пет дена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pet-dena/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jan 2024 13:26:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пет дена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pet-dena/ 32 32 По 5 дена денеска се роди првото бебе во Велес https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-5-dena-deneska-se-rodi-prvoto-bebe-vo-veles/ Fri, 05 Jan 2024 13:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=730071

Во Гинеколошко-акушерското одделение на ЈЗУ Општа болница Велес денеска во 12,30 часот се роди првото бебе во 2024 година. Тоа е машко бебе тешко 3.280 грама на мајката Ивана Јакимовска од село Пеширово, Свети Николско на кое и е трето дете.

Како што информира за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Породувањето на мајката по природен пат, го извршил тим од лекари гинеколози д-р Аристотел Тренчев и д-р Силвија Богоевска, заедно со сестри акушерки од одделението.

Попладнево мајката и бебето ќе ги посети градоначалникот Марко Колев со своите соработници од Општина Велес и ќе им однесат пригодни подароци.

Инаку, лани во велешката болница се родиле 294 бебиња, освен од Велес и Велешко и од неколку соседни општини.

Споредено со претходната 2022 година, во 2023 година се родиле за 89 бебиња помалку.

 

The post По 5 дена денеска се роди првото бебе во Велес appeared first on Република.

]]>

Во Гинеколошко-акушерското одделение на ЈЗУ Општа болница Велес денеска во 12,30 часот се роди првото бебе во 2024 година. Тоа е машко бебе тешко 3.280 грама на мајката Ивана Јакимовска од село Пеширово, Свети Николско на кое и е трето дете. Како што информира за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Породувањето на мајката по природен пат, го извршил тим од лекари гинеколози д-р Аристотел Тренчев и д-р Силвија Богоевска, заедно со сестри акушерки од одделението. Попладнево мајката и бебето ќе ги посети градоначалникот Марко Колев со своите соработници од Општина Велес и ќе им однесат пригодни подароци. Инаку, лани во велешката болница се родиле 294 бебиња, освен од Велес и Велешко и од неколку соседни општини. Споредено со претходната 2022 година, во 2023 година се родиле за 89 бебиња помалку.  

The post По 5 дена денеска се роди првото бебе во Велес appeared first on Република.

]]>
Велика Британија ја скрати самоизолацијата на само 5 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ja-skrati-samoizolacijata-na-samo-5-dena/ Fri, 14 Jan 2022 08:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=444425

Периодот на самоизолација за луѓето кои се позитивни на КОВИД-19 ќе биде скратен на само пет дена во Велика Британија. Миинистерот за здравство на земјата, Саџид Џавид, изјави дека заболените после пет дена и после негативен тест на шестиот ден може да бидат надвор од изолација.

Ваквата одлука е донесена со цел да се намали притисокот врз луѓето во некои сектори од стопанството затоа што има огромен број луѓе кои без причина се изолираат, пренесува BBC.

Инаку, уште во декември минатата година периодот на самоизолација беше скратен од 10 на седум дена со негативни тестови на шестиот и седмиот ден. Министерот додадек и дека податоците од британската Агенција за здравствена безбедност покажуваат дека 2/3 од луѓето повеќе не се заразни после петтиот ден од детекцијата на вирусот.

The post Велика Британија ја скрати самоизолацијата на само 5 дена appeared first on Република.

]]>

Периодот на самоизолација за луѓето кои се позитивни на КОВИД-19 ќе биде скратен на само пет дена во Велика Британија. Миинистерот за здравство на земјата, Саџид Џавид, изјави дека заболените после пет дена и после негативен тест на шестиот ден може да бидат надвор од изолација. Ваквата одлука е донесена со цел да се намали притисокот врз луѓето во некои сектори од стопанството затоа што има огромен број луѓе кои без причина се изолираат, пренесува BBC. Инаку, уште во декември минатата година периодот на самоизолација беше скратен од 10 на седум дена со негативни тестови на шестиот и седмиот ден. Министерот додадек и дека податоците од британската Агенција за здравствена безбедност покажуваат дека 2/3 од луѓето повеќе не се заразни после петтиот ден од детекцијата на вирусот.

The post Велика Британија ја скрати самоизолацијата на само 5 дена appeared first on Република.

]]>
Швајцарија го скрати карантинот на пет дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajcarija-go-skrati-karantinot-na-pet-dena/ Wed, 12 Jan 2022 15:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=443847

Швајцарија ќе го преполови времетраењето на карантинот на пет дена за да и помогне на економијата да се справи со пандемскиот бран предизвикан од Омикрон варијантата на коронавирус, објави денеска швајцарската Влада.

Здравствените власти го одобрија тоа во вторникот, во време кога десетици илјади луѓе секојдневно се заразуваат со оваа многу заразна варијанта на вирусот.

Официјалните лица стравуваат дека бранот на пандемијата може да го преоптовари здравствениот систем во земја каде што две третини од населението се вакцинирани двапати, а 30 проценти исто така добиле дополнителна доза од вакцината.

Владата, исто така, предложи продолжување на ограничувањата на јавниот живот, заострени минатиот месец до крајот на март и воведување задолжителна вакцинација, како и во соседна Австрија.

„Епидемиолошката состојба е критична и тешко може да се процени“, соопшти Владата.

Владата очекува зголемување на бројот на хоспитализирани поради многу големиот број заразени, иако варијантата Омикрон се чини дека е помалку опасна. Денеска се потврдени 32.881 новозаразени.

Пократкиот карантински период стапува на сила во четврток.

Ова е можно бидејќи варијантата Омикрон има пократко време помеѓу инфекцијата и пренесувањето на вирусот на други, соопшти владата.

Од почетокот на пандемијата, во Швајцарија повеќе од 1,6 милиони луѓе се заразија, а повеќе од 12.000 починаа.

The post Швајцарија го скрати карантинот на пет дена appeared first on Република.

]]>

Швајцарија ќе го преполови времетраењето на карантинот на пет дена за да и помогне на економијата да се справи со пандемскиот бран предизвикан од Омикрон варијантата на коронавирус, објави денеска швајцарската Влада. Здравствените власти го одобрија тоа во вторникот, во време кога десетици илјади луѓе секојдневно се заразуваат со оваа многу заразна варијанта на вирусот. Официјалните лица стравуваат дека бранот на пандемијата може да го преоптовари здравствениот систем во земја каде што две третини од населението се вакцинирани двапати, а 30 проценти исто така добиле дополнителна доза од вакцината. Владата, исто така, предложи продолжување на ограничувањата на јавниот живот, заострени минатиот месец до крајот на март и воведување задолжителна вакцинација, како и во соседна Австрија. „Епидемиолошката состојба е критична и тешко може да се процени“, соопшти Владата. Владата очекува зголемување на бројот на хоспитализирани поради многу големиот број заразени, иако варијантата Омикрон се чини дека е помалку опасна. Денеска се потврдени 32.881 новозаразени. Пократкиот карантински период стапува на сила во четврток. Ова е можно бидејќи варијантата Омикрон има пократко време помеѓу инфекцијата и пренесувањето на вирусот на други, соопшти владата. Од почетокот на пандемијата, во Швајцарија повеќе од 1,6 милиони луѓе се заразија, а повеќе од 12.000 починаа.

The post Швајцарија го скрати карантинот на пет дена appeared first on Република.

]]>