персона нон грата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/persona-non-grata/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Jan 2023 07:30:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png персона нон грата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/persona-non-grata/ 32 32 Владата го игнорира претседателот: Не расправаше за прогласување на Џамбаски за персона „нон грата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-ignorira-pretsedatelot-ne-raspravashe-za-proglasuvane-na-dhambaski-za-persona-non-grata/ Wed, 25 Jan 2023 07:14:19 +0000 https://republika.mk/?p=600672

Владата на синоќешната седница донесе и заклучоци во врска со одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност.

Делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе биде составена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, соопштија од Владата.

На седницата Владата не расправаше за барањето на претсседателот Пендаровски еврпратеникот Ангел Џамбаски да се прогласи за персона „нон грата“.

The post Владата го игнорира претседателот: Не расправаше за прогласување на Џамбаски за персона „нон грата“ appeared first on Република.

]]>

Владата на синоќешната седница донесе и заклучоци во врска со одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев. Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност. Делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе биде составена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, соопштија од Владата. На седницата Владата не расправаше за барањето на претсседателот Пендаровски еврпратеникот Ангел Џамбаски да се прогласи за персона „нон грата“.

The post Владата го игнорира претседателот: Не расправаше за прогласување на Џамбаски за персона „нон грата“ appeared first on Република.

]]>
Се чека на Османи и на МНР да се изјаснат за барањето на Пендаровски, Џамбаски да биде прогласен за персона „нон грата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-cheka-na-osmani-i-na-mnr-da-se-izjasnat-za-baraneto-na-pendarovski-dhambaski-da-bide-proglasen-za-persona-non-grata/ Tue, 24 Jan 2023 10:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=600367

Откако вчера претседателот Стево Пендаровски побара пратеник на Европскиот парламент и уште неколкумина да бидат прогласени за персона „нон грата“ сите очи се вперени во Министерството за надворешни работи. Од министерот Бујар Османи зависи дали органите ќе ги послушаат неговите барања.

Шефот на државата е во право кога вели неговите ингеренции завршуваат дотука и дека тој предупредил на можните сценарија кои можат да се случат на 4 февруари на одблежувањето на роденденот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас во Скопје.

Република“ го праша Министерството за надворешни работи дали и кога Османи ќе се изјави за барањето на Пендаровски но се уште немаме одговор.

Знаејќи го сервилниот однос на Османи кон Бугарија малку е веројатно дека ќе го прифати барањето на претседателот на државата.

Тоа се виде и за време на неговата последна посета на Бугарија кога стоеше простум без да изусти збор кога бугарскиот министер Милков обвинуваше дека се вратило времето кога во Македонија се убивало и малтретирало.

Време до 4 февруари има се помалку и ако се случат инциденти единствениот виновник ќе биде власта. А можеби тоа и го посакуваат како изговор за уставни измени!

The post Се чека на Османи и на МНР да се изјаснат за барањето на Пендаровски, Џамбаски да биде прогласен за персона „нон грата“ appeared first on Република.

]]>

Откако вчера претседателот Стево Пендаровски побара пратеник на Европскиот парламент и уште неколкумина да бидат прогласени за персона „нон грата“ сите очи се вперени во Министерството за надворешни работи. Од министерот Бујар Османи зависи дали органите ќе ги послушаат неговите барања. Шефот на државата е во право кога вели неговите ингеренции завршуваат дотука и дека тој предупредил на можните сценарија кои можат да се случат на 4 февруари на одблежувањето на роденденот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас во Скопје. Република“ го праша Министерството за надворешни работи дали и кога Османи ќе се изјави за барањето на Пендаровски но се уште немаме одговор. Знаејќи го сервилниот однос на Османи кон Бугарија малку е веројатно дека ќе го прифати барањето на претседателот на државата. Тоа се виде и за време на неговата последна посета на Бугарија кога стоеше простум без да изусти збор кога бугарскиот министер Милков обвинуваше дека се вратило времето кога во Македонија се убивало и малтретирало. Време до 4 февруари има се помалку и ако се случат инциденти единствениот виновник ќе биде власта. А можеби тоа и го посакуваат како изговор за уставни измени!

