Петар Ставрев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-stavrev/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jan 2024 10:24:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Ставрев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-stavrev/ 32 32 Добро е што плочите се враќаат вели Петар, најголемиот дискофил со 15.000 винили https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dobro-e-shto-plochite-se-vrakaat-veli-petar-najgolemiot-diskofil-so-15-000-vinili/ Tue, 02 Jan 2024 11:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=728795

Над 15.000 грамофонски плочи, собирани од 1961 година до денес, со различен жанр и со непроценлива вредност се дел од колекцијата на новинарот и фоторепортер Петар Ставрев (83), кој во интервју за МИА говори за првата грамофонска плоча, за првиот грамофон и за првите автограми кои ги добил од светски познатите музички песни.

Во мојот дом со посебна љубов и на посебно место се чуваат и грамофонските плочи на Хари Белафонте, Рафаела Кара, Шарл Азнавур..., но и од Никола Бадев, Васка Илиева и други легенди на македонската музичка сцена.

Во интервјуто за МИА Ставрев говори за првиот „излез“ и претставување во јавноста на грамофонски плочи од неговата колекција.

Кога почнавте да ја формирате вашата колекција и колку грамофонски плочи имате?

- Дома имам околу 15.000 грамофонски плочи кои почнав да ги собирам од 1961 година и така е се до денес. Во почетокот набавував грамофонски плочи од Југотон и продукцијата за грамофонски плочи на Радио Телевизија Белград, а потоа нарачував и од други држави и градови, најчесто од Љубљана, Загреб и други места. Ако некои пријатели патуваа во странство веднаш им давав список со избрани грамофонски плочи. Списокот го обезбедував од топ листите кои во тоа време беа објавувани во весниците „Њу мјузикл експрес“ и „Мелоди мејкер“, каде ги регистрирав најдобрите, тие што се на прво место за да ги имам во мојата колекција. За собирање на грамофонските плочи следев и музичка литература како што во поранешна Југославија беа „Ритам“, „Џубокс“ и други весници, а во Македонија се појави весникот „Екран“. Разгледувајќи ја колекцијата и споредувајќи ја со издадените рок енциклопедии или џез енциклопедии, како и македонската рок енциклопедија, забележав дека точно сум ги набавувал оние грамофонски плочи кои што биле карактеристични за одредени групи и пејачи, и кои се вбројуваат со нивните најдобри хитови. Слободно ќе кажам, моите грамофонски плочи не се обични и туку-така собирани за да се исполни некаква бројка, туку тоа се грамофонски плочи кои биле многу важни за кариерата на соодветните исполнители.

Што беше пресудно во изборот при купувањето на грамофонските плочи?

- Собирав и имам грамофонски плочи од повеќе жанрови, претежно рок музика, потоа блуз музика, а како се менуваа музичките правци, така и јас снабдував хеви метал, потоа панк...и сите други музички правци што се појавуваа во музиката, и сите ги имам. Како љубител на музиката и секако како голем колекционер на грамофонски плочи, почнав да посетувам концерти. Мислам дека сум пропатувал низ цела Европа за како фоторепортер да снимам концерти и во тоа време присуствував на концертите на Ролинг Стоунс, Дајар Стрејтс, Боб Дилан, Тина Тарнер, Сантана и многу други концерти од каде секогаш се враќав со богата колекција на фотографии и секако грамофонски плочи. Во една прилика заради немање на акредитација не ми дозволија да фотографирам, но во чевелот ставив мал фотоапарат, малку накривував во одењето и без да ми направат претрес влегов во концертната сала и снимав концерт. Имам и богата колекција со фотографии од многу концерти во странство, но и од домашните концерти, а на поголем дел од грамофонските плочи имам и автограми од пејачи или водачи на групи. Но, она што исто така сакам да го кажам во оваа прилика е податокот дека мојата музика ја споделував со публиката, особено во времето кога работев во Радио Битола каде уредував повеќе музички емисии, пред се емисиите „Неделен музички избор“, „Музичка средба“ и други. Во мојот дом имам и добра колекција со сериозна музика, располагам и со грамофонски плочи од народната музика на нашите познати македонски пејачки и пејачи Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски, Есма Реџепова и многу други пејачи кои останаа легенди во нашата македонска народна музика.

