Петер Сијарто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peter-sijarto/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 09:48:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петер Сијарто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peter-sijarto/ 32 32 Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел почнаа „напад на новата реалност“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-provoenite-sili-vo-vashington-i-brisel-pochnaa-napad-na-novata-realnost/ Mon, 18 Nov 2024 09:48:26 +0000 https://republika.mk/?p=839054

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто денеска изјави дека провоените сили во Вашингтон и Брисел „во последниот чин на фрустрација“ извршиле „жесток напад врз новата реалност“ и дека не се плашат од најлошото сценарио – проширување на војната во Украина на целиот свет.

Провоените мејнстрим партии во Вашингтон и Брисел почнаа конечен, жесток напад на новата реалност … Ова не е само антидемократски потег, туку и крајно опасен. Се чини дека провоените сили во последниот чин на фрустрација не се плашат од најлошото, односно од ширењето на војната од Украина во целиот свет, напиша Сијарто на својот профил на Фејсбук.

Тој истакна дека „новата реалност“ е создадена со победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на претседателските избори во земјата, со оценка дека гласачите „одлучиле да ги поддржат патриотските сили кои се залагаат за мир“.

Сијарто најави дека на денешната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ, прва по победата на Трамп, ќе има „тешка борба“ бидејќи, според него, неопходно е да се запрат обидите за ескалација и во Брисел.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и наводи на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија, а потоа, како што пренесува „Фигаро“, истото го направиле и Франција и Велика Британија, дозволувајќи употреба на ракети SCALP/Сторм шедоу.

The post Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел почнаа „напад на новата реалност“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто денеска изјави дека провоените сили во Вашингтон и Брисел „во последниот чин на фрустрација“ извршиле „жесток напад врз новата реалност“ и дека не се плашат од најлошото сценарио – проширување на војната во Украина на целиот свет. Провоените мејнстрим партии во Вашингтон и Брисел почнаа конечен, жесток напад на новата реалност … Ова не е само антидемократски потег, туку и крајно опасен. Се чини дека провоените сили во последниот чин на фрустрација не се плашат од најлошото, односно од ширењето на војната од Украина во целиот свет, напиша Сијарто на својот профил на Фејсбук. Тој истакна дека „новата реалност“ е создадена со победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на претседателските избори во земјата, со оценка дека гласачите „одлучиле да ги поддржат патриотските сили кои се залагаат за мир“. Сијарто најави дека на денешната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ, прва по победата на Трамп, ќе има „тешка борба“ бидејќи, според него, неопходно е да се запрат обидите за ескалација и во Брисел. Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и наводи на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија, а потоа, како што пренесува „Фигаро“, истото го направиле и Франција и Велика Британија, дозволувајќи употреба на ракети SCALP/Сторм шедоу.

The post Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел почнаа „напад на новата реалност“ appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Треба да направиме се за Романија да влезе во Шенген https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-treba-da-napravime-se-za-romanija-da-vleze-vo-shengen/ Fri, 15 Nov 2024 19:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=838271

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на прес-конференција во романскиот град Миеркурија Чук, порача дека националните интереси на Романија и Унгарија се совпаѓаат во однос на целосното пристапување на земјата во Шенген зоната.

Мораме да направиме се што е можно Романија конечно да влезе во Шенген зоната како полноправна членка. Овде зборуваме за прашање каде што се поклопуваат националните интереси на Романија и Унгарија, односно на двата народи. Поради оваа причина, ќе сториме се што е можно, ќе мобилизираме сè и ќе се обидеме да ги убедиме сите во следните два месеца за конечно да може Романија да влезе во Шенген зоната. Наш интерес е животот на заедниците од двете страни на границата да бидат што посилно поврзани, за што ни е потребен статус за членство во Шенген“, порача Сијарто.

Темата за Шенген беше разгледана и на форумот во Миеркурија Чук, на кој шефот на унгарската дипломатија учествуваше заедно со лидерот на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, Келемен Хунор.

The post Сијарто: Треба да направиме се за Романија да влезе во Шенген appeared first on Република.

Сијарто: Унгарија е во центарот на вниманието на светот, западните лидери се обидуваат да ја изолираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-e-vo-tsentarot-na-vnimanieto-na-svetot-zapadnite-lideri-se-obiduvaat-da-ja-izoliraat/ Sat, 09 Nov 2024 14:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=835885

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ја посетиле сите европски лидери во последните два дена, и покрај тоа што западните власти тврдат дека земјата е изолирана во своите ставови.

Всушност, ние сме толку изолирани што во последните два дена секој европски лидер не посети овде во Будимпешта. Со самитот на европската политичка заедница и состанокот на Европскиот совет ги организиравме најголемите дипломатски настани во историјата на Унгарија, вели Сијарто во авторскиот текст, пренесува Индекс. ху.

Тој додаде дека лидерите на западниот свет се собрале во Будимпешта само два дена по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

„Лажат дека сме изолирани … Да се кажуваат такви глупости дури и во денешната меѓународна политичка дебата, која нема баш висок стандард, е подвиг. Толку сме изолирани што се осмелувам да кажам … денес само унгарскиот премиер може истовремено да разговара со лидерите на најсилните светски полови на моќ: претставниците на Обединетите нации, претседателите на Кина, Русија и Турција и премиерот на Израел“, рече Сијарто, додавајќи дека тоа значи и дека сме опкружени со нова реалност – „старите клишеа не функционираат, повторувањето познати позиции не води никаде“.

„Живееме во доба на опасност, светот пред нашите очи влегува во сосема нова економска и политичка ера. Во ера во која ништо не е (и нема да биде) исто … Во Европа се уште има војна, речиси една деценија живееме под притисок на илегалната миграција, европската политика е заглавена во политичката коректност, а меѓународниот либерален мејнстрим почна уште еден очајнички напад за да го премести стариот континент во пост-национална и постхристијанска ера“, наведе унгарскиот министер.

Тој нагласи дека Унгарија е една од ретките земји во Европа во последниве години која се осмелила отворено да „почне борба“ во согласност со трите цели на националната надворешна политика – зачувување на суверенитетот, унапредување на мирот и одржување на економската неутралност.

Тој додаде дека има впечаток „дека либералниот мејнстрим нема што друго да прави освен да ја поткопува унгарската надворешна политика секој ден“.

„Зошто зборуваме за мир, зошто ги одржуваме односите со Русија, зошто ги охрабруваме кинеските компании да инвестираат во Унгарија, зошто ставаме вето на резолуциите со кои се критикува Израел, зошто не ги осудуваме арапските земји по прашањето за спроведување на човековите права, зошто го напаѓаме Брисел поради илегалната миграција, зошто премиерот се среќава со 45-от претседател на САД“, нагласи Сијарто и оцени дека фактите не се во корист на бриселските власти и дека е докажано дека европската и американската воена стратегија „биле сериозно промашување“.

- Не ги интересираше фактот дека испораките на оружје не доведоа до напредок на Украинците на бојното поле, туку до смрт на многу повеќе луѓе, дека санкциите не функционираат, дека уништувањето се зголемува. Не можеа да разберат дека затворањето на каналите за комуникација значи целосно напуштање на надежта за мир“, предупреди Сијарто.

Тој додаде дека Брисел не го интересира тоа што Унгарија и во најтешкиот период немала проблем со снабдувањето со енергија, ниту дека во земјата се градат најмодерни германски и кинески фабрики и се отвораат десетици илјади работни места.

Со широк спектар на правни, политички, медиумски и финансиски напади, Брисел сака да ја вовлече Унгарија во „провоена политика“, да „го предаде суверенитетот, да ги прифати мигрантите, поклонувајќи се на агресивниот политички мејнстрим на родовата пропаганда“.

