петар џобоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-dzoboski/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Mar 2022 13:22:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png петар џобоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-dzoboski/ 32 32 Десет дена нема трага од Петар кој исчезна во Мариово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deset-dena-nema-traga-od-petar-koj-ischezna-vo-mariovo/ Mon, 07 Mar 2022 13:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=468991

Десетти ден нема никаква трага од 10-годишен Петар кој исчезна од селото Врпско, Мариово. На Петар му се губи секаква трага попладнето, по 16 часот, на 25 феруари, од дворот на селската куќа.

Екипи на полицијата, на граничната служба, повремено хеликоптер, од војската, Центарот за управување со кризи и од прилепоската спасителна служба деновиве трагаа безуспешно.

Дарко Неданоски, спелеолог и претседател на прилепската спасувачка служба вели дека се пребарани стари окна и Црна Река.

Се спуштивме 70-тина метри во старото окно на рудникот „Партизанка“, со заштитна опрема, но немаше никакви траги. Во саботата ја пребаравме Црна Река која, поради временските услвои, беше надојдена, но пак без резултат. Потрагата продолжува, ама нема никакви траги - вели Неданоски.

Од СВР Битола велат дека потрагата по малиот Петар продолжува, но засега нема резултати. Прилепското основно обвинителство пред една недела отвори предмет за исчезнатото дете. Сослушани се родителите и постариот брат, Димитар.

Десетгодишниот Петар Џобоски со родителите и двете братчиња околу 22 февруари од Прилеп стигнале во куќата во селото Врбско, Мариово. Ги проверувале пчелите, ама попладнето околу 16 часот, Петар, дете со посебни потреби и некомуникативно, откако татко му го пратил на блискиот кладенец по вода, исчезнал без трага.

Останува загриженоста за судбината на 10-годишниот Петар, како и потрагата по него.

The post Десет дена нема трага од Петар кој исчезна во Мариово appeared first on Република.

]]>

Десетти ден нема никаква трага од 10-годишен Петар кој исчезна од селото Врпско, Мариово. На Петар му се губи секаква трага попладнето, по 16 часот, на 25 феруари, од дворот на селската куќа. Екипи на полицијата, на граничната служба, повремено хеликоптер, од војската, Центарот за управување со кризи и од прилепоската спасителна служба деновиве трагаа безуспешно. Дарко Неданоски, спелеолог и претседател на прилепската спасувачка служба вели дека се пребарани стари окна и Црна Река.
Се спуштивме 70-тина метри во старото окно на рудникот „Партизанка“, со заштитна опрема, но немаше никакви траги. Во саботата ја пребаравме Црна Река која, поради временските услвои, беше надојдена, но пак без резултат. Потрагата продолжува, ама нема никакви траги - вели Неданоски.
Од СВР Битола велат дека потрагата по малиот Петар продолжува, но засега нема резултати. Прилепското основно обвинителство пред една недела отвори предмет за исчезнатото дете. Сослушани се родителите и постариот брат, Димитар. Десетгодишниот Петар Џобоски со родителите и двете братчиња околу 22 февруари од Прилеп стигнале во куќата во селото Врбско, Мариово. Ги проверувале пчелите, ама попладнето околу 16 часот, Петар, дете со посебни потреби и некомуникативно, откако татко му го пратил на блискиот кладенец по вода, исчезнал без трага. Останува загриженоста за судбината на 10-годишниот Петар, како и потрагата по него.

The post Десет дена нема трага од Петар кој исчезна во Мариово appeared first on Република.

]]>
„Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде“ – сослушани братот и родителите на малиот Петар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/samo-nekako-tazno-ja-pogledna-majka-mi-a-potoa-ne-znam-kako-da-zamina-nekade-soslushani-bratot-i-roditelite-na-maliot-petar/ Mon, 28 Feb 2022 14:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=465376

Трет ден се трага по исчезнатиот 10-годишен Петар. Нему му се загуби секаква трага во петок попладнето од селото Врбско во Мариово. Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер. И денеска потрагата продолжува, информираат од СВР Битола. Вклучени се 100-тина полицајци со хеликоптерска поддршка.

Во меѓувреме, прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за исчезнатото дете. Како што информираа, доцна во текот на вчерашното попладне, сослушани се родителите и повозрасниот брат на Петар, 19-годишниот Димитар.

Во разговорот со таткото на исчезнатото дете, Стојан Џобоски, тој објаснува дека последно го видел во петок откако го испратил со братчињата да наполнат вода од кладенец. Тој работел на селската куќа, а сопругата подоцна му кажала дека го нема нивниот син.

