песна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pesna/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 18:57:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png песна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pesna/ 32 32 Познато е со која песна Бора Чорба ќе биде испратен на вечното почивалиште https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/poznato-e-so-koja-pesna-bora-chorba-ke-bide-ispraten-na-vechnoto-pochivalishte/ Thu, 05 Sep 2024 18:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=813636

Легендарниот српски пејач Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан во сабота, во родниот град Чачак, а како што пишува „Ало“ хорот на гимназијата на градот ќе ја пее неговата позната песна „Погледај дом свој анѓеле“, кој неколу пати била изведена во придружба на хор,

Комеморацијата ќе се одржи исто така во сабота, во Чачак, пред погребот.

Бора Чорба почина во Љубљана, на 71-годишна возраст, на 4 септември.

 

The post Познато е со која песна Бора Чорба ќе биде испратен на вечното почивалиште appeared first on Република.

]]>

Легендарниот српски пејач Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан во сабота, во родниот град Чачак, а како што пишува „Ало“ хорот на гимназијата на градот ќе ја пее неговата позната песна „Погледај дом свој анѓеле“, кој неколу пати била изведена во придружба на хор, Комеморацијата ќе се одржи исто така во сабота, во Чачак, пред погребот. Бора Чорба почина во Љубљана, на 71-годишна возраст, на 4 септември.  

The post Познато е со која песна Бора Чорба ќе биде испратен на вечното почивалиште appeared first on Република.

]]>
Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров https://arhiva3.republika.mk/scena/ana-petan-na-belgradska-prolet-so-pesna-od-koprov/ Mon, 15 Apr 2024 07:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=766144

„Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а по текст на Душан Бачиќ, што на фестивалот „Белградска пролет“, (20 април), ќе ја пее девојка со бисерен глас, Ана Петан.
Песната по многу нешта е особена, првин затоа што звучи многу моќно поради супериорниот вокал на Ана, а потоа затоа што е инспирирана од еден коментар на јутјуб, напишан под песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, една од омилените на Тоше Проески... Така коментарот „Када сам тужна ти си ту, кад сам среќна ти си ту, у сваком мом новом дану...“ стана рефрен на оваа балада, која потсетува на Тоше, на љубов и големи емоции.
Ана е пејачка со огромен потенцијал, а овој настап е одлична можност да ја слушнат и надвор од границите: и посакуваме многу среќа и на „Белградска пролет“ и на следните летни фестивали „Сунчане скале“, „Шибенска шансона“ и „Охрид- фест“ што годинава ќе се случува на 30 и 31 август.

 

Фото: Диоген Хаџи- Коста Милевски

The post Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров appeared first on Република.

]]>

„Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а по текст на Душан Бачиќ, што на фестивалот „Белградска пролет“, (20 април), ќе ја пее девојка со бисерен глас, Ана Петан. Песната по многу нешта е особена, првин затоа што звучи многу моќно поради супериорниот вокал на Ана, а потоа затоа што е инспирирана од еден коментар на јутјуб, напишан под песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, една од омилените на Тоше Проески... Така коментарот „Када сам тужна ти си ту, кад сам среќна ти си ту, у сваком мом новом дану...“ стана рефрен на оваа балада, која потсетува на Тоше, на љубов и големи емоции. Ана е пејачка со огромен потенцијал, а овој настап е одлична можност да ја слушнат и надвор од границите: и посакуваме многу среќа и на „Белградска пролет“ и на следните летни фестивали „Сунчане скале“, „Шибенска шансона“ и „Охрид- фест“ што годинава ќе се случува на 30 и 31 август.   Фото: Диоген Хаџи- Коста Милевски

The post Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров appeared first on Република.

