Пешевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peshevska/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 18:33:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пешевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peshevska/ 32 32 Пешевска: Првиот круг на претседателски избори се јасен показател дека на СДСМ на 8-ми мај ќе му се случи потоп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/peshevska-prviot-krug-na-pretsedatelski-izbori-se-jasen-pokazatel-deka-na-sdsm-na-8-mi-maj-ke-mu-se-sluchi-potop/ Thu, 02 May 2024 18:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=773594

„На овие избори всушност македонските граѓаните се обединија против сето зло што се случуваше во изминативе осум години. Самите резултати всушност покажуваат дека кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски победи само во 2 мали општини, во Крушево и Маврово Ростуше. Додека Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ победи во 60 општини, од кои што 60 општини во 17 општини се градоначалници на актуелната власт“, истакна Жаклина Пешевска, кандидат за пратеник во изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Секаде каде што имаат носители на пратеничките листи, всушност имаат губеше во првиот круг од претседателски избори. Вклучително господинот Битиќи во своето избирачко место каде што има изгубено 82 спрема 64 за Гордана Силјановска Давкова“, нагласи таа.

Пешевска додаде дека СДСМ во првиот круг од претседателски избори изгубија и во места каде што претежно добивале на изминатите избори. СДСМ изгубија во Куманово, во Струмица, дури и во Муртино од каде што потекнува нивниот претходен премиер. Тоа е јасен показател дека на осми мај ќе се случи потоп на СДСМ.

„Се трудиме оваа кампања да биде максимално позитивна и мотивирачка, и тоа граѓаните го препознаваат, и многумина велат дека им се допаѓа кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се презаситени од негативни кампањи“, заклучи Пешевска.

„Државата на граѓаните ќе им се врати преку владеење на правото, да се скроти криминалот и корупцијата, да се работи на БДП, да се отвораат работни места, да се подобри здравство и образованието, итн.“, порача таа.

Таа посочи дека актуелната власт не спроведе „Р“ од реформи. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во интерес на граѓаните и Македонија.

The post Пешевска: Првиот круг на претседателски избори се јасен показател дека на СДСМ на 8-ми мај ќе му се случи потоп appeared first on Република.

]]>

„На овие избори всушност македонските граѓаните се обединија против сето зло што се случуваше во изминативе осум години. Самите резултати всушност покажуваат дека кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски победи само во 2 мали општини, во Крушево и Маврово Ростуше. Додека Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ победи во 60 општини, од кои што 60 општини во 17 општини се градоначалници на актуелната власт“, истакна Жаклина Пешевска, кандидат за пратеник во изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. „Секаде каде што имаат носители на пратеничките листи, всушност имаат губеше во првиот круг од претседателски избори. Вклучително господинот Битиќи во своето избирачко место каде што има изгубено 82 спрема 64 за Гордана Силјановска Давкова“, нагласи таа. Пешевска додаде дека СДСМ во првиот круг од претседателски избори изгубија и во места каде што претежно добивале на изминатите избори. СДСМ изгубија во Куманово, во Струмица, дури и во Муртино од каде што потекнува нивниот претходен премиер. Тоа е јасен показател дека на осми мај ќе се случи потоп на СДСМ. „Се трудиме оваа кампања да биде максимално позитивна и мотивирачка, и тоа граѓаните го препознаваат, и многумина велат дека им се допаѓа кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се презаситени од негативни кампањи“, заклучи Пешевска. „Државата на граѓаните ќе им се врати преку владеење на правото, да се скроти криминалот и корупцијата, да се работи на БДП, да се отвораат работни места, да се подобри здравство и образованието, итн.“, порача таа. Таа посочи дека актуелната власт не спроведе „Р“ од реформи. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во интерес на граѓаните и Македонија.

The post Пешевска: Првиот круг на претседателски избори се јасен показател дека на СДСМ на 8-ми мај ќе му се случи потоп appeared first on Република.

