Перински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/perinski/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 10:53:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Перински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/perinski/ 32 32 Министерот Перински по повод Меѓународниот ден на донаторството: Oпштините да станат партнери на СОС Детско село, за поголема инклузија на децата без родителска грижа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-po-povod-megunarodniot-den-na-donatorstvoto-opshtinite-da-stanat-partneri-na-sos-detsko-selo-za-pogolema-inkluzija-na-detsata-bez-roditelska-grizha/ Fri, 06 Sep 2024 10:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=813803

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, по повод 5.септември, Меѓународниот ден на донаторството, го посети СОС Детското село, кое под мотото „Ниедно дете не треба да расте само“, веќе 20 години обезбедува грижа и поддршка на децата без родителска грижа и на оние кои се изложени на ризик да ја загубат грижата од своите семејства. На неформалната средба, министерот со претставниците на СОС Детското село разговараше за тековните активности на организацијата, за предизвиците со кои се соочува, како и за можностите за развивање на социјални услуги во заедницата за подобрување на квалитетот на секојдневието и инклузијата на децата без родителска грижа.

Од организацијата посочија дека со цел да се обезбеди континуитет и одржливост во обезбедувањето на социјалните услуги на локално ниво, неопходно е да се создаде еден вид трипартитна коалиција помеѓу општините, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, како би постигнале побрз и поголем напредок во своето делување.

Министерот Перински изрази безрезервна поддршка на мисијата на организацијата и даде уверување дека на него можат да сметаат како на нов стратешки партнер кој во рамки на своите ингеренции ќе помогне СОС Детско село да делува и во пошироки рамки.

„Како човек и како министер ќе се заложам вашата благородна мисија да ја почувствуваат сите деца на кои им е потребна поддршка, таа да се прошири во сите региони. Со оглед на мојата комуникација со сите плански региони и општини, ќе иницирам општините секоја во рамки на своите можности и расположливи средства и ресурси, да изгради партнерски односи со вас и да ви помогне согласно мапираните потреби. Верувам дека градоначалниците ќе ја препознаат и несомнено ќе ја поддржат важноста на вашата мисија, а тие со тоа ќе станат општествено одговорни и ќе помогнат на најранливата категорија во општеството“, истакна министерот на средбата и се согласи дека неопходно е продолжување на социјалните реформи, како и на процесот на деинституционализацијата на системот на социјална заштита.

„Процесите мора да продолжат. Само со заедничка соработка и вклучување на сите засегнати страни во креирање, унапредување и спроведување на регулативата и јавните политики, можеме да очекуваме одржливи и достапни социјални услуги за граѓаните во социјален ризик “, посочија од СОС Детското село.

Во моментов, СОС Детско село, спроведува лиценцирани социјални услуги, поддржува 74 згрижувачки семејства во кои се згрижени 142 деца, а својата мисија, меѓудругото, ја остварува и преку Центар на згрижувачки семејства, покривајќи ја територијата на три плански региона, скопски, вардарски и југоисточен регион. СОС Детско Село имплементира проект за вклучување на младите на пазарот на трудот и обезбедување на долгорочно вработување во којшто Општините Гази Баба, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Тетово и Штип се јавуваат како стратешки партнер.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, која што посочија од СОС Детско село, е пример како една локална самоуправа може да делува во зајакнување и унапредување на капацитетите и делувањето на организацијата.

„Ме радува иницијативата и заложбата на министерот Перински да помогне да се обезбеди континуитет и одржливост во обезбедувањето на социјалните услуги на локално ниво. Познавајќи го и лично, верувам дека зборовите ќе ги преточи во дела“, истакна градоначалникот Стефковски, кој е долгогодишен соработник и поддржувач на СОС Детското село.

При посетата, дечињата добија мали изненадувања, а тие за возврат на министерот и градоначалникот им подарија благодарница и кретивни изработки.