„Се спротивставивме: три години успешно ја држевме земјата надвор од војна, не се откажавме ниту од мал дел од нашиот суверенитет, тука нема мигранти, а ни ЛГБТ активистите не можат да им го збунат умот на нашите деца“, заклучува Сијарто

The post Сијарто: Унгарија е во центарот на вниманието на светот, западните лидери се обидуваат да ја изолираат appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ја посетиле сите европски лидери во последните два дена, и покрај тоа што западните власти тврдат дека земјата е изолирана во своите ставови. Всушност, ние сме толку изолирани што во последните два дена секој европски лидер не посети овде во Будимпешта. Со самитот на европската политичка заедница и состанокот на Европскиот совет ги организиравме најголемите дипломатски настани во историјата на Унгарија, вели Сијарто во авторскиот текст, пренесува Индекс. ху. Тој додаде дека лидерите на западниот свет се собрале во Будимпешта само два дена по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. „Лажат дека сме изолирани … Да се кажуваат такви глупости дури и во денешната меѓународна политичка дебата, која нема баш висок стандард, е подвиг. Толку сме изолирани што се осмелувам да кажам … денес само унгарскиот премиер може истовремено да разговара со лидерите на најсилните светски полови на моќ: претставниците на Обединетите нации, претседателите на Кина, Русија и Турција и премиерот на Израел“, рече Сијарто, додавајќи дека тоа значи и дека сме опкружени со нова реалност – „старите клишеа не функционираат, повторувањето познати позиции не води никаде“. „Живееме во доба на опасност, светот пред нашите очи влегува во сосема нова економска и политичка ера. Во ера во која ништо не е (и нема да биде) исто … Во Европа се уште има војна, речиси една деценија живееме под притисок на илегалната миграција, европската политика е заглавена во политичката коректност, а меѓународниот либерален мејнстрим почна уште еден очајнички напад за да го премести стариот континент во пост-национална и постхристијанска ера“, наведе унгарскиот министер. Тој нагласи дека Унгарија е една од ретките земји во Европа во последниве години која се осмелила отворено да „почне борба“ во согласност со трите цели на националната надворешна политика – зачувување на суверенитетот, унапредување на мирот и одржување на економската неутралност. Тој додаде дека има впечаток „дека либералниот мејнстрим нема што друго да прави освен да ја поткопува унгарската надворешна политика секој ден“. „Зошто зборуваме за мир, зошто ги одржуваме односите со Русија, зошто ги охрабруваме кинеските компании да инвестираат во Унгарија, зошто ставаме вето на резолуциите со кои се критикува Израел, зошто не ги осудуваме арапските земји по прашањето за спроведување на човековите права, зошто го напаѓаме Брисел поради илегалната миграција, зошто премиерот се среќава со 45-от претседател на САД“, нагласи Сијарто и оцени дека фактите не се во корист на бриселските власти и дека е докажано дека европската и американската воена стратегија „биле сериозно промашување“. - Не ги интересираше фактот дека испораките на оружје не доведоа до напредок на Украинците на бојното поле, туку до смрт на многу повеќе луѓе, дека санкциите не функционираат, дека уништувањето се зголемува. Не можеа да разберат дека затворањето на каналите за комуникација значи целосно напуштање на надежта за мир“, предупреди Сијарто. Тој додаде дека Брисел не го интересира тоа што Унгарија и во најтешкиот период немала проблем со снабдувањето со енергија, ниту дека во земјата се градат најмодерни германски и кинески фабрики и се отвораат десетици илјади работни места. Со широк спектар на правни, политички, медиумски и финансиски напади, Брисел сака да ја вовлече Унгарија во „провоена политика“, да „го предаде суверенитетот, да ги прифати мигрантите, поклонувајќи се на агресивниот политички мејнстрим на родовата пропаганда“. „Се спротивставивме: три години успешно ја држевме земјата надвор од војна, не се откажавме ниту од мал дел од нашиот суверенитет, тука нема мигранти, а ни ЛГБТ активистите не можат да им го збунат умот на нашите деца“, заклучува Сијарто

The post Сијарто: Унгарија е во центарот на вниманието на светот, западните лидери се обидуваат да ја изолираат appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sijarto-samo-izgovor-im-e-deka-konsenzusot-e-prechka-za-proshiruvaneto/ Tue, 15 Oct 2024 12:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=827180

Идеална ситуација би била ако Македонија и Босна и Херцеговина одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите до крајот на годината, изјави денеска во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.

Но, тоа не зависи само од нас, само од претседателството (со ЕУ), не зависи ниту од комесарот, туку зависи од консензусот на сите 27 земји членки, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Во одговор на новинарско прашање дали не би било подобро ако во процесот на проширување на блокот се укине принципот на консензус при одлучувањето, Сијарто рече дека оние земји членки кои тврдат дека консензусот е пречка за проширувањето, во основа само бараат изговор затоа што не се ентузијасти за овој процес.

Верувајте ми, ако треба да ја именувам областа во која лицемерието е на врвот во ЕУ, тогаш тоа дефинитивно е проширувањето, бидејќи слушам како моите колеги зборуваат едно пред јавноста, а друго и меѓу нас. За жал морам да ви кажам дека не сите го кажуваат истото јавно и зад затворени врати, додаде Сијарото.

Според него, укинувањето на принципот на консензус во носењето одлуки би довело до уништување на Европската Унија.

Во случај да се укине консензусот тоа ќе ги потисне помалите или земјите членки од средна големина, затоа што во случај ако нема потреба од консензус, големите би одлучувале за важни прашања, а работата на помалите или средните земји би била само да кажат „да“, оцени Сијарто, додавајќи дека затоа не е случајно што Европската Унија се заснова на договори и методологии, кои бараат косензус при носењето одлуки за важни прашања.

Тој истакна дека еден од приоритетите на унгарското претседателство се ЕУ е токму проширувањето и денешниот старт на преговорите со Албанија е делумно исполнување на тие планови. Сијарто изрази надеж дека до крајот на годината Албанија ќе може да почне преговори и по втор кластер, како и дека ќе биде остварен напредок во преговарачкиот процес и со Србија, бидејќи, според него, земјата е подготвена за отворање на кластерот поврзан со инклузивниот раст и развој.

Ако двапати патувате во Белград во еден месец ќе видите што значи развој и раст, па оние бирократи што овде се грижат дали Србија е подготвена да го отвори тоа поглавјето јас би предложи да отпатуваат во Белград и ќе видат дека тие се подготвени, рече Сијарто изразувајќи надеж дека оние земји членки на ЕУ кои „се покритични“ кон Србија, нема да прават пречка на таа цел.

Тој додаде дека очекува и Црна Гора да постигне напредок во преговорите, со тоа што би го затворила преговарачкиот процес по неколку поглавја.

Вархеји, пак оцени дека не држи тезата оти ЕУ треба да се реформира пред да ги прими новите членки, потенцирајќи дека процесите на проширување и на реформи може да се одвиваат паралелно.

Сегашната институционална поставеност и поставеноста на договорите (на ЕУ) совршено можат да прифатат нови членки. Се уште верувам дека тоа е така и затоа на проширувањето и внатрешните реформи гледаме како на паралелни дебати и најдобро е да ги држиме паралелно, додаде Вархеји.

Тој потсети дека една од обврските на новата Европска комисија ќе биде и изработката на Повеќегодишната финансиска рамка за ЕУ за периодот по 2027 година и во неа треба да се направат големи промени да може Унијата да ги прими новите членки, бидејќи со средствата од тој буџет ќе треба да се покријат трошоците од проширувањето

Мислам дека таа (рамка) ќе биде добар показател кога ЕУ ќе посака добредојде (на нови членки), истакна Верхеји.

Рама изрази надеж дека Албанија до крајот на оваа деценија ќе ги заврши преговорите и ќе се појави на вратата на Европскиот совет како земја членки на ЕУ.

