петар и волкот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-i-volkot/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 13:50:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петар и волкот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-i-volkot/ 32 32 Над 1000 деца од Тетово уживаа во симфониската бајка „Петар и волкот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nad-1000-detsa-od-tetovo-uzhivaa-vo-simfoniskata-bajka-petar-i-volkot/ Sun, 06 Oct 2024 13:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=823496

Националната установа „Музички Ансамбл”-Тетово вчера со преполна сала за двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“, на македонски и албански јазик, го реализираше вториот проект од Годишната програма поддржана од Министерството за култура и туризам.

Над илјада деца во Центарот за култура уживаа во маестралното дело на Сергеј Прокофјев, оркестрирано и диригирано од палката на Ангел Спировски и Агона Чупи, со нарација на Рахим Рамадани, во изведба на камерен оркестар, што предизвика позитивни реакции и овации од најмладата публика.

Задоволството од успешната изведба на двете претстави и реализацијата на проектот го истакна ВД директорот на НУ „Музички Ансамбл”-Тетово Ардиан Исмаили посочувајќи дека на децата од Тетово потребни им се повеќе вакви настани кои им овозможуваат средба со нов свет кој допрва треба да го откријат.

Децата беа воодушевени и среќни. Преку вакви едукативни претстави не само што ја негуваме најмладата публика, туку влијаеме на нивниот развој и на нивниот вкус за уметноста. Тоа е мотив плус да ги повторуваме ваквите настани и затоа работиме да ги има што повеќе во нашиот град”, посочи Исмаили.

Атмосферата и енергијата за време на изведбата на симфониската бајка ја пренесе диригентката Агона Чупи која на својот Фејсбук профил по завршувањето на настанот напиша: „1000 деца и неверојатна енергија. Едно од најубавите чувства”.

Следен настан на репертоарот на НУ „Музички Ансамбл” – Тетово е Концерт на млади таленти, а до крај на година преостануваат уште проектите: „Концерт за ноемвриски празници” и ,,Концерт на популарна музика”.

The post Над 1000 деца од Тетово уживаа во симфониската бајка „Петар и волкот“ appeared first on Република.

]]>

Националната установа „Музички Ансамбл”-Тетово вчера со преполна сала за двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“, на македонски и албански јазик, го реализираше вториот проект од Годишната програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Над илјада деца во Центарот за култура уживаа во маестралното дело на Сергеј Прокофјев, оркестрирано и диригирано од палката на Ангел Спировски и Агона Чупи, со нарација на Рахим Рамадани, во изведба на камерен оркестар, што предизвика позитивни реакции и овации од најмладата публика. Задоволството од успешната изведба на двете претстави и реализацијата на проектот го истакна ВД директорот на НУ „Музички Ансамбл”-Тетово Ардиан Исмаили посочувајќи дека на децата од Тетово потребни им се повеќе вакви настани кои им овозможуваат средба со нов свет кој допрва треба да го откријат.
Децата беа воодушевени и среќни. Преку вакви едукативни претстави не само што ја негуваме најмладата публика, туку влијаеме на нивниот развој и на нивниот вкус за уметноста. Тоа е мотив плус да ги повторуваме ваквите настани и затоа работиме да ги има што повеќе во нашиот град”, посочи Исмаили.
Атмосферата и енергијата за време на изведбата на симфониската бајка ја пренесе диригентката Агона Чупи која на својот Фејсбук профил по завршувањето на настанот напиша: „1000 деца и неверојатна енергија. Едно од најубавите чувства”. Следен настан на репертоарот на НУ „Музички Ансамбл” – Тетово е Концерт на млади таленти, а до крај на година преостануваат уште проектите: „Концерт за ноемвриски празници” и ,,Концерт на популарна музика”.

The post Над 1000 деца од Тетово уживаа во симфониската бајка „Петар и волкот“ appeared first on Република.

]]>
Мултимедијален концерт за деца „Петар и волкот“ во Домот на културата во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/multimedijalen-kontsert-za-detsa-petar-i-volkot-vo-domot-na-kulturata-vo-kavadartsi/ Wed, 11 Sep 2024 07:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=815145

Во четврток, на 12 септември од 12 часот, во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи Мултимедијален концерт за деца „Петар и волкот“. Концертот е во организација на Здружение Триангл Пулс Скопје.

Премиерната изведба на мултимедијален перформанс е концерт од нов вид, кој по својата форма претставува иновативен и оригинален проект, со богато музичко и визуелно претставување.

Преку нашиот проект се промовира и едукација во однос на класичната музика, преплетена со драмско дејство кое е адаптирано за возраста на публиката. Познатата симфониска поема “Петар и волкот” од С. Прокофјев е реоркестрирана за камерен состав на изведувачи и збогатена со многу технички -визуелно сценски ефекти, проекција со видео анимација, која ја следат за време на целиот концерт. Публиката дирекно е вклучена во процесот на презентација и интерактивно делува за време на целата презентација. Сето ова Продукција Триангл го презентира со цел да допре до најкритичната и најнезастапената категорија –децата, за кои имаме одговорност да ги внесеме во светот на музичката култура, а со тоа дирекно влијаеме врз општествените текови и негувањето на класичната музика“ велат продуцентите на проектот.

Претставата е препорачлива за ученици од прво и второ одделение.

The post Мултимедијален концерт за деца „Петар и волкот“ во Домот на културата во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Во четврток, на 12 септември од 12 часот, во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи Мултимедијален концерт за деца „Петар и волкот“. Концертот е во организација на Здружение Триангл Пулс Скопје. Премиерната изведба на мултимедијален перформанс е концерт од нов вид, кој по својата форма претставува иновативен и оригинален проект, со богато музичко и визуелно претставување.