петар јанура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-janura/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Jul 2022 19:59:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петар јанура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-janura/ 32 32 Повредени се човековите права во постапката за „Поштенска банка“: Апликацијата на Томе Главчев прифатена од судот во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povredeni-se-chovekovite-prava-vo-postapkata-za-poshtenska-banka-aplikacijata-na-tome-glavchev-prifatena-od-sudot-vo-strazbur/ Sun, 31 Jul 2022 20:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=535479

Петтата апликација поднесена од Томе Главчев, сопственик на „НОЕЛ“ Гевгелија, во врска со предметот „Поштенска банка“, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните четири, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопшти адвокатот Петро Јанура.

Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Последната апликација беше поднесена во врска со поднесувањето на обвинителниот акт за предметот „Поштенска Банка“. Со оглед на фактот што пред поднесувањето на обвинителниот акт, како и во постапката по приговор на истиот се случија еден цел сублимат контрадикторности и недоследности, одлучивме веднаш по Решението на судот за одобрување на обвинителниот акт со кое не се прифатија нашите приговори, да поднесеме апликација до Европскиот суд за човекови права. Во постапката по приговор на обвинителен акт, беа истакнати многу сериозни приговори во однос на прашањето за неовластен тужител, постоењето правни пречки за поднесување на обвинителниот акт, забрана за повторно судење, пречекорување на законски рокови, отсуство на докази и битни елементи на кривичните дела кои се ставаат на товар, како и на целосно погрешна теорија на случај на обвинителството.

 

За жал, на премногу сериозните приговори не добивме соодветни образложенија од Кривичниот суд. Нашата позиција е дека овој случај требаше да заврши уште во фаза на приговор на обвинителен акт. Повредите на Европската конвенција за човекови права се евидентни и се вршат во континуитет. За жал, кривичната постапка продолжи, а со тоа се продолжи и со повредите на човековите права, што оди на штета на правната сигурност и владението на правото – вели Јанура.

The post Повредени се човековите права во постапката за „Поштенска банка“: Апликацијата на Томе Главчев прифатена од судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Петтата апликација поднесена од Томе Главчев, сопственик на „НОЕЛ“ Гевгелија, во врска со предметот „Поштенска банка“, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните четири, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопшти адвокатот Петро Јанура.
Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Последната апликација беше поднесена во врска со поднесувањето на обвинителниот акт за предметот „Поштенска Банка“. Со оглед на фактот што пред поднесувањето на обвинителниот акт, како и во постапката по приговор на истиот се случија еден цел сублимат контрадикторности и недоследности, одлучивме веднаш по Решението на судот за одобрување на обвинителниот акт со кое не се прифатија нашите приговори, да поднесеме апликација до Европскиот суд за човекови права. Во постапката по приговор на обвинителен акт, беа истакнати многу сериозни приговори во однос на прашањето за неовластен тужител, постоењето правни пречки за поднесување на обвинителниот акт, забрана за повторно судење, пречекорување на законски рокови, отсуство на докази и битни елементи на кривичните дела кои се ставаат на товар, како и на целосно погрешна теорија на случај на обвинителството.   За жал, на премногу сериозните приговори не добивме соодветни образложенија од Кривичниот суд. Нашата позиција е дека овој случај требаше да заврши уште во фаза на приговор на обвинителен акт. Повредите на Европската конвенција за човекови права се евидентни и се вршат во континуитет. За жал, кривичната постапка продолжи, а со тоа се продолжи и со повредите на човековите права, што оди на штета на правната сигурност и владението на правото – вели Јанура.

The post Повредени се човековите права во постапката за „Поштенска банка“: Апликацијата на Томе Главчев прифатена од судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>