петар колев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-kolev/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 09:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петар колев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-kolev/ 32 32 Колев: Место да појдат во Софија да се разбереме како браќа, властите од Скопје бараат странски држави да извршат притисок врз Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolev-mesto-da-pojdat-vo-sofija-da-se-razbereme-kako-brakja-vlastite-od-skopje-baraat-stranski-drzavi-da-izvrshat-pritisok-vrz-bugarija/ Mon, 23 May 2022 09:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=505829

Водачот на про-бугарската партија ГДУ, Петар Колев, ја обвини Македонија дека наместо да преговара со Бугарија за споровите кои Бугарија ги има покренато, таа се обидува да го тргне ветото барајќи странски држави да извршат притисок врз Софија.

Проблемот е во тоа што во последните години Македонија прифати една тактика – место ние дојдеме во Софија на искрен, братски, братучедски разговор, со политичари од Бугарија, ние бараме да ги решиме нашите роднински проблеми преку притисок од странци. Зошто го правиме тоа?, вели Колев.

Според него, причината за ова е што дел од македонската политичка елита не може да ја прифати реалноста од блиското и подалечното минато и да ја пренесе пред македонската јавност. Владите на Заев и на Ковачевски се обидоа да добијат поддршка од Германија, САД и други земји за да се надмине спорот со Бугарија, но досега ова не вроди со плод.

The post Колев: Место да појдат во Софија да се разбереме како браќа, властите од Скопје бараат странски држави да извршат притисок врз Бугарија appeared first on Република.

]]>

Македонија никогаш не била попонижена: Овдешните Бугари бараат да бидат дел од преговорите, претседателот на комисијата за историја со навреди за Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-nikogash-ne-bila-poponizena-ovdeshnite-bugari-baraat-da-bidat-del-od-pregovorite-pretsedatelot-na-komisijata-za-istorija-so-navredi-za-makedoncite/ Wed, 23 Mar 2022 12:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=477134

Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?

Со ова прашање вчера лидерот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев, го заврши својот фејсбук статус во кој побара учество на македонските Бугари во преговорите со Бугарија.

Како основен предуслов за се побара гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но е нејзино спроведување во реалноста, што е клуч за решавање на отворените прашања. Колев е убеден дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите и ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставување во институциите на системот, а зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-osmani-kje-pobara-otstranuvanje-na-pretsedatelot-na-bugarskata-komisija-za-istorija-poradi-navredi-kon-makedoncite/

Но, дали ваквата еуфорија на Колев е реалност или повеќе наликува на дилемата во насловот на трудот на претседателот Стево Пендаровски-„Бугарин националност или професија“, на што неодамна го потсетија бугарските медиуми?

На вакво вулгаризирање на работите навистина е тешко да се одговори. Зашто, по толку пизми, негирање, етикетирање, девалвирање, уривање на достоинството на Македонците од сите страни, па и од страна на македонските Бугари, илузорно е да се верува дека само со нивното ставање во Уставот преку ноќ ќе се смени и нивното и размислувањето на Македонците.

Па, само пред неколку дена, на 17 март, истиот Колев беше потписник на писмото, што седум здруженија и организации на македонските Бугари го испратија до претседателите и премиерите на Македонија и Бугарија. И во тоа писмо истиот Колев пишуваше нешто сосема друго. Инсистираше сите спорови да се решат сега, во светлината на руско-украинскиот спор беше против итен и безусловен почеток на преговорите и потсети на „клучната улога на Советскиот Сојуз во процесот на создавање на македонизмот и неговото насилно наметнување како државна политика во Бугарија и Југославија“. Истиот тој Колев во истото тоа писмо не ги ни спомена Македонците!

А, да не говориме за тоа што ставовите на овие седум здруженија и организации се разликуваат речиси дијаметрално од ставовите на други такви на македонските Бугари во Македонија.

Убаво е Колев да има желба македонските Бугари да учествуваат во преговорите со Бугарија и во право е кога вели дека не може никој подобро од нив да ја убеди Софија дека Македонија заслужува почеток на преговори за членство во ЕУ. Впрочем, 26 земји членки на ЕУ, освен 27-та, Бугарија, одамна се согласни со подготвеноста на Македонија.

