пешкир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peshkir/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Nov 2023 08:19:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пешкир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peshkir/ 32 32 „Баленсијага“ промовира здолништа со облик на пешкир – цената им е 850 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/balensijaga-promovira-zdolnishta-so-oblik-na-peshkir-tsenata-im-e-850-evra/ Sat, 18 Nov 2023 08:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=702771

Модниот бренд „Баленсијага“, во новата колекција за пролет 2024 година претстави здолништа што личат на крпи.

Цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра), а модниот бренд објави дека здолништето веќе може да се нарача преку нивната интернет страница. На промотивните фотографии манекенот ја има облечено „крпата“ - црна, па сива, обвиткана околу половината, со широки панталони под неа, а нагоре носи црна блуза со качулка и очила за сонце.

„Ова е апсурдно. Овие брендови ќе продаваат сѐ и сешто по толку смешно високи цени“, „Повторно ќе кажам, 'Баленсијага' спроведува експеримент. Ова е научно испитување на однесувањето. Не може да убедите оти не е така“, „'Баленсијага' е толку несериозна“, „Каква лудост е ова!?“ - се дел од коментарите.

И претставници на некои компании кои продаваат крпи за хигиена се пошегуваа дека продаваат исти такви „здолништа“, но по пониски цени.

The post „Баленсијага“ промовира здолништа со облик на пешкир – цената им е 850 евра appeared first on Република.

]]>

Модниот бренд „Баленсијага“, во новата колекција за пролет 2024 година претстави здолништа што личат на крпи. Цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра), а модниот бренд објави дека здолништето веќе може да се нарача преку нивната интернет страница. На промотивните фотографии манекенот ја има облечено „крпата“ - црна, па сива, обвиткана околу половината, со широки панталони под неа, а нагоре носи црна блуза со качулка и очила за сонце.
„Ова е апсурдно. Овие брендови ќе продаваат сѐ и сешто по толку смешно високи цени“, „Повторно ќе кажам, 'Баленсијага' спроведува експеримент. Ова е научно испитување на однесувањето. Не може да убедите оти не е така“, „'Баленсијага' е толку несериозна“, „Каква лудост е ова!?“ - се дел од коментарите.
И претставници на некои компании кои продаваат крпи за хигиена се пошегуваа дека продаваат исти такви „здолништа“, но по пониски цени.

The post „Баленсијага“ промовира здолништа со облик на пешкир – цената им е 850 евра appeared first on Република.

]]>
Ако на оваа плажа оставите крпа за сончање да ви чува место преку ноќ можете да бидете казнети со 200 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ako-na-ovaa-plaza-ostavite-krpa-za-sonchanje-da-vi-chuva-mesto-preku-nokj-mozete-da-bidete-kazneti-so-200-evra/ Tue, 26 Jul 2022 10:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=533328

Оставањето крпи и лежалки на плажа во текот на ноќта, за наутро да не се мачат за добри позиции на плажата, е честа тактика на туристите. Сепак, решиле да го искоренат на хрватското приморје.

Комуналното претпријатие во Нови Винодолски излезе со соопштение дека секој што ќе остави „реквизит“ на плажа ќе биде казнет, ​​а предметите ќе бидат отстранети, пишува Index.hr.

Согласно член 59 од Одлуката за комунален ред, забрането е оставање на крпи, реквизити за плажа и други лични предмети на природни и уредени плажи по нивното користење.

За оние кои ги прекршуваат овие правила се пропишани казни од 600 куни до 1.500 куни (од 80 до 200 евра) и до 10.000 куни или 1.300 евра за правни лица.

Како што е наведено во соопштението, сите предмети што останале на плажите ќе бидат отстранети, а сопствениците во рок од осум дена ќе можат да ги подигнат во Центарот за култура „Нови Винодолски“.

The post Ако на оваа плажа оставите крпа за сончање да ви чува место преку ноќ можете да бидете казнети со 200 евра appeared first on Република.

]]>

Оставањето крпи и лежалки на плажа во текот на ноќта, за наутро да не се мачат за добри позиции на плажата, е честа тактика на туристите. Сепак, решиле да го искоренат на хрватското приморје. Комуналното претпријатие во Нови Винодолски излезе со соопштение дека секој што ќе остави „реквизит“ на плажа ќе биде казнет, ​​а предметите ќе бидат отстранети, пишува Index.hr. Согласно член 59 од Одлуката за комунален ред, забрането е оставање на крпи, реквизити за плажа и други лични предмети на природни и уредени плажи по нивното користење. За оние кои ги прекршуваат овие правила се пропишани казни од 600 куни до 1.500 куни (од 80 до 200 евра) и до 10.000 куни или 1.300 евра за правни лица. Како што е наведено во соопштението, сите предмети што останале на плажите ќе бидат отстранети, а сопствениците во рок од осум дена ќе можат да ги подигнат во Центарот за култура „Нови Винодолски“.

The post Ако на оваа плажа оставите крпа за сончање да ви чува место преку ноќ можете да бидете казнети со 200 евра appeared first on Република.

]]>