петков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petkov/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Jul 2022 14:57:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petkov/ 32 32 Петков: Бугарија ќе продолжи да работи со соседите Албанија и Македонија за европската иднина на Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-bugarija-kje-prodolzi-da-raboti-so-sosedite-albanija-i-severna-makedonija-za-evropskata-idnina-na-zapaden-balkan/ Sun, 17 Jul 2022 15:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=530383

Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, јави дописникот на МИА од Софија.

-Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки, напиша Петков.

Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан.

The post Петков: Бугарија ќе продолжи да работи со соседите Албанија и Македонија за европската иднина на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, јави дописникот на МИА од Софија. -Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки, напиша Петков. Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан.

The post Петков: Бугарија ќе продолжи да работи со соседите Албанија и Македонија за европската иднина на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Петков и Мицотакис ќе ја отворат Интерсистемска гасна врска помеѓу Грција и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-i-micotakis-kje-ja-otvorat-intersistemska-gasna-vrska-pomegju-grcija-i-bugarija/ Fri, 08 Jul 2022 08:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=525784

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе престојува во еднодневна посета на Грција, каде на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, ќе учествува на официјалната церемонија по повод завршувањето на изградбата на Интерсистемска гасна врска Грција-Бугарија (ИГБ) во областа на градот Комотини, јави дописникот на МИА од Софијa.

На церемонијата ќе присуствува и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов.

Интерконекторот е од големо значење за енергетската независност и безбедност на Бугарија. Со ИГБ Грција-Бугарија ќе ги поврзе мрежите за пренос на гас на двете соседни земји, со што Бугарија ќе добие пристап до Јужниот гасовод и до голем број нови извори на природен гас.

Преку овој интерконектор ќе може да биде доставуван со бродови од САД и од земјите од Персискиот Залив, како и од источниот Медитеран. Капацитетот на ИГБ помеѓу Грција и Бугарија може да се зголеми на пет милијарди кубни метри. На овој начин, според голем број енергетски експерти, интерконекторот добива регионално значење за енергетската безбедност на Балканот, бидејќи преку него може да се снабдува со гас Македонија, како и Романија и Србија.

Реализацијата на проектот, почна пред речиси 12 години. 

The post Петков и Мицотакис ќе ја отворат Интерсистемска гасна врска помеѓу Грција и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе престојува во еднодневна посета на Грција, каде на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, ќе учествува на официјалната церемонија по повод завршувањето на изградбата на Интерсистемска гасна врска Грција-Бугарија (ИГБ) во областа на градот Комотини, јави дописникот на МИА од Софијa. На церемонијата ќе присуствува и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов.
Интерконекторот е од големо значење за енергетската независност и безбедност на Бугарија. Со ИГБ Грција-Бугарија ќе ги поврзе мрежите за пренос на гас на двете соседни земји, со што Бугарија ќе добие пристап до Јужниот гасовод и до голем број нови извори на природен гас. Преку овој интерконектор ќе може да биде доставуван со бродови од САД и од земјите од Персискиот Залив, како и од источниот Медитеран. Капацитетот на ИГБ помеѓу Грција и Бугарија може да се зголеми на пет милијарди кубни метри. На овој начин, според голем број енергетски експерти, интерконекторот добива регионално значење за енергетската безбедност на Балканот, бидејќи преку него може да се снабдува со гас Македонија, како и Романија и Србија. Реализацијата на проектот, почна пред речиси 12 години. 

The post Петков и Мицотакис ќе ја отворат Интерсистемска гасна врска помеѓу Грција и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Петков: Следната недела ќе се разговара за составот на новата влада на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-slednata-nedela-kje-se-razgovara-za-sostavot-na-novata-vlada-na-bugarija/ Fri, 01 Jul 2022 15:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=522260

Следната недела ќе се разговара за составот на идниот кабинет што ќе го предложи „Продолжуваме со промените“, изјави премиерот во оставка и копретседател на владејачката партија „Продолжуваме со промените“ Кирил Петков пред новинарите при увидот во интерконекторот Грција – Бугарија во областа Стара Загора.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, за ова прашање ќе се разговара со коалициските партнери следната недела. Тој беше категоричен дека нема функција или позиција што е поважна од спасувањето на Бугарија од кризата.

The post Петков: Следната недела ќе се разговара за составот на новата влада на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Следната недела ќе се разговара за составот на идниот кабинет што ќе го предложи „Продолжуваме со промените“, изјави премиерот во оставка и копретседател на владејачката партија „Продолжуваме со промените“ Кирил Петков пред новинарите при увидот во интерконекторот Грција – Бугарија во областа Стара Загора. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, за ова прашање ќе се разговара со коалициските партнери следната недела. Тој беше категоричен дека нема функција или позиција што е поважна од спасувањето на Бугарија од кризата.

