петиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peticija/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Feb 2024 09:09:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peticija/ 32 32 Вработените од Филхармонија со петиција од Министерството за култура бараат итно разрешување на в.д. директорот Даниел Лазаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-od-filharmonija-so-petitsija-od-ministerstvoto-za-kultura-baraat-itno-razreshuvane-na-v-d-direktorot-daniel-lazarovski/ Thu, 08 Feb 2024 09:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=741739

Вработените во Македонска Филхармонија поради непрофесионалното и неуко менаџирање на в.д. директорот Даниел Лазаровски, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на институцијата, преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за  негово итно разршување. Петицијата која ја потпишаа 100 лица кои се вработени во Македонска филхармонија, ја доставуваме во прилог, стои во писменото соопштение.

Незадоволството од непрофесионалноста на в.д. директорот кулминираше со неговиот упад на синдикалниот состанок минатата недела кога се обидуваше да изврши притисок врз слободното изразување на членовите на синдикатот.  

Од самото назначување, вработените во Македонска филхармонија се изложени на притисоци, закани и мобинг од страна на директорот Лазаровски. Неговото несоодветно раководење со институцијата предизвикува големо незадоволство кај вработените и истото има негативно влијание  врз соработката со македонски и странски музичари.

Конкретно, во последен момент и без образложение беше откажан концерт на наш колега, кој е исклучително квалитетен музичар, а кој како солист требаше да настапи на концерт за кој се подготвуваше повеќе од една година. Исто така, без образложение в.д. директорот еднострано го раскина договорот со новиот странски шеф диригент кој ѝ е добро познат на оркестарот и македонската публика. Поради оваа причина, Македонска филхармонија во моментот се соочува со правен процес со големи финансиски побарувања од диригентот кои можат да го пореметат нормалното фунционирање на институцијата.

За атмосферата на незадоволство придонесува и тоа што списоците за распоред на работни состави се објавуваат ненавремено,  во последен момент, иако праксата до назначувањето на Лазаровски беше да се објавуваат најмалку еден месец однапред. Се поставуваат музичари на позиции пониски од оние на кои се назначени, односно деградирање и нарушување на тимската работа. Покрај ова, има примери на казнување за неколкуминутно доцнење на проба кое не направило застој на работата на оркестарот, а од друга страна толерирање, т.е. ослободување и несанкционирање на одредени колеги да отсуствуваат од работа.

Како да се толкува ова самоволие на в.д. директорот освен деке е намерно, односно како мобинг и злоупотреба на службената положба. Неговите тврдења дека требал писмено да биде известен за мирувањето на неговото членство во синдикатот само го потврдува неговото незнаење и некомпетентност за извршување на директорската функција. Со својот демант во врска со нашата рекација за неговиот упад на синдикалниот состанок, директорот се обидува да ја банализира реалната ситуација во Филхармонија и да ја избегне одговорноста за неговото несоодветно управување. Нагласуваме дека воопшто не станува збор за вештачка криза, ниту за условите на објектот во кој работиме. Не сме загрозени од потребата да ги извршуваме работните обврски, напротив, загрозени сме од непрофесионалноста на директорот кој не знае да управува со нашата институција и ја води во пропаст, велат од СО Македонска филхармонија при СКРМ.

The post Вработените од Филхармонија со петиција од Министерството за култура бараат итно разрешување на в.д. директорот Даниел Лазаровски appeared first on Република.

]]>

Стотици граѓани во одбрана на МКЦ од лошиот вкус https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stotitsi-gragani-vo-odbrana-na-mkts-od-loshiot-vkus/ Sun, 22 Jan 2023 15:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=599624

Љубители на независната култура, музичари, театарџии, изведувачи, уметници, стотици граѓани од најразлична возраст денеска на пладне пред платото на Младинскиот културен центар (МКЦ) дојдоа да го одбранат МКЦ од лошиот вкус.

Настанот беше организиран од колективот на млади музичари „Гола планина“, а се случи поради кратење на буџетот од страна на Град Скопје и промена на досегашниот директор на Центарот, Ванчо Богоев.

