Петар Арсовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-arsovski/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Sep 2022 07:22:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петар Арсовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/petar-arsovski/ 32 32 Референдумот ќе биде неуспешен, но е добар потег на Мицкоски – Петар Арсовски смета дека на тест ќе биде ставен демократскиот капацитет на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/referendumot-kje-bide-neuspeshen-no-e-dobar-poteg-na-mickoski-petar-arsovski-smeta-deka-na-test-kje-bide-staven-demokratskiot-kapacitet-na-vlasta/ Thu, 08 Sep 2022 07:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=548548

Овој референдум најверојатно ќе биде неуспешен, но ќе има политички импликации, особено за самиот иницијатор. За власта, пак, тој ќе биде тест да ја издвои својата администативна од својата политичка улога – смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски, со кого „Плусинфо“ разговараше за последната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум поврзан со Договорот за добрососедство со Бугарија.

Најверојатен исход на оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен референдум, затоа што прагот за успешен референдум е многу висок – 910.000 гласачи треба да излезат на гласање, а повеќе од половината да гласаат „за“. Тоа во оваа ситуација е многу малку возможно, особено ако една од двете најголеми партии е против. За тие што се против, нема логика да излегуваат на референдум, бидејќи посигурна опција им е да го бутнат со неизлезност. Така беше и со референдумот за Преспанскиот договор, смета Арсовски.

Тој смета дека идејата за ваков референдум е добар полтиички потег на опозицијата, затоа што во секој случај и носи корист, а нема никаков ризик.

Така како што е конципиран референдумот во Македонија, како задолжителен односно императивен, за него постојат само два исхода. Едниот е да биде успешен, а вториот е да биде ништовен. Значи, ако референдумот не е успешен, не ја обврзува опозицијата на обратната теза, односно не ја обврзува да го прифати Договорот. Затоа, ова е добар политички потег на Мицкоски – ако референдумот успее, е успешен, ако не успее, не е неуспешен. Бидејќи, ако успее, власта мора да го поништи договорот, а ако не успее, ВМРО-ДПМНЕ не мора да го прифати, илустрира Арсовски.

The post Референдумот ќе биде неуспешен, но е добар потег на Мицкоски – Петар Арсовски смета дека на тест ќе биде ставен демократскиот капацитет на власта appeared first on Република.

]]>