The post Петков: Следната недела ќе се разговара за составот на новата влада на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Петков заминува во посета на Ватикан и Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-zaminuva-vo-poseta-na-vatikan-i-italija/ Sun, 22 May 2022 11:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=505464

Бугарскиот премиер Кирил Петков заминува во посета на Ватикан и Италија, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Посетата е по повод Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, словенската азбука, образованието и културата и словенската литература – 24 мај, а премиерот и официјалната бугарска делегација предводена од него ќе бидат примени од поглаварот на Римокатоличката црква и ќе се поклонат пред светите места во Рим.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, 23 мај, бугарскиот премиер ќе присуствува на Божествена литургија во базиликата Сан Клементе, каде што е погребан словенскиот првоучител Константин-Кирил филозоф. Литургија ќе отслужи о неговото Високопреосвештенство Митрополитот Западно-Средноевропски, Антониј. Потоа Петков и бугарската делегација ќе се поклонат на моштите на св. Кирил.

Папата Франциск ќе се сретне со бугарската делегација во Апостолската палата во Ватикан, по што Петков ќе оствари средба со државниот секретар на Светата столица – кардиналот Пјетро Паролин.

Во базиликата Свети Петар премиерот ќе положи венец на олтарот на Св. Папата Јован Павле Втори, единствениот словенски папа во историјата на Римокатоличката црква.

Бугарскиот премиер за време на посетата на Италија ќе се сретне и со неговиот колега Марио Драги. Двајцата шефови на влади ќе разговараат за билатерални прашања и актуелни теми од европската агенда.

The post Петков заминува во посета на Ватикан и Италија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков заминува во посета на Ватикан и Италија, соопшти прес-службата на бугарската Влада. Посетата е по повод Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, словенската азбука, образованието и културата и словенската литература – 24 мај, а премиерот и официјалната бугарска делегација предводена од него ќе бидат примени од поглаварот на Римокатоличката црква и ќе се поклонат пред светите места во Рим. Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, 23 мај, бугарскиот премиер ќе присуствува на Божествена литургија во базиликата Сан Клементе, каде што е погребан словенскиот првоучител Константин-Кирил филозоф. Литургија ќе отслужи о неговото Високопреосвештенство Митрополитот Западно-Средноевропски, Антониј. Потоа Петков и бугарската делегација ќе се поклонат на моштите на св. Кирил. Папата Франциск ќе се сретне со бугарската делегација во Апостолската палата во Ватикан, по што Петков ќе оствари средба со државниот секретар на Светата столица – кардиналот Пјетро Паролин. Во базиликата Свети Петар премиерот ќе положи венец на олтарот на Св. Папата Јован Павле Втори, единствениот словенски папа во историјата на Римокатоличката црква. Бугарскиот премиер за време на посетата на Италија ќе се сретне и со неговиот колега Марио Драги. Двајцата шефови на влади ќе разговараат за билатерални прашања и актуелни теми од европската агенда.

The post Петков заминува во посета на Ватикан и Италија appeared first on Република.

]]>
Во Рим ќе има средба меѓу Ковачевски и Петков, од Владата не очекуваат приближување на позициите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-rim-kje-ima-sredba-megju-kovachevski-i-petkov-od-vladata-ne-ochekuvaat-priblizuvanje-na-poziciite/ Sat, 21 May 2022 20:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=505296

Во Рим ќе има средба меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков, потврдуваат од МНР на прашање на Телма.

Од Владата, велат дека не очекуваат поместување на позициите на средбата Ковачевски-Петков.

Двете државни делегации во различни термини ќе го чествуваат Свети Кирил и Методи, но посетите ќе се преклопат во еден дел, па за очекување е темата на разговорите да биде последното европско забрзување за да се надмине проблемот.

Нема промени во спорот, има притисок за напредок, вака бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска за БТВ ги коментира наводите за брзо разрешување на актуелната слепа улица во односите меѓу Македонија и Бугарија.

The post Во Рим ќе има средба меѓу Ковачевски и Петков, од Владата не очекуваат приближување на позициите appeared first on Република.