 

Како ги чувате грамофонските плочи. Дали сте обезбедиле посебни услови во домот?

- Сите грамофонски плочи ги заштитив и точно знаев која грамофонска плоча каде се наоѓа. Но, со реконструкцијата во домот, дел од плочите се поместени, но заштитени. Со текот на времето амбалажата застаре, стана ветва, но внатре, винилот е целосно нов и неоштетен затоа што со рака, со прст не сум го допрел, бидејќи се знаеше правилото за безбедно поставување на грамофонска плоча на грамофон. Сигурно на повеќемина и ваши читатели им е познато дека грамофонските плочи се црни, но сакам да потсетам дека дел од грамофонските плочи во едно време беа и црвени, жолти, бели...а не ретко во дневните весници можеше да се пронајде подарок плоча.

Кога го купивте првиот грамофон?

- Првиот грамофон го купив во Белград. Тоа беше времето кога завршив со школувањето и се вработив. Првите пет плати или лични доходи во првите пет месеци ги зачував и заедно со мојата девојка, а денес сопруга, отидовме во Белград за да купиме грамофон и грамофонски плочи. Продавачот беше изненаден од податокот дека ние од Битола дојдовме во Белград да купиме грамофон. Со текот на времето купував и други грамофони, така на пример имав грамофон на кој можеа да се наредат и постават 10 грамофонски плочи, имав и грамофони со современи звучници и сите ги чувам.

Дали имате посебно омилени грамофонски плочи?

- Се сеќавам кога и зошто сум ја купил секоја грамофонска плоча. Така на пример плочата со Рафаела Кара ја купив веднаш по фестивалот во Неапол, но и после фестивалот Сан Ремо кој се уште се одржува, а имаше уште еден фестивал Кантаџиро. Се следев, а за Рафаела Кара знаев дека освен пејачка, таа беше и добра танчерка, шармантна и убава. Во исто време познати беа и Клаудио Вила, Доменико Медуњо, Челентано и други италијански пејачи. Интересно беше кога некои ќе ме слушаа на Радио Битола или некого ќе интервјуирав, прашуваа од каде имам толку многу познавања за италијанската музика. Но, јас скоро 60 години се следам, собирам, имам книги, извадоци/исечоци од весници и се памтам. Во 1963 година, после земјотресот во Скопје гостуваше Шарл Азнавур и тој ја пееше песната „Ла боем“. Пеејќи за еден сликар на сцената извади едно бело шамивче, а јас бидејќи бев на првиот ред веднаш после неговиот настап му го зедов шамивчето кое и ден денес е сувенир во мојот дом. Сувенири, предмети имам многу. Имам и т.н. хумани грамофонски плочи кои се продаваа со цел да се соберат финансиски средства и да се донираат таму каде што се потребни. Тоа беа плочите на Боб Гелдоф со група пејачи, Џорџ Харисон и пријателите, и други автори. Секоја грамофонска плоча има своја приказна, или за секоја песна имам свое доживување. Но, се знае дека грамофонската плоча на Хари Белафонте ми е посебно драга, а според името на сопругата на Џони Холидеј која се вика Силви Вартен, нашата ќерка е крстена и се вика Силви. Но, имам и други спомени од други интерпретатори.

Дали е добро што грамофоните повторно се враќаат во употреба?

- Грамофоните повторно се враќаат во домовите и има голем интерес без разлика на тоа што сега се многу поскапи, а скапи се и грамофонските плочи. Не знам како ќе се однесуваат дискофилите, но добро е што на музичкиот пазар повторно се враќаат грамофонските плочи. На тој начин ќе се создаваат нови колекционери на кои им посакувам да имаат многу поголем фонд од моите 15.000 грамофонски плочи

The post Добро е што плочите се враќаат вели Петар, најголемиот дискофил со 15.000 винили appeared first on Република.

