Петар Ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-risteski/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 19:50:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-risteski/ 32 32 Ристески до Битиќи: Kаде завршија над 600 илјади евра кои ги доби вашата сопруга како државен грант? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-do-bitiki-kade-zavrshija-nad-600-iljadi-evra-koi-gi-dobi-vashata-sopruga-kako-drzhaven-grant/ Tue, 19 Nov 2024 19:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=839702

Денес на Комисијата за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог- буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески кој посочи дека Фатмир Битиќи е тотално некомпетентен да изнесува такви ставови во однос на буџетот и дека тој самиот треба да се запраша за него и неговата сопруга, каде завршиле парите кои ги добиле од државниот грант со сума од над 600 илјади евра, и зошто само по пет дена од добивањето истите тие прават обид за прикривање на сето тоа.

„Нам овдека Фатмир Битиќи ни држи предавање за принципи и принципиелност а тој беше на чело на нај арамиската влада на Македонија од историјата на нејзиното постоење. И кога се веќе кај принципите со едно гуглање едноставно за Фатмир Битиќи излегува следното, откако сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на агенцијата за разузнавање, Муслиу како дел од невладиниот сектор добиле државен грант од над 600 илјади евра. Се обиделе да ги прикријат трагите само пет ден по добивањето на парите. Сопругата на Битиќи се брише од овластени лица на нејзината невладина организација“, изјави Ристески.

Тој кој истакна дека на амандманската расправа треба да се посочат сите реализирани ветувања од страна на оваа Влада.

Ристески посочи дека сето она што е ветено е исполнето, многу суштински проблеми се решени во повеќе области и тоа и во здравството и во образованието, наведувајќи дека се потпишани договори кои ќе водат кон позитивен тек на настаните и успешно функционирање на државата.

Потпишан е историски договор за вработените во здравството, потпишан колективен договор со кој што ќе добијат 40 проценти зголемување на платите на вработените во здравството. Наместо да зборуваме и да кажеме за реализираното ветување на оваа Влада, за зголемени пензии од 5000 денари линеарно зголемување предизборно ветување на оваа Влада, да зборуваме за исполнетото ветување кон вработените од образование, исто така за еден мандат со потпишан договор за 47 проценти минимум зголемување на платите на вработените во образованието“, посочи Ристески.

The post Ристески до Битиќи: Kаде завршија над 600 илјади евра кои ги доби вашата сопруга како државен грант? appeared first on Република.

]]>

Денес на Комисијата за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог- буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески кој посочи дека Фатмир Битиќи е тотално некомпетентен да изнесува такви ставови во однос на буџетот и дека тој самиот треба да се запраша за него и неговата сопруга, каде завршиле парите кои ги добиле од државниот грант со сума од над 600 илјади евра, и зошто само по пет дена од добивањето истите тие прават обид за прикривање на сето тоа.
„Нам овдека Фатмир Битиќи ни држи предавање за принципи и принципиелност а тој беше на чело на нај арамиската влада на Македонија од историјата на нејзиното постоење. И кога се веќе кај принципите со едно гуглање едноставно за Фатмир Битиќи излегува следното, откако сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на агенцијата за разузнавање, Муслиу како дел од невладиниот сектор добиле државен грант од над 600 илјади евра. Се обиделе да ги прикријат трагите само пет ден по добивањето на парите. Сопругата на Битиќи се брише од овластени лица на нејзината невладина организација“, изјави Ристески.
Тој кој истакна дека на амандманската расправа треба да се посочат сите реализирани ветувања од страна на оваа Влада. Ристески посочи дека сето она што е ветено е исполнето, многу суштински проблеми се решени во повеќе области и тоа и во здравството и во образованието, наведувајќи дека се потпишани договори кои ќе водат кон позитивен тек на настаните и успешно функционирање на државата.
Потпишан е историски договор за вработените во здравството, потпишан колективен договор со кој што ќе добијат 40 проценти зголемување на платите на вработените во здравството. Наместо да зборуваме и да кажеме за реализираното ветување на оваа Влада, за зголемени пензии од 5000 денари линеарно зголемување предизборно ветување на оваа Влада, да зборуваме за исполнетото ветување кон вработените од образование, исто така за еден мандат со потпишан договор за 47 проценти минимум зголемување на платите на вработените во образованието“, посочи Ристески.

The post Ристески до Битиќи: Kаде завршија над 600 илјади евра кои ги доби вашата сопруга како државен грант? appeared first on Република.

]]>
Ристески: Ќе покажеме дека не се сите исти, со владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе профункционира системот и ќе се подобри економијата и благосостојбата на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-ke-pokazheme-deka-ne-se-site-isti-so-vladata-na-vmro-dpmne-ke-profunktsionira-sistemot-i-ke-se-podobri-ekonomijata-i-blagosostojbata-na-graganite/ Sun, 23 Jun 2024 12:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=789945

Ова е голем ден, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада, а голем ден и затоа што после толку години борба ќе имаме прилика да докажеме дека не сме сите исти. Досегашната власт ја користеше апатијата на македонските граѓани дека сите се исти, но ниту сме, ниту сме биле, ниту ќе бидеме исти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната собраниска седница за избор на новата влада.

Ристески истакна дека додека ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на Македонија и нашите граѓани, а минатата власт во континуитет гласаше национални предавства, поддршка на криминал, корупција и не бираа средства што се ќе прифатат да останат на власт.

– ВМРО-ДПМНЕ направи политичка програма, Платформа 1198 која ќе се преслика во програмата на влада, а таа гарантира целосно функционирање на системот, институциите, заштита на македонските интереси, квалитетно образование, функционален здравствен систем. Оваа програма гарантира и дека ќе отвори вистинска борба против криминалот и корупцијата, подобрување на економијата и благосостојба на граѓаните. сето ова ќе значи вистинско, а не само декларативно добилижување до европските вредности. Европската интеграција на државата ќе ја ставиме на брз колосек. Во Европа, горди, чесни достоинствени како Македонци, потенцираше Ристески.