]]>

Во Рим ќе има средба меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков, потврдуваат од МНР на прашање на Телма. Од Владата, велат дека не очекуваат поместување на позициите на средбата Ковачевски-Петков. Двете државни делегации во различни термини ќе го чествуваат Свети Кирил и Методи, но посетите ќе се преклопат во еден дел, па за очекување е темата на разговорите да биде последното европско забрзување за да се надмине проблемот. Нема промени во спорот, има притисок за напредок, вака бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска за БТВ ги коментира наводите за брзо разрешување на актуелната слепа улица во односите меѓу Македонија и Бугарија.

The post Во Рим ќе има средба меѓу Ковачевски и Петков, од Владата не очекуваат приближување на позициите appeared first on Република.

]]>
Од Софија најави за пад на владата на Петков поради Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-sofija-najavi-za-pad-na-vladata-na-petkov-poradi-makedonija/ Sat, 21 May 2022 19:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=505323

Пратениците од партијата на Слави Трифонов изјавија дека Тошко Јорданов во петокот ја свикал пратеничката група и ги информирал дека лидерот на партијата има намера следната недела да објави дека ИТН ја напушта коалицијата.

Пред нив тој изразил уверување дека премиерот ќе најави укинување на ветото на нашиот западен сосед, иако Кирил Петков неколку пати изјави дека конечната одлука ќе ја донесе парламентот и нема да преземе никакви чекори без санкција на Националната Собрание.

Во петокот наутро, Тошко Јорданов, претседател на пратеничката група „Има народ“ (ИТН), ги собрал партиските пратеници и најавил дека партијата ќе ја напушти владејачката коалиција следната недела во очекување премиерот Кирил Петков да преземе чекори за укинување на ветото за почеток на пристапните преговори со Македонија во ЕУ.

Премиерот Кирил Петков упатил видео обраќање во кое го повика претседателот Румен Радев да го свика Советот за национална безбедност (NACC) за да разговара за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, а следната недела ставот на Бугарија ќе се дискутира на коалицискиот совет на лидерите на четирите партии од владејачкото мнозинство.

Изјавата на Тошко Јорданов до пратениците дека ќе ја напуштат коалицијата не значи дека тоа нужно ќе се случи, но во секој случај е показател за степенот на доверба и квалитетот на комуникацијата во коалицијата.

Сакам да го уверам бугарското општество дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и во согласност со нашиот коалициски договор, изјави предходно премиерот Кирил Петков.

Сето ова доаѓа по дводневната посета на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања д-р Карен Донфрид оваа недела, како и кратката посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во четвртокот.

Двајцата имаа средби со премиерот Кирил Петков и претседателот Румен Радев, а Донфрид разговараше и со лидерите на политичките сили застапени во парламентот, а според неофицијални информации Бугарија со Македонија.

САД се обидуваат да му помогнат на Скопје како дел од напорите за намалување на руското влијание на Балканот, пренесуваат бугарските медиуми.

Еврокомесарот Верхеи рече дека за три недели повторно ќе биде во Софија за да се обиде да ја смени позицијата на Бугарија против почетокот на разговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според бугарските извештаи ЕК сака спорот меѓу Бугарија и Македонија да се реши до крајот на француското претседателство со ЕУ, кое истекува на крајот на јуни.

The post Од Софија најави за пад на владата на Петков поради Македонија appeared first on Република.

]]>

Пратениците од партијата на Слави Трифонов изјавија дека Тошко Јорданов во петокот ја свикал пратеничката група и ги информирал дека лидерот на партијата има намера следната недела да објави дека ИТН ја напушта коалицијата. Пред нив тој изразил уверување дека премиерот ќе најави укинување на ветото на нашиот западен сосед, иако Кирил Петков неколку пати изјави дека конечната одлука ќе ја донесе парламентот и нема да преземе никакви чекори без санкција на Националната Собрание. Во петокот наутро, Тошко Јорданов, претседател на пратеничката група „Има народ“ (ИТН), ги собрал партиските пратеници и најавил дека партијата ќе ја напушти владејачката коалиција следната недела во очекување премиерот Кирил Петков да преземе чекори за укинување на ветото за почеток на пристапните преговори со Македонија во ЕУ. Премиерот Кирил Петков упатил видео обраќање во кое го повика претседателот Румен Радев да го свика Советот за национална безбедност (NACC) за да разговара за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, а следната недела ставот на Бугарија ќе се дискутира на коалицискиот совет на лидерите на четирите партии од владејачкото мнозинство. Изјавата на Тошко Јорданов до пратениците дека ќе ја напуштат коалицијата не значи дека тоа нужно ќе се случи, но во секој случај е показател за степенот на доверба и квалитетот на комуникацијата во коалицијата.
Сакам да го уверам бугарското општество дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и во согласност со нашиот коалициски договор, изјави предходно премиерот Кирил Петков.
Сето ова доаѓа по дводневната посета на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања д-р Карен Донфрид оваа недела, како и кратката посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во четвртокот. Двајцата имаа средби со премиерот Кирил Петков и претседателот Румен Радев, а Донфрид разговараше и со лидерите на политичките сили застапени во парламентот, а според неофицијални информации Бугарија со Македонија.
САД се обидуваат да му помогнат на Скопје како дел од напорите за намалување на руското влијание на Балканот, пренесуваат бугарските медиуми.
Еврокомесарот Верхеи рече дека за три недели повторно ќе биде во Софија за да се обиде да ја смени позицијата на Бугарија против почетокот на разговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според бугарските извештаи ЕК сака спорот меѓу Бугарија и Македонија да се реши до крајот на француското претседателство со ЕУ, кое истекува на крајот на јуни.

