Петре Бакевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petre-bakevski/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Nov 2022 07:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петре Бакевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petre-bakevski/ 32 32 Творештвото на Петре Бакевски мора да биде заштитено и забележано https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tvoreshtvoto-na-petre-bakevski-mora-da-bide-zashtiteno-i-zabelezano/ Fri, 25 Nov 2022 07:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=578021

Во присуство на членовите на семејството, многубројни познати писатели и новинари, пријатели, соработници и почитувачи на творештвото на истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, на 23 ноември, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје беше промовирано неговото последно дело – „Нова Атлантида“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е вброена во едицијата „Македонски книжевни класици“.

Станува збор за последната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. По првпат, ексклузивно од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења. Уредник е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша Јелена Лужина.

Промотивниот настан почна со интерпретација на извадоци од книгата, што пред публиката ги изведе модераторката Ана Зафирова. Во продолжение, кон Бакевски и неговото творештво се осврнаа неговите долгогодишни пријатели и добри познавачи на неговото дело: етаблираната критичарка, есеистка и театролог Јелена Лужина и познатиот новинар и колумнист Ерол Ризаов.

Лужина нагласи дека „Нова Атлантида“, во издание на „Арс Либрис“, треба да се смета за последната авторска книга на Бакевски. Првата негова дебитантска поетска збирка „Пат до летото“ е објавена пред половина век, во 1972 година.
– Се обидов, деновиве, бегло да ја сумирам авторската библиографија на Петре Бакевски и дојдов до податок дека неговото творештво вклучува најмалку 64 единични наслови и уште (најмалку) 20-тина антологии и зборници... Со децении беше уредник на културната рубрика во весникот „Вечер“, потоа главен уредник во забревтаната издавачка куќа „Детска радост“, а потоа, до смртта, беше фриленсер... Се прашувам, добога, во кој временски „меѓупростор“ успевал да ја изнапише таа своја обемна, кадарна, ретко сериозна и мултижанровскa лична библиотека? Таа импресивна низа од стотина единечни наслови меѓу кои – тврдам! – има најмалку десет апсолутно антологиски/севременски книги. Каков élan vital го движел и го одржувал тој необичен човек, фантаст и идеалист? Петре В. то ест Петре Велики! Така го викав, со години, по рускиот император кој од мочуриштето, „среде ништо“, молскавично ја изградил престолнината, најубава на светот. Како што и тој, Петре В., „среде ништо“, во деведесеттите години на минатиот век – успеал да ја создаде успешната издавачка куќа „Детска радост“... Дали, во оваа наша мала, инертна и традиционално сеирџиска средина, некому некогаш ќе му текне да ја состави интегралната библиографија на сите изданија испечатени во мандатот на Петре Бакевски и со неговиот главноуреднички потпис? Не (само) заради Бакевски и неговиот значаен влог во историјата на македонското издаваштво, несомнено капитален, туку заради статусот и историјата на македонското издаваштво. Знам, хронично си страдаме од краткото ни паметење – Чернодрински вели „од глаата си патиме“... – а умееме да бидеме и мошне инертни, дури и рамнодушни кон сериозни и вистински големи теми. Ќе поднаучиме ли, некогаш, дека кон некои луѓе сепак имаме и некој колективен долг, пред сѐ морален?... Искрено се радувам што, токму со оваа, вибрантна, речиси тестаментарната триделна/трисложна поема – „Нова Атлантида“, Петре Бакевски полноправно влегува во ешалонот на македонските книжевни класици, не само во едицијата „Македонски книжевни класици“, втемелена од „Арс Ламина“ – рече Лужина.

