на Пејковски јасна потврда е неговата најнова поема во дваесет и пет пеење „Се умира ли од премногу сакање?!“ која поетот ја посветува на бардот на македонската книжевност - поетот, прозаистот, драматургот, сценаристот, полемичарот Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање“....
Навидум, како поетот Пејковски да сака да го започне книжевен разговор со својот книжевен претходник токму во моментот кога тој, претходникот, е млад, кога ги објавува своите први поетски книги. Ова обраќање без дирекно именување само ја потенцира книжевната големина на Андреевски и поетската вештина на Пејковски. Нема потреба некого да именуваш ако неговото дело е длабоко вгнездено во меморијата на читателската публика.
Зоран Пејковски со своите стихови само го допозлатува ореолот околу Дениција. Тој возвишено пее поместувајќи ги реските меѓи помеѓу поимите/ феномените жена, љубов, страст, слобода татковина, Македонија, историја, радост, тага“...
Во „Се умира ли од премногу сакање?!“ Зоран Пејковски ги открива местата каде што се кријат тајните на „мајсторлукот“ на Андреевски. Пејковски исто како и Андреевски се потпира на историскиот поттекст и успешно го пронаоѓа начинот на кој тој поттест успева да се одвои од книжевното дело. Пејковски тоа специфично го постигнува со нагласениот критичко-иронички тон во своите стихови. Тоа не е само искажана сурова иронија кон историските настани, туку една отворена свесност за тежината, значењето и вредноста на тие минати настани во оформувањето на перцепцијата на сегашниот миг“.... „Пејковски успева до крај да го избруси стихот во својата поема. Стиховите лесно го следаат пеењето и некако спонтано, незабележливо и потполно природно се прелеваат еден во друг како што по едно издишување од полните гради неминовно следи длабокото вдишување. Поемата на Пејковки наликува на едно постојано здраво дишење со ширум отворени бели дробови, затоа што јазикот на поетот е чист и разбирлив, без нејаснотии кои би можеле да предизвикаат нејасна, треперлива мисла“.....
Пејковски, и како автор, но и како човек, целосно го прифаќа искажаниот совет на Петре М. Андреевски. Но сепак во неговото последно пеење како да има впечатлива доза на разочарување. Останува чувството дека овој „аменет“ на Петре не е исполнет, дека нешто недостасува во достоинството, дека храброста е одглумена и дека вистината не се бара на вистинското место.
И за крај: поемата не се чита само еднаш, туку повеќепати се препрочитува. Причината за тоа не е двосмисленоста на искажаните ставови, туку во потребата понекогаш да се почувствува благата врелост на пријателската шлаканица за да се доотворат очите докрај пред несовршеноста на сегашноста“.....
Инаку, Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.
Автор е на 22 драмски дела, на 6 сценско-драмски рецитали, на 21 збирки песни, 6 поеми, 1 роман, 1 препев, 4 научно-истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година се стекнува со титулата почесен амбасадор на мирот од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France). Во 2017 година се стекнува со титулата академик на Чувашката народна академија на науките и уметностите, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија. Преведен е и препеан на повеќе странски јазици.

The post Во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски посветена на големиот македонски поет appeared first on Република.

