петок 13 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petok-13/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 09:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петок 13 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petok-13/ 32 32 Денеска е најнесреќниот ден во годината, или пак не? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-najnesrekniot-den-vo-godinata-ili-pak-ne/ Fri, 13 Oct 2023 09:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=690780

Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој страв е прекумерен - фобија од петок 13 или параскаведекатријафобија.

Ова прилично распространето суеверие, според некои познавачи, можеби потекнува од средниот век, а можеби дури и од библиско време. По некои преданија, тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнала поплавата и изградбата на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за последните Исусови искушенија на Велики четврток, ден пред распнувањето на Христос на Велики петок.

Некои историчари, пак, веруваат дека сè тоа почнало кога францускиот крал Филип Четврти затворил стотици „Темплари“ во петок, на 13 октомври 1307 година. Во „Кодот на Да Винчи“, писателот Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Моле на петок 13. Тој, според приказната, ги проколнал папата и кралот на Франција.

Можно е и романот на Томас Лосон од 1907 година - „Петок 13-ти“ да одиграл значајна улога во ширењето на ова суеверие. Во романот, бескрупулозниот брокер го користи уверувањето за да создаде паника на Волстрит на петок 13-ти.

По 20 години, во 1927. се случил вториот најголем крах на берзата во историјата. Денот остана запаметен како „црн петок“ и тоа уште повеќе им влеа страв на Американците, па стравот се проширил и во Европа и остатокот од светот.

Стравот од бројот 13, веројатно, е поврзан и со норманскиот мит за 12 богови кои подготвиле вечера на којашто дошол непоканет 13-ти гостин - лукавиот Локи. Тој го измамил слепиот бог на темнината Ходер да го застрела богот на радоста Балдер - по што „целата земја беше обвиена во црно“, вели преданието.

Тоа наведува кон претпоставкјата дека бројот 13 се сметал за несреќен и во ерата пред Христа. Имено, историски, бројот 12 се сметал за едно цело, односно совршенство - има 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 хороскопски знаци... А, 13 ја нарушува таа хармонија.

Во многу земји, на пр., високите згради немаат 13-ти кат. Куќите на бројни улици, исто така, често го немаат бројот 13, а многу хотели, немаат соба бр. 13. Во САД се смета за несреќа ако 13 луѓе вечераат заедно, како што верувал американскиот претседател Теодор Рузвелт. Тој одбивал и да патува во петок, 13-ти.

Во Округот Сомерсет, во Велика Британија, се вели дека „оној кој го преместува креветот во петок, ги превртува бродовите на море, а во Округот Кумбрија бебињата родени во петок се ставаат на Библија. Во некои области, кој ќе се јави на лекар првпат в петок, „ја предвидува смртта“, гласи едно од верувањата.

Потстрижувањето на косата или сечењето нокти во петок исто така се смета за несреќно, а некои и не се венчаат, или одбиваат да купат куќа во петок, па и според статистиката, сѐ помалку луѓе летаат со авион на тој ден.

Од малку поведрите податоци, на петок 13-ти во 1930 година, била основана првата нудистичка колонија - во Велика Британија, во Норт Девон. Во САД, пак, на ридот над Лос Анџелес, бил откриен знакот „Холивуд“ на петок 13-ти, 1923 година.

 

The post Денеска е најнесреќниот ден во годината, или пак не? appeared first on Република.

