Петар Пан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-pan/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 07:52:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Пан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-pan/ 32 32 Детската претстава „Петар Пан – Големата битка“ вечерва во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/detskata-pretstava-petar-pan-golemata-bitka-vecherva-vo-struga/ Tue, 01 Aug 2023 07:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=667477

Професионални актери и аматери од Куманово, Прилеп и Струга вечер ќе ја изведат театарската претстава за деца и младинци „Петар Пан- Големата битка“ на отворено, на местото викано „Кајакарско“ во Струга.

Претставата, како што информира Здружението за култура и уметност Арт Манија од Куманово, е адаптација на сегмент од истиоменото дело на Џејмс Метју Бари и на интересен, хумористичен и автентичен начин како наративно, така и визуелно ја прикажува битката помеѓу бандата на капетан Кука од една страна и Петар Пан со Венди, Џон и Мајкл од друга страна.

Пристапот кон претставата е невообичаен, впрочем се одвива во природа користејќи ги нејзините бенефити за сценографски решенија. Така претставата делумно се одвива на копно во шумест предел, дел на вода и дел непосредно пред самата публика. Дружењето во живо со Петар Пан, Венди, Капетан Кука, гусарите, индијанците и целата Недојдија долетаа во Струга. Затоа не пропуштајте ја шансата да полетате во магичниот свет на Петар Пан, па дури и на еден час, соопшти организаторот.

Актерскиот тим го сочинуваат: Ѓорѓи Крстески, Дарко Карбески, Мишо Димитриjевски, Чедомир Митевски, Виолета Лазароска Куцуловска, Иларија Гулеска, Андреј Мандоски, Александар Мандоски, Милко Нестороски, Викторија Попоска и Евгенија Узунова.

Претставата е во соработка со НУЦК „Браќа Миладиновци”, Струга и кајакарскиот клуб „Црн Дрим“ од Струга.

The post Детската претстава „Петар Пан – Големата битка“ вечерва во Струга appeared first on Република.

]]>

Професионални актери и аматери од Куманово, Прилеп и Струга вечер ќе ја изведат театарската претстава за деца и младинци „Петар Пан- Големата битка“ на отворено, на местото викано „Кајакарско“ во Струга. Претставата, како што информира Здружението за култура и уметност Арт Манија од Куманово, е адаптација на сегмент од истиоменото дело на Џејмс Метју Бари и на интересен, хумористичен и автентичен начин како наративно, така и визуелно ја прикажува битката помеѓу бандата на капетан Кука од една страна и Петар Пан со Венди, Џон и Мајкл од друга страна.
Пристапот кон претставата е невообичаен, впрочем се одвива во природа користејќи ги нејзините бенефити за сценографски решенија. Така претставата делумно се одвива на копно во шумест предел, дел на вода и дел непосредно пред самата публика. Дружењето во живо со Петар Пан, Венди, Капетан Кука, гусарите, индијанците и целата Недојдија долетаа во Струга. Затоа не пропуштајте ја шансата да полетате во магичниот свет на Петар Пан, па дури и на еден час, соопшти организаторот.
Актерскиот тим го сочинуваат: Ѓорѓи Крстески, Дарко Карбески, Мишо Димитриjевски, Чедомир Митевски, Виолета Лазароска Куцуловска, Иларија Гулеска, Андреј Мандоски, Александар Мандоски, Милко Нестороски, Викторија Попоска и Евгенија Узунова. Претставата е во соработка со НУЦК „Браќа Миладиновци”, Струга и кајакарскиот клуб „Црн Дрим“ од Струга.

The post Детската претстава „Петар Пан – Големата битка“ вечерва во Струга appeared first on Република.

]]>