Перу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peru/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 12:56:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Перу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peru/ 32 32 Кинескиот претседател отвори мегапристаниште во Перу финансирано од Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineskiot-pretsedatel-otvori-megapristanishte-vo-peru-finansirano-od-kina/ Sat, 16 Nov 2024 20:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=838350

Кинескиот претседател Кси Џинпинг отвори мегапристаниште во Перу финансирано од Кина.

Пекинг инвестираше 1,3 милијарди долари во проектот, кој се очекува да генерира 4,5 милијарди долари годишно и да отвори 8.000 работни места.

Кси рече дека Чангчаи, длабокоморско пристаниште со 15 докови, е успешен почеток на „Поморскиот пат на свилата на 21. век“ и дел од Кинеската иницијатива „Појас и пат“.

Кина е подготвена да работи со перуанската страна за да го земе проектот Чангчаи како почетна точка за создавање нов морски-копнен коридор меѓу Кина и Латинска Америка и поврзување на Големата патека на Инките“, порача Кси.

The post Кинескиот претседател отвори мегапристаниште во Перу финансирано од Кина appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Кси Џинпинг отвори мегапристаниште во Перу финансирано од Кина. Пекинг инвестираше 1,3 милијарди долари во проектот, кој се очекува да генерира 4,5 милијарди долари годишно и да отвори 8.000 работни места. Кси рече дека Чангчаи, длабокоморско пристаниште со 15 докови, е успешен почеток на „Поморскиот пат на свилата на 21. век“ и дел од Кинеската иницијатива „Појас и пат“.
Кина е подготвена да работи со перуанската страна за да го земе проектот Чангчаи како почетна точка за создавање нов морски-копнен коридор меѓу Кина и Латинска Америка и поврзување на Големата патека на Инките“, порача Кси.

The post Кинескиот претседател отвори мегапристаниште во Перу финансирано од Кина appeared first on Република.

]]>
Недев четврти на ИТКФ шампионатот во Перу https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nedev-chetvrti-na-itkf-shampionatot-vo-peru/ Sun, 10 Nov 2024 19:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=836182

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои четвртото место во кати за сениори на ИТКФ светскиот шампионат во Лима, Перу.

Македонскиот каратист во полуфиналето загуби од светскиот шампион Енрике Ројас од Перу.

Светскиот шампионат се одржуваше во „Вила Депортива Национал“, олимпискиот центар на Перу со учество на над 1000 каратисти од целиот свет.

The post Недев четврти на ИТКФ шампионатот во Перу appeared first on Република.

]]>

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои четвртото место во кати за сениори на ИТКФ светскиот шампионат во Лима, Перу. Македонскиот каратист во полуфиналето загуби од светскиот шампион Енрике Ројас од Перу. Светскиот шампионат се одржуваше во „Вила Депортива Национал“, олимпискиот центар на Перу со учество на над 1000 каратисти од целиот свет.

The post Недев четврти на ИТКФ шампионатот во Перу appeared first on Република.

]]>
Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-so-jachina-od-5-7-stepeni-go-pogodi-peru/ Fri, 12 Jul 2024 10:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=796119

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 68 километри и на околу 200 километри југоисточно од градот Ица.

Засега нема информации за повредени или евентуална материјална штета.

 

The post Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Перу appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 68 километри и на околу 200 километри југоисточно од градот Ица. Засега нема информации за повредени или евентуална материјална штета.  

The post Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Перу appeared first on Република.

]]>
Опкружена со песочни дини и палми: Романтичната лагуна Хукачина во Перу е идеално место да се исклучите од рутината https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/opkruzhena-so-pesochni-dini-i-palmi-romantichnata-laguna-hukachina-vo-peru-e-idealno-mesto-da-se-iskluchite-od-rutinata/ Fri, 28 Jun 2024 16:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=791576

Хуакачина е мало селце изградено околу пустинска оаза во Перу. Оваа лагуна е целосно опкружена со прекрасни песочни дини и палми. Хуакачина е задолжителна станица за оние кои бараат забава и авантура во оваа јужноамериканска земја.

Лагуната Хукачина се наоѓа на само 20 минути од градот Ика, и е идеално место да се исклучите од рутината, да се одморите и зошто да не - да вежбате некои авантуристички спортови.

Познато како „Оазата на Америка“, овде ќе најдете мирно езерце опкружено со вегетација, патеки и широк спектар на хотели и места за престој и уживање повеќе од еден ден во ова прекрасно природно засолниште.

Природната убавина што ова место може да им ја понуди на туристите е толку голема што во 2017 година, британски „Телеграф“ ја вклучи оазата Хуакачина меѓу 21 најимпресивни дестинација во светот за посета, единствена во Латинска Америка на престижната листа.

