пешачење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peshachenje/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 13:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пешачење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peshachenje/ 32 32 Пешачењето го намалува ризикот од рана смрт https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/peshacheneto-go-namaluva-rizikot-od-rana-smrt/ Tue, 12 Mar 2024 13:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=754062

Пешачењето до 10.000 чекори дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања и рана смрт, дури и ако луѓето поголемиот дел од деновите го поминувате седејќи, покажува најново истражување.

Експертите претходно открија дека луѓето кои поминуваат многу време седејќи, на пример на биро или гледајќи телевизија, имаат поголема веројатност да развијат срцеви заболувања и прерана смрт. Но, досега не беше јасно дали пешачењето може да ги неутрализира ефектите од седењето во поголемиот дел од денот.

Една нова студија објавена во British Journal of Sports Medicine покажа дека секој дополнителен чекор над 2.200 чекори дневно – до околу 10.000 – ги намалува овие ризици, без оглед на тоа колку време поминувате седејќи.

Експертите откриле дека најмал ризик од рана смрт има кај луѓето кои прават од 9.000 до 10.500 чекори дневно. Кога станува збор за избегнување на мозочен и срцев удар, најмал ризик имало кај луѓето кои правеле околу 9.700 чекори дневно.

За студијата, предводена од Универзитетот во Сиднеј, експертите користеа податоци од UK Biobank од 72.174 луѓе на возраст од околу 61 година. Сите носеа акцелерометар на зглобот за да го измерат нивото на вежбање.

За време на речиси седум години следење, имаше 1.633 смртни случаи и 6.190 кардиоваскуларни настани, како што се срцев удар или мозочен удар.

Резултатите покажаа дека секој чекор на ден над 2.200 е поврзан со помал ризик од смрт и срцеви заболувања, без оглед на времето поминато во седење, но придобивките се зголемуваат колку повеќе чекори преземале луѓето.

Севкупно, 9.000 до 10.500 чекори дневно го намалуваат ризикот од рана смрт за 39 отсто и ризикот од срцев или мозочен удар за 21 отсто. Во двата случаи, 50 проценти од користа беше постигната помеѓу 4.000 и 4.500 чекори дневно.

Друга студија објавена во списанието за неврологија, неврохирургија и психијатрија покажа дека дури и ниското ниво на вежбање може да помогне да се намали ризикот од мозочен удар.

„Луѓето треба да се охрабруваат да бидат физички активни дури и на најниски нивоа“, велат истражувачите кои учествувале во студијата, вклучително и Империјал колеџ во Лондон.

 

The post Пешачењето го намалува ризикот од рана смрт appeared first on Република.

]]>

Пешачењето до 10.000 чекори дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања и рана смрт, дури и ако луѓето поголемиот дел од деновите го поминувате седејќи, покажува најново истражување. Експертите претходно открија дека луѓето кои поминуваат многу време седејќи, на пример на биро или гледајќи телевизија, имаат поголема веројатност да развијат срцеви заболувања и прерана смрт. Но, досега не беше јасно дали пешачењето може да ги неутрализира ефектите од седењето во поголемиот дел од денот. Една нова студија објавена во British Journal of Sports Medicine покажа дека секој дополнителен чекор над 2.200 чекори дневно – до околу 10.000 – ги намалува овие ризици, без оглед на тоа колку време поминувате седејќи. Експертите откриле дека најмал ризик од рана смрт има кај луѓето кои прават од 9.000 до 10.500 чекори дневно. Кога станува збор за избегнување на мозочен и срцев удар, најмал ризик имало кај луѓето кои правеле околу 9.700 чекори дневно. За студијата, предводена од Универзитетот во Сиднеј, експертите користеа податоци од UK Biobank од 72.174 луѓе на возраст од околу 61 година. Сите носеа акцелерометар на зглобот за да го измерат нивото на вежбање. За време на речиси седум години следење, имаше 1.633 смртни случаи и 6.190 кардиоваскуларни настани, како што се срцев удар или мозочен удар. Резултатите покажаа дека секој чекор на ден над 2.200 е поврзан со помал ризик од смрт и срцеви заболувања, без оглед на времето поминато во седење, но придобивките се зголемуваат колку повеќе чекори преземале луѓето. Севкупно, 9.000 до 10.500 чекори дневно го намалуваат ризикот од рана смрт за 39 отсто и ризикот од срцев или мозочен удар за 21 отсто. Во двата случаи, 50 проценти од користа беше постигната помеѓу 4.000 и 4.500 чекори дневно. Друга студија објавена во списанието за неврологија, неврохирургија и психијатрија покажа дека дури и ниското ниво на вежбање може да помогне да се намали ризикот од мозочен удар. „Луѓето треба да се охрабруваат да бидат физички активни дури и на најниски нивоа“, велат истражувачите кои учествувале во студијата, вклучително и Империјал колеџ во Лондон.  

The post Пешачењето го намалува ризикот од рана смрт appeared first on Република.

]]>
Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nova-studija-otkriva-kolku-treba-da-peshachite-nedelno-ako-sakate-da-zhiveete-podolgo/ Mon, 03 Apr 2023 10:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=626604

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување.