Ризаов истакна дека со Бакевски се познавал повеќе од 40 години и дека тоа познанство „сѐ уште трае“, на свој начин.
– Секогаш кога ме јадат некои јанѕи, посегнувам по неговите дела. Со годините неговите раскази и песни не се менуваат, туку се продлабочуваат, за да добијат, на крајот, една димензија на смирување. Неговите творби се универзални. Не се напишани тукутака, тоа се длабоки мисли. Како автор, но и како уредник, беше пред своето време. Објавуваше изданија, кои можеби денес би се сметале за ерес... Во издавачката куќа, која ја водеше со години, на катот од неговата канцеларија секогаш вриеше од луѓе: се разменуваа мислења, идеи, соработки... Претпоставувам дека се објавија преку илјада наслови... Се паметат и промоциите во негова организација – тие беа грандиозни, беше чудо како беа испланирани и направени – рече тој.
Се потсети и на Петре како личност и пријател – за кој рече дека бил исклучителен. Си спомна на неколку случки, кои му оставиле силен впечаток.
– Се сеќавам, бевме на едно заедничко патување во Истанбул – град во кој Петре често одеше и од кој беше фасциниран. Посетивме еден кварт со многу кафеани и со необично име – Песочна капија. Се интересираше зошто така се вика местото. Но, не знаев да му објаснам. Потоа ги разгледуваше уличките и ме прашуваше да му преведам што значат називите. Посетивме една уличка близу главата авенија. А таа се викаше Улица на Стариот цвеќар. Интересно е што, на таа улица, во една куќа, е роден нашиот голем поет Матеја Матевски. Тогаш Петре кажа нешто што сѐ уште го паметам: „Па, има ли нешто поубаво во светот, на улица со такво име да се роди поет?...“ На враќање од Истанбул Петре ми напиша (посвети) една песна – „Песочната капија на Стамбол“. Кога ја читав песната – сфатив што е поезија. Како сите тие разговори, сите тие мириси, чувства, сето тоа што го видовме во Истанбул го претворил во песна. Е, тоа е уметност! Тоа е литература! Тоа е нешто што ме освои кај овој човек – изјави Ризаов.

Истакна дека името на Бакевски тесно го поврзува со Струшките вечери на поезијата.
– Судбината сакаше да почине на првиот ден на Струшките вечери на поезијата, фестивал што не можам а да не го поврзам со Петре. Тоа што го правеше тој во Струга, таква организација и вечери – не можат да се повторат. На прашањето како успеваше да постигне сѐ, да биде сестран уредник, организатор и истовремено постојано да пишува - не знам. Тој беше чудо од човек, не знаевме како постигнува сè! Тој има објавено книги колку една библиотека. Многумина од нас немаат ни прочитано толку книги. Денес, луѓето многу малку читаат, тоа е и најголемиот проблем – што не можеме да им се оддолжиме на овие луѓе. Не им се оддолжуваме, затоа што не читаме нивните дела, не ги уважуваме, не го ни заштитуваме тоа што го напишале тие. Творештвото на Петре мора да биде заштитено и забележано. Вратите на Македонија кон светот можат да ги отворат само културата и доброто образование. Ќе нѐ убие примитивизмот и провинцијализмот. Тоа е најголемата трагедија што може да ѝ се случи на Македонија. Се занимаваме со политики, а забораваме дека главните личности треба да бидат луѓето од културата и уметноста – рече тој на крајот.

Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 – Скопје, 25 август 2011) е еден од најзначајните македонски писатели, интелектуалци и книжевници. Беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“. Добитник е на низа награди и признанија во македонската културна сфера и пошироко. Неговата книжевна биографија ги вклучува буквално сите родови и жанрови: поетски (во распон од лирски песни до поеми, епски, најчесто испишани во слободен стих), прозни (во распон од раскази и романи, до книжевни и театарски критики, есеи, репортажи, коментари, полемики), драми (секакви, во проза и во стих).

The post Творештвото на Петре Бакевски мора да биде заштитено и забележано appeared first on Република.

