пет закони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pet-zakoni/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 08:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пет закони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pet-zakoni/ 32 32 До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-krajot-na-mesetsov-javnosta-mozhe-da-se-vkluchi-vo-izrabotka-na-pet-zakoni-od-obrazovanieto/ Thu, 19 Sep 2024 08:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=817673

До крајот на септември јавноста може да учествува со сугестии во однос на пет предлог-закони од областа на образованието кои се ставени на владиниот систем ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи).

Министерството за образование и наука повикува јавноста да се вклучи за да се креирааат најквалитетни решенија со кои, како што наведува „ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно-образовниот процес“.

Станува збор за целосно нови предлог-закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации.

Предлог-решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука Весна Јаневска, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.

-Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето поквалитетен образовен систем, наведува МОН во повикот објавен на неговата веб-страница.

Сугестии и предлози за надополнување односно измена на законските решенија може да се доставуваат до крајот на месецов на електронската адреса zakonskaregulativa@mon.gov.mk.

The post До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието appeared first on Република.

]]>

До крајот на септември јавноста може да учествува со сугестии во однос на пет предлог-закони од областа на образованието кои се ставени на владиниот систем ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи). Министерството за образование и наука повикува јавноста да се вклучи за да се креирааат најквалитетни решенија со кои, како што наведува „ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно-образовниот процес“. Станува збор за целосно нови предлог-закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации. Предлог-решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука Весна Јаневска, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела. -Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето поквалитетен образовен систем, наведува МОН во повикот објавен на неговата веб-страница. Сугестии и предлози за надополнување односно измена на законските решенија може да се доставуваат до крајот на месецов на електронската адреса zakonskaregulativa@mon.gov.mk.

The post До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Петте закони кои се во работна верзија очекувам на гласање да бидат во ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-pette-zakoni-koi-se-vo-rabotna-verzija-ochekuvam-na-glasane-da-bidat-vo-noemvri/ Fri, 13 Sep 2024 09:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=815974

Петте закони што се во работна верзија: за основното, за средното, за средно-стручното образование, законот за образование на возрасни и законот за национална рамка за квалификации се очекуваат на гласање пред пратениците да се најдат во ноември, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која присуствуваше во Прилеп на доделувањето на сертификати за комплетирање на основното образование за возрасни, одговарајќи на прашањата за законските регулативи во образовниот систем.

Петте закони се во работни верзии и се истакнати на веб-страницата на Министерството и им претстои јавна расправа.

-Овие закони се веќе готови и се ставени на јавна расправа. Јавна расправа значи дека секој кој има забелешка може да ја даде за ние да ја разгледаме. Доколку сметаме дека е прифатливо се разбира дека ќе биде вклопено во законот. Пристапно е до сите чинители кои го сочинуваат образовниот систем – наставници, родители, повозрасни ученици, администрација. Искрено се надевам дека и нашите странски партнери кои се информирале и кои ни помагале во многу нешта ќе ги погледнат тие закони, ќе дадат свои сугестии. Откако ќе заврши јавната расправа треба да ги погледне собраниската Комисија за образование и наука, треба да помина на Влада и потоа одат во Парламент на гласање. Гласањето очекувам да биде во ноември, истакна Јаневска.

Законот за основно е приспособување на законите за средно и средно стручно образование. Закон за средно стручно образование досега немавме, а е неопходен за да се дозаокружат процесите на учење преку работа и учење во дуални паралелки што е исклучително значајно за нашата држава.

Исто така и закон за средно образование каде што знаете дека многу, многу долги години, повеќе од 20 години, немаме никакви промени а треба да ги направиме во правец на модернизација на нашето општество и приближување кон ЕУ. Сѐ ќе се регулира во средното стручно образование. Дополнително ги регулираме прашањата околу инклузијата. На повик е ранливи групи вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Ги регулираме нивното присуство во образовниот систем, образовните асистенти и се она што им е неопходно за да стекнат соодветно образование на нивните можности, рече Јаневска.

Што се однесува до законот за високот образование, процесот ќе трае подолго време и нема да биде готов оваа година.

Законот за високото образование е голем и е обемен закон и е потребно подолго време. Ние почнавме да работиме, но во консултации со универзитетите, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет и него очекуваме да го имаме во некоја посериозна драв верзија или како предлог по Нова година, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешниот престој во Прилеп на доделувањето сертификати за заокружено основно образование на возрасни.

The post Јаневска: Петте закони кои се во работна верзија очекувам на гласање да бидат во ноември appeared first on Република.

]]>

Петте закони што се во работна верзија: за основното, за средното, за средно-стручното образование, законот за образование на возрасни и законот за национална рамка за квалификации се очекуваат на гласање пред пратениците да се најдат во ноември, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која присуствуваше во Прилеп на доделувањето на сертификати за комплетирање на основното образование за возрасни, одговарајќи на прашањата за законските регулативи во образовниот систем. Петте закони се во работни верзии и се истакнати на веб-страницата на Министерството и им претстои јавна расправа.