]]>

Над 15.000 грамофонски плочи, собирани од 1961 година до денес, со различен жанр и со непроценлива вредност се дел од колекцијата на новинарот и фоторепортер Петар Ставрев (83), кој во интервју за МИА говори за првата грамофонска плоча, за првиот грамофон и за првите автограми кои ги добил од светски познатите музички песни. Во мојот дом со посебна љубов и на посебно место се чуваат и грамофонските плочи на Хари Белафонте, Рафаела Кара, Шарл Азнавур..., но и од Никола Бадев, Васка Илиева и други легенди на македонската музичка сцена. Во интервјуто за МИА Ставрев говори за првиот „излез“ и претставување во јавноста на грамофонски плочи од неговата колекција. Кога почнавте да ја формирате вашата колекција и колку грамофонски плочи имате?
- Дома имам околу 15.000 грамофонски плочи кои почнав да ги собирам од 1961 година и така е се до денес. Во почетокот набавував грамофонски плочи од Југотон и продукцијата за грамофонски плочи на Радио Телевизија Белград, а потоа нарачував и од други држави и градови, најчесто од Љубљана, Загреб и други места. Ако некои пријатели патуваа во странство веднаш им давав список со избрани грамофонски плочи. Списокот го обезбедував од топ листите кои во тоа време беа објавувани во весниците „Њу мјузикл експрес“ и „Мелоди мејкер“, каде ги регистрирав најдобрите, тие што се на прво место за да ги имам во мојата колекција. За собирање на грамофонските плочи следев и музичка литература како што во поранешна Југославија беа „Ритам“, „Џубокс“ и други весници, а во Македонија се појави весникот „Екран“. Разгледувајќи ја колекцијата и споредувајќи ја со издадените рок енциклопедии или џез енциклопедии, како и македонската рок енциклопедија, забележав дека точно сум ги набавувал оние грамофонски плочи кои што биле карактеристични за одредени групи и пејачи, и кои се вбројуваат со нивните најдобри хитови. Слободно ќе кажам, моите грамофонски плочи не се обични и туку-така собирани за да се исполни некаква бројка, туку тоа се грамофонски плочи кои биле многу важни за кариерата на соодветните исполнители.
Што беше пресудно во изборот при купувањето на грамофонските плочи? - Собирав и имам грамофонски плочи од повеќе жанрови, претежно рок музика, потоа блуз музика, а како се менуваа музичките правци, така и јас снабдував хеви метал, потоа панк...и сите други музички правци што се појавуваа во музиката, и сите ги имам. Како љубител на музиката и секако како голем колекционер на грамофонски плочи, почнав да посетувам концерти. Мислам дека сум пропатувал низ цела Европа за како фоторепортер да снимам концерти и во тоа време присуствував на концертите на Ролинг Стоунс, Дајар Стрејтс, Боб Дилан, Тина Тарнер, Сантана и многу други концерти од каде секогаш се враќав со богата колекција на фотографии и секако грамофонски плочи. Во една прилика заради немање на акредитација не ми дозволија да фотографирам, но во чевелот ставив мал фотоапарат, малку накривував во одењето и без да ми направат претрес влегов во концертната сала и снимав концерт. Имам и богата колекција со фотографии од многу концерти во странство, но и од домашните концерти, а на поголем дел од грамофонските плочи имам и автограми од пејачи или водачи на групи. Но, она што исто така сакам да го кажам во оваа прилика е податокот дека мојата музика ја споделував со публиката, особено во времето кога работев во Радио Битола каде уредував повеќе музички емисии, пред се емисиите „Неделен музички избор“, „Музичка средба“ и други. Во мојот дом имам и добра колекција со сериозна музика, располагам и со грамофонски плочи од народната музика на нашите познати македонски пејачки и пејачи Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски, Есма Реџепова и многу други пејачи кои останаа легенди во нашата македонска народна музика.   Како ги чувате грамофонските плочи. Дали сте обезбедиле посебни услови во домот?