The post Се чека на Османи и на МНР да се изјаснат за барањето на Пендаровски, Џамбаски да биде прогласен за персона „нон грата“ appeared first on Република.

]]>
СДСМ е на линија со изјавата на Пендаровски за забрана на влез на Џамбаски во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-e-na-linija-so-izjavata-na-pendarovski-za-zabrana-na-vlez-na-dhambaski-vo-zemjava/ Mon, 23 Jan 2023 22:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=600211

„Верувам дека сите се почувствуваа непријатно по настаните и изјавите кои ги даваше Џамбаски со неговата група при одбележувањето на Мара Бунева. Во таа насока логична е реакцијата на претседателот Стево Пендаровски и тоа што го презентираше на Советот за безбедност“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека СДСМ генерално е на иста линија со тоа што го кажа претседателот Пендаровски, дека треба да се забрани влез за европратеникот во земјава.

„Ќе видиме како тоа ќе резултира, конечната одлука треба да ја донесе Владата“ рече Богоев.

Претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност ѝ предложи на Владата да им забрани влез во земјава на еден европратеник, кого не го именуваше и на уште неколку бугарски државјани.

The post СДСМ е на линија со изјавата на Пендаровски за забрана на влез на Џамбаски во земјава appeared first on Република.

]]>

„Верувам дека сите се почувствуваа непријатно по настаните и изјавите кои ги даваше Џамбаски со неговата група при одбележувањето на Мара Бунева. Во таа насока логична е реакцијата на претседателот Стево Пендаровски и тоа што го презентираше на Советот за безбедност“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека СДСМ генерално е на иста линија со тоа што го кажа претседателот Пендаровски, дека треба да се забрани влез за европратеникот во земјава. „Ќе видиме како тоа ќе резултира, конечната одлука треба да ја донесе Владата“ рече Богоев. Претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност ѝ предложи на Владата да им забрани влез во земјава на еден европратеник, кого не го именуваше и на уште неколку бугарски државјани.

The post СДСМ е на линија со изјавата на Пендаровски за забрана на влез на Џамбаски во земјава appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Требаше да му забранат влез на Џамбаски истиот ден кога ги навредуваше Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-trebashe-da-mu-zabranat-vlez-na-dhambaski-istiot-den-koga-gi-navreduvashe-makedontsite/ Mon, 23 Jan 2023 19:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=600139

Претседателот на државата е познат по неговите тривијални настапи, често задоцнети и за работи кои не се во негова надлежност. Очекував од Советот за безбедност да видам анализа за случајот со Онишченко, однос зошто државата дава пасош на белосветски криминалци и зошто државата дозволила да биде засрамена пред целосната безбедносна структура на нашите пријатели во светот, изјави за „Тема на денот“ на Сител, Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со изјавата на Пендаровски дека ќе бара Џамбаски да му се забрани влез во Македонија.

Андоновски додаде дека Пендаровски сака да игра лошиот полицаец, а Османи добриот полицаец односно Бујар Османи да дозволува влез на вакви лица, а додека Пендаровски препорачува дека тоа не е соодветно иако знаеме дека тој нема надлежност.

Ќе очекував дента кога Џамбаски ги негираше Македонија, македонскиот народ и јазик, истиот ден да биде прогласен за персона нон грата, испратен до граница и да има реакција од МНР до Европскиот парламент. Ако имале вистинска намера можеле истиот ден да постапат. Со 10 дена задоцнување и кога Османи кажа дека не смета дека треба да се донесе таква одлука, ова е само замајување на јавноста, рече Андоновски.

Во врска со случајот со Пендиков во Охрид, Андоновски потенцира дека насилството не е решение, но власта наместо да дава политички изјави требаше да остави службите да го разрешат случајот. Андоновски посочи воедно срамно е да се гледа како Османи во својство на министер не реагираше на навредите за Македонија.