]]>

Деновиве во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на виртуозот во македонската литература, големиот и бесмртен Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски, а посветена на Петре М. Андреевски. Рецензенти на ова грандиозно поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Издавач е познатата издавачка куќа „ПНВ-Публикации“ од Скопје. Инаку оваа е прва објавена книга во 2024-та година, и шеста поема од вкупно 65 книжевно - драмски, поетски, прозни, научни, публицистички и преведувачки остварувања на Пејковски. Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ е новото книжевно - поетско дело на македонскиот писател Зоран Пејковски, која е посветена на безвремениот и бесмртен Петре М. Андреевски, а по повод одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање. Рецензенти на ова значајно книжевно - поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Во својата рецензија, академик Катица Ќулавкова ќе напомене:.. „Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ од Зоран Пејковски е посветена на големиот македонски поет Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање. Поемата е составена од 25 (дваесет и пет) пеења....Поетот Зоран Пејковски го најавува широкиот тематски распон на поемата и нејзината воздигната трогателна и свечена патриотска и химнична интонација. Се работи за големата и трагична македонска историска приказна која оставила свои траги во просторот и времето, во јазикот и преданието на Македонците, кои „Ги измешале небото и земјата (...) предавствата и херојствата“. Љубовта е засенета од презирот спрема предавствата кои биле секогаш извор на најголеми лични и колективни страданија. Ако треба да се опише македонското поднебје и македонската историја, тогаш треба да се потсетиме на тоа дека Тие, Македонците, ги мешале небото и земјата, сакралното и профаното, паганското и христијанското, минатото и сегашноста. Поетот зборува од дистанца, временска и вредносна, небаре е во улога на историчар и судија. Второто пеење веќе навестува дека лирскиот субјект е рефлексија и поетска „инкарнација“ на Петре М. Андреевски. Се користи прво лице еднина кое сугерира лична гледна точка обележана од демирхисарскиот хронотоп и од култните елегии за Дениција од истоимената книга на Петре М. Андреевски. Времето и просторот се стеснуваат за миг и сфаќаме дека уводната апотеоза на македонскиот „постанок“ ги поставува рамките на поширокиот значенски контекст на поемата. Нејзиниот потесен и доминантен тематски фокус е неразделен од опусот на Петре М. Андреевски и неговата маркантна човечка фигура.... Третото пеење повторно ги вкрстува темата на љубовта со патриотскиот вознес. Песната е ширум отворена спрема идеалот на љубовта и на татковината, спрема восхитот и очајот. Патетичната интонација се рационализира со повремени есеистички коментари за „распродадената историја“ и за идеалите на предците. Четвртото пеење го става одново акцентот врз Дениција како парабола на возвишените татковински чувства. Дениција „ја носи целата татковина во прегратки“. Петтото пеење нуди други аспекти на општествениот и историски контекст во позадината на песните за Дениција, а индиректно и на пееања на Зоран Пејковски. Тоа се осврнува на мотивот на војната, туѓите војски и воените трауми. Поетски фрагментарно се редат инсерти од воените неизвесности, кога жените „не знаеја дали се жени или вдовици“. Дениција се претвора во митска слика, во имагинарен „предел на Најсаканија“. Таа постои таква, идеална и дивинизирана само во поезијата на Петре М. Андреевски. Од шестото до дваесет и петтото пеење, Дениција е како непрекината нишка во лавиринтот на историската приказна за Македонија, како водич низ темните времиња и невремиња, како светлина во темнината на ропските безумија и лелекија. „Малата идеја за татковината е толку голема“ што лирскиот пејач не може да ја пронајде (Осмо пеење). Љубовта градира од пеење во пеење. Дивинизацијата на Дениција продолжува. Дениција е икона (Дваесет и прво пеење). Дениција е митска слика. Приказната за Македонија, нејзините Богомили и нејзините востанија (Делчев и др.) се одвива паралелно со приказната за Дениција (Единаесетто пеење). Дениција, како и Македонија, постои додека постои потрагата по неа, постои како недостижна цел која му дава смисла на животот, како Пат кој ја овозможува потрагата. Поемата на Пејковски е мелодрамтична. Во далечината на последните неколку пеења се наѕира силуетата на Петре М. Андреевски кој како хиперчувствителен и осамен боем им се предава на чувствата и го брани своето право на слобода (Осумнаесето и Деветнаесето пеење). Во последните пеења се сугерира и една апокалиптична визија на Македонија. Останува само „црната кутија“ по падот на „авионот“, кутија која ќе сведочи за настаните кои довеле до трагедијата. Интонацијата е траорна. Загубена е слободата. Сочуван е само сонот, но ни тој не е утеха (Дваесет и второ пеење). Во Дваесетитретото пеење конечно се поставува прашањето „Се умира ли од премногу сакање?!