петар стојанов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-stojanov/ За подобро да се разбереме Mon, 30 May 2022 07:24:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петар стојанов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-stojanov/ 32 32 Koнечно разумен бугарски став: Порнаешниот претседател смета дека со блокадата се создвава нација која искрено ја мрази Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/konechno-razumen-bugarski-stav-pornaeshniot-pretsedatel-smeta-deka-so-blokadata-se-sozdvava-nacija-koja-iskreno-ja-mrazi-bugarija/ Mon, 30 May 2022 07:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=508542

Позицијата на Бугарија кон Македонија не треба да биде агресивна, бидејќи така се создава една нација кој искрено ја мрази Бугарија, изјави поранешниот бугарскиот претседател Петар Стојанов за софиската телевизија бТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стојанов, кој беше бугарски претседател од 1997 до 2002 година, оцени дека колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу „двете братски држави“ мора да се води во пријателски тон.

Стојанов нагласи дека во Бугарија премногу се робува на јавното мислење и дека вистинските државни лидери мора да го креираат јавното мислење, особено кога станува збор за историски одлуки, како што беше зачленувањето на Бугарија во НАТО и ЕУ

The post Koнечно разумен бугарски став: Порнаешниот претседател смета дека со блокадата се создвава нација која искрено ја мрази Бугарија appeared first on Република.

]]>

Позицијата на Бугарија кон Македонија не треба да биде агресивна, бидејќи така се создава една нација кој искрено ја мрази Бугарија, изјави поранешниот бугарскиот претседател Петар Стојанов за софиската телевизија бТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стојанов, кој беше бугарски претседател од 1997 до 2002 година, оцени дека колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу „двете братски држави“ мора да се води во пријателски тон. Стојанов нагласи дека во Бугарија премногу се робува на јавното мислење и дека вистинските државни лидери мора да го креираат јавното мислење, особено кога станува збор за историски одлуки, како што беше зачленувањето на Бугарија во НАТО и ЕУ

The post Koнечно разумен бугарски став: Порнаешниот претседател смета дека со блокадата се создвава нација која искрено ја мрази Бугарија appeared first on Република.

]]>
Стојанов: Знаеме што сакаме од Македонците, но не и што сакаме од самите себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanov-znaeme-shto-sakame-od-makedoncite-no-ne-i-shto-sakame-od-samite-sebe/ Tue, 11 Jan 2022 19:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=443345

Поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов изрази принципиелна согласност со изјавите на мандатарот за состав на новата македонска влада Димитар Ковачевски во врска со односите меѓу Бугарија и Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во Стојанов изјава за БТВ оцени дека во моментов треба „да се излезе од историјата и конечно треба во Бугарија да се постигне консензус дали имало фашизам или не, затоа што, како што нагласи, сите сме учеле дека во Бугарија имало „монархофашизам“.“

Тој повика да се читаат историчарите од тој период и како пример го наведе познатиот интелектуалец Цветан Тодоров, кој го кажал истото.

– Дури има и партии кои официјално тврдат дека во Бугарија имало фашизам. Бугарија знае што сака од Македонија, но Софија не знае што сака од себе. Немаме една позиција и не знаеме за што зборуваме, потенцираше Стојанов.

Поранешниот бугарски претседател, која ја извршуваше таа должност од 1997 до 2002 година, ја наведе за пример Втората балканска војна во 1913 година, кога бугарска воена единица казнила неколку села во тиквешкиот регион во кои живееле Срби.

– Искрениот патриотизам е многу важен, но тој не секогаш води до носењето на најмудрите и одговорни решенија, потенцираше Стојанов.

Тој го коментираше продолжениот рок од шест месеци за решавање на проблемите, од страна на бугарскиот премиер Кирил Петков, истакнувајќи дека искусните политичари не поставуваат рокови.

– Подобро е да не се работи со рокови, затоа што медиумите започнуваат со одбројување и кога ќе дојде 15 јуни тие ќе прашаат што направил, рече Стојанов.

Поранешниот бугарски претседател истакна дека бугарскиот национален интерес не е само заштита на македонските Бугари, туку и Македонија да стане членка на ЕУ.

– Бугарскиот национален интерес не е еднонасочен вектор, во него има многу димензии, така што не е точно дека сме против влезот на Македонија во ЕУ за да го заштитиме бугарскиот национален интерес. Не е коректно да се каже дека ЕУ врши притисок врз Бугарија, туку Унијата не ја разбира, истакна Стојанов.

Тој потсети дека по 1945 година Македонија станува република во Југославија рамноправна со Хрватска и Словенија.

– Проблемот е што Бугарија во изминатите 30 години нема оформено една позиција во однос на односите со РСМ. Треба да го промениме нашиот тон за односите кон граѓаните и политичарите на Македонија. Нема зошто бугарските новинари да го употребуваат изразот „ќе ги оставиме да поцимолат пред портите на ЕУ” и „треба да дојдат и да ни ја бакнат раката” и таквиот патерналистички тон треба веднаш да биде запрен, потенцираше Стојанов.

Тој се обрати до искрените претставници на бугарските патриоти, посочувајќи им дека Бугарија не се подготвува да и објави војна на Македонија, туку напротив, заедно со неа да биде членка на Европската Унија.

– По 75 години во Македонија има три поколенија кои учеле многу поинаква историја, истакна Стојанов.

The post Стојанов: Знаеме што сакаме од Македонците, но не и што сакаме од самите себе appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов изрази принципиелна согласност со изјавите на мандатарот за состав на новата македонска влада Димитар Ковачевски во врска со односите меѓу Бугарија и Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во Стојанов изјава за БТВ оцени дека во моментов треба „да се излезе од историјата и конечно треба во Бугарија да се постигне консензус дали имало фашизам или не, затоа што, како што нагласи, сите сме учеле дека во Бугарија имало „монархофашизам“.“