Петар Поп-Арсов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-pop-arsov/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 09:37:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Поп-Арсов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-pop-arsov/ 32 32 САД и ЕУ – семејна кавга во најава https://arhiva3.republika.mk/kolumni/sad-i-eu-semejna-kavga-vo-najava/ Mon, 18 Nov 2024 14:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=839252

Петар Поп-Арсов

Реизборот на Доналд Трамп за нов американски претседател очекувано наиде на бројни реакции ширум светот. Тоа се реакции со исклучително широк спектар кои одат од силно спротивставување и негодување, па се до фанатична поддршка, зачинета со надреален ентузијазам. Тоа беше сосема очекувано сценарио имајќи ја на ум сѐ поголемата поделеност која што е присутна во светот по многу основи, независно од политичките граници со кои дефинирани државните ентитети. Тоа е поделба меѓу државите, но и внатре во државите. Поделба меѓу традиционалните противници и ривали, но и меѓу оние кои што се здружени во ист пакт, сојуз или унија. Тоа е поделба чија што специфика создава комплексна слика на светот во кој живееме. Слика која што е онолку тешка за разбирање од прва, како што се тешки делата на Пикасо и останатите великани на модерната уметност.

Какво ќе биде влијанието на реизборот на Трамп на глобално ниво, особено во односите на САД со Русија, Кина, Блискиот исток и пошироко, се исклучително важни прашања?! Но, можеби најважното прашање во целава приказна е прашањето какви ќе бидат внатрешните односи со сојузниците од НАТО и пријателите од ЕУ?! Прашањата за внатрешните односи во потесното семејство или пошироката фамилија се основа за понатамошната и поширока социјална интеракција со останатиот свет. Така е според некои воспоставени норми на нашата цивилизација.

Европската унија не се ни обиде да ја сокрие својата загриженост за импликациите од враќањето на Трамп, особено во поглед на тековната сложена и нестабилна економска состојба во светот. Исходот на американските избори креира сериозни предизвици за ЕУ ​​кои потенцијално ќе влијаат на нејзината економска стабилност, надворешната политика и безбедносната рамка на Унијата и соседските региони.

Од тие причини е особено важно да се антиципираат, имаат во предвид и да се направи што е можно попрецизна анализа за политичките ефекти кои што ќе ги има реизборот на Трамп, но и за ефектите врз економијата на ЕУ, врз иднината на трансатлантскиот сојуз и врз динамиката на односите меѓу ЕУ и САД. Овие односи, економската стабилност и предвидливост се од исклучително значење за Македонија како дел од НАТО, како кандидат за членство во ЕУ и како економски, политички и безбедносно поврзана и зависна од сето ова заедно.

Ваквите анализи не можат да се остават само на пишани текстови од повеќе автори во нивните колумни, текстови во кои ги изразуваат сопствените ставови и погледи. Тоа треба да бидат сеопфатни и повеќеслојни експертски анализи на различни македонски институции, кои секоја во својата област ќе реферира за резултатите и заклучоците и ќе предлага решенија. Фанатичната поддршка и разочарувањето од исходот на американските избори треба да им се препушти на поддржувачите, навивачите, хејтерите и на сите оние кои што наоѓаат хоби, задоволство или забава во следењето на светските политички токови. Со суштинските прашања и анализи кои што го таргетират сето она што се наоѓа на сцена, зад сцена, под сцена или она што е содржано во текстот и во неговите меѓуредови, треба да се занимаваат бројните експерти кои што земаат плата од буџетот или имаат допир со парите на македонските даночни обврзници.

Така треба да биде ако сакаме правилно да се позиционираме. Ако не, да ги развееме знамињата, да навиваме на цел глас и да чекаме да заврши и оваа епизода во која ќе имаме само улога на набљудувач. Не дека би имале некоја поголема улога и доколку ги направиме сите потребни чекори како што треба, но барем во тој случај ќе фатиме место во првите редови за да можеме од поблиску да следиме и да имаме очен контакт со главните протагонисти.

Односите меѓу ЕУ и САД
Историски гледано, односите меѓу ЕУ и САД се карактеризираат со плодна децениска соработка и сојузништво проткаено со повремени меѓусебни триења. Нивните заеднички односи значително еволуирале од средината на 20 век па се до денес. Тоа е сосема нормално и разбирливо кога се работи за блиски партнери во повеќе области. Дури и денешниве „несогласувања во најава“ можат да се доживат како „нормални предизвици“ кои ги обликуваат нивните односи.

Маршаловиот план за финансиска помош за обновување на уништените европски економии може да се дефинира како почетна одредница на американско-европската поствоена соработка. Со него беа поставени темелите за трајно економско партнерство меѓу САД и Европа со што беа поттикнати силни трансатлантски врски кои ќе траат за време на студената војна. Создавањето на НАТО пактот кое што следеше беше дизајнирано за да може Западот да се спротивстави на советското влијание и да ја осигура европската безбедност. Веднаш потоа е создадена Европската заедница за јаглен и челик со што беше означен почетокот на европската интеграција, која денес ја имаме во форма на Европската унија. САД постојано ги поддржуваше ваквите напори препознавајќи го фактот дека стабилна и обединета Европа ќе послужи како сигурен економски и политички сојузник.

Ова се само основите на американско-европското партнерство кое низ текот на годините беше оплеменето со уште поцврсти врски. Ваквото партнерство и соработка гледано од страна се доживува како константа, како нешто вообичаено и како нешто кое што никогаш не може да биде доведено во прашање.

Сепак, ова партнерство повремено беше ставано на тест. Токму таа историска димензија од односите на западните партнери треба да биде предмет на интерес во дадениов момент со цел да се направи што е можно попрецизна антиципација на случувањата кои што ќе следат во мандатот на Трамп.

Историски гледано, едно од првите несогласувања меѓу западните партнери е прашањето околу контрибуциите кон НАТО, кое се појави кога САД повикаа на поголем европски придонес во алијансата. Такви несогласувања имаше и во првиот претстедателски мандат на Трамп кој постојано ги прозиваше европските сојузници да ја исполнат својата обврска кон НАТО со контрибуција од два проценти од националните буџети.

Исто така, различната перспектива на гледање на меѓународните кризи кои се појавуваа во различни периоди, ги затегнуваа односите меѓу партнерите. Пример за тоа е Суетскиот криза од 1956 г., во која САД отворено се спротивстави на француско-британската интервенција во Египет. Виетнамската војна, која што се појави во седумдесеттите години, претставуваше уште една точка на несогласување при што повеќе европски лидери го критикуваа американското инволвирање во оваа војна. Американската инвазија на Ирак во 2003 г., исто така, предизвика поделби. Најголемите ЕУ членки, Франција и Германија се спротивставија на интервенцијата оспорувајќи ја нејзината легитимност и изразувајќи загриженоста за потенцијалните последици од ваквата војна.

Енергетската криза од седумдесеттите години значително влијаеше на односите меѓу САД и сојузниците од Западна Европа. Оваа криза внесе нови сложености во нивната алијанса. Нивните разлики во пристапот кон политичките прашања поврзани со Блискиот исток, Израел и Арапскиот свет резултираа со економски последици, пред се во енергетската област и нафтата.

Но, во исто време оваа криза и несогласувања послужија како двигател кој доведе до реевалуација на енергетските политики на двете страни на Атлантикот. Тоа беше поттик за САД и Европа да инвестираат во алтернативни извори на енергија кои ја подобрија енергетската ефикасност во обид да се намали зависноста од нафтата од Блискиот Исток. Оваа криза претставува класичен пример за тоа како партнерите од состојба на затегнати односите преоѓаат во повисока фаза на соработка и во исто време претставува потврда на тоа дека постои нагласена меѓузависност на нивните економии и потреба од координирани одговори на глобалните предизвици.

Затоа, независно од политичките разлики (доколку тие навистина биле реални), економските врски меѓу САД и ЕУ континуирано се зајакнуваа во текот на целиот период. На пример, до средината на првата деценија на овој век, трансатлантската економија сочинуваше приближно 40% од глобалниот БДП и беше застапена со една третина од светските трговски текови. Тоа е доволен показател дека секоја семејна расправија на крајот од денот има за цел да го зголеми на семејниот буџет и да го подобри квалитетот на животот.

Така беше во услови кога американско-европскиот сојуз имаше неприкосновена економско-политичка доминација во светот. Денес, во услови кога Кина економски ја руши западната империја, а Русија воено парира и влегува во состојба на иницијатива, секое несогласување и тензии меѓу западните партнери ќе ја нема истата комоција како од минатото за да може неповредено да излезе домашната кавга. Кина, Русија и БРИКС веќе претставуваат сериозна сила која домашната караница може да ја поттикне да отиде до степен на семејно насилство и посериозни раздвојувања.

Од тие причини, со големо внимание треба да се гледа на новиот мандат на Доналд Трамп, кој ценето според првите показатели може да предизвика сериозни поместувања во одосите на западните партнери. На пример, неговите политика од првиот мандат, „Америка на прво место“, доведе до наметнување тарифи за европските стоки со што беа заострени економските односи. Сега е сосема очекуван стравот дека неговиот реизбор би можел повторно да ги разгори трговските несогласувања со што негативно ќе влијае на економиите во ЕУ.
Во ЕУ постои сериозна загриженост поради унилатералниот пристап во надворешната политика на Трамп и неговиот скептицизам кон мултилатералните институции. Европа тешко ја заборава неговата идеја за американското напуштање на ООН. Неговиот реизбор кај некои од европските лидери се доживува како опасност за фрагметирање на светскиот поредок со што би се усложниле напорите за справување со глобалните предизвици како што се падемиите, тероризмот и економската нестабилност.

Постои мислење дека вториот мандат на Трамп може да влијае на внатрешните политики на земјите членки на ЕУ, поконкретно во правец на охрабрување и поттикнување на разни националистички движења. Поддршката на Брегзит е дел од неговото портфолио. Ист е односот и кон неговата неподготвеност целосно да ја поддржи Украина против Русија за време на неговиот прв мандат. Овие факти во ЕУ се доживува како показател за тоа што може да се очекува од неговиот втор мандат. Веќе јасно е дека во ЕУ повторно очекуваат сериозни тензии „во семејството“, а како клучни области се наведуваат безбедноста, трговијата, климатски политики и геополитичка стабилност.

ЕУ е загрижена за сѐ она што беше погоре наведено, како можен ефект од реизборот на Трамп. Можеби со право, можеби не?! Но, тоа што во времето на Бајден се отвори војна на континентот во која ЕУ беше длабоко инволвирана, тоа што земјите од ЕУ претрпеа сериозни економски удари, беа енергетски загрозени, кинеската економија буквално ги прегазува од ден во ден, воопшто не треба да претставува предмет на загриженост и страв, нели?!

Однесувањето на европските лидери е многу нелогично и контрадикторно. Сепак тоа е нивна „семејна“ работа. На каков начин ќе излезат од семејната кавга во најава, останува да видиме! Но, не само да гледаме како неми набљудувачи, туку како активен државен субјект кој ги следи геополитичките токови и соодветно ќе се позиционира во интерес на државата и граѓаните.

The post САД и ЕУ – семејна кавга во најава appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Реизборот на Доналд Трамп за нов американски претседател очекувано наиде на бројни реакции ширум светот. Тоа се реакции со исклучително широк спектар кои одат од силно спротивставување и негодување, па се до фанатична поддршка, зачинета со надреален ентузијазам. Тоа беше сосема очекувано сценарио имајќи ја на ум сѐ поголемата поделеност која што е присутна во светот по многу основи, независно од политичките граници со кои дефинирани државните ентитети. Тоа е поделба меѓу државите, но и внатре во државите. Поделба меѓу традиционалните противници и ривали, но и меѓу оние кои што се здружени во ист пакт, сојуз или унија. Тоа е поделба чија што специфика создава комплексна слика на светот во кој живееме. Слика која што е онолку тешка за разбирање од прва, како што се тешки делата на Пикасо и останатите великани на модерната уметност. Какво ќе биде влијанието на реизборот на Трамп на глобално ниво, особено во односите на САД со Русија, Кина, Блискиот исток и пошироко, се исклучително важни прашања?! Но, можеби најважното прашање во целава приказна е прашањето какви ќе бидат внатрешните односи со сојузниците од НАТО и пријателите од ЕУ?! Прашањата за внатрешните односи во потесното семејство или пошироката фамилија се основа за понатамошната и поширока социјална интеракција со останатиот свет. Така е според некои воспоставени норми на нашата цивилизација. Европската унија не се ни обиде да ја сокрие својата загриженост за импликациите од враќањето на Трамп, особено во поглед на тековната сложена и нестабилна економска состојба во светот. Исходот на американските избори креира сериозни предизвици за ЕУ ​​кои потенцијално ќе влијаат на нејзината економска стабилност, надворешната политика и безбедносната рамка на Унијата и соседските региони. Од тие причини е особено важно да се антиципираат, имаат во предвид и да се направи што е можно попрецизна анализа за политичките ефекти кои што ќе ги има реизборот на Трамп, но и за ефектите врз економијата на ЕУ, врз иднината на трансатлантскиот сојуз и врз динамиката на односите меѓу ЕУ и САД. Овие односи, економската стабилност и предвидливост се од исклучително значење за Македонија како дел од НАТО, како кандидат за членство во ЕУ и како економски, политички и безбедносно поврзана и зависна од сето ова заедно. Ваквите анализи не можат да се остават само на пишани текстови од повеќе автори во нивните колумни, текстови во кои ги изразуваат сопствените ставови и погледи. Тоа треба да бидат сеопфатни и повеќеслојни експертски анализи на различни македонски институции, кои секоја во својата област ќе реферира за резултатите и заклучоците и ќе предлага решенија. Фанатичната поддршка и разочарувањето од исходот на американските избори треба да им се препушти на поддржувачите, навивачите, хејтерите и на сите оние кои што наоѓаат хоби, задоволство или забава во следењето на светските политички токови. Со суштинските прашања и анализи кои што го таргетират сето она што се наоѓа на сцена, зад сцена, под сцена или она што е содржано во текстот и во неговите меѓуредови, треба да се занимаваат бројните експерти кои што земаат плата од буџетот или имаат допир со парите на македонските даночни обврзници. Така треба да биде ако сакаме правилно да се позиционираме. Ако не, да ги развееме знамињата, да навиваме на цел глас и да чекаме да заврши и оваа епизода во која ќе имаме само улога на набљудувач. Не дека би имале некоја поголема улога и доколку ги направиме сите потребни чекори како што треба, но барем во тој случај ќе фатиме место во првите редови за да можеме од поблиску да следиме и да имаме очен контакт со главните протагонисти. Односите меѓу ЕУ и САД Историски гледано, односите меѓу ЕУ и САД се карактеризираат со плодна децениска соработка и сојузништво проткаено со повремени меѓусебни триења. Нивните заеднички односи значително еволуирале од средината на 20 век па се до денес. Тоа е сосема нормално и разбирливо кога се работи за блиски партнери во повеќе области. Дури и денешниве „несогласувања во најава“ можат да се доживат како „нормални предизвици“ кои ги обликуваат нивните односи. Маршаловиот план за финансиска помош за обновување на уништените европски економии може да се дефинира како почетна одредница на американско-европската поствоена соработка. Со него беа поставени темелите за трајно економско партнерство меѓу САД и Европа со што беа поттикнати силни трансатлантски врски кои ќе траат за време на студената војна. Создавањето на НАТО пактот кое што следеше беше дизајнирано за да може Западот да се спротивстави на советското влијание и да ја осигура европската безбедност. Веднаш потоа е создадена Европската заедница за јаглен и челик со што беше означен почетокот на европската интеграција, која денес ја имаме во форма на Европската унија. САД постојано ги поддржуваше ваквите напори препознавајќи го фактот дека стабилна и обединета Европа ќе послужи како сигурен економски и политички сојузник. Ова се само основите на американско-европското партнерство кое низ текот на годините беше оплеменето со уште поцврсти врски. Ваквото партнерство и соработка гледано од страна се доживува како константа, како нешто вообичаено и како нешто кое што никогаш не може да биде доведено во прашање. Сепак, ова партнерство повремено беше ставано на тест. Токму таа историска димензија од односите на западните партнери треба да биде предмет на интерес во дадениов момент со цел да се направи што е можно попрецизна антиципација на случувањата кои што ќе следат во мандатот на Трамп. Историски гледано, едно од првите несогласувања меѓу западните партнери е прашањето околу контрибуциите кон НАТО, кое се појави кога САД повикаа на поголем европски придонес во алијансата. Такви несогласувања имаше и во првиот претстедателски мандат на Трамп кој постојано ги прозиваше европските сојузници да ја исполнат својата обврска кон НАТО со контрибуција од два проценти од националните буџети. Исто така, различната перспектива на гледање на меѓународните кризи кои се појавуваа во различни периоди, ги затегнуваа односите меѓу партнерите. Пример за тоа е Суетскиот криза од 1956 г., во која САД отворено се спротивстави на француско-британската интервенција во Египет. Виетнамската војна, која што се појави во седумдесеттите години, претставуваше уште една точка на несогласување при што повеќе европски лидери го критикуваа американското инволвирање во оваа војна. Американската инвазија на Ирак во 2003 г., исто така, предизвика поделби. Најголемите ЕУ членки, Франција и Германија се спротивставија на интервенцијата оспорувајќи ја нејзината легитимност и изразувајќи загриженоста за потенцијалните последици од ваквата војна. Енергетската криза од седумдесеттите години значително влијаеше на односите меѓу САД и сојузниците од Западна Европа. Оваа криза внесе нови сложености во нивната алијанса. Нивните разлики во пристапот кон политичките прашања поврзани со Блискиот исток, Израел и Арапскиот свет резултираа со економски последици, пред се во енергетската област и нафтата. Но, во исто време оваа криза и несогласувања послужија како двигател кој доведе до реевалуација на енергетските политики на двете страни на Атлантикот. Тоа беше поттик за САД и Европа да инвестираат во алтернативни извори на енергија кои ја подобрија енергетската ефикасност во обид да се намали зависноста од нафтата од Блискиот Исток. Оваа криза претставува класичен пример за тоа како партнерите од состојба на затегнати односите преоѓаат во повисока фаза на соработка и во исто време претставува потврда на тоа дека постои нагласена меѓузависност на нивните економии и потреба од координирани одговори на глобалните предизвици. Затоа, независно од политичките разлики (доколку тие навистина биле реални), економските врски меѓу САД и ЕУ континуирано се зајакнуваа во текот на целиот период. На пример, до средината на првата деценија на овој век, трансатлантската економија сочинуваше приближно 40% од глобалниот БДП и беше застапена со една третина од светските трговски текови. Тоа е доволен показател дека секоја семејна расправија на крајот од денот има за цел да го зголеми на семејниот буџет и да го подобри квалитетот на животот. Така беше во услови кога американско-европскиот сојуз имаше неприкосновена економско-политичка доминација во светот. Денес, во услови кога Кина економски ја руши западната империја, а Русија воено парира и влегува во состојба на иницијатива, секое несогласување и тензии меѓу западните партнери ќе ја нема истата комоција како од минатото за да може неповредено да излезе домашната кавга. Кина, Русија и БРИКС веќе претставуваат сериозна сила која домашната караница може да ја поттикне да отиде до степен на семејно насилство и посериозни раздвојувања. Од тие причини, со големо внимание треба да се гледа на новиот мандат на Доналд Трамп, кој ценето според првите показатели може да предизвика сериозни поместувања во одосите на западните партнери. На пример, неговите политика од првиот мандат, „Америка на прво место“, доведе до наметнување тарифи за европските стоки со што беа заострени економските односи. Сега е сосема очекуван стравот дека неговиот реизбор би можел повторно да ги разгори трговските несогласувања со што негативно ќе влијае на економиите во ЕУ. Во ЕУ постои сериозна загриженост поради унилатералниот пристап во надворешната политика на Трамп и неговиот скептицизам кон мултилатералните институции. Европа тешко ја заборава неговата идеја за американското напуштање на ООН. Неговиот реизбор кај некои од европските лидери се доживува како опасност за фрагметирање на светскиот поредок со што би се усложниле напорите за справување со глобалните предизвици како што се падемиите, тероризмот и економската нестабилност. Постои мислење дека вториот мандат на Трамп може да влијае на внатрешните политики на земјите членки на ЕУ, поконкретно во правец на охрабрување и поттикнување на разни националистички движења. Поддршката на Брегзит е дел од неговото портфолио. Ист е односот и кон неговата неподготвеност целосно да ја поддржи Украина против Русија за време на неговиот прв мандат. Овие факти во ЕУ се доживува како показател за тоа што може да се очекува од неговиот втор мандат. Веќе јасно е дека во ЕУ повторно очекуваат сериозни тензии „во семејството“, а како клучни области се наведуваат безбедноста, трговијата, климатски политики и геополитичка стабилност. ЕУ е загрижена за сѐ она што беше погоре наведено, како можен ефект од реизборот на Трамп. Можеби со право, можеби не?! Но, тоа што во времето на Бајден се отвори војна на континентот во која ЕУ беше длабоко инволвирана, тоа што земјите од ЕУ претрпеа сериозни економски удари, беа енергетски загрозени, кинеската економија буквално ги прегазува од ден во ден, воопшто не треба да претставува предмет на загриженост и страв, нели?! Однесувањето на европските лидери е многу нелогично и контрадикторно. Сепак тоа е нивна „семејна“ работа. На каков начин ќе излезат од семејната кавга во најава, останува да видиме! Но, не само да гледаме како неми набљудувачи, туку како активен државен субјект кој ги следи геополитичките токови и соодветно ќе се позиционира во интерес на државата и граѓаните.

The post САД и ЕУ – семејна кавга во најава appeared first on Република.

]]>
Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија https://arhiva3.republika.mk/kolumni/makedonskata-eu-perspektiva-niz-prizma-na-izveshtajot-na-evropskata-komisija/ Fri, 01 Nov 2024 15:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=833136

Петар Поп-Арсов

Уште еден извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон ЕУ е пред нас. Ставен на увид пред целата јавност, која веќе има богато искуство во читањето и толкувањето на пораките сместени во годишниот рапорт на бриселската бирократија. Извештај како извештај, три напред - две назад! Добри сте, ама не чините. Со копенхашките критериуми горе-долу добро стоите, ама заостанувате со софиските, впрочем како и со атинските претходно. Класика, фолклор, ништо ново и спектакуларно.

Многу е важно уште на почетокот да се каже дека овој извештај опфаќа едногодишен период во кој Македонија имаше транзиција на власта и е предводена од две различни влади. Поради тоа, секое толкување на соддржината на извештајот во функција на меѓупартиски пресметки, е несоодветно и неприменливо. Оценките во извештајот не можат да се поделат на позитивни или негативни постигнувања за кои што се заслужни едните или другите како што до сега тоа беше пракса при објавувањето на секој извештај на Европската комисија.

Затоа, до наредниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, единствен релевантен „извештај“ кој ќе биде на сила е оној на македонските граѓани кои што го испорачаа на парламентарните избори оваа година. Каков ќе биде нивниот нов „извештај“ и дали истиот ќе се совпадне со оценките на ЕК, ќе видиме следната година наесен?! До тогаш, може слободно да кажеме дека европската перспектива на Македонија е жива и тоа веќе јасно се гледа!

Независно од неодамнешното раздвојување на Македонија со Албанија на почетокот на преговорите, процесот останува отворен и исклучително динамичен. Перспективата е јасна наспроти бројните критики и негативни коментари кои што беа упатени на адреса на македонската влада како резултат на албанскотоисчекорување напред.

А, што може да се каже во ваква ситуација? Критикуваат оние кои бараат начин да се исперат од својата одговорност поради негативениот контекст на македонските интеграции кои што самите го наметнаа. Критикуваат оние кои што нѐ убедуваа дека државата започнала со преговорите уште пред неколку години. Критикуваат оние кои што прифатија обврски за кои што не беа кадарни да ги испорачаат. Тоа е таа македонска реалполитика која игра на картата на кратко паметење, само и само да би се оствариле краткорочни интереси на една мала група политички натрапници кои ги имаа запоседнато највисоките државни функции.

Перспективата е жива! Самото доаѓање на Урсула Фон дер Лајен во Македонија е најголемиот доказ за ваквото тврдење. Македонија не може да се пофали со многу посети на претседателите на Европската комисија во минатото. Претходно беше премија понекогаш да бидеме посетени од Комесарот за проширување и за тоа се зборуваше и пишуваше со денови како за врвен дострел на македонскиот евроинтегративен процес.

Но, без разлика на нејзината посета или на сите претходни посети на официјалните претставници на ЕУ, ние не смееме нереално да гледаме на работите и ваквите посети да ги доживуваме како круцијални одредници за понатамошниот тек на македонските евроинтеграции. Едноставно кажано, претседателката на ЕК дошла во земјата кандидат, пратена е пораката за партнерскиот однос и меѓусебната соработка, и тоа е тоа. Се затвора темата за тоа дека некој не сака евроинтеграции или пак демек ЕУ има политички миленици во Македонија, од една страна, и други кои „не ги обича“, од друга страна.

Од тие причини, добро ќе бидеако ние како граѓани и севкупно општество на македонските евроинтеграции пристапуваме и гледаме на малку поинаков и покомплексен начин, поразличен од оној што до сега го имавме. Мора да престнеме да ја идеализираме ЕУ и почнеме да ја гледаме исклучиво како нешто во кое што ќе ги реализираме нашите интереси, а не обратно.На евроинтегративниот процес ќе мора да гледаме како на нешто кое што не зависи само од нас и од нашата решеност и амбиција да пристапиме кон ЕУ како држава и народ со сопствен политички и национален идентитет.

Ќе мора да почнеме да гледаме на начин со кој што ќе ги намалиме очекувањата од спектакуларни резултати после првото дофаќање на морковот ставен пред нас, ниту пак ќе го доживуваме како национална трагедија стапот кој што ќе ни го удрат, како раздвојувањето со Албанија во случајов.Ние треба да ја играме сопствената игра, сопственото оро и само така може да го движиме процесот, независно од тешкотијата која што со себе ја носи.

Радува фактот што наративот во македонската јавност станува прилично зрел и адекватен на реалноста во која што се наоѓаме. Најголемиот дел од јавноста е свесен за состојбата во која што сме доведени и затоа во тој правец ја движи дебатата во однос на ова прашање. Неоснованите критики стануваат маргинални и изолирани, а повиците и апелите за безуслувно прифаќање на сите уцени и притисоци заради „брзото“ евроинтегрирање полека исчезнуваат како некое ехо од минатото. Дали тоа значи дека и најголемите еврооптимисти,кои во минатото врескаа за ЕУ по секоја цена, стануваат свесни за реалноста како новопечени „оптимисти со искуство“?! Впечаток е дека остануваат маргинални, тивки и полека се приклучуваат кон наративот кој произлегува од суштинскиот интерес на граѓаните.

За почеток тоа е добро, ќе помогне во изградбата на консензус и оформувањето на заеднички став кој ќе го отсликува интересот на македонските граѓани. Постојано зборуваме дека токму таквиот консензус во однос на виталните државни интереси е нешто што ни недостасува, а примерите за таквото однесување ги посочуваме кај нашите соседи кои секогаш настапуваат со здружени политички сили за прашањата кои што се однесуваат на нивните национални интереси.

Треба да се огледаме на Словенија, па и на Хрватска, земји кои што ЕУ ја доживуваат на многу прагматичен начин. Земји кои што ја доживуваат како заедница од која гледаат што можат да добијат и да извлечат некаква полза, исто онака како што ја гледаа СФРЈ додека бевме заедно. Нашиот пристап кон ЕУ треба да биде ист како и нивниот, а не да го повторуваме оној што го имавме во СФРЈ односно најпрвин да се грижиме за заедничките, а дури потоа сопствените интереси. Верувам дека оние што подолго помнат ќе се согласат со ваквата констатација.

Од тие причини и Македонија треба да гледа на своите евроинтеграции на таков начин, а јавниот дискурс да се движи во тој правец. Таквиот заеднички пристап и јавен дискурс ќе и помогне на секоја владејачка гарнитура во нејзините напори за остварување на националните интереси. Нас треба да нѐ интересира нашиот бенефит интегриран во заедничкиот, но никако само заедничкиот на штета на сопствениот. Треба се бориме да го зачуваме политичкиот и националниот идентитет на државата и на народот кои се загрозени од постојаните блокади и уцени, но во исто време да не го заборавиме и економскиот интерес и се она што оди во тој пакет. Комплицирано, но мора да има движење.

Земајќи ги сите параметри во предвид, секоја подлабока анализа на извештајот во овој момент, во најмала рака е дискутабилна. Секоја темална анализа во услови кога одлуките и извештаите на една историска комисија се посилни од извештаите на Европската комисија, е надреална и апсурдна. Во услови кога ставот на едната страна од историската комисија истовремено може да претставува и копенхагеншки и бриселски критериуми за нашите евроинтеграции, читањето на извештајот на ЕК не може да се доживее поинаку освен како читање на нешто кое што претставува годишна обврска на евробирократите за да ја оправдаат својата плата.

Толку и ништо повеќе!

The post Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Уште еден извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон ЕУ е пред нас. Ставен на увид пред целата јавност, која веќе има богато искуство во читањето и толкувањето на пораките сместени во годишниот рапорт на бриселската бирократија. Извештај како извештај, три напред - две назад! Добри сте, ама не чините. Со копенхашките критериуми горе-долу добро стоите, ама заостанувате со софиските, впрочем како и со атинските претходно. Класика, фолклор, ништо ново и спектакуларно. Многу е важно уште на почетокот да се каже дека овој извештај опфаќа едногодишен период во кој Македонија имаше транзиција на власта и е предводена од две различни влади. Поради тоа, секое толкување на соддржината на извештајот во функција на меѓупартиски пресметки, е несоодветно и неприменливо. Оценките во извештајот не можат да се поделат на позитивни или негативни постигнувања за кои што се заслужни едните или другите како што до сега тоа беше пракса при објавувањето на секој извештај на Европската комисија. Затоа, до наредниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, единствен релевантен „извештај“ кој ќе биде на сила е оној на македонските граѓани кои што го испорачаа на парламентарните избори оваа година. Каков ќе биде нивниот нов „извештај“ и дали истиот ќе се совпадне со оценките на ЕК, ќе видиме следната година наесен?! До тогаш, може слободно да кажеме дека европската перспектива на Македонија е жива и тоа веќе јасно се гледа! Независно од неодамнешното раздвојување на Македонија со Албанија на почетокот на преговорите, процесот останува отворен и исклучително динамичен. Перспективата е јасна наспроти бројните критики и негативни коментари кои што беа упатени на адреса на македонската влада како резултат на албанскотоисчекорување напред. А, што може да се каже во ваква ситуација? Критикуваат оние кои бараат начин да се исперат од својата одговорност поради негативениот контекст на македонските интеграции кои што самите го наметнаа. Критикуваат оние кои што нѐ убедуваа дека државата започнала со преговорите уште пред неколку години. Критикуваат оние кои што прифатија обврски за кои што не беа кадарни да ги испорачаат. Тоа е таа македонска реалполитика која игра на картата на кратко паметење, само и само да би се оствариле краткорочни интереси на една мала група политички натрапници кои ги имаа запоседнато највисоките државни функции. Перспективата е жива! Самото доаѓање на Урсула Фон дер Лајен во Македонија е најголемиот доказ за ваквото тврдење. Македонија не може да се пофали со многу посети на претседателите на Европската комисија во минатото. Претходно беше премија понекогаш да бидеме посетени од Комесарот за проширување и за тоа се зборуваше и пишуваше со денови како за врвен дострел на македонскиот евроинтегративен процес. Но, без разлика на нејзината посета или на сите претходни посети на официјалните претставници на ЕУ, ние не смееме нереално да гледаме на работите и ваквите посети да ги доживуваме како круцијални одредници за понатамошниот тек на македонските евроинтеграции. Едноставно кажано, претседателката на ЕК дошла во земјата кандидат, пратена е пораката за партнерскиот однос и меѓусебната соработка, и тоа е тоа. Се затвора темата за тоа дека некој не сака евроинтеграции или пак демек ЕУ има политички миленици во Македонија, од една страна, и други кои „не ги обича“, од друга страна. Од тие причини, добро ќе бидеако ние како граѓани и севкупно општество на македонските евроинтеграции пристапуваме и гледаме на малку поинаков и покомплексен начин, поразличен од оној што до сега го имавме. Мора да престнеме да ја идеализираме ЕУ и почнеме да ја гледаме исклучиво како нешто во кое што ќе ги реализираме нашите интереси, а не обратно.На евроинтегративниот процес ќе мора да гледаме како на нешто кое што не зависи само од нас и од нашата решеност и амбиција да пристапиме кон ЕУ како држава и народ со сопствен политички и национален идентитет. Ќе мора да почнеме да гледаме на начин со кој што ќе ги намалиме очекувањата од спектакуларни резултати после првото дофаќање на морковот ставен пред нас, ниту пак ќе го доживуваме како национална трагедија стапот кој што ќе ни го удрат, како раздвојувањето со Албанија во случајов.Ние треба да ја играме сопствената игра, сопственото оро и само така може да го движиме процесот, независно од тешкотијата која што со себе ја носи. Радува фактот што наративот во македонската јавност станува прилично зрел и адекватен на реалноста во која што се наоѓаме. Најголемиот дел од јавноста е свесен за состојбата во која што сме доведени и затоа во тој правец ја движи дебатата во однос на ова прашање. Неоснованите критики стануваат маргинални и изолирани, а повиците и апелите за безуслувно прифаќање на сите уцени и притисоци заради „брзото“ евроинтегрирање полека исчезнуваат како некое ехо од минатото. Дали тоа значи дека и најголемите еврооптимисти,кои во минатото врескаа за ЕУ по секоја цена, стануваат свесни за реалноста како новопечени „оптимисти со искуство“?! Впечаток е дека остануваат маргинални, тивки и полека се приклучуваат кон наративот кој произлегува од суштинскиот интерес на граѓаните. За почеток тоа е добро, ќе помогне во изградбата на консензус и оформувањето на заеднички став кој ќе го отсликува интересот на македонските граѓани. Постојано зборуваме дека токму таквиот консензус во однос на виталните државни интереси е нешто што ни недостасува, а примерите за таквото однесување ги посочуваме кај нашите соседи кои секогаш настапуваат со здружени политички сили за прашањата кои што се однесуваат на нивните национални интереси. Треба да се огледаме на Словенија, па и на Хрватска, земји кои што ЕУ ја доживуваат на многу прагматичен начин. Земји кои што ја доживуваат како заедница од која гледаат што можат да добијат и да извлечат некаква полза, исто онака како што ја гледаа СФРЈ додека бевме заедно. Нашиот пристап кон ЕУ треба да биде ист како и нивниот, а не да го повторуваме оној што го имавме во СФРЈ односно најпрвин да се грижиме за заедничките, а дури потоа сопствените интереси. Верувам дека оние што подолго помнат ќе се согласат со ваквата констатација. Од тие причини и Македонија треба да гледа на своите евроинтеграции на таков начин, а јавниот дискурс да се движи во тој правец. Таквиот заеднички пристап и јавен дискурс ќе и помогне на секоја владејачка гарнитура во нејзините напори за остварување на националните интереси. Нас треба да нѐ интересира нашиот бенефит интегриран во заедничкиот, но никако само заедничкиот на штета на сопствениот. Треба се бориме да го зачуваме политичкиот и националниот идентитет на државата и на народот кои се загрозени од постојаните блокади и уцени, но во исто време да не го заборавиме и економскиот интерес и се она што оди во тој пакет. Комплицирано, но мора да има движење. Земајќи ги сите параметри во предвид, секоја подлабока анализа на извештајот во овој момент, во најмала рака е дискутабилна. Секоја темална анализа во услови кога одлуките и извештаите на една историска комисија се посилни од извештаите на Европската комисија, е надреална и апсурдна. Во услови кога ставот на едната страна од историската комисија истовремено може да претставува и копенхагеншки и бриселски критериуми за нашите евроинтеграции, читањето на извештајот на ЕК не може да се доживее поинаку освен како читање на нешто кое што претставува годишна обврска на евробирократите за да ја оправдаат својата плата. Толку и ништо повеќе!

The post Македонската ЕУ перспектива низ призма на извештајот на Европската комисија appeared first on Република.

]]>
Дупките на земјината топка https://arhiva3.republika.mk/kolumni/dupkite-na-zemjinata-topka/ Sat, 05 Oct 2024 08:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=822969

Петар Поп-Арсов

Живееме во време на сериозни глобални и континентални промени. Време во кое се ставени на испит сите придобивки и постигнувања кои во вид на интегративни процеси го обликуваа светскиот поредок и меѓународните односи по Втората светска војна и потоа. Ако падот на Берлин ја претставуваше почетокот на првата фаза на интегративните процеси во Европа и светот, падот на Берлинскиот ѕид и железната завеса беа почетокот на втората фаза на интеграцијата на европскиот континет.

Можеби некој за деведесетите години ќе рече дека биле години на дезинтеграција, распаѓање на Варшавскиот пакт, СССР или СФРЈ, но факт е дека тоа беше само пукање на вештачки создаваниот меур кој некогаш мораше да пукне поради општествените и економските закономерности. Токму таквата дезинтеграција претставуваше акцелератор на новата фаза на интеграција на европско тло во кое секоја од земјите си го најде своето место. Германија се обедини, поранешните земји членки на Варшавскиот пакт се интегрираа во НАТО и ЕУ. Истото се однесува и на дел од државите од поранешна СФРЈ. Земјите кои се оформија по распадот на СССР се во слична ситуација. Дел веќе се во НАТО и ЕУ, а дел се претенденти и кандидати за членство во овие сојузи.

Независно од тоа што интегративните процеси на европскиот континент, особено во поглед на зачленувањето во ЕУ сè уште не се комплетирани, за европските земји постои уште една организација која што го артикулира нивниот интерес. Советот на Европа, организацијата која што во себе го интегрираше целиот континент. Токму Советот на Европа е најголемата додадена вредност која на државите кои се формираа во деведесетите години им создаде простор и услови за повисок стадиум на меѓусебна интеграција. Советот на Европа беше организацијата која дезинтегративните процеси и процесите на распаѓање ги трансформираше во интегративни и здружувачки.

Како е сега?

Какви се процесите на глобално ниво, но особено на европскиот континент кој е наш приоритетен интерес?!

Она што требаше да претставува одамна завршена работа во поглед на полноправното членство во ЕУ на Македонија, Србија и Црна Гора е далеку од крајната цел. Тешко е да се прогнозира крајниот исход од процесот, а уште потешко датумот на целосната интеграција на овие земји. Албанија има некој напредок, иако до пред само две-три години негодувавме поради тоа што како држава бевме ставени во ист пакет на интеграции со западниот сосед. Тогаш постоеше чувство дека Македонија е далеку пред Албанија, чувство кое што се засноваше на долготрајниот и упорен процес на усогласување на македонското со европското законодавство и на бројните позитивни оценки на Европската комисија за подготвеноста на земјата да го започне процесот на преговори.

Не е целта на текстов да навлегуваме во суштината и причините за тоа зошто Македонија, Србија и Црна Гора сè уште се заглавени во процесот на ЕУ интеграциите, туку да го илустрираме моментот на забавена интеграција која многу лесно може да се претвори во процес дезинтеграција.