Мислам дека вчера беше најтрагичниот ден гледајќи го Бујар Османи како министер за надворешни се почувствував навредено и засрамени затоа што стоејќи до бугарскиот министер за надворешни работи тој немо стоеше кога тој кажа дека во Македонија постојат црни традиции на насилство, убиства итн. Така да мислам дека Османи тоа што остана и не прокоментира дека единствените црни петна во македонската историја поврзани со насилство е бугарскиот фашистички окупатор и неговиот престој во Втората светска војна. Црна традиција е брутално тепање и мачење на Страшо Пинџур и Мирче Ацев кои подлегнуваат на повредите, изјави Андоновски.

Според него да не реагирате на таква изјава е навредливо и требаше Пендаровски да го прокоментира однесувањето на Османи.

Османи не ја брани агендата на Македонија, туку ја брани агендата на личен пиар, лично градење да може да си ја продолжи својата кариера во политиката, истакна Андоновски.

The post Андоновски: Требаше да му забранат влез на Џамбаски истиот ден кога ги навредуваше Македонците appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата е познат по неговите тривијални настапи, често задоцнети и за работи кои не се во негова надлежност. Очекував од Советот за безбедност да видам анализа за случајот со Онишченко, однос зошто државата дава пасош на белосветски криминалци и зошто државата дозволила да биде засрамена пред целосната безбедносна структура на нашите пријатели во светот, изјави за „Тема на денот“ на Сител, Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со изјавата на Пендаровски дека ќе бара Џамбаски да му се забрани влез во Македонија. Андоновски додаде дека Пендаровски сака да игра лошиот полицаец, а Османи добриот полицаец односно Бујар Османи да дозволува влез на вакви лица, а додека Пендаровски препорачува дека тоа не е соодветно иако знаеме дека тој нема надлежност.
Ќе очекував дента кога Џамбаски ги негираше Македонија, македонскиот народ и јазик, истиот ден да биде прогласен за персона нон грата, испратен до граница и да има реакција од МНР до Европскиот парламент. Ако имале вистинска намера можеле истиот ден да постапат. Со 10 дена задоцнување и кога Османи кажа дека не смета дека треба да се донесе таква одлука, ова е само замајување на јавноста, рече Андоновски.
Во врска со случајот со Пендиков во Охрид, Андоновски потенцира дека насилството не е решение, но власта наместо да дава политички изјави требаше да остави службите да го разрешат случајот. Андоновски посочи воедно срамно е да се гледа како Османи во својство на министер не реагираше на навредите за Македонија.
Мислам дека вчера беше најтрагичниот ден гледајќи го Бујар Османи како министер за надворешни се почувствував навредено и засрамени затоа што стоејќи до бугарскиот министер за надворешни работи тој немо стоеше кога тој кажа дека во Македонија постојат црни традиции на насилство, убиства итн. Така да мислам дека Османи тоа што остана и не прокоментира дека единствените црни петна во македонската историја поврзани со насилство е бугарскиот фашистички окупатор и неговиот престој во Втората светска војна. Црна традиција е брутално тепање и мачење на Страшо Пинџур и Мирче Ацев кои подлегнуваат на повредите, изјави Андоновски.
Според него да не реагирате на таква изјава е навредливо и требаше Пендаровски да го прокоментира однесувањето на Османи.
Османи не ја брани агендата на Македонија, туку ја брани агендата на личен пиар, лично градење да може да си ја продолжи својата кариера во политиката, истакна Андоновски.

The post Андоновски: Требаше да му забранат влез на Џамбаски истиот ден кога ги навредуваше Македонците appeared first on Република.

]]>
Македонија прогласи дополнителни шест руски дипломати за persona non grata https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-proglasi-dopolnitelni-shest-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/ Fri, 15 Apr 2022 09:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=488868

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата, соопштија од МНР.

Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во наредните пет дена, стои во соопштението.

The post Македонија прогласи дополнителни шест руски дипломати за persona non grata appeared first on Република.