- Сите грамофонски плочи ги заштитив и точно знаев која грамофонска плоча каде се наоѓа. Но, со реконструкцијата во домот, дел од плочите се поместени, но заштитени. Со текот на времето амбалажата застаре, стана ветва, но внатре, винилот е целосно нов и неоштетен затоа што со рака, со прст не сум го допрел, бидејќи се знаеше правилото за безбедно поставување на грамофонска плоча на грамофон. Сигурно на повеќемина и ваши читатели им е познато дека грамофонските плочи се црни, но сакам да потсетам дека дел од грамофонските плочи во едно време беа и црвени, жолти, бели...а не ретко во дневните весници можеше да се пронајде подарок плоча.
Кога го купивте првиот грамофон? - Првиот грамофон го купив во Белград. Тоа беше времето кога завршив со школувањето и се вработив. Првите пет плати или лични доходи во првите пет месеци ги зачував и заедно со мојата девојка, а денес сопруга, отидовме во Белград за да купиме грамофон и грамофонски плочи. Продавачот беше изненаден од податокот дека ние од Битола дојдовме во Белград да купиме грамофон. Со текот на времето купував и други грамофони, така на пример имав грамофон на кој можеа да се наредат и постават 10 грамофонски плочи, имав и грамофони со современи звучници и сите ги чувам. Дали имате посебно омилени грамофонски плочи? - Се сеќавам кога и зошто сум ја купил секоја грамофонска плоча. Така на пример плочата со Рафаела Кара ја купив веднаш по фестивалот во Неапол, но и после фестивалот Сан Ремо кој се уште се одржува, а имаше уште еден фестивал Кантаџиро. Се следев, а за Рафаела Кара знаев дека освен пејачка, таа беше и добра танчерка, шармантна и убава. Во исто време познати беа и Клаудио Вила, Доменико Медуњо, Челентано и други италијански пејачи. Интересно беше кога некои ќе ме слушаа на Радио Битола или некого ќе интервјуирав, прашуваа од каде имам толку многу познавања за италијанската музика. Но, јас скоро 60 години се следам, собирам, имам книги, извадоци/исечоци од весници и се памтам. Во 1963 година, после земјотресот во Скопје гостуваше Шарл Азнавур и тој ја пееше песната „Ла боем“. Пеејќи за еден сликар на сцената извади едно бело шамивче, а јас бидејќи бев на првиот ред веднаш после неговиот настап му го зедов шамивчето кое и ден денес е сувенир во мојот дом. Сувенири, предмети имам многу. Имам и т.н. хумани грамофонски плочи кои се продаваа со цел да се соберат финансиски средства и да се донираат таму каде што се потребни. Тоа беа плочите на Боб Гелдоф со група пејачи, Џорџ Харисон и пријателите, и други автори. Секоја грамофонска плоча има своја приказна, или за секоја песна имам свое доживување. Но, се знае дека грамофонската плоча на Хари Белафонте ми е посебно драга, а според името на сопругата на Џони Холидеј која се вика Силви Вартен, нашата ќерка е крстена и се вика Силви. Но, имам и други спомени од други интерпретатори. Дали е добро што грамофоните повторно се враќаат во употреба? - Грамофоните повторно се враќаат во домовите и има голем интерес без разлика на тоа што сега се многу поскапи, а скапи се и грамофонските плочи. Не знам како ќе се однесуваат дискофилите, но добро е што на музичкиот пазар повторно се враќаат грамофонските плочи. На тој начин ќе се создаваат нови колекционери на кои им посакувам да имаат многу поголем фонд од моите 15.000 грамофонски плочи

The post Добро е што плочите се враќаат вели Петар, најголемиот дискофил со 15.000 винили appeared first on Република.

]]>