]]>

Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој страв е прекумерен - фобија од петок 13 или параскаведекатријафобија. Ова прилично распространето суеверие, според некои познавачи, можеби потекнува од средниот век, а можеби дури и од библиско време. По некои преданија, тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнала поплавата и изградбата на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за последните Исусови искушенија на Велики четврток, ден пред распнувањето на Христос на Велики петок. Некои историчари, пак, веруваат дека сè тоа почнало кога францускиот крал Филип Четврти затворил стотици „Темплари“ во петок, на 13 октомври 1307 година. Во „Кодот на Да Винчи“, писателот Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Моле на петок 13. Тој, според приказната, ги проколнал папата и кралот на Франција. Можно е и романот на Томас Лосон од 1907 година - „Петок 13-ти“ да одиграл значајна улога во ширењето на ова суеверие. Во романот, бескрупулозниот брокер го користи уверувањето за да создаде паника на Волстрит на петок 13-ти. По 20 години, во 1927. се случил вториот најголем крах на берзата во историјата. Денот остана запаметен како „црн петок“ и тоа уште повеќе им влеа страв на Американците, па стравот се проширил и во Европа и остатокот од светот. Стравот од бројот 13, веројатно, е поврзан и со норманскиот мит за 12 богови кои подготвиле вечера на којашто дошол непоканет 13-ти гостин - лукавиот Локи. Тој го измамил слепиот бог на темнината Ходер да го застрела богот на радоста Балдер - по што „целата земја беше обвиена во црно“, вели преданието. Тоа наведува кон претпоставкјата дека бројот 13 се сметал за несреќен и во ерата пред Христа. Имено, историски, бројот 12 се сметал за едно цело, односно совршенство - има 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 хороскопски знаци... А, 13 ја нарушува таа хармонија. Во многу земји, на пр., високите згради немаат 13-ти кат. Куќите на бројни улици, исто така, често го немаат бројот 13, а многу хотели, немаат соба бр. 13. Во САД се смета за несреќа ако 13 луѓе вечераат заедно, како што верувал американскиот претседател Теодор Рузвелт. Тој одбивал и да патува во петок, 13-ти. Во Округот Сомерсет, во Велика Британија, се вели дека „оној кој го преместува креветот во петок, ги превртува бродовите на море, а во Округот Кумбрија бебињата родени во петок се ставаат на Библија. Во некои области, кој ќе се јави на лекар првпат в петок, „ја предвидува смртта“, гласи едно од верувањата. Потстрижувањето на косата или сечењето нокти во петок исто така се смета за несреќно, а некои и не се венчаат, или одбиваат да купат куќа во петок, па и според статистиката, сѐ помалку луѓе летаат со авион на тој ден. Од малку поведрите податоци, на петок 13-ти во 1930 година, била основана првата нудистичка колонија - во Велика Британија, во Норт Девон. Во САД, пак, на ридот над Лос Анџелес, бил откриен знакот „Холивуд“ на петок 13-ти, 1923 година.  

The post Денеска е најнесреќниот ден во годината, или пак не? appeared first on Република.

]]>
Денеска е петок 13: Еве поради кои настани луѓето веруваат дека носи лоша среќа! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-petok-13-eve-poradi-koi-nastani-lugeto-veruvaat-deka-nosi-losha-sreka/ Fri, 13 Jan 2023 08:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=596447

За овој ден се поврзуваат голем број легенди, традиции и суеверија, а ние ви ги претставуваме најважните!

Луѓето со векови се плашат од овој датум, а тој страв се нарекува фригатрискаидефобија. Формирана е од зборот „frigg”“, името на нордиската божица на бракот по која е именуван петок и фрискаидекафобија, што значи „страв од бројот 13“.

Луѓето кои патат од оваа фобија се плашат да го кажат зборот „петок 13-ти“. Други избегнуваат да летаат, да одат на работа или дури и да станат од кревет тој ден. Милиони Американци се плашат од овој датум, според Американскиот институт за фобии и управување со стрес.

Меѓу нив бил и американскиот претседател Френклин Рузвелт, кој не патувал на тој датум и никогаш не поканил ниту 13 луѓе на вечера.

Бразилците го сметаат петок 13 август за особено опасен.

За стравот од овој датум многу придонесе филмската франшиза „Петок 13“.

Шпанците го сменија овој датум за себе затоа што петок 13 го сметаат за среќен ден, особено за раѓање на дете. Кај нив филмот се вика „Четврток 13-ти“. затоа што веруваат дека тоа е најнесреќниот ден во годината.

За Грците, вторник 13-ти е најнесреќниот ден.

Од каде потекнува тоа верување?

Постои верување дека некои големи библиски настани се случиле во петокот. На пример големата поплава започнала во петок, денот кога Ева го завела Адам со јаболкото наводно бил петок, а Исус бил распнат на Велики петок. Причината поради која некои луѓе се плашат од бројот 13 се наоѓа и во Библијата бидејќи Јуда, предавникот на Исус, бил 13-тиот гостин на Тајната вечера.

Бројот 12 отсекогаш се сметал за совршен и целосен број. Според тоа, бројот 13 се смета за преоден и недовршен. Меѓутоа, Египќаните оваа бројка ја сметале за среќна бидејќи според нив 13-та фаза од животот е задгробниот живот.

Во нордиската митологија, Локи, богот на триковите и измамите, пристигнал непоканет на вечерата на 12-те богови во Валхала. Тој го убедил слепиот бог на темнината Ходр да го застрела Балдр, богот на радоста и добрината. Тој бил еден од омилените богови. Локи направил стрела од имела и му ја дал на Ходра. Балдр починал. На тој ден завладеала неопислива тага и се помрачила целата земја. Сите тагувале тој ден.