The post Опкружена со песочни дини и палми: Романтичната лагуна Хукачина во Перу е идеално место да се исклучите од рутината appeared first on Република.

]]>

Хуакачина е мало селце изградено околу пустинска оаза во Перу. Оваа лагуна е целосно опкружена со прекрасни песочни дини и палми. Хуакачина е задолжителна станица за оние кои бараат забава и авантура во оваа јужноамериканска земја. Лагуната Хукачина се наоѓа на само 20 минути од градот Ика, и е идеално место да се исклучите од рутината, да се одморите и зошто да не - да вежбате некои авантуристички спортови. Познато како „Оазата на Америка“, овде ќе најдете мирно езерце опкружено со вегетација, патеки и широк спектар на хотели и места за престој и уживање повеќе од еден ден во ова прекрасно природно засолниште. Природната убавина што ова место може да им ја понуди на туристите е толку голема што во 2017 година, британски „Телеграф“ ја вклучи оазата Хуакачина меѓу 21 најимпресивни дестинација во светот за посета, единствена во Латинска Америка на престижната листа.

The post Опкружена со песочни дини и палми: Романтичната лагуна Хукачина во Перу е идеално место да се исклучите од рутината appeared first on Република.

]]>
Прогласена вонредна состојба на границата на Перу со Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/proglasena-vonredna-sostojba-na-granitsata-na-peru-so-ekvador/ Wed, 10 Jan 2024 07:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=731339

Владата на Перу прогласи вонредна состојба долж нејзината северна граница со Еквадор, откако бран насилства ја погоди соседната земја кога еквадорскиот нарко бос Адолфо Марсијал Виламар Фито избега од затвор.

Перуанскиот премиер Алберто Отарола најави дека како дел од прогласувањето на вонредна состојба, ќе бидат распоредени одреден број воени трупи за поддршка на полициските сили.

Тој додаде дека министрите за одбрана и за внатрешни работи на Перу ќе бидат во близина на границата за да ги координираат операциите.

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа претходно издаде декрет за класификација на 22 криминални банди како терористички организации, набргу откако вооружени напаѓачи зазедоа ТВ студио за време на пренос во живо, што е најнов пример за ескалација на беззаконието и насилството во земјата.

Откако Фито избега од затвор, избувнаа немири во најмалку шест затвори, при што некои затвореници земаа голем број затворски чувари како заложници и им се заканија дека ќе ги убијат доколку бидат распоредени војници за да ја вратат контролата врз затворските објекти.

Исто така, четворица полицајци беа киднапирани откако претседателот Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба.

The post Прогласена вонредна состојба на границата на Перу со Еквадор appeared first on Република.

]]>

Владата на Перу прогласи вонредна состојба долж нејзината северна граница со Еквадор, откако бран насилства ја погоди соседната земја кога еквадорскиот нарко бос Адолфо Марсијал Виламар Фито избега од затвор. Перуанскиот премиер Алберто Отарола најави дека како дел од прогласувањето на вонредна состојба, ќе бидат распоредени одреден број воени трупи за поддршка на полициските сили. Тој додаде дека министрите за одбрана и за внатрешни работи на Перу ќе бидат во близина на границата за да ги координираат операциите. Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа претходно издаде декрет за класификација на 22 криминални банди како терористички организации, набргу откако вооружени напаѓачи зазедоа ТВ студио за време на пренос во живо, што е најнов пример за ескалација на беззаконието и насилството во земјата. Откако Фито избега од затвор, избувнаа немири во најмалку шест затвори, при што некои затвореници земаа голем број затворски чувари како заложници и им се заканија дека ќе ги убијат доколку бидат распоредени војници за да ја вратат контролата врз затворските објекти. Исто така, четворица полицајци беа киднапирани откако претседателот Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба.

The post Прогласена вонредна состојба на границата на Перу со Еквадор appeared first on Република.

]]>
Уапсена поранешната премиерка на Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsena-poraneshnata-premierka-na-peru/ Wed, 21 Jun 2023 07:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=653568

Полицијата на Перу ја уапси поранешната премиерка Бетси Чавес поради наводна вмешаност во заговор против државата и приклучување кон поранешниот претседател Педро Кастиљо во „државниот удар“.

Чавес е во домашен притвор во јужниот град Такна повеќе од шест месеци откако Кастиљо е уапсен и затворен под обвинение за бунт. Таа негираше дека го прекршила законот.