The post Од Софија најави за пад на владата на Петков поради Македонија appeared first on Република.

]]>
Петков и Верхеји на средба во бугарската Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-i-verheji-na-sredba-vo-bugarskata-vlada/ Thu, 19 May 2022 14:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=504443

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска оствари работна средба со еврокомесарот за доброоседска политика и проширување Оливер Вархеји, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во зградата на бугарската Влада Петков и Верхеји разговараат за актуелните прашања од европската агенда, а меѓу темите се и европската политика во регионот на Југоисточна Европа и војната во Украина.

Во разговорот Петков посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа.

The post Петков и Верхеји на средба во бугарската Влада appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска оствари работна средба со еврокомесарот за доброоседска политика и проширување Оливер Вархеји, соопшти прес-службата на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во зградата на бугарската Влада Петков и Верхеји разговараат за актуелните прашања од европската агенда, а меѓу темите се и европската политика во регионот на Југоисточна Европа и војната во Украина. Во разговорот Петков посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа.

The post Петков и Верхеји на средба во бугарската Влада appeared first on Република.

]]>
Боцевски: Во Битола, во саботата не функционираше македонската држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bocevski-vo-bitola-vo-sabotata-ne-funkcionirashe-makedonskata-drzava/ Tue, 19 Apr 2022 21:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=490844

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во саботата, во Битола не функционирала македонската држава.

Не постои приватна посета на премиер и претседател, така е во дипломатијата се најавува посета на премиер и претседател. Нашиот претседател реагира на Фејсбук, врховен командант на војската. Ако има против таков чин нашиот претседател, требало да му каже на министерот Бујар Османи, не може да го одбие министерот „Извини, ќе им кажете да не доаѓаат““, вели Боцевски.

Тој ја оцени како пристојна жена поранешната министерка Рената Дескоска, која излезе со документ дека одбила регистрирање на тоа здружение.

Во Битола во саботата не функционираше македонската држава, тоа што револтира и тоа што прави бесна реакција кај сите е тоа каде беше Петков во саботата? Во Македонија? Во Бугарија? Бележеше територија?, вели Боцевски.

The post Боцевски: Во Битола, во саботата не функционираше македонската држава appeared first on Република.

]]>

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во саботата, во Битола не функционирала македонската држава.
Не постои приватна посета на премиер и претседател, така е во дипломатијата се најавува посета на премиер и претседател. Нашиот претседател реагира на Фејсбук, врховен командант на војската. Ако има против таков чин нашиот претседател, требало да му каже на министерот Бујар Османи, не може да го одбие министерот „Извини, ќе им кажете да не доаѓаат““, вели Боцевски.
Тој ја оцени како пристојна жена поранешната министерка Рената Дескоска, која излезе со документ дека одбила регистрирање на тоа здружение.
Во Битола во саботата не функционираше македонската држава, тоа што револтира и тоа што прави бесна реакција кај сите е тоа каде беше Петков во саботата? Во Македонија? Во Бугарија? Бележеше територија?, вели Боцевски.

The post Боцевски: Во Битола, во саботата не функционираше македонската држава appeared first on Република.

]]>
Трифонов: Петков сака старт на преговорите на Скопје со ЕУ до крајот на јуни, без гаранции за правата на Бугарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trifonov-petkov-saka-start-na-pregovorite-na-skopje-so-eu-do-krajot-na-juni-bez-garancii-za-pravata-na-bugarite/ Wed, 06 Apr 2022 18:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=484353

Бугарскиот премиер Кирил Петков сака почеток на преговорите на Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без никакви законски гаранции за почитување на правата на Бугарите во земјата, објави на Фејсбук лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов.