Се разбира, ова многу амбициозно, потребно е многу многу голем обем на работа. Во тесна соработка со Комисијата поставивме патоказ, повторно многу амбициозен, и имаме план, а и исто така сметаме на партнерите да ни помогнат да го постигнеме тоа, рече Рама, додавајќи дека не е целта Албанија да дојде во Брисел, туку стандардите на Европската унија да се донесат во земјата.

https://republika.mk/vesti/balkan/koja-bila-majka-na-narodniot-heroj-i-so-kogo-vodela-lubov-se-mnogu-interesni-temi-za-istoricharite-ama-ne-za-chlenstvo-vo-eu-smeta-rama/

The post Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето appeared first on Република.

]]>

Идеална ситуација би била ако Македонија и Босна и Херцеговина одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите до крајот на годината, изјави денеска во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.
Но, тоа не зависи само од нас, само од претседателството (со ЕУ), не зависи ниту од комесарот, туку зависи од консензусот на сите 27 земји членки, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
Во одговор на новинарско прашање дали не би било подобро ако во процесот на проширување на блокот се укине принципот на консензус при одлучувањето, Сијарто рече дека оние земји членки кои тврдат дека консензусот е пречка за проширувањето, во основа само бараат изговор затоа што не се ентузијасти за овој процес.
Верувајте ми, ако треба да ја именувам областа во која лицемерието е на врвот во ЕУ, тогаш тоа дефинитивно е проширувањето, бидејќи слушам како моите колеги зборуваат едно пред јавноста, а друго и меѓу нас. За жал морам да ви кажам дека не сите го кажуваат истото јавно и зад затворени врати, додаде Сијарото.
Според него, укинувањето на принципот на консензус во носењето одлуки би довело до уништување на Европската Унија.
Во случај да се укине консензусот тоа ќе ги потисне помалите или земјите членки од средна големина, затоа што во случај ако нема потреба од консензус, големите би одлучувале за важни прашања, а работата на помалите или средните земји би била само да кажат „да“, оцени Сијарто, додавајќи дека затоа не е случајно што Европската Унија се заснова на договори и методологии, кои бараат косензус при носењето одлуки за важни прашања.
Тој истакна дека еден од приоритетите на унгарското претседателство се ЕУ е токму проширувањето и денешниот старт на преговорите со Албанија е делумно исполнување на тие планови. Сијарто изрази надеж дека до крајот на годината Албанија ќе може да почне преговори и по втор кластер, како и дека ќе биде остварен напредок во преговарачкиот процес и со Србија, бидејќи, според него, земјата е подготвена за отворање на кластерот поврзан со инклузивниот раст и развој.
Ако двапати патувате во Белград во еден месец ќе видите што значи развој и раст, па оние бирократи што овде се грижат дали Србија е подготвена да го отвори тоа поглавјето јас би предложи да отпатуваат во Белград и ќе видат дека тие се подготвени, рече Сијарто изразувајќи надеж дека оние земји членки на ЕУ кои „се покритични“ кон Србија, нема да прават пречка на таа цел.
Тој додаде дека очекува и Црна Гора да постигне напредок во преговорите, со тоа што би го затворила преговарачкиот процес по неколку поглавја. Вархеји, пак оцени дека не држи тезата оти ЕУ треба да се реформира пред да ги прими новите членки, потенцирајќи дека процесите на проширување и на реформи може да се одвиваат паралелно.
Сегашната институционална поставеност и поставеноста на договорите (на ЕУ) совршено можат да прифатат нови членки. Се уште верувам дека тоа е така и затоа на проширувањето и внатрешните реформи гледаме како на паралелни дебати и најдобро е да ги држиме паралелно, додаде Вархеји.
Тој потсети дека една од обврските на новата Европска комисија ќе биде и изработката на Повеќегодишната финансиска рамка за ЕУ за периодот по 2027 година и во неа треба да се направат големи промени да може Унијата да ги прими новите членки, бидејќи со средствата од тој буџет ќе треба да се покријат трошоците од проширувањето
Мислам дека таа (рамка) ќе биде добар показател кога ЕУ ќе посака добредојде (на нови членки), истакна Верхеји.
Рама изрази надеж дека Албанија до крајот на оваа деценија ќе ги заврши преговорите и ќе се појави на вратата на Европскиот совет како земја членки на ЕУ.
Се разбира, ова многу амбициозно, потребно е многу многу голем обем на работа. Во тесна соработка со Комисијата поставивме патоказ, повторно многу амбициозен, и имаме план, а и исто така сметаме на партнерите да ни помогнат да го постигнеме тоа, рече Рама, додавајќи дека не е целта Албанија да дојде во Брисел, туку стандардите на Европската унија да се донесат во земјата.
https://republika.mk/vesti/balkan/koja-bila-majka-na-narodniot-heroj-i-so-kogo-vodela-lubov-se-mnogu-interesni-temi-za-istoricharite-ama-ne-za-chlenstvo-vo-eu-smeta-rama/

The post Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Влегувањето на Украина во НАТО би значело директна конфронтација со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-vleguvaneto-na-ukraina-vo-nato-bi-znachelo-direktna-konfrontatsija-so-rusija/ Mon, 14 Oct 2024 09:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=826469

Унгарија не го разгледува прашањето за влез на Украина во НАТО, бидејќи тоа би значело директна конфронтација меѓу Северноатлантската алијанса и Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Според него, официјална Будимпешта повлече црвени линии од самиот почеток на украинскиот конфликт, а една од нив е дека мора да се направи се за да се избегне каква било форма на директен конфликт меѓу НАТО и Русија, пренесува РИА Новости.

Значи, ако Украина стане членка на НАТО, тоа ќе значи директна конфронтација меѓу НАТО и Русија, а тоа ќе значи Трета светска војна“, рече шефот на унгарската дипломатија и додаде дека повеќето негови колеги од сојузничките земји во јавноста дискусиите со претставниците на Украина не ја отфрлаат можноста за влез на Украина во Алијансата, но во затворен круг на соговорници тој признава дека тоа е невозможно

Запрашан да именува кои земји се дел од малцинството кое сè уште цврсто верува во членството на Украина во НАТО, Сијарто одговори дека „тоа не би било фер“.

На почетокот на октомври во Киев го посети новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, кој во таа прилика изјави дека Украина еден ден ќе стане полноправна членка на НАТО и дека Русија нема право на вето по ова прашање, но тој не коментирајте за какви било рокови.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно истакна дека евентуалното членство на Украина во НАТО претставува закана за безбедноста на Русија и дека тоа е една од причините за започнување на специјална воена операција.

The post Сијарто: Влегувањето на Украина во НАТО би значело директна конфронтација со Русија appeared first on Република.

]]>

Унгарија не го разгледува прашањето за влез на Украина во НАТО, бидејќи тоа би значело директна конфронтација меѓу Северноатлантската алијанса и Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Според него, официјална Будимпешта повлече црвени линии од самиот почеток на украинскиот конфликт, а една од нив е дека мора да се направи се за да се избегне каква било форма на директен конфликт меѓу НАТО и Русија, пренесува РИА Новости. Значи, ако Украина стане членка на НАТО, тоа ќе значи директна конфронтација меѓу НАТО и Русија, а тоа ќе значи Трета светска војна“, рече шефот на унгарската дипломатија и додаде дека повеќето негови колеги од сојузничките земји во јавноста дискусиите со претставниците на Украина не ја отфрлаат можноста за влез на Украина во Алијансата, но во затворен круг на соговорници тој признава дека тоа е невозможно Запрашан да именува кои земји се дел од малцинството кое сè уште цврсто верува во членството на Украина во НАТО, Сијарто одговори дека „тоа не би било фер“. На почетокот на октомври во Киев го посети новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, кој во таа прилика изјави дека Украина еден ден ќе стане полноправна членка на НАТО и дека Русија нема право на вето по ова прашање, но тој не коментирајте за какви било рокови. Рускиот претседател Владимир Путин претходно истакна дека евентуалното членство на Украина во НАТО претставува закана за безбедноста на Русија и дека тоа е една од причините за започнување на специјална воена операција.