Но, клучно е прашањето со кои и какви ставови македонските Бугари би учествувале во преговорите со Софија? Одеднаш ќе се согласат со етногенезата на Македонците, со македонизмот, со македонскиот јазик како посебен од бугарскиот, со постоење посебна македонска историја, „заедничката“ историја нема да ја читаат само како бугарска, ќе заборават на бугарскиот ревизионизам и шовинизам, ќе кренат раце од Гоце Делчев и плејадата револуционери, нема да ја сметаат Македонија како втора бугарска држава, ќе ја предомислат Софија да се откаже од нејзиниот територијален експанзионизам, ќе се согласат со тоа дека Бугарија имала нацистичка власт и била  окупатор, а не администратор за време на Втората светска војна…?

Не, ништо од ова нема да сменат. Само ќе им остане пизмата кон оваа генерација Македонци за век и векови!.

The post Македонија никогаш не била попонижена: Овдешните Бугари бараат да бидат дел од преговорите, претседателот на комисијата за историја со навреди за Македонците appeared first on Република.

]]>

Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?
Со ова прашање вчера лидерот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев, го заврши својот фејсбук статус во кој побара учество на македонските Бугари во преговорите со Бугарија. Како основен предуслов за се побара гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но е нејзино спроведување во реалноста, што е клуч за решавање на отворените прашања. Колев е убеден дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите и ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставување во институциите на системот, а зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-osmani-kje-pobara-otstranuvanje-na-pretsedatelot-na-bugarskata-komisija-za-istorija-poradi-navredi-kon-makedoncite/ Но, дали ваквата еуфорија на Колев е реалност или повеќе наликува на дилемата во насловот на трудот на претседателот Стево Пендаровски-„Бугарин националност или професија“, на што неодамна го потсетија бугарските медиуми? На вакво вулгаризирање на работите навистина е тешко да се одговори. Зашто, по толку пизми, негирање, етикетирање, девалвирање, уривање на достоинството на Македонците од сите страни, па и од страна на македонските Бугари, илузорно е да се верува дека само со нивното ставање во Уставот преку ноќ ќе се смени и нивното и размислувањето на Македонците.
Па, само пред неколку дена, на 17 март, истиот Колев беше потписник на писмото, што седум здруженија и организации на македонските Бугари го испратија до претседателите и премиерите на Македонија и Бугарија. И во тоа писмо истиот Колев пишуваше нешто сосема друго. Инсистираше сите спорови да се решат сега, во светлината на руско-украинскиот спор беше против итен и безусловен почеток на преговорите и потсети на „клучната улога на Советскиот Сојуз во процесот на создавање на македонизмот и неговото насилно наметнување како државна политика во Бугарија и Југославија“. Истиот тој Колев во истото тоа писмо не ги ни спомена Македонците!
А, да не говориме за тоа што ставовите на овие седум здруженија и организации се разликуваат речиси дијаметрално од ставовите на други такви на македонските Бугари во Македонија. Убаво е Колев да има желба македонските Бугари да учествуваат во преговорите со Бугарија и во право е кога вели дека не може никој подобро од нив да ја убеди Софија дека Македонија заслужува почеток на преговори за членство во ЕУ. Впрочем, 26 земји членки на ЕУ, освен 27-та, Бугарија, одамна се согласни со подготвеноста на Македонија. Но, клучно е прашањето со кои и какви ставови македонските Бугари би учествувале во преговорите со Софија? Одеднаш ќе се согласат со етногенезата на Македонците, со македонизмот, со македонскиот јазик како посебен од бугарскиот, со постоење посебна македонска историја, „заедничката“ историја нема да ја читаат само како бугарска, ќе заборават на бугарскиот ревизионизам и шовинизам, ќе кренат раце од Гоце Делчев и плејадата револуционери, нема да ја сметаат Македонија како втора бугарска држава, ќе ја предомислат Софија да се откаже од нејзиниот територијален експанзионизам, ќе се согласат со тоа дека Бугарија имала нацистичка власт и била  окупатор, а не администратор за време на Втората светска војна…? Не, ништо од ова нема да сменат. Само ќе им остане пизмата кон оваа генерација Македонци за век и векови!.  

The post Македонија никогаш не била попонижена: Овдешните Бугари бараат да бидат дел од преговорите, претседателот на комисијата за историја со навреди за Македонците appeared first on Република.