Покрај Чавез под истрага за наводен заговор за бунт се и други поранешни министри од 17-месечната влада на Кастиљо. Обвинувањата произлегоа од најавата на Кастиљо минатиот декември дека ќе го распушти Конгресот и ќе владее со декрет, но беше соборен од перуанската опозиција во Конгресот, а потоа и уапсен од полицијата.

И Кастиљо останува во притвор и се соочува со тригодишна затворска казна.

Смената на Кастиљо предизвика повеќемесечни насилни протести во кои загинаа повеќе од 60 луѓе, главно од домородните групи.

Актуелната влада предводена од претседателката Дина Буларте негираше дека ја злоупотребила својата позиција за време на протестите, додавајќи дека ќе соработува со истражните органи.

Кривичниот совет на Врховниот суд на Перу издаде налог за Чавез, објави судот на Твитер, додека обвинителите побараа 18 месеци превентивен притвор.

The post Уапсена поранешната премиерка на Перу appeared first on Република.

]]>

Полицијата на Перу ја уапси поранешната премиерка Бетси Чавес поради наводна вмешаност во заговор против државата и приклучување кон поранешниот претседател Педро Кастиљо во „државниот удар“. Чавес е во домашен притвор во јужниот град Такна повеќе од шест месеци откако Кастиљо е уапсен и затворен под обвинение за бунт. Таа негираше дека го прекршила законот. Покрај Чавез под истрага за наводен заговор за бунт се и други поранешни министри од 17-месечната влада на Кастиљо. Обвинувањата произлегоа од најавата на Кастиљо минатиот декември дека ќе го распушти Конгресот и ќе владее со декрет, но беше соборен од перуанската опозиција во Конгресот, а потоа и уапсен од полицијата. И Кастиљо останува во притвор и се соочува со тригодишна затворска казна. Смената на Кастиљо предизвика повеќемесечни насилни протести во кои загинаа повеќе од 60 луѓе, главно од домородните групи. Актуелната влада предводена од претседателката Дина Буларте негираше дека ја злоупотребила својата позиција за време на протестите, додавајќи дека ќе соработува со истражните органи. Кривичниот совет на Врховниот суд на Перу издаде налог за Чавез, објави судот на Твитер, додека обвинителите побараа 18 месеци превентивен притвор.

The post Уапсена поранешната премиерка на Перу appeared first on Република.

]]>
Мумија стара 3.000 години најдена во Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/mumija-stara-3-000-godini-najdena-vo-peru/ Thu, 15 Jun 2023 08:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=651583

Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки.

Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“.

https://www.youtube.com/watch?v=WGNX748H-VE

Оваа личност била оставена тука или жртвувана при завршувањето на изградбата на храмот. Стара е околу 3.000 години, рече Аквиљар.

Археолозите пронашле и предмети закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, коишто најверојатно биле составен дел од жртвувањето.

The post Мумија стара 3.000 години најдена во Перу appeared first on Република.

]]>

Археолози пронајдоа мумија стара околу 3.000 години во Лима, Перу. Истражувачите и студентите од Универзитетот „Сан Маркос“ при ископувањето прво ги забележале остатоците од косата и од черепот на мумијата обвиени во памук, а потоа и другите останки. Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, којашто живеела по долината Лима, меѓу 1500 и 1000 година п.н.е., смета археологот Мигел Аквиљар. Наодот е поврзан со изградбата на храмови во облик на потковица, свртени кон изгрејсонцето, јави „Глобал њуз“. https://www.youtube.com/watch?v=WGNX748H-VE
Оваа личност била оставена тука или жртвувана при завршувањето на изградбата на храмот. Стара е околу 3.000 години, рече Аквиљар.
Археолозите пронашле и предмети закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, коишто најверојатно биле составен дел од жртвувањето.

The post Мумија стара 3.000 години најдена во Перу appeared first on Република.

]]>
Земјотрес од 5,5 степени регистриран во Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-od-5-5-stepeni-registriran-vo-peru/ Sat, 03 Jun 2023 07:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=647299

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Перу, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил девет километри југоисточно од перуанскиот регион Мака во провинцијата Каилома, а на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.

Засега нема информации за материјална штета или жртви.

The post Земјотрес од 5,5 степени регистриран во Перу appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Перу, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил девет километри југоисточно од перуанскиот регион Мака во провинцијата Каилома, а на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс. Засега нема информации за материјална штета или жртви.

The post Земјотрес од 5,5 степени регистриран во Перу appeared first on Република.

]]>
Дваесетина рудари загинале при пожар во рудник во Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvaesetina-rudari-zaginale-pri-pozhar-vo-rudnik-vo-peru/ Sun, 07 May 2023 14:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=638008

Дваесетина рудари загинаа во пожар кој избувнал во рудник за злато во Перу. Наверојатна причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација а спасувачките екипи досега извлекле најмалку 27 тела.

