Петковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petkovik/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jul 2023 07:55:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petkovik/ 32 32 Петковиќ: Косовски полицајци повторно влегоа на територијата на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkovik-kosovski-politsajtsi-povtorno-vlegoa-na-teritorijata-na-srbija/ Thu, 06 Jul 2023 18:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=658746

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека Косовската полиција повторно навлегла на територијата на централна Србија, вооружена до заби, на 500 метри од административната линија, јави дописникот на МИА од Белград.

Полициски службеник од ПС Бујановац забележал брзо движење на возило на таканаречената косовска полиција од правец на Карачево кон Брезница. Тоа возило бркало бело комбе кое од патот свртело кон селото. На местото на свртувањето, полициско возило „Дачија“ на таканаречената косовска полиција застанало, а сопатникот, бидејќи во возилото имало две лица, излегол и со поглед испратил каде заминало комбето, изјави Петковиќ.

Како што наведе, во тој момент биле забележани од припадниците на полицијата на Република Србија и српската полиција се упатила во правец на припадниците на т.н. на косовската полиција со цел да ги спречи „во очигледната намера да претражуваат низ централна Србија“.

Кога полициските службеници на (Албин) Курти виделе дека ги забележала српската полиција, сопатникот брзо влегол во возилото и се упатиле кон Косово, односно кон Карачево, изјави Петковиќ.

Петковиќ изјави и дека сопственикот на комбето се јавил во полициската станица во централна Србија и раскажал што се случило. Тој рече дека припадниците на косовската полиција почнале да го бркаат затоа што имал и има бујановски регистерски таблички без налепници, што било причина зошто го бркале. Возачот на комбе живее во Велики Трновац.

Припадниците на таканаречената косовска полиција немаат што да бараат на територијата на централна Србија, како што немаа што да бараат на 14 јуни, кога беа лоцирани и од српската полиција, со тоа што на 14 јуни беа уапсени, затоа што биле фатени со долги цевки и друга опрема. Тогаш рекоа дека ќе одат да берат печурки, дека не знаеле дека ја поминале административната линија. Јасно е дека имале одредени намери штом се нашле таму каде што немаа што да бараат, кажа Петковиќ.

Петковиќ претстави и видео снимка на настанот и оцени дека Албин Курти за цело време јасно ги крши сите договори и само провоцира.

The post Петковиќ: Косовски полицајци повторно влегоа на територијата на Србија appeared first on Република.

]]>

Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје на Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkovik-nashite-sluzhbi-ja-utvrdija-vistinskata-namera-na-kurti-sakaat-da-im-podmetnat-oruzhje-na-srbite/ Sat, 24 Jun 2023 09:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=654653

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на вонредна прес конференција изјави дека „српските служби ги откриле намерите на институциите на Приштина“, дека во тек е „општа информативна војна“ со намера да и се наштети на Србија, да се спречи какво било продолжување на дијалогот и најави „интензивни средби на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и војската“, и обраќање на Вучиќ на јавноста во рок од 24 часа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Синоќа во 19 часот и 40 минути голем број членови на Роса упаднаа во населбата Колонија во Звечан. Еден час подоцна Свечија објави дека е пронајден автомобил со регистарска табличка BG955ЈW и објави дека е пронајдено одредено количество оружје и експлозив и дека Белград стои зад плановите за терористички напади врз граѓаните и институциите на Косово, рече Петковиќ и додаде дека Свечија го нападнал Белград без никакви докази.

„Нашите служби утврдија кои се вистинските намери на Приштина и за тоа информиравме одредени разузнавачки служби и најголемата сила во светот. Ова е доказ кој покажува дека планот на Албин Курти и Приштина бил оружјето што го собрале од луѓе кои немале дозволи, да го подметнат на Србите за да тоа биде причина за нови апсења„, рече Петковиќ.

„БИА (Безбедносно-инфоративната агенција), многу пред синоќешната акција во Звечан, ја информираше најважната разузнавачка служба во светот дека властите во Приштина се подготвуваат претходно запленетото оружје пред Видовден да го подметнат како изговор за нови апсења и напади врз Србите на северот на Косово“ додаде тој.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во рок од 24 часа ќе и се обрати на јавноста во врска со последните настани на Косово, а во тек се интензивни средби меѓу Вучиќ и воениот врв и дека натамошните одлуки ќе бидат донесени во согласност со развојот на ситуацијата.