The post Министерот Перински по повод Меѓународниот ден на донаторството: Oпштините да станат партнери на СОС Детско село, за поголема инклузија на децата без родителска грижа appeared first on Република.

]]>

Министерот Перински ја посети ЈЗУ Нефрологија – Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-ja-poseti-jzu-nefrologija-struga/ Mon, 26 Aug 2024 12:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=810283

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга, каде во тек е реконструкција и подобрување на условите за третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема“.

Досега, што соопшти ресорното министерство, набавен е систем за централно снабдување со кислород за три сали за хемодијализа и интензивна нега, набавен, инсталиран и ставен е во функција систем за реверзибилна осмоза, а поставени се и соларни панели на покривот на објектот.

- Проектот е во завршна фаза, предвидено е до крајот на годинава целосно да биде имплементиран со што значително ќе бидат подобрени условите за лицата кои имаат потреба од хемодијализа. Несомнено е дека современи објекти и медицинска опрема се суштински за соодветен третман на пациентите и за ефикасно и непречено функционирање на секоја здравствена установа, истакнал Перински.

Директорот на болницата Јетмир Зиба, според соопштението на Министерството за локална самоуправа, посочил дека установата ќе ги намали трошоците за електрична енергија и комплетно ќе биде реновиран делот за „холидеј дијализа“.

Во последниот квартал од годинава, останува да набавиме 17 кревети, три телевизори и болнички сет наменети за „холидеј дијализа“, по што на тој оддел дневно ќе можат да се лекуваат по 60 пациенти, информирал Зиба.

Вредноста на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ е 26.043.286 денари. Преку Министерството обезбедени се 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, а финансики удел има и болницата со 5.519.286 денари.

The post Министерот Перински ја посети ЈЗУ Нефрологија – Струга appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга, каде во тек е реконструкција и подобрување на условите за третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема“. Досега, што соопшти ресорното министерство, набавен е систем за централно снабдување со кислород за три сали за хемодијализа и интензивна нега, набавен, инсталиран и ставен е во функција систем за реверзибилна осмоза, а поставени се и соларни панели на покривот на објектот. - Проектот е во завршна фаза, предвидено е до крајот на годинава целосно да биде имплементиран со што значително ќе бидат подобрени условите за лицата кои имаат потреба од хемодијализа. Несомнено е дека современи објекти и медицинска опрема се суштински за соодветен третман на пациентите и за ефикасно и непречено функционирање на секоја здравствена установа, истакнал Перински. Директорот на болницата Јетмир Зиба, според соопштението на Министерството за локална самоуправа, посочил дека установата ќе ги намали трошоците за електрична енергија и комплетно ќе биде реновиран делот за „холидеј дијализа“. Во последниот квартал од годинава, останува да набавиме 17 кревети, три телевизори и болнички сет наменети за „холидеј дијализа“, по што на тој оддел дневно ќе можат да се лекуваат по 60 пациенти, информирал Зиба. Вредноста на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ е 26.043.286 денари. Преку Министерството обезбедени се 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, а финансики удел има и болницата со 5.519.286 денари.

The post Министерот Перински ја посети ЈЗУ Нефрологија – Струга appeared first on Република.

]]>
Перински ги повикува институциите да проверат зошто Арсовска не постапува според надлежностите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/perinski-gi-povikuva-institutsiite-da-proverat-zoshto-arsovska-ne-postapuva-spored-nadlezhnostite/ Fri, 16 Aug 2024 11:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=807208

Барањето на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на Град Скопје во областа на комуналната сфера е резултат на секојдневниот притисок од граѓаните, коишто со право се незадоволни од услугите, коишто се во надлежност на Град Скопје. Извесно е дека за актуелното прашање ќе се разговара на следната владина седница, со цел да се најде решение за состојбите во град Скопје, коишто секојдневно предизвикуваат нови и нови проблеми на коишто граѓаните реагираат.