Се стравува дека бројот на жртви не е конечен бидејќи екипите за брза помош не можат да стапат во контакт со рударите кои се уште се заглавени под земја.

Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка а секоја година во земјата се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници.

 

The post Дваесетина рудари загинале при пожар во рудник во Перу appeared first on Република.

]]>

Дваесетина рудари загинаа во пожар кој избувнал во рудник за злато во Перу. Наверојатна причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација а спасувачките екипи досега извлекле најмалку 27 тела. Се стравува дека бројот на жртви не е конечен бидејќи екипите за брза помош не можат да стапат во контакт со рударите кои се уште се заглавени под земја. Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка а секоја година во земјата се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници.  

The post Дваесетина рудари загинале при пожар во рудник во Перу appeared first on Република.

]]>
Рекорд: Во Перу фатени 2,3 тони кокаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekord-vo-peru-fateni-2-3-toni-kokain/ Tue, 28 Mar 2023 06:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=624430

Перуанската полиција запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима.

Како што соопштија локалните власти, вредноста на запленетата дрога изнесува најмалку 20 милиони долари.

Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно пријавен како керамички плочки.

Кокаинот бил прицврстен за гумени листови за да личи на керамички плочки и бил ставен во дрвени кутии во бродски контејнер.

Претставник на локалната полиција соопшти дека тоа е првиот евидентиран случај дестинацијата на дрогата од Перуанскиот залив да е Турција.

- Обично внимаваме на пратките што одат со брод до Белгија, Холандија, Шпанија и Франција, додаде то

The post Рекорд: Во Перу фатени 2,3 тони кокаин appeared first on Република.

]]>

Перуанската полиција запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима. Како што соопштија локалните власти, вредноста на запленетата дрога изнесува најмалку 20 милиони долари. Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно пријавен како керамички плочки. Кокаинот бил прицврстен за гумени листови за да личи на керамички плочки и бил ставен во дрвени кутии во бродски контејнер. Претставник на локалната полиција соопшти дека тоа е првиот евидентиран случај дестинацијата на дрогата од Перуанскиот залив да е Турција. - Обично внимаваме на пратките што одат со брод до Белгија, Холандија, Шпанија и Франција, додаде то

The post Рекорд: Во Перу фатени 2,3 тони кокаин appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Перу и се извини на нацијата поради загинатите во протестите, се соочува со обвинение за геноцид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-peru-i-se-izvini-na-natsijata-poradi-zaginatite-vo-protestite-se-soochuva-so-obvinenie-za-genotsid/ Sat, 14 Jan 2023 19:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=596900

Претседателката на Перу, Дина Болуарте, во обраќањето до нацијата се извини за десетиците смртни случаи во протестите низ целата земја во последните недели и повика на мир.

Ја разбирам и ја споделувам вашата огорченост, порача Болуарте.

Таа одби да преземе одговорност за жртвите за време на протестите, велејќи дека лошите актери ги турнале граѓаните во „конфронтација“. Болуарте додава и дека побарала од властите да истражат.

Досега најмалку 42 лица загинаа во насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Државниот обвинител, Патриша Бенавидес, почна 11 истраги за да ги идентификува одговорните за смртта на цивилите за време на еден од најжестоките протести во земјата во последниве години.

Канцеларијата на јавниот обвинител во вторникот ја објави својата одлука да спроведе истрага против Болуарте, како и премиерот Алберто Отарола и министрите за одбрана и за внатрешни работи.

Перуанските власти наводно се под истрага по обвиненијата за „геноцид, квалификувано убиство и тешки телесни повреди“.

Протестите во Перу почнаа во декември 2022 година по соборувањето и апсењето на поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој беше обвинет за бунт и заговор.

Дина Болуарте, дотогаш потпретседателка на Перу, беше именувана за претседател на државата.

The post Претседателката на Перу и се извини на нацијата поради загинатите во протестите, се соочува со обвинение за геноцид appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Перу, Дина Болуарте, во обраќањето до нацијата се извини за десетиците смртни случаи во протестите низ целата земја во последните недели и повика на мир.
Ја разбирам и ја споделувам вашата огорченост, порача Болуарте.
Таа одби да преземе одговорност за жртвите за време на протестите, велејќи дека лошите актери ги турнале граѓаните во „конфронтација“. Болуарте додава и дека побарала од властите да истражат. Досега најмалку 42 лица загинаа во насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата. Државниот обвинител, Патриша Бенавидес, почна 11 истраги за да ги идентификува одговорните за смртта на цивилите за време на еден од најжестоките протести во земјата во последниве години. Канцеларијата на јавниот обвинител во вторникот ја објави својата одлука да спроведе истрага против Болуарте, како и премиерот Алберто Отарола и министрите за одбрана и за внатрешни работи. Перуанските власти наводно се под истрага по обвиненијата за „геноцид, квалификувано убиство и тешки телесни повреди“. Протестите во Перу почнаа во декември 2022 година по соборувањето и апсењето на поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој беше обвинет за бунт и заговор. Дина Болуарте, дотогаш потпретседателка на Перу, беше именувана за претседател на државата.

