петра дрекслер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petra-dreksler/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 13:04:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петра дрекслер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petra-dreksler/ 32 32 Николоски – Дрекслер: Инфраструктурен развој и идеја за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-dreksler-infrastrukturen-razvoj-i-ideja-za-kvalitetno-i-brzo-povrzuvane-na-makedonija-i-regionot-so-zemjite-od-tsentralna-evropa/ Tue, 24 Sep 2024 12:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=819313

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.

Покрај актуелните економски и политички прашања во земјава и регионот, на средбата се разговараше и за инвестиционата програма на Владата во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти.

Министерот Николоски ја запозна амбасадорката за плановите на Владата за инфраструктурен развој на земјата и идејата за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа.

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи со Германија, при што министерот Николоски ја нагласи важноста на пријателскиот и партнерски однос меѓу двете земји.

Германија е силен поддржувач на Македонија во нејзиниот развој, рече министерот Николоски, потенцирајќи дека Владата е силно фокусирана на европските интеграции и спроведување на реформите.

Министерот изрази благодарност за досегашната соработка при што беше искажана согласност за интензивирање на таквата соработка во различни области од заеднички интерес.

The post Николоски – Дрекслер: Инфраструктурен развој и идеја за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер. Покрај актуелните економски и политички прашања во земјава и регионот, на средбата се разговараше и за инвестиционата програма на Владата во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти. Министерот Николоски ја запозна амбасадорката за плановите на Владата за инфраструктурен развој на земјата и идејата за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа. На средбата беа потврдени добрите билатерални односи со Германија, при што министерот Николоски ја нагласи важноста на пријателскиот и партнерски однос меѓу двете земји. Германија е силен поддржувач на Македонија во нејзиниот развој, рече министерот Николоски, потенцирајќи дека Владата е силно фокусирана на европските интеграции и спроведување на реформите. Министерот изрази благодарност за досегашната соработка при што беше искажана согласност за интензивирање на таквата соработка во различни области од заеднички интерес.  

The post Николоски – Дрекслер: Инфраструктурен развој и идеја за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа appeared first on Република.

]]>
Министерот Салиу се сретна со германската амбасадорка, во фокусот подобрување на општата состојба на Ромите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-saliu-se-sretna-so-germanskata-ambasadorka-vo-fokusot-podobruvane-na-opshtata-sostojba-na-romite/ Fri, 20 Sep 2024 15:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=818244

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030 Шабан Салиу се сретна со германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

Како што информира Кабинетот на министерот Салиу, германската амбасадорка на средбата ја изразила својата загриженост и подготвеност за соработка во насока на подобрување на општата состојба на Ромите, со акцент на домувањето и проблемот со неевидентираните лица во матичната книга на родените.

Амбасадорката беше запознаена со ингеренциите на Кабинетот и фактичката состојба од имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Дискутиравме и за заклучоците од Министеркиот состанок за ромската интеграција 2024, што се одржа во Берлин во организација на германската влада, се наведува во соопштението.

The post Министерот Салиу се сретна со германската амбасадорка, во фокусот подобрување на општата состојба на Ромите appeared first on Република.

]]>

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030 Шабан Салиу се сретна со германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. Како што информира Кабинетот на министерот Салиу, германската амбасадорка на средбата ја изразила својата загриженост и подготвеност за соработка во насока на подобрување на општата состојба на Ромите, со акцент на домувањето и проблемот со неевидентираните лица во матичната книга на родените.
Амбасадорката беше запознаена со ингеренциите на Кабинетот и фактичката состојба од имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Дискутиравме и за заклучоците од Министеркиот состанок за ромската интеграција 2024, што се одржа во Берлин во организација на германската влада, се наведува во соопштението.

The post Министерот Салиу се сретна со германската амбасадорка, во фокусот подобрување на општата состојба на Ромите appeared first on Република.

]]>
Филипче на средба со германската амбасадорка Дрекслер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-na-sredba-so-germanskata-ambasadorka-dreksler/ Wed, 04 Sep 2024 16:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=813181

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер.

Како што информира СДСМ, на средбата Филипче ја запознал амбасадорката со идните политики на партијата, како и со актуелните внатрепартсики реформи кои се однесуваат на процесот на обновување и зајакнување на партијата, како најсилна опозициска социјалдемократска партија.

– СДСМ направи длабинска анализа на резултатите од парламетарните избори и она за што во следниот период сме цврсто решени да го реализираме е да направиме програмска и кадровска обнова. Нашата цел е да бидеме препознаени од страна на граѓаните како единствена и вистинска социјалдемократска политичка алтернатива на актуелната власт, нагласил Филипче.