13 факти за несреќниот број 13:

– Во таротот број 13 е картата на смртта

– Многу хотели и болници низ светот немаат соби со бројот 13

– Многу градови немаат 13-та улица или авенија. На пр. на улиците во Фиренца нема број 13, но помеѓу 12 и 14 има 12 и пол. Повеќе од 80 отсто од облакодерите во Америка немаат 13 кат.

– Луѓето чие име и презиме изнесуваат 13 букви во себе наводно имаат нешто демонско во себе. Пример е серискиот убиец Чарлс Менсон.

– На големите светски аеродроми често нема „порти“ со бројот 13.

– Во некои авиони, како оние на „Кулула ер“, „Ер Франс“, „Континентал“, „Луфтханза“ и „Аљаска ерлајнс“ нема 13-ти ред.

– Италијанците го отстранија бројот 13 од националната лотарија.

– За 13-ти во месецот да падне во петок, месецот мора да започне во недела.

– Порано имало 13 скали кои воделе до бесилка, а на јамката имало 13 јазли.

– Во Франција 13 гости не се покануваат на вечера за да не ја поканат лошата судбина, веројатно поради приказната за Јуда.

– Многумина тврдат дека токму бројот 13 ја предизвикал несреќата во вселенската мисија на Месечината „Аполо 13“. Во петокот на 13-ти „Costa Concordia“ доживеала несреќа во која загинаа 33 лица. Во петок 13.1989 г. имаше и мини крах на берзата во Америка, денес познат како Црн петок.

– Голем број светски познати писатели напишале 12 книги, а починале пред 13.

– Нема докази дека луѓето повеќе умираат на тој ден ниту на пат ниту во авион. Сепак, многумина го избегнуваат тој ден за патување. Центарот за фобии и управување со стрес во Северна Каролина проценува дека економијата губи околу 900 милиони долари секој пат кога 13-ти паѓа во петок. Тоа е директен резултат на човековата активност бидејќи тие избегнуваат да излегуваат од дома тој ден, да пазаруваат и да патуваат на кој било начин.

The post Денеска е петок 13: Еве поради кои настани луѓето веруваат дека носи лоша среќа! appeared first on Република.

]]>

За овој ден се поврзуваат голем број легенди, традиции и суеверија, а ние ви ги претставуваме најважните! Луѓето со векови се плашат од овој датум, а тој страв се нарекува фригатрискаидефобија. Формирана е од зборот „frigg”“, името на нордиската божица на бракот по која е именуван петок и фрискаидекафобија, што значи „страв од бројот 13“. Луѓето кои патат од оваа фобија се плашат да го кажат зборот „петок 13-ти“. Други избегнуваат да летаат, да одат на работа или дури и да станат од кревет тој ден. Милиони Американци се плашат од овој датум, според Американскиот институт за фобии и управување со стрес. Меѓу нив бил и американскиот претседател Френклин Рузвелт, кој не патувал на тој датум и никогаш не поканил ниту 13 луѓе на вечера. Бразилците го сметаат петок 13 август за особено опасен. За стравот од овој датум многу придонесе филмската франшиза „Петок 13“. Шпанците го сменија овој датум за себе затоа што петок 13 го сметаат за среќен ден, особено за раѓање на дете. Кај нив филмот се вика „Четврток 13-ти“. затоа што веруваат дека тоа е најнесреќниот ден во годината. За Грците, вторник 13-ти е најнесреќниот ден. Од каде потекнува тоа верување? Постои верување дека некои големи библиски настани се случиле во петокот. На пример големата поплава започнала во петок, денот кога Ева го завела Адам со јаболкото наводно бил петок, а Исус бил распнат на Велики петок. Причината поради која некои луѓе се плашат од бројот 13 се наоѓа и во Библијата бидејќи Јуда, предавникот на Исус, бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Бројот 12 отсекогаш се сметал за совршен и целосен број. Според тоа, бројот 13 се смета за преоден и недовршен. Меѓутоа, Египќаните оваа бројка ја сметале за среќна бидејќи според нив 13-та фаза од животот е задгробниот живот. Во нордиската митологија, Локи, богот на триковите и измамите, пристигнал непоканет на вечерата на 12-те богови во Валхала. Тој го убедил слепиот бог на темнината Ходр да го застрела Балдр, богот на радоста и добрината. Тој бил еден од омилените богови. Локи направил стрела од имела и му ја дал на Ходра. Балдр починал. На тој ден завладеала неопислива тага и се помрачила целата земја. Сите тагувале тој ден. 13 факти за несреќниот број 13: – Во таротот број 13 е картата на смртта – Многу хотели и болници низ светот немаат соби со бројот 13 – Многу градови немаат 13-та улица или авенија. На пр. на улиците во Фиренца нема број 13, но помеѓу 12 и 14 има 12 и пол. Повеќе од 80 отсто од облакодерите во Америка немаат 13 кат. – Луѓето чие име и презиме изнесуваат 13 букви во себе наводно имаат нешто демонско во себе. Пример е серискиот убиец Чарлс Менсон. – На големите светски аеродроми често нема „порти“ со бројот 13. – Во некои авиони, како оние на „Кулула ер“, „Ер Франс“, „Континентал“, „Луфтханза“ и „Аљаска ерлајнс“ нема 13-ти ред. – Италијанците го отстранија бројот 13 од националната лотарија. – За 13-ти во месецот да падне во петок, месецот мора да започне во недела. – Порано имало 13 скали кои воделе до бесилка, а на јамката имало 13 јазли. – Во Франција 13 гости не се покануваат на вечера за да не ја поканат лошата судбина, веројатно поради приказната за Јуда. – Многумина тврдат дека токму бројот 13 ја предизвикал несреќата во вселенската мисија на Месечината „Аполо 13“. Во петокот на 13-ти „Costa Concordia“ доживеала несреќа во која загинаа 33 лица. Во петок 13.1989 г. имаше и мини крах на берзата во Америка, денес познат како Црн петок. – Голем број светски познати писатели напишале 12 книги, а починале пред 13. – Нема докази дека луѓето повеќе умираат на тој ден ниту на пат ниту во авион. Сепак, многумина го избегнуваат тој ден за патување. Центарот за фобии и управување со стрес во Северна Каролина проценува дека економијата губи околу 900 милиони долари секој пат кога 13-ти паѓа во петок. Тоа е директен резултат на човековата активност бидејќи тие избегнуваат да излегуваат од дома тој ден, да пазаруваат и да патуваат на кој било начин.

