пертусис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pertusis/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 12:35:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пертусис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pertusis/ 32 32 Во Куманово има осум нови случаи на пертусис за една недела https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-kumanovo-ima-osum-novi-sluchai-na-pertusis-za-edna-nedela/ Fri, 19 Jul 2024 12:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=798468

Осум новопријавени случаи на пертусис регистрира Центарот за јавно здравје - Куманово, соопштија денеска надлежните. Според податоците на ЦЈЗ -Куманово, случаите се пријавени минатата недела. Од нив, пет во општина Куманово, два во Кратово и еден во Крива Паланка.

Сè уште е во тек пријавената епидемија од месец март. Минатиот месец имавме 20 нови случаи. Инаку, од почетокот, досега на ниво на Центарот за јавно здравје, пријавени се вкупно 86 случаи, од кои 70 на ниво на општина Куманово и општина Липково, изјави раководителката на епидемиолошкото одделение, доктор Јадранка Стаменковска.

Остануваат препорачаните мерки за оваа состојба, пребарување на невакцинираните, на нецелосно вакцинираните деца, целосна вакцинација, изолација на заболените.

Активно ги пребаруваме заедно со екипите од Здравствен дом, оние деца кои се невакцинирани и некомплетно вакцинирани. Останува препораката за целосна вакцинација особено до една година, три дози на ди-те-пер да се дадат и оние коишто доцнат со вакцините, бидејќи една од противепидемиските мерки е редовно да се вакцинираат и да се пронаоѓаат оние коишто се некомплетно вакцинирани. Тука е изолацијата на заболените, се следи состојбата на ниво на Центарот за јавно здравје - Куманово, додаде Стаменковска.

Оние коишто се вакцинирани целосно, претежно станува збор за повозрасни лица, поминуваат со полесна клиничка слика, а ранливи се оние кои воопшто не се вакцинирани и бебињата до два месеца кои пак не примаат вакцина на таа возраст.

Од Центарот за јавно здравје појаснија дека продолжуваат мерките согласно укажувањата на Комисија за заразни болести и Институтот за јавно здравје - засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комуникации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните.

Првиот случај на пертусис во Куманово е евидентиран на 6 февруари.

 

The post Во Куманово има осум нови случаи на пертусис за една недела appeared first on Република.

]]>

Осум новопријавени случаи на пертусис регистрира Центарот за јавно здравје - Куманово, соопштија денеска надлежните. Според податоците на ЦЈЗ -Куманово, случаите се пријавени минатата недела. Од нив, пет во општина Куманово, два во Кратово и еден во Крива Паланка.
Сè уште е во тек пријавената епидемија од месец март. Минатиот месец имавме 20 нови случаи. Инаку, од почетокот, досега на ниво на Центарот за јавно здравје, пријавени се вкупно 86 случаи, од кои 70 на ниво на општина Куманово и општина Липково, изјави раководителката на епидемиолошкото одделение, доктор Јадранка Стаменковска.
Остануваат препорачаните мерки за оваа состојба, пребарување на невакцинираните, на нецелосно вакцинираните деца, целосна вакцинација, изолација на заболените.
Активно ги пребаруваме заедно со екипите од Здравствен дом, оние деца кои се невакцинирани и некомплетно вакцинирани. Останува препораката за целосна вакцинација особено до една година, три дози на ди-те-пер да се дадат и оние коишто доцнат со вакцините, бидејќи една од противепидемиските мерки е редовно да се вакцинираат и да се пронаоѓаат оние коишто се некомплетно вакцинирани. Тука е изолацијата на заболените, се следи состојбата на ниво на Центарот за јавно здравје - Куманово, додаде Стаменковска.
Оние коишто се вакцинирани целосно, претежно станува збор за повозрасни лица, поминуваат со полесна клиничка слика, а ранливи се оние кои воопшто не се вакцинирани и бебињата до два месеца кои пак не примаат вакцина на таа возраст. Од Центарот за јавно здравје појаснија дека продолжуваат мерките согласно укажувањата на Комисија за заразни болести и Институтот за јавно здравје - засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комуникации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните. Првиот случај на пертусис во Куманово е евидентиран на 6 февруари.  

The post Во Куманово има осум нови случаи на пертусис за една недела appeared first on Република.

]]>
Расте интересот за вакцинација од појавата на првиот случај на пертусис во Куманово https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/raste-interesot-za-vaktsinatsija-od-pojavata-na-prviot-sluchaj-na-pertusis-vo-kumanovo/ Thu, 04 Apr 2024 13:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=762131

Зголемен е интересот за вакцинација по појавата на првиот случајот на пертусис. Од крајот на јануари досега вакцинирани се над 1.700 предучилишни дечиња и 915 деца на училишна возраст, соопштија денеска надлежните од вакциналниот пункт од Здравствен дом Куманово.