The post Сијарто: Влегувањето на Украина во НАТО би значело директна конфронтација со Русија appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-e-pod-pritisok-poradi-energetskata-sorabotka-so-rusija/ Thu, 10 Oct 2024 12:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=825248

Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Се разбира дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија“, рече Сијарто на пленарната седница на Меѓународниот форум за гас, што се одржува до 11 октомври во Санкт Петербург.

Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта.

Како што претходно објави унгарскиот портал XM, Сијарто изјавил дека Унгарија и руската државна гасна компанија Гаспром денеска ќе потпишат договор за гас, што ќе им овозможи во целост да го користат гасоводот Турски тек.

Русија во моментов го извезува својот природен гас во Европа преку две рути: гасовод изграден од Советскиот Сојуз што ја преминува Украина и гасоводот Турски тек до Турција што минува по дното на Црното Море.

Договорот за транзит на гас на Русија со Украина истекува на крајот на годината.

The post Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија appeared first on Република.

]]>

Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Се разбира дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија“, рече Сијарто на пленарната седница на Меѓународниот форум за гас, што се одржува до 11 октомври во Санкт Петербург.
Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта. Како што претходно објави унгарскиот портал XM, Сијарто изјавил дека Унгарија и руската државна гасна компанија Гаспром денеска ќе потпишат договор за гас, што ќе им овозможи во целост да го користат гасоводот Турски тек. Русија во моментов го извезува својот природен гас во Европа преку две рути: гасовод изграден од Советскиот Сојуз што ја преминува Украина и гасоводот Турски тек до Турција што минува по дното на Црното Море. Договорот за транзит на гас на Русија со Украина истекува на крајот на годината.

The post Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија appeared first on Република.

]]>
Додик го прими Сијарто: Пристигна голем пријател, Унгарија е наш стабилен партнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-go-primi-sijarto-pristigna-golem-prijatel-ungarija-e-nash-stabilen-partner/ Sat, 05 Oct 2024 17:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=822098

По средбата со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во Бања Лука, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, истакна дека неговиот гостин е голем пријател на Република Српска.

Денес, Унгарија е препознаена како наш навистина стабилен партнер и во тој поглед сакаме да го одржиме највисокото можно ниво на нашите односи, рече Додик.

Тој додаде дека низ времето е покажано високо ниво на разбирање, соработка и поддршка меѓу Република Српска и Унгарија.

Соработката меѓу Унгарија и Република Српска се заснова на меѓусебно почитување и горди сме на проектите што се реализирани досега. Унгарија, исто така, никогаш нема да се согласи еден функционер на Република Српска да биде на црната листа, бидејќи е неправедно кон гласачите кои ги избрале тие функционери, изјави Сијарто на заедничка прес-конференцијата.

Министерот за надворешни работи на Унгарија изјави дека неговата земја е пријател на Република Српска, со која има многу заедничко и му се заблагодари на Додик за развојот на пријателството и соработката.

Во ова време на закани и притисоци, потребни ни се силни и патриотски лидери како Додик, кој секогаш храбро ги застапува интересите на својата земја, рече Сијарто на завршната конвенција на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), пред изборите одржани во Република Српска во недела.

The post Додик го прими Сијарто: Пристигна голем пријател, Унгарија е наш стабилен партнер appeared first on Република.

Политиката на санкции на ЕУ против Русија е „тотален неуспех“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politikata-na-sanktsii-na-eu-protiv-rusija-e-totalen-neuspeh/ Fri, 27 Sep 2024 09:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=820160

Унгарија верува дека политиката на санкции на Европската унија против Русија не е ништо друго освен неуспех, рече министерот за надворешни работи на земјата Петер Сијарто.

„Нашата позиција е кристално јасна кога станува збор за санкциите. Ние ја сметаме политиката на санкции на Европската унија за тотален неуспех“, изјави тој за ТАСС на маргините на Генералното собрание на ОН.

Според него, рестриктивните мерки на ЕУ против Русија на никаков начин не помогнале да се постигне зацртаната цел за решавањето на конфликтот во Украина, а исто така нанеле поголема штета на економиите на европските земји отколку на Русија.

„Толку е очигледно дека страдавме од вртоглаво зголемена инфлација. Страдавме од брзото зголемување на цените на енергијата. И двете беа последици од режимот на санкции“, посочи тој.

Освен тоа, унгарскиот министер за надворешни работи нагласи дека големите западни земји и компании едноставно ги заобиколуваат антируските санкции што ги воведоа.

„Значи, тоа е лицемерно, бесмислено и не успеа. Ова е мое кратко мислење за политиката на санкции“, заклучи тој.

The post Политиката на санкции на ЕУ против Русија е „тотален неуспех“ appeared first on Република.

Сијарто: Унгарија нема да поддржи Косово да биде примено во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-nema-da-poddrzhi-kosovo-da-bide-primeno-vo-sovetot-na-evropa/ Thu, 19 Sep 2024 19:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=817947

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто изјави дека Будимпешта нема да поддржи членство на Косово во Советот на Европа.

Сијарто кажа дека ставот на Унгарија во врска со членството на Косово во Советот на Европа е јасен од претходно и дека таа земја сака мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.

„Навиваме за успех на дијалогот на Белград и Приштина, но сметаме дека на тој дијалог не придонесува тоа што Косово се кандидира за членство во меѓународните организации. Унгарија нема да поддржи Косово да биде примено во Советот на Европа“, кажа Сијарто, а пренесува Танјуг.

The post Сијарто: Унгарија нема да поддржи Косово да биде примено во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто изјави дека Будимпешта нема да поддржи членство на Косово во Советот на Европа. Сијарто кажа дека ставот на Унгарија во врска со членството на Косово во Советот на Европа е јасен од претходно и дека таа земја сака мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан. „Навиваме за успех на дијалогот на Белград и Приштина, но сметаме дека на тој дијалог не придонесува тоа што Косово се кандидира за членство во меѓународните организации. Унгарија нема да поддржи Косово да биде примено во Советот на Европа“, кажа Сијарто, а пренесува Танјуг.

The post Сијарто: Унгарија нема да поддржи Косово да биде примено во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Тоа не придонесува за дијалогот: Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toa-ne-pridonesuva-za-dijalogot-ungarija-nema-da-go-poddrzhi-chlenstvoto-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/ Wed, 18 Sep 2024 12:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=817457

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.

Сијарто, одговарајќи на прашањето на српската новинска агенција „Танјуг“, изјави дека ставот на Унгарија во однос на членството на Косово и претходно беше јасен, а Унгарија се заложува за мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.

Навиваме за успех на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но сметаме дека фактот што Косово аплицира за членство во меѓународните организации не придонесува за тој дијалог. Унгарија нема да го поддржи приемот на Косово во Советот на Европа - изјави Сијарто.

Сијарто денеска во Будимпешта се сретна со министерката за економија на Србија, Адријана Месаровиќ, со која разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Србија и Унгарија.

Утврдено е дека односите меѓу двете земји се најдобри досега.

The post Тоа не придонесува за дијалогот: Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа. Сијарто, одговарајќи на прашањето на српската новинска агенција „Танјуг“, изјави дека ставот на Унгарија во однос на членството на Косово и претходно беше јасен, а Унгарија се заложува за мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.
Навиваме за успех на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но сметаме дека фактот што Косово аплицира за членство во меѓународните организации не придонесува за тој дијалог. Унгарија нема да го поддржи приемот на Косово во Советот на Европа - изјави Сијарто.
Сијарто денеска во Будимпешта се сретна со министерката за економија на Србија, Адријана Месаровиќ, со која разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Србија и Унгарија.   Утврдено е дека односите меѓу двете земји се најдобри досега.