]]>
Со песна и црвени вратоврски на кои пишува „Премиер Албанец“, Ахмети и неговите сопартијци го прославија премиерското место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-pesna-i-tsrveni-vratovrski-na-koi-pishuva-premier-albanets-ahmeti-i-negovite-sopartijtsi-go-proslavija-premierskoto-mesto/ Mon, 29 Jan 2024 09:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=738032

Со црвени вратоврски на кои пишува премиер – Албанец – 28.01.2024, Али Ахмети со сопартијците го славеше изборот на Талат Џафери за премиер на преодната влада.

Видеа од славјето на Тик-ток објавува Бленди Февзиу – водител на популарното ТВ-шоу „Мислење“ (Опиниони) на ТВ Клан Албанија, кој е еден од четворицата ВИП гости на ДУИ за кои порталот „Икс“ објави дека цел ден се превезуваат со службено возило од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби, пишува „360 Степени“.

Според сторијата на „Икс“, гостите прво пиеле виски и пушеле цигари во канцеларијата на Али Ахмети, заедно со домаќините, а потоа ги зазеле столчињата во ВИП-ложата во пленараната сала на македонскиот парламент.

Мислевме дека ДУИ како домаќин само сака да им направи чест на гостите од Албанија и Косово, но испадна добро организиран план за пропаганда. Од утрово Талат Џафери беше придружуван од Адриатик Келменди. Материјалите се споделуваа од портали блиски на Груби, а целата операција ја координираше самиот тој“, вели новинарот на портал „Икс“, Фуркан Салиу, во денешната видеосторија покажувајќи десетици идентични објави на портали кои важат за блиски до ДУИ.

Артан Груби, неговиот сопартиец, кој во новата влада ќе биде министер за политички систем, објави видео на својот Фејсбук профил.

Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани“, пишува Груби.

The post Со песна и црвени вратоврски на кои пишува „Премиер Албанец“, Ахмети и неговите сопартијци го прославија премиерското место appeared first on Република.

]]>

Со црвени вратоврски на кои пишува премиер – Албанец – 28.01.2024, Али Ахмети со сопартијците го славеше изборот на Талат Џафери за премиер на преодната влада. Видеа од славјето на Тик-ток објавува Бленди Февзиу – водител на популарното ТВ-шоу „Мислење“ (Опиниони) на ТВ Клан Албанија, кој е еден од четворицата ВИП гости на ДУИ за кои порталот „Икс“ објави дека цел ден се превезуваат со службено возило од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби, пишува „360 Степени“. Според сторијата на „Икс“, гостите прво пиеле виски и пушеле цигари во канцеларијата на Али Ахмети, заедно со домаќините, а потоа ги зазеле столчињата во ВИП-ложата во пленараната сала на македонскиот парламент.
Мислевме дека ДУИ како домаќин само сака да им направи чест на гостите од Албанија и Косово, но испадна добро организиран план за пропаганда. Од утрово Талат Џафери беше придружуван од Адриатик Келменди. Материјалите се споделуваа од портали блиски на Груби, а целата операција ја координираше самиот тој“, вели новинарот на портал „Икс“, Фуркан Салиу, во денешната видеосторија покажувајќи десетици идентични објави на портали кои важат за блиски до ДУИ.
Артан Груби, неговиот сопартиец, кој во новата влада ќе биде министер за политички систем, објави видео на својот Фејсбук профил.
Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани“, пишува Груби.

The post Со песна и црвени вратоврски на кои пишува „Премиер Албанец“, Ахмети и неговите сопартијци го прославија премиерското место appeared first on Република.

]]>
Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/ovaa-pesna-go-namaluva-stresot-kako-nitu-edna-druga/ Sun, 24 Sep 2023 09:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=682212

Ако барате начин да се ослободите од стресот и анксиозноста, слушањето музика може да ви помогне.

Сепак, тоа не е било која музика. Имено, невромаркетинг компанијата „Мајнлаб интернешнл“ (Mindlab International“ направила студија во која учесниците во истражувањето решавале предизвикувачки загатки додека слушале музика. На списокот имало 10 песни, а научниците ги користеле податоците снимени во сензорот за да ги измерат промените во отчукувањата на срцето, крвниот притисок и дишењето на испитаниците.