“. Дијагнозата е премногу љубов, вишок обожавање... Кулминацијата се доживува во чинот на губењето на довербата. Апсолутната љубов е катастрофична. Поетот како да станува свесен дека треба да се соочи со реалноста и да почне да се сомнева (Дваесет и петто пеење). Современиот македонски поет Зоран Пејковски пишува долга поема од 25 пеења со цел да му направи омаж на Петре М. Андреевски. Таа цел е остварена. Пофалбата е испишана како модерна химна. Тоа е тројна пофалба - на Петре М. Андреевски, на неговата имагинарна Дениција, на Македонија и на љубовта и почитта спрема тие три величини и вертикали на македонското поетско творештво“... Рецензентот Јордан Плевнеш за поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:.... „Македонскиот современ поет Зоран Пејковски со поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ посветена на 90-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател Петре. М Андреевски (1934-2006) докажува дека независно од историските услови во кои е создаван македонскиот идентитет во европскиот лавиринт, македонското писмо и писание се остварува и покрај негациите и политичкиот терор кој и денес е присутен на историската сцена кога ќе се спомене името Македонија. Таа се доживува како „елементарна непогода“ на Балканот кој уште Маркс го нарекува „Магарешки мост на европската дипломатија“. Поемата на Зоран Пејковски содржи 25 пеења и низ длабоко рефлексивна јазичка сонда која ги поврзува вековите во духот на поетиката и јазикот на Петре М. Андреевски, ја става неговата поема „Дениција“ како Основен столб врз кого се гради поетскиот наратив и тој „Curiozum mundi“ како што Мирослав Крлежа ја нарекуваше Македонија. Дениција како што е познато е објавена во ревлуционерната година 1968 и нејзиниот познат стих од кого беа потресени повеќе балкански разузнавачки служби кои ги пренесуваа своите „зони на опасност“ во светските центри на воената моќ гласеше: „Кога ја љубев Дениција како да учествував во создавањето на првата македонска држава“! Всушност поемата на Зоран Пејковски „Се умира ли од премногу сакање?!“ низ призмата на Дениција е еден стамен поетски монументален запис, дека љубовта станува опасност во балканската и европската историја и нејзината „прекумерност“ го загрозува етаблираниот ред на нештата дури и е закана за Светскиот поредок. Јазикот на поемата на Пејковски е сличен на определбата на брилијатниот шекспиролог Јан Кот, кој вели ако се пишува „пост-модерн“ тоа значи дека се пишува „пост-мортем“. Неговите стихови изобилуваат со дигресивна форма на понирање низ времето, и всушност поемата ги овековечува и сите други жанри во кои се остварува книжевниот гениј на Петре М.Андреевски, бидејќи од неговиот прв драмски текст „Богунемили“ до романот „Пиреј“ и сите негови збирки поезија, Зоран Пејковски ќе го пронајде сублиматот на Главната окосница на неговата Поема-парабола низ стиховите во кои ќе ја објави сопствената само-дефиниција, или по угледот на Пабло Пикасо и неговиот последен авто-портрет, пишувајќи за Петре М. Андреевски, Зоран Пејковски го наоѓа круцијалното прашање и неговиот одговор: Во поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ ја откриваме после векови трагање „црната кутија на нашето самоуништување“! Поемата на Зоран Пејковски е како изградба на поетски храм на Петре М. Андреевски бидејќи тој веруваше во градбите од зборови кои се присутни во книгата на Дени Де Ружмон „28 векови на Европа“, во која големиот швајцарски мислител и историчар тврди дека Европа 28 векови се бара и не може да се најде. Значи исто е и со Македонија! Исто е и со Светот!!! Во 1968 година „Дениција“ е објавена во времето кога Ален Гинсберг ги објавува своите „Новости од Планетата“, кои со својата жестина ја отсликувааат светската историја. Чарлс Буковски пишува за „Улицата на теророт и авенијата на агонијата“, Рејмон Кено пишува за „Летот на Икар“, Јосиф Бродски ги пишува „Елегиите“ со инспирација од Данте Алигиери, а унгарскиот поет Ласло Наѓ е добитник на „Златниот венец“ за песна на Струшките вечери на поезијата „Крадец си, во песна што се крие“. Овие компаративни согледувања ни отвораат нови потпорни точки, за да ја согледаме тежината на поемата на Зоран Пејковски, бидејќи тој го објавува овој свој поетски крик во 25 пеења, во време кога целата планета е во состојба на војни, масакри и ликвидации на многу меридијани и последниот бастион кој што треба да се уништи за да се заврши фамозниот салто мортале на современиот свет е Љубовта, Цивилизацијата на љубовта, како што ја нарекуваат Рамноапостолите Свети Кирил и Методиј, за кои Пејковски напиша Поема „Светопис за сесловените“, како што напиша поеми или драми во стихови и за Свети Климент Охридски и за Григор Прличев и за Кочо Рацин и за Анте Поповски и за Ацо Шопов. Всушност, Пеењата на Зоран Пејковски кон кои се приклучува и неговата најнова поема „Се умира ли од премногу сакање?!