петар тодоров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-todorov/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Nov 2022 20:07:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петар тодоров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-todorov/ 32 32 Тодоров: Немаме намера да дискутираме за црковни прашања и црковниот статус на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/todorov-nemame-namera-da-diskutirame-za-crkovni-prashanja-i-crkovniot-status-na-mpc-oa/ Mon, 28 Nov 2022 20:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=579364

Членот на заедничката Комисија за образовни и историски прашања меѓу Македонија и Бугарија, Петар Тодоров, вели дека од македонскиот дел на Комисијата биле изненадени кога слушнале дека во јавноста се пренесува дека на последниот состанок со бугарските колеги дискутирале за црковни прашања.

На средбите дискутираме за прашања поврзани со историјата на црквите од Средниот век, историјата на христијанството, тоа подразбира историјата и на Охридската архиепископија и дека нас не интересира како таа црковна институција средновековна е претставена во учебниците и таа тема беше предмет на дискусија и на последната 22-ра средба. Навистина бевме изненадени кога видовме дека во јавноста се пренесува дека дискутираме за црковни прашања, за црковниот статус на МПЦ-ОА, што не е наша намера, ниту сме имале намера да дискутираме за такви теми, вели Тодоров за Сител ТВ.

Тој изрази жалење што пласирањето на таквите дезинформации довело голем број луѓе да дискутираат, анализираат, да носат судови, вели, врз основа на нешто што не постои.

Прашањето што ние го отвараме е како се претставува историјата на Охридската архиепископија во 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14-ти век, а не како се отвара прашањето за статусот на МПЦ Охридската архиепископија денес. И тука треба да се внимава, да не се доведува јавноста во заблуда, да не се манипипулира со нејзините чувства, тука мислам на македонскиот народ, оцени Тодоров.

Членовите на македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија вчера преку соопштение до медиумите реагираа на, како што наведоа, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата.

The post Тодоров: Немаме намера да дискутираме за црковни прашања и црковниот статус на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Член на комисијата со Бугарија прашува: Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chlen-na-komisijata-so-bugarija-prashuva-zoshto-sme-dozvolile-formiranje-zdruzenie-so-vakvo-ime/ Tue, 19 Apr 2022 12:39:01 +0000 https://republika.mk/?p=490533

Демократијата не дава за право да се навредуваат другите. Бугарија ако сака да сме пријателска држава, треба да ја смени реториката, вели историчарот Петар Тодоров, член на Историско-образовната мешовита комисија, коментирајќи го настанот во Битола изминатиот викенд.

– Има нешто да се каже и ние како се однесуваме кон Бугарија. Иако ова повеќе говори за ставовите на Бугарија, која гради националистичко општество кое по падот на Берлинскиот ѕид негува антикомунизам. Пораката која ја праќа бугарското општество е многу непријатна не само за Македонија, туку и за целата Европа. Тоа е карактеристика и за други држави во регионот, како што е Србија со Дража Михајловиќ. Проблем е оваа политика на Тодор Живков што ја негува Бугарија, вели Тодоров за „Утрински брифинг“.

Според него, националистичките реторики и наративи се градат преку различни канали и се користат во прват криза што ќе се појави.

– Мислам дека Европа некако бавно реагира на вакви постапки, треба силно да се одговори на крајнодесничарските елементи кои ги релативизираат жртвите од Втората светска војна. Тоа го стори и самиот Европски парламент кога ги изедначи фашизмот и комунизмот за да можат да се рехабилитираат некои антикомунистички личности, вели Тодоров.

Тој вели дека државава покажа зрелост да нема реакција која би довела до немили настани.

– Треба да се спречи да настанат вакви инциденти и провокации. Големото мнозинство се согласува дека ова не е во ред и изразува згрозеност. Требало да се направи нешто да не дојде до оваа ситуација. Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име, оти не е проблем самото доаѓање на делегацијата туку здружението со такво име. И не е првпат. Имавме здружение по име „Радко“ име кое е прекар на Михајлов, а Мара Бунева се чествува од пред десетина години и има комеморации во бугарскиот клуб во Скопје, коментира Тодоров.

Како член на Историско-образовната мешовита комисија, Тодоров вели дека од самиот почеток на Комисијата политичарите се тие кои треба да создадат услови да се решаваат проблемите и да се уредат учебниците.

– Ние можеби ќе направиме чекор напред, ни се случува враќање три чекори назад. Не е убаво да се слуша политичари да се занимаваат со минатото. Нивна задача е да создадат демократско општество, вели Тодоров за „Утрински брифинг“

The post Член на комисијата со Бугарија прашува: Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име? appeared first on Република.