Истражувањата покажале дека песната „Weightless“ на Маркони Јунион ја намалува анксиозноста за дури 65 проценти, а песната го држеше првото место со години.

Сепак, во моментов, таа песна е надмината од „Strawberry Swing“ од Колдплеј, која до неодамна го држеше петтото место на листата на песни кои го намалуваат стресот, пренесува „Индекс“.

https://www.youtube.com/watch?v=h3pJZSTQqIg

Ова е целосната листа на песни кои помагаат за намалување на стресот:

10. „We Can Fly“ - Rue du Soleil (Café Del Mar)

9. „Canzonetta Sull’aria“ - Mozart

8. „Someone Like You“ - Adele

7. „Pure Shores“ - All Saints

6. „Please Don’t Go“ - Barcelona

5. „Watermark“ - Enya

4. „Mellomaniac (Chill Out Mix)“ - DJ Shah

3. „Electra“ - Airstream

2. „Weightless“ - Marconi Union

1. „Strawberry Swing“ - Coldplay

The post Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга appeared first on Република.

]]>

Ако барате начин да се ослободите од стресот и анксиозноста, слушањето музика може да ви помогне. Сепак, тоа не е било која музика. Имено, невромаркетинг компанијата „Мајнлаб интернешнл“ (Mindlab International“ направила студија во која учесниците во истражувањето решавале предизвикувачки загатки додека слушале музика. На списокот имало 10 песни, а научниците ги користеле податоците снимени во сензорот за да ги измерат промените во отчукувањата на срцето, крвниот притисок и дишењето на испитаниците. Истражувањата покажале дека песната „Weightless“ на Маркони Јунион ја намалува анксиозноста за дури 65 проценти, а песната го држеше првото место со години. Сепак, во моментов, таа песна е надмината од „Strawberry Swing“ од Колдплеј, која до неодамна го држеше петтото место на листата на песни кои го намалуваат стресот, пренесува „Индекс“. https://www.youtube.com/watch?v=h3pJZSTQqIg Ова е целосната листа на песни кои помагаат за намалување на стресот: 10. „We Can Fly“ - Rue du Soleil (Café Del Mar) 9. „Canzonetta Sull’aria“ - Mozart 8. „Someone Like You“ - Adele 7. „Pure Shores“ - All Saints 6. „Please Don’t Go“ - Barcelona 5. „Watermark“ - Enya 4. „Mellomaniac (Chill Out Mix)“ - DJ Shah 3. „Electra“ - Airstream 2. „Weightless“ - Marconi Union 1. „Strawberry Swing“ - Coldplay

The post Оваа песна го намалува стресот како ниту една друга appeared first on Република.

]]>
Дино Мерлин ја откри вистината за „Белград“: Ја напишав 1991, а за се беше крив тогашниот партнер на Цеца, Харун https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dino-merlin-ja-otkri-vistinata-za-belgrad-ja-napishav-1991-a-za-se-beshe-kriv-togashniot-partner-na-tsetsa-harun/ Fri, 11 Aug 2023 09:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=671058

Дино Мерлин во интервју за српски Курир раскажал како настанал најголемиот и најпознат хит на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Тој вели дека не е вистина дека хитот кој го напишал за Цеца требало да го испее тој.

За жал тоа не е вистина. Хитот „Белград“ е напишан за Цеца Величковиќ во Швајцарија една ноќ во 1991-та година на молба на нејзиниот тогашен партнер, Харун Самарџиќ. Тогаш напишав три песни, меѓу која и песната „Белград“ - открил Мерлин.

The post Дино Мерлин ја откри вистината за „Белград“: Ја напишав 1991, а за се беше крив тогашниот партнер на Цеца, Харун appeared first on Република.