На средбата, како што се наведува, се разговараше и за процесот на европската интеграција на државата. Филипче изразил загриженост од политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес, нагласувајќи дека иднината на Македонија е во Европската Унија и дека СДСМ останува посветен во исполнување на преговарачаката рамка и на суштинските реформи во рамки на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

-СДСМ во периодот кога ја предводеше Владата реализираше сериозни реформски исчекори во однос на придвижување на евроинтеграцискиот процес на државата. Но, во моментов имаме ситуација кога актуелната власт нема јасен план на оваа тема, изјавил  Филипче.

Претседателот на СДСМ ја запознал амбасадорката Дрекслер и со меѓународните активности на партијата во рамки на Партијата на европските социјалисти, како и билатералната соработка со сестринската Социјалдемократска партија на Германија и со германската социјалдемкоратска фондација Фридрих Еберт.

The post Филипче на средба со германската амбасадорка Дрекслер appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер. Како што информира СДСМ, на средбата Филипче ја запознал амбасадорката со идните политики на партијата, како и со актуелните внатрепартсики реформи кои се однесуваат на процесот на обновување и зајакнување на партијата, како најсилна опозициска социјалдемократска партија. – СДСМ направи длабинска анализа на резултатите од парламетарните избори и она за што во следниот период сме цврсто решени да го реализираме е да направиме програмска и кадровска обнова. Нашата цел е да бидеме препознаени од страна на граѓаните како единствена и вистинска социјалдемократска политичка алтернатива на актуелната власт, нагласил Филипче. На средбата, како што се наведува, се разговараше и за процесот на европската интеграција на државата. Филипче изразил загриженост од политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес, нагласувајќи дека иднината на Македонија е во Европската Унија и дека СДСМ останува посветен во исполнување на преговарачаката рамка и на суштинските реформи во рамки на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. -СДСМ во периодот кога ја предводеше Владата реализираше сериозни реформски исчекори во однос на придвижување на евроинтеграцискиот процес на државата. Но, во моментов имаме ситуација кога актуелната власт нема јасен план на оваа тема, изјавил  Филипче. Претседателот на СДСМ ја запознал амбасадорката Дрекслер и со меѓународните активности на партијата во рамки на Партијата на европските социјалисти, како и билатералната соработка со сестринската Социјалдемократска партија на Германија и со германската социјалдемкоратска фондација Фридрих Еберт.

The post Филипче на средба со германската амбасадорка Дрекслер appeared first on Република.

]]>
Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/timcho-mutsunski-se-sretna-so-ambasadorkata-na-germanija-petra-dreksler/ Mon, 01 Jul 2024 10:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=792360

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, што претставува прва заедничка средба на двајцата соговорници по именувањето на министерот Муцунски на функцијата, соопштија од МНР.

Муцунски изрази голема благодарност за безрезервната поддршка и посветеност на Германија на нашиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека новата Влада е силно фокусирана на европските интеграции и на спроведувањето на реформите. Соговорниците разменија мислења и во однос на сојузништвото во рамки на НАТО, со посебен акцент на соработката во рамки на претстојниот Самит во Вашингтон. Воедно, беше оддадено признание за нашиот досегашен значаен придонес кон колективната безбедност, мир и просперитет на целата трансатлантска област. На средбата беше искажано заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период, со заложби за продлабочување на соработката во периодот што следи, истакнаа од МНР.

The post Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер appeared first on Република.

Мицкоски – Дрекслер: Германија е наш значаен стратешки партнер и пријател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dreksler-germanija-e-nash-znachaen-strateshki-partner-i-prijatel/ Thu, 27 Jun 2024 11:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=791271

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, соопштија од владиниот кабинет.

Како што се вели во соопштението на средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на интеграцијата на државата во Европската унија. Претседателот Мицкоски ја нагласи важноста на партнерството со Германија, истакнувајќи дека поддршката од германската страна е од клучно значење за развојот и стабилноста на нашата земја.

Германија е од наш голем значаен стратешки интерес, партнер и пријател. Нивната поддршка и соработка се од големо значење за нас. Ќе продолжиме да работиме заедно во духот на партнерство и заеднички вредности“, изјави Мицкоски.

Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

The post Мицкоски – Дрекслер: Германија е наш значаен стратешки партнер и пријател appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, соопштија од владиниот кабинет. Како што се вели во соопштението на средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на интеграцијата на државата во Европската унија. Претседателот Мицкоски ја нагласи важноста на партнерството со Германија, истакнувајќи дека поддршката од германската страна е од клучно значење за развојот и стабилноста на нашата земја.
Германија е од наш голем значаен стратешки интерес, партнер и пријател. Нивната поддршка и соработка се од големо значење за нас. Ќе продолжиме да работиме заедно во духот на партнерство и заеднички вредности“, изјави Мицкоски.
Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период. Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.  

The post Мицкоски – Дрекслер: Германија е наш значаен стратешки партнер и пријател appeared first on Република.

]]>
Амбасадорката на Германија: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorkata-na-germanija-nema-veto-za-vashata-zemja-site-chlenki-se-soglasni-deka-treba-da-se-ovozmozhi-pochetok-na-pregovori/ Tue, 04 Jun 2024 13:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=784713

Европа се состои од компромиси, тие се важна основа за Европската Унија. Во сегашнава состојба за пристап во пррцесот за пристапување нема вето за вашата земја, рече денеска германската амбасадорка Петра Дрекслер, на настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Според неа, основата за членство во ЕУ е процесот на реформи.

-Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.

Германската страна, додаде таа, може да се замисли дека треба да се зголеми бројот на одлуки што се донесуваат со квалификувано мнозинство.

-Меѓутоа јадрото на нашата силина е да настојуваме да постигнеме компромиси. Не смееме да се откажеме од компромисите. А почетокот и крајот на преговорите се одлуки што се донесуваат едногласно. Во оваа сфера не се изменило ништо, заклучи германската амбасадорка.

Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, пак, кажа дека Словачка е силен поддржувач на овој регион со низа иницијативи.

Амбасадорот Маркуш порача дека не треба да се чека Македонија да ги надмине проблемите. Ние 20 години после Солун, оцени Маркуш, се уште зборуваме во која мера проширувањето е важно, а не зборуваме доволно како да се направи тоа. Ние се движиме низ непродуктивни ставови, многу тешко е тоа да се надмине.

-Во Македонија има нова претседателка, наскоро нова влада, мислам дека тие ја имаат шансата и ќе ја искористат оваа пригода да ја надминат оваа позиција и да направат да се постигне нешто. Секогаш ме изненадувало тоа како тоа нема никој којшто ќе го крене знамето и да ги собере овие пријатели на проширувањето на Западен Балкан и да ги спречат некои од настаните кои доведоа до оваа позиција, рече Маркуш, осврнувајќи се на патот на земјава кон ЕУ.

Тој го цитираше Кофи Анан, кој кажал дека времето е токму тоа, а изборот е јасен. - Да ја искористиме оваа пригода, оваа можност што ни се дава и да работиме заедно на обединета Европа, рече Маркуш.

The post Амбасадорката на Германија: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори appeared first on Република.

]]>

Европа се состои од компромиси, тие се важна основа за Европската Унија. Во сегашнава состојба за пристап во пррцесот за пристапување нема вето за вашата земја, рече денеска германската амбасадорка Петра Дрекслер, на настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер. Според неа, основата за членство во ЕУ е процесот на реформи.
-Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.
Германската страна, додаде таа, може да се замисли дека треба да се зголеми бројот на одлуки што се донесуваат со квалификувано мнозинство. -Меѓутоа јадрото на нашата силина е да настојуваме да постигнеме компромиси. Не смееме да се откажеме од компромисите. А почетокот и крајот на преговорите се одлуки што се донесуваат едногласно. Во оваа сфера не се изменило ништо, заклучи германската амбасадорка. Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, пак, кажа дека Словачка е силен поддржувач на овој регион со низа иницијативи. Амбасадорот Маркуш порача дека не треба да се чека Македонија да ги надмине проблемите. Ние 20 години после Солун, оцени Маркуш, се уште зборуваме во која мера проширувањето е важно, а не зборуваме доволно како да се направи тоа. Ние се движиме низ непродуктивни ставови, многу тешко е тоа да се надмине.
-Во Македонија има нова претседателка, наскоро нова влада, мислам дека тие ја имаат шансата и ќе ја искористат оваа пригода да ја надминат оваа позиција и да направат да се постигне нешто. Секогаш ме изненадувало тоа како тоа нема никој којшто ќе го крене знамето и да ги собере овие пријатели на проширувањето на Западен Балкан и да ги спречат некои од настаните кои доведоа до оваа позиција, рече Маркуш, осврнувајќи се на патот на земјава кон ЕУ.
Тој го цитираше Кофи Анан, кој кажал дека времето е токму тоа, а изборот е јасен. - Да ја искористиме оваа пригода, оваа можност што ни се дава и да работиме заедно на обединета Европа, рече Маркуш.

