пестициди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pesticidi/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 12:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пестициди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pesticidi/ 32 32 Опасни пиперки од Албанија откриени на словенечката граница: Високото ниво на хемикалии може да доведе до парализа и смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/opasni-piperki-od-albanija-otkrieni-na-slovenechkata-granitsa-visokoto-nivo-na-hemikalii-mozhe-da-dovede-do-paraliza-i-smrt/ Tue, 01 Oct 2024 12:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=821442

Високо ниво на штетни хемикалии е откриено во свежите пиперки од Албанија, објави европскиот систем за безбедност на храната.

Станува збор за пестицидите пиримифос-метил и форматанат, чија употреба е забранета на територијата на Европската унија и некои други земји. Пиримифос бил 44 пати поголем од дозволената концентрација, а формат десет пати поголем.

Нелегални хемикалии откриени на словенечката граница. Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продава во Словенија и Хрватска.

Нема информации дали штетната пиперка завршила на српскиот и на хрватскиот пазар, пренесуваат хрватските медиуми.

Ризикот по здравјето е сериозен, а во европскиот систем посочуваат дека не се знае какви мерки се преземени откако пристигнале наодите од примероците од пиперката. Односно дали пратката била уништена на граница или вратена кај дистрибутерот.

Научните студии покажаа дека пиримифос-метил и форматанат може да предизвикаат инхибиција на холинестеразата кај луѓето. Поради ова, тие можат претерано да го стимулираат нервниот систем, предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија, а при многу висока изложеност, респираторна парализа и смрт.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлица.

The post Опасни пиперки од Албанија откриени на словенечката граница: Високото ниво на хемикалии може да доведе до парализа и смрт appeared first on Република.

]]>

Високо ниво на штетни хемикалии е откриено во свежите пиперки од Албанија, објави европскиот систем за безбедност на храната. Станува збор за пестицидите пиримифос-метил и форматанат, чија употреба е забранета на територијата на Европската унија и некои други земји. Пиримифос бил 44 пати поголем од дозволената концентрација, а формат десет пати поголем. Нелегални хемикалии откриени на словенечката граница. Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продава во Словенија и Хрватска. Нема информации дали штетната пиперка завршила на српскиот и на хрватскиот пазар, пренесуваат хрватските медиуми. Ризикот по здравјето е сериозен, а во европскиот систем посочуваат дека не се знае какви мерки се преземени откако пристигнале наодите од примероците од пиперката. Односно дали пратката била уништена на граница или вратена кај дистрибутерот. Научните студии покажаа дека пиримифос-метил и форматанат може да предизвикаат инхибиција на холинестеразата кај луѓето. Поради ова, тие можат претерано да го стимулираат нервниот систем, предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија, а при многу висока изложеност, респираторна парализа и смрт. Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлица.

The post Опасни пиперки од Албанија откриени на словенечката граница: Високото ниво на хемикалии може да доведе до парализа и смрт appeared first on Република.

]]>
Европратениците отфрлија две одлуки на ЕК за нивоата на пестициди во храната увезена во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropratenitsite-otfrlija-dve-odluki-na-ek-za-nivoata-na-pestitsidi-vo-hranata-uvezena-vo-eu/ Wed, 18 Sep 2024 13:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=817489

Европскиот парламент на денешното пленарно заседание во Стразбур со големо мнозинство гласови отфрли две одлуки на Европската комисија со кои се регулираа нивоата на дозволени пестициди во прехранбените продукти што се увезуваат во ЕУ од трети земји.

Станува збор за одлуките за толеранција на максималните нивоа на остатоци на ципроконазол и спиродиклофен во житните култури, семињата, месото, црниот дроб и бубрезите, како и за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил во лимоните, лиметите, мандарините и бамиите.

Инаку, употребата на сите овие пестициди е забранета во ЕУ.

Резолуцијата со која се отфрла првата одлука за нивоата на ципроконазол и спиродиклофен беше усвоена со 522 гласа „за“, 127 „против“ и 28 „воздржани“, а втората за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил беше прифатена со 516 гласаа „за“, 129 „против“ и 27 „воздржани“. За усвојување на резолуциите беше потребна поддршка од најмалку 359 гласови на европратениците.

Во резолуциите се нагласува дека за земјоделските производи увезени во ЕУ од земји кои не се членки на Унијата мора да важат истите стандарди, како и за продуктите произведени во земјите членки на блокот, со цел да се обезбеди „рамноправен терен за игра“.