Ристески посочи дека посебен акцент се става на консолидирање на правосудниот систем кој минатата власт го уништи.

– Приоритет ќе биде право и правда за сите. за почеток распуштање на Судскиот совет и совет на јавни обвинители, бидејќи ваквиот правосуден систем е генератор на корупција, досега функционираше на елитата на власт, сервис кој ги штитеше и им овозможи да ги крадат народните пари, изјави Ристески.

Ристески осврнувајќи се и на останатото во програмата нагласи дека ќе се покачат пензиите за 5000 денари линеарно уште во првата година, ќе се одвојува по 1 денар од цената на нафтените деривати за култура, спорт наука, а тоа се околу 50 милиони евра.

The post Ристески: Ќе покажеме дека не се сите исти, со владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе профункционира системот и ќе се подобри економијата и благосостојбата на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Ова е голем ден, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада, а голем ден и затоа што после толку години борба ќе имаме прилика да докажеме дека не сме сите исти. Досегашната власт ја користеше апатијата на македонските граѓани дека сите се исти, но ниту сме, ниту сме биле, ниту ќе бидеме исти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната собраниска седница за избор на новата влада. Ристески истакна дека додека ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на Македонија и нашите граѓани, а минатата власт во континуитет гласаше национални предавства, поддршка на криминал, корупција и не бираа средства што се ќе прифатат да останат на власт.
– ВМРО-ДПМНЕ направи политичка програма, Платформа 1198 која ќе се преслика во програмата на влада, а таа гарантира целосно функционирање на системот, институциите, заштита на македонските интереси, квалитетно образование, функционален здравствен систем. Оваа програма гарантира и дека ќе отвори вистинска борба против криминалот и корупцијата, подобрување на економијата и благосостојба на граѓаните. сето ова ќе значи вистинско, а не само декларативно добилижување до европските вредности. Европската интеграција на државата ќе ја ставиме на брз колосек. Во Европа, горди, чесни достоинствени како Македонци, потенцираше Ристески.
Ристески посочи дека посебен акцент се става на консолидирање на правосудниот систем кој минатата власт го уништи.
– Приоритет ќе биде право и правда за сите. за почеток распуштање на Судскиот совет и совет на јавни обвинители, бидејќи ваквиот правосуден систем е генератор на корупција, досега функционираше на елитата на власт, сервис кој ги штитеше и им овозможи да ги крадат народните пари, изјави Ристески.
Ристески осврнувајќи се и на останатото во програмата нагласи дека ќе се покачат пензиите за 5000 денари линеарно уште во првата година, ќе се одвојува по 1 денар од цената на нафтените деривати за култура, спорт наука, а тоа се околу 50 милиони евра.

The post Ристески: Ќе покажеме дека не се сите исти, со владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе профункционира системот и ќе се подобри економијата и благосостојбата на граѓаните appeared first on Република.

]]>
На ФЗОМ му се случува сценариото од М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-fzom-mu-se-sluchuva-stsenarioto-od-m-nav/ Mon, 05 Feb 2024 11:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=740486

СДС и ДУИ го уништија здравството. Наместо да ги стимулираат работниците во здравството со повисоки плати, тие кратат на плати, рече на денешната прес-конференција на Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Вработените во ФЗОМ се жртва на лошите политики на СДС и ДУИ. Недозволиво и поигрување со над 800 вработени во ФЗОМ е да им се намалуваат платите за 21%, а во исто време да се распишува оглас за 61 нови вработувања на стотина дена пред избори. Несомнено се наметнува фактот дека власта ги намалува платите на постоечките вработени во ФЗОМ, за да може да прими 61 партиски војник пред избори. Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ, една институција која служела за пример и квалитетна работа се партизира и полни со партиски кадри. СДС и ДУИ на институциите гледаат само како на место за вдомување на партиските активисти, и заради тоа Македонија добива катастрофални извештаи од ЕК. Во ЕУ не се оди со политики на партизација, намалување на плати, за да се примат нови партиски војници во институциите кои треба да бидат сервис на граѓаните. Со СДС и ДУИ секој ден сме се подалеку од ЕУ. СДС и ДУИ ја уништија државата. ВМРО-ДПМНЕ бара да запре лудилото на СДС и ДУИ и да не се намалуваат платите на вработените во ФЗОМ, рече тој.

https://youtu.be/DYkBpu9e6q8?si=ZERpDxlX2to26qgB

The post На ФЗОМ му се случува сценариото од М-НАВ appeared first on Република.

Ристески: Тоа што се случило на Клиниката за онкологија претставува организирано и масовно убиство, а јавниот обвинител е ангел чувар на криминалците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-toa-shto-se-sluchilo-na-klinikata-za-onkologija-pretstavuva-organizirano-i-masovno-ubistvo-a-javniot-obvinitel-e-angel-chuvar-na-kriminaltsite/ Tue, 24 Oct 2023 09:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=694457

„После сите овие информации кои ги добивме и по целокупната работа од Анкетната комисија ќе следува заклучок. И можам да ви гарантирам со сигурност квалитетен заклучок бидејќи се разгледуваат многу материјали, многу извештаи од сите институции кои се вклучени. И ќе следува заклучок околу политичката одговорност, не сакам пред време да кажувам, но од ова што се гледа секако дека ја има“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во утринската емисија на Алфа телевизија.

Ристески додаде дека Анкетната комисија ќе притиска за да овој најгрозоморен скандал во здравството има разрешница.

Обвинителството ги има сите информации. Јавниот обвинител во овој момент, и во целокупната негова работа генерално претставува ангел чувар на оние кои што го кршат законот, на луѓето кои практикуваат криминал и корупција. И за тоа сме дојдени до оваа ситуација до каде што сме дојдени, укажа Ристески.