]]>

Дино Мерлин во интервју за српски Курир раскажал како настанал најголемиот и најпознат хит на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ. Тој вели дека не е вистина дека хитот кој го напишал за Цеца требало да го испее тој.
За жал тоа не е вистина. Хитот „Белград“ е напишан за Цеца Величковиќ во Швајцарија една ноќ во 1991-та година на молба на нејзиниот тогашен партнер, Харун Самарџиќ. Тогаш напишав три песни, меѓу која и песната „Белград“ - открил Мерлин.

The post Дино Мерлин ја откри вистината за „Белград“: Ја напишав 1991, а за се беше крив тогашниот партнер на Цеца, Харун appeared first on Република.

]]>
Јокиќ во елемент: Качен на маса, ужива во омилената песна https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/jokik-vo-element-kachen-na-masa-uzhiva-vo-omilenata-pesna/ Sun, 02 Jul 2023 11:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=657410

Никола Јокиќ заслужено ужива во родниот Сомбор по феноменалната сезона во НБА лигата, во која го предводеше Денвер до првата титула во историјата, поради што ја освои титулата МВП на финалето.

Откако како докажан љубител на коњите, најпрвин се упати кон хиподромот да ги гледа коњските трки, најдобриот светски кошаркар зеде здив и во ноќно излегување.

На настапот на познатиот турбофолкер Аца Пејовиќ, Јокиќ уживаше во одлично друштво. Меѓутоа, кога Пејовиќ тргна од сцената со „Поздрави је, поздрави“, евергринот на Мирослав Илиќ, Јокиќ полуде од воодушевување.

Јокиќ, кој и така веќе е многу висок, во делириум се качи на масата, почна да игра, а со тоа максимално ја подигна атмосферата.

The post Јокиќ во елемент: Качен на маса, ужива во омилената песна appeared first on Република.

]]>

Никола Јокиќ заслужено ужива во родниот Сомбор по феноменалната сезона во НБА лигата, во која го предводеше Денвер до првата титула во историјата, поради што ја освои титулата МВП на финалето. Откако како докажан љубител на коњите, најпрвин се упати кон хиподромот да ги гледа коњските трки, најдобриот светски кошаркар зеде здив и во ноќно излегување. На настапот на познатиот турбофолкер Аца Пејовиќ, Јокиќ уживаше во одлично друштво. Меѓутоа, кога Пејовиќ тргна од сцената со „Поздрави је, поздрави“, евергринот на Мирослав Илиќ, Јокиќ полуде од воодушевување. Јокиќ, кој и така веќе е многу висок, во делириум се качи на масата, почна да игра, а со тоа максимално ја подигна атмосферата.

The post Јокиќ во елемент: Качен на маса, ужива во омилената песна appeared first on Република.

]]>
Ракометарките со песна стигнаа во „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rakometarkite-so-pesna-stignaa-vo-boris-trajkovski/ Sat, 05 Nov 2022 16:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=570121

Женската ракометна репрезентација на Македонија по пауза од 10 години повторно е на големите натпреварувања, откао во следните шеснаесет дена заедно со Словенија и Црна Гора ќе биде домаќин на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ девојки ги очекува натпревар против Франција на отворањето на шампионатот, а во СЦ „Борис Трајковски“ тие пристигнаа со песна. Натпреварот меѓу Македонија и Франција е со почеток во 18 часот.

Видеото од стигнувањето на нашите ракометарки можете да го проследите на следниот линк.

 

The post Ракометарките со песна стигнаа во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Женската ракометна репрезентација на Македонија по пауза од 10 години повторно е на големите натпреварувања, откао во следните шеснаесет дена заедно со Словенија и Црна Гора ќе биде домаќин на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ девојки ги очекува натпревар против Франција на отворањето на шампионатот, а во СЦ „Борис Трајковски“ тие пристигнаа со песна. Натпреварот меѓу Македонија и Франција е со почеток во 18 часот. Видеото од стигнувањето на нашите ракометарки можете да го проследите на следниот линк.  

