пештерската црква Мала Богородица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peshterskata-crkva-mala-bogorodica/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Dec 2022 14:41:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пештерската црква Мала Богородица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peshterskata-crkva-mala-bogorodica/ 32 32 Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kje-se-restavrira-peshterskata-crkva-sveta-bogorodica-na-ostrovot-mal-grad-kaj-pustec/ Sun, 18 Dec 2022 14:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=587221

Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата „Света Богородица“, на островот Мал Град, кај Пустец, област Мала Преспа, Албанија, ќе се санира и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот.

Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и Министерството за култура на Македонија во рамките на проектот „Smart4you2“. Овој прекуграничен проект доаѓа како продолжение на проектот „SmartCulTour“ со партнерите од Општина Битола, Општина Пустец, музејскиот центар од Битола и Дирекцијата од Корча, објави македонскот весник „Илинден“.

Проектот има за цел да го зголеми туристичкиот потенцијал на Преспа преку создавање уникатна дестинација со реставрација на црквата „Света Богородица“ и истакнување на природните и културните вредности преку монументалното осветлување на патеката и околината каде што се наоѓа.

Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Оваа црква низ времето претрпела измени. Тоа го знаеме од трите сочувани натписи кои се наоѓаат на неа. Во првиот натпис, пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата сопруга Кали, син Амирал и ќерката Марија. Третиот натпис датира од 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата, е целосно живописана и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил, наведува весникот.

The post Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец appeared first on Република.

]]>

Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата „Света Богородица“, на островот Мал Град, кај Пустец, област Мала Преспа, Албанија, ќе се санира и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот.
Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и Министерството за култура на Македонија во рамките на проектот „Smart4you2“. Овој прекуграничен проект доаѓа како продолжение на проектот „SmartCulTour“ со партнерите од Општина Битола, Општина Пустец, музејскиот центар од Битола и Дирекцијата од Корча, објави македонскот весник „Илинден“.
Проектот има за цел да го зголеми туристичкиот потенцијал на Преспа преку создавање уникатна дестинација со реставрација на црквата „Света Богородица“ и истакнување на природните и културните вредности преку монументалното осветлување на патеката и околината каде што се наоѓа. Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.