The post Тоа не придонесува за дијалогот: Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Унгарија наместо во Украина ќе испрати воена помош во Чад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-namesto-vo-ukraina-ke-isprati-voena-pomosh-vo-chad/ Fri, 13 Sep 2024 19:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=815087

Унгарија наместо во Украина ќе испрати одбранбена помош во Чад

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека неговата земја има намера да ги префрли своите средства на Европскиот фонд за мир за да му помогне на Чад, наместо на Украина.

На прес-конференција со својот колега од Чад, Сијарто потврди дека „унгарската влада презела иницијатива да одвои 14 милиони евра од Европскиот фонд за мир за зајакнување на одбранбените капацитети на Чад“.

Унгарскиот министер, исто така, истакна дека за време на посетата на делегацијата од Чад предводена од претседателот, Махамат Идрис Деби, Унгарија и Чад потпишале голем број билатерални договори, меѓу кои и за борбата против илегалната имиграција и соработката во областа на одбраната и земјоделството.

The post Унгарија наместо во Украина ќе испрати воена помош во Чад appeared first on Република.

]]>

Унгарија наместо во Украина ќе испрати одбранбена помош во Чад Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека неговата земја има намера да ги префрли своите средства на Европскиот фонд за мир за да му помогне на Чад, наместо на Украина. На прес-конференција со својот колега од Чад, Сијарто потврди дека „унгарската влада презела иницијатива да одвои 14 милиони евра од Европскиот фонд за мир за зајакнување на одбранбените капацитети на Чад“. Унгарскиот министер, исто така, истакна дека за време на посетата на делегацијата од Чад предводена од претседателот, Махамат Идрис Деби, Унгарија и Чад потпишале голем број билатерални договори, меѓу кои и за борбата против илегалната имиграција и соработката во областа на одбраната и земјоделството.

The post Унгарија наместо во Украина ќе испрати воена помош во Чад appeared first on Република.

]]>
Муцунски во Унгарија на средба со Сијарто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-vo-ungarija-na-sredba-so-sijarto/ Fri, 06 Sep 2024 07:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=813702

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, престојува во работна посета на Будимпешта.

Централни теми во разговорите на министрите, како што соопштија од МНР, се очекува да бидат тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и во тој контекст, недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година.

По средбата на двајцата министри, предвидена е прес-конференција за медиумите.

Во рамки на посетата министерот Муцунски, најавено е да оствари одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на националното Собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа, a ќе одржи и предавање пред студентите на Унгарската дипломатска академија и колеги од МНРТ на Унгарија

The post Муцунски во Унгарија на средба со Сијарто appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, престојува во работна посета на Будимпешта. Централни теми во разговорите на министрите, како што соопштија од МНР, се очекува да бидат тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и во тој контекст, недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година. По средбата на двајцата министри, предвидена е прес-конференција за медиумите. Во рамки на посетата министерот Муцунски, најавено е да оствари одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на националното Собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа, a ќе одржи и предавање пред студентите на Унгарската дипломатска академија и колеги од МНРТ на Унгарија

The post Муцунски во Унгарија на средба со Сијарто appeared first on Република.

]]>
Сијарто: ЕУ мирно набљудува како Украина си игра со енергетското прашање https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-eu-mirno-nabluduva-kako-ukraina-si-igra-so-energetskoto-prashane/ Thu, 29 Aug 2024 20:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=811355

Унгарскиот министер за надворешни работи – Петер Сијарто денеска изјави дека Украина ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и Словачка со тоа што го спречува транзитот на руска сурова нафта од Лукоил, а Европската комисија не презела ништо во врска со тоа.

На прес-конференцијата по средбата со колегите од ЕУ во Брисел, Сијарто рече дека на консултациите присуствувале и украински претставници, кои многу зборувале за руските напади врз енергетската мрежа на нивната земја, пренесе агенцијата МТИ.

„Позицијата на Унгарија е јасна“, рече Сијарто, додавајќи дека испораката на енергија е прашање на националната безбедност.

„Ако една земја ја загрозува безбедноста на енергетските резерви на друга земја, тогаш ја загрозува и нејзината национална безбедност“, посочи шефот на унгарската дипломатија.

Според него, токму тоа се случи во случајот со Украина и Унгарија, а истото важи и за Словачка.

Сијарто оцени дека Европската комисија покажала дека не може да ја заштити енергетската безбедност на нејзините две членки од земја која не е членка на Унијата, или дека сама ја создала целата оваа ситуација, со тоа што Брисел всушност дал инструкции за Киев да спроведе мерки кои ја ограничуваат енергетската безбедност на Унгарија и Словачка.

Тој рече дека, што и да е, разочарувачки е што ЕУ или е толку слаба, или се обидува да се скрие зад Киев за да ги принуди Унгарија и Словачка да ја сменат својата про-мировна позиција.

Сијарто додаде дека неговата земја, како и Словачка, имаат значаен придонес во снабдувањето со енергија за Украина, при што 42 отсто од увозот на електрична енергија во Украина моментално пристигнува преку Унгарија, пренесува Танјуг.

The post Сијарто: ЕУ мирно набљудува како Украина си игра со енергетското прашање appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот министер за надворешни работи – Петер Сијарто денеска изјави дека Украина ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и Словачка со тоа што го спречува транзитот на руска сурова нафта од Лукоил, а Европската комисија не презела ништо во врска со тоа. На прес-конференцијата по средбата со колегите од ЕУ во Брисел, Сијарто рече дека на консултациите присуствувале и украински претставници, кои многу зборувале за руските напади врз енергетската мрежа на нивната земја, пренесе агенцијата МТИ. „Позицијата на Унгарија е јасна“, рече Сијарто, додавајќи дека испораката на енергија е прашање на националната безбедност. „Ако една земја ја загрозува безбедноста на енергетските резерви на друга земја, тогаш ја загрозува и нејзината национална безбедност“, посочи шефот на унгарската дипломатија. Според него, токму тоа се случи во случајот со Украина и Унгарија, а истото важи и за Словачка. Сијарто оцени дека Европската комисија покажала дека не може да ја заштити енергетската безбедност на нејзините две членки од земја која не е членка на Унијата, или дека сама ја создала целата оваа ситуација, со тоа што Брисел всушност дал инструкции за Киев да спроведе мерки кои ја ограничуваат енергетската безбедност на Унгарија и Словачка. Тој рече дека, што и да е, разочарувачки е што ЕУ или е толку слаба, или се обидува да се скрие зад Киев за да ги принуди Унгарија и Словачка да ја сменат својата про-мировна позиција. Сијарто додаде дека неговата земја, како и Словачка, имаат значаен придонес во снабдувањето со енергија за Украина, при што 42 отсто од увозот на електрична енергија во Украина моментално пристигнува преку Унгарија, пренесува Танјуг.

The post Сијарто: ЕУ мирно набљудува како Украина си игра со енергетското прашање appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Унгарија е последната пречка за невоздржаното и неконтролирано дивеење на воената психоза во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-e-poslednata-prechka-za-nevozdrzhanoto-i-nekontrolirano-diveene-na-voenata-psihoza-vo-evropa/ Sun, 25 Aug 2024 18:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=810027

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, предупреди дека Западот се обидува да ја турне неговата земја во војната во Украина.

Будимпешта мора да се подготви за сериозни напади врз нејзината суверена надворешна политика и во наредната година, бидејќи либералите ќе ја нападнат политичката, физичката, економската и енергетската безбедност на земјата“, предупреди Сијарто.

Унгарскиот инистер за надворешни работи истакна дека зачувувањето на суверенитетот на Унгарија не е прашање на политичка идеологија, туку на „живот и смрт“, осврнувајќи се на загрозената безбедност на политичарите коишто се залагаат за мир, вклучително и неодамнешните обиди за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо и републиканскиот кандидат за американски претседател, Доналд Трамп.