Во Европа се води жестока и крвава војна. Русија веќе е надвор од Советот на Европа, исклучена токму поради војната во Украина. Тоа е приказна за себе која трае и се развива и која има глобални импликации. Војната во Украина го стави на тест единството на западните сојузници од ЕУ и НАТО, но истовремено влијаеше на забрзано меѓусебно  приближување и интегрирање на други земји во светот кои во тоа ја видоа својата шанса да ги зајакнат сопствените позиции и да ја предизвикаат американската и европската економско-политичка и воена доминација.

Како што секогаш се случува, процесите на дезинтеграција создаваат услови за отворање на нови процеси на интеграција, за што сведочи новата глобална структура која се формираше и расне под името БРИКС. Оваа структура е резултат на новонастанатите состојби во светот, но првенствено како израз на незадоволство поради сеприсутната доминација на западниот свет врз сите глобалнообединувачки меѓународни организации.

Во последниве години земјите од БРИКС, но и земјите од африканскиот континент, вршат сериозен притисок врз Организацијата на обединети нации за спроведување на темелни реформи, тврдејќи дека постои претерана и несоодветна доминација од страна на глобалниот запад, особено во Советот за безбедност. Независно од фактот што Русија и Кина се две од петте земји кои имаат право на вето во рамки на Советот за безбедност, правото на вето кое што го имаат трите преостанати земји, САД, Франција и Обединетото кралство, во останатиот дел од светот се доживува како „несоодветна и неправична застапеност“ во највлијателниот орган на ОН.

Земјите од БРИКС долго време се залагаат за реформирање на структурите на меѓународно управување, вклучително и Обединетите нации. Тие постојано изразуваат загриженост во однос на сегашните системи на глобално владеење тврдејќи дека истите не ја одразуваат соодветно геополитичката и економската реалност на 21 век.

Овој став го застапуваат неколку земји од БРИКС кои сметаат дека нивната застапеност во бројот на глобалното население и економскиот придонес треба да биде соодветно валоризиран во меѓународните институции. Тука поконкретно се мисли на Советот за безбедност на ОН каде што Бразил, Индија и Јужна Африка немаат постојани место. Земјите на БРИКС многу често ги напаѓаат и критикуваат постоечките системи на меѓународно управување тврдејќи дека овие системи  ги фаворизираат западните земји, особено во процесите на донесувањето на одлуки во политички и финансиски организации како што се ОН и Меѓународниот монетарен фонд. Ова чувство е поткрепено со перцепцијата дека геополитичките и економските интереси на западните земји се приоритетни пред оние на незападните земји, особено во критичните области како што се човековите права, меѓународната безбедност и глобалните економски политики.

Русија и Кина се земјите кои постојано изразуваат негодување поради примената на двојни стандарди. Тие сметаат дека нивните домашни политики во однос на заштитата на човековите права се следат под микроскоп, за разлика од третманот на сличните прашања во западните земји. Тие тврдат дека западните земји често се залагаат за заштита на човекови права во странство, додека ги занемаруваат прекршувањата во нивниот двор.

Дополнително на позициите на земјите од БРИКС, педесет и четири африкански земји кои што претставуваат скоро 30% од членките на ООН, исто така немаат постојано место во Советот за безбедност. Oва точка на несогласување ги поттикнува овие нации да бараат поголемо влијание во процесите на донесување одлуки во ООН со цел нивното колективно, демографско и регионално значење да биде соодветно претставено. Исто така, африканските земји ја критикуваат и доминацијата на западот во големите глобални финансиски институции како што се  Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Нив ги сметаат за организации кои ги маргинализираат економиите во развој.

Дали ваквото незадоволство кај голем дел од земјите членки на ООН ќе поттикне процес на дезинтеграција и нивно напуштање на оваа стожерна меѓународна организација на глобално ниво?

Праксата говори за тоа дека до сега такво нешто се нема случено. До денеска неколку земји флертувале со идејата за напуштање на ООН, најмногу заради изразување на незадоволство. Такви се случаите со Индонезија од 1965 година, Филипините од 2016, па дури и САД преку Американскиот акт за обновување на суверенитетот од 2017 година.

Сепак, до ден денешен не се превземени конкретни акции, а ваквите активности од поедини политичари или групи во рамки на споменатите земји се толкуваат како симболични гестови без суштинска политичка и правна завршница. Ваквите примери укажуваат на тоа дека заканите за повлекување од ООН се користат повеќе како алатки за постигнување домашни и меѓународни политички цели отколку како индикатори за реалните промени во политиката.

Така беше до сега! Како ќе биде понатаму, останува да видиме?!

Исклучувањето/напуштањето на Русија од/на Советот на Европа укажува на тоа дека е помината црвената линија и дека опасност од создавање на поголеми пукнатини во рамки на меѓународните организации сепак постои. Кокетирањето на НАТО членката, Турција, и нејзината апликација за членство во БРИКС говори за тоа дека блефирањето и декларативноста можат многу лесно да бидат заменети со конкретни чекори. Сето тоа може да има сериозно влијание врз постоечките меѓународни односи и да оди во правец на создавање на сосема нов поредок.

И како круна на се, можната ескалација на војната на Блискиот исток може сериозно да ги забрза овие процеси. Во такви услови кошкањата во рамки на меѓународните организации ќе претставува вистинска премија за светот и човештвото во споредба со евентуалната ескалација до степен на трета светска војна.

Затоа, колку и да изгледа минорно и безначајно македонското интегрирање во Европската унија во споредба со големите игри и движења на глобусот, истото треба да се менаџира со исклучителна сериозност, како од наша, така и од европска страна. Издвојувањето на Македонија од Албанија и оставањето во чекалната може да создаде мала, но слаба точка во европската политика. За зачувување на регионалната и пошироката стабилност на земјината топка треба да се води грижа за сите точки колку и да изгледаат малечки. Сепак, на крајот од денот секоја топка може да биде дупната само во една, малечка точка.

The post Дупките на земјината топка appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Живееме во време на сериозни глобални и континентални промени. Време во кое се ставени на испит сите придобивки и постигнувања кои во вид на интегративни процеси го обликуваа светскиот поредок и меѓународните односи по Втората светска војна и потоа. Ако падот на Берлин ја претставуваше почетокот на првата фаза на интегративните процеси во Европа и светот, падот на Берлинскиот ѕид и железната завеса беа почетокот на втората фаза на интеграцијата на европскиот континет. Можеби некој за деведесетите години ќе рече дека биле години на дезинтеграција, распаѓање на Варшавскиот пакт, СССР или СФРЈ, но факт е дека тоа беше само пукање на вештачки создаваниот меур кој некогаш мораше да пукне поради општествените и економските закономерности. Токму таквата дезинтеграција претставуваше акцелератор на новата фаза на интеграција на европско тло во кое секоја од земјите си го најде своето место. Германија се обедини, поранешните земји членки на Варшавскиот пакт се интегрираа во НАТО и ЕУ. Истото се однесува и на дел од државите од поранешна СФРЈ. Земјите кои се оформија по распадот на СССР се во слична ситуација. Дел веќе се во НАТО и ЕУ, а дел се претенденти и кандидати за членство во овие сојузи. Независно од тоа што интегративните процеси на европскиот континент, особено во поглед на зачленувањето во ЕУ сè уште не се комплетирани, за европските земји постои уште една организација која што го артикулира нивниот интерес. Советот на Европа, организацијата која што во себе го интегрираше целиот континент. Токму Советот на Европа е најголемата додадена вредност која на државите кои се формираа во деведесетите години им создаде простор и услови за повисок стадиум на меѓусебна интеграција. Советот на Европа беше организацијата која дезинтегративните процеси и процесите на распаѓање ги трансформираше во интегративни и здружувачки. Како е сега? Какви се процесите на глобално ниво, но особено на европскиот континент кој е наш приоритетен интерес?! Она што требаше да претставува одамна завршена работа во поглед на полноправното членство во ЕУ на Македонија, Србија и Црна Гора е далеку од крајната цел. Тешко е да се прогнозира крајниот исход од процесот, а уште потешко датумот на целосната интеграција на овие земји. Албанија има некој напредок, иако до пред само две-три години негодувавме поради тоа што како држава бевме ставени во ист пакет на интеграции со западниот сосед. Тогаш постоеше чувство дека Македонија е далеку пред Албанија, чувство кое што се засноваше на долготрајниот и упорен процес на усогласување на македонското со европското законодавство и на бројните позитивни оценки на Европската комисија за подготвеноста на земјата да го започне процесот на преговори. Не е целта на текстов да навлегуваме во суштината и причините за тоа зошто Македонија, Србија и Црна Гора сè уште се заглавени во процесот на ЕУ интеграциите, туку да го илустрираме моментот на забавена интеграција која многу лесно може да се претвори во процес дезинтеграција. Во Европа се води жестока и крвава војна. Русија веќе е надвор од Советот на Европа, исклучена токму поради војната во Украина. Тоа е приказна за себе која трае и се развива и која има глобални импликации. Војната во Украина го стави на тест единството на западните сојузници од ЕУ и НАТО, но истовремено влијаеше на забрзано меѓусебно  приближување и интегрирање на други земји во светот кои во тоа ја видоа својата шанса да ги зајакнат сопствените позиции и да ја предизвикаат американската и европската економско-политичка и воена доминација. Како што секогаш се случува, процесите на дезинтеграција создаваат услови за отворање на нови процеси на интеграција, за што сведочи новата глобална структура која се формираше и расне под името БРИКС. Оваа структура е резултат на новонастанатите состојби во светот, но првенствено како израз на незадоволство поради сеприсутната доминација на западниот свет врз сите глобалнообединувачки меѓународни организации. Во последниве години земјите од БРИКС, но и земјите од африканскиот континент, вршат сериозен притисок врз Организацијата на обединети нации за спроведување на темелни реформи, тврдејќи дека постои претерана и несоодветна доминација од страна на глобалниот запад, особено во Советот за безбедност. Независно од фактот што Русија и Кина се две од петте земји кои имаат право на вето во рамки на Советот за безбедност, правото на вето кое што го имаат трите преостанати земји, САД, Франција и Обединетото кралство, во останатиот дел од светот се доживува како „несоодветна и неправична застапеност“ во највлијателниот орган на ОН. Земјите од БРИКС долго време се залагаат за реформирање на структурите на меѓународно управување, вклучително и Обединетите нации. Тие постојано изразуваат загриженост во однос на сегашните системи на глобално владеење тврдејќи дека истите не ја одразуваат соодветно геополитичката и економската реалност на 21 век. Овој став го застапуваат неколку земји од БРИКС кои сметаат дека нивната застапеност во бројот на глобалното население и економскиот придонес треба да биде соодветно валоризиран во меѓународните институции. Тука поконкретно се мисли на Советот за безбедност на ОН каде што Бразил, Индија и Јужна Африка немаат постојани место. Земјите на БРИКС многу често ги напаѓаат и критикуваат постоечките системи на меѓународно управување тврдејќи дека овие системи  ги фаворизираат западните земји, особено во процесите на донесувањето на одлуки во политички и финансиски организации како што се ОН и Меѓународниот монетарен фонд. Ова чувство е поткрепено со перцепцијата дека геополитичките и економските интереси на западните земји се приоритетни пред оние на незападните земји, особено во критичните области како што се човековите права, меѓународната безбедност и глобалните економски политики. Русија и Кина се земјите кои постојано изразуваат негодување поради примената на двојни стандарди. Тие сметаат дека нивните домашни политики во однос на заштитата на човековите права се следат под микроскоп, за разлика од третманот на сличните прашања во западните земји. Тие тврдат дека западните земји често се залагаат за заштита на човекови права во странство, додека ги занемаруваат прекршувањата во нивниот двор. Дополнително на позициите на земјите од БРИКС, педесет и четири африкански земји кои што претставуваат скоро 30% од членките на ООН, исто така немаат постојано место во Советот за безбедност. Oва точка на несогласување ги поттикнува овие нации да бараат поголемо влијание во процесите на донесување одлуки во ООН со цел нивното колективно, демографско и регионално значење да биде соодветно претставено. Исто така, африканските земји ја критикуваат и доминацијата на западот во големите глобални финансиски институции како што се  Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Нив ги сметаат за организации кои ги маргинализираат економиите во развој. Дали ваквото незадоволство кај голем дел од земјите членки на ООН ќе поттикне процес на дезинтеграција и нивно напуштање на оваа стожерна меѓународна организација на глобално ниво? Праксата говори за тоа дека до сега такво нешто се нема случено. До денеска неколку земји флертувале со идејата за напуштање на ООН, најмногу заради изразување на незадоволство. Такви се случаите со Индонезија од 1965 година, Филипините од 2016, па дури и САД преку Американскиот акт за обновување на суверенитетот од 2017 година. Сепак, до ден денешен не се превземени конкретни акции, а ваквите активности од поедини политичари или групи во рамки на споменатите земји се толкуваат како симболични гестови без суштинска политичка и правна завршница. Ваквите примери укажуваат на тоа дека заканите за повлекување од ООН се користат повеќе како алатки за постигнување домашни и меѓународни политички цели отколку како индикатори за реалните промени во политиката. Така беше до сега! Како ќе биде понатаму, останува да видиме?! Исклучувањето/напуштањето на Русија од/на Советот на Европа укажува на тоа дека е помината црвената линија и дека опасност од создавање на поголеми пукнатини во рамки на меѓународните организации сепак постои. Кокетирањето на НАТО членката, Турција, и нејзината апликација за членство во БРИКС говори за тоа дека блефирањето и декларативноста можат многу лесно да бидат заменети со конкретни чекори. Сето тоа може да има сериозно влијание врз постоечките меѓународни односи и да оди во правец на создавање на сосема нов поредок. И како круна на се, можната ескалација на војната на Блискиот исток може сериозно да ги забрза овие процеси. Во такви услови кошкањата во рамки на меѓународните организации ќе претставува вистинска премија за светот и човештвото во споредба со евентуалната ескалација до степен на трета светска војна. Затоа, колку и да изгледа минорно и безначајно македонското интегрирање во Европската унија во споредба со големите игри и движења на глобусот, истото треба да се менаџира со исклучителна сериозност, како од наша, така и од европска страна. Издвојувањето на Македонија од Албанија и оставањето во чекалната може да создаде мала, но слаба точка во европската политика. За зачувување на регионалната и пошироката стабилност на земјината топка треба да се води грижа за сите точки колку и да изгледаат малечки. Сепак, на крајот од денот секоја топка може да биде дупната само во една, малечка точка.

The post Дупките на земјината топка appeared first on Република.

]]>
Турција меѓу ЕУ и БРИКС https://arhiva3.republika.mk/kolumni/turtsija-megu-eu-i-briks/ Mon, 16 Sep 2024 13:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=816800

Петар Поп-Арсов

Во очекување на исходот од американските претседателски избори кои ќе претставуваат кулминација на оваа изборна 2024 година на глобално ниво, може слободно да кажеме  дека се забележуваат сериозни активности и поместувања кај повеќе земји во светот. Овие активности имаат за цел да им овозможат нивно подготвено влегување во новиот четиригодишен циклус на светската политика. Досегашната пракса покажа дека американските претседателски избори во голема мера ги определуваат насоките во кои се движи светот во четирите години мандатен период на американските претседатели.

Сепак, мора да признаеме дека се наметнува едно ново прашање, дали ова ќе бидат последните четири години на доминантното американско влијание после кое ќе дојде до создавање на мултилопарен свет или приказната за американската доминација ќе продолжи и понатаму? Непобитен факт e дека американските претседателски избори не се само внатрешна политичка трка на Соединетите Американски Држави, туку тие воедно индуцираат паралелни трки, групирања и прегрупирања насекаде во светот.

Војната во Украина е една од точките во кои може да се види влијанието на претстојните избори. Таму се трча последниот круг пред ноемвриските избори со намера да се стекне што е можно подобра позиција на стартно-целната рамнина. Веќе почна да се зборува за некакви мировни преговори и веќе гледаме раздвижување на тешките политички и дипломатски фигури кои можат да посредуваат во овој судир.

Се прават напори и за гаснење на пожарот и во Израел и Газа и превенирање на конфликт од пошироки размери. Во исто време гледаме и друг тип на политичко економски активности кои буквално од корен можат да влијаат на менувањето досегашната поставеност на светскиот распоред на силите.

Турција поднесе апликација за членство во БРИКС!

Да, земјата членка на НАТО, земјата кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен партнер на политичкиот запад, на почетокот на овој месец официјално ја поднесе својата кандидатура за влегување во сојуз со Русија, Кина и останатите. Навистина интересен потег кој претставува сериозна провокација за западните сојузници во предвечерието на американските претседателски избори.

Турција беше силен политички поддржувач и партнер на политиките на САД во однос на војната во Сирија во времето на Обама. Таа е земјата која собори руски борбен авион за време на истата таа војна. Во Турција беше извршен атентат и убиен руски амбасадор. Тоа беа политики и настани кои што предизвикаа сериозни потреси и заладување на односите со официјална Москва.

Во Турција беше спроведен неуспешен државен удар, во случајов настан кој што претставуваше пресвртница и затоплување на турските односи со Русија, од една страна, и заладување на односите со западните партнери, од друга страна. Турција е земјата која беше најзначајниот фактор во заштитата на Европа од бегалските и мигрантски бранови кои го загрозија континентот. Земја чија што дипломатија беше блиску да спречи ескалирање на денешната руско-украинска војна.

Сега Турција е земјата која бара да влезе во БРИКС.

Навистина впечатливи трансформации на надворешните политики на една земја која претставува сериозна економска и воена регионална сила. Какво ќе биде влијанието на ваквиот турски потег врз политиките на ЕУ и САД и дали ќе има промени во односот кон Турција како последица на нејзините аспирации за членство во БРИКС, останува да видиме?

Дали овој потег на Турција е оправдан?

Ако се земе во предвид досегашниот процес на турските евроинтеграции, некои би рекле дека е и повеќе од оправдан! Дали апликацијата за членството во БРИКС, како алтернатива на членството во ЕУ е решение за турските бесконечни преговори со ЕУ? Дали Турција навистина сака да влезе во БРИКС или само сака да изврши притисок врз ЕУ со цел да го финализира процесот на пристапување, и за тоа ќе треба да почекаме да видиме?

Легитимноста на вака поставеното прашање лежи во фактот што, ако се сеќаваме, Турција на почетокот беше противник на зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, за потоа, после добивање на одредени концесии да ја крене рампата за овие две земји.  Ќе се случи ли слично сценарио и во овој случај или Турција навистина ќе помине од другата страна на улицата во прегратките на економската конкуренција на САД и ЕУ?

Турскиот пат за придружување кон ЕУ е најдолгиот и еден од најкомплексните процеси во споредба со останатите земји кандидати, како и оние кои некогаш биле кандидати, а денес се полноправни членки на ЕУ. Со формална апликација поднесена во 1997 година, Турција се здобива со кандидатски статус во 1999 година, а преговорите официјално ги започнува во 2005 година. Од тогаш до денес има отворено шеснаесет, а затворенорено само едно поглавје. Ваквиот бавен процес се должи на политички и економски пречки, како и прашања од областа на заштитата на човековите права.

Процесот на преговори беше запрен во 2019 година, највеќе поради назадување на демократските процеси во земјата, прашањата поврзани со Кипар и напнатоста која што се појави меѓу ЕУ и Турција како последица на обидот за државен удар во земјата во 2016 година.

За разлика од Турција, некои од сегашните земји членки, како што се Австрија, Финска и Шведска, станаа земји членки на ЕУ после само две години на преговарање. Најдолги преговори имаа Малта и Кипар на кои им требаа четиринаесет години за да го завршат процесот. Ако на Турците им претставува некаква утеха, Македонија е апликант од 2004 година и го има вториот најдолг евроинтегративен процес, со сѐ уште неизвесен исход.

Ако се земе во предвид дека просекот на евроинтегративниот процес од земја апликант до земја полноправен член на ЕУ изнесува девет години, тогаш дефинитивно тридеценискиот турски пат кон ЕУ претставува сериозна причина за нејзината неодамнешна апликација за членство во БРИКС. Со тоа доаѓаме до одговорот на прашањето поврзано со оправданоста на турскиот потег за апликација кон БРИКС.

Иако после сѐ што се случуваше во изминатите десетина години на релација Брисел – Анкара и блокадите кои што и беа наметнувани на Турција, во последно време сме сведоци дека во 2024 година ЕУ започна да прави напори да ги зајакне и продлабочи трговските односи со Турција. Може слободно да се каже дека сето ова претставува директна последица на турските најави за приближување кон БРИКС предизвикано од разочарувањето поради застојот на евроинтегративниот процес. Тоа е таа класична реактивна политика на „заспаната убавивица“ од Брисел.

Имено, во обид повторно да го заживее процесот, ЕУ претстави сеопфатна стратегија која се заснова на три столба. Овој план вклучува зајакнување на дипломатските ангажмани на високо ниво, продолжување на работата на Европската инвестициска банка во Турција и модернизирање на постојната царинска унија. Овие иницијативи се дел од пошироката цел на ЕУ за обезбедување соработка со Турција, особено во услови на тековните геополитички тензии, вклучително и руската војна во Украина. Турската геостратешка позиција е клучна за ЕУ во однос на контролата на миграциските процеси, како и за одбрамбената рамка на НАТО.

Закочените разговори за пристапување на Турција во ЕУ, заедно со чувството на занемареност на нејзините безбедносни интереси од страна на нејзините западни сојузници, ја мотивираа земјата да истражува алтернативи како што е БРИКС, организација во која доминираат големите економии во развој Кина и Индија. Од економска перспектива Турција го гледа БРИКС како можност да ги зајакне своите врски со големите растечки пазари. Турција веќе има значителни трговски односи со Кина, при што приклучувањето кон БРИКС може да обезбеди дополнителен пристап до пазарите во Русија, Индија и Бразил. Со неодамнешното проширување на БРИКС со земји како Египет, Емиратите и Иран, Турција го гледа членството како начин да го зајакне своето влијание во пошироко глобално ниво. Згора на сѐ, неодамнешните разговори меѓу Ердоган и Путин резултираа со нагласување на намерата на Турција да ги зајакне врските со БРИКС, за што беше добиена поддршка од Русија во однос на турските аспирации.

Сето ова заедно фрла сериозно светло врз Турција и врз нејзината улога на светската политичка сцена. Земјата јасно го потенцира променетиот фокус на нејзините надворешнополитички приоритети со што Турција станува посакуван партнер за сите страни. Партнер кој ја забележува својата шанса и прави сериозни чекори за искористување на сопствените пет минути.

 

The post Турција меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Во очекување на исходот од американските претседателски избори кои ќе претставуваат кулминација на оваа изборна 2024 година на глобално ниво, може слободно да кажеме  дека се забележуваат сериозни активности и поместувања кај повеќе земји во светот. Овие активности имаат за цел да им овозможат нивно подготвено влегување во новиот четиригодишен циклус на светската политика. Досегашната пракса покажа дека американските претседателски избори во голема мера ги определуваат насоките во кои се движи светот во четирите години мандатен период на американските претседатели. Сепак, мора да признаеме дека се наметнува едно ново прашање, дали ова ќе бидат последните четири години на доминантното американско влијание после кое ќе дојде до создавање на мултилопарен свет или приказната за американската доминација ќе продолжи и понатаму? Непобитен факт e дека американските претседателски избори не се само внатрешна политичка трка на Соединетите Американски Држави, туку тие воедно индуцираат паралелни трки, групирања и прегрупирања насекаде во светот. Војната во Украина е една од точките во кои може да се види влијанието на претстојните избори. Таму се трча последниот круг пред ноемвриските избори со намера да се стекне што е можно подобра позиција на стартно-целната рамнина. Веќе почна да се зборува за некакви мировни преговори и веќе гледаме раздвижување на тешките политички и дипломатски фигури кои можат да посредуваат во овој судир. Се прават напори и за гаснење на пожарот и во Израел и Газа и превенирање на конфликт од пошироки размери. Во исто време гледаме и друг тип на политичко економски активности кои буквално од корен можат да влијаат на менувањето досегашната поставеност на светскиот распоред на силите.

Турција поднесе апликација за членство во БРИКС!

Да, земјата членка на НАТО, земјата кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен партнер на политичкиот запад, на почетокот на овој месец официјално ја поднесе својата кандидатура за влегување во сојуз со Русија, Кина и останатите. Навистина интересен потег кој претставува сериозна провокација за западните сојузници во предвечерието на американските претседателски избори. Турција беше силен политички поддржувач и партнер на политиките на САД во однос на војната во Сирија во времето на Обама. Таа е земјата која собори руски борбен авион за време на истата таа војна. Во Турција беше извршен атентат и убиен руски амбасадор. Тоа беа политики и настани кои што предизвикаа сериозни потреси и заладување на односите со официјална Москва. Во Турција беше спроведен неуспешен државен удар, во случајов настан кој што претставуваше пресвртница и затоплување на турските односи со Русија, од една страна, и заладување на односите со западните партнери, од друга страна. Турција е земјата која беше најзначајниот фактор во заштитата на Европа од бегалските и мигрантски бранови кои го загрозија континентот. Земја чија што дипломатија беше блиску да спречи ескалирање на денешната руско-украинска војна. Сега Турција е земјата која бара да влезе во БРИКС. Навистина впечатливи трансформации на надворешните политики на една земја која претставува сериозна економска и воена регионална сила. Какво ќе биде влијанието на ваквиот турски потег врз политиките на ЕУ и САД и дали ќе има промени во односот кон Турција како последица на нејзините аспирации за членство во БРИКС, останува да видиме?

Дали овој потег на Турција е оправдан?

Ако се земе во предвид досегашниот процес на турските евроинтеграции, некои би рекле дека е и повеќе од оправдан! Дали апликацијата за членството во БРИКС, како алтернатива на членството во ЕУ е решение за турските бесконечни преговори со ЕУ? Дали Турција навистина сака да влезе во БРИКС или само сака да изврши притисок врз ЕУ со цел да го финализира процесот на пристапување, и за тоа ќе треба да почекаме да видиме? Легитимноста на вака поставеното прашање лежи во фактот што, ако се сеќаваме, Турција на почетокот беше противник на зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, за потоа, после добивање на одредени концесии да ја крене рампата за овие две земји.  Ќе се случи ли слично сценарио и во овој случај или Турција навистина ќе помине од другата страна на улицата во прегратките на економската конкуренција на САД и ЕУ? Турскиот пат за придружување кон ЕУ е најдолгиот и еден од најкомплексните процеси во споредба со останатите земји кандидати, како и оние кои некогаш биле кандидати, а денес се полноправни членки на ЕУ. Со формална апликација поднесена во 1997 година, Турција се здобива со кандидатски статус во 1999 година, а преговорите официјално ги започнува во 2005 година. Од тогаш до денес има отворено шеснаесет, а затворенорено само едно поглавје. Ваквиот бавен процес се должи на политички и економски пречки, како и прашања од областа на заштитата на човековите права. Процесот на преговори беше запрен во 2019 година, највеќе поради назадување на демократските процеси во земјата, прашањата поврзани со Кипар и напнатоста која што се појави меѓу ЕУ и Турција како последица на обидот за државен удар во земјата во 2016 година. За разлика од Турција, некои од сегашните земји членки, како што се Австрија, Финска и Шведска, станаа земји членки на ЕУ после само две години на преговарање. Најдолги преговори имаа Малта и Кипар на кои им требаа четиринаесет години за да го завршат процесот. Ако на Турците им претставува некаква утеха, Македонија е апликант од 2004 година и го има вториот најдолг евроинтегративен процес, со сѐ уште неизвесен исход. Ако се земе во предвид дека просекот на евроинтегративниот процес од земја апликант до земја полноправен член на ЕУ изнесува девет години, тогаш дефинитивно тридеценискиот турски пат кон ЕУ претставува сериозна причина за нејзината неодамнешна апликација за членство во БРИКС. Со тоа доаѓаме до одговорот на прашањето поврзано со оправданоста на турскиот потег за апликација кон БРИКС. Иако после сѐ што се случуваше во изминатите десетина години на релација Брисел – Анкара и блокадите кои што и беа наметнувани на Турција, во последно време сме сведоци дека во 2024 година ЕУ започна да прави напори да ги зајакне и продлабочи трговските односи со Турција. Може слободно да се каже дека сето ова претставува директна последица на турските најави за приближување кон БРИКС предизвикано од разочарувањето поради застојот на евроинтегративниот процес. Тоа е таа класична реактивна политика на „заспаната убавивица“ од Брисел. Имено, во обид повторно да го заживее процесот, ЕУ претстави сеопфатна стратегија која се заснова на три столба. Овој план вклучува зајакнување на дипломатските ангажмани на високо ниво, продолжување на работата на Европската инвестициска банка во Турција и модернизирање на постојната царинска унија. Овие иницијативи се дел од пошироката цел на ЕУ за обезбедување соработка со Турција, особено во услови на тековните геополитички тензии, вклучително и руската војна во Украина. Турската геостратешка позиција е клучна за ЕУ во однос на контролата на миграциските процеси, како и за одбрамбената рамка на НАТО. Закочените разговори за пристапување на Турција во ЕУ, заедно со чувството на занемареност на нејзините безбедносни интереси од страна на нејзините западни сојузници, ја мотивираа земјата да истражува алтернативи како што е БРИКС, организација во која доминираат големите економии во развој Кина и Индија. Од економска перспектива Турција го гледа БРИКС како можност да ги зајакне своите врски со големите растечки пазари. Турција веќе има значителни трговски односи со Кина, при што приклучувањето кон БРИКС може да обезбеди дополнителен пристап до пазарите во Русија, Индија и Бразил. Со неодамнешното проширување на БРИКС со земји како Египет, Емиратите и Иран, Турција го гледа членството како начин да го зајакне своето влијание во пошироко глобално ниво. Згора на сѐ, неодамнешните разговори меѓу Ердоган и Путин резултираа со нагласување на намерата на Турција да ги зајакне врските со БРИКС, за што беше добиена поддршка од Русија во однос на турските аспирации. Сето ова заедно фрла сериозно светло врз Турција и врз нејзината улога на светската политичка сцена. Земјата јасно го потенцира променетиот фокус на нејзините надворешнополитички приоритети со што Турција станува посакуван партнер за сите страни. Партнер кој ја забележува својата шанса и прави сериозни чекори за искористување на сопствените пет минути.  

The post Турција меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>
„One stop shop“ – Системот со фабричка грешка https://arhiva3.republika.mk/kolumni/one-stop-shop-sistemot-so-fabrichka-greshka/ Wed, 21 Aug 2024 13:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=807993

Петар Поп-Арсов

Гужвите, долгите колони и чекањето со часови на граничните премини станаа секојдневна појава. Тоа е особено изразено во летниот период за време на сезоната на одмори и патувања. Ние како граѓани на земја низ која што поминува коридорот десет на правецот север-југ и обратно, сме сведоци, но истовремено и директни учесници во сите гужви и гужвички кои што се случуваат на македонските гранични премини. Ние сме дел од доживувањата, возбудата, но и нервозата која што со себе ги носат долгите колони и чекањето со часови.

Тука особено се мисли на граничните премини Табановце и Богородица кои што се најексплоатирани токму во летниот период. Ако за Богородица гужвите се нешто сосема нормално, традиционално и очекувано поради фактот што поголемиот дел од македонските граѓани своите летни одмори ги поминуваат на бреговите на Егејот, впечаток е дека на Табановце гужвите и долгите колони се од понов датум. Ако на Богородица, независно од непрегледните колони кои полека се движат на пеколните горештини, постои впечаток дека службените лица од двете земји даваат свој максимум за што е можно побрзо преминување на границата, на Табановце впечатокот за причините за долгите колони е сосема поинаков.

Да бидеме појасни. Тука не се работи за негативен впечаток кој што се однесува на службените лица кои што работат на преминот на Табановце, туку за системот кој што е воспоставен од пред некоја година и кој што функционира како таков, придонесувајќи за непотребно создавање на подолги колони отколу што би требало да бидат во услови на подобра организација.

Имено, се работи за таканаречениот One stop shop воведен точно пред пет години, некаде кон крајот на август во 2019 година. Воведен во услови на нереално нагласен ентузијазам на претходната владејачка гарнитура во времето кога се правеше „мини Шенген“ во регионот, во услови кога се воспоставуваше т.н. Отворен Балкан и кога се правеа театарски претстави за т.н. отворање на границите за побрз проток на стоки, услуги, добра и патници, како и за поефикасно откривање на нелегални прекугранични активности и зголемување на безбедноста.

Е сега, за забрзување на протокот на стоките и услугите, како и за поефикасното откривање на нелегалните прекугранични активности можат да говорат оние кои што се директно засегнати и инволвирани во бизнисите кои користат прекуграничен транспорт. За сузбивањето на нелегалните активности, корупцијата и криминалот треба да постојат службени записи и истите треба да се споредат со претходниот период кое што е обврска на оние кои што се задолжени за овој сегмент. Тие најдобро знаат дали овој систем е функционален и ги дава проектираните резултати во овој дел.

Веројатно има некои подобрувања, но тоа е далеку од интересот и од очите на еден граѓанин кој како обичен патник има потреба да ја помине границата. Она што нас како патници нѐ интересира во врска со граничните премини е тоа како да ја поминеме границата без долги задржувања, чекање, трошење на бензин во место итн., итн.

Како функционира системот One stop shop? Каде е неговиот недостаток кој непотребно продуцира подолги колони и чекање на преминот на Табановце?! Тука конкретно се мисли на делот за идентификација на патниците и возилата, нивното внесување во системот и ставањето печат во пасошите од страна на полициските службеници кое што претставува стандарден ритуал за секој патник во делот кој што е под ингеренции на МВР.

Според актуелниот начин на функционирање, пасошката контрола при излезот од Македонија е на српската страна, додека при влез процедурите се спроведуваат на македонската страна од преминот. Првото нешто кое што нѐ дочекува при влез во или излез државата се полициските кабини на македонските и српските погранични власти кои што се соодветно позиционирани на растојание од десетина метри. Возилото со патници првин се контролира од едните, а потоа од другите службеници, што значи дека тука не постои една туку постојат две контроли, исто онака како што постоеја и претходно.

Проблемот се јавува во моментот кога на контролниот пункт последователно приоѓаат возила со различен број на патници. На пример, ако напред се движи возило во кое што има семејство со четири или пет патника, а по него следи возило во кое што има само еден патник, односно само возачот. По возолото со еден патник доаѓа возило кое што повторно има повеќе патници и така во низа според законите на веројатноста.

Првото возило со четири-пет патника ќе помине за онолку време колку што е потребно да бидат прецесоирани сите патници на првата контролна кабина. На пример, на влезот во Македонија возилото прво ќе биде прегледано од српскиот службеник, а потоа се упатува веднаш и во непосредна близина во должина на едно патничко возило на втората контрола кај македонските службеници.

Во истиот момент кај српската кабина пристапува возилото со еден патник при што на двете места се спроведува стандардната контрола во исто време. Сосема е разбирливо дека возилото со еден патник ќе биде прегледано од српскиот службеник за четири до пет пати пократко време одошто тоа ќе биде сторено од македонскиот службеник кој врши контрола на возило полно со патници.

Токму во тој момент, буквално поради споените кабини и физичката неможност за придвижување на возилото со еден патник, тоа ќе остане да чека пред кабината на српскиот службеник се додека не биде извршена потребната контрола на возилото пред него од македонските службени лица. Во тие неколку минути српскиот службеник не работи ништо, има празен од и чека да се ослободи просторот за да пристапи следното возило.

Кога ќе заврши контролата на македонска страна на возилото со повеќе патници, тогаш возилото со еден патник ќе пристапи на македонската контрола, а во исто време кај српската кабина ќе пристапи следното возило со четири патника (на пример). За очекување и логично е дека македонскиот службеник ќе изврши преглед за четири до пет пати пократко време од српскиот, кој сега повторно врши преглед на полно возило со патници. Овој пат празен од има кај македонскиот службеник кој го чека следното возило кое што е прегледувано на само неколку метри од страна на српските службеници.

Додека првите работат, вторите чекаат. Потоа вторите работат, а првите чекаат. И така во континуитет, непотребно зголемувајќи го времето на чекање на граничниот премин Табановце. Тука не се работи за застој или загуба на време кој што е предизвикан од зголемениот број на патници, или неработењето на полициските службеници, туку поради лошо поставениот систем на функционирање. Постои реална загуба на време, непотребна потрошувачка на горива, емисија на штетни гасови и сите останати аспекти кои што може да ги додадеме како дополнување.

Доколку се функционираше според стариот систем во делот на патничкиот сообраќај, тогаш меѓуграничната зона ќе беше амортизер кој што ќе го елиминира празниот од во работењето на полициските службеници и значително ќе го намали времето на чекање, ќе ја намали нервозата кај патниците и притисокот врз службениците.

Петте години од функционирањето на оваа иновација се повеќе од доволни за да се направат сите потребни анализи и да се дојде до заклучок кој што со голо око е видлив за секој патник заглавен во гужвите на граничните премини. Тоа е заклучок кој што е лесно пресметлив за секој статистичар и математичар кој макар на момент би обрнал внимание на ова прашање. Време е за подобрување на системот на функционирање на ГП Табановце затоа што задржувањето на принципот „како до сега“ ќе нѐ остави уште долго да бидеме заглавени во колоните и да си чекаме и чекаме поради фабричката грешка на системот.