Според европратениците со дозволувањето повисоки нивоа на остатоци од пестициди во увезената храна, воедно се загрозува и здравјето на граѓаните во Европа, но и на жителите на земјите производители на овие прехранбени продукти.

Врз основа на ваквата одлука на ЕП, Еврокомисијата сега мора да ги повлече двете одлуки. Европратениците воедно ја повикуваат ЕК да предложи нови нацрт-одлуки со кои ќе се намалат сите максимални нивоа на остатоци на пестициди до најниската граница што може да се открие или на стандардната вредност од 0,01 милиграми на килограм, како и да отфрли какви било барања за толеранции за отстапување од стандардите за увезената храна.

The post Европратениците отфрлија две одлуки на ЕК за нивоата на пестициди во храната увезена во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент на денешното пленарно заседание во Стразбур со големо мнозинство гласови отфрли две одлуки на Европската комисија со кои се регулираа нивоата на дозволени пестициди во прехранбените продукти што се увезуваат во ЕУ од трети земји. Станува збор за одлуките за толеранција на максималните нивоа на остатоци на ципроконазол и спиродиклофен во житните култури, семињата, месото, црниот дроб и бубрезите, како и за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил во лимоните, лиметите, мандарините и бамиите. Инаку, употребата на сите овие пестициди е забранета во ЕУ. Резолуцијата со која се отфрла првата одлука за нивоата на ципроконазол и спиродиклофен беше усвоена со 522 гласа „за“, 127 „против“ и 28 „воздржани“, а втората за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил беше прифатена со 516 гласаа „за“, 129 „против“ и 27 „воздржани“. За усвојување на резолуциите беше потребна поддршка од најмалку 359 гласови на европратениците. Во резолуциите се нагласува дека за земјоделските производи увезени во ЕУ од земји кои не се членки на Унијата мора да важат истите стандарди, како и за продуктите произведени во земјите членки на блокот, со цел да се обезбеди „рамноправен терен за игра“. Според европратениците со дозволувањето повисоки нивоа на остатоци од пестициди во увезената храна, воедно се загрозува и здравјето на граѓаните во Европа, но и на жителите на земјите производители на овие прехранбени продукти. Врз основа на ваквата одлука на ЕП, Еврокомисијата сега мора да ги повлече двете одлуки. Европратениците воедно ја повикуваат ЕК да предложи нови нацрт-одлуки со кои ќе се намалат сите максимални нивоа на остатоци на пестициди до најниската граница што може да се открие или на стандардната вредност од 0,01 милиграми на килограм, како и да отфрли какви било барања за толеранции за отстапување од стандардите за увезената храна.

The post Европратениците отфрлија две одлуки на ЕК за нивоата на пестициди во храната увезена во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsrna-gora-unishteni-20-toni-banani-poradi-premnogu-pestitsidi/ Thu, 09 Nov 2023 20:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=700038

Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи.

Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив бил пронајден нелегалниот пестицид хлорпирифос - кој во Црна Гора е целосно забранет.

Во извештајот за септември се наведува дека 2.700 килограми нектарини се уништени поради пестицидот форметанат, кој е забранет и во земјите од Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Инспекторите уништиле и две пратки со добиточна храна во количина од 20.580 килограми бидејќи им поминал рокот на употреба.

Покрај уништената храна, во небезбедните пратки се и оние кои се вратени.

Инспекторите во септември од граница вратиле две пратки добиточна храна во количина од 48.900 килограми и 21.104 килограми лимони.

Вратени се и пратка корнишони од 1.786 килограми, 10.774 килограми домати и една пратка краставици од 2.229 килограми и 8.298 килограми грозје.

The post Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди appeared first on Република.

]]>

Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи. Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив бил пронајден нелегалниот пестицид хлорпирифос - кој во Црна Гора е целосно забранет. Во извештајот за септември се наведува дека 2.700 килограми нектарини се уништени поради пестицидот форметанат, кој е забранет и во земјите од Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето. Инспекторите уништиле и две пратки со добиточна храна во количина од 20.580 килограми бидејќи им поминал рокот на употреба. Покрај уништената храна, во небезбедните пратки се и оние кои се вратени. Инспекторите во септември од граница вратиле две пратки добиточна храна во количина од 48.900 килограми и 21.104 килограми лимони. Вратени се и пратка корнишони од 1.786 килограми, 10.774 килограми домати и една пратка краставици од 2.229 килограми и 8.298 килограми грозје.