Тој посочи дека јавниот обвинител и МВР не треба да помислат да застанат во одбрана на вакво грозоморно случување во клиниката за Онкологија.

Ова претставува организирано и масовно убиство. Овдека не знаеме колку луѓе ги изгубиле животите поради лакомоста за пари на одреден круг на луѓе внатре во клиниката, нагласи пратеникот.

„И во јавноста, и во експертската јавност, и од она што досега од медиумите се доби како информации, може да се каже дека таму се води истрага по три основи. А, овие седум лица се осомничени од само по еден основ. И што се случува сега со оние два основа, дали има осомничени, нема осомничени, тоа треба одговорат овие од Јавното обвинителство, и од МВР. Од прашањата од нас пратениците на Анкетната комисија за работи кои не им одговараат добро се затскриваат со реченицата истрагата е во тек, и не можеме да изнесеме многу информации“, рече Ристески.

Тој посочи дека требало многу порано да реагираат Јавното обвинителство и МВР бидејќи ДЗР има направено еден фантастичен извештај каде што се открива сиот криминал што се случувало во клиниката за Онкологија. Таму се наведени сите злоупотреби и неправилности на клиниката.

The post Ристески: Тоа што се случило на Клиниката за онкологија претставува организирано и масовно убиство, а јавниот обвинител е ангел чувар на криминалците appeared first on Република.

]]>

„После сите овие информации кои ги добивме и по целокупната работа од Анкетната комисија ќе следува заклучок. И можам да ви гарантирам со сигурност квалитетен заклучок бидејќи се разгледуваат многу материјали, многу извештаи од сите институции кои се вклучени. И ќе следува заклучок околу политичката одговорност, не сакам пред време да кажувам, но од ова што се гледа секако дека ја има“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во утринската емисија на Алфа телевизија. Ристески додаде дека Анкетната комисија ќе притиска за да овој најгрозоморен скандал во здравството има разрешница.
Обвинителството ги има сите информации. Јавниот обвинител во овој момент, и во целокупната негова работа генерално претставува ангел чувар на оние кои што го кршат законот, на луѓето кои практикуваат криминал и корупција. И за тоа сме дојдени до оваа ситуација до каде што сме дојдени, укажа Ристески.
Тој посочи дека јавниот обвинител и МВР не треба да помислат да застанат во одбрана на вакво грозоморно случување во клиниката за Онкологија.
Ова претставува организирано и масовно убиство. Овдека не знаеме колку луѓе ги изгубиле животите поради лакомоста за пари на одреден круг на луѓе внатре во клиниката, нагласи пратеникот.
„И во јавноста, и во експертската јавност, и од она што досега од медиумите се доби како информации, може да се каже дека таму се води истрага по три основи. А, овие седум лица се осомничени од само по еден основ. И што се случува сега со оние два основа, дали има осомничени, нема осомничени, тоа треба одговорат овие од Јавното обвинителство, и од МВР. Од прашањата од нас пратениците на Анкетната комисија за работи кои не им одговараат добро се затскриваат со реченицата истрагата е во тек, и не можеме да изнесеме многу информации“, рече Ристески. Тој посочи дека требало многу порано да реагираат Јавното обвинителство и МВР бидејќи ДЗР има направено еден фантастичен извештај каде што се открива сиот криминал што се случувало во клиниката за Онкологија. Таму се наведени сите злоупотреби и неправилности на клиниката.  

The post Ристески: Тоа што се случило на Клиниката за онкологија претставува организирано и масовно убиство, а јавниот обвинител е ангел чувар на криминалците appeared first on Република.

]]>
Зошто КАТО системот на Онкологија сѐ уште не е во функција?! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-kato-sistemot-na-onkologija-s-ushte-ne-e-vo-funktsija/ Tue, 17 Oct 2023 18:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=692266

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија праша зошто системот КАТО се уште не во функција иако е оценет како одличен и кога ќе видиме морална одговорност и оставки?

- Поранешниот министер Венко Филипче искажа пофални зборови за поранешниот директор на Онкологија Нино Васев и економскиот директор кои направиле долг од околу 20 милиони евра. Значи работеле недомаќински, а дали проблемите и долговите доаѓале од тоа што биле суспендирани контролните механизми, почнувајќи од системот за контрола на терапија, па препишување на терапија без стручен колегиум, вели Ристески.

Ристески го запраша актуелниот министер за здравство Меџити зошто е разрешен организацискиот директор, каква одговорност е утврдена, дали работел спротивно на закон?

- Пред да излезе скандалот со Онкологија, министерот кажа дека бил запознаен дека КАТО системот бил вон функција, за кон се дало заклучок дека е добар. Зошто и ден денес ако е добар КАТО системот не е ставен во функција? Кога го видовте извештајот од ДЗР за Онкологија кој е завршен во март и истакнат во април 2023 година? Дали по утврдените забелешки и нотирани прекршување на законите, дали нешто е преземено или пријавено? – запраша Ристески.

Ристески потсети дека министерот признава дека состојбата во здравството е алармантна.

Вашиот претходник се фалеше, се гордееше, а вие викате не е добро? Што сте презеле и зошто онаму каде сте разочарани нема промена на менаџментот, зошто се потребни промени, и дали ќе ни се случи некоја друга афера? Како чин на морална и човечка одговорност дали министерот ќе си поднесе оставка бидејќи во негово време излезе на површина најголемата и најгрозоморна афера, изјави Ристески.

The post Зошто КАТО системот на Онкологија сѐ уште не е во функција?! appeared first on Република.

Ристески: Животот нема цена, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува законот за набавка на лекови за пациентите од цистична фиброза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-zhivotot-nema-tsena-vmro-dpmne-go-poddrzhuva-zakonot-za-nabavka-na-lekovi-za-patsientite-od-tsistichna-fibroza/ Thu, 16 Mar 2023 20:21:29 +0000 https://republika.mk/?p=620492

Законите за изменување и дополнување на законот за здравственото осигурување и законот за лековите и медицинските средства ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено ќе ги поддржи без разлика колку чинат, бидејќи се работи за живот, а животот не се плаќа со ниедни пари, вели пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ од собраниска говорница.