The post „One stop shop“ – Системот со фабричка грешка appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Гужвите, долгите колони и чекањето со часови на граничните премини станаа секојдневна појава. Тоа е особено изразено во летниот период за време на сезоната на одмори и патувања. Ние како граѓани на земја низ која што поминува коридорот десет на правецот север-југ и обратно, сме сведоци, но истовремено и директни учесници во сите гужви и гужвички кои што се случуваат на македонските гранични премини. Ние сме дел од доживувањата, возбудата, но и нервозата која што со себе ги носат долгите колони и чекањето со часови. Тука особено се мисли на граничните премини Табановце и Богородица кои што се најексплоатирани токму во летниот период. Ако за Богородица гужвите се нешто сосема нормално, традиционално и очекувано поради фактот што поголемиот дел од македонските граѓани своите летни одмори ги поминуваат на бреговите на Егејот, впечаток е дека на Табановце гужвите и долгите колони се од понов датум. Ако на Богородица, независно од непрегледните колони кои полека се движат на пеколните горештини, постои впечаток дека службените лица од двете земји даваат свој максимум за што е можно побрзо преминување на границата, на Табановце впечатокот за причините за долгите колони е сосема поинаков. Да бидеме појасни. Тука не се работи за негативен впечаток кој што се однесува на службените лица кои што работат на преминот на Табановце, туку за системот кој што е воспоставен од пред некоја година и кој што функционира како таков, придонесувајќи за непотребно создавање на подолги колони отколу што би требало да бидат во услови на подобра организација. Имено, се работи за таканаречениот One stop shop воведен точно пред пет години, некаде кон крајот на август во 2019 година. Воведен во услови на нереално нагласен ентузијазам на претходната владејачка гарнитура во времето кога се правеше „мини Шенген“ во регионот, во услови кога се воспоставуваше т.н. Отворен Балкан и кога се правеа театарски претстави за т.н. отворање на границите за побрз проток на стоки, услуги, добра и патници, како и за поефикасно откривање на нелегални прекугранични активности и зголемување на безбедноста. Е сега, за забрзување на протокот на стоките и услугите, како и за поефикасното откривање на нелегалните прекугранични активности можат да говорат оние кои што се директно засегнати и инволвирани во бизнисите кои користат прекуграничен транспорт. За сузбивањето на нелегалните активности, корупцијата и криминалот треба да постојат службени записи и истите треба да се споредат со претходниот период кое што е обврска на оние кои што се задолжени за овој сегмент. Тие најдобро знаат дали овој систем е функционален и ги дава проектираните резултати во овој дел. Веројатно има некои подобрувања, но тоа е далеку од интересот и од очите на еден граѓанин кој како обичен патник има потреба да ја помине границата. Она што нас како патници нѐ интересира во врска со граничните премини е тоа како да ја поминеме границата без долги задржувања, чекање, трошење на бензин во место итн., итн. Како функционира системот One stop shop? Каде е неговиот недостаток кој непотребно продуцира подолги колони и чекање на преминот на Табановце?! Тука конкретно се мисли на делот за идентификација на патниците и возилата, нивното внесување во системот и ставањето печат во пасошите од страна на полициските службеници кое што претставува стандарден ритуал за секој патник во делот кој што е под ингеренции на МВР. Според актуелниот начин на функционирање, пасошката контрола при излезот од Македонија е на српската страна, додека при влез процедурите се спроведуваат на македонската страна од преминот. Првото нешто кое што нѐ дочекува при влез во или излез државата се полициските кабини на македонските и српските погранични власти кои што се соодветно позиционирани на растојание од десетина метри. Возилото со патници првин се контролира од едните, а потоа од другите службеници, што значи дека тука не постои една туку постојат две контроли, исто онака како што постоеја и претходно. Проблемот се јавува во моментот кога на контролниот пункт последователно приоѓаат возила со различен број на патници. На пример, ако напред се движи возило во кое што има семејство со четири или пет патника, а по него следи возило во кое што има само еден патник, односно само возачот. По возолото со еден патник доаѓа возило кое што повторно има повеќе патници и така во низа според законите на веројатноста. Првото возило со четири-пет патника ќе помине за онолку време колку што е потребно да бидат прецесоирани сите патници на првата контролна кабина. На пример, на влезот во Македонија возилото прво ќе биде прегледано од српскиот службеник, а потоа се упатува веднаш и во непосредна близина во должина на едно патничко возило на втората контрола кај македонските службеници. Во истиот момент кај српската кабина пристапува возилото со еден патник при што на двете места се спроведува стандардната контрола во исто време. Сосема е разбирливо дека возилото со еден патник ќе биде прегледано од српскиот службеник за четири до пет пати пократко време одошто тоа ќе биде сторено од македонскиот службеник кој врши контрола на возило полно со патници. Токму во тој момент, буквално поради споените кабини и физичката неможност за придвижување на возилото со еден патник, тоа ќе остане да чека пред кабината на српскиот службеник се додека не биде извршена потребната контрола на возилото пред него од македонските службени лица. Во тие неколку минути српскиот службеник не работи ништо, има празен од и чека да се ослободи просторот за да пристапи следното возило. Кога ќе заврши контролата на македонска страна на возилото со повеќе патници, тогаш возилото со еден патник ќе пристапи на македонската контрола, а во исто време кај српската кабина ќе пристапи следното возило со четири патника (на пример). За очекување и логично е дека македонскиот службеник ќе изврши преглед за четири до пет пати пократко време од српскиот, кој сега повторно врши преглед на полно возило со патници. Овој пат празен од има кај македонскиот службеник кој го чека следното возило кое што е прегледувано на само неколку метри од страна на српските службеници. Додека првите работат, вторите чекаат. Потоа вторите работат, а првите чекаат. И така во континуитет, непотребно зголемувајќи го времето на чекање на граничниот премин Табановце. Тука не се работи за застој или загуба на време кој што е предизвикан од зголемениот број на патници, или неработењето на полициските службеници, туку поради лошо поставениот систем на функционирање. Постои реална загуба на време, непотребна потрошувачка на горива, емисија на штетни гасови и сите останати аспекти кои што може да ги додадеме како дополнување. Доколку се функционираше според стариот систем во делот на патничкиот сообраќај, тогаш меѓуграничната зона ќе беше амортизер кој што ќе го елиминира празниот од во работењето на полициските службеници и значително ќе го намали времето на чекање, ќе ја намали нервозата кај патниците и притисокот врз службениците. Петте години од функционирањето на оваа иновација се повеќе од доволни за да се направат сите потребни анализи и да се дојде до заклучок кој што со голо око е видлив за секој патник заглавен во гужвите на граничните премини. Тоа е заклучок кој што е лесно пресметлив за секој статистичар и математичар кој макар на момент би обрнал внимание на ова прашање. Време е за подобрување на системот на функционирање на ГП Табановце затоа што задржувањето на принципот „како до сега“ ќе нѐ остави уште долго да бидеме заглавени во колоните и да си чекаме и чекаме поради фабричката грешка на системот.

The post „One stop shop“ – Системот со фабричка грешка appeared first on Република.

]]>
Има ли пилот во авионот? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/ima-li-pilot-vo-avionot/ Thu, 08 Aug 2024 20:04:27 +0000 https://republika.mk/?p=804747

Петар Поп-Арсов

Малку ни беа нашите домашни проблеми кои што постојано си ги имаме со нас самите, па уште добивме и дополнителни скандали увезени од странство. Увоз на свежи проблеми од најблиското соседство кои на прв поглед изгледаа како недоразбирање, недостаток на координација и комуникација меѓу надлежните служби, за да во најекстремната варијанта на толкување изгледаат како дипломатски скандал. Реакции, телефонски повици и протестни ноти. Да се работеше само за недоразбирање, дури и за повреда на процедурите од македонските служби, ајде да кажеме, ќе беа разбирливи реакциите на засегнатата страна која во својство на висок државен функционер не добила онаков третман како што сметала и замислувала дека треба да добие на скопскиот аеродром.

Но, за жал инцидентот не остана само на пропусти на службите задолжени за функционирањето на македонските и косовските институции. Инцидентот доби сериозна политичка димензија со продолжено дејство во рамки на македонската политичка сцена.

Постојат канали на комуникација, процедури и меѓународно воспоставени постапки по кои може да се изрази протест за сѐ она за кое една држава смета дека и биле нарушени правата, достоинството и инегритетот на таа држава и личностите кои што претставуваат нејзини репрезенти. Во нормални околности ќе беа искористени овие алатки со цел случајот да биде расчистен, решен, а штетите кои би настанале меѓу двете држави да бидат сведени на минимум, со можност за целосно нормализирање на односите.

Така би требало да биде во нормални услови. Во тој правец треба да се одвива постапката без да се скандализира јавноста и да се насочува вниманието кон теми кои што се сосема непродуктивни за граѓаните на едната и на другата земја.

Случајот со косовската претседателка и инцидентот кој што се случи на скопскиот аеродром е класичен пример за тоа како се сфаќа и доживува власта од поедини балкански политичари. „Јас сум претседателот и ми се може сѐ што ќе посакам“. Така некако, во само една реченица може да се опише начинот на кој поедини политичари ја доживуваат добиената доверба од сопствените граѓани.

За жал, овој случај не се сведе само на недоразбирање, недостаток на комуникација или на дипломатски скандал. Случајот создаде сериозни политички импликации во Македонија при што беше испровоцирана првата постапка за интерпелација во новиот собраниски состав на само два месеца од неговото конституирање. Токму оној, кој по принципот „повикај пријател“ бил вовлечен во случајот ќе биде првиот функционер на новата власт од кој што ќе се бара одговорност на отворена сцена.

Така е тоа во животот, некои „пријателства“ и телефонски повици можат да бидат непријатни и штетни.

Од тие причини е особено важно да се внимава на секоја постапка, на рамката на сопствените надлежности и да се почитуваат процедурите и протоколите на однесување без оглед на кое ниво е функционерот, овластеното лице или државниот службеник. Почитувањето на процедурите ќе ја минимизира опасноста од непријатности, скандали и прекршување на законите на било кое ниво.
Јавноста сѐ уште не знае каква била мисијата на косовската претседателка на нејзиното пропатување низ Македонија. Нема информација за тоа дали службите на косовската претседателка ја известиле македонската страна за нејзиниот транзит низ државата. Немаме информации за тоа дали е побарана соодветна асистенција од македонските служби за безбедност за време на нејзиниот престој на територијата на Македонија. На крајот од денот, се работи за претседател на држава сосед за кој Македонија треба да обезбеди непречен транзит и да гарантира за неговата или нејзината безбедност. Решавање на недоразбирањата според принципот „повикај пријател“ се надвор од нормалниот начин на функционирање на бил кој висок функционер на една сериозна држава.

Односот на косовската претседателка во однос на овој случај, најблаго кажано е дискутабилен, а доколку немало соодветно известување за нејзиниот престој во Македонија, однесувањето е скандалозно и претставува чин на непочитување на македонската држава. Доколку Вјоса Османи во Македонија се чувствува како „во своја куќа“, при што сметала дека немало потреба од формалности кои ќе го забележат нејзинит транзит низ државата, токму со таквите импровизации предизвика скандал со политички импликации во Македонија. Да постоело службено известување за патувањето на Вјоса Османи ниту ќе имаше скандал на скопскиот аеродром, ниту ќе беше предизвикана политичка конфронтација во Македонија која доаѓа како увозен продукт од Косово.

Истрагата за случајот, кој веќе десетина дена го привлекува вниманието на јавноста, ќе покаже како стојат работите, односно дали имало официјално известување до македонските власти за нејзиниот транзит или не. Токму таа истрага ќе покаже чија е политичката и службената одговорност за случајот.

Доколку немало известување и доколку патувањето на косовската претседателка било организирано на начин на кој тие сметале дека треба да биде, македонската страна нема никаква одговорност. Нема одговорност ниту за случувањата на македонскиот аеродром за кој Османи смета дека и се повредени правата и привилегиите.

Скопскиот аеродром е меѓународен аеродром на кој што важат и меѓународните правила. Сите што патувале знаат дека најпрвин патникот прави check in на кој се проверува дали тој/таа поседува билет за конкретниот лет. Во тој момент се остава поголемиот багаж, кој во соодветна постапка понатаму поминува низ безбедносна проверка, без патникот притоа да биде инволвиран, присутен или деаранжиран со процесот. Патникот потоа се упатува на пасошка контрола после која теоретски ја напушта територијата под надлежност на македонските власти и влегува аеродромскиот простор под надлежност на аеродромските власти. Потоа се упатува на финална безбедносна проверка на кабинскиот багаж и останатите лични работи кои што со себе ги внесува во авионот. После сите овие процедури следи финалниот boarding после кој патникот влегува во авионот.

Целата оваа постапка е присутна и во ВИП салонот, но истата е многу пософистицирана, подискретна и со поголемо внимание и почит кон патниците. Но, тоа не значи дека поради укажаното внимание и почит треба да се избегнува првиот чекор на службеното лице да провери дали патникот има билет за конкретниот лет. Укажаното внимание не значи дека нема да биде направена редовната пасошка контрола при излез од државата. ВИП статусот не предвидува избегнување на безбедносните проверки за кои аеродромските власти се должни да ги спроведат и за тоа соодветно да го информираат капетанот на авионот.

ВИП статусот или статусот претседател на држава не значи дека Македонија е одговорна и може да му нареди на капетанот/пилотот на авионот кој управува со авион на некоја трета земја (колку што знаеме Македонија нема своја авиокомпанија) да прими патник кој не поминал низ безбедносни процедури. Тука целата власт и одговорност ја има токму капетанот на авионот и токму тој одлучува дали ќе прими таков патник на летот. Македонските органи тука немаат ниту власт ниту одговорност во однос на понатамошната процедура по завршувањето на пасошката контрола и теоретското напуштање на македонската територија.

Можеби Вјоса Османи имала поинакво искуство на некој од европските аеродроми чии што земји имаат сопствени авиокомпании и комуникацијата меѓу домашните власти и капетанот на авионот има поинаква димензија. Но, во Македонија состојбата е таква. Ингеренциите на државните власти, аеродромските власти и екипажите на авионите се јасно поделени и дефинирани.

Од тие причини, претседателката на Косово треба уште еднаш да ја преиспита целокупната постапка водена од нејзините служби, да дефинира во кој момент и се нарушени правата и привилегиите и да ја лоцира точката на одговорност со цел прецизно да ја адресира својата протестна нота. Сето останато е гола импровизација која за жал во Македонија предизвика бесмислени и непродуктивни политички потреси кои немаат никаква смисла и немаат никаков бенефит за македонските граѓани.

The post Има ли пилот во авионот? appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Малку ни беа нашите домашни проблеми кои што постојано си ги имаме со нас самите, па уште добивме и дополнителни скандали увезени од странство. Увоз на свежи проблеми од најблиското соседство кои на прв поглед изгледаа како недоразбирање, недостаток на координација и комуникација меѓу надлежните служби, за да во најекстремната варијанта на толкување изгледаат како дипломатски скандал. Реакции, телефонски повици и протестни ноти. Да се работеше само за недоразбирање, дури и за повреда на процедурите од македонските служби, ајде да кажеме, ќе беа разбирливи реакциите на засегнатата страна која во својство на висок државен функционер не добила онаков третман како што сметала и замислувала дека треба да добие на скопскиот аеродром. Но, за жал инцидентот не остана само на пропусти на службите задолжени за функционирањето на македонските и косовските институции. Инцидентот доби сериозна политичка димензија со продолжено дејство во рамки на македонската политичка сцена. Постојат канали на комуникација, процедури и меѓународно воспоставени постапки по кои може да се изрази протест за сѐ она за кое една држава смета дека и биле нарушени правата, достоинството и инегритетот на таа држава и личностите кои што претставуваат нејзини репрезенти. Во нормални околности ќе беа искористени овие алатки со цел случајот да биде расчистен, решен, а штетите кои би настанале меѓу двете држави да бидат сведени на минимум, со можност за целосно нормализирање на односите. Така би требало да биде во нормални услови. Во тој правец треба да се одвива постапката без да се скандализира јавноста и да се насочува вниманието кон теми кои што се сосема непродуктивни за граѓаните на едната и на другата земја. Случајот со косовската претседателка и инцидентот кој што се случи на скопскиот аеродром е класичен пример за тоа како се сфаќа и доживува власта од поедини балкански политичари. „Јас сум претседателот и ми се може сѐ што ќе посакам“. Така некако, во само една реченица може да се опише начинот на кој поедини политичари ја доживуваат добиената доверба од сопствените граѓани. За жал, овој случај не се сведе само на недоразбирање, недостаток на комуникација или на дипломатски скандал. Случајот создаде сериозни политички импликации во Македонија при што беше испровоцирана првата постапка за интерпелација во новиот собраниски состав на само два месеца од неговото конституирање. Токму оној, кој по принципот „повикај пријател“ бил вовлечен во случајот ќе биде првиот функционер на новата власт од кој што ќе се бара одговорност на отворена сцена. Така е тоа во животот, некои „пријателства“ и телефонски повици можат да бидат непријатни и штетни. Од тие причини е особено важно да се внимава на секоја постапка, на рамката на сопствените надлежности и да се почитуваат процедурите и протоколите на однесување без оглед на кое ниво е функционерот, овластеното лице или државниот службеник. Почитувањето на процедурите ќе ја минимизира опасноста од непријатности, скандали и прекршување на законите на било кое ниво. Јавноста сѐ уште не знае каква била мисијата на косовската претседателка на нејзиното пропатување низ Македонија. Нема информација за тоа дали службите на косовската претседателка ја известиле македонската страна за нејзиниот транзит низ државата. Немаме информации за тоа дали е побарана соодветна асистенција од македонските служби за безбедност за време на нејзиниот престој на територијата на Македонија. На крајот од денот, се работи за претседател на држава сосед за кој Македонија треба да обезбеди непречен транзит и да гарантира за неговата или нејзината безбедност. Решавање на недоразбирањата според принципот „повикај пријател“ се надвор од нормалниот начин на функционирање на бил кој висок функционер на една сериозна држава. Односот на косовската претседателка во однос на овој случај, најблаго кажано е дискутабилен, а доколку немало соодветно известување за нејзиниот престој во Македонија, однесувањето е скандалозно и претставува чин на непочитување на македонската држава. Доколку Вјоса Османи во Македонија се чувствува како „во своја куќа“, при што сметала дека немало потреба од формалности кои ќе го забележат нејзинит транзит низ државата, токму со таквите импровизации предизвика скандал со политички импликации во Македонија. Да постоело службено известување за патувањето на Вјоса Османи ниту ќе имаше скандал на скопскиот аеродром, ниту ќе беше предизвикана политичка конфронтација во Македонија која доаѓа како увозен продукт од Косово. Истрагата за случајот, кој веќе десетина дена го привлекува вниманието на јавноста, ќе покаже како стојат работите, односно дали имало официјално известување до македонските власти за нејзиниот транзит или не. Токму таа истрага ќе покаже чија е политичката и службената одговорност за случајот. Доколку немало известување и доколку патувањето на косовската претседателка било организирано на начин на кој тие сметале дека треба да биде, македонската страна нема никаква одговорност. Нема одговорност ниту за случувањата на македонскиот аеродром за кој Османи смета дека и се повредени правата и привилегиите. Скопскиот аеродром е меѓународен аеродром на кој што важат и меѓународните правила. Сите што патувале знаат дека најпрвин патникот прави check in на кој се проверува дали тој/таа поседува билет за конкретниот лет. Во тој момент се остава поголемиот багаж, кој во соодветна постапка понатаму поминува низ безбедносна проверка, без патникот притоа да биде инволвиран, присутен или деаранжиран со процесот. Патникот потоа се упатува на пасошка контрола после која теоретски ја напушта територијата под надлежност на македонските власти и влегува аеродромскиот простор под надлежност на аеродромските власти. Потоа се упатува на финална безбедносна проверка на кабинскиот багаж и останатите лични работи кои што со себе ги внесува во авионот. После сите овие процедури следи финалниот boarding после кој патникот влегува во авионот. Целата оваа постапка е присутна и во ВИП салонот, но истата е многу пософистицирана, подискретна и со поголемо внимание и почит кон патниците. Но, тоа не значи дека поради укажаното внимание и почит треба да се избегнува првиот чекор на службеното лице да провери дали патникот има билет за конкретниот лет. Укажаното внимание не значи дека нема да биде направена редовната пасошка контрола при излез од државата. ВИП статусот не предвидува избегнување на безбедносните проверки за кои аеродромските власти се должни да ги спроведат и за тоа соодветно да го информираат капетанот на авионот. ВИП статусот или статусот претседател на држава не значи дека Македонија е одговорна и може да му нареди на капетанот/пилотот на авионот кој управува со авион на некоја трета земја (колку што знаеме Македонија нема своја авиокомпанија) да прими патник кој не поминал низ безбедносни процедури. Тука целата власт и одговорност ја има токму капетанот на авионот и токму тој одлучува дали ќе прими таков патник на летот. Македонските органи тука немаат ниту власт ниту одговорност во однос на понатамошната процедура по завршувањето на пасошката контрола и теоретското напуштање на македонската територија. Можеби Вјоса Османи имала поинакво искуство на некој од европските аеродроми чии што земји имаат сопствени авиокомпании и комуникацијата меѓу домашните власти и капетанот на авионот има поинаква димензија. Но, во Македонија состојбата е таква. Ингеренциите на државните власти, аеродромските власти и екипажите на авионите се јасно поделени и дефинирани. Од тие причини, претседателката на Косово треба уште еднаш да ја преиспита целокупната постапка водена од нејзините служби, да дефинира во кој момент и се нарушени правата и привилегиите и да ја лоцира точката на одговорност со цел прецизно да ја адресира својата протестна нота. Сето останато е гола импровизација која за жал во Македонија предизвика бесмислени и непродуктивни политички потреси кои немаат никаква смисла и немаат никаков бенефит за македонските граѓани.

The post Има ли пилот во авионот? appeared first on Република.

]]>
Одложено дејство за непопречуван и кредибилен евроинтегративен процес на Македонија https://arhiva3.republika.mk/kolumni/odlozheno-dejstvo-za-nepoprechuvan-i-kredibilen-evrointegrativen-protses-na-makedonija/ Wed, 31 Jul 2024 06:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=801859

Петар Поп-Арсов

Од Македонија заминува уште еден ЕУ амбасадор. Уште еден во низата кои во земјава дојдоа со амбиција да придонесат и, ако може, да ја внесат во полноправно членство на ЕУ. Уште еден во низата кој од земјава ќе замине со нереализирана мисија и со нејасни постигнувања во однос на напредокот и положбата во која се наоѓа Македонија во односите со ЕУ и процесот на пристапување.

Завршува мандатот на Дејвид Гир.

Не помина ниту еден месец од серијата на куртоазни средби кои што беа реализирани со цел за запознавање со новоизбраните претставници на врвните македонски институции, веќе започна новиот циклус на проштални средби со истите тие претставници. Таков е редот, такви се дипломатските правила и обичаи. Ред е на новодојдените да им се посака добредојде, а оние во заминување да се испратат со соодветна срдечност и почит.

Сепак, заминувањето на ЕУ амбасадорот Гир не го намали неговиот ентузијазам и посветеност во извршувањето на неговите обврски, особено не на оние кои што се однесуваат на јавните настапи насочени кон објанувањето и дообјаснувањето на дилемите околу можноста за измени во Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Мора да се признае дека амбасадорот тука е конзистентен и дециден. Нема можност за репреговарање на она што веќе е договорен! Брисел нема волја за промени во Преговарачката рамка!

Тоа е став кој што постојано го повторува, опонира и ги подрива напорите и обидите на новата влада да најде долгорочно оддржиливо решение за продолжување на дијалогот на релација Скопје – Брисел. Тоа е став на амбасадорот кој што Преговарачката рамка ја става на ниво на Библијата, непроменлив документ, даден еднаш за секогаш. Зарем постои такво нешто? Зошто се презентира таква исклучивост од човекот кој на крајот од денот треба да биде мост меѓу Брисел и Скопје, но и обратно, меѓу Скопје и Брисел?! Зарем не беше дипломатијата уметност на возможното кое ќе ги земе во предвид сите параметри и ќе ги вгради во решение кои ќе има win-win карактер?!

Напорите на новата влада да најде формула за надминување на ЕУ блокадата во која беше доведена земјата од страна на претходната влада во најмала рака се за почит и разгледување со должно внимание. Тоа е став на легитимно избрана декократска влада која има добиено поддршка од огромното мнозинство на македонски гласачи. Тоа е став кој што е изграден во сериозни и долготрајни меѓукоалициони преговори за прашање кое во текот на предизборието партиите имаа и дијаметрално спротивни позиции. Токму затоа ставот на владата за одложена примена на уставните измени заслужува сериозно внимание и респект од европските партнери, а не диктат во однос на документ кој што беше прифатен од влада која немаше мандат за такво нешто.

Претходната влада на Ковачевски прифати обврски за менување на Уставот без да ја има потребната двотретинска поддршка за такво нешто. Ковачевски и СДСМ воопшто не сакаа да ја вклучат тогашната опозиција во процесот на утврдување на Преговарачката рамка, особено не во делот кој што се однесуваше на потребата од двотретинска поддршка. Таквиот чин, самиот по себе претставуваше насилство врз демократијата и токму овој факт како таков е доволен за преиспитување на начинот и методологијата на имплементацијата на Преговарачката рамка.

Владиниот предлог за одложена примена на Уставните измени не претставува менување на суштинската соддржината на документот наречен Преговарачка рамка.Предлогот претставува допрецизирање на методологијата според кој ќе се одвива процесот на преговори во интерес на земјата кандидат, ЕУ и засегнатите земји членки на ЕУ. Во овој предлог не постои избегнување на обврските од македонска страна. Единственото нешто што постои е вградување на гаранција за она што беше договорено, непопречуван процес на преговори. Процес ослободен од блокади поради теми кои што се надвор од критериумите од Копенхаген.

Толку е!

Многу е едноставно!

Од тие причини, амбасадорот Гир е првиот тој што треба да ги разбере аргументите на новата влада и како вистински мост меѓу Брисел и Скопје да направи напор за изнаоѓање на долгорочно оддржливо решение кое што ќе ја поштеди земјата од нови блокади.

Во исто време, предлогот кој што доаѓа од владата треба да биде многу јасен и прецизен со цел да не доаѓа до несоодветни толкувања во јавноста поради непрецизна примена на комплексната терминологија поврзана со евроинтегративниот процес. Особено тука треба да се стави јасно до знаење кој е моментот кој што ќе биде нулта точка за почеток на примената на уставните измени. Во медиумите можевме да прочитаме повеќе точни, но и импровизирани толкувања на изјавата на МНР Муцунски, за тоа кога би започнала одложената примена на уставните измени.

Грубо кажано, едните толкуваа дека тоа ќе биде моментот на пристапување на државата во полноправно членство во ЕУ, а некои пренесоа дека тоа е моментот на завршување на процесот на преговорите. Овде има сериозна разлика меѓу овие два момента и затоа е потребна јасна и прецизна формулација за тоа кога би стапиле уставните измени на сила со цел да не се создаваат нејаснотии во јавноста поради непрецизно пренесување на искажаниот став на македонските владини претставници.

Да појасниме.

Моментот на завршување на преговорите со ЕУ не претставува воедно и крај на пристапување кон Унијата. Од тој момент па се до стекнувањето на полноправено членство може да поминат и неколку години во кој што период се финализира постапката. Тука следат уште неколку исклучително значајни чекори кои што се дел од процесот и кои можат да претставуваат опасност за нови блокади и уцени од поедини земји членки.

По завршувањето на преговарачкиот процес и затворањето на поглавјата и кластерите следи потпишувањето на Договорот за пристапување кон Европската унија. За илистрација, Бугарија и Романија своите преговори ги имаат завршено на декември 2004 година, а Договорот за пристапување го потпишуваат шест месеци потоа, во април 2005 година. Во периодот меѓу овие два момента добиваат зелено светло од Европската комисија и Европскиот парламент за својата подготвеност за полноправно членство. Како дополна на Договорот за пристапување се потпишува и Финален акт за пристапување во кој се соддржани резултатите од преговорите, вклучително и декларациите на поедини земји членки. Сето ова подлежи на понатамошна постапка на ратификација во националните парламенти на земјите членки.

Таа постапка е многу важна и е во надлежност на самите земји членки.

Повторно за илустрација, процедурите на ратификација на Договорот за пристапување на Бугарија и Романија завршува дури во декември 2006 година, две години по завршувањето на преговарачкиот процес. Тука постои можност и по ратификацијата да дојде пролонгирање на датумот за конечно влегување во сила на Договорот за пристапување поради неисполнување на одредени критериуми од земјата кандидат. Така и беше во случајот на Бугарија и Романија. За овие две земји постоеше опасност за пролонгирање на датумот на влегување на договорот во сила за една цела година заради неисполнување на потребните критериуми. Договорот за нивното пристапување кон ЕУ сепак стапи на сила во јануари 2007 година, со што овие две земји станаа полноправни членки на ЕУ, две години по завршување на процесот на преговори. Згора на се, овој период не мора да значи дека ќе трае две години. Може да трае пократко, но може да трае и многу подолго.

Токму овој меѓупериод е исклучително осетлив за Македонија. Во временскиот простор по завршувањето на процесот на преговорите, земјата треба да определи кој јазик ќе го употребува како свој официјален јазик за потребите на институциите на Европската унија. Дополнително на тоа, одлуката во врска со ова прашање мора едногласно да биде усвоена од страна на Министерскиот совет на ЕУ. Оваа одлука потоа станува составен дел од Договорот и Финалниот акт за пристапување кои одат на ратификација во националните парламенти.

Дали е потребно понатамошно елаборирање за тоа која од земјите на ЕУ е заинтересирана за оспорување на македонскиот јазик? Дали е потребно објаснување чиј министер ќе стави вето на одлуката за утврдување на македонскиот јазик како официјален јазик на Македонија во рамките на ЕУ? Тешко ли е за да се претпостави кој национален парламент ќе одолговлекува и ќе ја блокира ратификацијата на Договорот за пристапување на Македонија со македонски јазик кој ќе се применува како официјален јазик во рамките на ЕУ?

Гледано од денешна политичка перспектива, одговорот е НЕ!

Од тие причини, исклучително е важно да се дефинира и применува прецизен вокабулар и прецизна формулација за тоа кој е нултиот момент во кој на сила ќе стапат евентуалните уставни измени со одложено дејство. Ова е повеќе од потребно за државата и граѓаните затоа што само на тој начин напорите кои што се вложуваат од страна на владата за прилагодување на Преговарачката рамка ќе ја постигнат својата цел, овозможување на кредибилен и непопречуван евроинтегративен процес на земјата.

The post Одложено дејство за непопречуван и кредибилен евроинтегративен процес на Македонија appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Од Македонија заминува уште еден ЕУ амбасадор. Уште еден во низата кои во земјава дојдоа со амбиција да придонесат и, ако може, да ја внесат во полноправно членство на ЕУ. Уште еден во низата кој од земјава ќе замине со нереализирана мисија и со нејасни постигнувања во однос на напредокот и положбата во која се наоѓа Македонија во односите со ЕУ и процесот на пристапување. Завршува мандатот на Дејвид Гир. Не помина ниту еден месец од серијата на куртоазни средби кои што беа реализирани со цел за запознавање со новоизбраните претставници на врвните македонски институции, веќе започна новиот циклус на проштални средби со истите тие претставници. Таков е редот, такви се дипломатските правила и обичаи. Ред е на новодојдените да им се посака добредојде, а оние во заминување да се испратат со соодветна срдечност и почит. Сепак, заминувањето на ЕУ амбасадорот Гир не го намали неговиот ентузијазам и посветеност во извршувањето на неговите обврски, особено не на оние кои што се однесуваат на јавните настапи насочени кон објанувањето и дообјаснувањето на дилемите околу можноста за измени во Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Мора да се признае дека амбасадорот тука е конзистентен и дециден. Нема можност за репреговарање на она што веќе е договорен! Брисел нема волја за промени во Преговарачката рамка! Тоа е став кој што постојано го повторува, опонира и ги подрива напорите и обидите на новата влада да најде долгорочно оддржиливо решение за продолжување на дијалогот на релација Скопје – Брисел. Тоа е став на амбасадорот кој што Преговарачката рамка ја става на ниво на Библијата, непроменлив документ, даден еднаш за секогаш. Зарем постои такво нешто? Зошто се презентира таква исклучивост од човекот кој на крајот од денот треба да биде мост меѓу Брисел и Скопје, но и обратно, меѓу Скопје и Брисел?! Зарем не беше дипломатијата уметност на возможното кое ќе ги земе во предвид сите параметри и ќе ги вгради во решение кои ќе има win-win карактер?! Напорите на новата влада да најде формула за надминување на ЕУ блокадата во која беше доведена земјата од страна на претходната влада во најмала рака се за почит и разгледување со должно внимание. Тоа е став на легитимно избрана декократска влада која има добиено поддршка од огромното мнозинство на македонски гласачи. Тоа е став кој што е изграден во сериозни и долготрајни меѓукоалициони преговори за прашање кое во текот на предизборието партиите имаа и дијаметрално спротивни позиции. Токму затоа ставот на владата за одложена примена на уставните измени заслужува сериозно внимание и респект од европските партнери, а не диктат во однос на документ кој што беше прифатен од влада која немаше мандат за такво нешто. Претходната влада на Ковачевски прифати обврски за менување на Уставот без да ја има потребната двотретинска поддршка за такво нешто. Ковачевски и СДСМ воопшто не сакаа да ја вклучат тогашната опозиција во процесот на утврдување на Преговарачката рамка, особено не во делот кој што се однесуваше на потребата од двотретинска поддршка. Таквиот чин, самиот по себе претставуваше насилство врз демократијата и токму овој факт како таков е доволен за преиспитување на начинот и методологијата на имплементацијата на Преговарачката рамка. Владиниот предлог за одложена примена на Уставните измени не претставува менување на суштинската соддржината на документот наречен Преговарачка рамка.Предлогот претставува допрецизирање на методологијата според кој ќе се одвива процесот на преговори во интерес на земјата кандидат, ЕУ и засегнатите земји членки на ЕУ. Во овој предлог не постои избегнување на обврските од македонска страна. Единственото нешто што постои е вградување на гаранција за она што беше договорено, непопречуван процес на преговори. Процес ослободен од блокади поради теми кои што се надвор од критериумите од Копенхаген. Толку е! Многу е едноставно! Од тие причини, амбасадорот Гир е првиот тој што треба да ги разбере аргументите на новата влада и како вистински мост меѓу Брисел и Скопје да направи напор за изнаоѓање на долгорочно оддржливо решение кое што ќе ја поштеди земјата од нови блокади. Во исто време, предлогот кој што доаѓа од владата треба да биде многу јасен и прецизен со цел да не доаѓа до несоодветни толкувања во јавноста поради непрецизна примена на комплексната терминологија поврзана со евроинтегративниот процес. Особено тука треба да се стави јасно до знаење кој е моментот кој што ќе биде нулта точка за почеток на примената на уставните измени. Во медиумите можевме да прочитаме повеќе точни, но и импровизирани толкувања на изјавата на МНР Муцунски, за тоа кога би започнала одложената примена на уставните измени. Грубо кажано, едните толкуваа дека тоа ќе биде моментот на пристапување на државата во полноправно членство во ЕУ, а некои пренесоа дека тоа е моментот на завршување на процесот на преговорите. Овде има сериозна разлика меѓу овие два момента и затоа е потребна јасна и прецизна формулација за тоа кога би стапиле уставните измени на сила со цел да не се создаваат нејаснотии во јавноста поради непрецизно пренесување на искажаниот став на македонските владини претставници. Да појасниме. Моментот на завршување на преговорите со ЕУ не претставува воедно и крај на пристапување кон Унијата. Од тој момент па се до стекнувањето на полноправено членство може да поминат и неколку години во кој што период се финализира постапката. Тука следат уште неколку исклучително значајни чекори кои што се дел од процесот и кои можат да претставуваат опасност за нови блокади и уцени од поедини земји членки. По завршувањето на преговарачкиот процес и затворањето на поглавјата и кластерите следи потпишувањето на Договорот за пристапување кон Европската унија. За илистрација, Бугарија и Романија своите преговори ги имаат завршено на декември 2004 година, а Договорот за пристапување го потпишуваат шест месеци потоа, во април 2005 година. Во периодот меѓу овие два момента добиваат зелено светло од Европската комисија и Европскиот парламент за својата подготвеност за полноправно членство. Како дополна на Договорот за пристапување се потпишува и Финален акт за пристапување во кој се соддржани резултатите од преговорите, вклучително и декларациите на поедини земји членки. Сето ова подлежи на понатамошна постапка на ратификација во националните парламенти на земјите членки. Таа постапка е многу важна и е во надлежност на самите земји членки. Повторно за илустрација, процедурите на ратификација на Договорот за пристапување на Бугарија и Романија завршува дури во декември 2006 година, две години по завршувањето на преговарачкиот процес. Тука постои можност и по ратификацијата да дојде пролонгирање на датумот за конечно влегување во сила на Договорот за пристапување поради неисполнување на одредени критериуми од земјата кандидат. Така и беше во случајот на Бугарија и Романија. За овие две земји постоеше опасност за пролонгирање на датумот на влегување на договорот во сила за една цела година заради неисполнување на потребните критериуми. Договорот за нивното пристапување кон ЕУ сепак стапи на сила во јануари 2007 година, со што овие две земји станаа полноправни членки на ЕУ, две години по завршување на процесот на преговори. Згора на се, овој период не мора да значи дека ќе трае две години. Може да трае пократко, но може да трае и многу подолго. Токму овој меѓупериод е исклучително осетлив за Македонија. Во временскиот простор по завршувањето на процесот на преговорите, земјата треба да определи кој јазик ќе го употребува како свој официјален јазик за потребите на институциите на Европската унија. Дополнително на тоа, одлуката во врска со ова прашање мора едногласно да биде усвоена од страна на Министерскиот совет на ЕУ. Оваа одлука потоа станува составен дел од Договорот и Финалниот акт за пристапување кои одат на ратификација во националните парламенти. Дали е потребно понатамошно елаборирање за тоа која од земјите на ЕУ е заинтересирана за оспорување на македонскиот јазик? Дали е потребно објаснување чиј министер ќе стави вето на одлуката за утврдување на македонскиот јазик како официјален јазик на Македонија во рамките на ЕУ? Тешко ли е за да се претпостави кој национален парламент ќе одолговлекува и ќе ја блокира ратификацијата на Договорот за пристапување на Македонија со македонски јазик кој ќе се применува како официјален јазик во рамките на ЕУ? Гледано од денешна политичка перспектива, одговорот е НЕ! Од тие причини, исклучително е важно да се дефинира и применува прецизен вокабулар и прецизна формулација за тоа кој е нултиот момент во кој на сила ќе стапат евентуалните уставни измени со одложено дејство. Ова е повеќе од потребно за државата и граѓаните затоа што само на тој начин напорите кои што се вложуваат од страна на владата за прилагодување на Преговарачката рамка ќе ја постигнат својата цел, овозможување на кредибилен и непопречуван евроинтегративен процес на земјата.

The post Одложено дејство за непопречуван и кредибилен евроинтегративен процес на Македонија appeared first on Република.

]]>
Каде е излезот од францускиот лавиринт? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/kade-e-izlezot-od-frantsuskiot-lavirint/ Wed, 24 Jul 2024 08:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=799754

Петар Поп-Арсов

Предвремените парламентарни избори кои што неодамна се оддржаа во Франција, ја доведоа земјата во вистинска пат позиција. Тоа беа избори кои донесоа нефункционален парламент без доминантен политички блок кој ќе може да ја формира новата француска власт под надлежност на Националното собрание. Ова е прв ваков случај во поновата француска историја и претставува вистински предизвик за една од водечките земји на Европската унија.

Ако на сето ова ги додадеме несогласувањата меѓу официјален Брисел (ЕУ) и Унгарија (земја претседавач со Унијата), може слободно да кажеме дека Европа навистина ќе има исклучително жешко лето. Жешко, како никогаш до сега во поновата европска историја.

Како би можела Франција да излезе од политичкиот лавиринт која што самата со години го негуваше, онака како што со векови се негуваат и раснат најубавите лавиринти-градини во замоците покрај Лоара и ширум цела Франција?! Како да се излезе од таквата замка која што самите си ја поставија, особено кога тоа што самите го негуваа ја надрасна нивната висина, им го затвори видното поле и ги остави заглавени во неговата внатрешност?!

Едно од решенијата предложено за ставање крај на блокадата е формирање на влада од експерти или „технократи“. Нивната основна надлежност ќе биде да се грижи за функционирање на владиниот кабинет до моментот на формирање на некаква политичка коалиција. Тоа претседателот Макрон веќе го побара од премиерот во заминување Габриел Атал за да ја предводи техничката влада која ќе се занимава со секојдневните работи и која ќе има задача да го преброди периодот на оддржување на Олимписките игри во Париз кои ќе траат од 26 јули до 11 август.

Франција долго време се подготвуваше за Олимпијадата во Париз, настан кој претставува потврда и верификација на моќта, значењето и влијанието на градот и земјата домаќин. Макрон беше толку сигурен во сопствените политики што речиси во целиот тек на 2024 година излегуваше со иницијативи и предлози кои секогаш одеа чекор понапред во однос на останатите европски колеги.