The post Денеска е петок 13: Еве поради кои настани луѓето веруваат дека носи лоша среќа! appeared first on Република.

]]>
Поврзано е со денешниот ден: Дали знаете што е „параскевидекатриафобија“? https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/povrzano-e-so-deneshniot-den-dali-znaete-shto-e-paraskevidekatriafobija/ Fri, 13 Jan 2023 08:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=596433

Дали некогаш сте слушнале за терминот „параскевидекатриафобија“? Можеби е време да го научите неговото значење бидејќи може да ви заработи два дополнителни слободни дена годишно.

Имено, „параскевидекатриафобијата“ претставува интензивен, прекумерен и наводно ирационален страв од петок тринаесетти, пишува worldwalkermagazine.

Значи, ако сеуште не сте развиле страв, не е доцна да го сторите тоа и да си дадете продолжен викенд.

The post Поврзано е со денешниот ден: Дали знаете што е „параскевидекатриафобија“? appeared first on Република.

]]>

Дали некогаш сте слушнале за терминот „параскевидекатриафобија“? Можеби е време да го научите неговото значење бидејќи може да ви заработи два дополнителни слободни дена годишно. Имено, „параскевидекатриафобијата“ претставува интензивен, прекумерен и наводно ирационален страв од петок тринаесетти, пишува worldwalkermagazine. Значи, ако сеуште не сте развиле страв, не е доцна да го сторите тоа и да си дадете продолжен викенд.

The post Поврзано е со денешниот ден: Дали знаете што е „параскевидекатриафобија“? appeared first on Република.

]]>
Ни доаѓа петок 13 – овие работи никако не смеете да ги направите во текот на целиот ден! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ni-doaga-petok-13-ovie-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-napravite-vo-tekot-na-tseliot-den/ Tue, 10 Jan 2023 13:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=595407

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. За Јуда, кој го предаде Исус Христос, тој тврдеше дека е 13-тиот гостин на последната вечер, па дури и сега се верува дека не е добро да се биде тринаесетти гостин на масата.

Колку број 13 се смета за „баксузен“ говори и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излези, ниту седишта на авионот под тој број, па ако сте суеверни овие неколку работи би требало да не ги правите на Петок 13-ти.

Стравот од Петок 13-ти е толку голем што тој добил и свое име. Параскевидекатриафобија е назив за чувството на непријатност кое е поврзано со овој ден.

Со оглед на тоа дека доаѓа Петок 13-ти ден кој се смета за баксузен, ова не смеете да го правите:

Внимавајте да не истурите сол, не поминувајте под скали, ако кажете нешто лошо чукнете во дрво.

Се смета дека на Петок 13-ти не треба да допрете буба-мара и не треба да го прекрстувате приборот за јадење.