Унгарија стана последната пречка за невоздржаното, неконтролирано дивеење на воената психоза во Европа“, изјави Сијарто, истакнувајќи дека Будимпешта не сака да учествува во испораката на оружје и обуката на украинските војници.

The post Сијарто: Унгарија е последната пречка за невоздржаното и неконтролирано дивеење на воената психоза во Европа appeared first on Република.

Сијарто: Украина прави што сака, Хрватска е несигурна за транзит на нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ukraina-pravi-shto-saka-hrvatska-e-nesigurna-za-tranzit-na-nafta/ Fri, 02 Aug 2024 13:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=802816

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто се пожали на односот на Европската комисија кон неговата земја, а Хрватска ја прогласи за несигурна земја за транзит на нафта.

Според Сијарто, Украина го запрела транзитот на сурова нафта потребна за Унгарија и Словачка.

Во објава на Фејсбук, Сијарто посочи дека Унгарија и Словачка се обратиле до Европската комисија пред една и пол недела поради одлуката на Украина да го запре транзитот на сурова нафта неопходна за безбедноста на снабдувањето со нафта на двете земји.

Вчера извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис од Летонија испрати писмо до мојот словачки колега и мене“, рече Сијарто. „Во тоа писмо, тој рече дека Украина не го загрозува снабдувањето ниту на Унгарија, ниту на Словачка, а освен тоа, има уште еден нафтовод што минува низ Хрватска што можеме да го користиме, рече тој, оценувајќи го писмото како „срамота“.

Сијарто рече дека писмото на извршниот потпретседател „уште еднаш докажува дека Украинците можат да им прават што сакаат на земјите-членки на ЕУ, особено ако се за мир и не испорачуваат оружје“.

Очигледно е случајност што завчера хрватскиот премиер му напиша писмо на претседателот на Европската комисија во кое го рекламира нафтоводот што минува низ Хрватска, изјави Сијарто.

Освен двете писма кои потврдуваат дека се работи за координирана операција од Брисел, има уште еден голем проблем со хрватската опција, рече тој. „Хрватска едноставно не е сигурна транзитна земја“, рече министерот. „Не може да и се верува бидејќи ја зголеми таксата за транзит на нафта на пет пати повисока од просечната пазарна такса од почетокот на војната. Не е доверлива затоа што го оневозможи MOL да склучи договор за долгорочна испорака. Таа не е сигурна затоа што не ги извршила инвестициите неопходни за зголемување на капацитетот на нафтоводот, а податоците што ги дава за максималниот капацитет на нафтоводот - никој никогаш не ги докажал“.

Сијарто рече дека ова значи дека прекинот на испораките на нафта од исток ќе ги остави Унгарија и Словачка „на милост и немилост на некредибилна транзитна земја“.

The post Сијарто: Украина прави што сака, Хрватска е несигурна за транзит на нафта appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто се пожали на односот на Европската комисија кон неговата земја, а Хрватска ја прогласи за несигурна земја за транзит на нафта. Според Сијарто, Украина го запрела транзитот на сурова нафта потребна за Унгарија и Словачка. Во објава на Фејсбук, Сијарто посочи дека Унгарија и Словачка се обратиле до Европската комисија пред една и пол недела поради одлуката на Украина да го запре транзитот на сурова нафта неопходна за безбедноста на снабдувањето со нафта на двете земји.
Вчера извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис од Летонија испрати писмо до мојот словачки колега и мене“, рече Сијарто. „Во тоа писмо, тој рече дека Украина не го загрозува снабдувањето ниту на Унгарија, ниту на Словачка, а освен тоа, има уште еден нафтовод што минува низ Хрватска што можеме да го користиме, рече тој, оценувајќи го писмото како „срамота“.
Сијарто рече дека писмото на извршниот потпретседател „уште еднаш докажува дека Украинците можат да им прават што сакаат на земјите-членки на ЕУ, особено ако се за мир и не испорачуваат оружје“.
Очигледно е случајност што завчера хрватскиот премиер му напиша писмо на претседателот на Европската комисија во кое го рекламира нафтоводот што минува низ Хрватска, изјави Сијарто.
Освен двете писма кои потврдуваат дека се работи за координирана операција од Брисел, има уште еден голем проблем со хрватската опција, рече тој. „Хрватска едноставно не е сигурна транзитна земја“, рече министерот. „Не може да и се верува бидејќи ја зголеми таксата за транзит на нафта на пет пати повисока од просечната пазарна такса од почетокот на војната. Не е доверлива затоа што го оневозможи MOL да склучи договор за долгорочна испорака. Таа не е сигурна затоа што не ги извршила инвестициите неопходни за зголемување на капацитетот на нафтоводот, а податоците што ги дава за максималниот капацитет на нафтоводот - никој никогаш не ги докажал“. Сијарто рече дека ова значи дека прекинот на испораките на нафта од исток ќе ги остави Унгарија и Словачка „на милост и немилост на некредибилна транзитна земја“.

The post Сијарто: Украина прави што сака, Хрватска е несигурна за транзит на нафта appeared first on Република.

]]>
Унгарија најави блокада на исплатите од ЕПФ се додека Киев не дозволи транзит на нафта на „Лукоил“ преку „Дружба“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-najavi-blokada-na-isplatite-od-epf-se-dodeka-kiev-ne-dozvoli-tranzit-na-nafta-na-lukoil-preku-druzhba/ Wed, 24 Jul 2024 10:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=799813

Унгарија ќе го блокира повратот на средства од Европската Унија за земјите членки кои и дистрибуира воена опрема на Украина, се додека Киев не дозволи транзит на нафта од руската компанија „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“ што минува низ украинска територија, најави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Додека Украина не го реши ова прашање сите нека заборават на исплатата на компензацијата од 6,5 милијарди евра од Европскиот мировен фонд (ЕПФ) за трансфери на оружје, изјави Сијарто

Унгарија и Словачка во понеделникот побараа од Европската комисија да посредува во „процедурата за консултации со Украина“, откако Киев ја додаде „Лукоил“ на нејзината листа на санкционирани, што опфати и прекин на испораките на нафта од руската компанија за двете земји.

Портпаролот на Европската комисија за земјоделство и трговија Олоф Гил вчера потврди дека извршниот потпретседател на ЕУ задолжен за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис примил заедничко писмо од министрите за надворешни работи на Словачка и Унгарија во кое се наведени последиците од украинската одлука за прекин на снабдувањето со нафта од „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“.

Во моментов ја проучуваме содржината на писмото и разгледуваме повеќе информации, пред да донесеме одлука, рече Гил, додавајќи дека засега нема директно влијание врз снабдувањето со нафта на ЕУ од прекинот на дистрибуцијата на нафта од „Лукоил“ преку украинска територија, но дека ситуација се следи во рамки на Групата за нафтена координација.

Тој информира дека ЕК е во контакт со владите на Словачка и Унгарија, како и на Украина, но нагласи дека при ваквиот тип на процедури, само ЕУ претставувана од Комисијата, а не и одделни земји членки, може да иницира некакви мерки или постапки.

Словачка и Унгарија уште минатата недела соопштија дека престанале да добиваат нафта од „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“. Унгарија од „Лукоил“ добива околу два милиони метрички тони нафта годишно, што претставува околу една третина од вкупниот нафтен увоз на земјата.

Нафтоводот „Дружба“, со вкупна должина од околу 4000 километри, е изграден кон средината на 60-те години на минатиот век со цел да дистрибуира нафта од тогашниот Советски Сојуз до државите од социјалистичкиот блок во Источна Европа. Нафтоводот продолжи да функционира и по распадот на советскиот блок, но и по руската инвазија врз Украина, и покрај одлуката на ЕУ за намалување на зависноста на нејзините земји членки од енергенси од Русија.