Ристески истакна дека скоро месец дена се чекало овие два закони да се стават на дневен ред, укажувајќи дека пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски.

Овој закон е пратен во собранието на 24 февруари. Зошто се чекаше скоро месец дена за да се стави на дневен ред, ние како пратеничка група ќе го подржавме уште наредниот ден и ќе направивме кворум за да се донесат овие закони, и овие лекови кои што живот значат за пациентите со цистична фиброза ќе ги добиеја многу побрзо отколку сега, рече тој.

Пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски. Наместо многу порано кога пациентите уште во декември протестираа пред министерството за здравство и пред владата барајќи живот со паролите „Ние сме деца и млади кои сакаат да живеат, не сме ставка во буџетот“, премиерот се договараше во парламентот со партиите кој да влезе, а кој да излезе од власта и изгуби повеќе од месец дена, додаде Ристески.

Пратеникот Ристески од говорница ја цитираше изјавата на еден од пациентите болни од цистична фиброза, изјавувајќи дека владата на СДС и Ковачевски со тоа што набавува лек само за неколку пациенти ги поделиле граѓаните и по оваа основа.

Еден од пациентите со цистична фиброза во моментот кога кажувате дека се набавени лекови за 8 пациенти, и за уште 4 пациенти дека ќе бидат набавени, вели дека ги поделивте и по оваа основа, потенцираше Ристески.

The post Ристески: Животот нема цена, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува законот за набавка на лекови за пациентите од цистична фиброза appeared first on Република.

]]>

Законите за изменување и дополнување на законот за здравственото осигурување и законот за лековите и медицинските средства ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено ќе ги поддржи без разлика колку чинат, бидејќи се работи за живот, а животот не се плаќа со ниедни пари, вели пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ од собраниска говорница.
Ристески истакна дека скоро месец дена се чекало овие два закони да се стават на дневен ред, укажувајќи дека пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски. Овој закон е пратен во собранието на 24 февруари. Зошто се чекаше скоро месец дена за да се стави на дневен ред, ние како пратеничка група ќе го подржавме уште наредниот ден и ќе направивме кворум за да се донесат овие закони, и овие лекови кои што живот значат за пациентите со цистична фиброза ќе ги добиеја многу побрзо отколку сега, рече тој.
Пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски. Наместо многу порано кога пациентите уште во декември протестираа пред министерството за здравство и пред владата барајќи живот со паролите „Ние сме деца и млади кои сакаат да живеат, не сме ставка во буџетот“, премиерот се договараше во парламентот со партиите кој да влезе, а кој да излезе од власта и изгуби повеќе од месец дена, додаде Ристески.
Пратеникот Ристески од говорница ја цитираше изјавата на еден од пациентите болни од цистична фиброза, изјавувајќи дека владата на СДС и Ковачевски со тоа што набавува лек само за неколку пациенти ги поделиле граѓаните и по оваа основа. Еден од пациентите со цистична фиброза во моментот кога кажувате дека се набавени лекови за 8 пациенти, и за уште 4 пациенти дека ќе бидат набавени, вели дека ги поделивте и по оваа основа, потенцираше Ристески.

The post Ристески: Животот нема цена, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува законот за набавка на лекови за пациентите од цистична фиброза appeared first on Република.

]]>
Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-ovaa-vlast-na-kovachevski-go-urna-zdravstvoto-pochina-patsientka-od-sepsa-lekari-protestiraat/ Wed, 22 Feb 2023 11:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=611879

„Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции.

Недозволиво! Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Тој вели дека „вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија“.

„Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава. Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковечевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа која се грижи само за лични и партиски интереси не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реалзира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот“ порача Ристески.

https://youtu.be/1ovyphfqPQk

The post Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат appeared first on Република.

]]>

„Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции. Недозволиво! Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Тој вели дека „вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија“. „Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава. Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковечевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа која се грижи само за лични и партиски интереси не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реалзира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот“ порача Ристески. https://youtu.be/1ovyphfqPQk

The post Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат appeared first on Република.

]]>
Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат, токму затоа мора да има избори час поскоро! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-ovaa-vlast-na-kovachevski-go-urna-zdravstvoto-pochina-patsientka-od-sepsa-lekari-protestiraat-tokmu-zatoa-mora-da-ima-izbori-chas-poskoro/ Wed, 22 Feb 2023 11:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=611878

Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции. Недозволиво, истакна Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали. Вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија. Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава, посочува тој.

Ристески вели дека поради ваквата состојба, потребни се избори.

„Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковечевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа која се грижи само за лични и партиски интереси не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реалзира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот!

Од однесувањето на власта и колабирањето на здравствениот систем последиците најмногу ги чувствуваат граѓаните.

Токму затоа оваа криминална власт предводена од Ковачевски мора да замине час поскоро“ – вели Ристески.

The post Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат, токму затоа мора да има избори час поскоро! appeared first on Република.