На почетокот на годината, Макрон излезе со предлог да запрат воените дејствија во Украина за време на оддржувањето на Олимпијадата. Предлогот наиде на целосно игнорирање од сите релевантни страни. Набргу потоа, Макрон излезе со радикална промена на сопствениот став и се заложи за испраќање на француски војници на територијата на Украина. Следеше француската дозвола на Украина да го користи оружјето и системите донирани од Франција за да погаѓа цели на територијата на Русија. И покрај тоа што Макрон потенцираше дека оружјето може да се користи исклучително за уништување на воени цели на територијата на Русија, тоа сепак претставуваше поттикнување на војната и нејзино влегување во нов и повисок степен на ескалација.

Следеше поразот на европските избори. Уплашен од овој пораз, Макрон побрза да ги распише предвремените парламентарни избори во Франција со надеж дека ќе ја пресретне и превенира политичката штета која што му се закануваше.

И, еве до каде стигна! Од готово, вересија!

Од самоуверен политичар на кој што не му недостасуваше инцијативност, се доведе до позиција да бара спас во формирање на експертска влада која што ќе се занимава само со „пржински“ активности.

Тоа е тоа, карма!

Кога си активен учесник во наметнувањето на модели на функционирање на другите, кога се служиш со непринципиелни блокади на земји како што е Македонија заради некакви промени и реверзибилности во процесот на преговори со ЕУ, кога се обидуваш сето тоа да го испереш со некаков „француски предлог“ за излез од ќорсокакот на блокираната земја, всушност цело време си го негувал лавиринтот кој во меѓувреме те надраснал и заробил во сопствената замка.
Франција е голема земја, со голем и горд народ! Народ кој што не трпи, се бунтува за секоја недоследност и кој што ја има онаа револуционерна традиција во борбата против неправдата.

Токму тој народ му ја испрати својата порака на сопствениот владетел кој што во неколку претходни наврати се извлекуваше плашејќи ги Французите со Марин Ле Пен и нејзината јасно дефинирана десна политика.

Франција навистина има проблем, но овој пат сериозен!

Што е следното?

Можеби промена на францускиот концепт на државно уредување?! Признавање на различностите кои што реално постојат во оваа земја? Признавање на малцинствата, етничките групи, јазичниот диверзитет и сѐ она што претставува повисок стадиум на едно државно уредување во овој поглед, а кое што е нормирано со актите на Советот на Европа. Можеби и на Франција и требаат уставни промени и внесување на други малцинства и заедници во уставот за да го надрасне сопствениот лавиринтот кој што ја загушува?!

Македонскиот модел, кој што со децении беше моделиран и негуван, меѓудругото и со француско учество, е добар пример и основа за излез од францускиот лавиринт. Македонскиот модел е добар пример и основа и за некои македонски соседи кои го применуваат францускиот модел на државно уредување и кој што како модел создаде сериозни проблеми, блокади и несогласувања на Балканот. Пресуди на Европскиот суд за човекови права, непризнавање на цели малцинства, негирање на нивните јазици и култура, блокади и конфронтации со нивните матични држави, се добро познато секојдневие кое што го живееме на Балканот, особено овде во Македонија која што одамна е заглавена во францускиот лавиринт.

Нескромно би било да ѝ се сугерира на Франција што да прави и како да излезе од политичката криза во која што западна. Но, навистина вреди самата да се обиде да ги согледа резултатите од сопствената внатрешна и надворешна политика, да ја направи потребната евалуација, да му даде оплеменета форма на легендарното француско égalité и да оди чекор повисоко во примената на моделот на државно уредување во кој што ќе се почитуваат сите различности кои што реално се присутни во République française.

The post Каде е излезот од францускиот лавиринт? appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Предвремените парламентарни избори кои што неодамна се оддржаа во Франција, ја доведоа земјата во вистинска пат позиција. Тоа беа избори кои донесоа нефункционален парламент без доминантен политички блок кој ќе може да ја формира новата француска власт под надлежност на Националното собрание. Ова е прв ваков случај во поновата француска историја и претставува вистински предизвик за една од водечките земји на Европската унија. Ако на сето ова ги додадеме несогласувањата меѓу официјален Брисел (ЕУ) и Унгарија (земја претседавач со Унијата), може слободно да кажеме дека Европа навистина ќе има исклучително жешко лето. Жешко, како никогаш до сега во поновата европска историја. Како би можела Франција да излезе од политичкиот лавиринт која што самата со години го негуваше, онака како што со векови се негуваат и раснат најубавите лавиринти-градини во замоците покрај Лоара и ширум цела Франција?! Како да се излезе од таквата замка која што самите си ја поставија, особено кога тоа што самите го негуваа ја надрасна нивната висина, им го затвори видното поле и ги остави заглавени во неговата внатрешност?! Едно од решенијата предложено за ставање крај на блокадата е формирање на влада од експерти или „технократи“. Нивната основна надлежност ќе биде да се грижи за функционирање на владиниот кабинет до моментот на формирање на некаква политичка коалиција. Тоа претседателот Макрон веќе го побара од премиерот во заминување Габриел Атал за да ја предводи техничката влада која ќе се занимава со секојдневните работи и која ќе има задача да го преброди периодот на оддржување на Олимписките игри во Париз кои ќе траат од 26 јули до 11 август. Франција долго време се подготвуваше за Олимпијадата во Париз, настан кој претставува потврда и верификација на моќта, значењето и влијанието на градот и земјата домаќин. Макрон беше толку сигурен во сопствените политики што речиси во целиот тек на 2024 година излегуваше со иницијативи и предлози кои секогаш одеа чекор понапред во однос на останатите европски колеги. На почетокот на годината, Макрон излезе со предлог да запрат воените дејствија во Украина за време на оддржувањето на Олимпијадата. Предлогот наиде на целосно игнорирање од сите релевантни страни. Набргу потоа, Макрон излезе со радикална промена на сопствениот став и се заложи за испраќање на француски војници на територијата на Украина. Следеше француската дозвола на Украина да го користи оружјето и системите донирани од Франција за да погаѓа цели на територијата на Русија. И покрај тоа што Макрон потенцираше дека оружјето може да се користи исклучително за уништување на воени цели на територијата на Русија, тоа сепак претставуваше поттикнување на војната и нејзино влегување во нов и повисок степен на ескалација. Следеше поразот на европските избори. Уплашен од овој пораз, Макрон побрза да ги распише предвремените парламентарни избори во Франција со надеж дека ќе ја пресретне и превенира политичката штета која што му се закануваше. И, еве до каде стигна! Од готово, вересија! Од самоуверен политичар на кој што не му недостасуваше инцијативност, се доведе до позиција да бара спас во формирање на експертска влада која што ќе се занимава само со „пржински“ активности. Тоа е тоа, карма! Кога си активен учесник во наметнувањето на модели на функционирање на другите, кога се служиш со непринципиелни блокади на земји како што е Македонија заради некакви промени и реверзибилности во процесот на преговори со ЕУ, кога се обидуваш сето тоа да го испереш со некаков „француски предлог“ за излез од ќорсокакот на блокираната земја, всушност цело време си го негувал лавиринтот кој во меѓувреме те надраснал и заробил во сопствената замка. Франција е голема земја, со голем и горд народ! Народ кој што не трпи, се бунтува за секоја недоследност и кој што ја има онаа револуционерна традиција во борбата против неправдата. Токму тој народ му ја испрати својата порака на сопствениот владетел кој што во неколку претходни наврати се извлекуваше плашејќи ги Французите со Марин Ле Пен и нејзината јасно дефинирана десна политика. Франција навистина има проблем, но овој пат сериозен! Што е следното? Можеби промена на францускиот концепт на државно уредување?! Признавање на различностите кои што реално постојат во оваа земја? Признавање на малцинствата, етничките групи, јазичниот диверзитет и сѐ она што претставува повисок стадиум на едно државно уредување во овој поглед, а кое што е нормирано со актите на Советот на Европа. Можеби и на Франција и требаат уставни промени и внесување на други малцинства и заедници во уставот за да го надрасне сопствениот лавиринтот кој што ја загушува?! Македонскиот модел, кој што со децении беше моделиран и негуван, меѓудругото и со француско учество, е добар пример и основа за излез од францускиот лавиринт. Македонскиот модел е добар пример и основа и за некои македонски соседи кои го применуваат францускиот модел на државно уредување и кој што како модел создаде сериозни проблеми, блокади и несогласувања на Балканот. Пресуди на Европскиот суд за човекови права, непризнавање на цели малцинства, негирање на нивните јазици и култура, блокади и конфронтации со нивните матични држави, се добро познато секојдневие кое што го живееме на Балканот, особено овде во Македонија која што одамна е заглавена во францускиот лавиринт. Нескромно би било да ѝ се сугерира на Франција што да прави и како да излезе од политичката криза во која што западна. Но, навистина вреди самата да се обиде да ги согледа резултатите од сопствената внатрешна и надворешна политика, да ја направи потребната евалуација, да му даде оплеменета форма на легендарното француско égalité и да оди чекор повисоко во примената на моделот на државно уредување во кој што ќе се почитуваат сите различности кои што реално се присутни во République française.

The post Каде е излезот од францускиот лавиринт? appeared first on Република.

]]>
Кога победникот добива сè https://arhiva3.republika.mk/kolumni/koga-pobednikot-dobiva-se/ Tue, 09 Jul 2024 20:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=795094

Петар Поп-Арсов

Во повеќе наврати беше коментирано, а тоа стана и општа констатација дека 2024 година е изборна година во речиси целиот свет или барем во најголемиот дел од земјите кои што нешто значат на оваа планета. Ги видовме претседателските избори во Русија, изборите во земјите на ЕУ за пратеници во Европскиот парламент, ги очекуваме оние во САД, со внимание ги следиме промените во Британија и го очекуваме исходот од неделните избори во Франција. Секако дека и ние како земја и регион сме дел од ова друштво. Дел од земјите во кои со особено внимание се следат и најситните политички придвижувања. Како и не би биле кога кај нас изборите сè уште се на ниво на прашање од животно и егзистенцијално значење.

Сепак, да се вратиме на она што ни доаѓа како новина од светот. Има сериозни промени во Британија, засега неизвесен исход во Франција и интересна кампања во САД. Состојбите кај нас нема кај да ни избегаат и ќе има доволно простор да се анализираат и коментираат во наредниот период.

Особено се интересни промените во Обединетото кралство, кои доаѓаат после четиринаесет години континуирана власт на Конзервативната партија. Во една од претходните колумни за падот на Лабуристите во 2010 година напишавме:

„Колку и да танцуваш наоколу низ рингот, во еден момент ќе дојдеш на дометот на цврста тупаница! И, знаеш што? Ќе бидеш спружен на подот и изнесен надвор од рингот!“

Ова е парафраза и некој вид на слободен превод на констатациите и заклучоците содржани во книгата “The End of the Party: The Rise and Fall of New Labour” од Andrew Rawnsley од 2010 година. Оваа симболична констатација и заклучоци се однесуваа на падот Лабуристите кои претходно долго време владееа со островот. После четиринаесет години улогите се сменети, а заклучоците се исти. Ништо страшно! Тоа е нешто сосема нормално за секоја демократија.

И така, Конзервативците заминаа во опозиција. Запрепастувачки е односот на освоени гласови и освоени мандати на политичките партии, особено ако гледаме низ призма на нашиот изборен модел. Имено, Лабуристите победија со освоени 33,7% од гласовите при што добија 412 од вкупно 650 места во парламентот. Со една третина од вкупниот број на гласови освоија речиси двотретинско мнозинство во парламнетот. За разлика од нив, Конзервативците со освоени 23,7% од гласовите се стекнаа со само 121 место на зелените клупи во the House of Commons. Или во превод, со само десет процентни поени помалку или со само една третина помалку освоени гласови од Лабуристите, тие освоија скоро три пати помалку места во долниот дом британскиот парламент. Тоа е тој принцип, The winner takes it all.

Ваквите резултати навистина изгледаат надреално, особено ако ги споредиме со резултатите од последните избори во Македонија и нивното пресликување во бројот на пратенички мандати. На пример, да се случеа изборни резултати во Британија онакви какви што беа во Македонија (тука се мисли само на односот на силите меѓу двете најголеми македонски политички партии), тогаш победникот во Британија сигурно ќе имаше 650 од 650 пратенички мандати, а поразениот 0. И обратно, доколку во Македонија се применуваше британскиот мнозински изборен модел, тогаш СДСМ ќе имаше 0, а ВМРО оклолу 90 мандати. Ова е сосема логичен заклучок од причина што СДСМ загуби во речиси сите избирачки места во државата.

Кај нас не важи принципот „Победникот добива се“. Дали тоа е добро или лошо и како влијае на стабилноста на македонските влади и севкупните демократски процеси е прашање за опсежна анализа, но ако го следиме примерот на една од најстарите демократии во светот и начинот на уредување на нејзиниот парламентараен систем, навистина треба да се замислиме дали нешто треба да се менува кај нас.
Владеењето на Конзервативците од 2010 година па до сега го карактеризираат повеќе елементи, но, да речеме три моменти се највпечатливи и со изразена историска димензија.

Првиот момент, секако е самата победа на харизматичниот Камерон. Тој после тринаесетгодишна доминација на Лабуристите на Тони Блер и Гордон Браун успева да ги врати Конзервативците повторно на власт. Тоа е политичарот кој ги направи првите чекори во модернизација на британските конзервативци во смисла на омекнување на оној класичен конзервативан имиџ карактеристичен за Британија. Всушност првата влада на Камерон и Конзервативната партија беше коалициона влада заедно со британските либерали кое што навистина претставуваше чекор во правец на омекнување на строгиот британски конзервативизам. Всушност и немаа поинаков избор доколку сакаа да влезат во Downing Street 10. Камерон и конзервативците во тоа време беа далеку од комоцијата која што сега ја имаат Лабуристите благодарение на огромната победа.

Вториот момент кој има историска димензија, не само за Британија туку и за Европа и светот, е британското напуштање на Европската унија преку оној комплексен процес кој популарно го знаеме како Brexit. Овој процес, кој започна со иницијатива и кампања за напуштање на ЕУ, оддржување на референдум во 2016 година, преку долготрајни и мачни преговори меѓу Лондон и Брисел, па се до неговото финализирање во јануари 2020 година. Овој процес предизвика сериозни турбуленции и промени на премиерската позиција во британската влада.

Камерон, како застапник на политиката за останување на Британија во ЕУ, мораше да поднесе оставка веднаш по референдумот. Неговата наследничка Тереза Меј беше премиерот кој ги започна и водеше долгите и во нејзиниот мандат неуспешни преговори со ЕУ за условите за нивното финално раздружување. Конечното британско излегување се случи во мандатот на Борис Џонсон кој беше најрештелниот и најревносениот поддржувач на британското напуштање на ЕУ. Тој релативно брзо успеа да стави крај на овој процес и да се фокусира на новото поглавје пред кое беше исправен светот, претстојната војна во Украина.

Токму Борис Џонсон се покажа и како најголем поддржувач на военото решавање на конфликтот во Украина и важи за човек кој влијаеше на рушењето на сите обиди за мирно решавање на оваа закана по целиот свет. Но, како и сите „борци“, и тој налета на цврста тупаница, беше спружен на подот и изнесен надвор од рингот. Тој навистина беше изнесен, но останаа резултатите од неговите политики и правците во кои што се движи светот и кои сведочат за неговото големо влијание и печат кој што го остави како политичка фигура. Позитивно или негативно влијание, историјата ќе цени... во зависност од победниците кои што ќе ја пишуваат.
Џонсон беше заменет од Лиз Трас која не успеа да се заддржи на премиерската позиција ниту два месеци. Тука доаѓаме до третиот карактеристичен момент од владеењето на конзервативците за кој што слободно може да кажеме дека ќе претставува историска одредница. Имено, за премиер на Обединетото кралство беше избран Риши Сунак, британскиот Барак Обама, или некој што ќе асоцира на такво нешто. Неговиот избор ќе го затвори кругот на процесот на либерализација на британските конзервативци започнат од Дејвид Камерон.

Можеби во некои други времиња ваквиот кастинг на главните улоги ќе беше незамислив и неприменлив, но во денешно време сето тоа е сосема нормално и проаѓа, барем на експериментално ниво. Впрочем и фудбалските репрезнтации на европските земји не се повеќе онолку бели како што беа до пред 30 години. Светот се менува, глобализира и дозволува пробив на квалитетот без елементи на изразена дискриминација.

Сосема друго е прашањето (можеби и прво) како конзервативците поминаа на изборите. Видовме, 412 спрема 121. Кои се вистинските причини за тоа, треба да ги прашаме добрите познавачи на состојбите во Британија. Но, факт е дека свое влијание врз актуелното расположение на британските гласачи имаат многу фактори. Можеби се политиките кон Украина и Блискиот исток или пак односите со ЕУ. Можеби се внатрешните состојби во земјата, животот на граѓаните, или пак понудата на политичари кои се ставаат на избор пред гласачите. Веројатно од сè по нешто беше пресудно британските гласачи да донесат одлука за промена на власта во сопствената земја. А, нивната одлука нема само локален карактер и домашно влијание. Напротив, таа има глобално влијание, сакале тие или не.

The post Кога победникот добива сè appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Во повеќе наврати беше коментирано, а тоа стана и општа констатација дека 2024 година е изборна година во речиси целиот свет или барем во најголемиот дел од земјите кои што нешто значат на оваа планета. Ги видовме претседателските избори во Русија, изборите во земјите на ЕУ за пратеници во Европскиот парламент, ги очекуваме оние во САД, со внимание ги следиме промените во Британија и го очекуваме исходот од неделните избори во Франција. Секако дека и ние како земја и регион сме дел од ова друштво. Дел од земјите во кои со особено внимание се следат и најситните политички придвижувања. Како и не би биле кога кај нас изборите сè уште се на ниво на прашање од животно и егзистенцијално значење. Сепак, да се вратиме на она што ни доаѓа како новина од светот. Има сериозни промени во Британија, засега неизвесен исход во Франција и интересна кампања во САД. Состојбите кај нас нема кај да ни избегаат и ќе има доволно простор да се анализираат и коментираат во наредниот период. Особено се интересни промените во Обединетото кралство, кои доаѓаат после четиринаесет години континуирана власт на Конзервативната партија. Во една од претходните колумни за падот на Лабуристите во 2010 година напишавме: „Колку и да танцуваш наоколу низ рингот, во еден момент ќе дојдеш на дометот на цврста тупаница! И, знаеш што? Ќе бидеш спружен на подот и изнесен надвор од рингот!“ Ова е парафраза и некој вид на слободен превод на констатациите и заклучоците содржани во книгата “The End of the Party: The Rise and Fall of New Labour” од Andrew Rawnsley од 2010 година. Оваа симболична констатација и заклучоци се однесуваа на падот Лабуристите кои претходно долго време владееа со островот. После четиринаесет години улогите се сменети, а заклучоците се исти. Ништо страшно! Тоа е нешто сосема нормално за секоја демократија. И така, Конзервативците заминаа во опозиција. Запрепастувачки е односот на освоени гласови и освоени мандати на политичките партии, особено ако гледаме низ призма на нашиот изборен модел. Имено, Лабуристите победија со освоени 33,7% од гласовите при што добија 412 од вкупно 650 места во парламентот. Со една третина од вкупниот број на гласови освоија речиси двотретинско мнозинство во парламнетот. За разлика од нив, Конзервативците со освоени 23,7% од гласовите се стекнаа со само 121 место на зелените клупи во the House of Commons. Или во превод, со само десет процентни поени помалку или со само една третина помалку освоени гласови од Лабуристите, тие освоија скоро три пати помалку места во долниот дом британскиот парламент. Тоа е тој принцип, The winner takes it all. Ваквите резултати навистина изгледаат надреално, особено ако ги споредиме со резултатите од последните избори во Македонија и нивното пресликување во бројот на пратенички мандати. На пример, да се случеа изборни резултати во Британија онакви какви што беа во Македонија (тука се мисли само на односот на силите меѓу двете најголеми македонски политички партии), тогаш победникот во Британија сигурно ќе имаше 650 од 650 пратенички мандати, а поразениот 0. И обратно, доколку во Македонија се применуваше британскиот мнозински изборен модел, тогаш СДСМ ќе имаше 0, а ВМРО оклолу 90 мандати. Ова е сосема логичен заклучок од причина што СДСМ загуби во речиси сите избирачки места во државата. Кај нас не важи принципот „Победникот добива се“. Дали тоа е добро или лошо и како влијае на стабилноста на македонските влади и севкупните демократски процеси е прашање за опсежна анализа, но ако го следиме примерот на една од најстарите демократии во светот и начинот на уредување на нејзиниот парламентараен систем, навистина треба да се замислиме дали нешто треба да се менува кај нас. Владеењето на Конзервативците од 2010 година па до сега го карактеризираат повеќе елементи, но, да речеме три моменти се највпечатливи и со изразена историска димензија. Првиот момент, секако е самата победа на харизматичниот Камерон. Тој после тринаесетгодишна доминација на Лабуристите на Тони Блер и Гордон Браун успева да ги врати Конзервативците повторно на власт. Тоа е политичарот кој ги направи првите чекори во модернизација на британските конзервативци во смисла на омекнување на оној класичен конзервативан имиџ карактеристичен за Британија. Всушност првата влада на Камерон и Конзервативната партија беше коалициона влада заедно со британските либерали кое што навистина претставуваше чекор во правец на омекнување на строгиот британски конзервативизам. Всушност и немаа поинаков избор доколку сакаа да влезат во Downing Street 10. Камерон и конзервативците во тоа време беа далеку од комоцијата која што сега ја имаат Лабуристите благодарение на огромната победа. Вториот момент кој има историска димензија, не само за Британија туку и за Европа и светот, е британското напуштање на Европската унија преку оној комплексен процес кој популарно го знаеме како Brexit. Овој процес, кој започна со иницијатива и кампања за напуштање на ЕУ, оддржување на референдум во 2016 година, преку долготрајни и мачни преговори меѓу Лондон и Брисел, па се до неговото финализирање во јануари 2020 година. Овој процес предизвика сериозни турбуленции и промени на премиерската позиција во британската влада. Камерон, како застапник на политиката за останување на Британија во ЕУ, мораше да поднесе оставка веднаш по референдумот. Неговата наследничка Тереза Меј беше премиерот кој ги започна и водеше долгите и во нејзиниот мандат неуспешни преговори со ЕУ за условите за нивното финално раздружување. Конечното британско излегување се случи во мандатот на Борис Џонсон кој беше најрештелниот и најревносениот поддржувач на британското напуштање на ЕУ. Тој релативно брзо успеа да стави крај на овој процес и да се фокусира на новото поглавје пред кое беше исправен светот, претстојната војна во Украина. Токму Борис Џонсон се покажа и како најголем поддржувач на военото решавање на конфликтот во Украина и важи за човек кој влијаеше на рушењето на сите обиди за мирно решавање на оваа закана по целиот свет. Но, како и сите „борци“, и тој налета на цврста тупаница, беше спружен на подот и изнесен надвор од рингот. Тој навистина беше изнесен, но останаа резултатите од неговите политики и правците во кои што се движи светот и кои сведочат за неговото големо влијание и печат кој што го остави како политичка фигура. Позитивно или негативно влијание, историјата ќе цени... во зависност од победниците кои што ќе ја пишуваат. Џонсон беше заменет од Лиз Трас која не успеа да се заддржи на премиерската позиција ниту два месеци. Тука доаѓаме до третиот карактеристичен момент од владеењето на конзервативците за кој што слободно може да кажеме дека ќе претставува историска одредница. Имено, за премиер на Обединетото кралство беше избран Риши Сунак, британскиот Барак Обама, или некој што ќе асоцира на такво нешто. Неговиот избор ќе го затвори кругот на процесот на либерализација на британските конзервативци започнат од Дејвид Камерон. Можеби во некои други времиња ваквиот кастинг на главните улоги ќе беше незамислив и неприменлив, но во денешно време сето тоа е сосема нормално и проаѓа, барем на експериментално ниво. Впрочем и фудбалските репрезнтации на европските земји не се повеќе онолку бели како што беа до пред 30 години. Светот се менува, глобализира и дозволува пробив на квалитетот без елементи на изразена дискриминација. Сосема друго е прашањето (можеби и прво) како конзервативците поминаа на изборите. Видовме, 412 спрема 121. Кои се вистинските причини за тоа, треба да ги прашаме добрите познавачи на состојбите во Британија. Но, факт е дека свое влијание врз актуелното расположение на британските гласачи имаат многу фактори. Можеби се политиките кон Украина и Блискиот исток или пак односите со ЕУ. Можеби се внатрешните состојби во земјата, животот на граѓаните, или пак понудата на политичари кои се ставаат на избор пред гласачите. Веројатно од сè по нешто беше пресудно британските гласачи да донесат одлука за промена на власта во сопствената земја. А, нивната одлука нема само локален карактер и домашно влијание. Напротив, таа има глобално влијание, сакале тие или не.

The post Кога победникот добива сè appeared first on Република.

]]>
Полупразната чаша во Овалната соба https://arhiva3.republika.mk/kolumni/polupraznata-chasha-vo-ovalnata-soba/ Sat, 29 Jun 2024 17:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=791934

Петар Поп-Арсов

„Девеесет мизерни минути дебата меѓу Бајден и Трамп“. „Бајден прикажа нестабилни перформанси во дебатата со Трамп“. „Кандидатите преживеаа лоша дебата“. „Нема втора шанса за оставање на првиот впечаток“. „Демократите се во паника поради лошиот впечаток на Бајден во дебатата со Трамп“. „Бајден загуби во првата дебата со Трамп“

Ова се само дел од насловите и поднасловите кои можеме да ги прочитаме во бројните медиуми после првата дебата на двајцата противкандидати во борбата за најмоќната политичка позиција во светот. Ова не се наслови од некои маргинални американски медиуми кои стриктно поддржуваат еден од кандидатите. Тоа се наслови од угледни светски медиуми, кои независно од нивните политички афинитети речиси унисоно се согласуваат во своите впечатоци во однос на главните прашања кои што беа третирани на оваа дебата. Тоа се наслови кои први излегуваат при пребарувањето на интернет и тука нема што да се коментира или доведува во прашање веродостојноста на впечатокот стекнат од дебатата. Впрочем истата е поставена на интернет и може во целост да се гледа со цел да се стекне директен и личен впечаток, ослободен од новинарски коментари и анализи кои имаат доза на субјективност.

Тоа е нормално. Разбирливо е постоењето на субјективност во една демократска трка која е мотивирана од разни причини и која има за цел да ги нагласи слабите и силните страни на секој од кандидатите во зависност од интересот. Но, во борбата на субјективноста на крајот сепак победува објективноста која избива на површина како краен производ на секој процес.

Како и да е, насловите се навистина неповолни за актуелниот американски претседател. Не дека овие наслови го глорифицираат неговиот предизвикувач Трампт и ценат дека тој имал настап кој бил подобар од настапот на Бајден. Едноставно фокусот на повеќето анализи е ставен на оценката дека едниот кандидат бил лош, а другиот многу полош во првата дебата на двата противкандидати.

И овие оценки се релативни и со голема доза на субјективност.

Зошто релативни?

Ако првин ја гледаме дебатата, ослободени од влијанието на медиумските написи, тогаш впечатокот е дека кандидатите навистина оставија лош впечаток. Ако пак првин ги читаме анализите и оценките на политичките аналитичари, коментатори и новинари во кои генерално даваат исклучително негативни оценки за нивниот перформанс, а дури потоа ја гледаме дебатата, ќе стекнеме впечаток дека двајцата кандидати сепак не биле толку лоши. Кај нив постои сериозен политички капацитет, кој независно од нивната возраст може да се носи со предизвиците со кои се соочуваат САД и остатокот од светот.

Тоа е тој релативен и субјективен пристап на гледање на нештата, односно дали чашата до половина е полна или од половина е празна. Независно од спротивните агли на гледање, факт е дека чашата не е сосема полна и дека тука нешто недостасува. Очекувањата се дека САД, како најголема економска и воена светска сила, не можат да си дозволат полупразна чаша во Овалната соба во Белата куќа. Токму затоа се такви речиси сите оценки на релевантните медиуми во однос на првата дебата на двајцата претседателски кандидати и претседатели на САД.

На оваа дебата се зборуваше за повеќе прашања. Некои од нив се однесуваа исклучително на внатрешните состојби на земјата, но добар дел се однесуваа на надворешната политика и жешките теми кои го оптеретуваат целиот свет. Се зборуваше за американската економија, социјалната заштита, заштитата на децата, миграциите од кои се погодени САД, но се зборуваше и за НАТО, војните во Украина и Блискиот исток, како и за американските односи со Кина и Иран. Токму овие надворешнополитички теми е она што нас нè интересира како надворешни набљудувачи на американските избори.

Каков ќе биде ефектот од дебатата во однос на внатрешните прашања кои ги тангираат американските граѓани ќе видиме на следните анкети кои ќе бидат објавени за рејтинзите на претседателските кандидати. На крајот од денот, тие се оние кои што гласаат, но нивниот глас во значителна мера ќе влијае врз севкупните односи во светот и за тоа во кој правец ќе се движиме во наредните четири години. Од тие причини, особено силен впечаток оставија речиси дијаметрално спротивставените позиции на Трамп и Бајден во однос на Афганистан, Украина, Израел, Иран и Кина и се она што е поврзано со овие референтни точки во кои се вкрстуваат интересите на светските сили.

Во однос на Кина, Трамп го обвини Бајден дека води сервилна политика, дека дозволува Кина да доминира врз американската економија и дека Кина економски ја освојува САД: „Кина ќе нè поседува ако продолжите да им дозволуваме да го прават тоа што ни го прават како земја. Тие не убиваат како земја, Џо, и не можеш да дозволиш тоа да се случи “, рече Трамп за време на жестоката дебата. „Ние имаме најголем дефицит со Кина. Него го плаќа Кина. Тој е манџуријски кандидат. Тој добива пари од Кина“.

Жестоките критики кои што меѓусебе ги разменија во однос на судирот меѓу Израел и Хамас покажаа дека во однос на ова прашање нивните позиции сепак се насочени во ист правец, со таа разлика што Трамп се залага за поголема поддршка на Израел во оваа војна. Кратката и јасно искажана позиција на Бајден дека „Хамас веќе не смее да постои“ беше дочекана со жестоки критики од Трамп. Тој го нарече Бајден „Палестинец, многу лош Палестинец“ кој не сака да му помогне на Израел „да ја заврши работата“ против Хамас во неговата војна во Газа.

Ставањето на војната во Газа во поширок контекст и нејзиното логично поврзување со Иран предизвика нова серија на аргументи со кои Трамп му зададе сериозен удар на Бајден. Трамп не пропушти да каже дека за време на неговото претседателство со САД, Иран бил изолирана земја доведена пред економски колапс. Секоја земја која што имала економски односи со Иран била оневозможена да соработува со САД, вклучително и економски моќната Кина. Токму поради тие причини биле превенирани сите потенцијални амбиции и аспирации на Хамас и Иран да предизвикаат криза во Газа.

Интересни беа тезите на Трамп во однос на поврзаноста на Афганистан со војната во Украина. Имено, Трамп смета дека слабоста на САД во Афганистан и повлекувањето од оваа земја едноставно го стимулирало Путин да изврши инвазија во Украина. Тоа било сигнал за Русија дека САД повеќе не се во состојба да имаат доминантна позиција на глобално ниво за време на мандатот на Бајден, кое што го охрабрило Путин да влезе во актуелната војна во Украина. Според Трамп, војната во Украина немаше никогаш да започне доколку САД беа сериозен фактор. Потсетувајќи на неговата иницијатива за изнаоѓање на мирно решение уште во 2020 година кога конфликтот се уште имаше внатрешен карактер во Украина, тој го обвини Бајден дека го довел светот многу блиску до Трета светска војна и дека повторниот избор на Бајден всушност ќе значи почеток на нова светска војна.Тој се заложи за воспоставување на мир и ставање крај на овој судир.

Бајден имаше прилично праволиниски став во однос на сите кризни жаришта во светот, особено оној во Украина. Тој го сведе овој конфликт едноставно на тоа дека Путин е воен злосторник и од тука треба да тргнуваат сите политики на САД и сојузниците. Размислување или некаква изјава за мир не можевме да слушнеме од негова страна.

Дебатата помина во бројни меѓусебни навреди и обвинувања на прилично ниско ниво. Имавеме можност да слушнеме термини од типот „лажов“, „лузер“, „криминалец“, „зборуваш глупости“, па се до „најлошиот претседател во историјата а САД“. Ваквото ниво на меѓусебна дебата на двата кандидата е досега најниското ниво видено на било која дебата кај некоја сериозна светска сила. Сето тоа, надополнето со впечатокот за „сериозниот замор на материјалот“ кај еден од кандидатите, како и со право поставеното прашање за загриженоста на американската јавност за способноста на кандидатите да се носат со предизвиците на највисокото работно место во светот поради нивната возраст, создаде впечаток дека американците немаат некој особен избор освен да го одберат кандидатот кој барем е во подобра физичка кондиција.

 

The post Полупразната чаша во Овалната соба appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

„Девеесет мизерни минути дебата меѓу Бајден и Трамп“. „Бајден прикажа нестабилни перформанси во дебатата со Трамп“. „Кандидатите преживеаа лоша дебата“. „Нема втора шанса за оставање на првиот впечаток“. „Демократите се во паника поради лошиот впечаток на Бајден во дебатата со Трамп“. „Бајден загуби во првата дебата со Трамп“ Ова се само дел од насловите и поднасловите кои можеме да ги прочитаме во бројните медиуми после првата дебата на двајцата противкандидати во борбата за најмоќната политичка позиција во светот. Ова не се наслови од некои маргинални американски медиуми кои стриктно поддржуваат еден од кандидатите. Тоа се наслови од угледни светски медиуми, кои независно од нивните политички афинитети речиси унисоно се согласуваат во своите впечатоци во однос на главните прашања кои што беа третирани на оваа дебата. Тоа се наслови кои први излегуваат при пребарувањето на интернет и тука нема што да се коментира или доведува во прашање веродостојноста на впечатокот стекнат од дебатата. Впрочем истата е поставена на интернет и може во целост да се гледа со цел да се стекне директен и личен впечаток, ослободен од новинарски коментари и анализи кои имаат доза на субјективност. Тоа е нормално. Разбирливо е постоењето на субјективност во една демократска трка која е мотивирана од разни причини и која има за цел да ги нагласи слабите и силните страни на секој од кандидатите во зависност од интересот. Но, во борбата на субјективноста на крајот сепак победува објективноста која избива на површина како краен производ на секој процес. Како и да е, насловите се навистина неповолни за актуелниот американски претседател. Не дека овие наслови го глорифицираат неговиот предизвикувач Трампт и ценат дека тој имал настап кој бил подобар од настапот на Бајден. Едноставно фокусот на повеќето анализи е ставен на оценката дека едниот кандидат бил лош, а другиот многу полош во првата дебата на двата противкандидати. И овие оценки се релативни и со голема доза на субјективност. Зошто релативни? Ако првин ја гледаме дебатата, ослободени од влијанието на медиумските написи, тогаш впечатокот е дека кандидатите навистина оставија лош впечаток. Ако пак првин ги читаме анализите и оценките на политичките аналитичари, коментатори и новинари во кои генерално даваат исклучително негативни оценки за нивниот перформанс, а дури потоа ја гледаме дебатата, ќе стекнеме впечаток дека двајцата кандидати сепак не биле толку лоши. Кај нив постои сериозен политички капацитет, кој независно од нивната возраст може да се носи со предизвиците со кои се соочуваат САД и остатокот од светот. Тоа е тој релативен и субјективен пристап на гледање на нештата, односно дали чашата до половина е полна или од половина е празна. Независно од спротивните агли на гледање, факт е дека чашата не е сосема полна и дека тука нешто недостасува. Очекувањата се дека САД, како најголема економска и воена светска сила, не можат да си дозволат полупразна чаша во Овалната соба во Белата куќа. Токму затоа се такви речиси сите оценки на релевантните медиуми во однос на првата дебата на двајцата претседателски кандидати и претседатели на САД. На оваа дебата се зборуваше за повеќе прашања. Некои од нив се однесуваа исклучително на внатрешните состојби на земјата, но добар дел се однесуваа на надворешната политика и жешките теми кои го оптеретуваат целиот свет. Се зборуваше за американската економија, социјалната заштита, заштитата на децата, миграциите од кои се погодени САД, но се зборуваше и за НАТО, војните во Украина и Блискиот исток, како и за американските односи со Кина и Иран. Токму овие надворешнополитички теми е она што нас нè интересира како надворешни набљудувачи на американските избори. Каков ќе биде ефектот од дебатата во однос на внатрешните прашања кои ги тангираат американските граѓани ќе видиме на следните анкети кои ќе бидат објавени за рејтинзите на претседателските кандидати. На крајот од денот, тие се оние кои што гласаат, но нивниот глас во значителна мера ќе влијае врз севкупните односи во светот и за тоа во кој правец ќе се движиме во наредните четири години. Од тие причини, особено силен впечаток оставија речиси дијаметрално спротивставените позиции на Трамп и Бајден во однос на Афганистан, Украина, Израел, Иран и Кина и се она што е поврзано со овие референтни точки во кои се вкрстуваат интересите на светските сили. Во однос на Кина, Трамп го обвини Бајден дека води сервилна политика, дека дозволува Кина да доминира врз американската економија и дека Кина економски ја освојува САД: „Кина ќе нè поседува ако продолжите да им дозволуваме да го прават тоа што ни го прават како земја. Тие не убиваат како земја, Џо, и не можеш да дозволиш тоа да се случи “, рече Трамп за време на жестоката дебата. „Ние имаме најголем дефицит со Кина. Него го плаќа Кина. Тој е манџуријски кандидат. Тој добива пари од Кина“. Жестоките критики кои што меѓусебе ги разменија во однос на судирот меѓу Израел и Хамас покажаа дека во однос на ова прашање нивните позиции сепак се насочени во ист правец, со таа разлика што Трамп се залага за поголема поддршка на Израел во оваа војна. Кратката и јасно искажана позиција на Бајден дека „Хамас веќе не смее да постои“ беше дочекана со жестоки критики од Трамп. Тој го нарече Бајден „Палестинец, многу лош Палестинец“ кој не сака да му помогне на Израел „да ја заврши работата“ против Хамас во неговата војна во Газа. Ставањето на војната во Газа во поширок контекст и нејзиното логично поврзување со Иран предизвика нова серија на аргументи со кои Трамп му зададе сериозен удар на Бајден. Трамп не пропушти да каже дека за време на неговото претседателство со САД, Иран бил изолирана земја доведена пред економски колапс. Секоја земја која што имала економски односи со Иран била оневозможена да соработува со САД, вклучително и економски моќната Кина. Токму поради тие причини биле превенирани сите потенцијални амбиции и аспирации на Хамас и Иран да предизвикаат криза во Газа. Интересни беа тезите на Трамп во однос на поврзаноста на Афганистан со војната во Украина. Имено, Трамп смета дека слабоста на САД во Афганистан и повлекувањето од оваа земја едноставно го стимулирало Путин да изврши инвазија во Украина. Тоа било сигнал за Русија дека САД повеќе не се во состојба да имаат доминантна позиција на глобално ниво за време на мандатот на Бајден, кое што го охрабрило Путин да влезе во актуелната војна во Украина. Според Трамп, војната во Украина немаше никогаш да започне доколку САД беа сериозен фактор. Потсетувајќи на неговата иницијатива за изнаоѓање на мирно решение уште во 2020 година кога конфликтот се уште имаше внатрешен карактер во Украина, тој го обвини Бајден дека го довел светот многу блиску до Трета светска војна и дека повторниот избор на Бајден всушност ќе значи почеток на нова светска војна.Тој се заложи за воспоставување на мир и ставање крај на овој судир. Бајден имаше прилично праволиниски став во однос на сите кризни жаришта во светот, особено оној во Украина. Тој го сведе овој конфликт едноставно на тоа дека Путин е воен злосторник и од тука треба да тргнуваат сите политики на САД и сојузниците. Размислување или некаква изјава за мир не можевме да слушнеме од негова страна. Дебатата помина во бројни меѓусебни навреди и обвинувања на прилично ниско ниво. Имавеме можност да слушнеме термини од типот „лажов“, „лузер“, „криминалец“, „зборуваш глупости“, па се до „најлошиот претседател во историјата а САД“. Ваквото ниво на меѓусебна дебата на двата кандидата е досега најниското ниво видено на било која дебата кај некоја сериозна светска сила. Сето тоа, надополнето со впечатокот за „сериозниот замор на материјалот“ кај еден од кандидатите, како и со право поставеното прашање за загриженоста на американската јавност за способноста на кандидатите да се носат со предизвиците на највисокото работно место во светот поради нивната возраст, создаде впечаток дека американците немаат некој особен избор освен да го одберат кандидатот кој барем е во подобра физичка кондиција.  