]]>
Срцето и душата на Спасовски му се на белградските сплавови, обвини Колев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srceto-i-dushata-na-spasovski-mu-se-na-belgradskite-splavovi-obvini-kolev/ Fri, 11 Mar 2022 09:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=471169

Лидерот на партијата Граѓанско демократска унија, Петар Колев, на својата официјална facebook страна сигнализираше за проблем, што се појавил на нашата граница со возилата со бугарски регистрации на кои на сопствениците не им било дозволено да влезат на територијата на РСМ, пишува Трибуна.мк.

-Додека целиот свет е обединет и бара начин да се стави крај на војната во Украина и ја осудува агресијата на Кремљ, се обидува да помогне на бегалците, македонското Министерство за внатрешни работи, заедно со царинската управа решија да се пресметаат со бугарските граѓани, кои живеат во Македонија. Неколку денови по ред стотици луѓе сигнализираат дека со нивните сопствени возила, кои се со бугарски регистерски таблички, не им е дозволено да влезат во РС Македонија. Вклучително неколку сопственици на правни субјекти, вработени во правни субјекти во соседна Бугарија, не им се дозволува со службените возила, кои се сопственост на соодветниот правен субјект, да влезат на територијата на РС Македонија, пишува Колев.

Тој додава дека како образложенија на сопствениците им се давани наводни царински прекршоци, измислени наредби на МВР и Царината, документи за одјава на адресна регистрација во Македонија и ред други разноразни приказни, а за возврат не им се дава официјален писмен документ зошто не може да влезе во РС Македонија.

-На фонот на обидите на сите прогресивни и про-европски сили во Македонија да најдеме решение на проблемите со соседна Бугарија, некој деструктивен елемент решил да се изживува со Бугарите и бугарските граѓани во Македонија. Знам дека некој дебелокож чиновник, политичар, началник или слично ќе ми објасни дека сето тоа е по Устав и Закон, но сум должен да ги потсетам истите дека бегалците од Украина кои дојдоа во нашата земја поминаа неколку граници, но само ние им побаравме зелен картон за нивните возила-каква шизофренија само?! Не би сакал да мислам дека некој во Скопје, со потекло од Куманово, кој на оваа етапа е министер за внатрешни работи на нашата држава, а срцето и душата му се некаде околу сплавовите во Белград, продолжува да си мисли дека може да ги малтретира Бугарите и бугарските граѓани во Македонија. Осознавам дека пред очи на сите оние длабоко скриени деструктивци им се гледа можноста за решавање на спорот со Бугарија и започнување на преговори со ЕУ и се спремни на сè, апсолутно сè, да ја уништат оваа шанса. Но, се обраќам до прогресивниот дел од македонската влада и македонското општество, земете мерки и расчистете ги тие мрачни сили од вашите редови, ние македонските Бугари и државјани на Бугарија немаме намера повеќе да ги трпиме, пишува Колев.

Тој ги советува сите сограѓани на кои што не им е дозволено да влезат со нивните возила на територијата на Македонија, да бараат од службеникот официjален документ во кој треба да пишува зошто не е дозволено да влезат и за овој проблем да ја известат бугарската амбасада во Скопје.

The post Срцето и душата на Спасовски му се на белградските сплавови, обвини Колев appeared first on Република.

Власта ќе ги става Бугарите во Уставот, а тие за Македонизмот велат дека бил „опасна работа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-kje-gi-stava-bugarite-vo-ustavot-a-tie-za-makedonizmot-velat-deka-bila-opasna-rabota/ Fri, 25 Feb 2022 14:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=463861

За релативно кратко време делагација на организациите на македонските Бугари престојуваше во Софија на средби со бугарскиот политички врв. За време на дводневниот престој и разговорите со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и претставници на парламентарните партии како единствен заклучок може да се изведе ставот дека ставањето на македонските Бугари во Уставот на Македонија е главниот услов за симнување на бугарското вето за официјален почеток на нејзините преговори за членство во ЕУ.