“ го иницираат клучното прашање на нашата книжевна меморија: Се гради ли сам по себе Имагинарниот храм наречен Македонски книжевен Пантеон, една невидлива, сега засега, Градба која е како насловот на втората поетска книга на Петре М, Андреевски, „Ни на небо, ни на земја“, која не можат да ја уништат не само пропагандите, туку ни нуклеарните боеви глави зошто таа е неуништива, бидејќи „Уметноста е конечна цел на сите револуции“!“.... Рецензентот Владимир Илиевски за поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:.... „Писателот Зоран Пејковски со својот инспиративен творечки континуитет го надополнува корпусот на македонската книжевност со дела кои длабоко продираат во македонската историја и во македонската културна историја. Пејковски ги користат овие материјали како своја книжевна предлошка... За нескротливата творечка енергија на Пејковски јасна потврда е неговата најнова поема во дваесет и пет пеење „Се умира ли од премногу сакање?!“ која поетот ја посветува на бардот на македонската книжевност - поетот, прозаистот, драматургот, сценаристот, полемичарот Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање“.... Навидум, како поетот Пејковски да сака да го започне книжевен разговор со својот книжевен претходник токму во моментот кога тој, претходникот, е млад, кога ги објавува своите први поетски книги. Ова обраќање без дирекно именување само ја потенцира книжевната големина на Андреевски и поетската вештина на Пејковски. Нема потреба некого да именуваш ако неговото дело е длабоко вгнездено во меморијата на читателската публика. Зоран Пејковски со своите стихови само го допозлатува ореолот околу Дениција. Тој возвишено пее поместувајќи ги реските меѓи помеѓу поимите/ феномените жена, љубов, страст, слобода татковина, Македонија, историја, радост, тага“... Во „Се умира ли од премногу сакање?!“ Зоран Пејковски ги открива местата каде што се кријат тајните на „мајсторлукот“ на Андреевски. Пејковски исто како и Андреевски се потпира на историскиот поттекст и успешно го пронаоѓа начинот на кој тој поттест успева да се одвои од книжевното дело. Пејковски тоа специфично го постигнува со нагласениот критичко-иронички тон во своите стихови. Тоа не е само искажана сурова иронија кон историските настани, туку една отворена свесност за тежината, значењето и вредноста на тие минати настани во оформувањето на перцепцијата на сегашниот миг“.... „Пејковски успева до крај да го избруси стихот во својата поема. Стиховите лесно го следаат пеењето и некако спонтано, незабележливо и потполно природно се прелеваат еден во друг како што по едно издишување од полните гради неминовно следи длабокото вдишување. Поемата на Пејковки наликува на едно постојано здраво дишење со ширум отворени бели дробови, затоа што јазикот на поетот е чист и разбирлив, без нејаснотии кои би можеле да предизвикаат нејасна, треперлива мисла“..... Пејковски, и како автор, но и како човек, целосно го прифаќа искажаниот совет на Петре М. Андреевски. Но сепак во неговото последно пеење како да има впечатлива доза на разочарување. Останува чувството дека овој „аменет“ на Петре не е исполнет, дека нешто недостасува во достоинството, дека храброста е одглумена и дека вистината не се бара на вистинското место. И за крај: поемата не се чита само еднаш, туку повеќепати се препрочитува. Причината за тоа не е двосмисленоста на искажаните ставови, туку во потребата понекогаш да се почувствува благата врелост на пријателската шлаканица за да се доотворат очите докрај пред несовршеноста на сегашноста“..... Инаку, Зоран Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје. Автор е на 22 драмски дела, на 6 сценско-драмски рецитали, на 21 збирки песни, 6 поеми, 1 роман, 1 препев, 4 научно-истражувачки книги од театрологијата, 3 публицистички книги, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година се стекнува со титулата почесен амбасадор на мирот од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France). Во 2017 година се стекнува со титулата академик на Чувашката народна академија на науките и уметностите, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија. Преведен е и препеан на повеќе странски јазици.