The post Ракометарките со песна стигнаа во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
„А бре, Македонче“- нова песна на Балкан бенд https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/a-bre-makedonche-nova-pesna-na-balkan-bend/ Thu, 23 Jun 2022 17:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=519038

Вчеравечер се одржа промоција на уште една во низата народни песни кои ќе го обединат македонскиот народ.
„Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко парче како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески.
Домаќин на вечерта беше легендарниот Игор Џамбазов, кој со своето присуство ѝ даде посебна нота на целата промоција.
Момците од „Балкан бенд“ на промоцијата со огромно задоволство открија дека ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во последните 10-на години.
Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија, рекоа членовите од „Балкан бенд.
Реакциите за спотот и песната се и повеќе од одлични, а доказ за тоа се и бројот на прегледи на Јутјуб. За само неколку часа повеќе од 15.000 корисници го прегледале видеото.

The post „А бре, Македонче“- нова песна на Балкан бенд appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер се одржа промоција на уште една во низата народни песни кои ќе го обединат македонскиот народ. „Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко парче како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески. Домаќин на вечерта беше легендарниот Игор Џамбазов, кој со своето присуство ѝ даде посебна нота на целата промоција. Момците од „Балкан бенд“ на промоцијата со огромно задоволство открија дека ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во последните 10-на години. Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија, рекоа членовите од „Балкан бенд. Реакциите за спотот и песната се и повеќе од одлични, а доказ за тоа се и бројот на прегледи на Јутјуб. За само неколку часа повеќе од 15.000 корисници го прегледале видеото.

The post „А бре, Македонче“- нова песна на Балкан бенд appeared first on Република.

]]>
Паѓаат бомби околу него, а тој ја пее победничката песна на Евровизија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pagjaat-bombi-okolu-nego-a-toj-ja-pee-pobednichkata-pesna-na-evrovizija/ Mon, 16 May 2022 19:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=503075

На социјалните мрежи се појави видео снимка од украински војник од фабриката Азовстал, кој ја пееше песната „Стефанија“, која победи на Евровизија, додека паѓаа бомби околу него.

„Дејли Мејл“ прв ја објави веста, а може да се слушнат стиховите кои ги пее украинскиот војник за време на нападите.

Војниците во Азовстал се последно место на отпор во Мариупол, откако Русите го освоија градот.

https://youtu.be/8oZNazlwKSQ

The post Паѓаат бомби околу него, а тој ја пее победничката песна на Евровизија appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео снимка од украински војник од фабриката Азовстал, кој ја пееше песната „Стефанија“, која победи на Евровизија, додека паѓаа бомби околу него. „Дејли Мејл“ прв ја објави веста, а може да се слушнат стиховите кои ги пее украинскиот војник за време на нападите. Војниците во Азовстал се последно место на отпор во Мариупол, откако Русите го освоија градот. https://youtu.be/8oZNazlwKSQ

The post Паѓаат бомби околу него, а тој ја пее победничката песна на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Додик со гезме и песна ги поздрави американските санкции против него https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-so-gezme-i-pesna-gi-pozdravi-amerikanskite-sankcii-protiv-nego/ Thu, 06 Jan 2022 17:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=441405

Српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, покажа дека не се засекирал премногу од тоа што САД воведоа санкции против него. Додик имаше пријатна средба со соработниците при што ја запеа песната „Метар од нашето село, Америка цела“.

Видеото од дружбата е објавено на официјалниот профил на партијата на Додик, СНСД.

https://twitter.com/SNSDDodik/status/1478851478332874756?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1478851478332874756%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0b4d0bed0b4d0b8d0ba-d181d0be-d0bfd0b5d181d0bdd0b0-d0b3d0b8-d0bfd0bed0b7d0b4d180d0b0d0b2d0b8-d181d0b0d0bdd0bad186%2F

Американската администрација вчера ја прошири „црната листа“ под санкции на САД, на која повторно се најде Додик. За ваквата одлука, Додик изјави дека ваквиот потег не може да промени ништо, со оглед дека не планирал да патува во САД, но и нема банкарска сметка или имот во таа земја.

