Перица Сарџовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peritsa-sardhovski/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Jun 2023 08:00:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Перица Сарџовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peritsa-sardhovski/ 32 32 Промоција на стихозбирката „Огнен пој“ од Перица Сарџоски во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-stihozbirkata-ognen-poj-od-peritsa-sardhoski-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi/ Fri, 09 Jun 2023 08:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=649457

Вечерва, во 19 часот, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи промоција на стихозбирката „Огнен пој“ од поетот Перица Сарџоски од Тетово.

Книгата ќе ја претстави Елена Пренџова, стиховите ќе ги читаат Андреј Ал-Асади и Горазд Китановски – Кени со музичка придружба на ВИС „Тркалезна маса“, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. На промоцијата ќе бидат изложени и артефакти од „Најмал етно музеј“ во село Џепчиште, тетовско.

Поетската збирка „Огнен пој“ е уживање за сите сетила – и при читање и при слушање. „Огнен пој“ е (скоро) технички совршена и уметнички обдарена. „Огнен пој“ е книга која едноставно повикува на читање и препрочитување. Уживајте!, вели Елена Пренџова.

Перица Сарџоски е роден во 1976 година во Тетово, Македонија. Дипломирал на Филолошкиот факултет (англиски јазик и книжевност) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2001 година. Тој е поет, писател, преведувач и толкувач, истражувач, едукатор, иноватор на образовни програми, како и основач на училиштето за англиски јазик „Пегасус ЕЛС“.

The post Промоција на стихозбирката „Огнен пој“ од Перица Сарџоски во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 19 часот, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи промоција на стихозбирката „Огнен пој“ од поетот Перица Сарџоски од Тетово. Книгата ќе ја претстави Елена Пренџова, стиховите ќе ги читаат Андреј Ал-Асади и Горазд Китановски – Кени со музичка придружба на ВИС „Тркалезна маса“, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. На промоцијата ќе бидат изложени и артефакти од „Најмал етно музеј“ во село Џепчиште, тетовско.