The post Во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски посветена на големиот македонски поет appeared first on Република.

]]>
Омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/omazh-za-petre-m-andreevski-rasvetluvane-na-negoviot-zhivotopis-i-tvorechki-opus/ Thu, 21 Mar 2024 10:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=756959

По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата, денеска во Културно-социјалниот простор Центар – Јадро ќе се одржи омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус.

Општина Центар го реализира овој проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски.

Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамки на проектот ќе биде презентиран видеозапис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски.

Присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус.

Петре М. Андреевски (1934 – 2006) беше македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Пишуваше стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката „Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Петре Миланов Андреевски е роден на 25 јуни 1934 година во селото Слоештица, Демир Хисар. Основно образование завршил во родното село, а гимназија во Битола. По завршувањето на средното образование студирал на Филозовскиот факултет во Скопје, на групата југословенска книжевност.

По завршувањето на студиите Андреевски работел во Македонската телевизија. Долги години работи како уредник во МРТВ, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Од 1964 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а од 1983 година и претседател на друштвото. Андреевски бил член и на Македонскиот ПЕН-центар.

Петре М. Андреевски од мај 2000 година е член и на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Своето место во МАНУ тој го заслужи со своето творештво кое е разновидно и опфаќа романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност.

Во текот на неговиот живот и постхумно објавени се стихозбирките: „Јазли“ (1960), „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1975), „Вечна куќа“ (1987), „Лакримариј“ (1999); потоа книгите со раскази: „Седмиот ден“ (1964), „Неверни години“ (1974), „Сите лица на смртта“ (1994), „Боеми“ (постхумно); како и романите: „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997), „Тунел“ (2003), „Бежанци“ (постхумно). Исто така ја објавува книгата драми (1984), во која влегуваат: „Време за пеење“ и „Богунемили“, потоа есејот „Сегашно минато време“ (2006) и има објавено и две збирки стихови за деца („Шарам барам“ и „Касни порасни“).

 

The post Омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус appeared first on Република.

]]>

По повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата, денеска во Културно-социјалниот простор Центар – Јадро ќе се одржи омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус. Општина Центар го реализира овој проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски. Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамки на проектот ќе биде презентиран видеозапис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски. Присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус. Петре М. Андреевски (1934 – 2006) беше македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Пишуваше стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката „Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам. Петре Миланов Андреевски е роден на 25 јуни 1934 година во селото Слоештица, Демир Хисар. Основно образование завршил во родното село, а гимназија во Битола. По завршувањето на средното образование студирал на Филозовскиот факултет во Скопје, на групата југословенска книжевност. По завршувањето на студиите Андреевски работел во Македонската телевизија. Долги години работи како уредник во МРТВ, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Од 1964 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а од 1983 година и претседател на друштвото. Андреевски бил член и на Македонскиот ПЕН-центар. Петре М. Андреевски од мај 2000 година е член и на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Своето место во МАНУ тој го заслужи со своето творештво кое е разновидно и опфаќа романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Во текот на неговиот живот и постхумно објавени се стихозбирките: „Јазли“ (1960), „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1975), „Вечна куќа“ (1987), „Лакримариј“ (1999); потоа книгите со раскази: „Седмиот ден“ (1964), „Неверни години“ (1974), „Сите лица на смртта“ (1994), „Боеми“ (постхумно); како и романите: „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997), „Тунел“ (2003), „Бежанци“ (постхумно). Исто така ја објавува книгата драми (1984), во која влегуваат: „Време за пеење“ и „Богунемили“, потоа есејот „Сегашно минато време“ (2006) и има објавено и две збирки стихови за деца („Шарам барам“ и „Касни порасни“).  

The post Омаж за Петре М. Андреевски – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус appeared first on Република.