The post Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди appeared first on Република.

]]>
Пратка со српски праски вратена поради високо ниво на пестицид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pratka-so-srpski-praski-vratena-poradi-visoko-nivo-na-pestitsid/ Mon, 14 Aug 2023 14:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=672062

Пратка со српски праски е вратена од хрватска граница во Србија откако е утврдено високо ниво на пестицидот хлорпирфос, објави Европска комисија.

Опасната пратка ја пријави Хрватска, но не се наведени детали за конкретната опасност, само е посочено дека товарот од Србија е потенцијално ризичен.

На 7 јули Словенија вратила праски во Србија поради присуство на пестицидот хлорпирифос.

Претставниците на земјите членки на Комитетот за растенија, животни, храна и сточна храна гласаа за забрана на хлорпирифос и хлорпирифос-метил на пазарот на ЕУ. Имено, врз основа на заклучоците на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), според кои активните супстанции може да се поврзани со генетско и неврооштетување кај неродените деца и не ги исполнуваат безбедносните критериуми за здравјето на луѓето, Европската комисија презентираше нацрт регулатива со која се предлага забрана за контроверзните хлорпирифос и хлорпирифос-метил. Тоа се два инсектициди кои спаѓаат во категоријата пестициди познати како органофосфати, а чија примена е широко распространета во земјите членки на ЕУ.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, по контакт со хлорпирифос луѓето можат да доживеат различни ефекти врз нервниот систем, како што се главоболки, заматен вид, зголемена лачење на плунка, напади, а во екстремни случаи, во зависност од количината и должината на изложеноста, може да доведе и до смрт, соопшти Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Претставниците на земјите членки на Комитетот за растенија, животни, храна и сточна храна гласаа за забрана на хлорпирифос и хлорпирифос-метил на пазарот на ЕУ. Имено, врз основа на заклучоците на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), според кои активните супстанции може да се поврзани со генетско и неврооштетување кај неродените деца и не ги исполнуваат безбедносните критериуми за здравјето на луѓето, Европската комисија презентираше нацрт регулатива со која се предлага забрана за контроверзните хлорпирифос и хлорпирифос-метил. Тоа се два инсектициди кои спаѓаат во категоријата пестициди познати како органофосфати, а чија примена е широко распространета во земјите членки на ЕУ.

The post Пратка со српски праски вратена поради високо ниво на пестицид appeared first on Република.

]]>

Пратка со српски праски е вратена од хрватска граница во Србија откако е утврдено високо ниво на пестицидот хлорпирфос, објави Европска комисија. Опасната пратка ја пријави Хрватска, но не се наведени детали за конкретната опасност, само е посочено дека товарот од Србија е потенцијално ризичен. На 7 јули Словенија вратила праски во Србија поради присуство на пестицидот хлорпирифос. Претставниците на земјите членки на Комитетот за растенија, животни, храна и сточна храна гласаа за забрана на хлорпирифос и хлорпирифос-метил на пазарот на ЕУ. Имено, врз основа на заклучоците на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), според кои активните супстанции може да се поврзани со генетско и неврооштетување кај неродените деца и не ги исполнуваат безбедносните критериуми за здравјето на луѓето, Европската комисија презентираше нацрт регулатива со која се предлага забрана за контроверзните хлорпирифос и хлорпирифос-метил. Тоа се два инсектициди кои спаѓаат во категоријата пестициди познати како органофосфати, а чија примена е широко распространета во земјите членки на ЕУ. Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, по контакт со хлорпирифос луѓето можат да доживеат различни ефекти врз нервниот систем, како што се главоболки, заматен вид, зголемена лачење на плунка, напади, а во екстремни случаи, во зависност од количината и должината на изложеноста, може да доведе и до смрт, соопшти Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Претставниците на земјите членки на Комитетот за растенија, животни, храна и сточна храна гласаа за забрана на хлорпирифос и хлорпирифос-метил на пазарот на ЕУ. Имено, врз основа на заклучоците на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), според кои активните супстанции може да се поврзани со генетско и неврооштетување кај неродените деца и не ги исполнуваат безбедносните критериуми за здравјето на луѓето, Европската комисија презентираше нацрт регулатива со која се предлага забрана за контроверзните хлорпирифос и хлорпирифос-метил. Тоа се два инсектициди кои спаѓаат во категоријата пестициди познати како органофосфати, а чија примена е широко распространета во земјите членки на ЕУ.