Пред да се формира оваа Влада, четирите партии преговараа и потпишаа коалициски договор. Во него, во делот „Надворешна политика“, сите се согласивме дека Бугарија ја задржува позицијата во однос на Македонија. Тоа значи дека почеток на преговорите со Македонија за членство во Европската Унија ќе има дури кога ќе почнат да го спроведуваат Договорот меѓу двете земји потпишан во 2017 година. За жал, премиерот Кирил Петков постојано се обидува да го заобиколи овој договор и без никакви услови да го отфрли ветото на Бугарија, наведува Трифонов во објавата.

Според него, Петков го прави тоа без да ги координира своите изјави и постапки не само со дипломатите од бугарското Министерство за надворешни работи, туку и без координација со коалициските партнери и Народното собрание на Бугарија.

А Бугарија е парламентарна република и бугарскиот Парламент има јасен и недвосмислен став по оваа тема. Ставот го потврдија сите пратенички групи на последниот Консултативен совет за национална безбедност кај претседателот, додава во објавата Трифонов, чија партија е дел од бугарската владина коалиција

The post Трифонов: Петков сака старт на преговорите на Скопје со ЕУ до крајот на јуни, без гаранции за правата на Бугарите appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков сака почеток на преговорите на Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без никакви законски гаранции за почитување на правата на Бугарите во земјата, објави на Фејсбук лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов.
Пред да се формира оваа Влада, четирите партии преговараа и потпишаа коалициски договор. Во него, во делот „Надворешна политика“, сите се согласивме дека Бугарија ја задржува позицијата во однос на Македонија. Тоа значи дека почеток на преговорите со Македонија за членство во Европската Унија ќе има дури кога ќе почнат да го спроведуваат Договорот меѓу двете земји потпишан во 2017 година. За жал, премиерот Кирил Петков постојано се обидува да го заобиколи овој договор и без никакви услови да го отфрли ветото на Бугарија, наведува Трифонов во објавата.
Според него, Петков го прави тоа без да ги координира своите изјави и постапки не само со дипломатите од бугарското Министерство за надворешни работи, туку и без координација со коалициските партнери и Народното собрание на Бугарија.
А Бугарија е парламентарна република и бугарскиот Парламент има јасен и недвосмислен став по оваа тема. Ставот го потврдија сите пратенички групи на последниот Консултативен совет за национална безбедност кај претседателот, додава во објавата Трифонов, чија партија е дел од бугарската владина коалиција

The post Трифонов: Петков сака старт на преговорите на Скопје со ЕУ до крајот на јуни, без гаранции за правата на Бугарите appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот премиер Петков го посети грчкиот пристаништен град Александропулис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-premier-petkov-go-poseti-grchkiot-pristanishten-grad-aleksandropulis/ Mon, 21 Mar 2022 22:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=476322

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска го посети пристаништето во северниот грчки град Александропулис и се запозна со неговите можности, соопшти бугарската Влада на својата Фејсбук страница.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија за првпат ќе учествува во постапката за концесија на пристаништето во северниот грчки град. Бугарија ќе биде дел од конзорциумот што ќе конкурира за правата на концесија. Нејзината сопственост во овој конзорциум ќе биде меѓу 10 и 15 отсто.

Преку евентуалното стекнување на концесиски права до 2062 година, Бугарија ќе има пристап до пристаниште во Егејското Море. На овој начин оваа земја ќе стане стратешки партнер во трговските односи во балканскиот регион, што ќе биде од големо значење за бугарскиот бизнис.

The post Бугарскиот премиер Петков го посети грчкиот пристаништен град Александропулис appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска го посети пристаништето во северниот грчки град Александропулис и се запозна со неговите можности, соопшти бугарската Влада на својата Фејсбук страница. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија за првпат ќе учествува во постапката за концесија на пристаништето во северниот грчки град. Бугарија ќе биде дел од конзорциумот што ќе конкурира за правата на концесија. Нејзината сопственост во овој конзорциум ќе биде меѓу 10 и 15 отсто. Преку евентуалното стекнување на концесиски права до 2062 година, Бугарија ќе има пристап до пристаниште во Егејското Море. На овој начин оваа земја ќе стане стратешки партнер во трговските односи во балканскиот регион, што ќе биде од големо значење за бугарскиот бизнис.

The post Бугарскиот премиер Петков го посети грчкиот пристаништен град Александропулис appeared first on Република.