The post Полупразната чаша во Овалната соба appeared first on Република.

]]>
Екстремниот либерализам на европската политичка елита https://arhiva3.republika.mk/kolumni/ekstremniot-liberalizam-na-evropskata-politichka-elita/ Tue, 18 Jun 2024 18:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=788866

Петар Поп-Арсов

Пвиот бран на реакции по оджувањето на изборите за пратеници во Европскиот парламент полека стивнува. Сепак, неизбежни се таканаречените афтершокови од политичкиот земјотрес кој што и се случи на Европа. Се редат последователни потреси кои што сè уште  одекнуваат низ континентот, а интересот на јавноста и понатаму останува фокусиран на процесот кој што ќе следи како последица на изборните резултати. Најновата информација говори за тоа дека европските лидери не успеаа да се договорат за распределба на клучните места во рамки на Европската унија. Но, и тоа ќе биде иако пораката од овие избори не се однесуваше само на распределбата на функциите.

Без разлика на тоа дали се работи за поголеми или помали земји членки на ЕУ, или пак се работи за земји кандидати за членство, интересот за изборните резултати кои во значителна мера ќе го трасираат патот по кој што ќе се движи континентот во следните пет години останува во фокусот на вниманието на европската јавност. Ова особено доаѓа до израз откако некои од најистакнатите европски лидери претрпеа сериозни неуспеси во сопствените земји. Во исто време, десничарските и екстремно десничарските партии направија значителен скок.

Првиот впечаток од европските избори е дека Европа прави сериозно свртување вдесно. Тоа го говорат бројките на остварените мандати. Европската народна партија (EPP) како победничка и најголемата политичка сила која што ќе биде застапена во Европскиот парламент има згоелмување за 16 мандати во однос на претходниот парламентарен состав, односно од 174 порасна на 190 пратенички места. Тоа е сериозен показател дека десницата во Европа ја зацврстува својата доминација во рамки на Европскиот парламент кое што понатаму може да има импликации и на распоредот на силите во парламентите на национално ниво.

Ако на овој факт го надоврземе резултатот остварен од т.н. екстремна десница, односно оној дел од десницата која што е поделена во неколку политички блока во кои што има благ или сериозно изразен евроскептицизам, суверенизам, како и грижа за заштитат на идентитетот, навистина може да заклучиме дека десницата во Европа извојува сериозна победа. Сите десно ориентирани партии (гледано според стандардната дефиниција за поделба на левица и десница) заедно имаат далеку повеќе од половината на мандатите од вкупно 720 пратеници на Европскиот парламент, кое што за европски услови претставува сериозно мнозинство.

Но, дали вообичаената поделба на десни и леви сè уште е важечка и може да се примени во политичките случувања на европскиот континет? Дали овие, по дефиниција десни партии, политички се компатибилни меѓу себе и ќе можат да соработуваат и да ја водат ЕУ во наредните пет години?

По се изгледа дека не!

Политичката поделбата во Европа одамна не се движи по линијата на разграничување помеѓу класичните левица и десницата. Европската унија стана комплексна политичка структура во која егзистираат повеќе линии на разграничување кои истовремено претставуваат и линии на поврзување и соработка ако на нив гледаме од друга перспектива.

Независно од математиката која јасно покажува дека вкупниот материјален биланс на десницата е доволен да владее со континентот, сепак ќе се прават други комбинации кои во игра повторно ќе ги внесат другите линии на политичка поделба. И покрај јасните победи и порази низ Европа, ниту еден блок не може да создаде чисто мнозинство кое истовремено ќе ја интегрира вкупната политичка платформа врз која тие функционираат. По се изгледа дека евроскептицизмот повторно ќе биде фактор на обединување на најголемите, по дефиниција спротивставени политички сили во ЕУ, Европската народна партија (EPP) и Европските социјалисти и демократи (S&D). Но, тоа е само по дефиниција. Во пракса е сосема поинаку.

Постоењето на евроскептицизмот како таков, како и се поголемото зацврстување на суверенистите и чуварите на националниот идентитет на европските народи на политичката сцена, ги приморува поддржувачите на европската идеја да се обединат независно од нивната профилација на левица или десница. Коалицијата меѓу ЕПП и Социјалистите е веќе испробан рецепт на функционирање во рамки на институциите на ЕУ и тоа беше формулата со која Европската унија се справи со надоаѓачкиот евроскептицизам кој својата сила ја покажа уште на претходните избори во 2019 година.

А, како не би имало појава на евроскептицизам, зајакнување на суверенизмот и негативниот став кон проширувањето, кога ЕУ се покажа како многу ранлива на неконтролираните процеси на миграција кои го погодија континентот. Недоволната подготвеност и исклучително либералниот став на највлијателните европски политичари кон ова прашање придонесоа мобилизацијата на европската политика да започне од нејзината база, меѓу европските граѓани и народите на земјите членки. Слабите перформанси на европскиот политички врв имаат свои негативни импликации и врз земјите кандидати кои се ставени во положба на бескрајни преговори, реформи и реформи на реформите без да се гледа крајот и конечниот исход на таквиот процес. Впрочем, Македонија најдобро ја почувствува „способноста и ефикасноста“ на последните неколку генерации на европската политичка елита.

Затоа се такви и резултатите од изборите. Затоа Макрон, симболот на социјал-либералните политики во Европа доживува сериозен пораз. Неговите политики создадоа таква реакција меѓу француските граѓани што доведоа до победа т.н. екстремна десница. Во Франција, една од локомотивите на Европската унија, веќе не можеме да зборуваме за победа на EPP или на S&D, туку за победа на политиките кои се дијаметрална спротивност на она што го претставуваше Макрон. Во Франција зборуваме за победа на екстремната десница!

Ако на сето тоа ги надоврземе последните иницијативи на Макрон за испраќање на француски трупи во Украина и дозвола за користење на француското оружје за гаѓање на цели во Русија, може да заклучиме дека француските граѓани навистина испратија радикална порака во однос на ваквите политики. Со други зборови, Французите испратија порака за мир. Порака спротивна на политиките на Макрон.

Неконтролираната миграција, војната реторика и загрозувањето на животите на сопствените граѓани не можат да се третираат ниту како леви, ниту како либерални, социјални или демократски политики. Тоа се политики кои одат во една своја форма на екстремизам и радикализам.

Парадоксално е да се дефинира нечија политика како крајно десна доколку се залага за одбрана од неконтролираната миграција и нарушувањето на популационата рамнотежа. Нелогично е некоја политика да се дефинира како радикално десна доколку се залага за заштита на сопствениот народ, за мир и за спротивување на учеството на сопствените синови на туѓите бојни полиња.

Во Европа имаме појава на нов радикализам и екстремизам. Тој не е ниту десен, ниту лев. Европскиот радикализам и екстремизам е либерален, кој со својата политика турна еден цел народ во беспоштедна војна со несогледиви последици. Војната во Украина е одговорност на сите страни кои се вклучени на овој или оној начин, а токму политиките на екстремниот европски либерализам го туркаат континентот во уште поголем судир.

Изборите за Европскиот парламент се нешто многу повеќе од избори за пратеници со високи плати во Стразбур. Тоа беа избори на кои беше испратена сериозна политичка порака која е многу повеќе од тоа кој ќе раководи со бриселската бирократија или кој колку раководни места ќе има во Европската комисија и останатата ЕУ архитектура на владеење. Пораката испратена од европските граѓани е последната шанса за мирот во Европа. Тоа е порака која што мора соодветно и правилно да биде разбрана од оваа генерација на европски политичари чиј што фокус треба да биде ставен на суштината, а не на фотелјите кои што треба да бидат пополнети.

The post Екстремниот либерализам на европската политичка елита appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Пвиот бран на реакции по оджувањето на изборите за пратеници во Европскиот парламент полека стивнува. Сепак, неизбежни се таканаречените афтершокови од политичкиот земјотрес кој што и се случи на Европа. Се редат последователни потреси кои што сè уште  одекнуваат низ континентот, а интересот на јавноста и понатаму останува фокусиран на процесот кој што ќе следи како последица на изборните резултати. Најновата информација говори за тоа дека европските лидери не успеаа да се договорат за распределба на клучните места во рамки на Европската унија. Но, и тоа ќе биде иако пораката од овие избори не се однесуваше само на распределбата на функциите. Без разлика на тоа дали се работи за поголеми или помали земји членки на ЕУ, или пак се работи за земји кандидати за членство, интересот за изборните резултати кои во значителна мера ќе го трасираат патот по кој што ќе се движи континентот во следните пет години останува во фокусот на вниманието на европската јавност. Ова особено доаѓа до израз откако некои од најистакнатите европски лидери претрпеа сериозни неуспеси во сопствените земји. Во исто време, десничарските и екстремно десничарските партии направија значителен скок. Првиот впечаток од европските избори е дека Европа прави сериозно свртување вдесно. Тоа го говорат бројките на остварените мандати. Европската народна партија (EPP) како победничка и најголемата политичка сила која што ќе биде застапена во Европскиот парламент има згоелмување за 16 мандати во однос на претходниот парламентарен состав, односно од 174 порасна на 190 пратенички места. Тоа е сериозен показател дека десницата во Европа ја зацврстува својата доминација во рамки на Европскиот парламент кое што понатаму може да има импликации и на распоредот на силите во парламентите на национално ниво. Ако на овој факт го надоврземе резултатот остварен од т.н. екстремна десница, односно оној дел од десницата која што е поделена во неколку политички блока во кои што има благ или сериозно изразен евроскептицизам, суверенизам, како и грижа за заштитат на идентитетот, навистина може да заклучиме дека десницата во Европа извојува сериозна победа. Сите десно ориентирани партии (гледано според стандардната дефиниција за поделба на левица и десница) заедно имаат далеку повеќе од половината на мандатите од вкупно 720 пратеници на Европскиот парламент, кое што за европски услови претставува сериозно мнозинство. Но, дали вообичаената поделба на десни и леви сè уште е важечка и може да се примени во политичките случувања на европскиот континет? Дали овие, по дефиниција десни партии, политички се компатибилни меѓу себе и ќе можат да соработуваат и да ја водат ЕУ во наредните пет години? По се изгледа дека не! Политичката поделбата во Европа одамна не се движи по линијата на разграничување помеѓу класичните левица и десницата. Европската унија стана комплексна политичка структура во која егзистираат повеќе линии на разграничување кои истовремено претставуваат и линии на поврзување и соработка ако на нив гледаме од друга перспектива. Независно од математиката која јасно покажува дека вкупниот материјален биланс на десницата е доволен да владее со континентот, сепак ќе се прават други комбинации кои во игра повторно ќе ги внесат другите линии на политичка поделба. И покрај јасните победи и порази низ Европа, ниту еден блок не може да создаде чисто мнозинство кое истовремено ќе ја интегрира вкупната политичка платформа врз која тие функционираат. По се изгледа дека евроскептицизмот повторно ќе биде фактор на обединување на најголемите, по дефиниција спротивставени политички сили во ЕУ, Европската народна партија (EPP) и Европските социјалисти и демократи (S&D). Но, тоа е само по дефиниција. Во пракса е сосема поинаку. Постоењето на евроскептицизмот како таков, како и се поголемото зацврстување на суверенистите и чуварите на националниот идентитет на европските народи на политичката сцена, ги приморува поддржувачите на европската идеја да се обединат независно од нивната профилација на левица или десница. Коалицијата меѓу ЕПП и Социјалистите е веќе испробан рецепт на функционирање во рамки на институциите на ЕУ и тоа беше формулата со која Европската унија се справи со надоаѓачкиот евроскептицизам кој својата сила ја покажа уште на претходните избори во 2019 година. А, како не би имало појава на евроскептицизам, зајакнување на суверенизмот и негативниот став кон проширувањето, кога ЕУ се покажа како многу ранлива на неконтролираните процеси на миграција кои го погодија континентот. Недоволната подготвеност и исклучително либералниот став на највлијателните европски политичари кон ова прашање придонесоа мобилизацијата на европската политика да започне од нејзината база, меѓу европските граѓани и народите на земјите членки. Слабите перформанси на европскиот политички врв имаат свои негативни импликации и врз земјите кандидати кои се ставени во положба на бескрајни преговори, реформи и реформи на реформите без да се гледа крајот и конечниот исход на таквиот процес. Впрочем, Македонија најдобро ја почувствува „способноста и ефикасноста“ на последните неколку генерации на европската политичка елита. Затоа се такви и резултатите од изборите. Затоа Макрон, симболот на социјал-либералните политики во Европа доживува сериозен пораз. Неговите политики создадоа таква реакција меѓу француските граѓани што доведоа до победа т.н. екстремна десница. Во Франција, една од локомотивите на Европската унија, веќе не можеме да зборуваме за победа на EPP или на S&D, туку за победа на политиките кои се дијаметрална спротивност на она што го претставуваше Макрон. Во Франција зборуваме за победа на екстремната десница! Ако на сето тоа ги надоврземе последните иницијативи на Макрон за испраќање на француски трупи во Украина и дозвола за користење на француското оружје за гаѓање на цели во Русија, може да заклучиме дека француските граѓани навистина испратија радикална порака во однос на ваквите политики. Со други зборови, Французите испратија порака за мир. Порака спротивна на политиките на Макрон. Неконтролираната миграција, војната реторика и загрозувањето на животите на сопствените граѓани не можат да се третираат ниту како леви, ниту како либерални, социјални или демократски политики. Тоа се политики кои одат во една своја форма на екстремизам и радикализам. Парадоксално е да се дефинира нечија политика како крајно десна доколку се залага за одбрана од неконтролираната миграција и нарушувањето на популационата рамнотежа. Нелогично е некоја политика да се дефинира како радикално десна доколку се залага за заштита на сопствениот народ, за мир и за спротивување на учеството на сопствените синови на туѓите бојни полиња. Во Европа имаме појава на нов радикализам и екстремизам. Тој не е ниту десен, ниту лев. Европскиот радикализам и екстремизам е либерален, кој со својата политика турна еден цел народ во беспоштедна војна со несогледиви последици. Војната во Украина е одговорност на сите страни кои се вклучени на овој или оној начин, а токму политиките на екстремниот европски либерализам го туркаат континентот во уште поголем судир. Изборите за Европскиот парламент се нешто многу повеќе од избори за пратеници со високи плати во Стразбур. Тоа беа избори на кои беше испратена сериозна политичка порака која е многу повеќе од тоа кој ќе раководи со бриселската бирократија или кој колку раководни места ќе има во Европската комисија и останатата ЕУ архитектура на владеење. Пораката испратена од европските граѓани е последната шанса за мирот во Европа. Тоа е порака која што мора соодветно и правилно да биде разбрана од оваа генерација на европски политичари чиј што фокус треба да биде ставен на суштината, а не на фотелјите кои што треба да бидат пополнети.

The post Екстремниот либерализам на европската политичка елита appeared first on Република.

]]>
Воената економија и нејзиниот вентил https://arhiva3.republika.mk/kolumni/voenata-ekonomija-i-nejziniot-ventil/ Wed, 05 Jun 2024 10:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=784916

Петар Поп-Арсов

Ние во Македонија сме си преокупирани со нашите секојдневни проблеми и маки. Претежно сме фокусирани на домашната политика, меѓусебните расправии и кавгите со комшиите. Тоа некако највеќе ни лежи како активност. Не дека ние сме виновниците за таквите караници, но факт е дека сме во добра кондиција во овој спорт и немаме проблем да го прифатиме секој предизвик, па дури и најситната провокација.

Што се случува во светот, подалеку од Скопје, Софија, Атина, Тирана или Белград? Тоа некако недоволно го мобилизира и привлекува нашето внимание. Впрочем, тоа јасно се гледа и според понудата на информации и текстови во македонските медиуми. Се разбира, тоа е сосема пазарен пристап. Каква е побарувачката таква е и понудата.

Тема која што треба исклучително многу да нѐ интересира е војната во Украина. Секако дека има група на граѓани кои со внимание ја следат оваа тема, но сето тоа го прават преку алтернативни извори на информирање затоа што македонскиот медиумски простор во овој дел е или сиромашен или недоволно експониран за да го сврти вниманието кон оваа жешка тема.

Темата е исклучително интересна, ако воопшто може да се каже дека разурнувањата и губењето животи треба да се дефинираат како такви. Но, кога зборуваме за интересноста на овој конфликт не мислиме само на воениот аспект, туку и на развојот на политичките и економските случувања кои го инволвираат буквално целиот свет во овој конфликт. Независно од тоа што воените дејствија се дефинирано и ограничени на територијата на Украина, учесниците во судирот се далеку повеќе и далеку ги надминуваат границите на бојното поле.

Има многу интересни случувања и ставови презентирани во последно време, особено на политички план кои што го прават видлив новиот правец на движењето на настаните.

Особено интересни се ставовите на францускиот претседател Макрон. За потсетување, тој најпрвин ја имаше средба со Путин, некаде на почетокот на февруари 2022 година во Москва, непосредно пред руската инвазија на Украина. Уште се сеќаваме на онаа слика на двајцата претседатели седнати спротивните краеви на онаа долга маса во Кремљ. Вистинската цел и мотивите за тогашната посета на Макрон останаа нејасни, барем нејасни за оној видливиот дел на политичкиот спектар. Неговата посета беше бесполезна ако за цел имаше да го разубеди Путин од агресијата кон Украина.

Во меѓувреме Франција како значаен член на НАТО имаше забележителна улога во политичката, економската и воената поддршка на Украина. На почетокот на годинава, Макрон излезе со предлог да настапи прекин на огнот во Украина за време на оддржувањето на Олимписките игри кои ќе се оддржат ова лето во Париз. Овој предлог наиде на целосно игнорирање речиси од сите страни. Набргу потоа, Макрон имаше радикална промена во ставот и се заложи за испраќање на француски војници на територијата на Украина. Деновиве неговите заложби одат во правец да ѝ се дозволи на Украина да го користи оружјето и системите донирани од Франција за да гаѓа цели на територијата на Русија. Ваквото оружје би се користело за неутрализирање исклучиво на воени цели од кои е се напаѓа Украина, а во никој случај за таргетирање на други воени или цивилни цели.

Независно од последнава ограда во однос на цивилните цели, која што самиот Макрон ја постави, дозволата за користење на француското оружје да се користи за уништување на цели на територијата на Русија е нов и повисок степен на војната во Украина кој секако дека ќе предизвика негова зголемена, а можеби и проширена ескалација.

За разлика од експлицитноста на Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц во јавноста презентираше сличен став, но во повоздржана форма. Имено, тој не даде директа дозвола за користење на германското оружје за гаѓање на цели на територијата на Русија, но сепак, ставот презентиран од страна на Макрон го завитка во дипломатски целофан и потенцираше дека Украина треба да се брани се додека го почитува меѓународното право и условите дадени од земјите кои што ја снабдуваат со оружје. Во превод кажано, во моментов Германија не дава експлицитна дозвола за користење на германското оружје против цели на територијата на Русија, но нема ништо против тоа што Франција ќе дозволи таква употреба.

Ако го земеме во предвид и моментот дека Германија повеќе делува отколку што зборува, сосема е јасно кои би биле следните чекори на оваа земја и сосема е јасно дека овие чекори ќе водат во дополнителна ескалација на војната.

Британија во моментов стои некако во позадина. Таков е впечатокот гледано од аспект на политичката активност која што е видлива за јавноста, иако знаеме дека Британија имаше клучна улога во најкритичните моменти на овој судир. Постои мислење, впечаток, новински написи, па дури излегуваат и научни трудови дека поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, ги минирал можностите за мировни преговори и мирно решавање на овој конфликт уште на самиот негов почеток. Ова не е мислење или став кој што доаѓа од Москва, туку нешто кое што е присутно во јавноста во самата Британија. Дали тоа е така или не, ќе покаже историјата, која што секако ќе ја пишуваат победниците.

Независно од моменталната активност на нејзините политички челници, официјалната политика на Обединетото Кралство во однос на војната во Украина останува на позициите дека владата обезбедува економска, хуманитарна и одбранбена воена помош за Украина и воведува дополнителни санкции за Русија. Секако дека британското стоење во позадина, германската „воздржаност“ и француската иницијативност се дел од еден заеднички систем кој функционира и се покажа како единствен и обединет во однос на војната во Украина. Улогите можат да се сменат, но, во моментов целта останува иста.

САД, иако претставуваат најголема политичка, економска и воена поддршка за Украина, во моментов нивниот фокус е поделен на повеќе исклучително важни страни.

Претседателските избори и домашните политички превирања се едната тема. Поранешниот претседател, Трамп, веќе е прогласен за виновен во спорот кој што се води против него, но тоа нема да го спречи да ја заврши трката за американски претседател, која според сите анкети има големи шанси и да ја добие.  Војната на Блискиот исток е исто така тема која сериозно го преокупира американското внимание. За Кина и ривалството што овие две земји меѓусебе го создадоа воопшто и не треба ниту да се коментира. Поголема е веројатноста да завршат сите воени судири и конфликти отколку што ќе му биде ставен крај на американско-кинеското ривалство на сите полиња.

Сите овие аспекти некако ја ставаат САД во втор план во однос на војната во Украина иако тоа секако дека не е случај. Ние само ја гледаме видливата компонента на војната во Украина и сликата која што можеме да ја составиме врз основа на информациите кои што доаќаат до нас. Но, секако дека САД имаат свои сојузници и „подизведувачи“ кои се подготвени да се активираат во вакви моменти како што тоа е случајот со Данска и Холандија кои изразија подготвеност да ѝ испорачаат на Украина борбени авиони Ф-16.

Интересен е моментот што овие авиони се способни да носат нуклеарно оружје, кој што факт дополнет со дозволата на Франција и уште неколку земји да дозволат да се гаѓаат цели на територијата на Русија, го вклучија алармот во Москва. Алармот е вклучен до тој степен што веќе почнаа заканите со нуклеарниот арсенал на Русија. Во исто време, успешните украински акции со беспилотни летала длабоко на територијата на Русија за онеспособување на радарските системи наменети за рана детекција на нуклеарни удари, извршија дополнителна мобилизација на овој план и говорат за тоа дека клучните нуклеарни сили во светот сериозно работат на ова прашање, многу повеќе отколку тоа што се споделува со јавноста.

Географската положба на овие радарски системи е таква да нивното онеспособување ја прави Русија слепа кон Персискиот залив при што југот на русија и буквално целата територија на Иран остануваат непокриени.  На овој начин доаѓаме до точка на контакт меќу двата постоечки судири во светот. Војната во Израел и Газа и војната во Украина. Оваа точка на спојување не води кон заклучок дека не постои изолираност меѓу овие два конфликта ниту пак постои изолираност меѓу било кој конфликт на оваа планета.

Путин веќе нареди да се спроведат воени вежби за користење на тактичко нуклеарно оружје на бојното поле која што наредба беше правдана како одговор на провокациите кои што најмногу доаѓаат од Париз и заканите за испраќање на воени трупи во Украина. Политичката моќ на Путин сега е уште поголема со почетокот на неговиот нов претседателски мандат.

Ако внимателно ги земеме во предвид сите информации кои што постепено ѝ се сервираат на јавноста и ако ги вкрстиме со случувањата на теренот, јасно може да заклучиме дека Европа и светот се далеку од посакуваниот мир. Напротив, мирот не само што е далеку туку војната е се поблиску. Развојот на настаните и постепените чекори кои што ги вршат двете страни, по правило секогаш во правец на зголемување на ескалацијата на судирот, укажуваат на тоа дека војната ќе потрае, ќе се зголеми, а можеби и прошири. Влогот станува се поголем и веќе светот оди кон точката од која враќањето назад ќе биде исклучително тешко.

Нашата преокупација со домашните теми нѐ држи по малку настрана од овој страшен судир, но тоа не значи дека земјата веќе не е инволвирана на ваков или онаков начин во истиот. Најзагрижувачки од сѐ е тоа што никој во светот не говори за прекин на огнот или за некакви мировни преговори. Загрижувачки е тоа што сѐ повеќе и повеќе европската економија оди во правец на воена економија кое што како процес на крајот од денот мора да има свој вентил за испуштање. Вентилот за испуштање на воената економија знаеме како изгледа. Сме учеле од историјата!

The post Воената економија и нејзиниот вентил appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Ние во Македонија сме си преокупирани со нашите секојдневни проблеми и маки. Претежно сме фокусирани на домашната политика, меѓусебните расправии и кавгите со комшиите. Тоа некако највеќе ни лежи како активност. Не дека ние сме виновниците за таквите караници, но факт е дека сме во добра кондиција во овој спорт и немаме проблем да го прифатиме секој предизвик, па дури и најситната провокација. Што се случува во светот, подалеку од Скопје, Софија, Атина, Тирана или Белград? Тоа некако недоволно го мобилизира и привлекува нашето внимание. Впрочем, тоа јасно се гледа и според понудата на информации и текстови во македонските медиуми. Се разбира, тоа е сосема пазарен пристап. Каква е побарувачката таква е и понудата. Тема која што треба исклучително многу да нѐ интересира е војната во Украина. Секако дека има група на граѓани кои со внимание ја следат оваа тема, но сето тоа го прават преку алтернативни извори на информирање затоа што македонскиот медиумски простор во овој дел е или сиромашен или недоволно експониран за да го сврти вниманието кон оваа жешка тема. Темата е исклучително интересна, ако воопшто може да се каже дека разурнувањата и губењето животи треба да се дефинираат како такви. Но, кога зборуваме за интересноста на овој конфликт не мислиме само на воениот аспект, туку и на развојот на политичките и економските случувања кои го инволвираат буквално целиот свет во овој конфликт. Независно од тоа што воените дејствија се дефинирано и ограничени на територијата на Украина, учесниците во судирот се далеку повеќе и далеку ги надминуваат границите на бојното поле. Има многу интересни случувања и ставови презентирани во последно време, особено на политички план кои што го прават видлив новиот правец на движењето на настаните. Особено интересни се ставовите на францускиот претседател Макрон. За потсетување, тој најпрвин ја имаше средба со Путин, некаде на почетокот на февруари 2022 година во Москва, непосредно пред руската инвазија на Украина. Уште се сеќаваме на онаа слика на двајцата претседатели седнати спротивните краеви на онаа долга маса во Кремљ. Вистинската цел и мотивите за тогашната посета на Макрон останаа нејасни, барем нејасни за оној видливиот дел на политичкиот спектар. Неговата посета беше бесполезна ако за цел имаше да го разубеди Путин од агресијата кон Украина. Во меѓувреме Франција како значаен член на НАТО имаше забележителна улога во политичката, економската и воената поддршка на Украина. На почетокот на годинава, Макрон излезе со предлог да настапи прекин на огнот во Украина за време на оддржувањето на Олимписките игри кои ќе се оддржат ова лето во Париз. Овој предлог наиде на целосно игнорирање речиси од сите страни. Набргу потоа, Макрон имаше радикална промена во ставот и се заложи за испраќање на француски војници на територијата на Украина. Деновиве неговите заложби одат во правец да ѝ се дозволи на Украина да го користи оружјето и системите донирани од Франција за да гаѓа цели на територијата на Русија. Ваквото оружје би се користело за неутрализирање исклучиво на воени цели од кои е се напаѓа Украина, а во никој случај за таргетирање на други воени или цивилни цели. Независно од последнава ограда во однос на цивилните цели, која што самиот Макрон ја постави, дозволата за користење на француското оружје да се користи за уништување на цели на територијата на Русија е нов и повисок степен на војната во Украина кој секако дека ќе предизвика негова зголемена, а можеби и проширена ескалација. За разлика од експлицитноста на Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц во јавноста презентираше сличен став, но во повоздржана форма. Имено, тој не даде директа дозвола за користење на германското оружје за гаѓање на цели на територијата на Русија, но сепак, ставот презентиран од страна на Макрон го завитка во дипломатски целофан и потенцираше дека Украина треба да се брани се додека го почитува меѓународното право и условите дадени од земјите кои што ја снабдуваат со оружје. Во превод кажано, во моментов Германија не дава експлицитна дозвола за користење на германското оружје против цели на територијата на Русија, но нема ништо против тоа што Франција ќе дозволи таква употреба. Ако го земеме во предвид и моментот дека Германија повеќе делува отколку што зборува, сосема е јасно кои би биле следните чекори на оваа земја и сосема е јасно дека овие чекори ќе водат во дополнителна ескалација на војната. Британија во моментов стои некако во позадина. Таков е впечатокот гледано од аспект на политичката активност која што е видлива за јавноста, иако знаеме дека Британија имаше клучна улога во најкритичните моменти на овој судир. Постои мислење, впечаток, новински написи, па дури излегуваат и научни трудови дека поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, ги минирал можностите за мировни преговори и мирно решавање на овој конфликт уште на самиот негов почеток. Ова не е мислење или став кој што доаѓа од Москва, туку нешто кое што е присутно во јавноста во самата Британија. Дали тоа е така или не, ќе покаже историјата, која што секако ќе ја пишуваат победниците. Независно од моменталната активност на нејзините политички челници, официјалната политика на Обединетото Кралство во однос на војната во Украина останува на позициите дека владата обезбедува економска, хуманитарна и одбранбена воена помош за Украина и воведува дополнителни санкции за Русија. Секако дека британското стоење во позадина, германската „воздржаност“ и француската иницијативност се дел од еден заеднички систем кој функционира и се покажа како единствен и обединет во однос на војната во Украина. Улогите можат да се сменат, но, во моментов целта останува иста. САД, иако претставуваат најголема политичка, економска и воена поддршка за Украина, во моментов нивниот фокус е поделен на повеќе исклучително важни страни. Претседателските избори и домашните политички превирања се едната тема. Поранешниот претседател, Трамп, веќе е прогласен за виновен во спорот кој што се води против него, но тоа нема да го спречи да ја заврши трката за американски претседател, која според сите анкети има големи шанси и да ја добие.  Војната на Блискиот исток е исто така тема која сериозно го преокупира американското внимание. За Кина и ривалството што овие две земји меѓусебе го создадоа воопшто и не треба ниту да се коментира. Поголема е веројатноста да завршат сите воени судири и конфликти отколку што ќе му биде ставен крај на американско-кинеското ривалство на сите полиња. Сите овие аспекти некако ја ставаат САД во втор план во однос на војната во Украина иако тоа секако дека не е случај. Ние само ја гледаме видливата компонента на војната во Украина и сликата која што можеме да ја составиме врз основа на информациите кои што доаќаат до нас. Но, секако дека САД имаат свои сојузници и „подизведувачи“ кои се подготвени да се активираат во вакви моменти како што тоа е случајот со Данска и Холандија кои изразија подготвеност да ѝ испорачаат на Украина борбени авиони Ф-16. Интересен е моментот што овие авиони се способни да носат нуклеарно оружје, кој што факт дополнет со дозволата на Франција и уште неколку земји да дозволат да се гаѓаат цели на територијата на Русија, го вклучија алармот во Москва. Алармот е вклучен до тој степен што веќе почнаа заканите со нуклеарниот арсенал на Русија. Во исто време, успешните украински акции со беспилотни летала длабоко на територијата на Русија за онеспособување на радарските системи наменети за рана детекција на нуклеарни удари, извршија дополнителна мобилизација на овој план и говорат за тоа дека клучните нуклеарни сили во светот сериозно работат на ова прашање, многу повеќе отколку тоа што се споделува со јавноста. Географската положба на овие радарски системи е таква да нивното онеспособување ја прави Русија слепа кон Персискиот залив при што југот на русија и буквално целата територија на Иран остануваат непокриени.  На овој начин доаѓаме до точка на контакт меќу двата постоечки судири во светот. Војната во Израел и Газа и војната во Украина. Оваа точка на спојување не води кон заклучок дека не постои изолираност меѓу овие два конфликта ниту пак постои изолираност меѓу било кој конфликт на оваа планета. Путин веќе нареди да се спроведат воени вежби за користење на тактичко нуклеарно оружје на бојното поле која што наредба беше правдана како одговор на провокациите кои што најмногу доаѓаат од Париз и заканите за испраќање на воени трупи во Украина. Политичката моќ на Путин сега е уште поголема со почетокот на неговиот нов претседателски мандат. Ако внимателно ги земеме во предвид сите информации кои што постепено ѝ се сервираат на јавноста и ако ги вкрстиме со случувањата на теренот, јасно може да заклучиме дека Европа и светот се далеку од посакуваниот мир. Напротив, мирот не само што е далеку туку војната е се поблиску. Развојот на настаните и постепените чекори кои што ги вршат двете страни, по правило секогаш во правец на зголемување на ескалацијата на судирот, укажуваат на тоа дека војната ќе потрае, ќе се зголеми, а можеби и прошири. Влогот станува се поголем и веќе светот оди кон точката од која враќањето назад ќе биде исклучително тешко. Нашата преокупација со домашните теми нѐ држи по малку настрана од овој страшен судир, но тоа не значи дека земјата веќе не е инволвирана на ваков или онаков начин во истиот. Најзагрижувачки од сѐ е тоа што никој во светот не говори за прекин на огнот или за некакви мировни преговори. Загрижувачки е тоа што сѐ повеќе и повеќе европската економија оди во правец на воена економија кое што како процес на крајот од денот мора да има свој вентил за испуштање. Вентилот за испуштање на воената економија знаеме како изгледа. Сме учеле од историјата!

The post Воената економија и нејзиниот вентил appeared first on Република.

]]>
Кога сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат https://arhiva3.republika.mk/kolumni/koga-smetkata-ja-plakaat-samo-onie-koi-shto-ne-mozhat-da-si-platat/ Tue, 28 May 2024 12:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=782427

Петар Поп-Арсов

„... Македонија постигна ниво на подготвеност помеѓу одредено и умерено да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во оваа област. Севкупно, не е постигнат напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрувањето на правната рамка за заштита на фундаменталните права.“

„Во однос на судскиот систем, нивото на подготвеност на ... Македонија е помеѓу одредено и умерено. Во текот на извештајниот период не е постигнат напредок во областа на судството.“

„Во однос на спречувањето и борбата против корупцијата, нивото на подготвеност на земјата е помеѓу одредено и умерено. Не е постигнат напредок. Корупцијата останува распространета во многу области и претставува предмет на загриженост.“

Вака гласеше извештајот на Европската комисија за состојбите во македонското судство за 2023 година. Нема напредок во судството, земјата е неподготвена за примена на правото на ЕУ и европските стандарди, нема зајакнување на судската независнот. Она што ние го живеевме и преживувавме како граѓани, од ЕК само го ставија на хартија. А, хартијата трпи сѐ, нели?!

Па дури и овие оценки, кои патем кажано беа најлошите оценки кои што некогаш сме ги добиле како земја кандидат се нереално високи во однос на вистинската реалност. Терминот нема напредок слободно можеше да се супституира со реалниот термините има назадување, има стагнација, има колапс во македонското судство. Или состојбите во судството можеа да бидат опишани со уште посоодветна терминологија, како на пример: „Состојбата во судството е катастрофа! Судството во Македонија не е судство, тоа е легло на криминал и корупција!“

Тоа би била вистинската терминологија со која Европската комисија требаше да ги опише состојбите во македонското судство, а не таму со некои термини од типот немало напредок, бил слаб до умерен или „кај и да е, ќе биде“. Независно од тоа што оценките во извештајот за 2023 година се најлошите до сега, на нашиве судии треба да им се напише директно и конкретно.

Тие не знаат да читаат дипломатски јазик. Мислат дека народот е хартија, може да трпи сѐ, а европската терминологија во процесот на оценување е нешто таму во Брисел, далеку од овде.

Токму поради тоа, но и поради многу друго и многу трето и четврто дојдовме да го добиеме првиот практичен пример за криминалот и корупцијата во македонското судство. Токму поради многуте нешта кои владеат во судството добивме, ни помалку ни повеќе туку еден врховен судија да биде првиот кој беше инфлагранти фатен во злоупотреба на својата положба со кеш во раце. Добивме и врвен обвинител, кадар со исклучително и богато портфолио, кој е осомничен дека учествувал во истиот коруптивен скандал. Нивната спрега ја потврдуваа онаа народната „Кадија те тужи, кадија ти суди“.

Која власт ги натера да го направат криминалот за кој се осомничени? Се наоѓаме во период на транзиција на власта во кој реално никој нема целосна и цврста контрола над она што се нарекува извршна власт, а уште помалку власт која може да врши замешателство во судската власт која е бетонирана на сопствените позиции. Тоа беше пример на целосна независност на судството во вршењето на криминал и корупција.

Што да се каже?

Судијата над сите судии, народот, го кажа својот суд на тукушто завршените парламентарни и претседателски избори и им пресуди на виновниците на ниво на политика. Изборите се можноста да се направат корекции за сите недоследности и грешки што се случувале во мандатниот период на секоја извршна власт. Како потоа ќе се одвиваат процесите на ниво на правото и правдата за политичарите кои се огрешиле од законите, е друго ниво и друго прашање.

Се поставува прашањето, кој ќе ја донесе пресудата во однос на „независното“ судство кое е целосно оставено без сериозен и вистински контролен механизам? Механизам, кој во исто време ќе ја гарантира неговата независност и ќе ја контролира опасноста од појавата на недоследности, грешки и организирана форма на изигрување на законите.

Како да го направиме судството вистински независно?

Независно од политички влијанија, отпорно на криминални замешателства и контролирано на начин кој ќе овозможи негово ефикасно функционирање во полза на граѓаните? Ако темите поврзани со политичките влијанија и корупцијата во судството се постојано на дневен ред и постојано се зборува за нив, се поставува и прашањето, кога ќе почнеме да зборуваме за темата поврзана со самоволното кршење на законите од страна на судиите и обвинителите кога го прават онака, на своја рака, без политички влијанија?! Кога ќе почнеме да зборуваме за нивниот влог во рушењето на репутацијата на македонското судство? Кога ќе почнеме да ги бараме контролните механизми кои судската власт треба да ги има, онака како што ги имаат законодавната и извршната, во функција на граѓанскиот интерес?