Следејќи го настапот на на македонските Бугари на бугарските медиуми, пак, можеше да се стекне впечатокот дека дури тоа и не им е толку голем приоритет, колку што им е историјата, менувањето на учебниците и заштитата на бугарското културно-историско наследство. Особено забележлив во тој поглед беа настапите на претседателот на Граѓанската демократска унија, Петар Колев, и неговите споредби со тоа што учат и „низ што поминуваат“ неговите деца. Затоа што на некој таму му текнало да пишува дека нивните дедовци биле татари, фашисти, окупатори…

Беспредметно е да се навлегува во било каква полемика со кого и да е кога како заштитен штит и во првите редови се ставаат недолжни деца, без оглед чии биле тие, па било да станува збор и за децата на Колев.

Но, многу интересен беше настапот на новинарот Владо Таневски и помладиот Црномаров на БНТ. Елаборирајќи ги односите меѓу двете држави, како и своите ставови околу тоа дали Бугарија треба да го крене ветото или не, и конечно како македонските Бугари живеат во Македонија, во еден момент Треневски ќе рече:

-Македонизмот е опасна работа!

Додека младиот Црномаров од културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола меѓу другото, парафразирано, ќе забележи дека на македонските политичари не треба многу да им се верува, зашто едно зборуваат за време на нивниот престој во Бугарија, а нешто сосема друго кога ќе се вратат во Македонија. И за ова, ако не е гола пропагандна фраза, веројатно има лично искуство и останува субјективната оценка за тоа дали да му се верува или не.

Со почетокот на агресијата на Русија врз Украина, главниот уредник на агенцијата БГНЕС, Георги Пашкулев, се јави со коментар, чија содржина во најмала рака може да се оцени како скандалозна, загрижувачка и апсолутно спротивна од она што Бугарија постојано го тврди дека „нема ништо против Македонците“. Текстот е насловен како „Украинската драма не повикува да ги заштитиме бугарските национални интереси“, но во него има дел, кој директно се однесува на (зло)употреба на актуелната руско-украинска војна на сметка на Македонија, Македонците и македонизмот.

„…Русија одигра важна улога во нашата модерна историја, но ја загуби Бугарија со своите погрешни одлуки во пресрет и за време на Балканските војни, и со истите ископа ров меѓу нас.

Нашите интереси на Балканот се судираат. Не можеме да прифатиме поддршка и вооружување со руско оружје на криминалниот режим на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и континуираната поддршка на Русија за македонизмот и македонистичкиот проект, кој ги затру нашите односи со нашите браќа крај Вардар.

…Да бидеме достојни Бугари, да ја искористиме нашата географска положба како црноморска држава за да ги заштитиме бугарските и евроатлантските интереси во регионот на Западен Балкан, уништувајќи го еднаш засекогаш антибугарскиот проруски македонистички проект и Српскиот свет на диктаторот Вучиќ, помалиот брат на Рускиот свет на Владимир Путин“, пишува меѓу другото Пашкулин.

Толку мешање баби и жаби на мал простор немало одамна. Односите на Бугарија со Русија и Србија се нејзина работа, ама не треба да се заборави дека чисто руската творба Санстефанска Бугарија е основата на денешниот бугарски ревизионизам и шовинизам. И тоа да го заборавиш и вината за сломот на бугарското политичко проституирање со Големите сили во последните век и половина да го припишуваш на македонизмот е само ново политичко проституирање со истите тие Големи сили, се наведува во анализата на „Пресинг ТВ“.

Но, она што е можеби надвор од здравиот разум и вон секоја логика е од една страна барањето за впишување на македонските Бугари во македонскиот Устав, а од друга оценките за македонизмот како опасна работа и неговото стојалиште на антибугарски основи! Ако е така како што велат македонските Бугари и ревизионистичките и шовинистички бугарски политички кругови, тогаш кои се нивните вистински намери и цели? Да го заземат местото на Македонците во него? Или со нивното впишување во Уставот веднаш, по автоматизам ќе се уништи македонизмот и од тој миг ќе ги снема Македонците од овоземниот свет?

Ако ова се нивните намери и цели

Македонија и Бугарија се веќе НАТО сојузници и реакциите на руската агресија врз Украина се горе, долу исти. Ама тоа очигледно не допира ни до македонските Бугари, ни до ревизионистичките шовинистички политички кругови во Софија. Напротив, нивниот однос кон Македонија и Македонците во многу, ако не и во целост наликува на однесувањето на Путин кон Украина како непостоечка нација и држава, па му требаше војна за демилитаризација и денацификација. Да не треба и ние, Македонците, да го очекуваме истото?-анализира „Пресинг ТВ“.