]]>

Во присуство на членовите на семејството, многубројни познати писатели и новинари, пријатели, соработници и почитувачи на творештвото на истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, на 23 ноември, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје беше промовирано неговото последно дело – „Нова Атлантида“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е вброена во едицијата „Македонски книжевни класици“. Станува збор за последната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. По првпат, ексклузивно од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења. Уредник е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша Јелена Лужина. Промотивниот настан почна со интерпретација на извадоци од книгата, што пред публиката ги изведе модераторката Ана Зафирова. Во продолжение, кон Бакевски и неговото творештво се осврнаа неговите долгогодишни пријатели и добри познавачи на неговото дело: етаблираната критичарка, есеистка и театролог Јелена Лужина и познатиот новинар и колумнист Ерол Ризаов. Лужина нагласи дека „Нова Атлантида“, во издание на „Арс Либрис“, треба да се смета за последната авторска книга на Бакевски. Првата негова дебитантска поетска збирка „Пат до летото“ е објавена пред половина век, во 1972 година. – Се обидов, деновиве, бегло да ја сумирам авторската библиографија на Петре Бакевски и дојдов до податок дека неговото творештво вклучува најмалку 64 единични наслови и уште (најмалку) 20-тина антологии и зборници... Со децении беше уредник на културната рубрика во весникот „Вечер“, потоа главен уредник во забревтаната издавачка куќа „Детска радост“, а потоа, до смртта, беше фриленсер... Се прашувам, добога, во кој временски „меѓупростор“ успевал да ја изнапише таа своја обемна, кадарна, ретко сериозна и мултижанровскa лична библиотека? Таа импресивна низа од стотина единечни наслови меѓу кои – тврдам! – има најмалку десет апсолутно антологиски/севременски книги. Каков élan vital го движел и го одржувал тој необичен човек, фантаст и идеалист? Петре В. то ест Петре Велики! Така го викав, со години, по рускиот император кој од мочуриштето, „среде ништо“, молскавично ја изградил престолнината, најубава на светот. Како што и тој, Петре В., „среде ништо“, во деведесеттите години на минатиот век – успеал да ја создаде успешната издавачка куќа „Детска радост“... Дали, во оваа наша мала, инертна и традиционално сеирџиска средина, некому некогаш ќе му текне да ја состави интегралната библиографија на сите изданија испечатени во мандатот на Петре Бакевски и со неговиот главноуреднички потпис? Не (само) заради Бакевски и неговиот значаен влог во историјата на македонското издаваштво, несомнено капитален, туку заради статусот и историјата на македонското издаваштво. Знам, хронично си страдаме од краткото ни паметење – Чернодрински вели „од глаата си патиме“... – а умееме да бидеме и мошне инертни, дури и рамнодушни кон сериозни и вистински големи теми. Ќе поднаучиме ли, некогаш, дека кон некои луѓе сепак имаме и некој колективен долг, пред сѐ морален?... Искрено се радувам што, токму со оваа, вибрантна, речиси тестаментарната триделна/трисложна поема – „Нова Атлантида“, Петре Бакевски полноправно влегува во ешалонот на македонските книжевни класици, не само во едицијата „Македонски книжевни класици“, втемелена од „Арс Ламина“ – рече Лужина. Ризаов истакна дека со Бакевски се познавал повеќе од 40 години и дека тоа познанство „сѐ уште трае“, на свој начин. – Секогаш кога ме јадат некои јанѕи, посегнувам по неговите дела. Со годините неговите раскази и песни не се менуваат, туку се продлабочуваат, за да добијат, на крајот, една димензија на смирување. Неговите творби се универзални. Не се напишани тукутака, тоа се длабоки мисли. Како автор, но и како уредник, беше пред своето време. Објавуваше изданија, кои можеби денес би се сметале за ерес... Во издавачката куќа, која ја водеше со години, на катот од неговата канцеларија секогаш вриеше од луѓе: се разменуваа мислења, идеи, соработки... Претпоставувам дека се објавија преку илјада наслови... Се паметат и промоциите во негова организација – тие беа грандиозни, беше чудо како беа испланирани и направени – рече тој. Се потсети и на Петре како личност и пријател – за кој рече дека бил исклучителен. Си спомна на неколку случки, кои му оставиле силен впечаток. – Се сеќавам, бевме на едно заедничко патување во Истанбул – град во кој Петре често одеше и од кој беше фасциниран. Посетивме еден кварт со многу кафеани и со необично име – Песочна капија. Се интересираше зошто така се вика местото. Но, не знаев да му објаснам. Потоа ги разгледуваше уличките и ме прашуваше да му преведам што значат називите. Посетивме една уличка близу главата авенија. А таа се викаше Улица на Стариот цвеќар. Интересно е што, на таа улица, во една куќа, е роден нашиот голем поет Матеја Матевски. Тогаш Петре кажа нешто што сѐ уште го паметам: „Па, има ли нешто поубаво во светот, на улица со такво име да се роди поет?...“ На враќање од Истанбул Петре ми напиша (посвети) една песна – „Песочната капија на Стамбол“. Кога ја читав песната – сфатив што е поезија. Како сите тие разговори, сите тие мириси, чувства, сето тоа што го видовме во Истанбул го претворил во песна. Е, тоа е уметност! Тоа е литература! Тоа е нешто што ме освои кај овој човек – изјави Ризаов. Истакна дека името на Бакевски тесно го поврзува со Струшките вечери на поезијата. – Судбината сакаше да почине на првиот ден на Струшките вечери на поезијата, фестивал што не можам а да не го поврзам со Петре. Тоа што го правеше тој во Струга, таква организација и вечери – не можат да се повторат. На прашањето како успеваше да постигне сѐ, да биде сестран уредник, организатор и истовремено постојано да пишува - не знам. Тој беше чудо од човек, не знаевме како постигнува сè! Тој има објавено книги колку една библиотека. Многумина од нас немаат ни прочитано толку книги. Денес, луѓето многу малку читаат, тоа е и најголемиот проблем – што не можеме да им се оддолжиме на овие луѓе. Не им се оддолжуваме, затоа што не читаме нивните дела, не ги уважуваме, не го ни заштитуваме тоа што го напишале тие. Творештвото на Петре мора да биде заштитено и забележано. Вратите на Македонија кон светот можат да ги отворат само културата и доброто образование. Ќе нѐ убие примитивизмот и провинцијализмот. Тоа е најголемата трагедија што може да ѝ се случи на Македонија. Се занимаваме со политики, а забораваме дека главните личности треба да бидат луѓето од културата и уметноста – рече тој на крајот. Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 – Скопје, 25 август 2011) е еден од најзначајните македонски писатели, интелектуалци и книжевници. Беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“. Добитник е на низа награди и признанија во македонската културна сфера и пошироко. Неговата книжевна биографија ги вклучува буквално сите родови и жанрови: поетски (во распон од лирски песни до поеми, епски, најчесто испишани во слободен стих), прозни (во распон од раскази и романи, до книжевни и театарски критики, есеи, репортажи, коментари, полемики), драми (секакви, во проза и во стих).