The post Ни доаѓа петок 13 – овие работи никако не смеете да ги направите во текот на целиот ден! appeared first on Република.

]]>

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. За Јуда, кој го предаде Исус Христос, тој тврдеше дека е 13-тиот гостин на последната вечер, па дури и сега се верува дека не е добро да се биде тринаесетти гостин на масата. Колку број 13 се смета за „баксузен“ говори и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излези, ниту седишта на авионот под тој број, па ако сте суеверни овие неколку работи би требало да не ги правите на Петок 13-ти. Стравот од Петок 13-ти е толку голем што тој добил и свое име. Параскевидекатриафобија е назив за чувството на непријатност кое е поврзано со овој ден. Со оглед на тоа дека доаѓа Петок 13-ти ден кој се смета за баксузен, ова не смеете да го правите: Внимавајте да не истурите сол, не поминувајте под скали, ако кажете нешто лошо чукнете во дрво. Се смета дека на Петок 13-ти не треба да допрете буба-мара и не треба да го прекрстувате приборот за јадење.

The post Ни доаѓа петок 13 – овие работи никако не смеете да ги направите во текот на целиот ден! appeared first on Република.

]]>
Комбинација од два хаоса: Денеска е ретрограден Меркур и петок 13-ти! https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/kombinacija-od-dva-haosa-deneska-e-retrograden-merkur-i-petok-13-ti/ Fri, 13 May 2022 09:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=501802

Денеска е симболичен датум, бидејќи е петок, па дури и 13, што значи лоша среќа, но тоа не е се, бидејќи ретроградниот Меркур започна на 10 мај.

Комбинацијата од два хаоса, ретрограден Меркур и петок 13-ти, на многумина им падна во очи, а сите се прашуваат како тоа ќе влијае на текот на настаните во претстојниот ден.

Самиот ретрограден Меркур веќе е доволно збунувачки за да ги искомплицира нашите настани, а се верува дека петок 13-ти е лош ден. Да потсетиме, во петокот 13-ти се случија настани кои ја одбележаа историјата.

Поради ретроградниот Меркур веќе сме сведоци на одложени преговори, отежната комуникација, но и хаос во сообраќајот.

Бидејќи Меркур е владетел на Девицата и Близнаците, со нив сè ќе оди чекор напред, а два чекори назад. Не треба да се надеваат дека нешто ќе помине лесно, а сите важни преговори да ги остават за 4 јуни.

Месецот мај започна бурно, а астролозите не предупредуваат на затемнувањето на крвавата полна месечина во Шкорпија на 16 мај.

Астролозите се согласуваат дека штом планетата е ретроградна, тогаш старите контакти се обновуваат. Работата е што обновувањето, да речеме, на некое старо пријателство или романса може да ни изгледа како добар избор, а кога ќе помине ретроградниот Меркур, ќе изгледа сосема поинаку.

 

The post Комбинација од два хаоса: Денеска е ретрограден Меркур и петок 13-ти! appeared first on Република.

]]>

Денеска е симболичен датум, бидејќи е петок, па дури и 13, што значи лоша среќа, но тоа не е се, бидејќи ретроградниот Меркур започна на 10 мај. Комбинацијата од два хаоса, ретрограден Меркур и петок 13-ти, на многумина им падна во очи, а сите се прашуваат како тоа ќе влијае на текот на настаните во претстојниот ден. Самиот ретрограден Меркур веќе е доволно збунувачки за да ги искомплицира нашите настани, а се верува дека петок 13-ти е лош ден. Да потсетиме, во петокот 13-ти се случија настани кои ја одбележаа историјата. Поради ретроградниот Меркур веќе сме сведоци на одложени преговори, отежната комуникација, но и хаос во сообраќајот. Бидејќи Меркур е владетел на Девицата и Близнаците, со нив сè ќе оди чекор напред, а два чекори назад. Не треба да се надеваат дека нешто ќе помине лесно, а сите важни преговори да ги остават за 4 јуни. Месецот мај започна бурно, а астролозите не предупредуваат на затемнувањето на крвавата полна месечина во Шкорпија на 16 мај. Астролозите се согласуваат дека штом планетата е ретроградна, тогаш старите контакти се обновуваат. Работата е што обновувањето, да речеме, на некое старо пријателство или романса може да ни изгледа како добар избор, а кога ќе помине ретроградниот Меркур, ќе изгледа сосема поинаку.  

The post Комбинација од два хаоса: Денеска е ретрограден Меркур и петок 13-ти! appeared first on Република.

]]>