The post Амбасадорката на Германија: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со германската амбасадорка: Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-germanskata-ambasadorka-potrebno-e-makedonija-da-se-stavi-na-brza-traka-kon-eu-no-i-zasileno-da-se-zabrza-ekonomskiot-razvoj/ Mon, 20 May 2024 12:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=780173

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.

На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.

Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните.
Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле.
ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ-велат од партијата.

The post Мицкоски на средба со германската амбасадорка: Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.
Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните. Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ-велат од партијата.

The post Мицкоски на средба со германската амбасадорка: Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со германската амбасадорка: Без квалитетно образование, нема квалитетна иднина, а од Германија на тоа поле може да се научи многу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-germanskata-ambasadorka-bez-kvalitetno-obrazovanie-nema-kvalitetna-idnina-a-od-germanija-na-toa-pole-mozhe-da-se-nauchi-mnogu/ Mon, 21 Aug 2023 15:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=674274

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, остварил средба со амбасадорката на Германија во Република Македонија, Петра Дрекслер.

На средбата стана збор за одличната соработка која Македонија и СР Германија ја имаат, особено на полето на економијата. Германија е најголем трговски партнер на Македонија, а Германските инвеститори се едни од најзастапените странски претприемачи во Македонија. Таа соработка треба да продолжи и понатаму и истата уште повеќе да се унапредува, особено на полето на економијата, но и образованието, поле на кое Македонија треба посеветено да работи. Без квалитетно образование, нема квалитетна иднина, а од Германија на тоа поле може да се научи многу.

Воедно од Германија доаѓа и Фондацијата Конрад Аденауер, која е голем партнер на ВМРО-ДПМНЕ и значаен чинител во борбата за подобрување на системот во Македонија преку бројни проекти за унапредување на демократијата, вели Мицкоски за средбата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додава дека дека на разговорите со германската амбасадорка констатирале дека Македонија и Германија во својата соработка бележат само позитивни резултати, кои се од бенефит за двете држави.

Изразив желба за уште поголема соработка, и побара уште позасилена поддршка од Германија за Македонија, додава Мицкоски.

The post Мицкоски со германската амбасадорка: Без квалитетно образование, нема квалитетна иднина, а од Германија на тоа поле може да се научи многу appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, остварил средба со амбасадорката на Германија во Република Македонија, Петра Дрекслер.
На средбата стана збор за одличната соработка која Македонија и СР Германија ја имаат, особено на полето на економијата. Германија е најголем трговски партнер на Македонија, а Германските инвеститори се едни од најзастапените странски претприемачи во Македонија. Таа соработка треба да продолжи и понатаму и истата уште повеќе да се унапредува, особено на полето на економијата, но и образованието, поле на кое Македонија треба посеветено да работи. Без квалитетно образование, нема квалитетна иднина, а од Германија на тоа поле може да се научи многу.   Воедно од Германија доаѓа и Фондацијата Конрад Аденауер, која е голем партнер на ВМРО-ДПМНЕ и значаен чинител во борбата за подобрување на системот во Македонија преку бројни проекти за унапредување на демократијата, вели Мицкоски за средбата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додава дека дека на разговорите со германската амбасадорка констатирале дека Македонија и Германија во својата соработка бележат само позитивни резултати, кои се од бенефит за двете држави.
Изразив желба за уште поголема соработка, и побара уште позасилена поддршка од Германија за Македонија, додава Мицкоски.

The post Мицкоски со германската амбасадорка: Без квалитетно образование, нема квалитетна иднина, а од Германија на тоа поле може да се научи многу appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Дрекслер: Јасна германска поддшка за следниот чекор кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dreksler-jasna-germanska-poddshka-za-sledniot-chekor-kon-eu/ Wed, 19 Apr 2023 16:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=632192

За европската перспектива на Македонија се потребни заложбите и поддршката од сите политички чинители во државата. Евроатлантскиот развој на Република Македонија е фактор за стабилност за целиот регион и за Европа.

Ова е констатирано на средба на премиерот Димитар Ковачевски со Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата од двете страни се изразени определби за натамошен активен развој на македонско-германското партнерство коешто е долгогодишно и силно и годинава се заокружува во 30-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи.