– Ги разбирам барањата на градоначалниците и во целост се согласувам со нивниот став дека скопјани, за жал, поради една личност, која го окупира градот, живеат во супстандардни услови. Чекорот преземен од градоначалниците е сублимат од гневот на граѓаните, кои секојдневно се обраќаат до нив. Предлогот од страна на ЗЕЛС претпоставувам ќе се разгледува на следна седница на Влада, каде што ние ќе ги кажеме своите ставови врз основа на законските механизми и сум убеден дека ќе се донесе најдоброто решение за граѓаните на град Скопје. Суштината е дека секое непостапување, согласно со надлежностите, кои се утврдени со закон и за којшто зема плата од скопјани, само по себе е прекршување на законот, коешто може да се третира и како злоупотреба на службена положба и овластување, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Тој јавно ги повикува надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани.

Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани.

Впрочем и скопјани секојдневно сведочат за состојбата по улиците, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од јавните површини. Тоа само по себе говори дека несомнено проблемот треба да се реши под итно, во согласност со закон и секој фактор да делува во рамки на своите надлежности и ингеренции.

The post Перински ги повикува институциите да проверат зошто Арсовска не постапува според надлежностите appeared first on Република.

]]>

Барањето на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на Град Скопје во областа на комуналната сфера е резултат на секојдневниот притисок од граѓаните, коишто со право се незадоволни од услугите, коишто се во надлежност на Град Скопје. Извесно е дека за актуелното прашање ќе се разговара на следната владина седница, со цел да се најде решение за состојбите во град Скопје, коишто секојдневно предизвикуваат нови и нови проблеми на коишто граѓаните реагираат. – Ги разбирам барањата на градоначалниците и во целост се согласувам со нивниот став дека скопјани, за жал, поради една личност, која го окупира градот, живеат во супстандардни услови. Чекорот преземен од градоначалниците е сублимат од гневот на граѓаните, кои секојдневно се обраќаат до нив. Предлогот од страна на ЗЕЛС претпоставувам ќе се разгледува на следна седница на Влада, каде што ние ќе ги кажеме своите ставови врз основа на законските механизми и сум убеден дека ќе се донесе најдоброто решение за граѓаните на град Скопје. Суштината е дека секое непостапување, согласно со надлежностите, кои се утврдени со закон и за којшто зема плата од скопјани, само по себе е прекршување на законот, коешто може да се третира и како злоупотреба на службена положба и овластување, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Тој јавно ги повикува надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани. Според Перински, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури. Срамни и опасни се, смета министерот, неискосените тревни површини на јавните простори под градска надлежност, каде се рекреираат скопјани и играат најмладите. Истовремено, не постои соодветен збор за нередовниот и небезбеден јавен превоз, кој е единствен транспорт на илјадници граѓани. Впрочем и скопјани секојдневно сведочат за состојбата по улиците, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од јавните површини. Тоа само по себе говори дека несомнено проблемот треба да се реши под итно, во согласност со закон и секој фактор да делува во рамки на своите надлежности и ингеренции.

The post Перински ги повикува институциите да проверат зошто Арсовска не постапува според надлежностите appeared first on Република.

]]>
Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-so-gradonachalnitsite-od-poloshkiot-planski-region-mnogu-prioritetni-prashana-vo-opshtinite-chekaat-na-finansiskata-poddrshka-od-vladata-potrebite-na-graganite-se-najvazhni/ Wed, 24 Jul 2024 14:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=799897

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Полошкиот плански регион.

На состанокот беше констатирано дека општините имаат потреба од финансиска поддршка од Владата за реализација на поголеми капитални проекти. И покрај вонредните напори од страна на локалните власти, со дополнителните средства од Владата многу важни прашања за граѓаните ќе бидат решени многу побрзо.