]]>

Демократијата не дава за право да се навредуваат другите. Бугарија ако сака да сме пријателска држава, треба да ја смени реториката, вели историчарот Петар Тодоров, член на Историско-образовната мешовита комисија, коментирајќи го настанот во Битола изминатиот викенд.
– Има нешто да се каже и ние како се однесуваме кон Бугарија. Иако ова повеќе говори за ставовите на Бугарија, која гради националистичко општество кое по падот на Берлинскиот ѕид негува антикомунизам. Пораката која ја праќа бугарското општество е многу непријатна не само за Македонија, туку и за целата Европа. Тоа е карактеристика и за други држави во регионот, како што е Србија со Дража Михајловиќ. Проблем е оваа политика на Тодор Живков што ја негува Бугарија, вели Тодоров за „Утрински брифинг“.
Според него, националистичките реторики и наративи се градат преку различни канали и се користат во прват криза што ќе се појави. – Мислам дека Европа некако бавно реагира на вакви постапки, треба силно да се одговори на крајнодесничарските елементи кои ги релативизираат жртвите од Втората светска војна. Тоа го стори и самиот Европски парламент кога ги изедначи фашизмот и комунизмот за да можат да се рехабилитираат некои антикомунистички личности, вели Тодоров. Тој вели дека државава покажа зрелост да нема реакција која би довела до немили настани.
– Треба да се спречи да настанат вакви инциденти и провокации. Големото мнозинство се согласува дека ова не е во ред и изразува згрозеност. Требало да се направи нешто да не дојде до оваа ситуација. Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име, оти не е проблем самото доаѓање на делегацијата туку здружението со такво име. И не е првпат. Имавме здружение по име „Радко“ име кое е прекар на Михајлов, а Мара Бунева се чествува од пред десетина години и има комеморации во бугарскиот клуб во Скопје, коментира Тодоров.
Како член на Историско-образовната мешовита комисија, Тодоров вели дека од самиот почеток на Комисијата политичарите се тие кои треба да создадат услови да се решаваат проблемите и да се уредат учебниците. – Ние можеби ќе направиме чекор напред, ни се случува враќање три чекори назад. Не е убаво да се слуша политичари да се занимаваат со минатото. Нивна задача е да создадат демократско општество, вели Тодоров за „Утрински брифинг“

The post Член на комисијата со Бугарија прашува: Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име? appeared first on Република.

]]>
Тодоров: Од историската Комисија не може да зависат преговорите за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/todorov-od-istoriskata-komisija-ne-moze-da-zavisat-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/ Fri, 01 Apr 2022 19:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=482108

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави, и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми, вели членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров, додавајќи дека одредени политички изјави оставаат погрешен впечаток дека од Комисијата зависат преговорите за членство во ЕУ.

Ние, нагласува Тодоров, не сме политичко тело, и не ги гледаме работите низ политичка призма и како политички процес. Затоа, вели, не може да се очекува од Комисијата, членовите на Комисијата од двете страни да решаваат политички прашања.

Тоа е одговорност на политичарите. Се доби впечаток во јавноста дека преговорите за ЕУ ќе зависат од нас. Еднаш веќе имамвме ваква ситуација во минатото, конкретно тоа беше октомври 2021 година, еве повторно сега сведоци сме на тоа. Комисијата може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави. Комисијата не може да ги реши политичките проблеми, тие проблеми ќе си ги решаваат политичарите, затоа тие излегуваат на избори и бараат да добијат функции, а со тоа и одговорност за да ги решаваат тие проблеми. Ние може само да помогнеме. И тука завршува нашата улога, рече Тодоров во разговор за Тема на денот на ТВ Сител.

Тој нагласи дека последниот состанок што изминатите два дена се одржа во Скопје, и претходниот во февруари во Софија се одвивале во конструктивна атмосфера.

Ние како историчари почнуваме повеќе да си уважуваме мислења, дека постојат различни мислења, различни погледи за одредени прашања во минатото и тоа е по мене многу добар чин, добар момент кој овозможува ние како Комисија да кажеме дека се средбите се одвиваат во конструктивна атмосфера, дека има подобра комуникација во самата Комисија, што овозможува во иднина да го затвориме овој пакет препораки за учебници кои се однесуват за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Тоа е историски период кој се однесува на средниот век и раниот османлиски период, рече Тодоров.

Потренцира дека тие како Комисија даваат препораки до соодветните институции во двете држави и само укажуваат каде има структурни проблеми, каде има недостатоци, даваат мислење каде нешто може да се подобри и оти тука завршува работата на Комисијата.

Нагласи дека на средбите не се разговара за идентитски прашања, ниту пак дека како Комисија зборувале пренесување на моштите на Гоце Делчев од Скопје во Софија.

Тоа се недобронамерни шпекулации кои имаат цел да му наштетат на процесот. За Гоце Делчев не станало збор, поради тоа што последно време фокусот ни е ставен на учебниците и сакаме да го искористиме овој добар момент, да успееме да го завршиме овој пакет учебници за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Така што тука сме фокусирани, а теми како мошти на Гоце Делчев и слично тоа се бесрамна лага, истакна Тодоров.