The post Творештвото на Петре Бакевски мора да биде заштитено и забележано appeared first on Република.

]]>
Промоција на поемата „Нова Атлантида“ – последното дело на Петре Бакевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-poemata-nova-atlantida-poslednoto-delo-na-petre-bakevski/ Wed, 23 Nov 2022 08:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=577213

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде промовирана поемата „Нова Атлантида“ – последното дело на Петре Бакевски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Станува збор за последната книга на којашто Бакевски работел пред смртта во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. Првпат ексклузивно од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења, соопшти издавачката куќа.

Уредник на изданието е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша театрологот Јелена Лужина која и ќе ја промовира книгата заедно со новинарот и колумнист Ерол Ризаов.

Книгата „Нова Атлантида“ е објавена во едицијата „Македонски книжевни класици“ во чии рамки „Арс Ламина“ досега (ре)објави дел од творештвото на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Димитар Солев, Живко Чинго, Ѓорѓи Абаџиев, Влада Урошевиќ, Блаже Конески и Оливера Николова.

Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 – Скопје, 25 август 2011) беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“ и добитник на голем број награди и признанија.

The post Промоција на поемата „Нова Атлантида“ – последното дело на Петре Бакевски appeared first on Република.

]]>

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде промовирана поемата „Нова Атлантида“ – последното дело на Петре Бакевски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Станува збор за последната книга на којашто Бакевски работел пред смртта во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. Првпат ексклузивно од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења, соопшти издавачката куќа.
Уредник на изданието е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша театрологот Јелена Лужина која и ќе ја промовира книгата заедно со новинарот и колумнист Ерол Ризаов. Книгата „Нова Атлантида“ е објавена во едицијата „Македонски книжевни класици“ во чии рамки „Арс Ламина“ досега (ре)објави дел од творештвото на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Димитар Солев, Живко Чинго, Ѓорѓи Абаџиев, Влада Урошевиќ, Блаже Конески и Оливера Николова. Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 – Скопје, 25 август 2011) беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“ и добитник на голем број награди и признанија.