Министерот за локална самоуправа Перински ги информираше градоначалниците дека првите сто милиони евра ќе можат да се реализираат веќе од септември, но важно е што финансиската поддршка ќе биде уште поголема и континуирана во наредните години. „Потребно е да се посветите на изработка на проекти и проектна документација за да се осигура брза и квалитетна изведба на инфраструктурните проекти“, рече министерот Перински. Перински истакна дека постапката на проверка на проектите и на проектната документација ќе ја спроведе Министерството за локална самоуправа, но во следната фаза ќе се врши и редовен надзор над реализацијата на средствата и на квалитетот на изведување на проектите од страна на општините.

На состанокот беше истакнато дека јавниот повик ќе биде отворен за сите општини, сите имаат еднакви шанси, се ќе зависи од квалитетот на проектите со кои што општините ќе аплицираат. „Ќе бидеме најзадоволни доколку има многу и издржани проекти кои ќе ги апсорбираат сите расположливи средства и кои што ќе гарантираат брза реализација и брзо решавање на потребите на граѓаните“, рече министерот Перински.

Општините најавија дека ќе учествуваат на повикот со апликации за различни капитални инвестиции, како што се изградба на основно и средно училиште во Општина Тетово, реконструкција на булеварот Браќа Ѓиновски и реконструкција на шеталиште во Гостивар и бројни други проекти во другите општини. Овие проекти по завршувањето на повикот ќе бидат евалуирани од страна на комисија и одобрените ќе почнат да се финансираат.

The post Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Полошкиот плански регион. На состанокот беше констатирано дека општините имаат потреба од финансиска поддршка од Владата за реализација на поголеми капитални проекти. И покрај вонредните напори од страна на локалните власти, со дополнителните средства од Владата многу важни прашања за граѓаните ќе бидат решени многу побрзо. Министерот за локална самоуправа Перински ги информираше градоначалниците дека првите сто милиони евра ќе можат да се реализираат веќе од септември, но важно е што финансиската поддршка ќе биде уште поголема и континуирана во наредните години. „Потребно е да се посветите на изработка на проекти и проектна документација за да се осигура брза и квалитетна изведба на инфраструктурните проекти“, рече министерот Перински. Перински истакна дека постапката на проверка на проектите и на проектната документација ќе ја спроведе Министерството за локална самоуправа, но во следната фаза ќе се врши и редовен надзор над реализацијата на средствата и на квалитетот на изведување на проектите од страна на општините. На состанокот беше истакнато дека јавниот повик ќе биде отворен за сите општини, сите имаат еднакви шанси, се ќе зависи од квалитетот на проектите со кои што општините ќе аплицираат. „Ќе бидеме најзадоволни доколку има многу и издржани проекти кои ќе ги апсорбираат сите расположливи средства и кои што ќе гарантираат брза реализација и брзо решавање на потребите на граѓаните“, рече министерот Перински. Општините најавија дека ќе учествуваат на повикот со апликации за различни капитални инвестиции, како што се изградба на основно и средно училиште во Општина Тетово, реконструкција на булеварот Браќа Ѓиновски и реконструкција на шеталиште во Гостивар и бројни други проекти во другите општини. Овие проекти по завршувањето на повикот ќе бидат евалуирани од страна на комисија и одобрените ќе почнат да се финансираат.  

The post Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни appeared first on Република.

]]>
Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/perinski-so-gradonachalnitsite-od-pelagoniski-planski-region-so-zgolemena-dinamika-na-rabotene-i-soodvetna-finansiska-poddrshka-mozheme-da-napravime-vidlivi-promeni-vo-razvojot-na-opshtinite-i-na-regi/ Wed, 17 Jul 2024 15:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=797736

Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.

До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие што решавање интензивно ќе работиме заедно, рече министерот Перински.

Министерот Перински истакна дека општините и планскиот регион треба да ја интензивираат работата за поефикасно финализирање на започнатите проекти и брзо да ја комплетираат проектната документација за нови проекти кои што ќе бидат финансирани од Владата во наредниот период. Средства ќе бидат обезбедени, потребни се добри проекти и подготвеност од страна на општините за нивна ефикасна и квалитетна реализација, рече Перински.

