перо камиказа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pero-kamikaza/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 12:37:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png перо камиказа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pero-kamikaza/ 32 32 Камиказа: Во 2024 ќе се кандидирам за претседател на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kamikaza-vo-2024-kje-se-kandidiram-za-pretsedatel-na-drzavata/ Fri, 02 Dec 2022 12:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=580918

Не се откажувам од политичките амбиции. Во 2024 година ќе се кандидирам за претседател на државата. На луѓето им се смачи од криминалци во политиката и ќе им дадам шанса да изберат чесен човек, вели Петар Георгиевски-Камиказа, музичар, „заштитно“ лице на групата „Меморија“ во интервјуто за „СлободнаТВ“.

На локалите избори за градоначалник на Скопје ме поддржа само една помала политичка партија, истрчав без буџет, ме имаше само на три билборди, медиумите ме игнорираа, изборната битка меѓу големите етаблирани партиски сили беше нерамноправна и во такви услови освоив над 25.000 гласа. Тоа ми дава сила да не се откажувам од политиката, вели Георгиевски.

Зборувајќи за актуелната ситуација со блокадата на Скопје и политичките конфликти во градскиот совет Георгиевски вели дека не чувствува грижа на совест поради однесувањето на актуелната градоначалничка бидејќи таа ја немала неговата подршка за изборите.

Состојбата во градот е многу комплексна. Малку вина има во градоначалничката Арсовска, малку вина има во партијата што ја поддржа да стане градоначалничка. Ако партијата или членови на партијата што ја подржуваа и ја финансираа нејзината изборна кампања, тогаш и нивните очекувања од неа се легитимни. Таа направи и уште прави грешки во чекори. Едноставно, Данела не може да се справи со тие кои и помогнале да дојде на местото градоначалничка на Скопје. На пример, тоа нејзиното „рачето во медот“ стана хит. Но, еве, партијата што ја подржуваше излезе од медот и сега – чие раче е во медот?, вели Георгиевски.

Целото интервју тука 

The post Камиказа: Во 2024 ќе се кандидирам за претседател на државата appeared first on Република.

]]>

Перо Камиказа објави документ дека Св.Климент е од Македонија: Господине Георгиев, ова се бугарски ќитапи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pero-kamikaza-objavi-dokument-deka-sv-kliment-e-od-makedonija-gospodine-georgiev-ova-se-bugarski-kitapi/ Mon, 22 Aug 2022 18:39:24 +0000 https://republika.mk/?p=542977

Петар Георгиевски - Камиказа објави бугарски документи кои покажуваат дека св. Климент Охридски  е роден во Македонија.

Ова се бугарски китапи!!! 1915 година!!!! Тогаш Тито не ни знаел дека постои “МНОГУСТРАДАЛНА МАКЕДОНИЈА“ во 8 и 9 век. Еве го авторот и книгата, кај што пишува за светите браќа КИРИЛ И МЕТОДИ, како и за КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, што се и од кај се!

Тој има прашање и до претседателот на историската комисија.

Ова е бугарска историографија, господине ДРАГАН ЃОРГИЕВ, дали ја имавте земено во предвид,а?! Или како на БИТ ПАЗАР распродавате!!!

The post Перо Камиказа објави документ дека Св.Климент е од Македонија: Господине Георгиев, ова се бугарски ќитапи appeared first on Република.

Перо Камиказа: Не даваме ни педа од тоа што е наше и со крв спечалено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pero-kamikaza-ne-davame-ni-peda-od-toa-shto-e-nashe-i-so-krv-spechaleno/ Sat, 02 Jul 2022 20:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=522859

Пред присутните граѓани на протестот насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“ се обрати познатиот уметник Петар Ѓорѓиевски Камиказа облечен во неговиот дрес со натпис Македонија

Со овој дрес што го имам на мене имам истрчано преку 100 маратони во целиот свет и никому не му пречеше, а сега се најдоа некои да им смета светото име Македонија, Македонците и македонскиот јазик - потенцираше Георгиевски.