-Ќе се бориме да го зачуваме мирот и ќе направиме апсолутно се за да и покажеме на светот и на домашната јавност со какви измами се соочуваме, кои имаат за цел да ја ослабнат Србија и да предизвикаат нови инциденти и да создадат простор за неоправдани апсења на северот на Косово, создавајќи нови кризи и воведувајќи нови конфликти. Зад ова секако стојат големи сили кои им помагаат на Курти и на Приштина, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје на Србите appeared first on Република.

]]>

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на вонредна прес конференција изјави дека „српските служби ги откриле намерите на институциите на Приштина“, дека во тек е „општа информативна војна“ со намера да и се наштети на Србија, да се спречи какво било продолжување на дијалогот и најави „интензивни средби на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и војската“, и обраќање на Вучиќ на јавноста во рок од 24 часа, јави дописникот на МИА од Белград.
-Синоќа во 19 часот и 40 минути голем број членови на Роса упаднаа во населбата Колонија во Звечан. Еден час подоцна Свечија објави дека е пронајден автомобил со регистарска табличка BG955ЈW и објави дека е пронајдено одредено количество оружје и експлозив и дека Белград стои зад плановите за терористички напади врз граѓаните и институциите на Косово, рече Петковиќ и додаде дека Свечија го нападнал Белград без никакви докази. „Нашите служби утврдија кои се вистинските намери на Приштина и за тоа информиравме одредени разузнавачки служби и најголемата сила во светот. Ова е доказ кој покажува дека планот на Албин Курти и Приштина бил оружјето што го собрале од луѓе кои немале дозволи, да го подметнат на Србите за да тоа биде причина за нови апсења„, рече Петковиќ. „БИА (Безбедносно-инфоративната агенција), многу пред синоќешната акција во Звечан, ја информираше најважната разузнавачка служба во светот дека властите во Приштина се подготвуваат претходно запленетото оружје пред Видовден да го подметнат како изговор за нови апсења и напади врз Србите на северот на Косово“ додаде тој.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во рок од 24 часа ќе и се обрати на јавноста во врска со последните настани на Косово, а во тек се интензивни средби меѓу Вучиќ и воениот врв и дека натамошните одлуки ќе бидат донесени во согласност со развојот на ситуацијата.
-Ќе се бориме да го зачуваме мирот и ќе направиме апсолутно се за да и покажеме на светот и на домашната јавност со какви измами се соочуваме, кои имаат за цел да ја ослабнат Србија и да предизвикаат нови инциденти и да создадат простор за неоправдани апсења на северот на Косово, создавајќи нови кризи и воведувајќи нови конфликти. Зад ова секако стојат големи сили кои им помагаат на Курти и на Приштина, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје на Србите appeared first on Република.

]]>
Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkovik-kosovskite-spetsijaltsi-sinoka-ja-okupiraa-severna-mitrovitsa-ne-gledame-nachin-za-prodolzhuvane-na-dijalogot/ Sat, 17 Jun 2023 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=652394

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави на прес-конференција дека синоќа во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада, дека косовскиот премиер Албин Курти сака да предизвика војна и да во вакви околности Белград не гледа како може да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки.

Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина, рече Петковиќ.

Тој посочи дека Албин Курти постојано провоцира, и дека цело време сака да започне конфликти и војна.

– Шокирани сме од најавите на САД и Британија, во кои не знам што се бара од Србија, да ги ослободи уапсените таканаречени полицајци, а никој не спомнува дека е неопходно да се ослободат невините Срби.

Гледате за какво лицемерие зборуваме. Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот.

Не се одлучува а тоа во амбасади, ниту пак со какво било соопштение, рече Петковиќ.

Тој изјави дека во такви околности не гледа како може да продолжи дијалогот бидејќи тоа подразбира нормализирање на односите, а ова што се случува е целосно ненормално и насилно и спротивно на дијалогот.

– За тоа ќе одлучи Александар Вучиќ, но не гледам простор за дијалог.

Кога Харадинај воведе даноци од 100 отсто, Вучиќ не отиде во Брисел додека тоа не беше повлечено бидејќи сакаа да го натераат Белград да капитулира.