Министерството за локална самоуправа ќе обезбеди поддршка во текот на целиот процес, но исто така ќе врши и комплетен надзор над изведбата и на трошењето на наменските средства, рече министерот Перински.

На состанокот беше истакнато дека соработката меѓу двете нивоа на власт ќе биде интензивирана заради решавање на сите отворени прашања за подобро функционирање на општините.

Услугите за граѓаните се на прво место и секој предлог или забелешка од локалните власти, но од сега и од граѓаните кои ќе можат директно да комуницираат со Министерството, ќе бидат сериозно разгледувани и во соработка со другите надлежни министерства ќе ги решаваме на најефикасен можен начин, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на состанокот со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.

Градоначалниците од овој регион истакнаа дека се подготвуваат со проекти да конкурираат за поддршка. Од инфраструктурните проекти беа посочени изградба на нова улица и мост во Прилеп, пат во село Јакреново во Крушево, доизградба на доводен цевковод за водоснабдување во општина Могила, изградба и реконструкција на канализациона мрежа од 6км, и водоводна мрежа од 10км во Битола и други.

The post Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот appeared first on Република.

]]>

Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие што решавање интензивно ќе работиме заедно, рече министерот Перински. Министерот Перински истакна дека општините и планскиот регион треба да ја интензивираат работата за поефикасно финализирање на започнатите проекти и брзо да ја комплетираат проектната документација за нови проекти кои што ќе бидат финансирани од Владата во наредниот период. Средства ќе бидат обезбедени, потребни се добри проекти и подготвеност од страна на општините за нивна ефикасна и квалитетна реализација, рече Перински. Министерството за локална самоуправа ќе обезбеди поддршка во текот на целиот процес, но исто така ќе врши и комплетен надзор над изведбата и на трошењето на наменските средства, рече министерот Перински. На состанокот беше истакнато дека соработката меѓу двете нивоа на власт ќе биде интензивирана заради решавање на сите отворени прашања за подобро функционирање на општините. Услугите за граѓаните се на прво место и секој предлог или забелешка од локалните власти, но од сега и од граѓаните кои ќе можат директно да комуницираат со Министерството, ќе бидат сериозно разгледувани и во соработка со другите надлежни министерства ќе ги решаваме на најефикасен можен начин, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на состанокот со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. Градоначалниците од овој регион истакнаа дека се подготвуваат со проекти да конкурираат за поддршка. Од инфраструктурните проекти беа посочени изградба на нова улица и мост во Прилеп, пат во село Јакреново во Крушево, доизградба на доводен цевковод за водоснабдување во општина Могила, изградба и реконструкција на канализациона мрежа од 6км, и водоводна мрежа од 10км во Битола и други.

The post Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот appeared first on Република.

]]>
Перински на средба со сите градоначалници од Источниот плански регион: За да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/perinski-na-sredba-so-site-gradonachalnitsi-od-istochniot-planski-region-za-da-se-namali-iseluvaneto-i-sekoj-da-ima-uslovi-za-kvaliteten-zhivot-doma/ Mon, 15 Jul 2024 13:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=797099

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше средба со сите градоначалници од Источниот плански регион.

„Сакам да ве слушнам сите, изворно да се информирам за потребите на општините и што може јас како министер и Владата да помогнеме за да се подобрат условите за живеење и воопшто, за развој на општините“, рече министерот за локална самоуправа Перински.

По разговорот со градоначалниците министерот Перински рече дека го радува тоа што општините покажуваат подготвеност за реализација на многу добри и издржани проекти, а со поддршка од Владата, заедно можеме да направиме многу повеќе за граѓаните и за развојот на секое населено место и општина.