Факт е дека досегашниот модел е нефункционален. Истиот или креира услови за политичко влијание во судството или го остава целосно надвор од контрола за да се прави сѐ што ќе се посака. Овој систем се покажа дека овозможува алиби, параван и заштита кај некои од судиите кои умешно ги користат и ги комбинираат двете најголеми слабости во македонското судство, политичкото влијание и корупцијата. Затскриени зад т.н. политички влијанија, стекнувајќи некаков „кредит кај оние од горе“, влегуваат во сериозни коруптивни зделки на сопствена рака и за сопствена корист.

Ќе речеме, чест на исклучоците, но тие се само исклучоци и толку!

Има ли решение за состојбите во судството, најболната точка во македонското општество?! Секако дека има! Но, некој треба да ги најде и примени! Да ги најде и примени час поскоро затоа што следниот извештај на Европската комисија ќе дојде многу бргу, независно од тоа што ноември и декември ни изгледаат многу далеку од сега.

А токму оние кои што најмогу придонесоа македонското судство да се „расцвета како пупка“ и да стаса до 1% доверба кај граѓаните, ќе бидат најгласните критичари за состојбите во судството. Играњето на картата на кратко паметење е вообичаена пракса во македонската политика и ќе биде сосема очекувано да се искористат состојбите во судството за прибирање на политички поени врз нереална основа.

Новата власт мора веднаш да пристапи кон реализација на сопствената програма во делот на судството. Тоа е програма за која што доби огромен број гласови и мнозинство мандати во Собранието. Какви мерки ќе примени и во кои рокови ќе ги спроведе реформите е прашање на политичка проценка. Какви и да бидат мерките тие мора да се фокусираат на неколку клучни момента.

Првиот е да се обезбеди и гарантира целосна независност на судството. Вториот е да се обезбеди демократски контролен механизам кој нема да дозволи независноста да се претвори во самоволие и неконтролирано легло на корупција. Третиот момент е сето тоа да се случи што е можно побргу.

Не можеме повеќе да живееме во земја во која што колку е поголем криминалот што си го направил, толку ти се поголеми шансите да се спасиш од затвор со коруптивни дејствија. Не можеме да живееме во земја во која сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат. Не можеме да живееме во земја, која демек започнала преговори со ЕУ или ќе преговара за влез во ЕУ, а има судство кое што е под сите стандарди.

Примерот со фаќањето на дело на судијата од Врховниот суд говори во прилог на погоре изнесените констатации. Законот не смее подеднакво да ги третира оние кои што прават, да кажеме „нормален“ криминал и за кој се пропишани соодветни казни, со оние кои што треба да казнуваат за таквиот криминал, судиите. Корумпираните судии преку коруптивни дејанија всушност го прават обратното и го амнестираат сторениот криминал со што нанесуваат штета на општеството зголемена на логаритамски експонент. Еден криминалец што сторил криминал од позиција на судија треба да добие двојно или тројно повисока казна од т.н. „обичен криминалец“, само затоа што ја изневерил довербата која што му ја дала државата и граѓаните.

Исто така, треба да се следат пресудите на Судот во Стразбур и секое поништување на пресудите на македонското судство заради несоодветна примена на постоечкото македонско законодавство треба веднаш да иницира постапка за утврдување на одговорност кај оние кои што донеле таква пресуда. Не можат граѓаните постојано да плаќаат огромни судски отштети преку буџетот на државата заради нестручност или корупција кај оние со огромни плати, судиите.

Нешто мора да се стори, под итно! Во спротивно, сите напори што ги правиме како земја и општество, сите избори, промени на влади, реформи, усогласувања на законодавството, меѓународни договори и преговори ќе бидат безвредни доколку во македонското судство владее корупцијата и принципот сметката ја плаќа само оној кој не може да си плати.

The post Кога сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

„... Македонија постигна ниво на подготвеност помеѓу одредено и умерено да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во оваа област. Севкупно, не е постигнат напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрувањето на правната рамка за заштита на фундаменталните права.“ „Во однос на судскиот систем, нивото на подготвеност на ... Македонија е помеѓу одредено и умерено. Во текот на извештајниот период не е постигнат напредок во областа на судството.“ „Во однос на спречувањето и борбата против корупцијата, нивото на подготвеност на земјата е помеѓу одредено и умерено. Не е постигнат напредок. Корупцијата останува распространета во многу области и претставува предмет на загриженост.“ Вака гласеше извештајот на Европската комисија за состојбите во македонското судство за 2023 година. Нема напредок во судството, земјата е неподготвена за примена на правото на ЕУ и европските стандарди, нема зајакнување на судската независнот. Она што ние го живеевме и преживувавме како граѓани, од ЕК само го ставија на хартија. А, хартијата трпи сѐ, нели?! Па дури и овие оценки, кои патем кажано беа најлошите оценки кои што некогаш сме ги добиле како земја кандидат се нереално високи во однос на вистинската реалност. Терминот нема напредок слободно можеше да се супституира со реалниот термините има назадување, има стагнација, има колапс во македонското судство. Или состојбите во судството можеа да бидат опишани со уште посоодветна терминологија, како на пример: „Состојбата во судството е катастрофа! Судството во Македонија не е судство, тоа е легло на криминал и корупција!“ Тоа би била вистинската терминологија со која Европската комисија требаше да ги опише состојбите во македонското судство, а не таму со некои термини од типот немало напредок, бил слаб до умерен или „кај и да е, ќе биде“. Независно од тоа што оценките во извештајот за 2023 година се најлошите до сега, на нашиве судии треба да им се напише директно и конкретно. Тие не знаат да читаат дипломатски јазик. Мислат дека народот е хартија, може да трпи сѐ, а европската терминологија во процесот на оценување е нешто таму во Брисел, далеку од овде. Токму поради тоа, но и поради многу друго и многу трето и четврто дојдовме да го добиеме првиот практичен пример за криминалот и корупцијата во македонското судство. Токму поради многуте нешта кои владеат во судството добивме, ни помалку ни повеќе туку еден врховен судија да биде првиот кој беше инфлагранти фатен во злоупотреба на својата положба со кеш во раце. Добивме и врвен обвинител, кадар со исклучително и богато портфолио, кој е осомничен дека учествувал во истиот коруптивен скандал. Нивната спрега ја потврдуваа онаа народната „Кадија те тужи, кадија ти суди“. Која власт ги натера да го направат криминалот за кој се осомничени? Се наоѓаме во период на транзиција на власта во кој реално никој нема целосна и цврста контрола над она што се нарекува извршна власт, а уште помалку власт која може да врши замешателство во судската власт која е бетонирана на сопствените позиции. Тоа беше пример на целосна независност на судството во вршењето на криминал и корупција. Што да се каже? Судијата над сите судии, народот, го кажа својот суд на тукушто завршените парламентарни и претседателски избори и им пресуди на виновниците на ниво на политика. Изборите се можноста да се направат корекции за сите недоследности и грешки што се случувале во мандатниот период на секоја извршна власт. Како потоа ќе се одвиваат процесите на ниво на правото и правдата за политичарите кои се огрешиле од законите, е друго ниво и друго прашање. Се поставува прашањето, кој ќе ја донесе пресудата во однос на „независното“ судство кое е целосно оставено без сериозен и вистински контролен механизам? Механизам, кој во исто време ќе ја гарантира неговата независност и ќе ја контролира опасноста од појавата на недоследности, грешки и организирана форма на изигрување на законите. Како да го направиме судството вистински независно? Независно од политички влијанија, отпорно на криминални замешателства и контролирано на начин кој ќе овозможи негово ефикасно функционирање во полза на граѓаните? Ако темите поврзани со политичките влијанија и корупцијата во судството се постојано на дневен ред и постојано се зборува за нив, се поставува и прашањето, кога ќе почнеме да зборуваме за темата поврзана со самоволното кршење на законите од страна на судиите и обвинителите кога го прават онака, на своја рака, без политички влијанија?! Кога ќе почнеме да зборуваме за нивниот влог во рушењето на репутацијата на македонското судство? Кога ќе почнеме да ги бараме контролните механизми кои судската власт треба да ги има, онака како што ги имаат законодавната и извршната, во функција на граѓанскиот интерес? Факт е дека досегашниот модел е нефункционален. Истиот или креира услови за политичко влијание во судството или го остава целосно надвор од контрола за да се прави сѐ што ќе се посака. Овој систем се покажа дека овозможува алиби, параван и заштита кај некои од судиите кои умешно ги користат и ги комбинираат двете најголеми слабости во македонското судство, политичкото влијание и корупцијата. Затскриени зад т.н. политички влијанија, стекнувајќи некаков „кредит кај оние од горе“, влегуваат во сериозни коруптивни зделки на сопствена рака и за сопствена корист. Ќе речеме, чест на исклучоците, но тие се само исклучоци и толку! Има ли решение за состојбите во судството, најболната точка во македонското општество?! Секако дека има! Но, некој треба да ги најде и примени! Да ги најде и примени час поскоро затоа што следниот извештај на Европската комисија ќе дојде многу бргу, независно од тоа што ноември и декември ни изгледаат многу далеку од сега. А токму оние кои што најмогу придонесоа македонското судство да се „расцвета како пупка“ и да стаса до 1% доверба кај граѓаните, ќе бидат најгласните критичари за состојбите во судството. Играњето на картата на кратко паметење е вообичаена пракса во македонската политика и ќе биде сосема очекувано да се искористат состојбите во судството за прибирање на политички поени врз нереална основа. Новата власт мора веднаш да пристапи кон реализација на сопствената програма во делот на судството. Тоа е програма за која што доби огромен број гласови и мнозинство мандати во Собранието. Какви мерки ќе примени и во кои рокови ќе ги спроведе реформите е прашање на политичка проценка. Какви и да бидат мерките тие мора да се фокусираат на неколку клучни момента. Првиот е да се обезбеди и гарантира целосна независност на судството. Вториот е да се обезбеди демократски контролен механизам кој нема да дозволи независноста да се претвори во самоволие и неконтролирано легло на корупција. Третиот момент е сето тоа да се случи што е можно побргу. Не можеме повеќе да живееме во земја во која што колку е поголем криминалот што си го направил, толку ти се поголеми шансите да се спасиш од затвор со коруптивни дејствија. Не можеме да живееме во земја во која сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат. Не можеме да живееме во земја, која демек започнала преговори со ЕУ или ќе преговара за влез во ЕУ, а има судство кое што е под сите стандарди. Примерот со фаќањето на дело на судијата од Врховниот суд говори во прилог на погоре изнесените констатации. Законот не смее подеднакво да ги третира оние кои што прават, да кажеме „нормален“ криминал и за кој се пропишани соодветни казни, со оние кои што треба да казнуваат за таквиот криминал, судиите. Корумпираните судии преку коруптивни дејанија всушност го прават обратното и го амнестираат сторениот криминал со што нанесуваат штета на општеството зголемена на логаритамски експонент. Еден криминалец што сторил криминал од позиција на судија треба да добие двојно или тројно повисока казна од т.н. „обичен криминалец“, само затоа што ја изневерил довербата која што му ја дала државата и граѓаните. Исто така, треба да се следат пресудите на Судот во Стразбур и секое поништување на пресудите на македонското судство заради несоодветна примена на постоечкото македонско законодавство треба веднаш да иницира постапка за утврдување на одговорност кај оние кои што донеле таква пресуда. Не можат граѓаните постојано да плаќаат огромни судски отштети преку буџетот на државата заради нестручност или корупција кај оние со огромни плати, судиите. Нешто мора да се стори, под итно! Во спротивно, сите напори што ги правиме како земја и општество, сите избори, промени на влади, реформи, усогласувања на законодавството, меѓународни договори и преговори ќе бидат безвредни доколку во македонското судство владее корупцијата и принципот сметката ја плаќа само оној кој не може да си плати.

The post Кога сметката ја плаќаат само оние кои што не можат да си платат appeared first on Република.

]]>
Уметноста на возможното https://arhiva3.republika.mk/kolumni/umetnosta-na-vozmozhnoto/ Fri, 17 May 2024 21:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=779338

Петар Поп-Арсов

Изборите завршија, резултатите ги знаеме. Ги знаеме победниците и поразените. Бројките се јасни, а математичките комбинации лесно предвидливи. Во моментов на сите страни се прават анализи за исходот од изборите и предвидувања за понатамошниот тек за случувањата во македонската политика.

Но, политиката не е само обична математика која што претставува особено формална и егзактна научна дисциплина. Политиката не се состои само во обични бројки и едноставни математички операции на собирање и одземање. Таа е нешто сосема поинакво, нешто кое што често пати се коси со логиката и остантите математички закономерности. Политиката е, како што би рекол Бизмарк,  уметност на возможното.

И тоа не е сѐ!

Таа е и нешто друго. Политиката е и нешто кое што се поистоветува со најстариот занает со што и се дава оној вообичаен негативен контекст при нејзиното поимање. Без разлика дали е наука, уметност или занает, таа е неизбежна и присутна во сите сегменти од нашето живеење.

Сепак, во овој текст не би се плеткале ниту со математиките ниту со старите занаети. Ќе направиме обид да се задржиме на „уметноста“, која што како таква ќе ни послужи како еден вид на подлога за да одгатнеме кои беа супстанцијалните причини кои што доведоа до ваквиот исход на македонските парламентарни избори.

Уметноста пред сѐ!

Таков е животот на нас уметниците..., а барем да бевме уметници!

Ќе започнеме од ЗНАМ, па ќе одиме нагоре по ред, од ниско кон високо.

ЗНАМ ја искористи својата шанса?! Или можеби не?! Повеќе би рекле дека одговорот е под б), отколку под а), но тоа е прашање на субјективна перцепција. На што се заснова субјективноста во перцепцијата дека ЗНАМ не ја искористи својата шанса отколку дека ја искористи?

Има неколку причини и параметри кои не водат кон таков заклучок. ЗНАМ уште од почетокот имаше исклучително празна и плодна политичка почва која што му беше препуштена од „постариот брат“, СДСМ. Ако на почетокот на разидувањето на челниците на овие партии, чие што гласачко тело, патем кажано, претставува еден заеднички базен на гласови, беа личните битки помѓу Димитриевски и Спасовски, во продолжение тие добија идеолошко-политичка димензија. Ваквото идеолошко-политичко разединување одеше по онаа стара македонска линија на поделби, при што СДСМ доброволно прифати да ја игра улогата на оние што од историјата ги познаваме како врховисти, а челниците и поединците од ЗНАМ, кои што дотогаш беа на истата страна со постариот брат, како последица на конфликтот Димитриевски-Спасовски ја искористија приликата да го сменат наративот и со извесно временско издолжување да скокнат во времето на АСНОМ и тука да го изградат своето најсилно утврдување.

И така, ЗНАМ доби своја политичка физиономија која што беше сосема спротивна од онаа на СДСМ на Заев, Спасовски, Ковачевски и останатите. Сосема спротивна која што навистина имаше можност да ги преполови гласовите од истиот базен и да ги стави на свое конто.

Но, тоа не се случи! Не се случи, иако првиот круг од претседателските избори навестуваше можност дека ЗНАМ ќе освои многу повеќе гласови отколку тоа што беше перцепирано низ призмата на македонскиот политички стереотип.

Кои беа причините?

Можеби непрепознатливата кадровка понуда?! Недоволно разгранетата мрежа на оперативни структури и општински организации?! Колективната меморија на македонските граѓани која што ја помнат поврзаноста на структурите на ЗНАМ со прапочетоците и имплеметација на политиките на Заев?! Програмската понуда или политиката на “one man show”?!

Веројатно од сѐ по нешто! Сума сумарум, тоа беше одлука на македонските граѓани кои на ниво на индивидуална уметничка проценка со елементи на математичка пресметка го „наградија“ ЗНАМ со шест пратенички мандати.

Левица сепак направи одреден камбек после неуспехот во првиот круг од претседателските избори. Резултатот на оваа партија е збир на повеќе параметри и кој повеќе говори за расположението и револтот на македонските граѓани во однос на внатрешното и надворешното битисување на државата отколку што е производ на некоја политичка понуда која што нуди перспектива. Левица е антипод на се она што е меинстрим политика и претставува издувен вентил за одредена група на граѓани кои што во оваа партија можат да пронајдат прибежиште во кое можат да ги обединат своите гласови. Гласови, претежно засновани на антагонизам, но сепак гласови и луѓе кои што се реалност во државата и кои што ја искористија можноста да ја упатат својата порака, опомена или како и да ја дефинираме нивната одлука кон сите од внатре и од надвор.

Можеби ќе имаа уште поголем успех да не беа оние нејасни идеолошко-политички егзибиции и испади на раководството кои што ги гледавме во континуитет последнава година, но тоа е. Не се мали, веројатно знаат што прават.

Коалицијата ВРЕДИ го претставува најголемото освежување на македонската политичка сцена. Речиси беше непоимливо да се очекува пораз на ДУИ кои во минативе дваесетина и кусур години имаа доминација кај албанските гласачи. Веројатно клучен фактор во албанската гласачка равенка беше експлицитната поддршка која што оваа коалиција ја доби од косовскиот премиер, Курти, со што се даде сериозен импулс во рововската пресметка помеѓу овие два политички блока. Колку што не држи сеќавањето, ова беше првата јасна и недвосмислена поддршка на еден сериозен центар на политичка моќ од албанскиот свет кој отворено застана контра Али Ахмети.

Гласовите ги добија, мандатите исто така. Останува да се надеваме дека ќе покажат политичка зрелост со која ќе бидат цврст и доверлив партнер во идната влада. Останува да очекуваме дека нема да ја направат грешката на ДПА од периодот помеѓу 2006 и 2008 година, која со својата политичка нестабилност му ја направи најголемата услуга на ДУИ враќајќи го повторно на власт. Потлитичката конзистентност и стабилност која што се очекува од ВРЕДИ е неопходна за нормално функционирање на влада та и државата, но во исто време е потребна да му овозможи доволен период на ДУИ да ги направи потребните реформи во сопствените редови како партија во опозиција.

СДСМ доживеа колапс! Како и зошто, не би сакале да се повторуваме. А, убаво им се нудеше можност, па дури и барања од опозицијата за оддржување на предвремени парламентарни избори минатата есен. Беа напишани безброј текстови и колумни за нивните погрешни политики кои тие самите не сакаа да ги видат. Сега имаат доволно време за сопственото преиспитување, нека се вратат малку нананзад, нека прочитаат па можеби ќе ја најдат раскрсницата на која што тргнаа во погрешна насока. Барем да беше една раскрсница!

На овие избори ДУИ покажа дека има сериозно влијание во севкупната македонска политичка сцена. Не само кај албанските гласачи, туку и поширокои. Како прво, ДУИ успеа да ги привлече во својата коалиција довчерашните лути противници Тачи и Села, но исто така за прв пат формираше коалиција со политички партии кои се репрезенти на Ромите и Турците. Бројот на гласови што оваа коалиција ги освои е респектабилен, но во исто време е показател дека ДУИ не е ексклузивниот и најголемиот претставник на гласачите Албанци во Македонија. Сепак, ДУИ покажа дека пред изборите имаше сериозен коалиционен капацитет и дека имаше бројни алатки на располагање кои придонесоа да бидат привлечени голем број на гласови на нивното конто.

Во исто време, ДУИ покажа дека има влијание и кај гласачите Македонци, но во обратна смисла. Имено, националистичките скандирања и провокации на Ахмети пред првиот круг претседателски и бојкотот во вториот круг, претставуваа сериозен стимуланс и поттикт за значителен број на гласачи Македонци кои масовно излегоа за да придонесат во постигнувањето на цензусот. Токму тие гласачи, кои во најголем број ја дадоа поддршката на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ (што може да се види од резултатите), се додадената вредност на гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ кои што беа мотивирани токму од ДУИ. Данке ДУИ!

ВМРО-ДПМНЕ имаше многу сериозна и темелна кампања, поткрепена со богата програмска понуда. Постепено и континуирано го градеше својот политички рејтинг кој што процес траеше буквално до самото затворање на гласачките места. Партијата претходно успеа да одолее на неколку замки кои што и беа поставени од СДСМ, меѓудругото и онаа од минатата пролет кога на лидерска средба на ВМРО-ДПМНЕ му беше понудено да влезе во некаква широка коалиција предводена од СДСМ. Тоа беше моментот кога ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ја презеде целосната иницијатива на македонската политичка сцена и кога започна сериозниот и очигледен раст на поддршката од страна на македонските граѓани кон оваа партија. Сето останато што следуваше се одвиваше како по книга, а резултатот е очигледен.

Тој резултат е голем успех и голема обврска која што стои пред оваа партија. Првите реакции и однесување на оние кадри од ВМРО-ДПМНЕ, кои што се визибилни за јавноста, се приземни, скромни, конзистентни и охрабрувачки. Партијата има искуство со артикулирање на волјата на граѓаните и нејзиното имплементирање во сопствените политики, но и искуство во водење на процесите во интерес на државата и граѓаните под притисокот и влијанието кое што произлегува од надворешните и внатрешните политички околности.

ВМРО-ДПМНЕ ја има диригентската палка во своите раце и во никој случај не смее да се откаже од интерпретирање ниту на песната Заветна, ниту на Одата на радоста. Постојаното оставање на овие две песни на сопствениот репертоар ќе ја оддржуваат оваа партија долго време на пол позиција во македонската политика. Тоа ќе биде сериозен предизвик и вистинска уметност, но мора да се тера во тој правец.

Уметноста оди пред науката. Тоа што уметноста го загонетнува, подоцна или многу подоцна науката го објаснува и докажува. На крајот од денот секоја уметност се претвора во наука и може да биде објаснета преку научни методи. Да биде објаснета исто онака како што можат да бидат измерени и математички објаснети пропорциите на делата на Да Винчи, фреквенцијата на нотите на Бетовен или емотивните бранови предизвикани од текстот на Барбаровски. Политиката е спој на науката и уметноста, а нејзините резултати треба да се перцепираат исклучиво како математички прецизна уметност.

За останатото, треба да се засукаат ракавите!

The post Уметноста на возможното appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Изборите завршија, резултатите ги знаеме. Ги знаеме победниците и поразените. Бројките се јасни, а математичките комбинации лесно предвидливи. Во моментов на сите страни се прават анализи за исходот од изборите и предвидувања за понатамошниот тек за случувањата во македонската политика. Но, политиката не е само обична математика која што претставува особено формална и егзактна научна дисциплина. Политиката не се состои само во обични бројки и едноставни математички операции на собирање и одземање. Таа е нешто сосема поинакво, нешто кое што често пати се коси со логиката и остантите математички закономерности. Политиката е, како што би рекол Бизмарк,  уметност на возможното. И тоа не е сѐ! Таа е и нешто друго. Политиката е и нешто кое што се поистоветува со најстариот занает со што и се дава оној вообичаен негативен контекст при нејзиното поимање. Без разлика дали е наука, уметност или занает, таа е неизбежна и присутна во сите сегменти од нашето живеење. Сепак, во овој текст не би се плеткале ниту со математиките ниту со старите занаети. Ќе направиме обид да се задржиме на „уметноста“, која што како таква ќе ни послужи како еден вид на подлога за да одгатнеме кои беа супстанцијалните причини кои што доведоа до ваквиот исход на македонските парламентарни избори. Уметноста пред сѐ! Таков е животот на нас уметниците..., а барем да бевме уметници! Ќе започнеме од ЗНАМ, па ќе одиме нагоре по ред, од ниско кон високо. ЗНАМ ја искористи својата шанса?! Или можеби не?! Повеќе би рекле дека одговорот е под б), отколку под а), но тоа е прашање на субјективна перцепција. На што се заснова субјективноста во перцепцијата дека ЗНАМ не ја искористи својата шанса отколку дека ја искористи? Има неколку причини и параметри кои не водат кон таков заклучок. ЗНАМ уште од почетокот имаше исклучително празна и плодна политичка почва која што му беше препуштена од „постариот брат“, СДСМ. Ако на почетокот на разидувањето на челниците на овие партии, чие што гласачко тело, патем кажано, претставува еден заеднички базен на гласови, беа личните битки помѓу Димитриевски и Спасовски, во продолжение тие добија идеолошко-политичка димензија. Ваквото идеолошко-политичко разединување одеше по онаа стара македонска линија на поделби, при што СДСМ доброволно прифати да ја игра улогата на оние што од историјата ги познаваме како врховисти, а челниците и поединците од ЗНАМ, кои што дотогаш беа на истата страна со постариот брат, како последица на конфликтот Димитриевски-Спасовски ја искористија приликата да го сменат наративот и со извесно временско издолжување да скокнат во времето на АСНОМ и тука да го изградат своето најсилно утврдување. И така, ЗНАМ доби своја политичка физиономија која што беше сосема спротивна од онаа на СДСМ на Заев, Спасовски, Ковачевски и останатите. Сосема спротивна која што навистина имаше можност да ги преполови гласовите од истиот базен и да ги стави на свое конто. Но, тоа не се случи! Не се случи, иако првиот круг од претседателските избори навестуваше можност дека ЗНАМ ќе освои многу повеќе гласови отколку тоа што беше перцепирано низ призмата на македонскиот политички стереотип. Кои беа причините? Можеби непрепознатливата кадровка понуда?! Недоволно разгранетата мрежа на оперативни структури и општински организации?! Колективната меморија на македонските граѓани која што ја помнат поврзаноста на структурите на ЗНАМ со прапочетоците и имплеметација на политиките на Заев?! Програмската понуда или политиката на “one man show”?! Веројатно од сѐ по нешто! Сума сумарум, тоа беше одлука на македонските граѓани кои на ниво на индивидуална уметничка проценка со елементи на математичка пресметка го „наградија“ ЗНАМ со шест пратенички мандати. Левица сепак направи одреден камбек после неуспехот во првиот круг од претседателските избори. Резултатот на оваа партија е збир на повеќе параметри и кој повеќе говори за расположението и револтот на македонските граѓани во однос на внатрешното и надворешното битисување на државата отколку што е производ на некоја политичка понуда која што нуди перспектива. Левица е антипод на се она што е меинстрим политика и претставува издувен вентил за одредена група на граѓани кои што во оваа партија можат да пронајдат прибежиште во кое можат да ги обединат своите гласови. Гласови, претежно засновани на антагонизам, но сепак гласови и луѓе кои што се реалност во државата и кои што ја искористија можноста да ја упатат својата порака, опомена или како и да ја дефинираме нивната одлука кон сите од внатре и од надвор. Можеби ќе имаа уште поголем успех да не беа оние нејасни идеолошко-политички егзибиции и испади на раководството кои што ги гледавме во континуитет последнава година, но тоа е. Не се мали, веројатно знаат што прават. Коалицијата ВРЕДИ го претставува најголемото освежување на македонската политичка сцена. Речиси беше непоимливо да се очекува пораз на ДУИ кои во минативе дваесетина и кусур години имаа доминација кај албанските гласачи. Веројатно клучен фактор во албанската гласачка равенка беше експлицитната поддршка која што оваа коалиција ја доби од косовскиот премиер, Курти, со што се даде сериозен импулс во рововската пресметка помеѓу овие два политички блока. Колку што не држи сеќавањето, ова беше првата јасна и недвосмислена поддршка на еден сериозен центар на политичка моќ од албанскиот свет кој отворено застана контра Али Ахмети. Гласовите ги добија, мандатите исто така. Останува да се надеваме дека ќе покажат политичка зрелост со која ќе бидат цврст и доверлив партнер во идната влада. Останува да очекуваме дека нема да ја направат грешката на ДПА од периодот помеѓу 2006 и 2008 година, која со својата политичка нестабилност му ја направи најголемата услуга на ДУИ враќајќи го повторно на власт. Потлитичката конзистентност и стабилност која што се очекува од ВРЕДИ е неопходна за нормално функционирање на влада та и државата, но во исто време е потребна да му овозможи доволен период на ДУИ да ги направи потребните реформи во сопствените редови како партија во опозиција. СДСМ доживеа колапс! Како и зошто, не би сакале да се повторуваме. А, убаво им се нудеше можност, па дури и барања од опозицијата за оддржување на предвремени парламентарни избори минатата есен. Беа напишани безброј текстови и колумни за нивните погрешни политики кои тие самите не сакаа да ги видат. Сега имаат доволно време за сопственото преиспитување, нека се вратат малку нананзад, нека прочитаат па можеби ќе ја најдат раскрсницата на која што тргнаа во погрешна насока. Барем да беше една раскрсница! На овие избори ДУИ покажа дека има сериозно влијание во севкупната македонска политичка сцена. Не само кај албанските гласачи, туку и поширокои. Како прво, ДУИ успеа да ги привлече во својата коалиција довчерашните лути противници Тачи и Села, но исто така за прв пат формираше коалиција со политички партии кои се репрезенти на Ромите и Турците. Бројот на гласови што оваа коалиција ги освои е респектабилен, но во исто време е показател дека ДУИ не е ексклузивниот и најголемиот претставник на гласачите Албанци во Македонија. Сепак, ДУИ покажа дека пред изборите имаше сериозен коалиционен капацитет и дека имаше бројни алатки на располагање кои придонесоа да бидат привлечени голем број на гласови на нивното конто. Во исто време, ДУИ покажа дека има влијание и кај гласачите Македонци, но во обратна смисла. Имено, националистичките скандирања и провокации на Ахмети пред првиот круг претседателски и бојкотот во вториот круг, претставуваа сериозен стимуланс и поттикт за значителен број на гласачи Македонци кои масовно излегоа за да придонесат во постигнувањето на цензусот. Токму тие гласачи, кои во најголем број ја дадоа поддршката на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ (што може да се види од резултатите), се додадената вредност на гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ кои што беа мотивирани токму од ДУИ. Данке ДУИ! ВМРО-ДПМНЕ имаше многу сериозна и темелна кампања, поткрепена со богата програмска понуда. Постепено и континуирано го градеше својот политички рејтинг кој што процес траеше буквално до самото затворање на гласачките места. Партијата претходно успеа да одолее на неколку замки кои што и беа поставени од СДСМ, меѓудругото и онаа од минатата пролет кога на лидерска средба на ВМРО-ДПМНЕ му беше понудено да влезе во некаква широка коалиција предводена од СДСМ. Тоа беше моментот кога ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ја презеде целосната иницијатива на македонската политичка сцена и кога започна сериозниот и очигледен раст на поддршката од страна на македонските граѓани кон оваа партија. Сето останато што следуваше се одвиваше како по книга, а резултатот е очигледен. Тој резултат е голем успех и голема обврска која што стои пред оваа партија. Првите реакции и однесување на оние кадри од ВМРО-ДПМНЕ, кои што се визибилни за јавноста, се приземни, скромни, конзистентни и охрабрувачки. Партијата има искуство со артикулирање на волјата на граѓаните и нејзиното имплементирање во сопствените политики, но и искуство во водење на процесите во интерес на државата и граѓаните под притисокот и влијанието кое што произлегува од надворешните и внатрешните политички околности. ВМРО-ДПМНЕ ја има диригентската палка во своите раце и во никој случај не смее да се откаже од интерпретирање ниту на песната Заветна, ниту на Одата на радоста. Постојаното оставање на овие две песни на сопствениот репертоар ќе ја оддржуваат оваа партија долго време на пол позиција во македонската политика. Тоа ќе биде сериозен предизвик и вистинска уметност, но мора да се тера во тој правец. Уметноста оди пред науката. Тоа што уметноста го загонетнува, подоцна или многу подоцна науката го објаснува и докажува. На крајот од денот секоја уметност се претвора во наука и може да биде објаснета преку научни методи. Да биде објаснета исто онака како што можат да бидат измерени и математички објаснети пропорциите на делата на Да Винчи, фреквенцијата на нотите на Бетовен или емотивните бранови предизвикани од текстот на Барбаровски. Политиката е спој на науката и уметноста, а нејзините резултати треба да се перцепираат исклучиво како математички прецизна уметност. За останатото, треба да се засукаат ракавите!

The post Уметноста на возможното appeared first on Република.

]]>
Последните аплаузи пред падот на завесата https://arhiva3.republika.mk/kolumni/poslednite-aplauzi-pred-padot-na-zavesata/ Mon, 06 May 2024 17:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=774767

Петар Поп-Арсов

Претставите започнуваат многу порано од чинот на подигање на завесата, а завршува многу подоцна од чинот на нејзиното спуштање“

Отсекогаш така било! Така секогаш и ќе биде!

Завршува кампањата за македонските претседателски и парламентарни избори. Пукаат последните аплаузи на отворена сцена. Се ближи денот на одлуката! Одлуката за тоа, кој и каде ќе ја води Македонија во наредните четири години. Дали ќе се движиме напред, ќе имаме ли раст или повторно ќе тапкаме во место и вртиме во круг?! Веројатно никогаш не му било полесно на македонскиот граѓанин и гласач да ја види вистинската слика за Македонија и нејзината политичка сцена. Никогаш не било полесно да се донесе одлуката за тоа дали треба да ѝ се стави крај на една досегашна власт и владеење, без разлика на тоа дали се работи за определен или неопределен гласач, за партиски член, активист или пак за целосно незаинтересиран граѓанин за политиката.

Колективната свест веќе е формирана. Тоа е феномен кој не може да биде изменет во толку краток период колку што останува до изборите во средата, а токму таа колективна свест ќе биде факторот на одлука.

Партиите и кандидатите веќе ја завршија својата работа во однос на презентацијата на сопствените политики и програми. Што е сторено до сега, сторено е! Што е кажано, кажано е! Сѐ е прочитано и јасно! Останува да се биде буден, внимателен и да се валоризира трудот во вид на освоени гласови кои треба да се собираат до последната минута на денот на изборите.

Кампањата веќе завршува. Кои беа највпечатливите пораки што ги слушнавме од најсериозните претенденти за освојување на власта? Кои беа пораките кои ќе нѐ мотивираат да излеземе на изборите и токму тие ќе бидат решавачки за освојување на нашиот глас?

Од СДСМ слушавме за ЕУ. Слушавме за тоа како ќе нѐ внесат во ЕУ, како ќе ги започнеме преговорите, па дури и за тоа како веќе сме ги започнале преговорите со официјален Брисел. Нешто мора да се каже. За борбата против корупцијата, криминалот или за други теми кои реално го засегаат секојдневието на македонскиот граѓанин нешто посебно не се истакнаа во својот поход по гласови. Можеби кажале тука и таму по нешто, но не оставија впечаток кој го привлече нашето внимание?! ЕУ им изгледаше како сигурна карта на која треба да играат. Колку поапстрактно и подалечно од македонското секојдневие, толку полесно за комуникација со граѓаните.

Впечаток оставија и нивните чести извинувања за направените грешки. Во ред е да се згреши и да се извиниш за грешката. Велат, кој работи тој и греши. Но, ние освен извинувања за грешките не слушнавме нешто друго кое што остави впечаток за сработеното, за реализираните проекти или за успешните политики кои и донесоа напредок на државата. Можеби нешто кажале, но факт е дека акцентот беше ставен на извинувањата за грешките кое што остави силен впечаток како една од главните карактеристики и највпечатливи пораки од кампањата на СДСМ.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ упати многу повеќе и многу поконкретни пораки кои што беа јасно препознаени од гласачите и соодветно материјализирани во првиот круг од претседателските избори. Се работи за пораки кои што ги таргетираат сите возрасни групи во општеството. Слушнавме за зголемување на пензиите, за создавање на продуктивни и високоплатени работни места, но слушнавме и за национален план за демографија која е една од најважните теми во моментов. Впечаток оставија мерките кои што се однесуваат на финансиската поддршка на родителите за првото, второто и третото новородено дете, финансиската поддршка на мајките и помошта за инвитро постапките.

Особен впечаток оставија пораките кои што се однесуваа на борбата против корупцијата и криминалот. Надеж влеваат и предвидените мерки кои што се однесуваат на реформите во правосудството кое падна на најниски гранки за време на владеењето на оваа власт. Тука се и здравството и образованието кои беа една од најнегативните теми присутни во јавноста во последните неколку години.

Доаѓаме и до ЕУ. Теренот кој што актуелната власт го смета за свој, домашен. Пораките кои што ги упати ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема оставија сосема поинаков впечаток од оној на кој што навикнавме да го восприемаме од двоецот СДСМ - ДУИ. Беше јасно истакнато дека клучна стратегиска цел на ВМРО-ДПМНЕ е полноправното членство на Македонија во Европската унија, но не онака како што тоа го туркаше СДСМ, туку врз принципите на рамноправност, взаемна доверба, солидарност, дијалог, меѓусебно почитување и реципроцитет. Градењето на конзистентна политика заснована на одбрана на државниот интерес и со силно почитување на европските вредности ја направи клучната разлика во упатените пораки кои што се однесуваат на надворешнополитички план во однос на СДСМ, чија што политика, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, беше препознаена како политика на постојани отстапки и ерозија на македонската национална супстанца.

Токму на оваа тема можеше да се види определбата на македонските граѓани кои во првиот круг јасно рекоа дека се за Македонија во ЕУ. Македонија во ЕУ како државен субјект, со народ кој што има јасно дефиниран идентитет и јазик, македонски. Оваа тема покажа дека поданичкиот пристап кон ЕУ нема поддршка кај македонските граѓани, но во исто време покажа и дека антиевропските сили (пред се во ликот на партијата Левица)имаат маргинална улога на македонската политичка сцена.

Што е со ДУИ? Како да загубија компас и ги измешаа своите политички пораки. Тие сакаат да се претстават како некаков европски фронт, но впечатокот од нивните постапки укажува на тоа дека имаат елементи на балканска герила. Уште не излегле од тој филм. Првиот впечаток од нивната кампања беше дека инсистираат на тоа дека тие се за ЕУ, а истовремено дека се против Русија. Демек тие се прозападните, а другите се проруски политички сили во државата. На кого алудираа со ова второто, тие си знаат. Но, ако алудирале на ВМРО-ДПМНЕ со цел да му помогнат на СДСМ, од каде сега овој Европски фронт (отсек Балканска герила) запнал со сите сили да влезе во иста влада со оние кои ги обвинуваше дека се анти ЕУ?! Кој им е мотивот и политичкиот концепт да соработуваат со „проруските“ елементи на македонската политичка сцена кои самите ги измислија и апострофираа. Зарем тоа не претставува показател дека тие воопшто немаат политичка платформа туку нивното постоење исклучиво се заснова на учеството во власта со сите придобивки кои што истата со себе ги носи? Заборавија и на про ЕУ и на анти Русија. Власт си е власт па ако треба ќе го бараме и Бадентер на помош.

Да ги спомнеме уште ЗНАМ и ЛЕВИЦА. Првите успешно ги искористија слабостите на СДСМ и впечатокот од упатените пораки е дека нивните политики се засноваат на одбрана на крушевска и асномска (вклучително и авнојска) Македонија. Вториве се фокусираа на рецидивите од интернационалното левичарење од минатиот век детерминирано во ликовите на Ленин, Мао, Енвер Оџа, како и се она кое што не беше карактеристика на македонската левица од времето на Социјалистичка Република Македонија. Ја згрешија темата и веројатно тоа нема да биде позитивно оценето од македонските гласачи на парламентарните избори.

Останатите партии и коалиции имаат маргинално значење и не вреди во овој текст да се троши просторот, иако како такви претставуваат додадена вредност во дооформување на сите бои во спектарот на македонската демократија.

