Петар Петковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-petkovikj/ За подобро да се разбереме Fri, 03 May 2024 15:15:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Петковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-petkovikj/ 32 32 На Петковиќ му е забранет влезот во Косово за Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-petkovik-mu-e-zabranet-vlezot-vo-kosovo-za-veligden/ Fri, 03 May 2024 15:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=773845

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди дека на шефот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ му e одбиено барањето да го посети Косово по повод православниот Велигден.

Косовското МНР во изјава за Радио Слободна Европа не ги наведува причините за одбивањето на барањето, но ја потврди денешната информација од официјален Белград дека Петковиќ побарал да го посети Косово викендов по повод верскиот празник.

Според соопштението од српската канцеларија, за време на посетата Петковиќ требал да учествува на полноќната литургија за Велигден во Дечанскиот манастир, потоа на богослужбата во манастирот Грачаница на Велигденско утро и на средба со младите во манастирот Драганац.

Иако посетата беше исклучиво од верски карактер и вклучуваше исклучиво посети на манастири и светилишта на СПЦ, во духот на најголемиот празник за Србите, без никакви политички намери, властите во Приштина без никакво објаснување ја забранија неговата посета, соопшти Канцеларијата за Косово при Владата во Белград.

Од канцеларијата велат дека повеќе од една година Владата на косовскиот премиер Албин Курти го спречува Петковиќ да ги посети Србите во Косово.

Овие забрани не само што се без никаква основа, туку претставуваат директно кршење на договорот за слобода на движење и официјални посети, особено кога станува збор за главниот преговарач на српската страна во дијалогот“, се вели во соопштението.

И во минатото, Косово во неколку наврати ги отфрли барањата на Петковиќ за посети, со образложение дека одбивањето е поради „неговите провокативни изјави“.

РСЕ потсетува дека и Србија во јануари годинава го одби барањето за посета на министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља. Тој планираше да ги посети општините Прешево, Медвеѓа и Бујаноц во јужна Србија, кои се населени со мнозинско албанско население.

Прашањето за официјални посети меѓу Косово и Србија е регулирано со договор постигнат во рамките на дијалогот за нормализација на односите со посредство на Европската унија. Овие посети мора да бидат најавени преку офицерите за врска на Косово и Србија, по што властите на соодветните земји треба истите да ги одобрат.

 

The post На Петковиќ му е забранет влезот во Косово за Велигден appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди дека на шефот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ му e одбиено барањето да го посети Косово по повод православниот Велигден. Косовското МНР во изјава за Радио Слободна Европа не ги наведува причините за одбивањето на барањето, но ја потврди денешната информација од официјален Белград дека Петковиќ побарал да го посети Косово викендов по повод верскиот празник. Според соопштението од српската канцеларија, за време на посетата Петковиќ требал да учествува на полноќната литургија за Велигден во Дечанскиот манастир, потоа на богослужбата во манастирот Грачаница на Велигденско утро и на средба со младите во манастирот Драганац.
Иако посетата беше исклучиво од верски карактер и вклучуваше исклучиво посети на манастири и светилишта на СПЦ, во духот на најголемиот празник за Србите, без никакви политички намери, властите во Приштина без никакво објаснување ја забранија неговата посета, соопшти Канцеларијата за Косово при Владата во Белград.
Од канцеларијата велат дека повеќе од една година Владата на косовскиот премиер Албин Курти го спречува Петковиќ да ги посети Србите во Косово.
Овие забрани не само што се без никаква основа, туку претставуваат директно кршење на договорот за слобода на движење и официјални посети, особено кога станува збор за главниот преговарач на српската страна во дијалогот“, се вели во соопштението.
И во минатото, Косово во неколку наврати ги отфрли барањата на Петковиќ за посети, со образложение дека одбивањето е поради „неговите провокативни изјави“. РСЕ потсетува дека и Србија во јануари годинава го одби барањето за посета на министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља. Тој планираше да ги посети општините Прешево, Медвеѓа и Бујаноц во јужна Србија, кои се населени со мнозинско албанско население. Прашањето за официјални посети меѓу Косово и Србија е регулирано со договор постигнат во рамките на дијалогот за нормализација на односите со посредство на Европската унија. Овие посети мора да бидат најавени преку офицерите за врска на Косово и Србија, по што властите на соодветните земји треба истите да ги одобрат.  

The post На Петковиќ му е забранет влезот во Косово за Велигден appeared first on Република.

]]>
Фотографијата од убиениот Бојан сведочи за егзекуција лице во лице: Петковиќ тврди дека на дело е прогонот на Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fotografijata-od-ubieniot-bojan-svedochi-za-egzekutsija-litse-vo-litse-petkovik-tvrdi-deka-na-delo-e-progonot-na-kurti/ Mon, 02 Oct 2023 10:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=687054

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Петар Петковиќ, денеска изјави дека со вчерашното апсење на Лазар Јаниќијевиќ, косовскиот премиер Албин Курти продолжил со својот терор кон српскиот народ, додавајќи дека Курти дополнително е охрабрен да го напаѓа српскиот народ бидејќи меѓународната заедница му дозволила тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ на прес-конференцијата рече дека вчера, додека „граѓаните на Косово и Метохија сакале да се простат на закопот на убиениот Србин од Бањска од својот сограѓанин Стефан Недељковиќ во Врњачка Бања“, косовската полиција го уапсила Лазар Јаниќијевиќ, како и дека ден претходно специјалната косовска полиција претепала тројца Срби кои отишле во шума по дрва, а во петокот косовската полиција упаднала во Клиничко-болничкиот центар „Косовска Митровица“.