]]>

Последен случај од здравството кој ја потресе јавноста е смртта на 52 годишна пациентка од Прилеп. Случајот според информациите е последица на инфекција во Болницата во Прилеп поради што се затворени сите операциски сали. Додека здравството оди напред, во Македонија ние зборуваме за смрт на пациенти поради болнички инфекции. Недозволиво, истакна Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ секојдневно ја тресат скандали. Вести кои ги продуцира власта предводена од Димитар Ковачевски се само вакви – смрт на пациенти, немање лекови, и секако колабирањето на здравствениот систем. Нешто што се случува за прв пат во независна Македонија. Хакирањето на Фондот за здравство доведе до низа проблеми кои директно ги почувствуваа граѓаните, меѓу другото не се даваа навремено лекови, не се исплаќаа боледувања, а доцнеа и платите за здравствениот персонал. Оној персонал кој недостасува во државата, кој секојдневно заминува на работа главно во здравствените институции во Европа, а никој не е заинтересиран да го задржи во земјава, посочува тој. Ристески вели дека поради ваквата состојба, потребни се избори. „Но, лагите на власта предводена од СДС и ДУИ, нереализирањето на дадените ветувања денес резултираа и со продолжување на протестите на медицинскиот персонал. Овој персонал само сака да го потсети Ковечевски дека неговото однесување и однесувањето на неговата екипа која се грижи само за лични и партиски интереси не смее да ги остави на цедило. Не смее да се повтори доцнење на платите, а власта треба да си ги реалзира ветувањата за зголемување на основната плата. Доста крадевте од народот! Од однесувањето на власта и колабирањето на здравствениот систем последиците најмногу ги чувствуваат граѓаните. Токму затоа оваа криминална власт предводена од Ковачевски мора да замине час поскоро“ – вели Ристески.

The post Ристески: Оваа власт на Ковачевски го урна здравството, почина пациентка од сепса, лекари протестираат, токму затоа мора да има избори час поскоро! appeared first on Република.

]]>
Ристески: Пред четири години ми ја запалија и викендицата, ама по цена на мојот живот нема да гласам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-pred-chetiri-godini-mi-ja-zapalija-i-vikendicata-ama-po-cena-na-mojot-zivot-nema-da-glasam/ Wed, 20 Jul 2022 12:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=531448

Очигледно е дека се работи за некоја спрега на криминал и политика и очигледно е дека јас како пратеник во Собранието на Република Македонија, моите ставови, моите активности му пречат. Нема никој ниту да ме поколеба, ниту да ме уплаши во она што сум го зацртал, во моментот гледате се зборува за отворање на Уставот, кажав јасно и гласно и тогаш и по цена на мојот живот нема да го сменувам мојот став, сега уште помалку, рече прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, на кому ноќеска, околу два часот по полноќ, пред семејниот дом му е опожарено возилото, а делумно и возилото на неговиот татко.

Како што изјави Ристески, настанот се случил околу 1:45 часот по полноќ кога целото седумчлено семјество било дома. Истрчале по дојава од соседите и се слушнала експлозија.

Кога излегов, возилото, „шкода кодиак“ беше во пламен. Веднаш ја повикавме противпожарната екипа. Зафатено беше и возилото на мојот татко, двете се непосредно пред семејната куќа. Брзата интервенција на противпожарната екипа не дозволи пожарот да ја зафати куќата. А имаше реална можност, зашто од пожарот зафатено беше дрвото. За мене ова е атак на мојот живот, на моето семејство. Сличен случај се случува вторпат. Пред четири години ми беше опожарена викенд куќата. Очигледно, по мојот впечатлив говор во Парламентот во петокот, некому му пречи тоа и доколку во текот на денот не се расчисти случајот, ќе сметам дека е директен напад кон мене и моето семејство, изјави Ристески.

Ристески вели дека немал досега никакви закани од никого, ниту пак со некого бил замерен. Смета дека на некого му пречи неговата политичка активност, а особено во оваа ситуација и го повика министерот за внатрешни Оливер Спасовски и премиерот Димитар Ковачевски итно да реагирале и да бил пронајден сторителот.

The post Ристески: Пред четири години ми ја запалија и викендицата, ама по цена на мојот живот нема да гласам appeared first on Република.

]]>

Очигледно е дека се работи за некоја спрега на криминал и политика и очигледно е дека јас како пратеник во Собранието на Република Македонија, моите ставови, моите активности му пречат. Нема никој ниту да ме поколеба, ниту да ме уплаши во она што сум го зацртал, во моментот гледате се зборува за отворање на Уставот, кажав јасно и гласно и тогаш и по цена на мојот живот нема да го сменувам мојот став, сега уште помалку, рече прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, на кому ноќеска, околу два часот по полноќ, пред семејниот дом му е опожарено возилото, а делумно и возилото на неговиот татко. Како што изјави Ристески, настанот се случил околу 1:45 часот по полноќ кога целото седумчлено семјество било дома. Истрчале по дојава од соседите и се слушнала експлозија.
Кога излегов, возилото, „шкода кодиак“ беше во пламен. Веднаш ја повикавме противпожарната екипа. Зафатено беше и возилото на мојот татко, двете се непосредно пред семејната куќа. Брзата интервенција на противпожарната екипа не дозволи пожарот да ја зафати куќата. А имаше реална можност, зашто од пожарот зафатено беше дрвото. За мене ова е атак на мојот живот, на моето семејство. Сличен случај се случува вторпат. Пред четири години ми беше опожарена викенд куќата. Очигледно, по мојот впечатлив говор во Парламентот во петокот, некому му пречи тоа и доколку во текот на денот не се расчисти случајот, ќе сметам дека е директен напад кон мене и моето семејство, изјави Ристески.
Ристески вели дека немал досега никакви закани од никого, ниту пак со некого бил замерен. Смета дека на некого му пречи неговата политичка активност, а особено во оваа ситуација и го повика министерот за внатрешни Оливер Спасовски и премиерот Димитар Ковачевски итно да реагирале и да бил пронајден сторителот.

The post Ристески: Пред четири години ми ја запалија и викендицата, ама по цена на мојот живот нема да гласам appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо и Гешоска и многу работи за криминалот и мафијата ќе ви станат појасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-prashajte-vo-gradot-koi-se-i-shto-pravat-lukaroski-dzemo-i-geshoska-i-mnogu-raboti-za-kriminalot-i-mafijata-kje-vi-stanat-pojasni/ Wed, 20 Jul 2022 09:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=531341

Ова во Прилеп е нарачана закана кон пратеник од опозицијата, заради неговите критики кон власта за предавничкиот протокол со Бугарија, вели пратеникот Антонио Милошоски за опожареното возило на колегата Петар Ристески.

https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-prilep-pobara-smena-na-komandirot-na-policijata-spasovski-go-ostavi-za-da-se-palat-avtomobili-na-opozicijata/

Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо и Гешоска и многу работи за криминалот и мафијата ќе ви станат појасни, порача тој.