]]>
Пешевска: Демографскиот аларм е вклучен, на пат сме да станеме држава без народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/peshevska-demografskiot-alarm-e-vkluchen-na-pat-sme-da-staneme-drzhava-bez-narod/ Sun, 22 Oct 2023 13:06:52 +0000 https://republika.mk/?p=693899

Не случајно денеска сме во Пехчево, тоа е еден од првите градови со најголем јаз, најголемо иселување, околу 30% се имаат иселено, демографскиот аларм одамна е вклучен. Бројките се немилосрдни. Не само што се намалува вкупното население за околу 200 илјади за 20 години, фрапантен е податокот дека имаме намалување на возрасната категорија од 15 до 64 години, а тоа е работоспособното население, изјави Жаклина Пешевска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија” во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените”

Пешевска нагласи дека овие фактори влијаат на помал број запишани ученици, студенти, намалување на пазарот на труд.

– Причините за иселување велат дека се за подобри економски состојби, но тие се од различна природа, во државата нема ефикасна здравствена заштита, немаме добра социјална заштита, нема владеење на право, има криминал и корупција на секој чекор. Граѓаните во таква атмосфера го гледаат излезот надвор. Големи стопанственици заминуваат и не размислуваат да се вратат – рече Пешевска.

На пат сме да станеме држава без народ рече Пешевска, истакнувајќи дека во последниве години учениците немаат книги, во руралните средини има целосно иселување, градовите се празнат.

– Имаме национална стратегија за демографија која не е функционална, важно е да размислуваме за функционална национална стратегија, сите мерки кои ќе ги имаме како идна власт да бидат применливи. На оваа власт не и е во фокус да го крева човечкиот капитал и низа мерки од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги укинаа како мерката за трето дете, „купи куќа купи стан” кои ја користеа млади – истакна Пешевска.

Важно е да работиме со ресурсите кои ги имаме, и во фокус треба да ни биде семејството како столб на општеството, посочи таа.

-Сите проекти кои ќе ни бидат во таа национална стратегија треба да ги опфатат сите целни групи и возрасти во државата. За младите се знае, квалитетно образование, вработување, високи плати. За жените можам многу да говорам, многу податоци кажуваат за родовата димензија, немаме економски силни жени и првата работа која треба да ја таргетираме е да креираме повеќе мерки за економско јакнење на жените, немаме жени сега на раководни позиции, 220 илјади жени се домаќинки. Ни требаат изградба на нови градинки, проширување на постоечките, ни треба владеење на право, заштита на децата. Понатаму даночни бенефиции за многудетни семејства, намалување на ДДВ за бебешка облека, пелени, менструални производи. Треба да размислуваме и за старосна пензија за мајки на повеќе од 3 деца кои не успеале да остварат право – рече Пешевска.

The post Пешевска: Демографскиот аларм е вклучен, на пат сме да станеме држава без народ appeared first on Република.