]]>
За Денот на поезијата во КСП Центар – Јадро проект посветен на на Петре М. Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/za-denot-na-poezijata-vo-ksp-tsentar-jadro-proekt-posveten-na-na-petre-m-andreevski/ Mon, 18 Mar 2024 08:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=755767

За Денот на поезијата - 21 март, Општина Центар-Скопје ќе реализира проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски.
Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамките на проектот ќе биде презентиран видео-запис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски, а присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус.

The post За Денот на поезијата во КСП Центар – Јадро проект посветен на на Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>

За Денот на поезијата - 21 март, Општина Центар-Скопје ќе реализира проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски. Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамките на проектот ќе биде презентиран видео-запис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски, а присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус.

The post За Денот на поезијата во КСП Центар – Јадро проект посветен на на Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>
Вчера го цитиравте Петре М. Андреевски, а лани го исфрливте од учебниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vchera-go-citiravte-petre-m-andreevski-a-lani-go-isfrlivte-od-uchebnicite/ Fri, 15 Jul 2022 11:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=529303

Олга Лозановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа посочи дека со Договорот кој го потпиша Заев за добрососедство ја отвори Пандорината кутија и стави почеток на остварувањето на империјалистичкиот сон на Бугарија. Таа исто така посочи дека Бугарија не признава дека постои македонски народ и македонски јазик, а со тоа целосно ја негира и македонската историја.

Следејќи го политичкиот циркуз и потезите на оваа предавничка и корумпирана власт последните неколку години, слушајќи ги шарените лаги на европските комесари колку пати што се занималавале со македонското прашање, толку пати Македонија и македонскиот народ биле понижени и обесправени и дојдов до следниот заклучок и прашање. Дали македонскиот јазик, историја и идентитет се заштитени? Тука е најголемата замка, Европа вели да, ние ве сакаме, но реалноста е сосема различна бидејќи нобеловецот Заев потпиша договор за пријателство со кој ја отвори Пандорината кутија и стави почеток на остварувањето на империјалистичкиот сон на Бугарија во кој нивната територија која се протега од Охрид до Црно море. Да нема заблуди Бугарија не признава дека постои македонски народ и македонски јазик, а со тоа целосно ја негира и македонската историја и за ова мое тврдење постојат илјадници искази на претседатели, премиери и министри, рече Лозановска.

Лозановска ја потенцираше иронијата што вчера премиерот Ковачевски го цитираше Петре М.Андреевски, а лани оваа влада го исфрли од наставната програма и учебниците. Таа во текот на своето обраќање во врска со францускиот предлог потенцираше дека народот кажа гласно дека не го прифаќа овој предлог.

Ова значи дека билатералниот договор кој е дел од преговарачката рамка, нешто кое се случува за прв пат во историјата на ЕУ, билатерален договор да е услов за влез во унијата, никогаш нема да биде усвоен и реализиран освен ако ние самите не извршиме етноцид и еден ден станеме Бугари кои зборуваат дијалект на Бугарски јазик, дека сите вклучени билатерални договори на оваа ненародна и корумпирана елита на власт се на штета на Македонецот. Не можам да разберам како разобличувањето на државата и народот во неа го доживувате како успех, врз коските на загинатите Македонци во Нивици потпишавте Договор со кој се откажавте од македонското малцинство, станавме малцинство/ и сите институции наместо македонски ги претворивте во национални и не застанавте тука, туку побрзавте да се откажете од малцинството во Бугарија, се откажавте од јазикот. Ве прашувам уште еднаш тоа е успехот со кој се гордеете? Овој француски предлог за кој народот гласно ви кажува дека не го прифаќа е најголема замка во поновата историја на Македонија и неговото прифаќање предизвика целосно негирање на се македонско. Прифаќањето ќе стане велепредавство за кое некој еден ден ќе треба да одговара, додаде.

The post Вчера го цитиравте Петре М. Андреевски, а лани го исфрливте од учебниците appeared first on Република.