 

The post Последните аплаузи пред падот на завесата appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Претставите започнуваат многу порано од чинот на подигање на завесата, а завршува многу подоцна од чинот на нејзиното спуштање“
Отсекогаш така било! Така секогаш и ќе биде! Завршува кампањата за македонските претседателски и парламентарни избори. Пукаат последните аплаузи на отворена сцена. Се ближи денот на одлуката! Одлуката за тоа, кој и каде ќе ја води Македонија во наредните четири години. Дали ќе се движиме напред, ќе имаме ли раст или повторно ќе тапкаме во место и вртиме во круг?! Веројатно никогаш не му било полесно на македонскиот граѓанин и гласач да ја види вистинската слика за Македонија и нејзината политичка сцена. Никогаш не било полесно да се донесе одлуката за тоа дали треба да ѝ се стави крај на една досегашна власт и владеење, без разлика на тоа дали се работи за определен или неопределен гласач, за партиски член, активист или пак за целосно незаинтересиран граѓанин за политиката. Колективната свест веќе е формирана. Тоа е феномен кој не може да биде изменет во толку краток период колку што останува до изборите во средата, а токму таа колективна свест ќе биде факторот на одлука. Партиите и кандидатите веќе ја завршија својата работа во однос на презентацијата на сопствените политики и програми. Што е сторено до сега, сторено е! Што е кажано, кажано е! Сѐ е прочитано и јасно! Останува да се биде буден, внимателен и да се валоризира трудот во вид на освоени гласови кои треба да се собираат до последната минута на денот на изборите. Кампањата веќе завршува. Кои беа највпечатливите пораки што ги слушнавме од најсериозните претенденти за освојување на власта? Кои беа пораките кои ќе нѐ мотивираат да излеземе на изборите и токму тие ќе бидат решавачки за освојување на нашиот глас? Од СДСМ слушавме за ЕУ. Слушавме за тоа како ќе нѐ внесат во ЕУ, како ќе ги започнеме преговорите, па дури и за тоа како веќе сме ги започнале преговорите со официјален Брисел. Нешто мора да се каже. За борбата против корупцијата, криминалот или за други теми кои реално го засегаат секојдневието на македонскиот граѓанин нешто посебно не се истакнаа во својот поход по гласови. Можеби кажале тука и таму по нешто, но не оставија впечаток кој го привлече нашето внимание?! ЕУ им изгледаше како сигурна карта на која треба да играат. Колку поапстрактно и подалечно од македонското секојдневие, толку полесно за комуникација со граѓаните. Впечаток оставија и нивните чести извинувања за направените грешки. Во ред е да се згреши и да се извиниш за грешката. Велат, кој работи тој и греши. Но, ние освен извинувања за грешките не слушнавме нешто друго кое што остави впечаток за сработеното, за реализираните проекти или за успешните политики кои и донесоа напредок на државата. Можеби нешто кажале, но факт е дека акцентот беше ставен на извинувањата за грешките кое што остави силен впечаток како една од главните карактеристики и највпечатливи пораки од кампањата на СДСМ. За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ упати многу повеќе и многу поконкретни пораки кои што беа јасно препознаени од гласачите и соодветно материјализирани во првиот круг од претседателските избори. Се работи за пораки кои што ги таргетираат сите возрасни групи во општеството. Слушнавме за зголемување на пензиите, за создавање на продуктивни и високоплатени работни места, но слушнавме и за национален план за демографија која е една од најважните теми во моментов. Впечаток оставија мерките кои што се однесуваат на финансиската поддршка на родителите за првото, второто и третото новородено дете, финансиската поддршка на мајките и помошта за инвитро постапките. Особен впечаток оставија пораките кои што се однесуваа на борбата против корупцијата и криминалот. Надеж влеваат и предвидените мерки кои што се однесуваат на реформите во правосудството кое падна на најниски гранки за време на владеењето на оваа власт. Тука се и здравството и образованието кои беа една од најнегативните теми присутни во јавноста во последните неколку години. Доаѓаме и до ЕУ. Теренот кој што актуелната власт го смета за свој, домашен. Пораките кои што ги упати ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема оставија сосема поинаков впечаток од оној на кој што навикнавме да го восприемаме од двоецот СДСМ - ДУИ. Беше јасно истакнато дека клучна стратегиска цел на ВМРО-ДПМНЕ е полноправното членство на Македонија во Европската унија, но не онака како што тоа го туркаше СДСМ, туку врз принципите на рамноправност, взаемна доверба, солидарност, дијалог, меѓусебно почитување и реципроцитет. Градењето на конзистентна политика заснована на одбрана на државниот интерес и со силно почитување на европските вредности ја направи клучната разлика во упатените пораки кои што се однесуваат на надворешнополитички план во однос на СДСМ, чија што политика, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, беше препознаена како политика на постојани отстапки и ерозија на македонската национална супстанца. Токму на оваа тема можеше да се види определбата на македонските граѓани кои во првиот круг јасно рекоа дека се за Македонија во ЕУ. Македонија во ЕУ како државен субјект, со народ кој што има јасно дефиниран идентитет и јазик, македонски. Оваа тема покажа дека поданичкиот пристап кон ЕУ нема поддршка кај македонските граѓани, но во исто време покажа и дека антиевропските сили (пред се во ликот на партијата Левица)имаат маргинална улога на македонската политичка сцена. Што е со ДУИ? Како да загубија компас и ги измешаа своите политички пораки. Тие сакаат да се претстават како некаков европски фронт, но впечатокот од нивните постапки укажува на тоа дека имаат елементи на балканска герила. Уште не излегле од тој филм. Првиот впечаток од нивната кампања беше дека инсистираат на тоа дека тие се за ЕУ, а истовремено дека се против Русија. Демек тие се прозападните, а другите се проруски политички сили во државата. На кого алудираа со ова второто, тие си знаат. Но, ако алудирале на ВМРО-ДПМНЕ со цел да му помогнат на СДСМ, од каде сега овој Европски фронт (отсек Балканска герила) запнал со сите сили да влезе во иста влада со оние кои ги обвинуваше дека се анти ЕУ?! Кој им е мотивот и политичкиот концепт да соработуваат со „проруските“ елементи на македонската политичка сцена кои самите ги измислија и апострофираа. Зарем тоа не претставува показател дека тие воопшто немаат политичка платформа туку нивното постоење исклучиво се заснова на учеството во власта со сите придобивки кои што истата со себе ги носи? Заборавија и на про ЕУ и на анти Русија. Власт си е власт па ако треба ќе го бараме и Бадентер на помош. Да ги спомнеме уште ЗНАМ и ЛЕВИЦА. Првите успешно ги искористија слабостите на СДСМ и впечатокот од упатените пораки е дека нивните политики се засноваат на одбрана на крушевска и асномска (вклучително и авнојска) Македонија. Вториве се фокусираа на рецидивите од интернационалното левичарење од минатиот век детерминирано во ликовите на Ленин, Мао, Енвер Оџа, како и се она кое што не беше карактеристика на македонската левица од времето на Социјалистичка Република Македонија. Ја згрешија темата и веројатно тоа нема да биде позитивно оценето од македонските гласачи на парламентарните избори. Останатите партии и коалиции имаат маргинално значење и не вреди во овој текст да се троши просторот, иако како такви претставуваат додадена вредност во дооформување на сите бои во спектарот на македонската демократија.  

The post Последните аплаузи пред падот на завесата appeared first on Република.

]]>
Последниот впечаток за претседателот https://arhiva3.republika.mk/kolumni/posledniot-vpechatok-za-pretsedatelot/ Mon, 22 Apr 2024 10:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=769249

Петар Поп-Арсов

Влегуваме во последните неколку часа од предизборната кампања за првиот круг од претеседателските избори. Што е направено, направено е! Што е кажано, веќе е кажано! Овие неколку часа нема ништо да сменат во расположението на гласачите, ниту пак ќе сменат нешто кое што ќе му овозможи на некој од кандидатите некаков значителен исчекор во трката за влез во вториот круг. Резултатите од првото полувреме веќе се лесно предвидливи.

Да бидеме искрени, впечаток е дека самата кампања повеќе одеше во правец на мотивирање и поттикнување на гласачите да излезат на избори отколку да се направи некоја спектакуларна промена на односот на гласовите и расположението кое што го имавме како слика уште во раната фаза на започнување на изборниот процес.

Какви ќе бидат резултатите од претседателските избори? Обично се онакви какви што се гледа на прв поглед... освен ако нема сериозен изборен инженеринг кој ќе ги наруши демократските закономерности. Не постои втора шанса за оставање на првиот впечаток и тој секогаш е најсилен.

Тој прв впечаток, чија што нулта точка за овие избори би ја ставиле некаде во моментот на изборот на техничката влада, е акумулиран со месеци и со години помеѓу два изборни циклуса. Тој впечаток не е производ на некаква илузија или имагинарна перцепција создадена во периодот на борбата за стартните позиции пред изборите или создаден во самата кампања. Тоа е впечаток кој стои како жиг, како отпечаток врз нас и нашата свест за се она што сме го преживеале во текот на претходните неколку години за време на конкретнава и добро позната власт.

Тоа не е впечаток кој лесно може да се избрише со неколку телевизиски спота, неколку мудрости искажани на митинг или дебата. Тоа не е впечаток кој ќе го снема под силната светлина на митингашките рефлектори. Тоа е впечаток кој се однесува на нас самите, на нашите животи, на животите на нашите семејства и перспективата на нашите деца.

Нашите претставници, пратениците и претседателот не ги избираме заради нив, туку заради нас. Впечатокот кој што го имаме за работата на секоја власт е впечаток кој што претставува наш патоказ за тоа како треба да се определиме и гласаме со цел да го заштитиме нашиот личен и колективен интерес како граѓани на оваа држава. Тоа што државата е таква и така устроена за да најголемиот поединечен бенефит го имаат оние за кои што гласаме, е посебно прашање за дискусија и анализа, но вистинскиот интерес и бенефит од било кои избори треба да оди на конто на граѓаните.

Затоа, повторно ќе кажеме дека кампањските и декларативни изјави од типот „јас сум за Европа“, а во сито време од Европа и ЕУ не видовме ништо освен злоупотреба на европското знаменце, или пак изјавите од типот „додека бев претседател не крадев“, при што корупцијата и криминалот доживеаа вистинска ренесанса, се тешко лицемерие кое не може и не смее да го смени вистинскиот впечатокот за оваа власт, во пакет, претседател и влада.

Ако претседателот не крадел, како што вели самиот, зошто дозоли сите останати да крадат и да создадат перцепција и чувство дека сме најкорумпираната и најкриминалната држава?! Ако е толкав борец за ЕУ и нејзините стандарди, зошто потпиша и дозволи да поминат огромен број на закони со злоупотреба на европското знаменце?! Ако е толкав борец за правото и правдата, зошто дозволи и учествуваше во урнисување на довербата во судството?! Ако е вистински претседател на сите граѓани, зошто дозволува министерот за надворешни работи да турка партиска агенда во надворешната политика на Македонија на очиглед на сите нас, токму во периодов пред изборите?!

Таква инертност и незаинтересираност на еден шеф на државата, кој во исто време бара втор мандат, е нешто кое до сега никогаш не сме го имале како впечаток на ниту едни претходни избори!

Многу прашања можат да му се постават на актуелниот претседател, но сите одговори ќе водат во ист правец. Македонија имаше инертен и незаинтересиран претседател без никакво чувство за емпатија кон граѓаните на државата која што му дадоа да ја води. Имавме претседател кој се однесуваше како апаратчик, бирократ и државен службеник кој одработува за неговата месечна плата. Претседател кој не вложи ништо свое, ниту остави печат по кој ќе го паметиме.

Како врв на сѐ, засрамувачки беше впечатокот кој се стекна од вчерашната телевизиска дебата на која токму претседателот беше најинфериорната личност во споредба со сите останати кандидати во однос на сите прашања кои се од интерес на државата и граѓаните, а се во надлежност на претседателот. Кандидатот кој најмногу треба да знае, кој треба да е инволвиран во сите теми, кој всушност сѐ уште е „татко на нацијата“, беше најнезаинтересираната личност за сѐ она што се случуваше околу него.

Тоа е последениот впечаток за него, потполно ист како оној првиот!

The post Последниот впечаток за претседателот appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Влегуваме во последните неколку часа од предизборната кампања за првиот круг од претеседателските избори. Што е направено, направено е! Што е кажано, веќе е кажано! Овие неколку часа нема ништо да сменат во расположението на гласачите, ниту пак ќе сменат нешто кое што ќе му овозможи на некој од кандидатите некаков значителен исчекор во трката за влез во вториот круг. Резултатите од првото полувреме веќе се лесно предвидливи. Да бидеме искрени, впечаток е дека самата кампања повеќе одеше во правец на мотивирање и поттикнување на гласачите да излезат на избори отколку да се направи некоја спектакуларна промена на односот на гласовите и расположението кое што го имавме како слика уште во раната фаза на започнување на изборниот процес. Какви ќе бидат резултатите од претседателските избори? Обично се онакви какви што се гледа на прв поглед... освен ако нема сериозен изборен инженеринг кој ќе ги наруши демократските закономерности. Не постои втора шанса за оставање на првиот впечаток и тој секогаш е најсилен. Тој прв впечаток, чија што нулта точка за овие избори би ја ставиле некаде во моментот на изборот на техничката влада, е акумулиран со месеци и со години помеѓу два изборни циклуса. Тој впечаток не е производ на некаква илузија или имагинарна перцепција создадена во периодот на борбата за стартните позиции пред изборите или создаден во самата кампања. Тоа е впечаток кој стои како жиг, како отпечаток врз нас и нашата свест за се она што сме го преживеале во текот на претходните неколку години за време на конкретнава и добро позната власт. Тоа не е впечаток кој лесно може да се избрише со неколку телевизиски спота, неколку мудрости искажани на митинг или дебата. Тоа не е впечаток кој ќе го снема под силната светлина на митингашките рефлектори. Тоа е впечаток кој се однесува на нас самите, на нашите животи, на животите на нашите семејства и перспективата на нашите деца. Нашите претставници, пратениците и претседателот не ги избираме заради нив, туку заради нас. Впечатокот кој што го имаме за работата на секоја власт е впечаток кој што претставува наш патоказ за тоа како треба да се определиме и гласаме со цел да го заштитиме нашиот личен и колективен интерес како граѓани на оваа држава. Тоа што државата е таква и така устроена за да најголемиот поединечен бенефит го имаат оние за кои што гласаме, е посебно прашање за дискусија и анализа, но вистинскиот интерес и бенефит од било кои избори треба да оди на конто на граѓаните. Затоа, повторно ќе кажеме дека кампањските и декларативни изјави од типот „јас сум за Европа“, а во сито време од Европа и ЕУ не видовме ништо освен злоупотреба на европското знаменце, или пак изјавите од типот „додека бев претседател не крадев“, при што корупцијата и криминалот доживеаа вистинска ренесанса, се тешко лицемерие кое не може и не смее да го смени вистинскиот впечатокот за оваа власт, во пакет, претседател и влада. Ако претседателот не крадел, како што вели самиот, зошто дозоли сите останати да крадат и да создадат перцепција и чувство дека сме најкорумпираната и најкриминалната држава?! Ако е толкав борец за ЕУ и нејзините стандарди, зошто потпиша и дозволи да поминат огромен број на закони со злоупотреба на европското знаменце?! Ако е толкав борец за правото и правдата, зошто дозволи и учествуваше во урнисување на довербата во судството?! Ако е вистински претседател на сите граѓани, зошто дозволува министерот за надворешни работи да турка партиска агенда во надворешната политика на Македонија на очиглед на сите нас, токму во периодов пред изборите?! Таква инертност и незаинтересираност на еден шеф на државата, кој во исто време бара втор мандат, е нешто кое до сега никогаш не сме го имале како впечаток на ниту едни претходни избори! Многу прашања можат да му се постават на актуелниот претседател, но сите одговори ќе водат во ист правец. Македонија имаше инертен и незаинтересиран претседател без никакво чувство за емпатија кон граѓаните на државата која што му дадоа да ја води. Имавме претседател кој се однесуваше како апаратчик, бирократ и државен службеник кој одработува за неговата месечна плата. Претседател кој не вложи ништо свое, ниту остави печат по кој ќе го паметиме. Како врв на сѐ, засрамувачки беше впечатокот кој се стекна од вчерашната телевизиска дебата на која токму претседателот беше најинфериорната личност во споредба со сите останати кандидати во однос на сите прашања кои се од интерес на државата и граѓаните, а се во надлежност на претседателот. Кандидатот кој најмногу треба да знае, кој треба да е инволвиран во сите теми, кој всушност сѐ уште е „татко на нацијата“, беше најнезаинтересираната личност за сѐ она што се случуваше околу него. Тоа е последениот впечаток за него, потполно ист како оној првиот!

The post Последниот впечаток за претседателот appeared first on Република.

]]>
„Како до сега“ – не, благодарам! https://arhiva3.republika.mk/kolumni/kako-do-sega-ne-blagodaram/ Mon, 08 Apr 2024 21:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=763972

Петар Поп-Арсов

Претседателските избори полека добиваат на интензитет. Веќе ги имаме првите знаци на масовна мобилизација на партиските активисти и уште помасовна анимација и мотивација на гласачите. Кандидатските каравани си го фатија својот пат и ја туркаат вообичаената шема на активности во трката за секој глас. Едните позитивно, другите негативно, третите и вака и така. Во принцип, тоа е тоа, кампања.

Ќе беше многу поедноставно да се анализира претседателскава кампања доколку ова беа само претседателски избори. Но, не е така. Ова се претседателски и парламентарни избори кои одат во пакет и кои взаемно се поврзани. Првите треба да ја дадат почетната интонација за вторите, а вторите да го стимулираат и поттикнат процесот во вториот круг на првите. Така некако би се дефинирала взаемната поврзаност на претседателските и парламентарните избори, чија што симбиоза треба да го обезбеди темелот на овој демократски чин.

За разлика од изборите пред пет години, кога имавме само тројца претседателски кандидати, на овие избори имаме дури седум. Сите со своја цел и очекувања. Реално гледано, двајца од нив се сериозни кандидати и чија што примарна цел е победата на изборите. За останатите кандидати може слободно да кажеме дека претседателската трка е нивна секундарна цел која треба да помогне во остварувањето на онаа примарната која што ја имаат, а е поврзана со парламентарните избори. Тешко би било да се очекува дека некој од нив би се замешал во трката на двајцата најсериозни претенденти за влез во вториот круг на претседателските избори, така да, констатацијата дека останатите кандидати претставуваат само песмејкери заради остварување на подобар резултат на парламентарните избори ја завршува секоја дополнителна потреба од анализа на нивните активности во контекст на претседателските избори. Ако ги анализираме во контекст на парламентарните, ќе има многу што да се каже, но во однос на претседателските, нивната приказана завршува тука.

Што да се каже во однос на она што до сега го видовме во почетните денови од кампањата? Реториката станува подинамична, на моменти поемотивна и со поголем жар од кој почнуваат да скокаат првите искри и спротивставени ставови. Ги слушнавме основните пораки и правците во кои кандидатите планираат да не водат како претседател на државата. Секако дека е рано за посериозна анализа и крајни заклучоци. Главните поенти секако дека ќе се искристализираат до крајот на првиот круг и во финалната трка во вториот. Тогаш би бил најадекватниот момент за анализа на перформансите на идниот претседател на Македонија.

Во моментов можеби нешто што највеќе треба да нѐ интересира е анализата на перформансите на досегашниот претседател на државата. Да ги оставиме останатите кандидати на раат да си ја тераат кампањата и да видиме што е она што ни го нуди актуелниот претседател, Пендаровски?! Да видиме што планира за следниот мандат како надоврзување на она што го сработа во досегашниот.
Исто така, имајќи во предвид дека секундарната цел на неговата кампања е учеството на неговата СДСМ во парламентарните избори, не можеме и не смееме оваа кандидатура да ја гледаме еднодимензионално без да ја имаме на ум трката за извршната власт и формирањето на новата македонска влада. Пендаровски и владата се взаемно поврзани, заедно поминаа пет години на власт, заедно учествуваа во донесувањето на одлуките и заедно создава или растураа во оваа наша држава.

Како што е редот на нештата, Пендаровски ја објави својата програма која што се заснова на пет столба. Но, како што е редот на нештата Пендаровски требаше да да даде и отчет за сработеното за тековниов негов мандат. А, отчет нема! Нема извештај, нема никаков промотивен докумнет преку кој граѓаните ќе можат да видат што е тоа што Пендаровски го сработал како претседател и зошто повторно ја бара нашата доверба.

Тој праќа една кратка порака и едноставно вели, „Како до сега“!

Во ред, како до сега, а што е тоа што беше сработено до сега?!
Токму отчетот, кој би претставувал сублимирана информација за претседателските постигнувања на Пендаровски, требаше да биде најголемата поткрепа на неговата порака „како до сега“. Што е тоа што Пендаровски го работел до сега за да знаеме што би работел од сега?! Многу е едноставно!

Наместо отчет ние гледаме рекламни спотови и кампања за ајвар, бурек, кафе и селфи сликање со граѓаните. Многу несериозно за еден актуелен претседател. Ако идејата била Пендаровски да се претстави како народен човек кој што самиот пазари ајвар, бурек или пие кафе со народот, тоа можевме да го гледаме во пракса претходниве пет години. Но тоа не беше случај. Пендаровски не беше меѓу народот. Немаше ниту канцеларија за контакт со граѓаните, а камо ли да имавме случај за негово спонтано пиење кафе на јавни места.
Неговата програма се заснова на пет столба. Ако ги гледаме површински или ако замислиме дека Пендаровски го бара својот прв мандат, тогаш ќе кажеме во ред, кандидатот се потрудил и има некаква програма. Но, ако на програмата гледаме низ призма на неговата порака „како до сега“, може да се пронајдат многу забелешки.

Гласот на граѓаните – заштитник на правата и слободите; Промотор на правата на младите, ранливите и маргинализирани заедници; Заштитник на демократијата и соработката меѓу заедниците во македонското општество; Борба за правна држава ослободена од канџите на организираниот криминал и корупцијата; Европската интеграција како двигател на целосната трансформација се петте столба од програмата на Пендаровски.

Пет столба кои до сега требаше да бидат завршена работа и да претставуваат основа за понатамошниот напредок на државата. Пет столба кои постојано ни ги сервираат во една или друга форма и никако да успеат да ги завршат. Европската интеграција како процес одамна требаше да биде започнат, кое што ветување ни беше дадено уште во 2016 година. Борбата против корупцијата и криминалот требаше веќе да биде минато, а не да биде постојано потенцирана од претставниците на ЕУ и САД во секоја прилика кога зборуваат за земјава и за оваа власт. Соработката меѓу заедниците, за која Пендаровски се нуди да биде заштитник, ја познававме под кованицата „Едно општество за сите“. Што добивме од таквото општество, нема потреба од коментар?! Првата помисла на младите е како да избегаат од државата, а иселувањето е процес кој и самиот Пендаровски го промовираше и стимулираше во текот на својот мандат. Поделбата на граѓаните на подобни и неподобни, на оние кои гласаат за едните и на оние кои гласаат за другите ги доживеа своите најцрни денови токму во мандатот на Пендаровски. Сегрегацијата по политичка основа отиде до таа мера што изборите, кои треба да претставуваат демократски чин за избор на подобриот, ги претворија во чин на борба за егсистенција или борба на живот и смрт.
За каква заштита на правата и слободите говори Пендаровски? За таква „како до сега“?!

Не, благодарам!
За какви евроинтеграции говори Пендаровски? За такви во кои самите прифаќаат обврски кои се однесуваат на клучни моменти и се од најголем државен интерес без никакви консултации и соработка со опозицијата?! Обврски кои не се во состојба да ги реализираат за потоа друг да им е крив... како што беше и до сега?!

За каква борба против криминалот и корупцијата говори Пендаровски? За корупција и криминал какви што ги гледаме во реалноста и кои што се во постојан раст... „како до сега“?!

За постигнувањата на Ковачевски во препуштањето на целосната власт во рацете на ДУИ... „како до сега“?! Можеби говори за постигнувањата на Спасовски и за неговите безброј афери кои го одбележаа неговото министерување и кои беа крунисани со хаосот во издавањето на пасошите и другите документи... „како до сега“?! Тука се и постигнувањата на Филпче во здравството, модуларните болници, како и постигнувањата на битолчанката во културата која не можеше да каже ниту еден проект реализиран во нејзиното министерство?! Да не го заборавиме ниту оној Љупче, кој со својата незабележителност е во состојба да преживее и нуклеарна катастрофа на позицијата министер за земјоделие.
Вака ли ќе биде тоа „како до сега“?
Не, благодарам!

The post „Како до сега“ – не, благодарам! appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Претседателските избори полека добиваат на интензитет. Веќе ги имаме првите знаци на масовна мобилизација на партиските активисти и уште помасовна анимација и мотивација на гласачите. Кандидатските каравани си го фатија својот пат и ја туркаат вообичаената шема на активности во трката за секој глас. Едните позитивно, другите негативно, третите и вака и така. Во принцип, тоа е тоа, кампања. Ќе беше многу поедноставно да се анализира претседателскава кампања доколку ова беа само претседателски избори. Но, не е така. Ова се претседателски и парламентарни избори кои одат во пакет и кои взаемно се поврзани. Првите треба да ја дадат почетната интонација за вторите, а вторите да го стимулираат и поттикнат процесот во вториот круг на првите. Така некако би се дефинирала взаемната поврзаност на претседателските и парламентарните избори, чија што симбиоза треба да го обезбеди темелот на овој демократски чин. За разлика од изборите пред пет години, кога имавме само тројца претседателски кандидати, на овие избори имаме дури седум. Сите со своја цел и очекувања. Реално гледано, двајца од нив се сериозни кандидати и чија што примарна цел е победата на изборите. За останатите кандидати може слободно да кажеме дека претседателската трка е нивна секундарна цел која треба да помогне во остварувањето на онаа примарната која што ја имаат, а е поврзана со парламентарните избори. Тешко би било да се очекува дека некој од нив би се замешал во трката на двајцата најсериозни претенденти за влез во вториот круг на претседателските избори, така да, констатацијата дека останатите кандидати претставуваат само песмејкери заради остварување на подобар резултат на парламентарните избори ја завршува секоја дополнителна потреба од анализа на нивните активности во контекст на претседателските избори. Ако ги анализираме во контекст на парламентарните, ќе има многу што да се каже, но во однос на претседателските, нивната приказана завршува тука. Што да се каже во однос на она што до сега го видовме во почетните денови од кампањата? Реториката станува подинамична, на моменти поемотивна и со поголем жар од кој почнуваат да скокаат првите искри и спротивставени ставови. Ги слушнавме основните пораки и правците во кои кандидатите планираат да не водат како претседател на државата. Секако дека е рано за посериозна анализа и крајни заклучоци. Главните поенти секако дека ќе се искристализираат до крајот на првиот круг и во финалната трка во вториот. Тогаш би бил најадекватниот момент за анализа на перформансите на идниот претседател на Македонија. Во моментов можеби нешто што највеќе треба да нѐ интересира е анализата на перформансите на досегашниот претседател на државата. Да ги оставиме останатите кандидати на раат да си ја тераат кампањата и да видиме што е она што ни го нуди актуелниот претседател, Пендаровски?! Да видиме што планира за следниот мандат како надоврзување на она што го сработа во досегашниот. Исто така, имајќи во предвид дека секундарната цел на неговата кампања е учеството на неговата СДСМ во парламентарните избори, не можеме и не смееме оваа кандидатура да ја гледаме еднодимензионално без да ја имаме на ум трката за извршната власт и формирањето на новата македонска влада. Пендаровски и владата се взаемно поврзани, заедно поминаа пет години на власт, заедно учествуваа во донесувањето на одлуките и заедно создава или растураа во оваа наша држава. Како што е редот на нештата, Пендаровски ја објави својата програма која што се заснова на пет столба. Но, како што е редот на нештата Пендаровски требаше да да даде и отчет за сработеното за тековниов негов мандат. А, отчет нема! Нема извештај, нема никаков промотивен докумнет преку кој граѓаните ќе можат да видат што е тоа што Пендаровски го сработал како претседател и зошто повторно ја бара нашата доверба. Тој праќа една кратка порака и едноставно вели, „Како до сега“! Во ред, како до сега, а што е тоа што беше сработено до сега?! Токму отчетот, кој би претставувал сублимирана информација за претседателските постигнувања на Пендаровски, требаше да биде најголемата поткрепа на неговата порака „како до сега“. Што е тоа што Пендаровски го работел до сега за да знаеме што би работел од сега?! Многу е едноставно! Наместо отчет ние гледаме рекламни спотови и кампања за ајвар, бурек, кафе и селфи сликање со граѓаните. Многу несериозно за еден актуелен претседател. Ако идејата била Пендаровски да се претстави како народен човек кој што самиот пазари ајвар, бурек или пие кафе со народот, тоа можевме да го гледаме во пракса претходниве пет години. Но тоа не беше случај. Пендаровски не беше меѓу народот. Немаше ниту канцеларија за контакт со граѓаните, а камо ли да имавме случај за негово спонтано пиење кафе на јавни места. Неговата програма се заснова на пет столба. Ако ги гледаме површински или ако замислиме дека Пендаровски го бара својот прв мандат, тогаш ќе кажеме во ред, кандидатот се потрудил и има некаква програма. Но, ако на програмата гледаме низ призма на неговата порака „како до сега“, може да се пронајдат многу забелешки. Гласот на граѓаните – заштитник на правата и слободите; Промотор на правата на младите, ранливите и маргинализирани заедници; Заштитник на демократијата и соработката меѓу заедниците во македонското општество; Борба за правна држава ослободена од канџите на организираниот криминал и корупцијата; Европската интеграција како двигател на целосната трансформација се петте столба од програмата на Пендаровски. Пет столба кои до сега требаше да бидат завршена работа и да претставуваат основа за понатамошниот напредок на државата. Пет столба кои постојано ни ги сервираат во една или друга форма и никако да успеат да ги завршат. Европската интеграција како процес одамна требаше да биде започнат, кое што ветување ни беше дадено уште во 2016 година. Борбата против корупцијата и криминалот требаше веќе да биде минато, а не да биде постојано потенцирана од претставниците на ЕУ и САД во секоја прилика кога зборуваат за земјава и за оваа власт. Соработката меѓу заедниците, за која Пендаровски се нуди да биде заштитник, ја познававме под кованицата „Едно општество за сите“. Што добивме од таквото општество, нема потреба од коментар?! Првата помисла на младите е како да избегаат од државата, а иселувањето е процес кој и самиот Пендаровски го промовираше и стимулираше во текот на својот мандат. Поделбата на граѓаните на подобни и неподобни, на оние кои гласаат за едните и на оние кои гласаат за другите ги доживеа своите најцрни денови токму во мандатот на Пендаровски. Сегрегацијата по политичка основа отиде до таа мера што изборите, кои треба да претставуваат демократски чин за избор на подобриот, ги претворија во чин на борба за егсистенција или борба на живот и смрт. За каква заштита на правата и слободите говори Пендаровски? За таква „како до сега“?! Не, благодарам! За какви евроинтеграции говори Пендаровски? За такви во кои самите прифаќаат обврски кои се однесуваат на клучни моменти и се од најголем државен интерес без никакви консултации и соработка со опозицијата?! Обврски кои не се во состојба да ги реализираат за потоа друг да им е крив... како што беше и до сега?! За каква борба против криминалот и корупцијата говори Пендаровски? За корупција и криминал какви што ги гледаме во реалноста и кои што се во постојан раст... „како до сега“?! За постигнувањата на Ковачевски во препуштањето на целосната власт во рацете на ДУИ... „како до сега“?! Можеби говори за постигнувањата на Спасовски и за неговите безброј афери кои го одбележаа неговото министерување и кои беа крунисани со хаосот во издавањето на пасошите и другите документи... „како до сега“?! Тука се и постигнувањата на Филпче во здравството, модуларните болници, како и постигнувањата на битолчанката во културата која не можеше да каже ниту еден проект реализиран во нејзиното министерство?! Да не го заборавиме ниту оној Љупче, кој со својата незабележителност е во состојба да преживее и нуклеарна катастрофа на позицијата министер за земјоделие. Вака ли ќе биде тоа „како до сега“? Не, благодарам!

The post „Како до сега“ – не, благодарам! appeared first on Република.

]]>
Позитивна кампања за консолидиран политички амбиент https://arhiva3.republika.mk/kolumni/pozitivna-kampana-za-konsolidiran-politichki-ambient/ Tue, 26 Mar 2024 18:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=759055

Петар Поп-Арсов

Кампања - организиран тек на дејствување заради постигнување на поставената цел.

Таа е веќе започната! Барем онаа неофицијалната. Можеби подобра формулација би било да кажеме дека веќе сме во поодмината фаза на консолидација на партиските и коалициските ешалони кои ќе земат активно учество во изборната трка. Веќе ги имаме претседателските кандидати и носителите на кандидатските листи на партиите кои сериозно претендираат да се борат за довербата на граѓаните. Паралелно со законски предвидените рокови за одвивање на изборниот процес под раководство на ДИК, секојдневно сме информирани за политиките и проектите кои што ќе бидат дел од понудата пред македонските гласачи на претстојните избори. Активно се користи т.н. заслужено односно заработено време во медиумскиот простор кое се освојува преку бројните секојдневни политички активности на партиите. Кампањата на социјалните мрежи и алтернативните медиуми никогаш не запрела, но во периодов добива на интензитет.
Сериозните политичари и политички партии секогаш управуваат со сопствените активности и кампањи. Навременото отпочнување на создавање на тимови, подготовката на програма и стратегија на активности, дефинирањето на проектите и програмата со која ќе се бара поддршката од гласачите, кадровската понуда како и собирањето на донации во согласност со законот, се основен предуслов за успешна кампања.

Кратко кажано, колку порано ќе се започне со кампањата, толку подобро!
Но, каде е границата на добриот вкус? Каде е моментот на претерување? Каде е пресвртната точка во која се достигнува максималниот позитивен пик после кој секое дополнително присуство пред очите на граѓаните станува контрапродуктивно?
Во принцип, покрај останатото, кампањите се водат претежно за освојување на гласот на неопределените граѓани. Граѓаните кои веќе се определени, како и оние кои активно или пасивно даваат поддршка на некоја од политичките опции, веќе се пребројани и учествуваат во креирањето на јавната перцепција за тоа кој ќе победи или загуби на изборите. Особено се интересни оние кои се насочени кон победникот, што е сосема разбирливо од причина што целта на секој натпревар е да се победи. Нивната определеност е веќе нотирана во предизборните анкети и со самото тоа претставуваат силно гравитациско јадро околу кое се лепат гласачите кои најчесто гласаат за победникот.

Прашањето на победникот на овие избори е сосема извесно, а групата на гласачи која „навива“ за победникот беше предмет на анализа во претходната колумна. Веќе сме во поодмината фаза во изборниот процес и фокусот на интерес на политичките партии полека се става на неопределените гласачи кои всушност ќе определат дали некој од претендентите за власт ќе добие неколку мандата плус или неколку минус. Токму овие гласачи се факторот кој ќе одлучи дали ќе може да се формира стабилна влада која што непречено ќе ја реализира понудената програма или истата ќе биде заложник на коалициони пазарења кои што политиките и програмата на владата ќе ги тераат по онаа народната „многу бабици, килаво дете“.

Токму затоа се исклучително важни овој тип на гласачи. Тие внимателно го следат развојот на настаните и кон истите е неопходен внимателен и одмерен пристап. Секоја недоволна активност, отсуство на пласирање на пораки кон нив, како и оставање на простор на политичкиот противник да има ексклузивна можност да допре до нив може да резултира со губење на значаен квантум на гласови. Од друга страна и спротивно на тоа, секое претерување и агресивен настап кон овие гласачи може исто така да делува контрапродуктивно, особено кај нас во Македонија каде постојано сме бомбардирани со политички кампањи и политички пораки.

Од тие причини може слободно да кажеме дека тој што ќе знае да ја најде неопходната рамнотежа и нема да ја премине фамозната пресвртна точка, ќе успее да го извлече максимумот од претстојната кампања. Да бидеме појасни и да повториме, овде зборуваме за ефектите кои што со себе ги носи изборната кампања како додадена вредност на политичкиот капитал и политички рејтинг со кој партиите влегуваат во процесот на кампања. Воопшто не е исто дали пратенички мандати кои биле проектирани на сто дена пред изборите ќе бидат зголемени за две, три или повеќе пратенички места, ќе останат исти, или пак ќе бидат намалени како резултат на политичката кампања.

Каква ќе биде кампањата на политичките партии, односно каква е кампањата која во моментов веќе се одвива? Позитивна, негативна или можеби мешавина на едното и другото, нешто што вообичаено го гледаме на сите досегашни изборни процеси?!

Всушност, ниту позитивната ниту негативната кампања беа ставени во некакво мирување за време на целиот мандат на владата на Ковачевски. Независно од нивните декларативни обиди да се претстават во позитивно светло, делата кои што ги правеа беа самите по себе негативна кампања за владата. Тие „дела“ беа инспирација и мотив за многу текстови, колумни, реакции на незадоволство и оправдани напади од страна на политичките противници кои во континуитет го еродираа политичкиот капитал со кој беше кредитирана актуелната власт.

Како и да е, влегуваме во фаза на дефинирање на кадровската понуда со која партиите ќе истрчаат на изборите. Ги имаме претседателските кандидати, носителите на пратеничките листи и по некое име кое ќе биде дел од овие листи. Веќе е започнат процесот на анализа на противниците на персонално ниво. Токму ваквата анализа ќе има за цел да го дефинира соодносот на позитивната и негативната кампања која што ќе се води. Понудата на истрошени кадри кои со себе носат негативен багаж ќе претставува вистински десерт за политичките противници. Веќе имаме таква понуда на сегашни и поранешни министри кои воопшто не се прославија во текот на нивните мандати. Чисто ги земаме онака, како пример кој може да го посочиме и кој ќе создаде простор кај политичкиот противник за примена на негативна кампања.

Исто така, многу важен елемент е да се согледа политичкиот амбиент во кој се наоѓаме во моментов. Политичкиот амбиент е резултанта на внатрешни и надворешни политики чии што вектори се допираат во Македонија. Овие вектори, според сите природни, општествени и математички закономерности ќе ја креираат резултантата во чија што насока ќе се движиме како држава во периодот што следи. Согледувањето на политичкиот амбиент е особено важно за да се постави крајната цел кон која ќе се стремат учесниците во изборниот процес. Дали таа цел ќе биде (преку уважување на односот на политичките сили кој што владее во моментов) да се освои власта и да се влијае на процесите од внатре или пак целта ќе биде да се држи принципиелна линија, која во секој случај ќе има политичко влијание, но со ризик дека истото ќе се остварува однадвор. Поставувањето на крајната цел е нешто кое што секоја сериозна политичка партија треба јасно и навремено да го дефинира.

Занемарувањето и игнорирањето на политичкиот амбиент во кој се наоѓаме ќе го намали ефектот на напорите кои што беа и ќе бидат вложени со примена на сите останати стратегии, техники и алатки во досегашната активност и кампањата што следи.

Особено важна ќе биде позитивната кампања. Веќе се наѕираат контурите на ваквата кампања и тоа навистина ќе претставува освежување на македонската политичка сцена после подолг период. Понудата на остварливи програми и проекти ќе претставува додадена вредност во секоја кампања. На овој начин се прави разлика помеѓу голите критизери кои што немаат што да понудат и конструктивните критичари кои кога кажуваат како не треба, во исто време кажуваат како треба. Позитивната кампања и конкретната понуда сериозно ќе придонесе во консолидацијата на гласачкото тело, особено за попрецизно структурирање на гласачите кои се опозиционо определени, но сè уште се двоумат и немаат донесено дефинитивна одлука за тоа на кој опозициски табор ќе го дадат својот глас.