The post Претседателката на Перу и се извини на нацијата поради загинатите во протестите, се соочува со обвинение за геноцид appeared first on Република.

]]>
Да се решат сите недоразбирања пред да заврши годината: Божиќен обичај на тепачки во Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/da-se-reshat-site-nedorazbirana-pred-da-zavrshi-godinata-bozhiken-obichaj-na-tepachki-vo-peru/ Wed, 28 Dec 2022 12:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=590940

Стотици жители на околијата Чумбивилкас во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во традиционалниот ритуал на тепачки. Целта на оваа традиција е луѓето физички да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината.

Борбите имаат за цел „да ги решат“ семејните, романтичните, па дури и имотните спорови со тупаници додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. „Борците“ традиционално се мажи, но годиниве сѐ повеќе учествуваат и жени.

Традицијата е наречена Таканакуј, кечуански назив што во приближен превод значи „удирање“.

Тепачката вклучува само клоци и тупаници и завршува ако борецот крвари, падне на земја или не може веќе да се одбрани. Луѓе на „Рондерос“, како што е познат околниот правосуден систем на заедниците на Андите, стојат покрај бојното поле за да помогнат во растурањето на борбите кога тоа е потребно.

Борбите традиционално се проследени со јадење, пиење и поворка.

Овогодишниот настан имаше повеќе од 40 тепачки, од коишто секоја траеше приближно две минути. На крајот, со изедначување на резултатот, тепачките обично завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.

The post Да се решат сите недоразбирања пред да заврши годината: Божиќен обичај на тепачки во Перу appeared first on Република.

]]>

Стотици жители на околијата Чумбивилкас во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во традиционалниот ритуал на тепачки. Целта на оваа традиција е луѓето физички да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината. Борбите имаат за цел „да ги решат“ семејните, романтичните, па дури и имотните спорови со тупаници додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. „Борците“ традиционално се мажи, но годиниве сѐ повеќе учествуваат и жени. Традицијата е наречена Таканакуј, кечуански назив што во приближен превод значи „удирање“. Тепачката вклучува само клоци и тупаници и завршува ако борецот крвари, падне на земја или не може веќе да се одбрани. Луѓе на „Рондерос“, како што е познат околниот правосуден систем на заедниците на Андите, стојат покрај бојното поле за да помогнат во растурањето на борбите кога тоа е потребно. Борбите традиционално се проследени со јадење, пиење и поворка. Овогодишниот настан имаше повеќе од 40 тепачки, од коишто секоја траеше приближно две минути. На крајот, со изедначување на резултатот, тепачките обично завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.

The post Да се решат сите недоразбирања пред да заврши годината: Божиќен обичај на тепачки во Перу appeared first on Република.

]]>
Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrieni-novi-168-misteriozni-geoglifi-vo-naska-vo-peru/ Thu, 15 Dec 2022 19:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=586172

Истражувачи од јапонскиот Универзитет Јамагата, со помош на дронови откриле 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи.

Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ера.

Со најновите додатоци откриени од јапонските истражувачи, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да бидат пронајдени. Со оглед на тоа што линиите се создадени со отстранување на камења и остатоци за да се открие контрастната обоена почва одоздола, ерозијата само го отежнува нивното откривање. Во таков случај се користат дронови.

Дроновите им овозможиле на експертите да ги видат линиите на Наска со поголема јасност од кога било досега. Некои од информациите што ги собираат истражувачите, дури се анализирани со програми за вештачка интелигенција кои можат да издвојат различни модели побрзо и посигурно од човечкото око.

Линиите на Наска се една од најинтригантните мистерии во историјата, а откривањето на повеќе од нив можеби ќе го доближи човештвото до сфаќање на нивната цел. Од некоја необјаснива причина, помеѓу 500 п.н.е. и 500 година заедниците во јужниот дел на Перу почнале да цртаат едноставни линии, форми и фигури во пејзажот, од кои многу може да се видат во целост само од птичја перспектива.