The post Пратка со српски праски вратена поради високо ниво на пестицид appeared first on Република.

]]>
Јадеме ѓубре: Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jademe-gubre-pushteni-vo-prodazhba-mlad-kromid-i-piperki-so-pestitsidi/ Tue, 30 May 2023 10:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=646104

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, обвини Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој на деншната прес-конференција објави уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/dokumenti-otroven-zelenchuk-uvezen-od-albanija/

Станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во  Македонија и веќе се наоѓаат на пазарите ширум земјата.

Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година. Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година, објави Трипуновски додавајќи дека овие четири документи се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен.

И наместо веднаш да се реагира, посочува Трипуновски, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.

Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна? Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните. Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал. Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади. Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас. Одговорност за ова мора да има!, порача Трипуновски.

https://youtu.be/8iN_1w81Mts

The post Јадеме ѓубре: Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди appeared first on Република.

]]>

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, обвини Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој на деншната прес-конференција објави уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. https://republika.mk/vesti/ekonomija/dokumenti-otroven-zelenchuk-uvezen-od-albanija/ Станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во  Македонија и веќе се наоѓаат на пазарите ширум земјата.
Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година. Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година, објави Трипуновски додавајќи дека овие четири документи се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен.
И наместо веднаш да се реагира, посочува Трипуновски, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.
Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна? Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните. Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал. Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади. Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас. Одговорност за ова мора да има!, порача Трипуновски.
https://youtu.be/8iN_1w81Mts

The post Јадеме ѓубре: Пуштени во продажба млад кромид и пиперки со пестициди appeared first on Република.

]]>
Документи: Отровен зеленчук увезен од Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dokumenti-otroven-zelenchuk-uvezen-od-albanija/ Mon, 29 May 2023 10:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=645705

МЗШВ и Љупчо Николовски наместо да се грижат за тоа каква храна јадат граѓаните, дозволуваат увоз на зеленчук со поголемо ниво на пестициди од дозволеното, обвини на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-skopje-se-prodavaa-domati-koi-trebashe-da-bidat-unishteni-ili-vrateni-a-ne-da-se-pravat-salati-so-niv/

Откако го урнисаа македонското земјоделство и го направија увозно зависно, почнаа да увезуваат отровен зеленчук од соседството. До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното. Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена крставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница, рече Трипуновски.

Според неговите сознанија, неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет. Ова се доказите.

https://youtu.be/MKDZWMZz6ck

Граѓаните освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна. ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија. Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта? Ваква операција на труење на сопствените граѓани, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски. Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски. Оставки за овој скандал мора да има, сподели тој.

Истовремено, Трипуновски побара веднаш да се отвори истрага против Љупчо Николовски, како и за сите вмешани во процедурите за испитување при увоз на храна.

Потребна е целосна ревизија и заострување на мерките при увоз на храна. Будно ја следиме ситуацијата, и порачуваме дека одговорност за ова ќе има. Доколку ЈО го премолчи и ова, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот ден од преземањето на власта ќе отвори постапка и ќе изврши истрага кој и зошто допуштил македонските граѓани да консумираат небезбедна храна, рече тој на денешната прес-конференција.

The post Документи: Отровен зеленчук увезен од Албанија appeared first on Република.

]]>

МЗШВ и Љупчо Николовски наместо да се грижат за тоа каква храна јадат граѓаните, дозволуваат увоз на зеленчук со поголемо ниво на пестициди од дозволеното, обвини на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-skopje-se-prodavaa-domati-koi-trebashe-da-bidat-unishteni-ili-vrateni-a-ne-da-se-pravat-salati-so-niv/
Откако го урнисаа македонското земјоделство и го направија увозно зависно, почнаа да увезуваат отровен зеленчук од соседството. До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното. Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена крставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница, рече Трипуновски.
Според неговите сознанија, неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет. Ова се доказите. https://youtu.be/MKDZWMZz6ck
Граѓаните освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна. ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија. Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта? Ваква операција на труење на сопствените граѓани, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски. Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски. Оставки за овој скандал мора да има, сподели тој.
Истовремено, Трипуновски побара веднаш да се отвори истрага против Љупчо Николовски, како и за сите вмешани во процедурите за испитување при увоз на храна.
Потребна е целосна ревизија и заострување на мерките при увоз на храна. Будно ја следиме ситуацијата, и порачуваме дека одговорност за ова ќе има. Доколку ЈО го премолчи и ова, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот ден од преземањето на власта ќе отвори постапка и ќе изврши истрага кој и зошто допуштил македонските граѓани да консумираат небезбедна храна, рече тој на денешната прес-конференција.