Преку нафтоводот „Дружба“ транзитираат околу половина од вкупните испораки на нафта на „Лукоил“, од кои целосно зависат рафинериите на унгарската енергетска компанија МОЛ во Унгарија и Словачка.

Сијарто во понеделникот во Брисел, каде присуствуваше на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ, најави дека Унгарија и Словачка и даваат на Европската комисија рок од три дена да одговори на нивното барање и доколку „консултативната процедура“ не даде резултати тие ќе го покренат прашањето пред „меѓународен суд по нивни избор“.

Инаку, Европскиот мировен фонд (ЕПФ), кој е формиран во 2021 година, функционира како шема за поврат на средства за членките на ЕУ за дистрибуција на воена опрема во други земји. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, земјите членки на ЕУ кои му испорачаа оружје и муниција на Киев може да побараат исплата на компензација од Фондот за испораките. Унгарија повеќе од една година ја блокира исплатата на следната транша од средствата од ЕПФ, образложувајќи ја својата постапка со различни причини.

The post Унгарија најави блокада на исплатите од ЕПФ се додека Киев не дозволи транзит на нафта на „Лукоил“ преку „Дружба“ appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе го блокира повратот на средства од Европската Унија за земјите членки кои и дистрибуира воена опрема на Украина, се додека Киев не дозволи транзит на нафта од руската компанија „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“ што минува низ украинска територија, најави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Додека Украина не го реши ова прашање сите нека заборават на исплатата на компензацијата од 6,5 милијарди евра од Европскиот мировен фонд (ЕПФ) за трансфери на оружје, изјави Сијарто Унгарија и Словачка во понеделникот побараа од Европската комисија да посредува во „процедурата за консултации со Украина“, откако Киев ја додаде „Лукоил“ на нејзината листа на санкционирани, што опфати и прекин на испораките на нафта од руската компанија за двете земји. Портпаролот на Европската комисија за земјоделство и трговија Олоф Гил вчера потврди дека извршниот потпретседател на ЕУ задолжен за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис примил заедничко писмо од министрите за надворешни работи на Словачка и Унгарија во кое се наведени последиците од украинската одлука за прекин на снабдувањето со нафта од „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“. Во моментов ја проучуваме содржината на писмото и разгледуваме повеќе информации, пред да донесеме одлука, рече Гил, додавајќи дека засега нема директно влијание врз снабдувањето со нафта на ЕУ од прекинот на дистрибуцијата на нафта од „Лукоил“ преку украинска територија, но дека ситуација се следи во рамки на Групата за нафтена координација. Тој информира дека ЕК е во контакт со владите на Словачка и Унгарија, како и на Украина, но нагласи дека при ваквиот тип на процедури, само ЕУ претставувана од Комисијата, а не и одделни земји членки, може да иницира некакви мерки или постапки. Словачка и Унгарија уште минатата недела соопштија дека престанале да добиваат нафта од „Лукоил“ преку нафтоводот „Дружба“. Унгарија од „Лукоил“ добива околу два милиони метрички тони нафта годишно, што претставува околу една третина од вкупниот нафтен увоз на земјата. Нафтоводот „Дружба“, со вкупна должина од околу 4000 километри, е изграден кон средината на 60-те години на минатиот век со цел да дистрибуира нафта од тогашниот Советски Сојуз до државите од социјалистичкиот блок во Источна Европа. Нафтоводот продолжи да функционира и по распадот на советскиот блок, но и по руската инвазија врз Украина, и покрај одлуката на ЕУ за намалување на зависноста на нејзините земји членки од енергенси од Русија. Преку нафтоводот „Дружба“ транзитираат околу половина од вкупните испораки на нафта на „Лукоил“, од кои целосно зависат рафинериите на унгарската енергетска компанија МОЛ во Унгарија и Словачка. Сијарто во понеделникот во Брисел, каде присуствуваше на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ, најави дека Унгарија и Словачка и даваат на Европската комисија рок од три дена да одговори на нивното барање и доколку „консултативната процедура“ не даде резултати тие ќе го покренат прашањето пред „меѓународен суд по нивни избор“. Инаку, Европскиот мировен фонд (ЕПФ), кој е формиран во 2021 година, функционира како шема за поврат на средства за членките на ЕУ за дистрибуција на воена опрема во други земји. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, земјите членки на ЕУ кои му испорачаа оружје и муниција на Киев може да побараат исплата на компензација од Фондот за испораките. Унгарија повеќе од една година ја блокира исплатата на следната транша од средствата од ЕПФ, образложувајќи ја својата постапка со различни причини.  

The post Унгарија најави блокада на исплатите од ЕПФ се додека Киев не дозволи транзит на нафта на „Лукоил“ преку „Дружба“ appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Зеленски го вовлекува НАТО во украинскиот конфликт, а тоа значи светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-zelenski-go-vovlekuva-nato-vo-ukrainskiot-konflikt-a-toa-znachi-svetska-vojna/ Fri, 19 Jul 2024 17:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=798557

Владимир Зеленски сака да го вклучи НАТО во украинскиот конфликт, а учеството на една земја од алијансата во конфликтот со Русија ќе значи светска војна - мирот мора да се склучи што е можно поскоро, во спротивно Европа ќе биде во пламен, рече министерот. за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Гледам дека има многу луѓе, вклучително и претседателот на Украина, кои се обидуваат да го вовлечат НАТО во таа војна. Сега вклучувањето на една земја од НАТО би значело светска војна. Би било подобро да се спречи тоа и да се избегне таква ситуација, рече Сијарто на прес-конференцијата со неговиот либански колега Абдула Бу Хабиб.

Според него, Будимпешта ќе ја продолжи својата мировна мисија.

Тоа е неопходно затоа што, ако наскоро не се склучи мир, на фронтот ќе се случат уште побрутални работи од претходно, заканата од ескалација ќе биде поголема од претходно, што ќе резултира со тоа Европа да биде во пламен, предупреди тој.

Сијарто претходно изјави дека НАТО сака да ја зголеми својата координативна улога во снабдувањето на Украина со оружје и обуката на нејзините војници. 31 земја ја поддржуваат таа одлука, а Унгарија не сака и нема да учествува во неа. Унгарското раководство објави дека одбива да учествува во иницијативата на Алијансата поради страв од натамошна ескалација.

Во врска со ова, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ја прифаќа одлуката на Унгарија да не учествува во мисијата за координација на помошта за Украина.

The post Сијарто: Зеленски го вовлекува НАТО во украинскиот конфликт, а тоа значи светска војна appeared first on Република.

]]>

Владимир Зеленски сака да го вклучи НАТО во украинскиот конфликт, а учеството на една земја од алијансата во конфликтот со Русија ќе значи светска војна - мирот мора да се склучи што е можно поскоро, во спротивно Европа ќе биде во пламен, рече министерот. за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Гледам дека има многу луѓе, вклучително и претседателот на Украина, кои се обидуваат да го вовлечат НАТО во таа војна. Сега вклучувањето на една земја од НАТО би значело светска војна. Би било подобро да се спречи тоа и да се избегне таква ситуација, рече Сијарто на прес-конференцијата со неговиот либански колега Абдула Бу Хабиб. Според него, Будимпешта ќе ја продолжи својата мировна мисија. Тоа е неопходно затоа што, ако наскоро не се склучи мир, на фронтот ќе се случат уште побрутални работи од претходно, заканата од ескалација ќе биде поголема од претходно, што ќе резултира со тоа Европа да биде во пламен, предупреди тој. Сијарто претходно изјави дека НАТО сака да ја зголеми својата координативна улога во снабдувањето на Украина со оружје и обуката на нејзините војници. 31 земја ја поддржуваат таа одлука, а Унгарија не сака и нема да учествува во неа. Унгарското раководство објави дека одбива да учествува во иницијативата на Алијансата поради страв од натамошна ескалација. Во врска со ова, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ја прифаќа одлуката на Унгарија да не учествува во мисијата за координација на помошта за Украина.