Линиите се толкуваа на многу начини во текот на децениите, но најчестото објаснување е дека тие биле наменети за боговите на небото кои гледаат одозгора на луѓето. Друга популарна теорија сугерира дека овие фигури и цртежи биле наменети за ритуални астрономски цели и некако ги рефлектирале ѕвездите.

The post Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу appeared first on Република.

]]>

Истражувачи од јапонскиот Универзитет Јамагата, со помош на дронови откриле 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи. Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ера. Со најновите додатоци откриени од јапонските истражувачи, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да бидат пронајдени. Со оглед на тоа што линиите се создадени со отстранување на камења и остатоци за да се открие контрастната обоена почва одоздола, ерозијата само го отежнува нивното откривање. Во таков случај се користат дронови. Дроновите им овозможиле на експертите да ги видат линиите на Наска со поголема јасност од кога било досега. Некои од информациите што ги собираат истражувачите, дури се анализирани со програми за вештачка интелигенција кои можат да издвојат различни модели побрзо и посигурно од човечкото око. Линиите на Наска се една од најинтригантните мистерии во историјата, а откривањето на повеќе од нив можеби ќе го доближи човештвото до сфаќање на нивната цел. Од некоја необјаснива причина, помеѓу 500 п.н.е. и 500 година заедниците во јужниот дел на Перу почнале да цртаат едноставни линии, форми и фигури во пејзажот, од кои многу може да се видат во целост само од птичја перспектива. Линиите се толкуваа на многу начини во текот на децениите, но најчестото објаснување е дека тие биле наменети за боговите на небото кои гледаат одозгора на луѓето. Друга популарна теорија сугерира дека овие фигури и цртежи биле наменети за ритуални астрономски цели и некако ги рефлектирале ѕвездите.

The post Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу appeared first on Република.

]]>
Мачу Пикчу не се вика така: По 100 години археолози го откриле вистинското име на древниот град на Инките https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/machu-pikchu-ne-se-vika-taka-po-100-godini-arheolozi-go-otkrile-vistinskoto-ime-na-drevniot-grad-na-inkite/ Tue, 19 Apr 2022 10:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=490432

Повеќе од 100 години, еден од најпознатите археолошки локалитети во светот, Мачу Пикчу, древниот град на Инките во Перу, е познат по погрешно име, се вели во извештај објавен во списанието „Journal of Andean Studies“.

Инките, луѓето кои го изградиле античкиот град, веројатно го нарекле Хуаина Пикчу - се вели во извештајот.

Хуаина значи „нов или млад“, додека Пикчу значи „врв на планина“ на кечуански. Мачу значи „стар“, па го нарековме стар планински врв - вели за „Си-Ен-Ен“, Емили Дин, професор по антропологија на Универзитетот во Јужна Јута во Сидар Сити.

Таа не била вклучена во извештајот.

Според авторот на извештајот Брајан Бауер, професор по антропологија на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, се верува дека цитаделата на Инките дека била изградена околу 1420 година како имот за кралевите кои живеат во Куско, главниот град на Империјата на Инките.

Кога Шпанците ги освоиле Инките, Хуаина Пикчу била напуштена, се вели во извештајот. Градот бил скриен длабоко во Андите со векови додека американскиот истражувач Хирам Бингам повторно го открил во 1911 година.

Во своите теренски белешки, Бингам одлучил да го именува античкиот град Мачу Пикчу, врз основа на информациите што му ги дал неговиот водич Мелчор Артеага, фармер кој живеел во областа - вели Бауер.

За време на истражувањето на Мачу Пикчу, Бауер нашол докази дека неговото првобитно име било различно. Донато Амадо Гонзалес, историчар од Министерството за култура во Перу, самостојно ја открил истата шема, па тие решиле да се обединат и заедно да го откријат вистинското име на градот кој е многу популарна туристичка дестинација.

Истражувачите почнале со разгледување на белешките на Бингам во кои тој изјавил дека не бил сигурен за името на урнатините кога првпат ги посетил. Бауер и Амадо Гонзалес потоа ги прегледале мапите и атласите отпечатени пред и по посетата на Бингам.

Еден од најфасцинантните документи е извештајот од 1588 година, во кој се наведува дека домородците од регионот Вилкабамба размислуваат да се вратат во Хуаина Пикчу - вели Бауер.

Сепак, Бауер вели дека и покрај откривањето на оригиналното име на областа, Мачу Пикчу веројатно ќе остане Мачу Пикчу.

Не би предложиле промена на името бидејќи Мачу Пикчу е премногу познат низ светот. Мачу Пикчу е објавен и во илјадници книги, написи, огласи и правни документи. Народот на Перу и нивната влада го прифатија новото име, па затоа, иако е интересен додаток во историјата на локацијата, нема да го смени неговото модерно име - вели тој.