Министерот за локална самоуправа ги информираше градоначалниците за можностите и за постапката за финансирање на проекти веднаш по ребалансот на буџетот на државата. Перински ги охрабри локалните власти да подготвуваат квалитетни проекти, кои што ќе произлегуваат од потребите на граѓаните. Тој истакна дека е неопходно општините да располагаат со добра проектна идеја, со целосна проектна документација и секогаш да ги имаат предвид приоритетните потреби на граѓаните зошто најважно е тие да се задоволни од сработеното. „Потребен ни е развој на општините за да се создадат нови, подобри, можности за граѓаните, за да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома“, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Исто така беа споменати неколку проекти, кои се готови и за кои ќе се аплицира, како што се: изградба на нова обиколница во Штип, нов локален пат Делчево - С. Бигор, во должина од осум километри и регулација на две речни корита во Виница.

The post Перински на средба со сите градоначалници од Источниот плански регион: За да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше средба со сите градоначалници од Источниот плански регион. „Сакам да ве слушнам сите, изворно да се информирам за потребите на општините и што може јас како министер и Владата да помогнеме за да се подобрат условите за живеење и воопшто, за развој на општините“, рече министерот за локална самоуправа Перински. По разговорот со градоначалниците министерот Перински рече дека го радува тоа што општините покажуваат подготвеност за реализација на многу добри и издржани проекти, а со поддршка од Владата, заедно можеме да направиме многу повеќе за граѓаните и за развојот на секое населено место и општина. Министерот за локална самоуправа ги информираше градоначалниците за можностите и за постапката за финансирање на проекти веднаш по ребалансот на буџетот на државата. Перински ги охрабри локалните власти да подготвуваат квалитетни проекти, кои што ќе произлегуваат од потребите на граѓаните. Тој истакна дека е неопходно општините да располагаат со добра проектна идеја, со целосна проектна документација и секогаш да ги имаат предвид приоритетните потреби на граѓаните зошто најважно е тие да се задоволни од сработеното. „Потребен ни е развој на општините за да се создадат нови, подобри, можности за граѓаните, за да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома“, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински. Исто така беа споменати неколку проекти, кои се готови и за кои ќе се аплицира, како што се: изградба на нова обиколница во Штип, нов локален пат Делчево - С. Бигор, во должина од осум километри и регулација на две речни корита во Виница.

The post Перински на средба со сите градоначалници од Источниот плански регион: За да се намали иселувањето и секој да има услови за квалитетен живот дома appeared first on Република.

]]>
Андоновска: Граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку натпревар на идеи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovska-gragjanite-ne-sakaat-da-gledaat-megjusebni-obvinuvanja-i-lagi-tuku-natprevar-na-idei/ Sat, 05 Nov 2022 14:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=570058

На денешната трибина „Предизвици на Градот Скопје“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, координатор на советничката група на Град Скопје при ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека ако нешто може да се каже дека функционира во Градот, тоа е единствено Советот на Град Скопје.

– За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл, рече Андоновска.

Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува, заклучи таа.

Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат.

Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните.

Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска.

Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните.

Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните.

Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните.

Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски.

Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски.

Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани.

Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски.

Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, воданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем.

Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства.

Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски.

Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести.

Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската.

Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински.

Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“.

Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст.

Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.

The post Андоновска: Граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку натпревар на идеи appeared first on Република.

]]>

На денешната трибина „Предизвици на Градот Скопје“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, координатор на советничката група на Град Скопје при ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека ако нешто може да се каже дека функционира во Градот, тоа е единствено Советот на Град Скопје. – За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл, рече Андоновска.
Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува, заклучи таа.
Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат. Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните.
Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска.
Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните. Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните. Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните.
Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски.
 
Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски.
Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани.
Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски.
 
Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, воданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем.
Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства.
Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски.
Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести. Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската.
Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински.
Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“. Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст.
Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.

The post Андоновска: Граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку натпревар на идеи appeared first on Република.