The post Промоција на поемата „Нова Атлантида“ – последното дело на Петре Бакевски appeared first on Република.

]]>
Промоција на последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-poslednoto-delo-od-petre-bakevski-poemata-nova-atlantida/ Mon, 21 Nov 2022 12:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=576515

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, „Нова Атлантида“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирано на 23 ноември (среда), во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Промотори на книгата ќе бидат етаблираната критичарка, есеистка и театролог Јелена Лужина и познатиот новинар и колумнист Ерол Ризаов. Модераторка на настанот ќе биде Ана Зафирова.

Станува збор за последната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. По првпат, ексклузивно од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења. Уредник е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша Лужина.

Книгата е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во рамките на која издавачката куќа „Арс Ламина“ досега го (ре)објави дел од творештвото на книжевните великани: Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Димитар Солев, Живко Чинго, Ѓорѓи Абаџиев, Влада Урошевиќ, Блаже Конески и Оливера Николова.

„Нова Атлантида“, како што има кажано Петре Бакевски, е сублимат на целото негово поетско, книжевно и животно искуство. Во неа се сите негови возвишувања и паѓања, сите негови соништа и изгубени илузии.

Атлантида е метафора за исчезнувањето. Таа има двојно значење, и лично и општо. Животот на човекот се одвива во биолошки круг. Само времето постојано трае, се продолжува, се обновува, се пресоздава, ги пласти драмите, селективно и двоумно ги памети сеќавањата, предупредува и повторно се става на искушенија. И на нови предизвици. На нови потраги. На нови откровенија, рекол Бакевски.

Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 – Скопје, 25 август 2011) е еден од најзначајните македонски писатели, интелектуалци и книжевници. Беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“. Добитник е на низа награди и признанија во македонската културна сфера и пошироко.

Неговата книжевна биографија ги вклучува буквално сите родови и жанрови: поетски (во распон од лирски песни до поеми, епски, најчесто испишани во слободен стих), прозни (во распон од раскази и романи, до книжевни и театарски критики, есеи, репортажи, коментари, полемики), драми (секакви, во проза и во стих).

The post Промоција на последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“ appeared first on Република.

]]>

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, „Нова Атлантида“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирано на 23 ноември (среда), во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Промотори на книгата ќе бидат етаблираната критичарка, есеистка и театролог Јелена Лужина и познатиот новинар и колумнист Ерол Ризаов. Модераторка на настанот ќе биде Ана Зафирова. Станува збор за последната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. По првпат, ексклузивно од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења. Уредник е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша Лужина. Книгата е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во рамките на која издавачката куќа „Арс Ламина“ досега го (ре)објави дел од творештвото на книжевните великани: Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Димитар Солев, Живко Чинго, Ѓорѓи Абаџиев, Влада Урошевиќ, Блаже Конески и Оливера Николова. „Нова Атлантида“, како што има кажано Петре Бакевски, е сублимат на целото негово поетско, книжевно и животно искуство. Во неа се сите негови возвишувања и паѓања, сите негови соништа и изгубени илузии.
Атлантида е метафора за исчезнувањето. Таа има двојно значење, и лично и општо. Животот на човекот се одвива во биолошки круг. Само времето постојано трае, се продолжува, се обновува, се пресоздава, ги пласти драмите, селективно и двоумно ги памети сеќавањата, предупредува и повторно се става на искушенија. И на нови предизвици. На нови потраги. На нови откровенија, рекол Бакевски.
Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 – Скопје, 25 август 2011) е еден од најзначајните македонски писатели, интелектуалци и книжевници. Беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“. Добитник е на низа награди и признанија во македонската културна сфера и пошироко. Неговата книжевна биографија ги вклучува буквално сите родови и жанрови: поетски (во распон од лирски песни до поеми, епски, најчесто испишани во слободен стих), прозни (во распон од раскази и романи, до книжевни и театарски критики, есеи, репортажи, коментари, полемики), драми (секакви, во проза и во стих).