Работев на покривот од куќата. Дојде Петар, малку тажен, не го зеле братчињата кои тргнаа да наполнат вода од кладенец кај селото. Го пратив да појде. Работев, но подоцна сопругата дојде и ми кажа дека го нема. Се упативме да бараме во околината, појдов по патеката, па да не заминал во погрешен правец, но никаде не го најдов. Почна да се стемнува, тогаш побарав помош. Бараа и од полицијата, ловџии, доброволци од селото Витолиште. Не може да го најдеме. нема трага, ниту од алиштата, ниту од него, вели Стојан Џобоски.

И братот на Петар, 19-годишниот Димитар вели дека не знае ниту може да претпостави каде е.

Го видов со шишето за полнење вода, се вративме, тој беше таму. Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде, вели Димитар.

Џобоски вели дека вчера бил сослушуван од полицијата и од Обвинителството.

Ми рекоа се да раскажам, им кажав што правев, што работев, кога последно го видов. Ме прашуваа, како да не ми веруваат. Ми рекоа да не си го удрил, па паднал, се онесвестил, па ме фатило паника и некаде сум го однел. Им реков не е така. Го нема и затоа ги побарав да ми помогнат. Не знам што се случило, дали е во поблиската околина или е подалеку, треба да се трага. Луѓе не видов во околината, ама да не имало дивеч, вели Стојан Џобоски.

Полицијата ја продолжува потрагата, по исчезнатиот Петар. Доброволци се јавуваат да помогнат, а отворен е бројот на дежурната служба во Витолоште. Бројот на дежурната служба во Витолиште е 071 268-594. Инаку, таткото на 10-годишниот Петар денеска побара адвокат.

The post „Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде“ – сослушани братот и родителите на малиот Петар appeared first on Република.

]]>

Трет ден се трага по исчезнатиот 10-годишен Петар. Нему му се загуби секаква трага во петок попладнето од селото Врбско во Мариово. Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер. И денеска потрагата продолжува, информираат од СВР Битола. Вклучени се 100-тина полицајци со хеликоптерска поддршка. Во меѓувреме, прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за исчезнатото дете. Како што информираа, доцна во текот на вчерашното попладне, сослушани се родителите и повозрасниот брат на Петар, 19-годишниот Димитар. Во разговорот со таткото на исчезнатото дете, Стојан Џобоски, тој објаснува дека последно го видел во петок откако го испратил со братчињата да наполнат вода од кладенец. Тој работел на селската куќа, а сопругата подоцна му кажала дека го нема нивниот син.
Работев на покривот од куќата. Дојде Петар, малку тажен, не го зеле братчињата кои тргнаа да наполнат вода од кладенец кај селото. Го пратив да појде. Работев, но подоцна сопругата дојде и ми кажа дека го нема. Се упативме да бараме во околината, појдов по патеката, па да не заминал во погрешен правец, но никаде не го најдов. Почна да се стемнува, тогаш побарав помош. Бараа и од полицијата, ловџии, доброволци од селото Витолиште. Не може да го најдеме. нема трага, ниту од алиштата, ниту од него, вели Стојан Џобоски.
И братот на Петар, 19-годишниот Димитар вели дека не знае ниту може да претпостави каде е.
Го видов со шишето за полнење вода, се вративме, тој беше таму. Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде, вели Димитар.
Џобоски вели дека вчера бил сослушуван од полицијата и од Обвинителството.
Ми рекоа се да раскажам, им кажав што правев, што работев, кога последно го видов. Ме прашуваа, како да не ми веруваат. Ми рекоа да не си го удрил, па паднал, се онесвестил, па ме фатило паника и некаде сум го однел. Им реков не е така. Го нема и затоа ги побарав да ми помогнат. Не знам што се случило, дали е во поблиската околина или е подалеку, треба да се трага. Луѓе не видов во околината, ама да не имало дивеч, вели Стојан Џобоски.
Полицијата ја продолжува потрагата, по исчезнатиот Петар. Доброволци се јавуваат да помогнат, а отворен е бројот на дежурната служба во Витолоште. Бројот на дежурната служба во Витолиште е 071 268-594. Инаку, таткото на 10-годишниот Петар денеска побара адвокат.

The post „Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде“ – сослушани братот и родителите на малиот Петар appeared first on Република.

]]>
Трет ден Македонија во потрага по Петар Џобоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tret-den-makedonija-vo-potraga-po-petar-dzoboski/ Mon, 28 Feb 2022 09:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=465099

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп.

Како што информираа од МВР вчера, во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња и дрон. Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.

Од МВР уште еднаш апелираат и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

По социјалните мрежи исто така се споделува апел за било каква информација.

The post Трет ден Македонија во потрага по Петар Џобоски appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп. Како што информираа од МВР вчера, во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња и дрон. Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Од МВР уште еднаш апелираат и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата. По социјалните мрежи исто така се споделува апел за било каква информација.

The post Трет ден Македонија во потрага по Петар Џобоски appeared first on Република.

]]>