]]>

Олга Лозановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа посочи дека со Договорот кој го потпиша Заев за добрососедство ја отвори Пандорината кутија и стави почеток на остварувањето на империјалистичкиот сон на Бугарија. Таа исто така посочи дека Бугарија не признава дека постои македонски народ и македонски јазик, а со тоа целосно ја негира и македонската историја.
Следејќи го политичкиот циркуз и потезите на оваа предавничка и корумпирана власт последните неколку години, слушајќи ги шарените лаги на европските комесари колку пати што се занималавале со македонското прашање, толку пати Македонија и македонскиот народ биле понижени и обесправени и дојдов до следниот заклучок и прашање. Дали македонскиот јазик, историја и идентитет се заштитени? Тука е најголемата замка, Европа вели да, ние ве сакаме, но реалноста е сосема различна бидејќи нобеловецот Заев потпиша договор за пријателство со кој ја отвори Пандорината кутија и стави почеток на остварувањето на империјалистичкиот сон на Бугарија во кој нивната територија која се протега од Охрид до Црно море. Да нема заблуди Бугарија не признава дека постои македонски народ и македонски јазик, а со тоа целосно ја негира и македонската историја и за ова мое тврдење постојат илјадници искази на претседатели, премиери и министри, рече Лозановска.
Лозановска ја потенцираше иронијата што вчера премиерот Ковачевски го цитираше Петре М.Андреевски, а лани оваа влада го исфрли од наставната програма и учебниците. Таа во текот на своето обраќање во врска со францускиот предлог потенцираше дека народот кажа гласно дека не го прифаќа овој предлог.
Ова значи дека билатералниот договор кој е дел од преговарачката рамка, нешто кое се случува за прв пат во историјата на ЕУ, билатерален договор да е услов за влез во унијата, никогаш нема да биде усвоен и реализиран освен ако ние самите не извршиме етноцид и еден ден станеме Бугари кои зборуваат дијалект на Бугарски јазик, дека сите вклучени билатерални договори на оваа ненародна и корумпирана елита на власт се на штета на Македонецот. Не можам да разберам како разобличувањето на државата и народот во неа го доживувате како успех, врз коските на загинатите Македонци во Нивици потпишавте Договор со кој се откажавте од македонското малцинство, станавме малцинство/ и сите институции наместо македонски ги претворивте во национални и не застанавте тука, туку побрзавте да се откажете од малцинството во Бугарија, се откажавте од јазикот. Ве прашувам уште еднаш тоа е успехот со кој се гордеете? Овој француски предлог за кој народот гласно ви кажува дека не го прифаќа е најголема замка во поновата историја на Македонија и неговото прифаќање предизвика целосно негирање на се македонско. Прифаќањето ќе стане велепредавство за кое некој еден ден ќе треба да одговара, додаде.

The post Вчера го цитиравте Петре М. Андреевски, а лани го исфрливте од учебниците appeared first on Република.

]]>
Улчар до Ковачевски: Да се цитира Петре Андреевски треба да се биде барем половина од него! Ти Таче под петицата си негова! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ulchar-do-kovachevski-da-se-citira-petre-andreevski-treba-da-se-bide-barem-polovina-od-nego-ti-tache-pod-peticata-si-negova/ Thu, 14 Jul 2022 16:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=528979

Професорката Елка Јачева Улчар го прозва премиерот испровоцирана од крајот на неговиот говор во Собранието кога цитираше извадок од „Пиреј“ од Петре М Андреевски.

Да се цитира Петре Андреевски треба да се заслужи! И да се биде голем, барем, половина од него!

Ти, Таче, под петицата си негова. Таму меѓу влекачите!“, коментира Улчар.

The post Улчар до Ковачевски: Да се цитира Петре Андреевски треба да се биде барем половина од него! Ти Таче под петицата си негова! appeared first on Република.

]]>

Професорката Елка Јачева Улчар го прозва премиерот испровоцирана од крајот на неговиот говор во Собранието кога цитираше извадок од „Пиреј“ од Петре М Андреевски.
Да се цитира Петре Андреевски треба да се заслужи! И да се биде голем, барем, половина од него! Ти, Таче, под петицата си негова. Таму меѓу влекачите!“, коментира Улчар.

The post Улчар до Ковачевски: Да се цитира Петре Андреевски треба да се биде барем половина од него! Ти Таче под петицата си негова! appeared first on Република.

]]>