The post Промоција на последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“ appeared first on Република.

]]>
„Арс Ламина“ го објави последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ars-lamina-go-objavi-poslednoto-delo-od-petre-bakevski-poemata-nova-atlantida/ Thu, 19 May 2022 09:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=504251

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, поемата „Нова Атлантида“, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за финалната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. По првпат, ексклузивно од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења. Уредник е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша Јелена Лужина.

Книгата е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во рамките на која издавачката куќа „Арс Ламина“ досега го (ре)објави дел од творештвото на книжевните великани: Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Димитар Солев, Живко Чинго, Ѓорѓи Абаџиев, Влада Урошевиќ, Блаже Конески и Оливера Николова.

„Нова Атлантида“, како што има кажано Петре Бакевски, е сублимат на целото негово поетско, книжевно и животно искуство. Во неа се сите негови возвишувања и паѓања, сите негови соништа и изгубени илузии.

„Атлантида е метафора за исчезнувањето. Таа има двојно значење, и лично и општо. Животот на човекот се одвива во биолошки круг. Само времето постојано трае, се продолжува, се обновува, се пресоздава, ги пласти драмите, селективно и двоумно ги памети сеќавањата, предупредува и повторно се става на искушенија. И на нови предизвици. На нови потраги. На нови откровенија, рекол Бакевски.

Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 – Скопје, 25 август 2011) е еден од најзначајните македонски писатели, интелектуалци и книжевници. Беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“. Добитник е на низа награди и признанија во македонската културна сфера и пошироко.

Неговата книжевна биографија ги вклучува буквално сите родови и жанрови: поетски (во распон од лирски песни до поеми, епски, најчесто испишани во слободен стих), прозни (во распон од раскази и романи, до книжевни и театарски критики, есеи, репортажи, коментари, полемики), драми (секакви, во проза и во стих).

The post „Арс Ламина“ го објави последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“ appeared first on Република.

]]>

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, поемата „Нова Атлантида“, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за финалната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од ветрови“. Првиот дел (верзија), првично објавен во 2008 година, е добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Авторот подоцна се посветил на создавање на другите два последователни дела, кои се заокружени во една целина под насловот „Нова Атлантида“. По првпат, ексклузивно од печат излегува комплетираното дело со сите три пеења. Уредник е Томе Силјаноски, а поговорот го напиша Јелена Лужина. Книгата е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во рамките на која издавачката куќа „Арс Ламина“ досега го (ре)објави дел од творештвото на книжевните великани: Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Димитар Солев, Живко Чинго, Ѓорѓи Абаџиев, Влада Урошевиќ, Блаже Конески и Оливера Николова. „Нова Атлантида“, како што има кажано Петре Бакевски, е сублимат на целото негово поетско, книжевно и животно искуство. Во неа се сите негови возвишувања и паѓања, сите негови соништа и изгубени илузии. „Атлантида е метафора за исчезнувањето. Таа има двојно значење, и лично и општо. Животот на човекот се одвива во биолошки круг. Само времето постојано трае, се продолжува, се обновува, се пресоздава, ги пласти драмите, селективно и двоумно ги памети сеќавањата, предупредува и повторно се става на искушенија. И на нови предизвици. На нови потраги. На нови откровенија, рекол Бакевски. Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 – Скопје, 25 август 2011) е еден од најзначајните македонски писатели, интелектуалци и книжевници. Беше долгогодишен главен уредник на книгоиздателството „Детска радост“. Добитник е на низа награди и признанија во македонската културна сфера и пошироко. Неговата книжевна биографија ги вклучува буквално сите родови и жанрови: поетски (во распон од лирски песни до поеми, епски, најчесто испишани во слободен стих), прозни (во распон од раскази и романи, до книжевни и театарски критики, есеи, репортажи, коментари, полемики), драми (секакви, во проза и во стих).

The post „Арс Ламина“ го објави последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“ appeared first on Република.

]]>