Перформансм „Како да убиеш пет ликови во претстава?“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/performansm-kako-da-ubiesh-pet-likovi-vo-pretstava/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 10:53:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Перформансм „Како да убиеш пет ликови во претстава?“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/performansm-kako-da-ubiesh-pet-likovi-vo-pretstava/ 32 32 Перформанс „Како да убиеш пет ликови во претстава?“ во Лабораториум https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/performans-kako-da-ubiesh-pet-likovi-vo-pretstava-vo-laboratorium/ Thu, 03 Oct 2024 10:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=822164

В петок, на 4 октомври во 20 часот во големата хала на Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде изведен завршниот перформанс од Резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски, „Како да убиеш пет ликови во претстава“.

Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите „Ифигенија во Авлида“, „Електра“ и „Тројанки“ на Еврипид и, како што велат, нуди дефрагментација на наративот, нагласена телесност и деконструкција на традиционалните драмски форми.

Перформансот е во формат на отворена проба на која публиката има прилика да го следи начинот на подготовка за сценска изведба и активно да учествува во истата“, стои во највата.

Концептот и режијата се на Филип Петковски, проектен координатор е Стефан Момиќ. Во перформансот играат Фатлуме Буњаку (Косово), Виктор Лукиќ (Србија), Емилија Тончева (Бугарија), Пиа Мачерол (Словенија) и Мира Јањетовиќ (Србија). Дизајнот на постерот го направи Ивана Мојсовска Головска.

Резиденцијата финансирана од страна на програмата „Culture Moves Europe“ вклучуваше отворен повик преку кој беа одбрани пет актери и танчери од Словенија, Бугарија, Србија и Косово кои посетуваа проби во времетраење од 22 дена, заедно со неколку македонски актери.

Пробите вклучуваа физички и танцов тренинг, како и вежби и комбинации од доменот на физичкиот театар и техниката Вјупоинтс, поттикнувајќи чувство за ритам, синхронизација и развивање на свест за сопственото и колективното тело. Тренингот е силно заснован на актерска импровизација која им дава можност на актерите да да бидат активни учесници во уметничкиот и креативниот процес. Резиденцијата има за цел да понуди практична и теоретска едукација, регионално вмрежување и можност за идна соработка.

The post Перформанс „Како да убиеш пет ликови во претстава?“ во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

В петок, на 4 октомври во 20 часот во големата хала на Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде изведен завршниот перформанс од Резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски, „Како да убиеш пет ликови во претстава“. Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите „Ифигенија во Авлида“, „Електра“ и „Тројанки“ на Еврипид и, како што велат, нуди дефрагментација на наративот, нагласена телесност и деконструкција на традиционалните драмски форми.
Перформансот е во формат на отворена проба на која публиката има прилика да го следи начинот на подготовка за сценска изведба и активно да учествува во истата“, стои во највата.
Концептот и режијата се на Филип Петковски, проектен координатор е Стефан Момиќ. Во перформансот играат Фатлуме Буњаку (Косово), Виктор Лукиќ (Србија), Емилија Тончева (Бугарија), Пиа Мачерол (Словенија) и Мира Јањетовиќ (Србија). Дизајнот на постерот го направи Ивана Мојсовска Головска. Резиденцијата финансирана од страна на програмата „Culture Moves Europe“ вклучуваше отворен повик преку кој беа одбрани пет актери и танчери од Словенија, Бугарија, Србија и Косово кои посетуваа проби во времетраење од 22 дена, заедно со неколку македонски актери. Пробите вклучуваа физички и танцов тренинг, како и вежби и комбинации од доменот на физичкиот театар и техниката Вјупоинтс, поттикнувајќи чувство за ритам, синхронизација и развивање на свест за сопственото и колективното тело. Тренингот е силно заснован на актерска импровизација која им дава можност на актерите да да бидат активни учесници во уметничкиот и креативниот процес. Резиденцијата има за цел да понуди практична и теоретска едукација, регионално вмрежување и можност за идна соработка.

The post Перформанс „Како да убиеш пет ликови во претстава?“ во Лабораториум appeared first on Република.

]]>