The post Милошоски: Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо и Гешоска и многу работи за криминалот и мафијата ќе ви станат појасни appeared first on Република.

]]>

Ова во Прилеп е нарачана закана кон пратеник од опозицијата, заради неговите критики кон власта за предавничкиот протокол со Бугарија, вели пратеникот Антонио Милошоски за опожареното возило на колегата Петар Ристески. https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-prilep-pobara-smena-na-komandirot-na-policijata-spasovski-go-ostavi-za-da-se-palat-avtomobili-na-opozicijata/
Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо и Гешоска и многу работи за криминалот и мафијата ќе ви станат појасни, порача тој.

The post Милошоски: Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо и Гешоска и многу работи за криминалот и мафијата ќе ви станат појасни appeared first on Република.

]]>
Извршен увид на местото каде што гореше автомобилот на пратеникот Ристески https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izvrshen-uvid-na-mestoto-kade-shto-goreshe-avtomobilot-na-pratenikot-risteski/ Wed, 20 Jul 2022 09:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=531339

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието.

Како што информираат од Јавното обвинителство, по наредба на јавниот обвинител биле подигнати траги од лице место, кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот.

Јавниот обвинител издал и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.​

Утрово членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки објави дека било опожарено возило на пратеник од оваа партија. Потоа, СДСМ излезе со соопштение со осуда на палењето на возилото на пратеникот и побара надлежните институции да го расчистат случајот.

The post Извршен увид на местото каде што гореше автомобилот на пратеникот Ристески appeared first on Република.

]]>

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието. Како што информираат од Јавното обвинителство, по наредба на јавниот обвинител биле подигнати траги од лице место, кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издал и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.​ Утрово членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки објави дека било опожарено возило на пратеник од оваа партија. Потоа, СДСМ излезе со соопштение со осуда на палењето на возилото на пратеникот и побара надлежните институции да го расчистат случајот.

The post Извршен увид на местото каде што гореше автомобилот на пратеникот Ристески appeared first on Република.

]]>
Јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот, ноќва му гореше автомобилот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javno-kaza-deka-nema-da-glasa-za-promena-na-ustavot-nokjva-mu-goreshe-avtomobilot/ Wed, 20 Jul 2022 07:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=531283

Пред 4-5 дена јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот заради задоволување на болните амбиции на Заев, Ковачевски и Османи, a оќеска е запален автомобилот на колегата Петар Ристески од Прилеп, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, полковник Драган Ковачки, нарекувајќи го ова кукавички чин позади кој, како што вели е убеден дека стојат „платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/opozareno-voziloto-na-pratenikot-od-vmro-dpmne-petar-risteski-od-prilep/

Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Дома, пред жена, деца, родители...СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси, пишува Ковачки.

Ова е напад на пратеник, потенцира тој, и ова е сериозен удар и назадување во демократијата.

После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ.
Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ ѝ прави штета на Македонија.
Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат.
Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат сè за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат сè само за да ги остават некој месец плус на власт.
Попусто, пишува Ковачки.

СДСМ,им се обраќа тој, залудни ви се обидите. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија против Македонците.

Само за потсетување, пред околу 10-тина месеци, во екот на кампањата за локални избори, на јавноста ѝ презентиравме вибер - комуникација помеѓу припадници на МВР чија задача беше да врши насилство и закани кон членови и симпатизери на опозицијата.
Организацијата на таа група водеше до врвот на МВР, односно до советникот на министерот Спасовски, инаку роден Прилепчанец.
Иако јавно баравме да се истражи случајот и за истите да има санкции, до денеска такво нешто нема, а поединци од таа злосторничка група дури добива и парични награди за наводни прекувремени ангажирања кои никогаш не се остварени.
И сега јавно го прашувам Министерот Спасовски, кои полициски службеници ќе го истражуваат овој настан и како ќе заврши? Тие што ги наградувате или можеби ќе го пратите советникот за дрогата да ја координира акцијата?
Ковачевски и Спасовски, ги преминавте границите на пристојноста. Ова вака нема да остане. Порано или подоцна, сите сметки ќе мора да се подмират.
За крај, настрана од тоа што полтронската Влада сама се нудела да прифати сè што бараа Бугарите, сакам да укажам да не се чудите зошто ЕУ ги прифатила сите барања на Бугарите.
Затоа што гледа со какви „цивилизирани структури" во Македонија си има работа, вели тој.

The post Јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот, ноќва му гореше автомобилот appeared first on Република.

