Петкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petkova/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 11:54:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petkova/ 32 32 Петкова: Тренчeвска да ја разреши директорката Стефановска, па да си поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkova-trenchevska-da-ja-razreshi-direktorkata-stefanovska-pa-da-si-podnese-ostavka/ Fri, 02 Dec 2022 11:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=580895

Скандалот со 10 месечното бебе во градинката во Гевгелија, кое се здоби со тешки повреди и гребаници, за време на дневниот престој во градинката, не добива соодветна разрешница.

Но затоа власта е силна на зборови, па упатува обиди за замолчување на јавноста, со опомена пред тужба“. Ова го изјави на денешната прес-конференција пратеничката Ангелина Петкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Политичката одговорност со СДСМ на власт, стана мисловна именка, а нивните претставници немаат никакво чувство за морална одговорност.

Имено, директорката во чиј мандат се случуваат неколку скандалозни инциденти, не чувствува вина за настаните. Напротив, обвинува за навреда и клевета и се заканува со тужби.

Па затоа, јавно ја прашуваме директорката Елизабета Стефановска:

Прво, што презеде за да се надминат последиците од скандалот со 10 месечното бебе, и второ, дали се вистинити тврдењата дека, пред одреден период, истите одговорни негувателки, кога таа е директорка, заборавиле заклучено дете во тоалетот.

Воедно, сведоци сме дека извештајот кој го изнесе Министерството за труд и социјална политика на чело со Тренчевска е пристрасен и заштитнички кон сторителите на ова дело.

Изговорот дека станувало збор за "детска игра" меѓу 10 месечно бебе со негови врсници е крајно навредувачки, пред се кон родителите на детето, но и пред јавноста.

Наместо преземање на потребните чекори, институциите на чело со министерката Јована Тренчевска и директорката Елизабета Стефановска, се занимаваат со обид да го прикријат целиот случај, кој предизвика огромен револт кај семејството на детето, но исто така предизвика револт и кај нашите сограѓани.

Министерке Тренчевска, повторно јавно ве повикуваме да ја разрешите директорката Стефановска и да побарате одговорност од сите вклучени во овој случај“, изјави Петкова.

Нерасчистувањето на претходните настани во изминатиот период во оваа институција, направија повторно да се случуваат нови немили настани, додава Петкова.

https://www.youtube.com/watch?v=Ywan_VXuCF8&t=1s

The post Петкова: Тренчeвска да ја разреши директорката Стефановска, па да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Скандалот со 10 месечното бебе во градинката во Гевгелија, кое се здоби со тешки повреди и гребаници, за време на дневниот престој во градинката, не добива соодветна разрешница. Но затоа власта е силна на зборови, па упатува обиди за замолчување на јавноста, со опомена пред тужба“. Ова го изјави на денешната прес-конференција пратеничката Ангелина Петкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Политичката одговорност со СДСМ на власт, стана мисловна именка, а нивните претставници немаат никакво чувство за морална одговорност. Имено, директорката во чиј мандат се случуваат неколку скандалозни инциденти, не чувствува вина за настаните. Напротив, обвинува за навреда и клевета и се заканува со тужби. Па затоа, јавно ја прашуваме директорката Елизабета Стефановска: Прво, што презеде за да се надминат последиците од скандалот со 10 месечното бебе, и второ, дали се вистинити тврдењата дека, пред одреден период, истите одговорни негувателки, кога таа е директорка, заборавиле заклучено дете во тоалетот. Воедно, сведоци сме дека извештајот кој го изнесе Министерството за труд и социјална политика на чело со Тренчевска е пристрасен и заштитнички кон сторителите на ова дело. Изговорот дека станувало збор за "детска игра" меѓу 10 месечно бебе со негови врсници е крајно навредувачки, пред се кон родителите на детето, но и пред јавноста. Наместо преземање на потребните чекори, институциите на чело со министерката Јована Тренчевска и директорката Елизабета Стефановска, се занимаваат со обид да го прикријат целиот случај, кој предизвика огромен револт кај семејството на детето, но исто така предизвика револт и кај нашите сограѓани. Министерке Тренчевска, повторно јавно ве повикуваме да ја разрешите директорката Стефановска и да побарате одговорност од сите вклучени во овој случај“, изјави Петкова. Нерасчистувањето на претходните настани во изминатиот период во оваа институција, направија повторно да се случуваат нови немили настани, додава Петкова.
https://www.youtube.com/watch?v=Ywan_VXuCF8&t=1s

The post Петкова: Тренчeвска да ја разреши директорката Стефановска, па да си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Петкова: Според кои европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од македонскиот јазик, историја и така обезличени да влеземе во ЕУ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkova-spored-koi-evropski-standardi-nie-makedoncite-treba-da-se-otkazeme-od-makedonskiot-jazik-istorija-i-taka-obezlicheni-da-vlezeme-vo-eu/ Fri, 15 Jul 2022 17:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=529506

Со францускиот предлог сведоци сме на страшен геноцид. Зарем на овој начин треба да влеземе во ЕУ, така понижени и обезличени? За сите земји во ЕУ важат закони, норми, конвенции, само за нас не важат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница.

Таа истакна дека оваа процедура во ова собрание е чиста фарса, владата само сака да си обезбеди алиби.

Во оваа информација се споменуваат Копенхашките критериуми кои гарантираат демократија и владеење на правото. Кажете ми според кое право и европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од македонскиот јазик, историја и така обезличени да влеземе во ЕУ? Дали сте свесни што ќе гласате и потпишете?- праша таа.

Петкова додаде дека нема никакви гаранции дека нема да има понатамошни условувања од страна на Бугарија. Напротив барањата ќе се множат и нема да имаат крај.

Тие ќе станат дел од процесот  и ќе добијат легална основа  во пакетот на документи на ЕУ. Тој фамозен протокол е дел од преговарачката рамка.  Точно е дека ќе се преговара историските прашања за споменици, за учебници, ќе се преговара за македонскиот јазик и нема елементи за заштита на македонскиот идентитет.  Кажете ми како да гледаме на овој предлог после непристојните изјави од страна на бугарските политичари. Андреј Ковачев порачува дека Македонците се Бугари, а Бугарија се протегала од Охрид до Црно Море. Европратеникот Ангел Џамбаски вели дека до 1944 година не постои македонска нација и се било бугарско и се дека значи Гоце Делчев бил Бугарин. Каракачанов вели дека не постои македонски идентитет одделен од бугарскиот. Овие изјави или не ги разбирате или се правите дека не сте ги слушнале, нагласи Петкова.

Таа додаде дека ова е понижувчко за сите борци кои го дале својот живот за слободна Македонија, за илинденците, асномците, сите борци од гевгелиско, за Леонид јанков, Апостол Петков Терзиев, за Владо Кантарџиев од Гевгелија кој својот живот го дал во Страмашево каде бил убиен од бугарскиот фашистички окупатор.

Нема да гласам за никаква информација, нема да гласам за никаков предлог, потенцираше Петкова.

https://www.youtube.com/watch?v=lgoVHFyF6bE

The post Петкова: Според кои европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од македонскиот јазик, историја и така обезличени да влеземе во ЕУ? appeared first on Република.