The post Сијарто: Зеленски го вовлекува НАТО во украинскиот конфликт, а тоа значи светска војна appeared first on Република.

]]>
Средба Муцунски – Сијарто: Унгарија како Претседавач со ЕУ ќе направи напори за забрзување на процесот на проширување на Унијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-mutsunski-sijarto-ungarija-kako-pretsedavach-so-eu-ke-napravi-napori-za-zabrzuvane-na-protsesot-na-proshiruvane-na-unijata/ Fri, 12 Jul 2024 09:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=796077

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со унгарскиот колега, Петер Сијарто, во рамки на НАТО Самитот во Вашингтон.

На средбата, министрите го потврдија задоволството од развојот на одличната билатерална соработка, при што беше поздравен јубилејот - 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Воедно, беа истакнати заемните заложби за натамошен развој на секторската соработка, со посебен акцент на економијата, инвестициите и бизнис релациите.

Во фокусот на разговорите беше и европското досие на земјава, при што беше реафирмирана цврстата унгарска поддршка за наше полноправно членство во ЕУ. Муцунски изрази задоволство што меѓу приоритетите на претседавањето на Унгарија со Советот на ЕУ е токму проширувањето со земјите од Западен Балкан, што е споделен интерес за земјите од регионот и Унијата како целина.

Високо ја цениме континуираната унгарска поддршка за нашиот евроинтегративен пат. Посветени сме на реформските процеси и силно се залагаме за забрзување на нашето присоединување кон ЕУ. Членството на земјите од Западен Балкан во Унијата нема алтернатива и ќе придонесе за зацврстување на целокупната регионална и европска стабилност”, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за сојузништвото во рамки на НАТО, потребата од продолжување на соработката меѓу двете земји во рамки на Алијансата, како и уверувањето дека Вашингтонскиот Самит, на кој се одбележува 75 годишнината од формирањето на Алијансата, ќе придонесе за зачувување на глобалниот мир и безбедност.

The post Средба Муцунски – Сијарто: Унгарија како Претседавач со ЕУ ќе направи напори за забрзување на процесот на проширување на Унијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со унгарскиот колега, Петер Сијарто, во рамки на НАТО Самитот во Вашингтон. На средбата, министрите го потврдија задоволството од развојот на одличната билатерална соработка, при што беше поздравен јубилејот - 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Воедно, беа истакнати заемните заложби за натамошен развој на секторската соработка, со посебен акцент на економијата, инвестициите и бизнис релациите. Во фокусот на разговорите беше и европското досие на земјава, при што беше реафирмирана цврстата унгарска поддршка за наше полноправно членство во ЕУ. Муцунски изрази задоволство што меѓу приоритетите на претседавањето на Унгарија со Советот на ЕУ е токму проширувањето со земјите од Западен Балкан, што е споделен интерес за земјите од регионот и Унијата како целина.
Високо ја цениме континуираната унгарска поддршка за нашиот евроинтегративен пат. Посветени сме на реформските процеси и силно се залагаме за забрзување на нашето присоединување кон ЕУ. Членството на земјите од Западен Балкан во Унијата нема алтернатива и ќе придонесе за зацврстување на целокупната регионална и европска стабилност”, нагласи Муцунски.
  Соговорниците разменија мислења и за сојузништвото во рамки на НАТО, потребата од продолжување на соработката меѓу двете земји во рамки на Алијансата, како и уверувањето дека Вашингтонскиот Самит, на кој се одбележува 75 годишнината од формирањето на Алијансата, ќе придонесе за зачувување на глобалниот мир и безбедност.  

The post Средба Муцунски – Сијарто: Унгарија како Претседавач со ЕУ ќе направи напори за забрзување на процесот на проширување на Унијата appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Унгарското претседателство со ЕУ ќе вложи напори за Македонија да отвори уште едно поглавје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarskoto-pretsedatelstvo-so-eu-ke-vlozhi-napori-za-makedonija-da-otvori-ushte-edno-poglavje/ Thu, 11 Jul 2024 20:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=795964

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на маргините на НАТО-самитот во Вашингтон изјавил дека унгарското претседателство со Европската Унија ќе вложи фокусирани напори да ги започне пристапните преговори со Cеверна Македонија и да отвори барем уште едно поглавје во преговорит. Во разговор со своите македонски и црногорски колеги на маргините на самитот, Сијарто посочил дека пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе ја зајакне стабилноста во регионот и безбедноста на континентот, а Унгарија ќе работи на забрзување на тој процес за време на нејзиното претседавање со Унијата.

„Унгарското претседателство со ЕУ ќе вложи фокусирани напори да ги започне пристапните преговори со Cеверна Македонија и да отвори барем едно поглавје во преговорите. Во однос на Црна Гора, унгарското претседателство би сакало да го олесни затворањето на најмалку седум, но оптимално девет или десет поглавја пред крајот на годината. Сметаме дека Црна Гора ги презеде неопходните чекори“, изјави Сијарто.

Зборувајќи за актуелната политика на проширување на ЕУ, Сијарто изјавил дека таа го губи кредибилитетот секогаш кога некоја западноевропска или балтичка земја го попречува пристапувањето на земја од Западен Балкан.

The post Сијарто: Унгарското претседателство со ЕУ ќе вложи напори за Македонија да отвори уште едно поглавје appeared first on Република.

Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-ke-se-obide-da-pochne-konkretni-pregovori-so-novata-silno-orientirana-kon-integratsija-vlada-na-makedonija/ Thu, 27 Jun 2024 12:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=791279

Унгарија ќе се обиде да започне „конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија“, изјави денескаминистерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто на конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз.

За време на нејзиното претседавање со ЕУ, кое ќе започне на 1 јули, Унгарија ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан.

Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е „економски, како и политички и безбедносен интерес на Унгарија. Унгарските инвестиции во регионот достигнаа 2,5 милијарди евра, трговијата се зголеми за четири пати повеќе од 7 милијарди евра од 2010 година, рече тој.

Унгарија, исто така, помага со испраќање експерти и обука на официјални лица за да им помогнат полесно да се движат во „комплицираниот процес на пристапување“, додаде тој.

Сијарто изјави дека Централна Европа и Западен Балкан можат да бидат „мост“ меѓу Истокот и Западот, што е многу потребно „за враќање на соработката Исток-Запад заснована на меѓусебно почитување и може да го покаже излезот од сегашниот турбулентен кризен период.”

Унгарија е подготвена да ја преземе таа улога и да ги поддржи земјите од Западен Балкан во тоа, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

The post Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе се обиде да започне „конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија“, изјави денескаминистерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто на конференцијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз. За време на нејзиното претседавање со ЕУ, кое ќе започне на 1 јули, Унгарија ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан.
Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е „економски, како и политички и безбедносен интерес на Унгарија. Унгарските инвестиции во регионот достигнаа 2,5 милијарди евра, трговијата се зголеми за четири пати повеќе од 7 милијарди евра од 2010 година, рече тој.
Унгарија, исто така, помага со испраќање експерти и обука на официјални лица за да им помогнат полесно да се движат во „комплицираниот процес на пристапување“, додаде тој. Сијарто изјави дека Централна Европа и Западен Балкан можат да бидат „мост“ меѓу Истокот и Западот, што е многу потребно „за враќање на соработката Исток-Запад заснована на меѓусебно почитување и може да го покаже излезот од сегашниот турбулентен кризен период.” Унгарија е подготвена да ја преземе таа улога и да ги поддржи земјите од Западен Балкан во тоа, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.  

The post Унгарија ќе се обиде да почне конкретни преговори со новата, силно ориентирана кон интеграција влада на Македонија appeared first on Република.

]]>