]]>

Пред 4-5 дена јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот заради задоволување на болните амбиции на Заев, Ковачевски и Османи, a оќеска е запален автомобилот на колегата Петар Ристески од Прилеп, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, полковник Драган Ковачки, нарекувајќи го ова кукавички чин позади кој, како што вели е убеден дека стојат „платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/opozareno-voziloto-na-pratenikot-od-vmro-dpmne-petar-risteski-od-prilep/
Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Дома, пред жена, деца, родители...СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси, пишува Ковачки.
Ова е напад на пратеник, потенцира тој, и ова е сериозен удар и назадување во демократијата.
После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ. Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ ѝ прави штета на Македонија. Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат. Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат сè за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат сè само за да ги остават некој месец плус на власт. Попусто, пишува Ковачки.
СДСМ,им се обраќа тој, залудни ви се обидите. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија против Македонците.
Само за потсетување, пред околу 10-тина месеци, во екот на кампањата за локални избори, на јавноста ѝ презентиравме вибер - комуникација помеѓу припадници на МВР чија задача беше да врши насилство и закани кон членови и симпатизери на опозицијата. Организацијата на таа група водеше до врвот на МВР, односно до советникот на министерот Спасовски, инаку роден Прилепчанец. Иако јавно баравме да се истражи случајот и за истите да има санкции, до денеска такво нешто нема, а поединци од таа злосторничка група дури добива и парични награди за наводни прекувремени ангажирања кои никогаш не се остварени. И сега јавно го прашувам Министерот Спасовски, кои полициски службеници ќе го истражуваат овој настан и како ќе заврши? Тие што ги наградувате или можеби ќе го пратите советникот за дрогата да ја координира акцијата? Ковачевски и Спасовски, ги преминавте границите на пристојноста. Ова вака нема да остане. Порано или подоцна, сите сметки ќе мора да се подмират. За крај, настрана од тоа што полтронската Влада сама се нудела да прифати сè што бараа Бугарите, сакам да укажам да не се чудите зошто ЕУ ги прифатила сите барања на Бугарите. Затоа што гледа со какви „цивилизирани структури" во Македонија си има работа, вели тој.

The post Јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот, ноќва му гореше автомобилот appeared first on Република.

]]>
Опожарено возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/opozareno-voziloto-na-pratenikot-od-vmro-dpmne-petar-risteski-od-prilep/ Wed, 20 Jul 2022 06:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=531258

Синоќа околу 2 часто по полноќ во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожap на автомобил на Ул. “Цар Самоил”.

Екипа со тројца пожарникари излегла на терен и за брзо време пожарот бил ставен под контрола.

Опожарени се биле две возила, акако што дознаваме истите се во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески.

Засега нема информации кој и поради која причина го подметнал пожаро, останува тоа да го открие истрагата на МВР.

The post Опожарено возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Прилеп appeared first on Република.

]]>

Синоќа околу 2 часто по полноќ во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожap на автомобил на Ул. “Цар Самоил”. Екипа со тројца пожарникари излегла на терен и за брзо време пожарот бил ставен под контрола. Опожарени се биле две возила, акако што дознаваме истите се во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески. Засега нема информации кој и поради која причина го подметнал пожаро, останува тоа да го открие истрагата на МВР.

The post Опожарено возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Прилеп appeared first on Република.

]]>
Ристески: Да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-da-prifatam-deka-makedonskiot-jazik-bil-dijalekt-od-bugarskiot-znaete-koga-kje-se-sluchi-toa-nikogash/ Fri, 15 Jul 2022 20:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=529570

За некој од вас верував дека ќе го направите ова. Некои од вас се џубокс пратеници, колку пари толку музика. но некои навистина верував и уште верувам дека има време да се премиските. А јас како што ви реков, ни мртов ова нема да ви го гласам. Ни мртов. Да ви се мочам и во договор, да ви се мочам во предавство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од денешната собраниска седница за заклучоците од францускиот предлог.

Тој истакна дека посакуваше денеска да биде поинаку и дека посакуваше сите пратеници во македонското Собрание и сите Македонци заедно, сплотено и едногласно да кажеме дека не го прифаќаме овој понижувачки предлог и дека сакаме во Европа како Македонци и непонижени.

Еднаш предавник, секогаш предавник. А не сакав да верувам, дека ќе се уверам во оваа народна изрека. Овој пат, навистина, искрено од срце посакував да биде поинаку. Да биде многу поинакви, заедно сите Македонци, пратеници во овој македонски Парламент да излезевме со народот и да кажевме не го прифаќаме овој понижувачки предлог. Ова беше моја желба, ова беше моја патриотска желба да кажеме сакаме во Европа, да сите заедно, но не понижени. Да кажеме сакаме во Европа како Македонци, со македонски јазик, цврст македонски идентитет со македонска заштитена историја, култура, традиција, рече Ристески.

Тој додаде дека ќе пробам со факти и со аргументи да ги разубеди пратениците во македонското Собрание и дека посакувал, премиерот на Република Македонија, овдека да не поздрави со крената тупаница и да речи да живее Република Македонија, посакувал истиот тој премиер на неговата држава, кога го навредуваа и негов колега му кажаа дека е премиер, за брзо, на западна Бугарија а тој се смееше како зелен, да застани цврсто и да му каже јас сум Македонец, јас сум премиер на Република Македонија.

И зошто не собра таму храброст на Еди Рама да му го каже тоа, а овдека со кренати две раце покажува некаков триумфализам, а прифатил предавство. Огромно предавство на Македонија, на македонскиот народ, запраша Ристески.

Во тој договор сте прифатиле некаква комисија која требало да ги вреднува историските факти, да ги пишува учебниците и сето тоа на проверка во Софија та оттаму да кажеле што да учат моите три деца и требало да се нафатам, да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! По никоја цена, остро одговори Ристески.

Посочи дека тој е роден во градот херој, Прилеп кој само во Втората светска војна дал 650 жртви и дека живе на 20 метри од Алеата на народните херои и Могилата на непобедените.

„Јас сум роден во Прилеп. Прилеп е град херој, дал 650 жртви само во Втората светска војна, сите убиени од бугарскиот фашистички окупатор. Дал 143 луѓе носители на споменица и 14 народни херои. Живеам на 20 метри од Могилата на непобедените, на 20 метри од Алеата на народните херои. Што ќе им кажам на моите деца кога ги шетам секој ден на парк кога поминувам покрај овие народни херои, со кој образ јас ќе ги погледнам моите родители, моите деца ако кажам дека не сум се спротивставил на ова предавство и не сум пробал да го одбранам идеалот за кој загинале тие народни херои, запраша Ристески.

Тој ги повика пратениците од парламентарното мнозинство да се откажат од прифаќањето на Францускиот предлог дури се уште има време, да се откажат и заедно да кажеме дека сакаме во Европа како Македонци со македонски јазик, македонски идентитет, македонска историја, македонска култура.

