Петар Николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-nikolovski/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 17:32:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-nikolovski/ 32 32 Николовски до сите членови и симпатизери на СДСМ: По две недели молк, време е одговорноста да се преземе час поскоро и во пракса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-do-site-chlenovi-i-simpatizeri-na-sdsm-po-dve-nedeli-molk-vreme-e-odgovornosta-da-se-prezeme-chas-poskoro-i-vo-praksa/ Tue, 21 May 2024 17:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=780605

Петар Николовски, член на републичкиот ИО на СДММ и советник во Општина Битола преку Фејсбук испрати порака до сите членови и симпатизери на СДСМ.

По две недели молк, време е одговорноста да се преземе час поскоро и во пракса. Пораката од граѓаните треба да се имплементира, да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого. Секој што ја споделува социјалдемократската идеологија, местото му е во партијата. Заедно, како државотворна партија, да застанеме повторно како столб на демократијата, истакна тој.

Во моментов живееме во ера на промени и предизвици, кои бараат драстични трансформации во нашата партија. Засилувањето на нова генерација млади политичари без багаж од минатото е неопходно за обнова и прогрес. Само со свежи идеи и енергија можеме да ја промениме политичката и партиската сцена, додава Николовски.

Потребен ни е лидер со вештини за обединување на сите граѓани и членови на партијата. Само заедно, како единствена сила, можеме да постигнеме значајни промени и да ја вратиме партијата на старите и силни стази. Враќањето на сите кои споделуваат социјалдемократска идеологија ќе биде од големо значење за нашата партија.

За успешната реализација на овие промени, потребен ни е лидер со способности за обединување на сите граѓани и членови на партијата. Само преку заеднички напори можеме да ги постигнеме нашите цели и да ги оствариме идеалите на социјалдемократската идеологија.

Ги повикувам сите кои ги споделуваат нашите вредности и убедувања да се вратат за заеднички да го создадеме идеалниот политички фронт. Само соединети и предводени од лидер - визионер ќе можеме да се вратиме како државотворна партија и партнер на граѓаните, подвлекува Николовски во неговата објава на Фејсбук.

The post Николовски до сите членови и симпатизери на СДСМ: По две недели молк, време е одговорноста да се преземе час поскоро и во пракса appeared first on Република.

]]>

Петар Николовски, член на републичкиот ИО на СДММ и советник во Општина Битола преку Фејсбук испрати порака до сите членови и симпатизери на СДСМ.
По две недели молк, време е одговорноста да се преземе час поскоро и во пракса. Пораката од граѓаните треба да се имплементира, да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого. Секој што ја споделува социјалдемократската идеологија, местото му е во партијата. Заедно, како државотворна партија, да застанеме повторно како столб на демократијата, истакна тој.
Во моментов живееме во ера на промени и предизвици, кои бараат драстични трансформации во нашата партија. Засилувањето на нова генерација млади политичари без багаж од минатото е неопходно за обнова и прогрес. Само со свежи идеи и енергија можеме да ја промениме политичката и партиската сцена, додава Николовски.
Потребен ни е лидер со вештини за обединување на сите граѓани и членови на партијата. Само заедно, како единствена сила, можеме да постигнеме значајни промени и да ја вратиме партијата на старите и силни стази. Враќањето на сите кои споделуваат социјалдемократска идеологија ќе биде од големо значење за нашата партија. За успешната реализација на овие промени, потребен ни е лидер со способности за обединување на сите граѓани и членови на партијата. Само преку заеднички напори можеме да ги постигнеме нашите цели и да ги оствариме идеалите на социјалдемократската идеологија.