Вежбањето редовно се поврзува со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци.

Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил исто така помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години.

Научниците го поврзале одењето околу 8.000 чекори еднаш или повеќе пати неделно со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“.

Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1.937 пешачеле три до седум дена во неделата.

Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.

 

The post Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго appeared first on Република.

]]>

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување. Вежбањето редовно се поврзува со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци. Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил исто така помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години. Научниците го поврзале одењето околу 8.000 чекори еднаш или повеќе пати неделно со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“. Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1.937 пешачеле три до седум дена во неделата. Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.  

The post Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго appeared first on Република.

]]>
Колку години имаш, толку минути пешачи дневно https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kolku-godini-imash-tolku-minuti-peshachi-dnevno/ Thu, 24 Feb 2022 19:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=463424

Обичната прошетка во континуитет прави чуда за телото. Еве кои болести ги спречува:

1. Одењето спречува рана појава на деменција, го намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест и ја подобрува вашата општа ментална благосостојба, така што го намалува стресот и ослободува ендорфини.

2. Тргнете на прошетка за да го подобрите видот и да ги заштитите вашите очи од потенцијалните проблеми како што е глауком, во иднина. Ако шетате, ќе го спречите пропаѓањето на очите.

3. Пешачењето не е ништо помалку ефикасно од трчањето кога станува збор за превенција на срцеви заболувања и мозочен удар.

4. Одењето е аеробна вежба, што значи дека го зголемува протокот на кислород во крвотокот и помага при отстранувањето на токсините и отпадот, што е одлично за вашите бели дробови.

5. Пешачењето како вежба е изненадувачки ефикасен начин на превенција на дијабетес.

6. Само половина час пешачење секој ден, не само што го намалува ризикот од развој на рак на дебелото црево, туку и го подобрува варењето и ја регулира работата на цревата.

7. Само 10.000 чекори дневно можат да бидат еднакво ефикасни како целосен тренинг во вежбалница, особено ако додадете и некои интервали на брзо одење или одите по угорнина.

8. Одењето може да обезбеди поголема подвижност на зглобовите, да го спречи губењето на густината на коските, па дури и да го намали ризикот од кршење.

9. Одењето е вистински спас за оние што имаат болки во грбот за време на потешки вежби со голем напор.

10. Одењето ги ублажува симптомите на депресија.

Колку и како да шетате во текот на денот:

Вашата цел треба да биде 30 минути прошетка секој ден, но научниците предлагаат да шетате онолку минути колку што имате години. На пример, ако имате 45 години, шетајте 45 минути секој ден.

За повозрасни луѓе се предлага бавно до умерено брзо одење половина час секој ден. Ако останувате без здив додека одите или не можете да одржите конверзација, веројатно брзо одите, па затоа намалете го интензитетот.

The post Колку години имаш, толку минути пешачи дневно appeared first on Република.

]]>

Обичната прошетка во континуитет прави чуда за телото. Еве кои болести ги спречува: 1. Одењето спречува рана појава на деменција, го намалува ризикот од развој на Алцхајмерова болест и ја подобрува вашата општа ментална благосостојба, така што го намалува стресот и ослободува ендорфини. 2. Тргнете на прошетка за да го подобрите видот и да ги заштитите вашите очи од потенцијалните проблеми како што е глауком, во иднина. Ако шетате, ќе го спречите пропаѓањето на очите. 3. Пешачењето не е ништо помалку ефикасно од трчањето кога станува збор за превенција на срцеви заболувања и мозочен удар. 4. Одењето е аеробна вежба, што значи дека го зголемува протокот на кислород во крвотокот и помага при отстранувањето на токсините и отпадот, што е одлично за вашите бели дробови. 5. Пешачењето како вежба е изненадувачки ефикасен начин на превенција на дијабетес. 6. Само половина час пешачење секој ден, не само што го намалува ризикот од развој на рак на дебелото црево, туку и го подобрува варењето и ја регулира работата на цревата. 7. Само 10.000 чекори дневно можат да бидат еднакво ефикасни како целосен тренинг во вежбалница, особено ако додадете и некои интервали на брзо одење или одите по угорнина. 8. Одењето може да обезбеди поголема подвижност на зглобовите, да го спречи губењето на густината на коските, па дури и да го намали ризикот од кршење. 9. Одењето е вистински спас за оние што имаат болки во грбот за време на потешки вежби со голем напор. 10. Одењето ги ублажува симптомите на депресија.
Колку и како да шетате во текот на денот:
Вашата цел треба да биде 30 минути прошетка секој ден, но научниците предлагаат да шетате онолку минути колку што имате години. На пример, ако имате 45 години, шетајте 45 минути секој ден. За повозрасни луѓе се предлага бавно до умерено брзо одење половина час секој ден. Ако останувате без здив додека одите или не можете да одржите конверзација, веројатно брзо одите, па затоа намалете го интензитетот.

The post Колку години имаш, толку минути пешачи дневно appeared first on Република.

]]>