Како што се наведува, на состанокот е разговарано за повеќе актуелни прашања од значење за нашата држава и регионот, за унапредувањето на одличната економска соработка меѓу Македонија и Германија и за предизвиците во европскиот и геополитички контекст. Пренесена е јасна германска поддршка за следниот чекор во европските интеграции на нашата земја.

Ковачевски потсетил дека Германија е важен партнер на Македонија од воспоставената независност, сојузник во НАТО, ОН и ОБСЕ, еден од најсилните поддржувачи на нашата интеграција во Европската Унија и на економски план, прв трговски партнер во последните години, со најголем обем на тргување минатата година, од околу пет милијарди евра, петти странски директен инвеститор и еден од најголемите билатерални развојни партнери на Македонија.

Со активната и континуирана поддршка на Германија, која доби на дополнително значење за време на германското претседателство со ЕУ во 2020 година, направивме историски чекор напред во евроинтеграциите, по 17 годишен статус кво како земја кандидатка и ги започнавме преговорите за пристапување во Унијата лани во јули. Од исклучително значење се и денешната поддршка и охрабрување коишто ги добиваме од Германија за продолжување на европските интеграции. Германија е пријателска држава којашто е високо ценета од нашите граѓани. Како Влада ќе ги преземеме сите потребни политички чекори да ја осигураме европската иднина, изјави Ковачевски.

На состанокот е нагласено значењето на Берлинскиот процес, како основна и сеопфатна движечка сила на регионалната соработка на највисоко ниво во делот на воспоставувањето заеднички регионален пазар на Западен Балкан и на Зелената агенда и е истакната улогата на Република Македонија како промотор на дијалогот и културата на дијалог во регионот.

The post Ковачевски – Дрекслер: Јасна германска поддшка за следниот чекор кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

За европската перспектива на Македонија се потребни заложбите и поддршката од сите политички чинители во државата. Евроатлантскиот развој на Република Македонија е фактор за стабилност за целиот регион и за Европа.
Ова е констатирано на средба на премиерот Димитар Ковачевски со Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата од двете страни се изразени определби за натамошен активен развој на македонско-германското партнерство коешто е долгогодишно и силно и годинава се заокружува во 30-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи. Како што се наведува, на состанокот е разговарано за повеќе актуелни прашања од значење за нашата држава и регионот, за унапредувањето на одличната економска соработка меѓу Македонија и Германија и за предизвиците во европскиот и геополитички контекст. Пренесена е јасна германска поддршка за следниот чекор во европските интеграции на нашата земја. Ковачевски потсетил дека Германија е важен партнер на Македонија од воспоставената независност, сојузник во НАТО, ОН и ОБСЕ, еден од најсилните поддржувачи на нашата интеграција во Европската Унија и на економски план, прв трговски партнер во последните години, со најголем обем на тргување минатата година, од околу пет милијарди евра, петти странски директен инвеститор и еден од најголемите билатерални развојни партнери на Македонија.
Со активната и континуирана поддршка на Германија, која доби на дополнително значење за време на германското претседателство со ЕУ во 2020 година, направивме историски чекор напред во евроинтеграциите, по 17 годишен статус кво како земја кандидатка и ги започнавме преговорите за пристапување во Унијата лани во јули. Од исклучително значење се и денешната поддршка и охрабрување коишто ги добиваме од Германија за продолжување на европските интеграции. Германија е пријателска држава којашто е високо ценета од нашите граѓани. Како Влада ќе ги преземеме сите потребни политички чекори да ја осигураме европската иднина, изјави Ковачевски.
На состанокот е нагласено значењето на Берлинскиот процес, како основна и сеопфатна движечка сила на регионалната соработка на највисоко ниво во делот на воспоставувањето заеднички регионален пазар на Западен Балкан и на Зелената агенда и е истакната улогата на Република Македонија како промотор на дијалогот и културата на дијалог во регионот.

The post Ковачевски – Дрекслер: Јасна германска поддшка за следниот чекор кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Новата германска амбасадорка Дрекслер на средба со Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novata-germanska-ambasadorka-dreksler-na-sredba-so-dhaferi/ Tue, 11 Apr 2023 06:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=629629

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска ќе има протоколарна средба со новоименуваната германска амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

Амбасадорката Дрекслер на 6-ти овој месец му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Петра Дрекслер доаѓа на местото на Анке Холштајн, која ја извршуваше функцијата амбасадорка на Република Германија во Скопје од 2020 година.

The post Новата германска амбасадорка Дрекслер на средба со Џафери appeared first on Република.