]]>

Не случајно денеска сме во Пехчево, тоа е еден од првите градови со најголем јаз, најголемо иселување, околу 30% се имаат иселено, демографскиот аларм одамна е вклучен. Бројките се немилосрдни. Не само што се намалува вкупното население за околу 200 илјади за 20 години, фрапантен е податокот дека имаме намалување на возрасната категорија од 15 до 64 години, а тоа е работоспособното население, изјави Жаклина Пешевска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија” во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените” Пешевска нагласи дека овие фактори влијаат на помал број запишани ученици, студенти, намалување на пазарот на труд. – Причините за иселување велат дека се за подобри економски состојби, но тие се од различна природа, во државата нема ефикасна здравствена заштита, немаме добра социјална заштита, нема владеење на право, има криминал и корупција на секој чекор. Граѓаните во таква атмосфера го гледаат излезот надвор. Големи стопанственици заминуваат и не размислуваат да се вратат – рече Пешевска. На пат сме да станеме држава без народ рече Пешевска, истакнувајќи дека во последниве години учениците немаат книги, во руралните средини има целосно иселување, градовите се празнат. – Имаме национална стратегија за демографија која не е функционална, важно е да размислуваме за функционална национална стратегија, сите мерки кои ќе ги имаме како идна власт да бидат применливи. На оваа власт не и е во фокус да го крева човечкиот капитал и низа мерки од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги укинаа како мерката за трето дете, „купи куќа купи стан” кои ја користеа млади – истакна Пешевска. Важно е да работиме со ресурсите кои ги имаме, и во фокус треба да ни биде семејството како столб на општеството, посочи таа. -Сите проекти кои ќе ни бидат во таа национална стратегија треба да ги опфатат сите целни групи и возрасти во државата. За младите се знае, квалитетно образование, вработување, високи плати. За жените можам многу да говорам, многу податоци кажуваат за родовата димензија, немаме економски силни жени и првата работа која треба да ја таргетираме е да креираме повеќе мерки за економско јакнење на жените, немаме жени сега на раководни позиции, 220 илјади жени се домаќинки. Ни требаат изградба на нови градинки, проширување на постоечките, ни треба владеење на право, заштита на децата. Понатаму даночни бенефиции за многудетни семејства, намалување на ДДВ за бебешка облека, пелени, менструални производи. Треба да размислуваме и за старосна пензија за мајки на повеќе од 3 деца кои не успеале да остварат право – рече Пешевска.

The post Пешевска: Демографскиот аларм е вклучен, на пат сме да станеме држава без народ appeared first on Република.

]]>
Пешевска: Вечерва ќе испратиме силна порака дека е премногу од погубните политики и националните понижувања кои власта ги прави во последните 5 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/peshevska-vecherva-kje-ispratime-silna-poraka-deka-e-premnogu-od-pogubnite-politiki-i-nacionalnite-ponizuvanja-koi-vlasta-gi-pravi-vo-poslednite-5-godini/ Sat, 18 Jun 2022 13:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=516695

Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на вестите во телевизија Алфа зборуваше за митингот кој вечерва ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи пред Влада кој всушност ќе претставува одговор на погубните политики кои власта предводена од СДСМ ги прави во последните 5 години.

Веќе течат последните подготовки за вечерашниот сенароден митинг овде на платото пред Владата. Овој митинг кој го подготвувавме повеќе од месец дена и во последниве денови всушност во општинските комитети се бара возило плус за да дојдат што повеќе луѓе. Тоа ни кажува дека има огромно незадоволство и овој митинг ќе биде една силна порака, еден одговор на погубните политики што сме сведоци последните 5 години, како што гледаме последните 5 години во било која област што и да донесоа законско решение предизвикаа силен револт. Всушност ние завршуваме како земја со највисока инфлација во регионот, со највисок јавен долг, со највисоки цени на прехрамбените производи, на нафтата, на струјата, а во исто време со најниски плати, со најмалку капитални инвестиции, значи нема изградба на автопати, болници, но затоа имаме непродуктивни трошоци од страна на Владата. Овој митинг е еден од чекорите кои беа превземени претходно, нели претседателот Христијан Мицкоски понуди рака на Димитар Ковачевски но тој ја одби, како и се што одбиваат, потоа беше активната блокада во Собрание кое сеуште трае и следствено е овој митинг вечерва кој не само од членовите на партијата всушност и неопределените граѓани кои искажуваат големо незадоволство во сите ресори, рече Пешевска.

Пратеничката во текот на своето гостување порача дека со овој митинг ќе се испрати една силна порака дека е премногу од овие погубни политики и национални понижувања од страна на владата.

Да пратиме една гласна порака дека е премногу од овие погубни политики, од овие национални понижувања и дека треба промени, дека решение се предвремените парламентарни избори со кои оваа Влада треба да се тргне од власт затоа што нема веќе капацитет да остане на власт, додаде таа.

The post Пешевска: Вечерва ќе испратиме силна порака дека е премногу од погубните политики и националните понижувања кои власта ги прави во последните 5 години appeared first on Република.