]]>
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин доаѓа во дводневна посета на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/amerikanskiot-minister-za-odbrana-lojd-ostin-doagja-vo-dvodnevna-poseta-na-bugarija/ Fri, 18 Mar 2022 13:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=475020

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, денеска треба да пристигне во Бугарија на разговор со министерот за одбрана Драгомир Заков, а утре ќе биде примен од премиерот Кирил Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, посетата на Лојд Остин на Софија претходеше на неговите посети на Брисел и Словачка и е дел од неговата турнеја низ Европа, со цел да им даде поддршка на сојузниците од НАТО.

Во рамките на посетата, бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе одржат средба со војниците од армиите на двете земји кои учествуваат на заедничката бугарско-американска обука на полигонот Ново Село.

На состанокот во Министерството за одбрана, Заков и Остин ќе разговараат за перспективите за развој на билатералната безбедносна соработка.

The post Американскиот министер за одбрана Лојд Остин доаѓа во дводневна посета на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, денеска треба да пристигне во Бугарија на разговор со министерот за одбрана Драгомир Заков, а утре ќе биде примен од премиерот Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, посетата на Лојд Остин на Софија претходеше на неговите посети на Брисел и Словачка и е дел од неговата турнеја низ Европа, со цел да им даде поддршка на сојузниците од НАТО. Во рамките на посетата, бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе одржат средба со војниците од армиите на двете земји кои учествуваат на заедничката бугарско-американска обука на полигонот Ново Село.
На состанокот во Министерството за одбрана, Заков и Остин ќе разговараат за перспективите за развој на билатералната безбедносна соработка.

The post Американскиот министер за одбрана Лојд Остин доаѓа во дводневна посета на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Средба Османи-Петков во Анталија: Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-osmani-petkov-vo-antalija-ni-trebaat-jasni-i-nedvosmisleno-poraki-kako-garant-za-evropskata-perspektiva-na-zemjite-od-regionot/ Sat, 12 Mar 2022 14:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=471747

Во продолжение на учеството на Анталија Дипломатскиот Форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.

На средбата стана збор за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа, при што Османи нагласи:

Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска интеграција станува безбедносно прашање и само позитивен исчекор во оваа насока ќе допринесе кон општата безбедност и сигурност на целиот европски континент.

На средбата беше изразено задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, беа дискутирани разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.

Во однос на пакетот политички прашања беше нагласено дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод и како таков ќе продолжи да се користи во контекстот на продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог.

Атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби се вистинскиот правец и се очекува да водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји.

The post Средба Османи-Петков во Анталија: Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот appeared first on Република.

]]>

Во продолжение на учеството на Анталија Дипломатскиот Форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков. На средбата стана збор за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа, при што Османи нагласи:
Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска интеграција станува безбедносно прашање и само позитивен исчекор во оваа насока ќе допринесе кон општата безбедност и сигурност на целиот европски континент.
На средбата беше изразено задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, беа дискутирани разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.
Во однос на пакетот политички прашања беше нагласено дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод и како таков ќе продолжи да се користи во контекстот на продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог. Атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби се вистинскиот правец и се очекува да водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји.

The post Средба Османи-Петков во Анталија: Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-premier-petkov-primi-delegacija-na-makedonski-bugari/ Tue, 22 Feb 2022 19:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=462157

Премиерот Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија.

Кирил Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

The post Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари appeared first on Република.

]]>

Премиерот Кирил Петков на средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија рече дека нивните права му се приоритет нему и на целата бугарска влада, соопшти прес-службата на кабинетот на бугарскиот премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. Кирил Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

The post Бугарскиот премиер Петков прими делегација на македонски Бугари appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: И ние бараме, од Брисел и официјална Софија, гаранција за македонскиот јазик, народ и идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-i-nie-barame-od-brisel-i-oficijalna-sofija-garancija-za-makedonskiot-jazik-narod-i-identitet/ Tue, 22 Feb 2022 16:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=462097

Петков ќе барал од Брисел гаранции за внесување на бугарското малцинство во македонскиот Устав. Тогаш, и ние бараме, од Брисел и официјална Софија, гаранција за македонскиот јазик, народ и идентитет. Гаранција дека до денот на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на ниту една друга земја членка нема да ѝ пречат истите овие нешта, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

The post Мицкоски: И ние бараме, од Брисел и официјална Софија, гаранција за македонскиот јазик, народ и идентитет appeared first on Република.