Тој додаде дека Курти дополнително бил охрабрен да го нападне српскиот народ бидејќи меѓународната заедница му дозволила тоа.

Бараме КФОР и ЕУЛЕКС да бидат неутрални. Прашање до ЕУЛЕКС - зошто им беше забрането да присуствуваат на обдукцијата. Поминаа седум дена и ќе инсистираме на ова прашање, изјави Петковиќ.

Некој овде сериозно лаже и затоа е важно да се види извештајот, има многу лаги од Албин Курти, лажеа и за бројот на луѓе во Бањска - 30, 40, сега 90, па дека полицаецот е убиен во вкрстен оган, а сега дека настрадал од експлозив. Многу нелогичности укажуваат на тоа дека Приштина ги фалсификува фактите и затоа е јасно зошто ЕУЛЕКС беше одбиен да присуствува на истрагата - изјави Петковиќ.

Тој додаде дека до денес не добиле одговор ни на второто писмо до ЕУЛЕКС во кое бараат одговори на прашањата поврзани со обдукцијата.

Посебно за Бојан и Игор и начинот на кој беа убиени. Она што ни го кажаа нашите патолози врз основа на фотографијата на Бојан е дека влезната рана била во пределот на левиот очен капак, а излезната рана на десната страна на главата, што укажува дека е убиен додека лежел на грб - рече тој.

Според Петковиќ, јасно е дека Приштина цело време фалсификува факти и податоци во врска со настанот и обдукцијата.

The post Фотографијата од убиениот Бојан сведочи за егзекуција лице во лице: Петковиќ тврди дека на дело е прогонот на Курти appeared first on Република.

]]>

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Петар Петковиќ, денеска изјави дека со вчерашното апсење на Лазар Јаниќијевиќ, косовскиот премиер Албин Курти продолжил со својот терор кон српскиот народ, додавајќи дека Курти дополнително е охрабрен да го напаѓа српскиот народ бидејќи меѓународната заедница му дозволила тоа, јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ на прес-конференцијата рече дека вчера, додека „граѓаните на Косово и Метохија сакале да се простат на закопот на убиениот Србин од Бањска од својот сограѓанин Стефан Недељковиќ во Врњачка Бања“, косовската полиција го уапсила Лазар Јаниќијевиќ, како и дека ден претходно специјалната косовска полиција претепала тројца Срби кои отишле во шума по дрва, а во петокот косовската полиција упаднала во Клиничко-болничкиот центар „Косовска Митровица“. Тој додаде дека Курти дополнително бил охрабрен да го нападне српскиот народ бидејќи меѓународната заедница му дозволила тоа. Бараме КФОР и ЕУЛЕКС да бидат неутрални. Прашање до ЕУЛЕКС - зошто им беше забрането да присуствуваат на обдукцијата. Поминаа седум дена и ќе инсистираме на ова прашање, изјави Петковиќ.
Некој овде сериозно лаже и затоа е важно да се види извештајот, има многу лаги од Албин Курти, лажеа и за бројот на луѓе во Бањска - 30, 40, сега 90, па дека полицаецот е убиен во вкрстен оган, а сега дека настрадал од експлозив. Многу нелогичности укажуваат на тоа дека Приштина ги фалсификува фактите и затоа е јасно зошто ЕУЛЕКС беше одбиен да присуствува на истрагата - изјави Петковиќ.
Тој додаде дека до денес не добиле одговор ни на второто писмо до ЕУЛЕКС во кое бараат одговори на прашањата поврзани со обдукцијата.
Посебно за Бојан и Игор и начинот на кој беа убиени. Она што ни го кажаа нашите патолози врз основа на фотографијата на Бојан е дека влезната рана била во пределот на левиот очен капак, а излезната рана на десната страна на главата, што укажува дека е убиен додека лежел на грб - рече тој.
Според Петковиќ, јасно е дека Приштина цело време фалсификува факти и податоци во врска со настанот и обдукцијата.

The post Фотографијата од убиениот Бојан сведочи за егзекуција лице во лице: Петковиќ тврди дека на дело е прогонот на Курти appeared first on Република.

]]>
Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovik-porakite-na-kurti-skopje-da-se-priblizhi-na-kosovo-se-bezobrazluk/ Sun, 13 Aug 2023 09:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=671591

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека препораката на премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, Скопје да се приближи до самопрогласеното Косово, Албанија и Бугарија и да се држи подалеку од Србија, е безобразлук и повеќекратна глупост, бидејќи таквите изјави ги дава кога отворени се ангажира да ја дестабилизира Македонија.