The post Мачу Пикчу не се вика така: По 100 години археолози го откриле вистинското име на древниот град на Инките appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 100 години, еден од најпознатите археолошки локалитети во светот, Мачу Пикчу, древниот град на Инките во Перу, е познат по погрешно име, се вели во извештај објавен во списанието „Journal of Andean Studies“. Инките, луѓето кои го изградиле античкиот град, веројатно го нарекле Хуаина Пикчу - се вели во извештајот.
Хуаина значи „нов или млад“, додека Пикчу значи „врв на планина“ на кечуански. Мачу значи „стар“, па го нарековме стар планински врв - вели за „Си-Ен-Ен“, Емили Дин, професор по антропологија на Универзитетот во Јужна Јута во Сидар Сити.
Таа не била вклучена во извештајот. Според авторот на извештајот Брајан Бауер, професор по антропологија на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, се верува дека цитаделата на Инките дека била изградена околу 1420 година како имот за кралевите кои живеат во Куско, главниот град на Империјата на Инките. Кога Шпанците ги освоиле Инките, Хуаина Пикчу била напуштена, се вели во извештајот. Градот бил скриен длабоко во Андите со векови додека американскиот истражувач Хирам Бингам повторно го открил во 1911 година.
Во своите теренски белешки, Бингам одлучил да го именува античкиот град Мачу Пикчу, врз основа на информациите што му ги дал неговиот водич Мелчор Артеага, фармер кој живеел во областа - вели Бауер.
За време на истражувањето на Мачу Пикчу, Бауер нашол докази дека неговото првобитно име било различно. Донато Амадо Гонзалес, историчар од Министерството за култура во Перу, самостојно ја открил истата шема, па тие решиле да се обединат и заедно да го откријат вистинското име на градот кој е многу популарна туристичка дестинација. Истражувачите почнале со разгледување на белешките на Бингам во кои тој изјавил дека не бил сигурен за името на урнатините кога првпат ги посетил. Бауер и Амадо Гонзалес потоа ги прегледале мапите и атласите отпечатени пред и по посетата на Бингам.
Еден од најфасцинантните документи е извештајот од 1588 година, во кој се наведува дека домородците од регионот Вилкабамба размислуваат да се вратат во Хуаина Пикчу - вели Бауер.
Сепак, Бауер вели дека и покрај откривањето на оригиналното име на областа, Мачу Пикчу веројатно ќе остане Мачу Пикчу.
Не би предложиле промена на името бидејќи Мачу Пикчу е премногу познат низ светот. Мачу Пикчу е објавен и во илјадници книги, написи, огласи и правни документи. Народот на Перу и нивната влада го прифатија новото име, па затоа, иако е интересен додаток во историјата на локацијата, нема да го смени неговото модерно име - вели тој.

The post Мачу Пикчу не се вика така: По 100 години археолози го откриле вистинското име на древниот град на Инките appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател на Перу помилуван од казната за злосторства против човековите права https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-pretsedatel-na-peru-pomiluvan-od-kaznata-za-zlostorstva-protiv-chovekovite-prava/ Fri, 18 Mar 2022 08:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=474766

Уставнот суд на Перу донесе одлука со која се ослободува поранешниот претседател, Алберто Фуџимори, десет години пред истекувањето на изречената казна.

Уставниот суд во јужноамериканската земја го прифати барањето за повлекување на одлуката за поништување на помилувањето на Фуџимори, со што помилувањето веднаш стапува на сила.

Осумдесет и тригодишниот Фуџимори отслужуваше 25-годишна затворска казна изречена поради сериозни прекршувања на човековите права за време на неговото владеење како претседател во периодот од 1990 до 2000 година.

Заменик-министерот за правда, Хуан Караско, изјави дека Владата ќе ја обжали одлуката пред Меѓуамериканскиот суд за човекови права, забележувајќи дека „помилување не доаѓа предвид“ кога се работи за сторени сериозни злосторства против човештвото.

Шефот на дипломатијата на Перу, Цезар Ланда, исто така на Твитер напиша дека „одлуката на Уставниот суд е неважечка“, затоа што е спротивна на претходните одлуки на истиот суд.

https://twitter.com/CesarLanda0/status/1504622309079977988?cxt=HHwWiMC43ZWBv-EpAAAA

Обврска на државата е да ги казни одговорните за бројните случаи на злосторство и да бара правда за жртвите - портача Ланда.

