петер сирјато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peter-sirjato/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 19:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петер сирјато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peter-sirjato/ 32 32 Унгарија не го прифати предлогот на ЕУ за обука на украински војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-ne-go-prifati-predlogot-na-eu-za-obuka-na-ukrainski-vojnici/ Mon, 17 Oct 2022 19:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=562269

Унгарската влада не го прифати предлогот на ЕУ за формирање мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ, бидејќи тоа ќе доведе до опасност од ескалација на војната во Украина, изјави денеска во Луксембург надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто.

Сијарто рече дека, во согласност со законот, не учествувал на гласањето на денешниот министерски состанок во Луксембург и дека бил единствениот претставник на земја-членка на ЕУ што го направил тоа, пренесува МТИ.

Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург го одобрија почетокот на мисијата ЕУМАМ Украина за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ и ѝ доделија на Украина нови 500 милиони евра за купување оружје.

Сијарто истакна дека неговото отсуство за време на гласањето не ги спречило министрите за надворешни работи на Унијата да го усвојат предлогот, но дека Унгарија не сака да придонесе во финансирањето на операцијата.

„Сè што води до ескалација не е нешто што мислиме дека е добра идеја“, рече Сијарто и оцени дека со тоа Централна Европа ризикува да биде воведена во конфликтот.

The post Унгарија не го прифати предлогот на ЕУ за обука на украински војници appeared first on Република.

]]>

Унгарската влада не го прифати предлогот на ЕУ за формирање мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ, бидејќи тоа ќе доведе до опасност од ескалација на војната во Украина, изјави денеска во Луксембург надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто.
Сијарто рече дека, во согласност со законот, не учествувал на гласањето на денешниот министерски состанок во Луксембург и дека бил единствениот претставник на земја-членка на ЕУ што го направил тоа, пренесува МТИ. Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург го одобрија почетокот на мисијата ЕУМАМ Украина за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ и ѝ доделија на Украина нови 500 милиони евра за купување оружје. Сијарто истакна дека неговото отсуство за време на гласањето не ги спречило министрите за надворешни работи на Унијата да го усвојат предлогот, но дека Унгарија не сака да придонесе во финансирањето на операцијата.