перформанс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/performans/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 08:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png перформанс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/performans/ 32 32 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/1200-uchenitsi-od-prilep-go-formiraa-makedonskoto-zname-po-povod-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=825431

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври.

Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.

The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври. Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.
Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.

The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Перформансот МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА на 6 и 7 јуни во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/performansot-machkata-eleonora-na-6-i-7-juni-vo-mkts/ Thu, 06 Jun 2024 08:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=785152

„Мачката Елеонора“ со две нови изведби на 6 и 7 јуни во 20 часот во МКЦ Клуб. Перформансот „Мачката Елеонора“ е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот имаше две распродадени изведби на минатогодишното издание на фестивалот МОТ.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Таа нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Колективот составен од Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус, кој беше одбран на отворениот повик на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, ги разработува овие процеси преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е продукција на Тииииит! Инк. – Скопје, со финансиска поддршка од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на РСМ.

Билетите се во ограничен број и можете да ги купите на www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.

The post Перформансот МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА на 6 и 7 јуни во МКЦ appeared first on Република.

]]>

„Мачката Елеонора“ со две нови изведби на 6 и 7 јуни во 20 часот во МКЦ Клуб. Перформансот „Мачката Елеонора“ е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот имаше две распродадени изведби на минатогодишното издание на фестивалот МОТ. Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Таа нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки. Колективот составен од Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус, кој беше одбран на отворениот повик на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, ги разработува овие процеси преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки. Перформансот „Мачката Елеонора“ е продукција на Тииииит! Инк. – Скопје, со финансиска поддршка од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на РСМ.

Билетите се во ограничен број и можете да ги купите на www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.

The post Перформансот МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА на 6 и 7 јуни во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ на 15 и 16 април во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/scena/novi-izvedbi-na-performansot-machkata-eleonora-na-15-i-16-april-vo-mkts/ Fri, 12 Apr 2024 10:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=765365

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ на 15 и 16 април (понеделник и вторник) во 20 часот во МКЦ Клуб. Перформансот „Мачката Елеонора“ е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот премиерно беше изведен на минатогодишното издание на МОТ, а поради голем интерес на публиката имаше и втора изведба во склоп на фестивалот.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Таа нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Колективот составен од Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус, кој беше одбран на отворениот повик на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, ги разработува овие процеси преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

Перформансот „Мачката Елеонора“ е продукција на Тииииит! Инк. – Скопје, со финансиска поддршка од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на РСМ.

Билетите се во ограничен број на www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.

The post Нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ на 15 и 16 април во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ на 15 и 16 април (понеделник и вторник) во 20 часот во МКЦ Клуб. Перформансот „Мачката Елеонора“ е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот премиерно беше изведен на минатогодишното издание на МОТ, а поради голем интерес на публиката имаше и втора изведба во склоп на фестивалот. Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Таа нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.   Колективот составен од Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус, кој беше одбран на отворениот повик на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, ги разработува овие процеси преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки. Перформансот „Мачката Елеонора“ е продукција на Тииииит! Инк. – Скопје, со финансиска поддршка од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на РСМ.   Билетите се во ограничен број на www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.  

The post Нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ на 15 и 16 април во МКЦ appeared first on Република.

]]>
„Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/parovi-muzichko-stsenski-performans-po-povod-denot-na-lubovta-i-vinoto-vo-bitolski-teatar/ Wed, 14 Feb 2024 09:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=743938

Во НУ Народен Театар – Битола, во среда на 14 февруари 2024 година, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го погледнете музичко сценскиот перформанс по повод денот на љубовта и виното.

Режија: Благој Мицевски

Влезниците по цена од 200 денари, можете да ги набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола https://narodenteatarbitola.com или од билетарата на НУ Народен театар, која ќе работи од
18.00 до 20.00 часот.

The post „Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар appeared first on Република.

]]>

Во НУ Народен Театар – Битола, во среда на 14 февруари 2024 година, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го погледнете музичко сценскиот перформанс по повод денот на љубовта и виното. Режија: Благој Мицевски   Влезниците по цена од 200 денари, можете да ги набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола https://narodenteatarbitola.com или од билетарата на НУ Народен театар, која ќе работи од 18.00 до 20.00 часот.

The post „Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар appeared first on Република.

]]>
„Двајца уметници, една планета“ – Звучен перформанс со Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dvajtsa-umetnitsi-edna-planeta-zvuchen-performans-so-sesilija-tsi-martens-i-holger-maik-mertin/ Mon, 22 May 2023 11:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=643581

Во вторник, 23 мај во 19:00 часот,  КСП Центар-Јадро, патувачкиот перформативен и аудио уметник, Холгер Маик Мертин и фотографката и филмскa документаристка, Сесилија (Ци) Мартенс, ќе одржат звучен перформанс и разговор насловен „Двајца уметници, една планета“.