Претходно, српскиот претседател, Александар Вучиќ најави дека на 10 или 11 јануари ќе разговара со Додик и со претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ за актуелната состојба и порача дека Србија не се согласува со санкции и во никој случај нема да спроведе санкции против припадниците на својот народ и претставниците на српскиот народ во БиХ и Република Српска.

The post Додик со гезме и песна ги поздрави американските санкции против него appeared first on Република.

]]>

Српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, покажа дека не се засекирал премногу од тоа што САД воведоа санкции против него. Додик имаше пријатна средба со соработниците при што ја запеа песната „Метар од нашето село, Америка цела“. Видеото од дружбата е објавено на официјалниот профил на партијата на Додик, СНСД. https://twitter.com/SNSDDodik/status/1478851478332874756?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1478851478332874756%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0b4d0bed0b4d0b8d0ba-d181d0be-d0bfd0b5d181d0bdd0b0-d0b3d0b8-d0bfd0bed0b7d0b4d180d0b0d0b2d0b8-d181d0b0d0bdd0bad186%2F Американската администрација вчера ја прошири „црната листа“ под санкции на САД, на која повторно се најде Додик. За ваквата одлука, Додик изјави дека ваквиот потег не може да промени ништо, со оглед дека не планирал да патува во САД, но и нема банкарска сметка или имот во таа земја. Претходно, српскиот претседател, Александар Вучиќ најави дека на 10 или 11 јануари ќе разговара со Додик и со претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ за актуелната состојба и порача дека Србија не се согласува со санкции и во никој случај нема да спроведе санкции против припадниците на својот народ и претставниците на српскиот народ во БиХ и Република Српска.

The post Додик со гезме и песна ги поздрави американските санкции против него appeared first on Република.

]]>
Најтажната песна на Тома Здравковиќ раскажува потресна приказна, ја испеа само еднаш и никогаш веќе https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/najtaznata-pesna-na-toma-zdravkovikj-raskazuva-potresna-prikazna-ja-ispea-samo-ednash-i-nikogash-vekje/ Sun, 02 Jan 2022 18:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=439612

Тома Здравковиќ ќе остане запаметен како боем, поет и пејач, кој остави зад себе неколку песни кои „ја кршат душата“, и посвети многу песни на неговите љубови.

Пееше за Данка, Лилјана, Сања, Бранка, Нада, Јелена, Анѓела, Ана, Александра, Дијана, Фатима, Мирјана, Марта, но малку е познато дека најтажната песна ја посвети на една Славица, во која бил смртно заљубен.

Најтажната песна на Томо Здравковиќ е напишана и отпеана само еднаш за Славица, девојка со руса коса и сини очи. Станува збор за песната „Букет белих ружа“, која можеби не е еден од неговите најголеми хитови, но дефинитивно ја крие најтажната, згора на тоа, морничавата вистинска приказна за неговата прва љубов.

Сè почнало додека пеел во тузланскиот хотел „Бристол“ кога ја згогледал русокосата Славица и веднаш се заљубил.

Тома толку многу ја сакал Славица, што сонувал да ја ожени, но потоа открил детали за познати и непознати мажи од нејзиниот интимен живот. Тома и Славица се скарале иако имале силни чувства еден кон друг.

На мојата прва проба присуствуваа фудбалерите Драган Шекуларац и Зоран Миладиновиќ. Ме исмејуваа. Депресивно и сложено, не забележав дека Славица седеше со Зоран. Сфатив дека нешто не е во ред само кога им пријдов. Пред целото друштво, таа рече дека мора да посети некои пријатели. Што можев наместо да се согласам. Се вратив во празната соба во хотелот „Балкан“, а таа се појави дури по полноќ - изјави во една пригода Здравковиќ.