Имаше голем број невакцинирани деца дали со втора, трета доза, дали со ревакцина, ние тука постигнавме доста голем успех и кај некои и целосно го исполнивме вакциналниот статус за да можат редовно да одат во градинка и пред сè да бидат заштитени и самите, но и околината во која се наоѓаат, за да го постигнеме оној колективен имунитет што значи и заштита од заразни заболувања, изјави началникот на детски диспанзер, д-р Валентина Богоевска-Димитриевска.

Куманово е под засилен епидемиолошки надзор поради состојба со „голема кашлица“. Најновиот потврден случај е 15 годишна ученичка од Кратово. Таа е вакцинирана со пет дози и е на домашна терапија. На ниво на Куманово има 23 регистрирани случаи, центарот за јавно здравје пријави епидемија.

Продолжуваме да ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за да го продолжиме континуитет на вакцинирање и да придонесеме за зачувување на здравјето на сите нас особено на најмалите кои се во период кога не можат да бидат вакцинирани, изјави Богоевска-Димитриевска.

Во осумте објекти на градинката „Ангел Шајче“ се примаат деца со примени три дози вакцина против „голема кашлица“.

The post Расте интересот за вакцинација од појавата на првиот случај на пертусис во Куманово appeared first on Република.

]]>

Зголемен е интересот за вакцинација по појавата на првиот случајот на пертусис. Од крајот на јануари досега вакцинирани се над 1.700 предучилишни дечиња и 915 деца на училишна возраст, соопштија денеска надлежните од вакциналниот пункт од Здравствен дом Куманово. Имаше голем број невакцинирани деца дали со втора, трета доза, дали со ревакцина, ние тука постигнавме доста голем успех и кај некои и целосно го исполнивме вакциналниот статус за да можат редовно да одат во градинка и пред сè да бидат заштитени и самите, но и околината во која се наоѓаат, за да го постигнеме оној колективен имунитет што значи и заштита од заразни заболувања, изјави началникот на детски диспанзер, д-р Валентина Богоевска-Димитриевска. Куманово е под засилен епидемиолошки надзор поради состојба со „голема кашлица“. Најновиот потврден случај е 15 годишна ученичка од Кратово. Таа е вакцинирана со пет дози и е на домашна терапија. На ниво на Куманово има 23 регистрирани случаи, центарот за јавно здравје пријави епидемија. Продолжуваме да ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за да го продолжиме континуитет на вакцинирање и да придонесеме за зачувување на здравјето на сите нас особено на најмалите кои се во период кога не можат да бидат вакцинирани, изјави Богоевска-Димитриевска. Во осумте објекти на градинката „Ангел Шајче“ се примаат деца со примени три дози вакцина против „голема кашлица“.

The post Расте интересот за вакцинација од појавата на првиот случај на пертусис во Куманово appeared first on Република.

]]>
По Скопје и Куманово прогласи епидемија на пертусис https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-skopje-i-kumanovo-proglasi-epidemija-na-pertusis/ Tue, 02 Apr 2024 11:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=761235

Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово.

На 8 февруари годинава во Скопје беше прогласена епидемија на пертусис од страна на Центарот за јавно здавје Скопје.

Земајќи го предвид зголемениот број на заболени од „голема кашлица“ епидемиолошка поврзаност сметаме дека треба да се пријави епидемија на пертусис за територија на град Куманово со вкупно 23 заболени од кои пет се регистрирани, хоспитализирани лица. Возраста на заболените се движи од 4 месеци до 60 години. Најголем број се од 1 до 4 годишна возраст, потоа е под една година, таа од пет до 9 години, останатите се застапени по еден случај. Секако дека останува препораката и апелот да се вакцинираат децата за да се заштитат од оваа болест. Сите случаи се лабораториски потврдени од кои најголем број се потврдени во микробиолошка лабораторија во центар за јавно здравје Куманово. Во однос на вакциналниот статус на заболените од Куманово осум лица се целосно вакцинирани, три се вакцинирани согласно возраста, пет лица се нецелосно вакцинирани, шест се невакцинирани, за лицето од 60 години вакциналниот статус е непознат, изјави д-р Рамизи.

Од Центарот за јавно здравје велат дека се преземени мерки согласно укажувањата на комисија за заразни болести и институтот за јавно здравје засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комункации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните…

По едно заболено лице има во Крива Паланка, Липково и Кратово.

The post По Скопје и Куманово прогласи епидемија на пертусис appeared first on Република.