Тоа сега се обидува да го направи Курти со забраната за влез на стоки, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави на прес-конференција дека синоќа во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада, дека косовскиот премиер Албин Курти сака да предизвика војна и да во вакви околности Белград не гледа како може да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.
  – Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки.   Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина, рече Петковиќ. Тој посочи дека Албин Курти постојано провоцира, и дека цело време сака да започне конфликти и војна.   – Шокирани сме од најавите на САД и Британија, во кои не знам што се бара од Србија, да ги ослободи уапсените таканаречени полицајци, а никој не спомнува дека е неопходно да се ослободат невините Срби. Гледате за какво лицемерие зборуваме. Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот.   Не се одлучува а тоа во амбасади, ниту пак со какво било соопштение, рече Петковиќ. Тој изјави дека во такви околности не гледа како може да продолжи дијалогот бидејќи тоа подразбира нормализирање на односите, а ова што се случува е целосно ненормално и насилно и спротивно на дијалогот.   – За тоа ќе одлучи Александар Вучиќ, но не гледам простор за дијалог. Кога Харадинај воведе даноци од 100 отсто, Вучиќ не отиде во Брисел додека тоа не беше повлечено бидејќи сакаа да го натераат Белград да капитулира. Тоа сега се обидува да го направи Курти со забраната за влез на стоки, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот appeared first on Република.

]]>
Петковиќ: Во Брисел нема напредок во новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkovik-vo-brisel-nema-napredok-vo-novata-runda-dijalog-megu-prishtina-i-belgrad/ Mon, 15 May 2023 20:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=641141

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска во Брисел по новата рунда дијалог со Приштина на техничко ниво изјави дека ништо не е договорено, дека нема напредок и дека косовската страна тврди дека не знае што е тоа Сојуз на српски општини (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ изјави дека разговорите не биле лесни и дека однесувањето на главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими, „било скандалозно“, како што рече, бидејќи дошол неподготвен и одбил да разговара на која било тема.

- Бисљими дојде сам, без документи, а кога требаше да зборуваме за натамошното спроведување на формирањето на ЗСО или за прашањето за исчезнатите и слободата на движење и други важни прашања како што е институционалното насилство, не сакаше да даде какви било конкретни одговори и со неговите упади се обидуваше да го направи дијалогот бесмислен, рече Петковиќ.

Според него, Бисљими не сакал да зборува ниту за енергетиката, на под ги фрлил доказите дека на новинарката на РТС и бил забранет влез во Косово, а повикувањето на повелбата на ОН го оценил како „зборување глупости“, односно, според Петковиќ, тој само сакал да исценира разговор што всушност таму го немало.

Петковиќ оцени дека Приштина уште еднаш покажала дека нема намера да формира ЗСО и повтори дека Бисљими, кому неколкупати му се обратил Албин Курти (премиерот на Косово), рекол дека „не знае што е тоа“.

Новата рунда преговори во Брисел почна утрово со средбата на специјалниот преговарач на ЕУ, Мирослав Лајчак, со српската делегација на чело со Петар Петковиќ.

Ова е прва средба на главните преговарачи на Србија и Косово по средбата на високо ниво меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел.

The post Петковиќ: Во Брисел нема напредок во новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград appeared first on Република.

]]>

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска во Брисел по новата рунда дијалог со Приштина на техничко ниво изјави дека ништо не е договорено, дека нема напредок и дека косовската страна тврди дека не знае што е тоа Сојуз на српски општини (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ изјави дека разговорите не биле лесни и дека однесувањето на главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими, „било скандалозно“, како што рече, бидејќи дошол неподготвен и одбил да разговара на која било тема. - Бисљими дојде сам, без документи, а кога требаше да зборуваме за натамошното спроведување на формирањето на ЗСО или за прашањето за исчезнатите и слободата на движење и други важни прашања како што е институционалното насилство, не сакаше да даде какви било конкретни одговори и со неговите упади се обидуваше да го направи дијалогот бесмислен, рече Петковиќ. Според него, Бисљими не сакал да зборува ниту за енергетиката, на под ги фрлил доказите дека на новинарката на РТС и бил забранет влез во Косово, а повикувањето на повелбата на ОН го оценил како „зборување глупости“, односно, според Петковиќ, тој само сакал да исценира разговор што всушност таму го немало. Петковиќ оцени дека Приштина уште еднаш покажала дека нема намера да формира ЗСО и повтори дека Бисљими, кому неколкупати му се обратил Албин Курти (премиерот на Косово), рекол дека „не знае што е тоа“. Новата рунда преговори во Брисел почна утрово со средбата на специјалниот преговарач на ЕУ, Мирослав Лајчак, со српската делегација на чело со Петар Петковиќ. Ова е прва средба на главните преговарачи на Србија и Косово по средбата на високо ниво меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел.

The post Петковиќ: Во Брисел нема напредок во новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград appeared first on Република.

]]>