]]>

Петков ќе барал од Брисел гаранции за внесување на бугарското малцинство во македонскиот Устав. Тогаш, и ние бараме, од Брисел и официјална Софија, гаранција за македонскиот јазик, народ и идентитет. Гаранција дека до денот на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на ниту една друга земја членка нема да ѝ пречат истите овие нешта, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

The post Мицкоски: И ние бараме, од Брисел и официјална Софија, гаранција за македонскиот јазик, народ и идентитет appeared first on Република.

]]>
Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prashuvame-kako-e-vozmozno-nenamerno-da-se-iseche-premier-od-fotografija-za-kogo-se-veli-deka-sme-prijatelski-drzavi/ Mon, 21 Feb 2022 13:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=461516

Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Верува ли некој дека е ненамерен пропуст како што вели Ковачевски?

Дали пријателството на Ковачевски е само за по дома, а кога ќе излезе надвор од државата никој не го есапи?

Свесен ли е Ковачевски дека заради неговиот пристап на виткана кичма не го понижуваат само него, туку и целата држава.

Дали пораката до Ковачевски е дека е до толку неважен, што не треба да го има ниту на фотографија? Дали Ковачевски побара извинување или ќе молчи и ќе се понижува и себе и државата?

Одамна знаеме дека во СДСМ немаат образ, но тоа не значи дека треба да ја срамат и државата.

The post Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави appeared first on Република.

]]>

Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Верува ли некој дека е ненамерен пропуст како што вели Ковачевски? Дали пријателството на Ковачевски е само за по дома, а кога ќе излезе надвор од државата никој не го есапи? Свесен ли е Ковачевски дека заради неговиот пристап на виткана кичма не го понижуваат само него, туку и целата држава. Дали пораката до Ковачевски е дека е до толку неважен, што не треба да го има ниту на фотографија? Дали Ковачевски побара извинување или ќе молчи и ќе се понижува и себе и државата? Одамна знаеме дека во СДСМ немаат образ, но тоа не значи дека треба да ја срамат и државата.

The post Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Петков на заедничката седница на владите во Софија: Да работиме на потенцијалите и предностите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-petkov-na-zaednichkata-sednica-na-vladite-vo-sofija-da-rabotime-na-potencijalite-i-prednostite/ Tue, 25 Jan 2022 08:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=449042

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во Владата на Република Бугарија, по што започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваат двајцата премиери.

Во своето обраќање на пленарната седница, премиерот Ковачевски истакна дека со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи.

Позитивни пораки од посетата во Скопје и пријателскиот амбиент на оваа средба ни потврдува дека македонските и бугарските граѓани се исклучително заинтересирани за силни меѓусебни економски врски и за активности на соработка кои поврзуваат“, нагласи претседателот на Владата на Македонија Ковачевски.

Ковачевски ги оцени како многу важни активностите за поддршка на европските интеграции кои носат наша заедничка европска сегашност и иднина, и дека токму затоа е важно продлабочувањето на соработката на двете земји преку културни, образовни и младински размени, инфраструктура која поврзува, мобилност, движење, дигитализација, брз проток на информации, без застој и без пречки.

Премиерот Ковачевски уште додаде дека на овие теми е посветен сериозен дел и во Софија е направен чекор понатаму со формирањето на работните групи од кои се очекува на оваа заедничка седница да бидат договорени приоритетите во секоја област од нивна надлежност.

Ковачевски потенцираше дека и во Скопје и во Софија дијалогот тргна од позицијата дека новиот политички момент создаден преку мандатите на двете нови Влади создава услови да се направи заеднички исчекор во периодот што претстои.

Ќе работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките. Тоа е клуч за иднината, и посебно за нашата заедничката иднина во Европската Унија“, истакна во обраќањето на пленарната сесија на заедничката седница на владите премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков во своето обраќање потенцираше дека заедничката меѓувладина седница е од најдобар интерес на двата народи.

Утврдувањето на заедничкиот календар на владите и на работните групи е од посебно значење за процесот на евроинтеграцијата на Македонија низ реализација на реални планови и проекти, рече Петков.

Бугарскиот премиер им посака на членовите на двете влади успешна работа, и, како што нагласи, наместо политичка реторика на граѓаните од двете земји да им понудиме резултати кои ќе го заменат национализмот и говорот на омраза.

Работниот дел од заедничката седница на двете влади ќе продолжи со тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и со средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

Во исто време ќе започнат и одделните работни состаноци на министрите копретседавачи и членови на Работната група за економија, трговија и иновации, на Работна група: инфраструктура, транспорт, поврзаност, на Работната група за европска соработка, зелена транзиција и дигитална трансформација, и владеење на правото, на Работна група: култура, наука и образование, млади.