Македонската демократија функционира повеќе од триесет години. Тоа е доволен временски простор искуствено да согледаме кој и како се однесувал и однесува кога бил на власт. Тоа е доволен временски простор да увидиме дали оние на кои што сме им ја дале довербата истата ја оправдале. Тоа е доволен период од кој може да црпиме информации за тоа дали некој реализирал и изградил нешто во својот мандат или се сведува на гола политичка еквилибристика. Нашиот минат труд е влог и гаранција за нашите идни постапки. Останува народот да цени и да го каже сопствениот суд.

The post Позитивна кампања за консолидиран политички амбиент appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Кампања - организиран тек на дејствување заради постигнување на поставената цел. Таа е веќе започната! Барем онаа неофицијалната. Можеби подобра формулација би било да кажеме дека веќе сме во поодмината фаза на консолидација на партиските и коалициските ешалони кои ќе земат активно учество во изборната трка. Веќе ги имаме претседателските кандидати и носителите на кандидатските листи на партиите кои сериозно претендираат да се борат за довербата на граѓаните. Паралелно со законски предвидените рокови за одвивање на изборниот процес под раководство на ДИК, секојдневно сме информирани за политиките и проектите кои што ќе бидат дел од понудата пред македонските гласачи на претстојните избори. Активно се користи т.н. заслужено односно заработено време во медиумскиот простор кое се освојува преку бројните секојдневни политички активности на партиите. Кампањата на социјалните мрежи и алтернативните медиуми никогаш не запрела, но во периодов добива на интензитет. Сериозните политичари и политички партии секогаш управуваат со сопствените активности и кампањи. Навременото отпочнување на создавање на тимови, подготовката на програма и стратегија на активности, дефинирањето на проектите и програмата со која ќе се бара поддршката од гласачите, кадровската понуда како и собирањето на донации во согласност со законот, се основен предуслов за успешна кампања. Кратко кажано, колку порано ќе се започне со кампањата, толку подобро! Но, каде е границата на добриот вкус? Каде е моментот на претерување? Каде е пресвртната точка во која се достигнува максималниот позитивен пик после кој секое дополнително присуство пред очите на граѓаните станува контрапродуктивно? Во принцип, покрај останатото, кампањите се водат претежно за освојување на гласот на неопределените граѓани. Граѓаните кои веќе се определени, како и оние кои активно или пасивно даваат поддршка на некоја од политичките опции, веќе се пребројани и учествуваат во креирањето на јавната перцепција за тоа кој ќе победи или загуби на изборите. Особено се интересни оние кои се насочени кон победникот, што е сосема разбирливо од причина што целта на секој натпревар е да се победи. Нивната определеност е веќе нотирана во предизборните анкети и со самото тоа претставуваат силно гравитациско јадро околу кое се лепат гласачите кои најчесто гласаат за победникот. Прашањето на победникот на овие избори е сосема извесно, а групата на гласачи која „навива“ за победникот беше предмет на анализа во претходната колумна. Веќе сме во поодмината фаза во изборниот процес и фокусот на интерес на политичките партии полека се става на неопределените гласачи кои всушност ќе определат дали некој од претендентите за власт ќе добие неколку мандата плус или неколку минус. Токму овие гласачи се факторот кој ќе одлучи дали ќе може да се формира стабилна влада која што непречено ќе ја реализира понудената програма или истата ќе биде заложник на коалициони пазарења кои што политиките и програмата на владата ќе ги тераат по онаа народната „многу бабици, килаво дете“. Токму затоа се исклучително важни овој тип на гласачи. Тие внимателно го следат развојот на настаните и кон истите е неопходен внимателен и одмерен пристап. Секоја недоволна активност, отсуство на пласирање на пораки кон нив, како и оставање на простор на политичкиот противник да има ексклузивна можност да допре до нив може да резултира со губење на значаен квантум на гласови. Од друга страна и спротивно на тоа, секое претерување и агресивен настап кон овие гласачи може исто така да делува контрапродуктивно, особено кај нас во Македонија каде постојано сме бомбардирани со политички кампањи и политички пораки. Од тие причини може слободно да кажеме дека тој што ќе знае да ја најде неопходната рамнотежа и нема да ја премине фамозната пресвртна точка, ќе успее да го извлече максимумот од претстојната кампања. Да бидеме појасни и да повториме, овде зборуваме за ефектите кои што со себе ги носи изборната кампања како додадена вредност на политичкиот капитал и политички рејтинг со кој партиите влегуваат во процесот на кампања. Воопшто не е исто дали пратенички мандати кои биле проектирани на сто дена пред изборите ќе бидат зголемени за две, три или повеќе пратенички места, ќе останат исти, или пак ќе бидат намалени како резултат на политичката кампања. Каква ќе биде кампањата на политичките партии, односно каква е кампањата која во моментов веќе се одвива? Позитивна, негативна или можеби мешавина на едното и другото, нешто што вообичаено го гледаме на сите досегашни изборни процеси?! Всушност, ниту позитивната ниту негативната кампања беа ставени во некакво мирување за време на целиот мандат на владата на Ковачевски. Независно од нивните декларативни обиди да се претстават во позитивно светло, делата кои што ги правеа беа самите по себе негативна кампања за владата. Тие „дела“ беа инспирација и мотив за многу текстови, колумни, реакции на незадоволство и оправдани напади од страна на политичките противници кои во континуитет го еродираа политичкиот капитал со кој беше кредитирана актуелната власт. Како и да е, влегуваме во фаза на дефинирање на кадровската понуда со која партиите ќе истрчаат на изборите. Ги имаме претседателските кандидати, носителите на пратеничките листи и по некое име кое ќе биде дел од овие листи. Веќе е започнат процесот на анализа на противниците на персонално ниво. Токму ваквата анализа ќе има за цел да го дефинира соодносот на позитивната и негативната кампања која што ќе се води. Понудата на истрошени кадри кои со себе носат негативен багаж ќе претставува вистински десерт за политичките противници. Веќе имаме таква понуда на сегашни и поранешни министри кои воопшто не се прославија во текот на нивните мандати. Чисто ги земаме онака, како пример кој може да го посочиме и кој ќе создаде простор кај политичкиот противник за примена на негативна кампања. Исто така, многу важен елемент е да се согледа политичкиот амбиент во кој се наоѓаме во моментов. Политичкиот амбиент е резултанта на внатрешни и надворешни политики чии што вектори се допираат во Македонија. Овие вектори, според сите природни, општествени и математички закономерности ќе ја креираат резултантата во чија што насока ќе се движиме како држава во периодот што следи. Согледувањето на политичкиот амбиент е особено важно за да се постави крајната цел кон која ќе се стремат учесниците во изборниот процес. Дали таа цел ќе биде (преку уважување на односот на политичките сили кој што владее во моментов) да се освои власта и да се влијае на процесите од внатре или пак целта ќе биде да се држи принципиелна линија, која во секој случај ќе има политичко влијание, но со ризик дека истото ќе се остварува однадвор. Поставувањето на крајната цел е нешто кое што секоја сериозна политичка партија треба јасно и навремено да го дефинира. Занемарувањето и игнорирањето на политичкиот амбиент во кој се наоѓаме ќе го намали ефектот на напорите кои што беа и ќе бидат вложени со примена на сите останати стратегии, техники и алатки во досегашната активност и кампањата што следи. Особено важна ќе биде позитивната кампања. Веќе се наѕираат контурите на ваквата кампања и тоа навистина ќе претставува освежување на македонската политичка сцена после подолг период. Понудата на остварливи програми и проекти ќе претставува додадена вредност во секоја кампања. На овој начин се прави разлика помеѓу голите критизери кои што немаат што да понудат и конструктивните критичари кои кога кажуваат како не треба, во исто време кажуваат како треба. Позитивната кампања и конкретната понуда сериозно ќе придонесе во консолидацијата на гласачкото тело, особено за попрецизно структурирање на гласачите кои се опозиционо определени, но сè уште се двоумат и немаат донесено дефинитивна одлука за тоа на кој опозициски табор ќе го дадат својот глас. Македонската демократија функционира повеќе од триесет години. Тоа е доволен временски простор искуствено да согледаме кој и како се однесувал и однесува кога бил на власт. Тоа е доволен временски простор да увидиме дали оние на кои што сме им ја дале довербата истата ја оправдале. Тоа е доволен период од кој може да црпиме информации за тоа дали некој реализирал и изградил нешто во својот мандат или се сведува на гола политичка еквилибристика. Нашиот минат труд е влог и гаранција за нашите идни постапки. Останува народот да цени и да го каже сопствениот суд.

The post Позитивна кампања за консолидиран политички амбиент appeared first on Република.

]]>
Јасно свртување вдесно https://arhiva3.republika.mk/kolumni/jasno-svrtuvane-vdesno/ Mon, 18 Mar 2024 18:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=756027

Петар Поп-Арсов

Веќе постојано повторуваме дека 2024 е изборна година речиси во целиот свет. Да бидеме поконкретни и попрецизни, оваа е годината на избори во светот во кој што припаѓаме, за кој што сме заинтересирани, економски поврзани и културно интегрирани. Избори има во земјите кои што имаат глобално влијание насекаде низ светот, вклучително и врз нас и нашата држава како дел од глобалната заедница.

Избори ќе има во САД, во Европската унија, избори имаше во Русија. Дури и во Украина, земјата во која се води жестока војна, според некоја логика и демократски ред 2024 би требало да биде изборна година. Избори има и тука на Балканот. Во Србија завршија, во Хрватска се подготвуваат исто како што се подготвуваат и кај нас во Македонија.

Ако ништо друго, ќе биде интересно во текот на целата година.

Во Русија изборите завршија вчера. Што да се каже, а да се остане коректен и аналитички непристрасен? Резултатите се очекувани, без изненадувања. Проследени со несвојствено голема доза на рамнодушност кај западноевропските земји, која оди до граници на незаинтересираност и немоќ во нивната вообичаена пракса да дадат свој придонес и влијание врз демократските процеси во довчерашната земја членка на Советот на Европа, Русија.
Каде отиде светот за само две години?!

И во САД се одвива сѐ „според планот“. И таму нема никакви изненадувања во поглед на финалистите кои што ќе го трчаат последниот круг. Речиси е извесна повторната пресметка меѓу двата американски претседатела, сегашниот Бајден и поранешниот Трамп.

Американските избори, навидум имаат посериозно влијание врз внатрешната и надворешната политика на земјата за разлика од тоа што беше случај со Русија. Според она што е видливо може да забележиме дека во највисоките американски институции се проблематизира воената поддршка на Украина и се намалува испораката на воена опрема, оружје и муниција, иако според интензитетот на судирите во Украина тоа во пракса не изгледа така. Дали се работи само за предизборно прегрупирање или за суштинска промена во американската политика, ќе може да видиме дури по есенските избори. До тогаш американското внимание ќе биде растегнато помеѓу внатрешните состојби во Америка, преку замрзнатите тензиите меѓу Кина и Тајван, одмрзнатите судири во Газа и Јемен, па се до војната која врие во Украина.

И во Европа ќе има избори. Најинтересни ќе бидат оние за избор на пратеници за новиот состав на Европскиот парламент. До сега Европа се однесуваше прилично комотно и лагодно. Малку лево, малку десно, три напред, две назад, сега ние, утре вие, па потоа заедно во коалиција. Така некако изгледаше периодичното менување на власт на умерената десница и умерената левица.

Но како ќе биде сега?

Испитувањата на јавното мнение ширум земјите членки на ЕУ говори за тоа дека изборите за Европскиот парламент во 2024 година ќе доведат до големо поместување кон десно во многу земји членки на ЕУ. Повеќе популистички и радикално десничарски партии ќе добијат свои места во Европскиот парламент, додека партиите од левиот центар и зелените ќе загубат значителен дел од гласовите.

Според прогнозите на релевантни истражувачи на јавното мнение, речиси половина од местата во ЕП ќе ги заземат европратеници кои припаѓаат на партии кои не се дел од т.н. „супер голема коалиција“ на трите центристички групи претставени преку Европската народна партија (EPP), Европските социјалисти (PES) и Обновена Европа (порано познати како ALDE). Десничарската коалиција на демохристијани, конзервативци и европратеници од радикалната десница би можела за прв пат да се појави како мнозинство во Европскиот парламент. Тоа е сериозно и остро вртење кон десно кое е испровоцирано од досегашната политика актуелната европска политичка елита.

Се поставува прашањето, дали Европа ќе остане истата онаа која што ја познававме и кон која се стремиме уште од почетокот на нашата самостојност како држава? Дали европската нерешителност, во поглед на проширувањето на ЕУ кон Балканот, ќе се претвори во целосна европска неспособност да го стори тоа исклучиво како последица на политичките промени кои што ќе настанат таму? Постои можност, да не кажеме опасност, изборите за пратеници во Европскиот парламент да и го одземат на ЕУ „морковот и стапот“ кој што како алатка со години и децении беше користен во односите со земјите од Балканот. Веќе ќе нема ниту морков ниту стап, не затоа што некој таму во Брисел не сака да го има, туку затоа што не може повеќе да го има.
Ниту уставните измени, ниту признавањето на Косово, реформите, борбата против корупцијата или пак исполнувањето на копенхашките критериуми ќе бидат доволни за Европа да смогне внатрешна сила со која ќе им овозможи непречена интеграција на балканските земји во ЕУ. Тешко ќе се пронајде онаа златна средина која на Европа ќе и овозможи да се справи самата со себе во услови кога е растргната помеѓу две крајности, подготовката за Олимписките игри во Париз и подготовката за војна во Украина.

Од тие причини е сосема разбирлива иницијативата на неколкуте американски сенатори кои поднесоа Предлог резолуција за поддршка на Соединетите Американски Држави за пристапување на Македонија во Европската Унија. Тие со Резолуцијата ги повикуваат претседателот и државниот секретар на САД, како и нивните европски сојузници да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската унија со Македонија без дополнителни билатерални услови.

Ако ги земеме во предвид претходно посочените предвидувања за исходот на изборите за Европскиот парламент, може слободно да кажеме дека оваа инцијатива во американскиот Сенат е сосема логична и укажува на тоа дека ова се последните моменти кога Македонија може да ги започне преговорите со ЕУ. Дали и кога ќе ги заврши, тоа е сосема друго прашање. Овде зборуваме за обичен почеток на преговорите со кој ќе се прати политичка порака дека на Македонија се гледа како на дел од европското семејство. Понатамошниот процес на преговори со ЕУ, такава каква што ќе биде после изборите во 2024, е приказна за себе, веројатно многу покомплицирана од онаа која што ја гледавме до сега.

Доаѓаме и до изборите кај нас. Тука работите се значително појасни, особено во однос на поддршката на македонските гласачи на политиките кои земјата ја држат на европскиот пат. Десницата има значителна предност и најголеми шанси за победа на изборите и формирање на влада. Тоа е истата онаа десница која прва го проектираше европскиот пат на земјата како државен субјект во кој што живеат суверен народ и граѓани. Тоа е истата онаа десница чија што влада беше оценета како влада под чие што водство земјата ги исполни сите критериуми за почеток на преговорите со ЕУ уште во 2009 година.

Значи нема непознати, нема изненадувања, нема доминација на антиевропски политички екстреми како што тоа е случај во самата Европа. Затоа, може уште еднаш да кажеме, Резолуцијата на американскиот сенат во однос на Македонија е нешто логично, нешто најмалку што може да се направи за земјата која што на своја штета даде сериозна жртва со прифаќањето на сите оние договори со кои даде сериозен придонес, пред сѐ, за мирот и стабилноста во овој дел на Европа и особено за задоволување на нерационалните и неевропски политики кои ни беа наметнувани од земјите членки на самата ЕУ.

The post Јасно свртување вдесно appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Веќе постојано повторуваме дека 2024 е изборна година речиси во целиот свет. Да бидеме поконкретни и попрецизни, оваа е годината на избори во светот во кој што припаѓаме, за кој што сме заинтересирани, економски поврзани и културно интегрирани. Избори има во земјите кои што имаат глобално влијание насекаде низ светот, вклучително и врз нас и нашата држава како дел од глобалната заедница. Избори ќе има во САД, во Европската унија, избори имаше во Русија. Дури и во Украина, земјата во која се води жестока војна, според некоја логика и демократски ред 2024 би требало да биде изборна година. Избори има и тука на Балканот. Во Србија завршија, во Хрватска се подготвуваат исто како што се подготвуваат и кај нас во Македонија. Ако ништо друго, ќе биде интересно во текот на целата година. Во Русија изборите завршија вчера. Што да се каже, а да се остане коректен и аналитички непристрасен? Резултатите се очекувани, без изненадувања. Проследени со несвојствено голема доза на рамнодушност кај западноевропските земји, која оди до граници на незаинтересираност и немоќ во нивната вообичаена пракса да дадат свој придонес и влијание врз демократските процеси во довчерашната земја членка на Советот на Европа, Русија. Каде отиде светот за само две години?! И во САД се одвива сѐ „според планот“. И таму нема никакви изненадувања во поглед на финалистите кои што ќе го трчаат последниот круг. Речиси е извесна повторната пресметка меѓу двата американски претседатела, сегашниот Бајден и поранешниот Трамп. Американските избори, навидум имаат посериозно влијание врз внатрешната и надворешната политика на земјата за разлика од тоа што беше случај со Русија. Според она што е видливо може да забележиме дека во највисоките американски институции се проблематизира воената поддршка на Украина и се намалува испораката на воена опрема, оружје и муниција, иако според интензитетот на судирите во Украина тоа во пракса не изгледа така. Дали се работи само за предизборно прегрупирање или за суштинска промена во американската политика, ќе може да видиме дури по есенските избори. До тогаш американското внимание ќе биде растегнато помеѓу внатрешните состојби во Америка, преку замрзнатите тензиите меѓу Кина и Тајван, одмрзнатите судири во Газа и Јемен, па се до војната која врие во Украина. И во Европа ќе има избори. Најинтересни ќе бидат оние за избор на пратеници за новиот состав на Европскиот парламент. До сега Европа се однесуваше прилично комотно и лагодно. Малку лево, малку десно, три напред, две назад, сега ние, утре вие, па потоа заедно во коалиција. Така некако изгледаше периодичното менување на власт на умерената десница и умерената левица. Но како ќе биде сега? Испитувањата на јавното мнение ширум земјите членки на ЕУ говори за тоа дека изборите за Европскиот парламент во 2024 година ќе доведат до големо поместување кон десно во многу земји членки на ЕУ. Повеќе популистички и радикално десничарски партии ќе добијат свои места во Европскиот парламент, додека партиите од левиот центар и зелените ќе загубат значителен дел од гласовите. Според прогнозите на релевантни истражувачи на јавното мнение, речиси половина од местата во ЕП ќе ги заземат европратеници кои припаѓаат на партии кои не се дел од т.н. „супер голема коалиција“ на трите центристички групи претставени преку Европската народна партија (EPP), Европските социјалисти (PES) и Обновена Европа (порано познати како ALDE). Десничарската коалиција на демохристијани, конзервативци и европратеници од радикалната десница би можела за прв пат да се појави како мнозинство во Европскиот парламент. Тоа е сериозно и остро вртење кон десно кое е испровоцирано од досегашната политика актуелната европска политичка елита. Се поставува прашањето, дали Европа ќе остане истата онаа која што ја познававме и кон која се стремиме уште од почетокот на нашата самостојност како држава? Дали европската нерешителност, во поглед на проширувањето на ЕУ кон Балканот, ќе се претвори во целосна европска неспособност да го стори тоа исклучиво како последица на политичките промени кои што ќе настанат таму? Постои можност, да не кажеме опасност, изборите за пратеници во Европскиот парламент да и го одземат на ЕУ „морковот и стапот“ кој што како алатка со години и децении беше користен во односите со земјите од Балканот. Веќе ќе нема ниту морков ниту стап, не затоа што некој таму во Брисел не сака да го има, туку затоа што не може повеќе да го има. Ниту уставните измени, ниту признавањето на Косово, реформите, борбата против корупцијата или пак исполнувањето на копенхашките критериуми ќе бидат доволни за Европа да смогне внатрешна сила со која ќе им овозможи непречена интеграција на балканските земји во ЕУ. Тешко ќе се пронајде онаа златна средина која на Европа ќе и овозможи да се справи самата со себе во услови кога е растргната помеѓу две крајности, подготовката за Олимписките игри во Париз и подготовката за војна во Украина. Од тие причини е сосема разбирлива иницијативата на неколкуте американски сенатори кои поднесоа Предлог резолуција за поддршка на Соединетите Американски Држави за пристапување на Македонија во Европската Унија. Тие со Резолуцијата ги повикуваат претседателот и државниот секретар на САД, како и нивните европски сојузници да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската унија со Македонија без дополнителни билатерални услови. Ако ги земеме во предвид претходно посочените предвидувања за исходот на изборите за Европскиот парламент, може слободно да кажеме дека оваа инцијатива во американскиот Сенат е сосема логична и укажува на тоа дека ова се последните моменти кога Македонија може да ги започне преговорите со ЕУ. Дали и кога ќе ги заврши, тоа е сосема друго прашање. Овде зборуваме за обичен почеток на преговорите со кој ќе се прати политичка порака дека на Македонија се гледа како на дел од европското семејство. Понатамошниот процес на преговори со ЕУ, такава каква што ќе биде после изборите во 2024, е приказна за себе, веројатно многу покомплицирана од онаа која што ја гледавме до сега. Доаѓаме и до изборите кај нас. Тука работите се значително појасни, особено во однос на поддршката на македонските гласачи на политиките кои земјата ја држат на европскиот пат. Десницата има значителна предност и најголеми шанси за победа на изборите и формирање на влада. Тоа е истата онаа десница која прва го проектираше европскиот пат на земјата како државен субјект во кој што живеат суверен народ и граѓани. Тоа е истата онаа десница чија што влада беше оценета како влада под чие што водство земјата ги исполни сите критериуми за почеток на преговорите со ЕУ уште во 2009 година. Значи нема непознати, нема изненадувања, нема доминација на антиевропски политички екстреми како што тоа е случај во самата Европа. Затоа, може уште еднаш да кажеме, Резолуцијата на американскиот сенат во однос на Македонија е нешто логично, нешто најмалку што може да се направи за земјата која што на своја штета даде сериозна жртва со прифаќањето на сите оние договори со кои даде сериозен придонес, пред сѐ, за мирот и стабилноста во овој дел на Европа и особено за задоволување на нерационалните и неевропски политики кои ни беа наметнувани од земјите членки на самата ЕУ.

The post Јасно свртување вдесно appeared first on Република.

]]>
Црвената боја на победникот https://arhiva3.republika.mk/kolumni/tsrvenata-boja-na-pobednikot/ Fri, 08 Mar 2024 14:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=752710

Петар Поп-Арсов

Живееме во ера на перцепција. Постојано се трудиме за себе да создадеме перцепција кај другите дека сме убави, паметни, насмеани, нашетани, начитани, па дури најадени и напиени. Такво е времето. Ние сме лидери во светот во оваа област, особено на социјалните мрежи. Нема ништо лошо во тоа... освен кога ќе се претера со разно разни филтри кои ја менуваат реалноста.

Така е и во политиката. Зачестени анкети, испитување на јавното мислење, мерење на рејтинзите на поединци и политичките партии. Тое е веќе класика за периодот пред секои избори во Македонија. И тука сме на светско ниво, особено ако судиме според нашата посветеност кон оваа предизборна активност. Не сакаме никакви изненадувања и неизвесност. Веќе е нормално да ги знаеме резултатите однапред. Наликуваме на млад брачен пар кој со примена на достигнувањата на современата медицина уште во најраната фаза на бременост го дознава полот на сопственото бебе, две, три или повеќе како во некои случаи.

Ништо не е поразлично и со нашиве политички анкети. Моќта на „ултразвукот“ на анкетите уште во рана фаза може да го детерминира полот на победникот, односно дали ќе биде жена или маж. Може да ја проектира и бројката на освоени пратенички мандати, а со тоа и идната власт во државата. Навистина интересна алатка која во втор план ја става и потиснува директната комуникација меѓу луѓето, размената на мислења, информации, меѓусебното убедување, озборувањето, фалењето и критикувањето. Веќе нема смисла да се расправаме и убедуваме за политиката на родендени, слави и други семејни собири кое што во минатото беше национален спорт во Македонија.

Дали е добро или лошо, нормално или ненормално, тоа е сосема друго прашање чиј што одговор не е приоритет на овој текст. Нас нѐ интересираат анкетите и влијанието кое што тие го имаат врз севкупниот изборен процес, особено врз профилирањето на мислењето на одредена група на граѓани.

Начинот според кој се определуваат граѓаните на изборите може да го поделиме во неколку групи. Не дека не постојат и други облици и модели според кои граѓаните се определуваат на изборите, но нас нѐ интересираат оние најкарактеристичните кои ќе не доведат до групата која што е предмет на инетерес на овој текст.

Во првата група може да ги ставиме оние граѓани кои цврсто ја поддржуваат сопствената политичка опција со која се идентификуваат. Тие безрезервно стојат зад партијата и во добро и во лошо. Нив не ги интересира ниту политичката, ниту кадровската понуда. Независно од тоа дали во основата на ваквата фанатична поддршка стои идеологијата, личната и семејната традиција, идентификацијата со конкретната политичка опција, чувството за припадност и верност кон клубот за кој што навивам или пак е нешто сосема десетто, може слободно да кажеме дека оваа група претставува база врз која се гради и надополнува вкупната поддршка која што ја има една политичка опција.

Втората група, која произлегува од првата, се луѓе кои што во основа се поддржувачи на политичката опција со која се идентификуваат, но сепак внимателно ја следат нивната политичка и кадровска понуда. Тие се оние граѓани кои даваат силна поддршка на партијата за која што гласаат во случај кога им се погодени споменатите параметри. Но, во случај да се незадоволни од политиките и кадрите на партијата за која што гласаат, во таков случај тие повеќе се подготвени за апстиненција отколку да ја поддржат спротивната опција или некои трети алтернативни опции.

Во третата група би можеле да ги сместиме оние кои секогаш гласаат против. Немаат некои посебни афинитети кон никого, но во принцип секогаш го поддржуваат оној кој искреирал перцепција дека е најмногу против политичката опција која и оди на нерви на оваа група на гласачи. Од оваа група на гласачи не може да се очекуваат рационални одлуки или поддршка за конкретни политики кои се нудат како опција за подобар просперитет на државата. Тие едноставно функционираат и се определуваат врз база на антагонизам и се подготвени да гласаат дури и за политичка опција кој нема ништо во својата понуда, освен критики кон политичките противници.

Четвртата група се оние кои што се позиционирани во центарот. Некои навистина веруваат и се надеваат дека постои можност за создавање на сериозна политичка структура во центарот како трета или алтернативна опција на двете доминантни политички опции во Македонија. Други пак едноставо се плашат да зачекорат во подлабоките политички води и едноставно се држат во средината како некој вид комфорна зона во која ризиците кои што постојат се најмали.

Петтата може да ја дефинираме како група на неопределените. Овие граѓани навистина себе си се доживуваат како неопределени. Тие внимателно ја следат политичката и кадровската понуда. Тие ја ценат работата на досегашната власт и прават проценка за работата на идната. Овие луѓе не се оптеретени со чувство на обврска кон некоја од политичките опции ниту пак со чувството на обврска кон самите себе заради некаков континуитет или традиција во гласањето. Едноставно гласаат за оној кој што сметаат дека е подобар или во најмала рака дека е помалку лош. Ова е групата која што е „најскапа“ и која што најтешко се придобива. За да се добие поддршката на овие луѓе треба да се испорачаат конкретни резултати или да се има конкретна понуда. Политичката опција која што успеала да ја придобие оваа група на граѓани на своја страна, независно од тоа колкава е нејзината процентуална застапеност во однос на останатите групи, е сигурен победник на изборите.

Конечно доаѓаме до групата која што е инспирација за текстот на оваа колумна. Групата на граѓани која што е таргет во овој период на пред кампања. Луѓето кои што секогаш го поддржуваат победникот. Да, тие се тука меѓу нас, дел од нас, наши пријатели, другари, роднини. Тие не се неопределени. Тие секогаш се определени и секогаш стојат на една страна, на страната на победникот. Овие граѓани се најопределената од сите определени групи на гласачи во македонското општество која никогаш не ја менува страната, страната на победникот.

Тоа е исклучително растеглива група во која на исто место може да ги сместиме оние најзагрозените со оние најбогатите. Во оваа група за жал спаѓаат луѓето кои што се борат за егзистенција на дневна основа и чиј што опстанок зависи од помошта, вработувањето или било каква поддршка која доаѓа од институциите и структурите на власта. Едноставно немаат избор. Но, тука се и оние кои постојано се борат и очекуваат да искористат и добијат дополнителни привилегии од секоја власт. Тие луѓе постојат, без разлика дали се позиционирани во рамки на државната администрација или во рамки на приватниот бизнис кој што има релација со институциите на власта. Себе си секогаш се претставуваат како „професионалци“, „експерти“ и оние кои заслужуваат да ја добијат наклонетоста од секоја власт. На останатите гледаат како на партиски вработувања или политички наметнати кадри кои им се мешаат во „бизнисот“, иако и самите во еден момент влегле во игра преку партиските механизми.

Тука се и најбогатите, оние кои работат со државни тендери и чии што бизниси буквално се закачени на државниот буџет. Информацијата за тоа кој ќе биде победникот на изборите за овие луѓе е прашање на живот или смрт. Тие се исклучително зависни од тоа дали ќе бидат блиски до власта, особено со извршната и судската кои во Македонија се реални власти, за разлика од законодавната.

Поставеноста и функционирањето на македонското општество во толкава мера е изместено од нормалниот колосек што е сосема природно постоењето на оваа група на граѓани и гласачи. Тие едноставно постојат и се реалност. Некои оправдано заради основни потреби, некои неоправдано заради добивање на „леб преку погача“. Но, сепак се тука! Секоја власт преку својот начин на работење може дополнително да го стимулира зголемувањето на оваа група, особено ако работењето е неуспешно и штетно како во случај на актуелната владејачка гарнитура.

Од тие причини може да кажеме дека во моментиве на предкампања е сосема разбирлива тенденцијата на политичките партии да создадат перцепција за себе дека се победници на претстојните избори. Сосема е разбирливо ползувањето на алатката наречена анкета и испитување на јавното мнение. Тоа е легитимен пристап за привлекување на одредена целна група чии што гласови можат да создат дополнителна вредност и разлика во гласови во полза на едната или другата страна.

По се изгледа дека перцепцијата за тоа кој ќе биде победникот ќе има свое значајно место во вкупниот изборен резултат. Ултразвучната метода на откривање на полот на бебето во голема мера ќе влијае на тоа каква ќе биде бојата на првите алишта на новороденчето, црвена или сина. Слично е и во македонската политика. Како што гледаме ултразвукот на македонските анкети говори дека бојата на победникот ќе биде црвена, онака како што прилега за една жена.

Нека е среќен 8 Март!

The post Црвената боја на победникот appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Живееме во ера на перцепција. Постојано се трудиме за себе да создадеме перцепција кај другите дека сме убави, паметни, насмеани, нашетани, начитани, па дури најадени и напиени. Такво е времето. Ние сме лидери во светот во оваа област, особено на социјалните мрежи. Нема ништо лошо во тоа... освен кога ќе се претера со разно разни филтри кои ја менуваат реалноста. Така е и во политиката. Зачестени анкети, испитување на јавното мислење, мерење на рејтинзите на поединци и политичките партии. Тое е веќе класика за периодот пред секои избори во Македонија. И тука сме на светско ниво, особено ако судиме според нашата посветеност кон оваа предизборна активност. Не сакаме никакви изненадувања и неизвесност. Веќе е нормално да ги знаеме резултатите однапред. Наликуваме на млад брачен пар кој со примена на достигнувањата на современата медицина уште во најраната фаза на бременост го дознава полот на сопственото бебе, две, три или повеќе како во некои случаи. Ништо не е поразлично и со нашиве политички анкети. Моќта на „ултразвукот“ на анкетите уште во рана фаза може да го детерминира полот на победникот, односно дали ќе биде жена или маж. Може да ја проектира и бројката на освоени пратенички мандати, а со тоа и идната власт во државата. Навистина интересна алатка која во втор план ја става и потиснува директната комуникација меѓу луѓето, размената на мислења, информации, меѓусебното убедување, озборувањето, фалењето и критикувањето. Веќе нема смисла да се расправаме и убедуваме за политиката на родендени, слави и други семејни собири кое што во минатото беше национален спорт во Македонија. Дали е добро или лошо, нормално или ненормално, тоа е сосема друго прашање чиј што одговор не е приоритет на овој текст. Нас нѐ интересираат анкетите и влијанието кое што тие го имаат врз севкупниот изборен процес, особено врз профилирањето на мислењето на одредена група на граѓани. Начинот според кој се определуваат граѓаните на изборите може да го поделиме во неколку групи. Не дека не постојат и други облици и модели според кои граѓаните се определуваат на изборите, но нас нѐ интересираат оние најкарактеристичните кои ќе не доведат до групата која што е предмет на инетерес на овој текст. Во првата група може да ги ставиме оние граѓани кои цврсто ја поддржуваат сопствената политичка опција со која се идентификуваат. Тие безрезервно стојат зад партијата и во добро и во лошо. Нив не ги интересира ниту политичката, ниту кадровската понуда. Независно од тоа дали во основата на ваквата фанатична поддршка стои идеологијата, личната и семејната традиција, идентификацијата со конкретната политичка опција, чувството за припадност и верност кон клубот за кој што навивам или пак е нешто сосема десетто, може слободно да кажеме дека оваа група претставува база врз која се гради и надополнува вкупната поддршка која што ја има една политичка опција. Втората група, која произлегува од првата, се луѓе кои што во основа се поддржувачи на политичката опција со која се идентификуваат, но сепак внимателно ја следат нивната политичка и кадровска понуда. Тие се оние граѓани кои даваат силна поддршка на партијата за која што гласаат во случај кога им се погодени споменатите параметри. Но, во случај да се незадоволни од политиките и кадрите на партијата за која што гласаат, во таков случај тие повеќе се подготвени за апстиненција отколку да ја поддржат спротивната опција или некои трети алтернативни опции. Во третата група би можеле да ги сместиме оние кои секогаш гласаат против. Немаат некои посебни афинитети кон никого, но во принцип секогаш го поддржуваат оној кој искреирал перцепција дека е најмногу против политичката опција која и оди на нерви на оваа група на гласачи. Од оваа група на гласачи не може да се очекуваат рационални одлуки или поддршка за конкретни политики кои се нудат како опција за подобар просперитет на државата. Тие едноставно функционираат и се определуваат врз база на антагонизам и се подготвени да гласаат дури и за политичка опција кој нема ништо во својата понуда, освен критики кон политичките противници. Четвртата група се оние кои што се позиционирани во центарот. Некои навистина веруваат и се надеваат дека постои можност за создавање на сериозна политичка структура во центарот како трета или алтернативна опција на двете доминантни политички опции во Македонија. Други пак едноставо се плашат да зачекорат во подлабоките политички води и едноставно се држат во средината како некој вид комфорна зона во која ризиците кои што постојат се најмали. Петтата може да ја дефинираме како група на неопределените. Овие граѓани навистина себе си се доживуваат како неопределени. Тие внимателно ја следат политичката и кадровската понуда. Тие ја ценат работата на досегашната власт и прават проценка за работата на идната. Овие луѓе не се оптеретени со чувство на обврска кон некоја од политичките опции ниту пак со чувството на обврска кон самите себе заради некаков континуитет или традиција во гласањето. Едноставно гласаат за оној кој што сметаат дека е подобар или во најмала рака дека е помалку лош. Ова е групата која што е „најскапа“ и која што најтешко се придобива. За да се добие поддршката на овие луѓе треба да се испорачаат конкретни резултати или да се има конкретна понуда. Политичката опција која што успеала да ја придобие оваа група на граѓани на своја страна, независно од тоа колкава е нејзината процентуална застапеност во однос на останатите групи, е сигурен победник на изборите. Конечно доаѓаме до групата која што е инспирација за текстот на оваа колумна. Групата на граѓани која што е таргет во овој период на пред кампања. Луѓето кои што секогаш го поддржуваат победникот. Да, тие се тука меѓу нас, дел од нас, наши пријатели, другари, роднини. Тие не се неопределени. Тие секогаш се определени и секогаш стојат на една страна, на страната на победникот. Овие граѓани се најопределената од сите определени групи на гласачи во македонското општество која никогаш не ја менува страната, страната на победникот. Тоа е исклучително растеглива група во која на исто место може да ги сместиме оние најзагрозените со оние најбогатите. Во оваа група за жал спаѓаат луѓето кои што се борат за егзистенција на дневна основа и чиј што опстанок зависи од помошта, вработувањето или било каква поддршка која доаѓа од институциите и структурите на власта. Едноставно немаат избор. Но, тука се и оние кои постојано се борат и очекуваат да искористат и добијат дополнителни привилегии од секоја власт. Тие луѓе постојат, без разлика дали се позиционирани во рамки на државната администрација или во рамки на приватниот бизнис кој што има релација со институциите на власта. Себе си секогаш се претставуваат како „професионалци“, „експерти“ и оние кои заслужуваат да ја добијат наклонетоста од секоја власт. На останатите гледаат како на партиски вработувања или политички наметнати кадри кои им се мешаат во „бизнисот“, иако и самите во еден момент влегле во игра преку партиските механизми. Тука се и најбогатите, оние кои работат со државни тендери и чии што бизниси буквално се закачени на државниот буџет. Информацијата за тоа кој ќе биде победникот на изборите за овие луѓе е прашање на живот или смрт. Тие се исклучително зависни од тоа дали ќе бидат блиски до власта, особено со извршната и судската кои во Македонија се реални власти, за разлика од законодавната. Поставеноста и функционирањето на македонското општество во толкава мера е изместено од нормалниот колосек што е сосема природно постоењето на оваа група на граѓани и гласачи. Тие едноставно постојат и се реалност. Некои оправдано заради основни потреби, некои неоправдано заради добивање на „леб преку погача“. Но, сепак се тука! Секоја власт преку својот начин на работење може дополнително да го стимулира зголемувањето на оваа група, особено ако работењето е неуспешно и штетно како во случај на актуелната владејачка гарнитура. Од тие причини може да кажеме дека во моментиве на предкампања е сосема разбирлива тенденцијата на политичките партии да создадат перцепција за себе дека се победници на претстојните избори. Сосема е разбирливо ползувањето на алатката наречена анкета и испитување на јавното мнение. Тоа е легитимен пристап за привлекување на одредена целна група чии што гласови можат да создат дополнителна вредност и разлика во гласови во полза на едната или другата страна. По се изгледа дека перцепцијата за тоа кој ќе биде победникот ќе има свое значајно место во вкупниот изборен резултат. Ултразвучната метода на откривање на полот на бебето во голема мера ќе влијае на тоа каква ќе биде бојата на првите алишта на новороденчето, црвена или сина. Слично е и во македонската политика. Како што гледаме ултразвукот на македонските анкети говори дека бојата на победникот ќе биде црвена, онака како што прилега за една жена. Нека е среќен 8 Март!

The post Црвената боја на победникот appeared first on Република.

]]>