]]>

Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово. На 8 февруари годинава во Скопје беше прогласена епидемија на пертусис од страна на Центарот за јавно здавје Скопје.
Земајќи го предвид зголемениот број на заболени од „голема кашлица“ епидемиолошка поврзаност сметаме дека треба да се пријави епидемија на пертусис за територија на град Куманово со вкупно 23 заболени од кои пет се регистрирани, хоспитализирани лица. Возраста на заболените се движи од 4 месеци до 60 години. Најголем број се од 1 до 4 годишна возраст, потоа е под една година, таа од пет до 9 години, останатите се застапени по еден случај. Секако дека останува препораката и апелот да се вакцинираат децата за да се заштитат од оваа болест. Сите случаи се лабораториски потврдени од кои најголем број се потврдени во микробиолошка лабораторија во центар за јавно здравје Куманово. Во однос на вакциналниот статус на заболените од Куманово осум лица се целосно вакцинирани, три се вакцинирани согласно возраста, пет лица се нецелосно вакцинирани, шест се невакцинирани, за лицето од 60 години вакциналниот статус е непознат, изјави д-р Рамизи.
Од Центарот за јавно здравје велат дека се преземени мерки согласно укажувањата на комисија за заразни болести и институтот за јавно здравје засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комункации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните… По едно заболено лице има во Крива Паланка, Липково и Кратово.

The post По Скопје и Куманово прогласи епидемија на пертусис appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-da-se-zasili-inspektsiskiot-nadzor-vo-gradinkite-za-sledene-na-nevaktsiniranite-detsa/ Tue, 05 Mar 2024 14:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=751557

Комисијата за заразни болести препорачува да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, кажа денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Тој информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.

Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа сè уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро, кажа д-р Мехмедовиќ.

Првиот случај на пертусис (голема кашлица) беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Од 18 јануари до 29 февруари годинава по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.

Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.

Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат со ДиТеПер, кажа д-р Мехмедовиќ.

Комисијата исто така препорачува да се овозможи тестирање за голема кашлица на ниво на цела држава и да биде спроведувана од локалните Центри за јавно здравје.

Од Комитетот за имунизација е добиена информација дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни. Комисијата за заразни болести препорачува вакцинација на возрасни лица кои живеат во семејства каде што има мали деца до две години, трудници во последниот триместар, како и персонал кој работи со мали деца.

Директорот на Инфективна клиника, д-р Фадил Цана кажа дека од 1 јануари до денес на Клиниката имале 12 лица прегледани и потврдени за голема кашлица.

 

The post Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести препорачува да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките, кажа денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Тој информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.
Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа сè уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро, кажа д-р Мехмедовиќ.
Првиот случај на пертусис (голема кашлица) беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Од 18 јануари до 29 февруари годинава по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини.
Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.
Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.
Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат со ДиТеПер, кажа д-р Мехмедовиќ.
Комисијата исто така препорачува да се овозможи тестирање за голема кашлица на ниво на цела држава и да биде спроведувана од локалните Центри за јавно здравје. Од Комитетот за имунизација е добиена информација дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни. Комисијата за заразни болести препорачува вакцинација на возрасни лица кои живеат во семејства каде што има мали деца до две години, трудници во последниот триместар, како и персонал кој работи со мали деца. Директорот на Инфективна клиника, д-р Фадил Цана кажа дека од 1 јануари до денес на Клиниката имале 12 лица прегледани и потврдени за голема кашлица.  

The post Д-р Мехмедовиќ: Да се засили инспекцискиот надзор во градинките за следење на невакцинираните деца appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести денеска има состанок, во Скопје има 123 случаи на пертусис https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-deneska-ima-sostanok-vo-skopje-ima-123-sluchai-na-pertusis/ Tue, 05 Mar 2024 09:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=751378

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се расправа за состојбата со големата кашлица и грипот, како и за евентуални мерки што треба да се преземат.

Од почетокот на годината, заклучно со вчера попладне, вкупно 123 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

 

The post Комисијата за заразни болести денеска има состанок, во Скопје има 123 случаи на пертусис appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се расправа за состојбата со големата кашлица и грипот, како и за евентуални мерки што треба да се преземат. Од почетокот на годината, заклучно со вчера попладне, вкупно 123 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.  

The post Комисијата за заразни болести денеска има состанок, во Скопје има 123 случаи на пертусис appeared first on Република.

]]>
Родителите на невакцинираните прашајте ги како ќе го организираат чувањето, порача министерот и повика на вакцинација со Ди-Те-Пер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-na-nevaktsiniranite-prashajte-gi-kako-ke-go-organiziraat-chuvaneto-poracha-ministerot-i-povika-na-vaktsinatsija-so-di-te-per/ Thu, 15 Feb 2024 13:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=744418

Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Ја користам можноста да се обратам до сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца, дека најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација. Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца, истакна денеска новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.

Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање.

Тој имаше обраќање на Свечената академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија, по што одговараше на новинарски прашања.