Кога пеел на црногорското крајбрежје во 1963 година, добил телеграма во која лекарот што ја лекувал Славица го известил дека е сериозно, неизлечиво болна и дека сака да го види. Кога пристигнал во Сараево, тој не можел да ја препознае, бидејќи таа изгубила триесет килограми.

Тома поради закажан настап не можел да остане со Славица, а неколку дена подоцна, добил нова телеграма во која го известиле дека таа починала.

Таа почина во Сараево, беше погребана во родниот Травник, а јас пристигнав на свежиот гроб, само за да положам букет бели рози. Седум или осум години подоцна, точно во Травник, за прв пат јавно испеав песна посветена на неа, која беше огледало на нашиот живот. Јас ја изведов песната тогаш и никогаш повеќе. Плачев, целата сала плачеше. Не беше концерт, туку опера... - изјави Тома за својата голема непрежалена љубов.

https://www.youtube.com/watch?v=XMn2DKASFls&feature=emb_title

The post Најтажната песна на Тома Здравковиќ раскажува потресна приказна, ја испеа само еднаш и никогаш веќе appeared first on Република.

]]>

Тома Здравковиќ ќе остане запаметен како боем, поет и пејач, кој остави зад себе неколку песни кои „ја кршат душата“, и посвети многу песни на неговите љубови. Пееше за Данка, Лилјана, Сања, Бранка, Нада, Јелена, Анѓела, Ана, Александра, Дијана, Фатима, Мирјана, Марта, но малку е познато дека најтажната песна ја посвети на една Славица, во која бил смртно заљубен. Најтажната песна на Томо Здравковиќ е напишана и отпеана само еднаш за Славица, девојка со руса коса и сини очи. Станува збор за песната „Букет белих ружа“, која можеби не е еден од неговите најголеми хитови, но дефинитивно ја крие најтажната, згора на тоа, морничавата вистинска приказна за неговата прва љубов. Сè почнало додека пеел во тузланскиот хотел „Бристол“ кога ја згогледал русокосата Славица и веднаш се заљубил. Тома толку многу ја сакал Славица, што сонувал да ја ожени, но потоа открил детали за познати и непознати мажи од нејзиниот интимен живот. Тома и Славица се скарале иако имале силни чувства еден кон друг.
На мојата прва проба присуствуваа фудбалерите Драган Шекуларац и Зоран Миладиновиќ. Ме исмејуваа. Депресивно и сложено, не забележав дека Славица седеше со Зоран. Сфатив дека нешто не е во ред само кога им пријдов. Пред целото друштво, таа рече дека мора да посети некои пријатели. Што можев наместо да се согласам. Се вратив во празната соба во хотелот „Балкан“, а таа се појави дури по полноќ - изјави во една пригода Здравковиќ.
Кога пеел на црногорското крајбрежје во 1963 година, добил телеграма во која лекарот што ја лекувал Славица го известил дека е сериозно, неизлечиво болна и дека сака да го види. Кога пристигнал во Сараево, тој не можел да ја препознае, бидејќи таа изгубила триесет килограми. Тома поради закажан настап не можел да остане со Славица, а неколку дена подоцна, добил нова телеграма во која го известиле дека таа починала.
Таа почина во Сараево, беше погребана во родниот Травник, а јас пристигнав на свежиот гроб, само за да положам букет бели рози. Седум или осум години подоцна, точно во Травник, за прв пат јавно испеав песна посветена на неа, која беше огледало на нашиот живот. Јас ја изведов песната тогаш и никогаш повеќе. Плачев, целата сала плачеше. Не беше концерт, туку опера... - изјави Тома за својата голема непрежалена љубов.
https://www.youtube.com/watch?v=XMn2DKASFls&feature=emb_title

The post Најтажната песна на Тома Здравковиќ раскажува потресна приказна, ја испеа само еднаш и никогаш веќе appeared first on Република.

]]>