Петковиќ изјави дека Курти дошол во Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земја и да го промовира фашистичкиот проект на таканаречената голема Албанија.

„Прогласувајќи се себеси за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат Македонија, Курти ја прошири својата воинствена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект“, ја пренесува изјавата на Петковиќ српската агенција Танјуг.

The post Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук appeared first on Република.

]]>

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека препораката на премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, Скопје да се приближи до самопрогласеното Косово, Албанија и Бугарија и да се држи подалеку од Србија, е безобразлук и повеќекратна глупост, бидејќи таквите изјави ги дава кога отворени се ангажира да ја дестабилизира Македонија. Петковиќ изјави дека Курти дошол во Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земја и да го промовира фашистичкиот проект на таканаречената голема Албанија.
„Прогласувајќи се себеси за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат Македонија, Курти ја прошири својата воинствена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект“, ја пренесува изјавата на Петковиќ српската агенција Танјуг.

The post Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук appeared first on Република.

]]>
Курти не му дозволува на Петковиќ да ги посети повредените Милош и Стефан во болницата во Грачаница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-ne-mu-dozvoluva-na-petkovik-da-gi-poseti-povredenite-milosh-i-stefan-vo-bolnitsata-vo-grachanitsa/ Sat, 07 Jan 2023 09:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=594370

Koсовскиот премиер Албин Курти не дозволува директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ,  да ги посетува ранетите српски деца.

Косовски Албанец вчера на Бадник пукал во братучедите.

Курти вечерва ми забрани да ги посетам повредените српски момчиња Милош и Стефан во болницата во Грачаница! Иако побарав да ми дозволат да ги посетам ранетите, наидов на блокада. Никој не може да ја спречи вистината за маките на нашите деца! Дали се ова европски средства, напиша Петковиќ.

Стефан (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети во Готовуша кај Штрпце. Тие добиле лекарска помош во блискиот Здравствен дом, а потоа ги испратиле на хируршкото одделение во Грачаница.

Србија повика меѓународната заедница да реагира затоа што Србите на Косово ни на празник не се безбедни.

The post Курти не му дозволува на Петковиќ да ги посети повредените Милош и Стефан во болницата во Грачаница appeared first on Република.

]]>

Koсовскиот премиер Албин Курти не дозволува директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ,  да ги посетува ранетите српски деца. Косовски Албанец вчера на Бадник пукал во братучедите.
Курти вечерва ми забрани да ги посетам повредените српски момчиња Милош и Стефан во болницата во Грачаница! Иако побарав да ми дозволат да ги посетам ранетите, наидов на блокада. Никој не може да ја спречи вистината за маките на нашите деца! Дали се ова европски средства, напиша Петковиќ.
Стефан (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети во Готовуша кај Штрпце. Тие добиле лекарска помош во блискиот Здравствен дом, а потоа ги испратиле на хируршкото одделение во Грачаница. Србија повика меѓународната заедница да реагира затоа што Србите на Косово ни на празник не се безбедни.

The post Курти не му дозволува на Петковиќ да ги посети повредените Милош и Стефан во болницата во Грачаница appeared first on Република.

]]>
На Петковиќ повторно му се забрани влез во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-petkovikj-povtorno-mu-se-zabrani-vlez-vo-kosovo/ Tue, 27 Sep 2022 12:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=554822

Властите во Приштина повторно му го одбиле барањето на директорот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ за посета на Северна Митровица, јавија косовските медиуми повикувајќи се на Радио-телевизија на Србија (РТС).

Според државната српска телевизија, Петковиќ денеска, по повод верскиот празник Крстовден, требало да присуствува на свеченоста на отворањето на плоштадот во Митровица што ќе го носи името на браќата Милиќ, близнаци кои страдале како припадници на српските сили во војната во Косово во 1999 година.

Петковиќ најавил и дека ќе го посети во градската болница младиот Србин Немања Митровиќ, за кого медиумите на српски јазик информираа дека бил нападнат и ранет со нож од косовски Албанци.

Ова е деветти пат по ред, од почетокот на минатата година, како на шефот на српската Канцеларија за Косово властите во Приштина му го одбиваат барањето за влез во Косово.

The post На Петковиќ повторно му се забрани влез во Косово appeared first on Република.

]]>

Властите во Приштина повторно му го одбиле барањето на директорот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ за посета на Северна Митровица, јавија косовските медиуми повикувајќи се на Радио-телевизија на Србија (РТС). Според државната српска телевизија, Петковиќ денеска, по повод верскиот празник Крстовден, требало да присуствува на свеченоста на отворањето на плоштадот во Митровица што ќе го носи името на браќата Милиќ, близнаци кои страдале како припадници на српските сили во војната во Косово во 1999 година. Петковиќ најавил и дека ќе го посети во градската болница младиот Србин Немања Митровиќ, за кого медиумите на српски јазик информираа дека бил нападнат и ранет со нож од косовски Албанци. Ова е деветти пат по ред, од почетокот на минатата година, како на шефот на српската Канцеларија за Косово властите во Приштина му го одбиваат барањето за влез во Косово.

The post На Петковиќ повторно му се забрани влез во Косово appeared first on Република.

]]>