Извор: „Пресинг ТВ“

The post Власта ќе ги става Бугарите во Уставот, а тие за Македонизмот велат дека бил „опасна работа“ appeared first on Република.

]]>

За релативно кратко време делагација на организациите на македонските Бугари престојуваше во Софија на средби со бугарскиот политички врв. За време на дводневниот престој и разговорите со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и претставници на парламентарните партии како единствен заклучок може да се изведе ставот дека ставањето на македонските Бугари во Уставот на Македонија е главниот услов за симнување на бугарското вето за официјален почеток на нејзините преговори за членство во ЕУ. Следејќи го настапот на на македонските Бугари на бугарските медиуми, пак, можеше да се стекне впечатокот дека дури тоа и не им е толку голем приоритет, колку што им е историјата, менувањето на учебниците и заштитата на бугарското културно-историско наследство. Особено забележлив во тој поглед беа настапите на претседателот на Граѓанската демократска унија, Петар Колев, и неговите споредби со тоа што учат и „низ што поминуваат“ неговите деца. Затоа што на некој таму му текнало да пишува дека нивните дедовци биле татари, фашисти, окупатори… Беспредметно е да се навлегува во било каква полемика со кого и да е кога како заштитен штит и во првите редови се ставаат недолжни деца, без оглед чии биле тие, па било да станува збор и за децата на Колев. Но, многу интересен беше настапот на новинарот Владо Таневски и помладиот Црномаров на БНТ. Елаборирајќи ги односите меѓу двете држави, како и своите ставови околу тоа дали Бугарија треба да го крене ветото или не, и конечно како македонските Бугари живеат во Македонија, во еден момент Треневски ќе рече:
-Македонизмот е опасна работа!
Додека младиот Црномаров од културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола меѓу другото, парафразирано, ќе забележи дека на македонските политичари не треба многу да им се верува, зашто едно зборуваат за време на нивниот престој во Бугарија, а нешто сосема друго кога ќе се вратат во Македонија. И за ова, ако не е гола пропагандна фраза, веројатно има лично искуство и останува субјективната оценка за тоа дали да му се верува или не. Со почетокот на агресијата на Русија врз Украина, главниот уредник на агенцијата БГНЕС, Георги Пашкулев, се јави со коментар, чија содржина во најмала рака може да се оцени како скандалозна, загрижувачка и апсолутно спротивна од она што Бугарија постојано го тврди дека „нема ништо против Македонците“. Текстот е насловен како „Украинската драма не повикува да ги заштитиме бугарските национални интереси“, но во него има дел, кој директно се однесува на (зло)употреба на актуелната руско-украинска војна на сметка на Македонија, Македонците и македонизмот.
„…Русија одигра важна улога во нашата модерна историја, но ја загуби Бугарија со своите погрешни одлуки во пресрет и за време на Балканските војни, и со истите ископа ров меѓу нас. Нашите интереси на Балканот се судираат. Не можеме да прифатиме поддршка и вооружување со руско оружје на криминалниот режим на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и континуираната поддршка на Русија за македонизмот и македонистичкиот проект, кој ги затру нашите односи со нашите браќа крај Вардар. …Да бидеме достојни Бугари, да ја искористиме нашата географска положба како црноморска држава за да ги заштитиме бугарските и евроатлантските интереси во регионот на Западен Балкан, уништувајќи го еднаш засекогаш антибугарскиот проруски македонистички проект и Српскиот свет на диктаторот Вучиќ, помалиот брат на Рускиот свет на Владимир Путин“, пишува меѓу другото Пашкулин. Толку мешање баби и жаби на мал простор немало одамна. Односите на Бугарија со Русија и Србија се нејзина работа, ама не треба да се заборави дека чисто руската творба Санстефанска Бугарија е основата на денешниот бугарски ревизионизам и шовинизам. И тоа да го заборавиш и вината за сломот на бугарското политичко проституирање со Големите сили во последните век и половина да го припишуваш на македонизмот е само ново политичко проституирање со истите тие Големи сили, се наведува во анализата на „Пресинг ТВ“.
Но, она што е можеби надвор од здравиот разум и вон секоја логика е од една страна барањето за впишување на македонските Бугари во македонскиот Устав, а од друга оценките за македонизмот како опасна работа и неговото стојалиште на антибугарски основи! Ако е така како што велат македонските Бугари и ревизионистичките и шовинистички бугарски политички кругови, тогаш кои се нивните вистински намери и цели? Да го заземат местото на Македонците во него? Или со нивното впишување во Уставот веднаш, по автоматизам ќе се уништи македонизмот и од тој миг ќе ги снема Македонците од овоземниот свет? Ако ова се нивните намери и цели
Македонија и Бугарија се веќе НАТО сојузници и реакциите на руската агресија врз Украина се горе, долу исти. Ама тоа очигледно не допира ни до македонските Бугари, ни до ревизионистичките шовинистички политички кругови во Софија. Напротив, нивниот однос кон Македонија и Македонците во многу, ако не и во целост наликува на однесувањето на Путин кон Украина како непостоечка нација и држава, па му требаше војна за демилитаризација и денацификација. Да не треба и ние, Македонците, да го очекуваме истото?-анализира „Пресинг ТВ“.
Извор: „Пресинг ТВ“  