The post Ристески: Да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! appeared first on Република.

]]>

За некој од вас верував дека ќе го направите ова. Некои од вас се џубокс пратеници, колку пари толку музика. но некои навистина верував и уште верувам дека има време да се премиските. А јас како што ви реков, ни мртов ова нема да ви го гласам. Ни мртов. Да ви се мочам и во договор, да ви се мочам во предавство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од денешната собраниска седница за заклучоците од францускиот предлог. Тој истакна дека посакуваше денеска да биде поинаку и дека посакуваше сите пратеници во македонското Собрание и сите Македонци заедно, сплотено и едногласно да кажеме дека не го прифаќаме овој понижувачки предлог и дека сакаме во Европа како Македонци и непонижени.
Еднаш предавник, секогаш предавник. А не сакав да верувам, дека ќе се уверам во оваа народна изрека. Овој пат, навистина, искрено од срце посакував да биде поинаку. Да биде многу поинакви, заедно сите Македонци, пратеници во овој македонски Парламент да излезевме со народот и да кажевме не го прифаќаме овој понижувачки предлог. Ова беше моја желба, ова беше моја патриотска желба да кажеме сакаме во Европа, да сите заедно, но не понижени. Да кажеме сакаме во Европа како Македонци, со македонски јазик, цврст македонски идентитет со македонска заштитена историја, култура, традиција, рече Ристески.
Тој додаде дека ќе пробам со факти и со аргументи да ги разубеди пратениците во македонското Собрание и дека посакувал, премиерот на Република Македонија, овдека да не поздрави со крената тупаница и да речи да живее Република Македонија, посакувал истиот тој премиер на неговата држава, кога го навредуваа и негов колега му кажаа дека е премиер, за брзо, на западна Бугарија а тој се смееше како зелен, да застани цврсто и да му каже јас сум Македонец, јас сум премиер на Република Македонија. И зошто не собра таму храброст на Еди Рама да му го каже тоа, а овдека со кренати две раце покажува некаков триумфализам, а прифатил предавство. Огромно предавство на Македонија, на македонскиот народ, запраша Ристески.
Во тој договор сте прифатиле некаква комисија која требало да ги вреднува историските факти, да ги пишува учебниците и сето тоа на проверка во Софија та оттаму да кажеле што да учат моите три деца и требало да се нафатам, да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! По никоја цена, остро одговори Ристески.
Посочи дека тој е роден во градот херој, Прилеп кој само во Втората светска војна дал 650 жртви и дека живе на 20 метри од Алеата на народните херои и Могилата на непобедените.
„Јас сум роден во Прилеп. Прилеп е град херој, дал 650 жртви само во Втората светска војна, сите убиени од бугарскиот фашистички окупатор. Дал 143 луѓе носители на споменица и 14 народни херои. Живеам на 20 метри од Могилата на непобедените, на 20 метри од Алеата на народните херои. Што ќе им кажам на моите деца кога ги шетам секој ден на парк кога поминувам покрај овие народни херои, со кој образ јас ќе ги погледнам моите родители, моите деца ако кажам дека не сум се спротивставил на ова предавство и не сум пробал да го одбранам идеалот за кој загинале тие народни херои, запраша Ристески.
Тој ги повика пратениците од парламентарното мнозинство да се откажат од прифаќањето на Францускиот предлог дури се уште има време, да се откажат и заедно да кажеме дека сакаме во Европа како Македонци со македонски јазик, македонски идентитет, македонска историја, македонска култура.

The post Ристески: Да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! appeared first on Република.

]]>
Ристески: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи измени на законот за тутунот за да се заштитат тутунопроизводителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/risteski-vmro-dpmne-kje-predlozi-izmeni-na-zakonot-za-tutunot-za-da-se-zashtitat-tutunoproizvoditelite/ Tue, 04 Jan 2022 14:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=440551

Бидејќи актуелниот закон за тутунот е генератор на проблеми на тутунопроизводителите, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон да додека не се откупи домашниот тутун, да нема увоз од надвор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешната средба на пелагониските пратеници и градоначалници, додавајќи дека воедно треба да се прекине со реваншизмот кон тутунарите.

Ристески посочи и дека државата треба да воспостави контрола врз откупот бидејќи откупувачите во овој момент вршат очигледен грабеж на тутунопроизводителите иако има квалитетен производ, и недостаток на истиот.

Минатата година оправдување беше дека има вишок тутун и дека е со низок квалитет и цената достигна 159 денари, оваа година има кусок, намалено производство на тутун, склучен е договор на 22 милиони килограми, досега се произведени 19 до 20 милиони килограми, и во таква ситуација кога има недостаток, а производот е со одличен квалитет, цената е ниска од отприлика 180 денари, а реалната цена треба да е повеќе од 230 денари, рече тој.

Ристески упати апел до Државниот земјоделски инспекторат, да реагира додека не е касно, да се поддржат тутунарите.

Даваме комплетна поддршка бидејќи се работи за 30.000 семејства, а тоа се повеќе од 100.000 граѓани кои егзистираат од тутунопроизводство, но и локалните економии на регионот зависат од тоа како ќе ја наплатат својата мака тутунопроизводителите, рече Ристески.

The post Ристески: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи измени на законот за тутунот за да се заштитат тутунопроизводителите appeared first on Република.

]]>

Бидејќи актуелниот закон за тутунот е генератор на проблеми на тутунопроизводителите, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон да додека не се откупи домашниот тутун, да нема увоз од надвор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешната средба на пелагониските пратеници и градоначалници, додавајќи дека воедно треба да се прекине со реваншизмот кон тутунарите. Ристески посочи и дека државата треба да воспостави контрола врз откупот бидејќи откупувачите во овој момент вршат очигледен грабеж на тутунопроизводителите иако има квалитетен производ, и недостаток на истиот.