The post Документи: Отровен зеленчук увезен од Албанија appeared first on Република.

]]>
Македонското јаболко полно пестициди – дури и оние кои Ковачевски ги подели на учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-jabolko-polno-pesticidi-duri-i-onie-koi-kovachevski-gi-podeli-na-uchenicite/ Sat, 24 Dec 2022 15:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=589501

„Едно јаболко на ден и не ви е потребен доктор“, вели народната поговорка. Но дали е така кога се работи за јаболко во кое има остатоци од неколку видови пестициди? Изјавите за квалитетот на македонските јаболка одат од една до друга крајност – од најздрави, до најштетни, па затоа РСЕ на терен провери какви се јаболката кои ги јадат македонските граѓани, истражува РСЕ.

Во Државната фитосанитарна лабораторија, на Земјоделскиот институт, РСЕ однел три примероци јаболка за да ги испитаат дали, два месеци по бербата, во нив има пестициди.

Пестицидите инаку се хемиски супстанции кои се користат за превенција, уништување, спречување или намалување на количеството штетници кај растенијата. Остатоци од нив може да се најдат и во плодовите кои секојдневно ги консумираме.

Првиот примерок го купиле од пазар, од една од тезгите,а продавачот уверувал дека се работи за вкусни и здрави македонски јаболка. Вториот примерок го набавиле од големите скопски маркети, јаболка на попуст, покрај кои стоел мал натпис дека се македонски.

Ние нашето испитување за јаболката го направиме во Државната фитосанитарна лабораторија, каде се проверува присуство на 470 резидуи, односно остатоци од пестициди. Резултатите беа готови веќе следниот ден, и ја покажаа кисело-слатката вистина за македонските јаболка. Во еден од примероците беше пронајден еден вид пестициди, во друг три вида, а во третиот коктел од дури четири пестициди меѓу кои и фосмет, кој е во широка употреба, но Европската Унија годинава го забранува за употреба. Сите беа во количина под максимално дозволената граница, што значи дека треба да се безбедни за употреба. Блиску до горната граница беше фосметот, стои во натписот на РСЕ.

The post Македонското јаболко полно пестициди – дури и оние кои Ковачевски ги подели на учениците appeared first on Република.

]]>

„Едно јаболко на ден и не ви е потребен доктор“, вели народната поговорка. Но дали е така кога се работи за јаболко во кое има остатоци од неколку видови пестициди? Изјавите за квалитетот на македонските јаболка одат од една до друга крајност – од најздрави, до најштетни, па затоа РСЕ на терен провери какви се јаболката кои ги јадат македонските граѓани, истражува РСЕ.
Во Државната фитосанитарна лабораторија, на Земјоделскиот институт, РСЕ однел три примероци јаболка за да ги испитаат дали, два месеци по бербата, во нив има пестициди. Пестицидите инаку се хемиски супстанции кои се користат за превенција, уништување, спречување или намалување на количеството штетници кај растенијата. Остатоци од нив може да се најдат и во плодовите кои секојдневно ги консумираме. Првиот примерок го купиле од пазар, од една од тезгите,а продавачот уверувал дека се работи за вкусни и здрави македонски јаболка. Вториот примерок го набавиле од големите скопски маркети, јаболка на попуст, покрај кои стоел мал натпис дека се македонски.
Ние нашето испитување за јаболката го направиме во Државната фитосанитарна лабораторија, каде се проверува присуство на 470 резидуи, односно остатоци од пестициди. Резултатите беа готови веќе следниот ден, и ја покажаа кисело-слатката вистина за македонските јаболка. Во еден од примероците беше пронајден еден вид пестициди, во друг три вида, а во третиот коктел од дури четири пестициди меѓу кои и фосмет, кој е во широка употреба, но Европската Унија годинава го забранува за употреба. Сите беа во количина под максимално дозволената граница, што значи дека треба да се безбедни за употреба. Блиску до горната граница беше фосметот, стои во натписот на РСЕ.