The post Родителите на невакцинираните прашајте ги како ќе го организираат чувањето, порача министерот и повика на вакцинација со Ди-Те-Пер appeared first on Република.

]]>

Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Ја користам можноста да се обратам до сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца, дека најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација. Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца, истакна денеска новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот. Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.
Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање.
Тој имаше обраќање на Свечената академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија, по што одговараше на новинарски прашања.

The post Родителите на невакцинираните прашајте ги како ќе го организираат чувањето, порача министерот и повика на вакцинација со Ди-Те-Пер appeared first on Република.

]]>
Три деца заразени со магарешка кашлица во Куманово, трите невакцинирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/tri-detsa-zarazeni-so-magareshka-kashlitsa-vo-kumanovo-trite-nevaktsinirani/ Fri, 09 Feb 2024 13:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=742232

Три деца од Куманово, две од исто семејство на четиригодишна возраст и 13 месеци и уште едно 18-месечно дете се заболени од пертусис, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Тринаесетмесечното бебе се лекува во Козле, 1-месечното е на приватна клиника, a четиригодишното дете е на домашна тепарија. Ниту едно од децата не посетува градинка.

Сите се лабораториски потврдени случаи и се невакцинирани деца. Останува нашата препорака да се вакцинираат децата, изјави доктор Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.

Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е недоволен, информираа претходно од Здравствен дом, детски диспанзер. Надлежните велат болеста е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата.

Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани деца. Антивакциналната кампања, придонесе да се вратат исчезнати болести, како пертусис кои можат да предизвикаат сериозни последици, па дури да бидат и фатални, изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.

Болеста, како што објаснува докторката, меѓу луѓето е позната како „црна кашлица“ или „магарешка кашлица“ и е акутно заболување, мошне заразно. Инкубацијата трае од 7 до 14 дена. Првин се појавува течење нос, зарипнато грло, покачена температура, после болеста напредува и е препознатлива со карактеристично ноќно кашлање предизвикано од инфекцијата која ги напаѓа белите дробови.

Почнува да се лачи слузта поинтензивно не постои можност за искашлување, кашлицата е иритативна, досадна кашлица може да предизвика компликации бронхопневмонија, воспаление на средно уво, енцефалитис. Може да се јави и крв, зашто е многу напорна кашлица. Може да доведе до фатален исход, вели Богоевска-Димитриевска.

Болеста освен кај бебињата може да предизвика и сериозни компликации кај возрасните со коморбидитети. Но, особено страдаат најмалите, оние кои не се вакцинирани. Вакцинираните пак, можат да се заразат ама поминуваат со послаби симптоми.

Лекарите велат дека најефикасна мерка за заштитата од болеста е имунизацијата.

The post Три деца заразени со магарешка кашлица во Куманово, трите невакцинирани appeared first on Република.

]]>

Три деца од Куманово, две од исто семејство на четиригодишна возраст и 13 месеци и уште едно 18-месечно дете се заболени од пертусис, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Тринаесетмесечното бебе се лекува во Козле, 1-месечното е на приватна клиника, a четиригодишното дете е на домашна тепарија. Ниту едно од децата не посетува градинка.
Сите се лабораториски потврдени случаи и се невакцинирани деца. Останува нашата препорака да се вакцинираат децата, изјави доктор Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.
Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е недоволен, информираа претходно од Здравствен дом, детски диспанзер. Надлежните велат болеста е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата.
Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани деца. Антивакциналната кампања, придонесе да се вратат исчезнати болести, како пертусис кои можат да предизвикаат сериозни последици, па дури да бидат и фатални, изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.
Болеста, како што објаснува докторката, меѓу луѓето е позната како „црна кашлица“ или „магарешка кашлица“ и е акутно заболување, мошне заразно. Инкубацијата трае од 7 до 14 дена. Првин се појавува течење нос, зарипнато грло, покачена температура, после болеста напредува и е препознатлива со карактеристично ноќно кашлање предизвикано од инфекцијата која ги напаѓа белите дробови.
Почнува да се лачи слузта поинтензивно не постои можност за искашлување, кашлицата е иритативна, досадна кашлица може да предизвика компликации бронхопневмонија, воспаление на средно уво, енцефалитис. Може да се јави и крв, зашто е многу напорна кашлица. Може да доведе до фатален исход, вели Богоевска-Димитриевска.
Болеста освен кај бебињата може да предизвика и сериозни компликации кај возрасните со коморбидитети. Но, особено страдаат најмалите, оние кои не се вакцинирани. Вакцинираните пак, можат да се заразат ама поминуваат со послаби симптоми. Лекарите велат дека најефикасна мерка за заштитата од болеста е имунизацијата.

The post Три деца заразени со магарешка кашлица во Куманово, трите невакцинирани appeared first on Република.

]]>