The post Власта ќе ги става Бугарите во Уставот, а тие за Македонизмот велат дека бил „опасна работа“ appeared first on Република.

]]>
Османи се сретна со претседателот на ГДУ Колев: Сите треба да вложиме напор да ги надминеме меѓусебните разлики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-sretna-so-pretsedatelot-na-gdu-kolev-site-treba-da-vlozime-napor-da-gi-nadmineme-megjusebnite-razliki/ Tue, 08 Feb 2022 15:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=455806

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретнал со Петар Колев, претседател на Граѓанско демократската унија во Македонија.

Како што објави на својот фејсбук-профил, средбата била за размена на мислења за актуелните внатрешно – политички актуелности, но и за севкупниот контекст на односи во врска со обновениот дијалог меѓу владите на Македонија и Бугарија.

Нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. Оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложиме напор да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои ни се многу потребни. Ни треба кохезивност во овој процес, во интерес на добрососедските односи и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите политички групи и заедници, како што впрочем и доликува на меѓуетничкиот модел на нашата успешна приказна како држава, објави Османи.

The post Османи се сретна со претседателот на ГДУ Колев: Сите треба да вложиме напор да ги надминеме меѓусебните разлики appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретнал со Петар Колев, претседател на Граѓанско демократската унија во Македонија. Како што објави на својот фејсбук-профил, средбата била за размена на мислења за актуелните внатрешно – политички актуелности, но и за севкупниот контекст на односи во врска со обновениот дијалог меѓу владите на Македонија и Бугарија.
Нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. Оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложиме напор да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои ни се многу потребни. Ни треба кохезивност во овој процес, во интерес на добрососедските односи и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите политички групи и заедници, како што впрочем и доликува на меѓуетничкиот модел на нашата успешна приказна како држава, објави Османи.

The post Османи се сретна со претседателот на ГДУ Колев: Сите треба да вложиме напор да ги надминеме меѓусебните разлики appeared first on Република.

]]>
Иванов за изјавата на Колев: Ајде извинувања, тоа е вашиот бугарски историски долг и кон децата и кон човештвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-za-izjavata-na-kolev-ajde-izvinuvanja-toa-e-vashiot-bugarski-istoriski-dolg-i-kon-decata-i-kon-choveshtvoto/ Fri, 28 Jan 2022 15:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=450798

Новинарот Зоран Иванов, ја коментира изјавата на лидерот на ГДУ, Петар Колев, кој изјави дека за децата на Бугарите во Македонија било трауматично да читаат и да учат дека Бугарите за време на Втората светска војна биле фашисти.

Точно, подржувам, но, прво, што туку не мислеле дедовците им на време и, второ, ајде извинувања, малку на колена (како Брант, на пример), ајде, тоа е вашиот бугарски историски долг и спрема децата и спрема човештвото!! - пишува Иванов.

The post Иванов за изјавата на Колев: Ајде извинувања, тоа е вашиот бугарски историски долг и кон децата и кон човештвото appeared first on Република.