Програмскиот колегиум на МКЦ преку соопштение до медиумите објасни дека МКЦ повторно е на мета на партиски мегдан и соопштува дека институцијата добила нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.

https://republika.mk/vesti/kultura/bogoev-me-smenija-od-direktor-na-mkts-bidejki-ne-sakav-da-potpisham-reshenie-za-vrabotuvane-na-beni-shakiri/

Богоев во два мандати по шест месеци беше в.д. директор на МКЦ, откако се смени градската власт и на чело на градот дојде Данела Арсовска. Богоев 36 години е вработен во МКЦ. Лани во ноември, институцијата ја доби наградата „13 Ноември“.

Во рамки на протестниот музички собир, денеска пред центарот се потпишуваше и петиција. Барањата на петицијата се зголемување на буџетот на институција од државните ресурси за култура. Дополнително, преку петицијата се бара да се стави „МКЦ надвор од политичките игри“.

Организаторите планираат петицијата да ја испратат до Град Скопје и Министерството за култура, но дека засега примарно им е да соберат што повеќе потписи.

На настанот настапија Дина Јашари, „Хајка“, „Новиот почеток“, раперот Никола Трпески „S.A.M.“, потоа, младиот музичар Мартин Џорлев, кој е и дел од колективот „Гола планина“ и други.

The post Стотици граѓани во одбрана на МКЦ од лошиот вкус appeared first on Република.

]]>

Љубители на независната култура, музичари, театарџии, изведувачи, уметници, стотици граѓани од најразлична возраст денеска на пладне пред платото на Младинскиот културен центар (МКЦ) дојдоа да го одбранат МКЦ од лошиот вкус. Настанот беше организиран од колективот на млади музичари „Гола планина“, а се случи поради кратење на буџетот од страна на Град Скопје и промена на досегашниот директор на Центарот, Ванчо Богоев. Програмскиот колегиум на МКЦ преку соопштение до медиумите објасни дека МКЦ повторно е на мета на партиски мегдан и соопштува дека институцијата добила нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција. https://republika.mk/vesti/kultura/bogoev-me-smenija-od-direktor-na-mkts-bidejki-ne-sakav-da-potpisham-reshenie-za-vrabotuvane-na-beni-shakiri/ Богоев во два мандати по шест месеци беше в.д. директор на МКЦ, откако се смени градската власт и на чело на градот дојде Данела Арсовска. Богоев 36 години е вработен во МКЦ. Лани во ноември, институцијата ја доби наградата „13 Ноември“. Во рамки на протестниот музички собир, денеска пред центарот се потпишуваше и петиција. Барањата на петицијата се зголемување на буџетот на институција од државните ресурси за култура. Дополнително, преку петицијата се бара да се стави „МКЦ надвор од политичките игри“. Организаторите планираат петицијата да ја испратат до Град Скопје и Министерството за култура, но дека засега примарно им е да соберат што повеќе потписи. На настанот настапија Дина Јашари, „Хајка“, „Новиот почеток“, раперот Никола Трпески „S.A.M.“, потоа, младиот музичар Мартин Џорлев, кој е и дел од колективот „Гола планина“ и други.

The post Стотици граѓани во одбрана на МКЦ од лошиот вкус appeared first on Република.

]]>
Родители бараат второ полугодие со онлајн настава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditeli-baraat-vtoro-polugodie-so-onlajn-nastava/ Mon, 10 Jan 2022 17:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=442701

Група родители организирани во движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од  ФБ група со над 15 000 членови, за утре најавија прес конференција пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започна со онлјан настава.

Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека  нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства.
Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест, велат од движењето.

The post Родители бараат второ полугодие со онлајн настава appeared first on Република.

]]>

Група родители организирани во движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од  ФБ група со над 15 000 членови, за утре најавија прес конференција пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започна со онлјан настава.
Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека  нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства. Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест, велат од движењето.
 
The post Родители бараат второ полугодие со онлајн настава appeared first on Република.

]]>