]]>
Перински: Водовод за три месеци оствари раст на приходите намалување на трошоците и зголемени инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-vodovod-za-tri-meseci-ostvari-rast-na-prihodite-namaluvanje-na-troshocite-i-zgolemeni-investicii/ Mon, 11 Jul 2022 12:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=527003

На седницата на Советот на Град Скопје, денеск помина финансискиот извештај за работењето на ЈП Водовод и канализација – Скопје за првиот тримесечен период оваа година.

Во првото тримесечје претпријатието бележи раст на приходите, намалување на трошоците и зголемени инвестиции за над 30 проценти.

Податоците говорат дека е остварена нето добивка од 81.924.851 денари или вкупно е остварен финансиски резултат којшто е подобрен за 196.333.653 денари во споредба со истиот период минатата година.

Приходите се зголемени за 6% во вкупна вредност од 402.338.259 денари, додека расходите се намалени за 35% во вкупна вредност од 313.434.772 денари.

Зголемена е наплатата за вкупно 14% или одделено по категории:
– за домаќинство 1%
– за стопанство 40%

Зголемени се инвестициите во мрежите во сопствено производство за 35% во исклучително тешка година.

Благодарам на целиот тим и на сите вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжуваме понатаму успешно и ангажирано за сите скопјани.

The post Перински: Водовод за три месеци оствари раст на приходите намалување на трошоците и зголемени инвестиции appeared first on Република.

]]>

На седницата на Советот на Град Скопје, денеск помина финансискиот извештај за работењето на ЈП Водовод и канализација – Скопје за првиот тримесечен период оваа година. Во првото тримесечје претпријатието бележи раст на приходите, намалување на трошоците и зголемени инвестиции за над 30 проценти. Податоците говорат дека е остварена нето добивка од 81.924.851 денари или вкупно е остварен финансиски резултат којшто е подобрен за 196.333.653 денари во споредба со истиот период минатата година. Приходите се зголемени за 6% во вкупна вредност од 402.338.259 денари, додека расходите се намалени за 35% во вкупна вредност од 313.434.772 денари. Зголемена е наплатата за вкупно 14% или одделено по категории: – за домаќинство 1% – за стопанство 40% Зголемени се инвестициите во мрежите во сопствено производство за 35% во исклучително тешка година. Благодарам на целиот тим и на сите вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжуваме понатаму успешно и ангажирано за сите скопјани.

The post Перински: Водовод за три месеци оствари раст на приходите намалување на трошоците и зголемени инвестиции appeared first on Република.

]]>
Директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински во работна посета во сервис-Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/direktorot-na-jp-vodovod-i-kanalizacija-zlatko-perinski-vo-rabotna-poseta-vo-servis-butel/ Wed, 05 Jan 2022 12:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=440979

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински денес беше во посета на подрачната единица на претпријатието кое се наоѓа во општина Бутел, а дека е лоциран поголемиот дел од механизацијата и работните единици.

Се разговараше за капацитетите за работа, подготвеноста на работните единици и за актуелните предизвици со кои се соочуваат при секојдневното отстранување на дефекти од водоводната мрежа одржувајќи ја истата во солидна кондиција, информираат од ЈП Водовод и канализација

Директорот Перински истакна дека ќе продолжи блиската комуникација на службите во насока на обезбедување на квалитетна услуга за граѓаните на Скопје.

The post Директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински во работна посета во сервис-Бутел appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински денес беше во посета на подрачната единица на претпријатието кое се наоѓа во општина Бутел, а дека е лоциран поголемиот дел од механизацијата и работните единици. Се разговараше за капацитетите за работа, подготвеноста на работните единици и за актуелните предизвици со кои се соочуваат при секојдневното отстранување на дефекти од водоводната мрежа одржувајќи ја истата во солидна кондиција, информираат од ЈП Водовод и канализација Директорот Перински истакна дека ќе продолжи блиската комуникација на службите во насока на обезбедување на квалитетна услуга за граѓаните на Скопје.

The post Директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински во работна посета во сервис-Бутел appeared first on Република.

]]>