The post Македонското јаболко полно пестициди – дури и оние кои Ковачевски ги подели на учениците appeared first on Република.

]]>
Како да препознаете дали јагодите се затруени со хемикалии https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kako-da-prepoznaete-dali-jagodite-se-zatrueni-so-hemikalii/ Mon, 09 May 2022 12:22:26 +0000 https://republika.mk/?p=499928

Голем број луѓе со нетрпение ја очекуваат пролетта и богатиот избор на овошје и зеленчук во маркетите и продавниците за храна, но овие намирници често претставуваат опасност по здравјето, затоа што повеќето од нив содржат нитрати и пестициди.

Зошто овие соединенија се опасни по здравјето?

Главната состојка на нитратот е азот, кој е неопходен за раст на растенијата. Луѓето не треба да ги земаат во прекумерни количини бидејќи, иако се практично малку токсични, плунката под влијание на ензимите се претвора во нитрити. Оние, пак, со други соединенија присутни во желудникот (како што се амини) се претвораат во многу штетни нитрозамини.

Количината на нитрати содржана во храната, меѓу другото, зависи и од обработката на земјиштето, односно од употребата на вештачки ѓубрива, пестициди, инсектициди итн. Пестицидите најчесто влијаат на несаканите промени во клетките на телото, додека нитритите доведуваат до намалување на снабдувањето со кислород. Нитритите се вклучени во оксидацијата на хемоглобинот во телото, што исто така влијае на анемијата.

Раните јагоди е подобро да се јадат во ограничени количини, бидејќи можат да содржат големо количество нитрати, предупредуваат експертите. Овошјето кое сега се нуди низ Македонија се одгледува во оранжерии, а оваа средина донекаде го нарушува квалитетот на плодот.

Сега имаме јагоди кои се одгледуваат главно на заштитено земјиште, надвор од оптимални услови, каде што веројатно има помалку светлина и топлина, а се користи и поголема количина на азотни ѓубрива. Тоа може да придонесе за акумулација на нитрати - предупредува рускиот агроном Владимир Викулов.

Тој предупредува дека кога купувате јагоди треба да внимавате на нивниот мирис и боја.

Индиректен знак за присуство на нитрати може да биде недоволно карактеристична, бледа боја, неприродно големи плодови, недоволно изразен вкус - објаснува агрономот, кој додава дека шумските јагоди, пак, се здрави.

Труењето со јагоди е реткост бидејќи луѓето обично не ги консумираат во големи количини.

Доколку не јадете повеќе од 100-150 грама истовремено, тогаш можете да го елиминирате ризикот од негативните ефекти на нитратите врз организмот. Ретко се случува некој да се отруе од јагоди затоа што не ги јадеме „во килограми“, но сепак постои одредена опасност. Се разбира, ве советувам да не претерувате - вели агрономот.

При изборот, обрнете внимание на свежината. Ако листовите поцрнат, а плодот омекне и ја промени бојата, тогаш многу брзо ќе се расипе.

The post Како да препознаете дали јагодите се затруени со хемикалии appeared first on Република.

]]>

Голем број луѓе со нетрпение ја очекуваат пролетта и богатиот избор на овошје и зеленчук во маркетите и продавниците за храна, но овие намирници често претставуваат опасност по здравјето, затоа што повеќето од нив содржат нитрати и пестициди. Зошто овие соединенија се опасни по здравјето? Главната состојка на нитратот е азот, кој е неопходен за раст на растенијата. Луѓето не треба да ги земаат во прекумерни количини бидејќи, иако се практично малку токсични, плунката под влијание на ензимите се претвора во нитрити. Оние, пак, со други соединенија присутни во желудникот (како што се амини) се претвораат во многу штетни нитрозамини. Количината на нитрати содржана во храната, меѓу другото, зависи и од обработката на земјиштето, односно од употребата на вештачки ѓубрива, пестициди, инсектициди итн. Пестицидите најчесто влијаат на несаканите промени во клетките на телото, додека нитритите доведуваат до намалување на снабдувањето со кислород. Нитритите се вклучени во оксидацијата на хемоглобинот во телото, што исто така влијае на анемијата. Раните јагоди е подобро да се јадат во ограничени количини, бидејќи можат да содржат големо количество нитрати, предупредуваат експертите. Овошјето кое сега се нуди низ Македонија се одгледува во оранжерии, а оваа средина донекаде го нарушува квалитетот на плодот.