На оваа сесија од работниот дел на програмата е предвидено да се одржи и состанок на копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија меѓу Република Бугарија и Република Македонија за историски и образовни прашања проф. д-р Ангел Димитров и проф. д-р Драги Георгиев.

Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби ќе продолжат со пленарната седница на којашто ќе се презентираат резултатите од работните групи, по што ќе следува потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка.

The post Ковачевски и Петков на заедничката седница на владите во Софија: Да работиме на потенцијалите и предностите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во Владата на Република Бугарија, по што започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваат двајцата премиери. Во своето обраќање на пленарната седница, премиерот Ковачевски истакна дека со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи.
Позитивни пораки од посетата во Скопје и пријателскиот амбиент на оваа средба ни потврдува дека македонските и бугарските граѓани се исклучително заинтересирани за силни меѓусебни економски врски и за активности на соработка кои поврзуваат“, нагласи претседателот на Владата на Македонија Ковачевски.
Ковачевски ги оцени како многу важни активностите за поддршка на европските интеграции кои носат наша заедничка европска сегашност и иднина, и дека токму затоа е важно продлабочувањето на соработката на двете земји преку културни, образовни и младински размени, инфраструктура која поврзува, мобилност, движење, дигитализација, брз проток на информации, без застој и без пречки. Премиерот Ковачевски уште додаде дека на овие теми е посветен сериозен дел и во Софија е направен чекор понатаму со формирањето на работните групи од кои се очекува на оваа заедничка седница да бидат договорени приоритетите во секоја област од нивна надлежност. Ковачевски потенцираше дека и во Скопје и во Софија дијалогот тргна од позицијата дека новиот политички момент создаден преку мандатите на двете нови Влади создава услови да се направи заеднички исчекор во периодот што претстои.
Ќе работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките. Тоа е клуч за иднината, и посебно за нашата заедничката иднина во Европската Унија“, истакна во обраќањето на пленарната сесија на заедничката седница на владите премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков во своето обраќање потенцираше дека заедничката меѓувладина седница е од најдобар интерес на двата народи.
Утврдувањето на заедничкиот календар на владите и на работните групи е од посебно значење за процесот на евроинтеграцијата на Македонија низ реализација на реални планови и проекти, рече Петков.
Бугарскиот премиер им посака на членовите на двете влади успешна работа, и, како што нагласи, наместо политичка реторика на граѓаните од двете земји да им понудиме резултати кои ќе го заменат национализмот и говорот на омраза. Работниот дел од заедничката седница на двете влади ќе продолжи со тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и со средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска. Во исто време ќе започнат и одделните работни состаноци на министрите копретседавачи и членови на Работната група за економија, трговија и иновации, на Работна група: инфраструктура, транспорт, поврзаност, на Работната група за европска соработка, зелена транзиција и дигитална трансформација, и владеење на правото, на Работна група: култура, наука и образование, млади. На оваа сесија од работниот дел на програмата е предвидено да се одржи и состанок на копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија меѓу Република Бугарија и Република Македонија за историски и образовни прашања проф. д-р Ангел Димитров и проф. д-р Драги Георгиев. Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби ќе продолжат со пленарната седница на којашто ќе се презентираат резултатите од работните групи, по што ќе следува потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка.

The post Ковачевски и Петков на заедничката седница на владите во Софија: Да работиме на потенцијалите и предностите appeared first on Република.

]]>
Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус по средбата со Радев и Петков https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-bugarskoto-narodno-sobranie-nikola-minchev-e-pozitiven-na-koronavirus-po-sredbata-so-radev-i-petkov/ Mon, 10 Jan 2022 21:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=442833

Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. Во следните денови тој ќе учествува на седниците на 47. Народно собрание на Бугарија од далечина, по електронски пат, со почитување на правилата усвоени од Собранието.

Бугарските медиуми јавија дека Минчев и другите учесници на Консултативниот совет за национална безбедност ќе бидат во карантин 10 дена, што, според нив, ја доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на Скопје.

The post Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус по средбата со Радев и Петков appeared first on Република.

]]>

Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. Во следните денови тој ќе учествува на седниците на 47. Народно собрание на Бугарија од далечина, по електронски пат, со почитување на правилата усвоени од Собранието. Бугарските медиуми јавија дека Минчев и другите учесници на Консултативниот совет за национална безбедност ќе бидат во карантин 10 дена, што, според нив, ја доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на Скопје.

The post Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на коронавирус по средбата со Радев и Петков appeared first on Република.

]]>