Тој вели дека на состаноците на Комисијата не станало збор ниту за тоа чиј е Цар Самоил.

Ние како Комисија, немаме никогаш таков пристап, ниту сакаме да имаме таков пристап, тоа е кажано многу пати. Наша работа не е да бидеме матичари, па да одредуваме етничка припадностна луѓе, особено на луѓе коишто живееле пред 10, 11 века. Наша работа е да видиме какви структурални проблеми постојат во учебниците кои би можеле да се подообрат како би придонеле за едно историско образование кое нема да поттикнува поделби, кое нема да поттикнува омраза кон други народи, рече Тодоров.

Тој истакна оти за Цар Самоил е договорено само заедничко чествување. Ние, нагласи Тодоров, имавме дискусија со колегите од Бугарија за Цар Самоил во однос на заедничко чествување и таа дискусија е завршена 2019 година.

И тврдењата дека Комисијата прифатила став дека Цар Самоул бил Бугарин, според него, се само во насока на штета на процесот на градење на добри односи меѓу двете држави.

Тоа не е дури ниту шпекулација, туку е лага, рече членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров.

The post Тодоров: Од историската Комисија не може да зависат преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави, и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми, вели членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров, додавајќи дека одредени политички изјави оставаат погрешен впечаток дека од Комисијата зависат преговорите за членство во ЕУ. Ние, нагласува Тодоров, не сме политичко тело, и не ги гледаме работите низ политичка призма и како политички процес. Затоа, вели, не може да се очекува од Комисијата, членовите на Комисијата од двете страни да решаваат политички прашања.
Тоа е одговорност на политичарите. Се доби впечаток во јавноста дека преговорите за ЕУ ќе зависат од нас. Еднаш веќе имамвме ваква ситуација во минатото, конкретно тоа беше октомври 2021 година, еве повторно сега сведоци сме на тоа. Комисијата може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави. Комисијата не може да ги реши политичките проблеми, тие проблеми ќе си ги решаваат политичарите, затоа тие излегуваат на избори и бараат да добијат функции, а со тоа и одговорност за да ги решаваат тие проблеми. Ние може само да помогнеме. И тука завршува нашата улога, рече Тодоров во разговор за Тема на денот на ТВ Сител.
Тој нагласи дека последниот состанок што изминатите два дена се одржа во Скопје, и претходниот во февруари во Софија се одвивале во конструктивна атмосфера.
Ние како историчари почнуваме повеќе да си уважуваме мислења, дека постојат различни мислења, различни погледи за одредени прашања во минатото и тоа е по мене многу добар чин, добар момент кој овозможува ние како Комисија да кажеме дека се средбите се одвиваат во конструктивна атмосфера, дека има подобра комуникација во самата Комисија, што овозможува во иднина да го затвориме овој пакет препораки за учебници кои се однесуват за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Тоа е историски период кој се однесува на средниот век и раниот османлиски период, рече Тодоров.
Потренцира дека тие како Комисија даваат препораки до соодветните институции во двете држави и само укажуваат каде има структурни проблеми, каде има недостатоци, даваат мислење каде нешто може да се подобри и оти тука завршува работата на Комисијата. Нагласи дека на средбите не се разговара за идентитски прашања, ниту пак дека како Комисија зборувале пренесување на моштите на Гоце Делчев од Скопје во Софија.
Тоа се недобронамерни шпекулации кои имаат цел да му наштетат на процесот. За Гоце Делчев не станало збор, поради тоа што последно време фокусот ни е ставен на учебниците и сакаме да го искористиме овој добар момент, да успееме да го завршиме овој пакет учебници за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Така што тука сме фокусирани, а теми како мошти на Гоце Делчев и слично тоа се бесрамна лага, истакна Тодоров.
Тој вели дека на состаноците на Комисијата не станало збор ниту за тоа чиј е Цар Самоил.
Ние како Комисија, немаме никогаш таков пристап, ниту сакаме да имаме таков пристап, тоа е кажано многу пати. Наша работа не е да бидеме матичари, па да одредуваме етничка припадностна луѓе, особено на луѓе коишто живееле пред 10, 11 века. Наша работа е да видиме какви структурални проблеми постојат во учебниците кои би можеле да се подообрат како би придонеле за едно историско образование кое нема да поттикнува поделби, кое нема да поттикнува омраза кон други народи, рече Тодоров.
Тој истакна оти за Цар Самоил е договорено само заедничко чествување. Ние, нагласи Тодоров, имавме дискусија со колегите од Бугарија за Цар Самоил во однос на заедничко чествување и таа дискусија е завршена 2019 година. И тврдењата дека Комисијата прифатила став дека Цар Самоул бил Бугарин, според него, се само во насока на штета на процесот на градење на добри односи меѓу двете држави.