Фуџимори беше осуден заради немилосрдни убиства на припадници на левичарските и наводно „субверзивните“ сили во земјата за време на неговото владеење, а укина и многу од овластувањата на парламентот.

Освен тоа, десетици илјади домородни жени беа насилно стерилизирани за да се намали нивната популација која тогашната власт ја сметаше за пречка на развојот на државата.

The post Поранешниот претседател на Перу помилуван од казната за злосторства против човековите права appeared first on Република.

]]>

Уставнот суд на Перу донесе одлука со која се ослободува поранешниот претседател, Алберто Фуџимори, десет години пред истекувањето на изречената казна. Уставниот суд во јужноамериканската земја го прифати барањето за повлекување на одлуката за поништување на помилувањето на Фуџимори, со што помилувањето веднаш стапува на сила. Осумдесет и тригодишниот Фуџимори отслужуваше 25-годишна затворска казна изречена поради сериозни прекршувања на човековите права за време на неговото владеење како претседател во периодот од 1990 до 2000 година. Заменик-министерот за правда, Хуан Караско, изјави дека Владата ќе ја обжали одлуката пред Меѓуамериканскиот суд за човекови права, забележувајќи дека „помилување не доаѓа предвид“ кога се работи за сторени сериозни злосторства против човештвото. Шефот на дипломатијата на Перу, Цезар Ланда, исто така на Твитер напиша дека „одлуката на Уставниот суд е неважечка“, затоа што е спротивна на претходните одлуки на истиот суд. https://twitter.com/CesarLanda0/status/1504622309079977988?cxt=HHwWiMC43ZWBv-EpAAAA
Обврска на државата е да ги казни одговорните за бројните случаи на злосторство и да бара правда за жртвите - портача Ланда.
Фуџимори беше осуден заради немилосрдни убиства на припадници на левичарските и наводно „субверзивните“ сили во земјата за време на неговото владеење, а укина и многу од овластувањата на парламентот. Освен тоа, десетици илјади домородни жени беа насилно стерилизирани за да се намали нивната популација која тогашната власт ја сметаше за пречка на развојот на државата.

The post Поранешниот претседател на Перу помилуван од казната за злосторства против човековите права appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Перу поднесе оставка по обвинувањата дека ги тепал ќерката и сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierot-na-peru-podnese-ostavka-po-obvinuvanjata-deka-gi-tepal-kjerkata-i-soprugata/ Mon, 07 Feb 2022 09:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=455023

Перуанскиот премиер Хектор Валер објави дека ја напушта функцијата само четири дена откако беше назначен. Оставката на Валер доаѓа по обвинувањата дека ги тепал ќерка си и покојната сопруга, кошто го принудија претседателот Педро Кастиљо да назначи нова влада, четврта во последните шест месеци.

Кастиљо во петокот најави дека ќе го реконструира кабинетот, со оглед на компромитирачките наводи за Валер, но не соопшти дали премиерот ќе поднесе оставка поради тоа. Претседателот сега треба да го назначи својот четврти кабинет во кој, како што најави, ќе има претставници на повеќе политички групи, но не се знае кога ќе го направи тоа.

Неговиот прв премиер беше лидер на екстремната левичарска партија, кога беше сменет во октомври со политичар од умерената левица, пред Кастиљо да ја назначи Валер оваа недела.

Валер е пратеник и конзервативен католик кој се кандидираше за десничарската партија пред да пребегне за да се приклучи на конгресниот блок.

The post Премиерот на Перу поднесе оставка по обвинувањата дека ги тепал ќерката и сопругата appeared first on Република.

]]>

Перуанскиот премиер Хектор Валер објави дека ја напушта функцијата само четири дена откако беше назначен. Оставката на Валер доаѓа по обвинувањата дека ги тепал ќерка си и покојната сопруга, кошто го принудија претседателот Педро Кастиљо да назначи нова влада, четврта во последните шест месеци. Кастиљо во петокот најави дека ќе го реконструира кабинетот, со оглед на компромитирачките наводи за Валер, но не соопшти дали премиерот ќе поднесе оставка поради тоа. Претседателот сега треба да го назначи својот четврти кабинет во кој, како што најави, ќе има претставници на повеќе политички групи, но не се знае кога ќе го направи тоа. Неговиот прв премиер беше лидер на екстремната левичарска партија, кога беше сменет во октомври со политичар од умерената левица, пред Кастиљо да ја назначи Валер оваа недела. Валер е пратеник и конзервативен католик кој се кандидираше за десничарската партија пред да пребегне за да се приклучи на конгресниот блок.

The post Премиерот на Перу поднесе оставка по обвинувањата дека ги тепал ќерката и сопругата appeared first on Република.

]]>