Тој им порача на присутните и на институциите во државата дека народот нема да отстапи ни педа повеќе и нема да дозволи нови понижувања..

Не даваме педа од оваа земја, не даваме педа од тоа што е наше и со крв спечалено. Имаат ли они некоја песна со која може да се пофалат кај што се пее за Бугарите? Нема, значи што немаат? Тоа што сакаат да ни го земат.

The post Перо Камиказа: Не даваме ни педа од тоа што е наше и со крв спечалено appeared first on Република.

]]>

Пред присутните граѓани на протестот насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“ се обрати познатиот уметник Петар Ѓорѓиевски Камиказа облечен во неговиот дрес со натпис Македонија Со овој дрес што го имам на мене имам истрчано преку 100 маратони во целиот свет и никому не му пречеше, а сега се најдоа некои да им смета светото име Македонија, Македонците и македонскиот јазик - потенцираше Георгиевски. Тој им порача на присутните и на институциите во државата дека народот нема да отстапи ни педа повеќе и нема да дозволи нови понижувања.. Не даваме педа од оваа земја, не даваме педа од тоа што е наше и со крв спечалено. Имаат ли они некоја песна со која може да се пофалат кај што се пее за Бугарите? Нема, значи што немаат? Тоа што сакаат да ни го земат.

The post Перо Камиказа: Не даваме ни педа од тоа што е наше и со крв спечалено appeared first on Република.

]]>
Перо Камиказа го озвучувал концертот на Плоштад за Нова година: Ни 8 отсто не чинеше од сумата на Шилегов оваа Нова Година, 14 илјади спрема 165 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pero-kamikaza-go-ozvuchuval-koncertot-na-ploshtad-za-nova-godina-ni-8-otsto-ne-chineshe-od-sumata-na-shilegov-ovaa-nova-godina-14-iljadi-sprema-165-iljadi-evra/ Tue, 04 Jan 2022 11:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=440417

Петар Георгиевски, независниот кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од „Левица“, објави на Фејсбук дека неговата фирма добила 14.000 евра од Град Скопје за организација на дочекот на Новата Година.

Eпа јас со бројки ќе ве удостојам!!!14 000 евра на спрема 165 000 на Шилегов за организација и озвучување!!!! ....Кривична пријава од антикорупциска имате за нова година !!!Значи ни 8 посто од сумата на Шилегов не чинеше оваа нова година!“, напиша меѓудругото популарниот Перо Камиказа, алудирајќи на потрошената сума на Град Скопје за дочекот на 2020.

Од СДСМ реагираат дека Георгиевски преку статус на Фејсбук признал дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра.

Инаку вчера СДСМ упати јавно прашање до Камиказа дали фирмата на кандидатот за градоначалник за Скопје, КЛС, била ангажирана за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад, по што самиот Георгиевски синоќа се огласи на Фејсбук со бројка.

The post Перо Камиказа го озвучувал концертот на Плоштад за Нова година: Ни 8 отсто не чинеше од сумата на Шилегов оваа Нова Година, 14 илјади спрема 165 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Петар Георгиевски, независниот кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од „Левица“, објави на Фејсбук дека неговата фирма добила 14.000 евра од Град Скопје за организација на дочекот на Новата Година.
Eпа јас со бројки ќе ве удостојам!!!14 000 евра на спрема 165 000 на Шилегов за организација и озвучување!!!! ....Кривична пријава од антикорупциска имате за нова година !!!Значи ни 8 посто од сумата на Шилегов не чинеше оваа нова година!“, напиша меѓудругото популарниот Перо Камиказа, алудирајќи на потрошената сума на Град Скопје за дочекот на 2020.
Од СДСМ реагираат дека Георгиевски преку статус на Фејсбук признал дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра. Инаку вчера СДСМ упати јавно прашање до Камиказа дали фирмата на кандидатот за градоначалник за Скопје, КЛС, била ангажирана за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад, по што самиот Георгиевски синоќа се огласи на Фејсбук со бројка.