Како #twoartistsoneplanet, тие се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на едномесечен проектен престој во Скопје. За време на својот престој тие работат со пронајдени предмети и со „ѓубре“ кое го користата за да  создаваат Sound&Movement Performances.

Во Јадро-Центар, Холгер ќе изведе звучен перформанс со локално пронајдени предмети како на пр. пластична хартија и органско ѓубре. По изведбата, Ци  ќе зборува за животот и предизвиците со кои се соочуваат на ова „споро“ патување (slow travel journey). Како патеписец и документаристка, таа ќе се осврне и на нивното неодамнешно копнено патувања, долго 7770 километри, во Африка, за кое користеле само јавен превоз. Таа ќе зборува за нивното заедничко создавање на уметност и проекти како и за тоа како е да се живее со полно работно време патувајќи и како сето тоа влијае на нивните перспективи, погледи и искуства.

Сесилија (Ци) Мартенс родена во Јужна Африка е фотографка, документаристка и писателка со долгогодишно работно искуство во сверата на патувањето, туризамот, одржливоста и медиумите.

Родена во претседателската ера пред Мандела во 1994 година во Јужна Африка е една од првите 100 меѓукултурно посвоени бебиња во Јужна Африка. Ова уникатна перспектива на Ци го разгорува нејзиниот интерес за темите - како што се „Моќта на пасошот“, „Разновидност“, „Дискриминација“, „Свеста за ментално здравје“, „Еднаквост и вклученост“ и „Одржливост во животот и во уметноста“.

Како етаблиран глас во нејзините индустрии, главниот проект на Ци моментално е #TwoArtistsOnePlanet во партнерство со нејзиниот вереник, Холгер Маик Мертин додека го продолжуваат нивниот проект за „споро“ патување низ светот.

Instagram: @ceecestravel Email: at ceecestravel@gmail.com

Холгер Маик Мертин е аудио уметник и активист за одржливост. Неговата работа се фокусира на трансформација на архитектонските објекти и еколошката околина каде настапува со музички инструменти.

Заедно со Филмер и неговата партнерка Ци, тој работи на долгорочниот проект за патување со уметност и одржливост - веќе две и пол години започнуваќи го патувањето во Јужна и Источна Африка, Европа, Балканот и Индија.

Холгер соработувал со меѓународно познати музичари и уметници како Jaki Liebezeit (Can), AnnenMayKantereit, Eberhard Kranemann (ex Kraftwerk), Milan Sladek (mime), DJ Marcelle, WDR Rundfunkorchester.

Повеќе од десет години предавал и истражувал на Универзитетот за музика и танц во Келн. Тој има создадено неколку ударни инструменти и компонирал неколку дела за WDR Radio, а исто така свирел како импров солист со Staatsphilharmonie Nürnberg.

инстаграм: @holgermaikmertin Е-пошта: www.holger-maik-mertin.com

Фејсбук страница за #TwoArtistsOnePlanet - @TwoArtistsOnePlanet

The post „Двајца уметници, една планета“ – Звучен перформанс со Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин appeared first on Република.

]]>

Во вторник, 23 мај во 19:00 часот,  КСП Центар-Јадро, патувачкиот перформативен и аудио уметник, Холгер Маик Мертин и фотографката и филмскa документаристка, Сесилија (Ци) Мартенс, ќе одржат звучен перформанс и разговор насловен „Двајца уметници, една планета“. Како #twoartistsoneplanet, тие се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на едномесечен проектен престој во Скопје. За време на својот престој тие работат со пронајдени предмети и со „ѓубре“ кое го користата за да  создаваат Sound&Movement Performances. Во Јадро-Центар, Холгер ќе изведе звучен перформанс со локално пронајдени предмети како на пр. пластична хартија и органско ѓубре. По изведбата, Ци  ќе зборува за животот и предизвиците со кои се соочуваат на ова „споро“ патување (slow travel journey). Како патеписец и документаристка, таа ќе се осврне и на нивното неодамнешно копнено патувања, долго 7770 километри, во Африка, за кое користеле само јавен превоз. Таа ќе зборува за нивното заедничко создавање на уметност и проекти како и за тоа како е да се живее со полно работно време патувајќи и како сето тоа влијае на нивните перспективи, погледи и искуства. Сесилија (Ци) Мартенс родена во Јужна Африка е фотографка, документаристка и писателка со долгогодишно работно искуство во сверата на патувањето, туризамот, одржливоста и медиумите. Родена во претседателската ера пред Мандела во 1994 година во Јужна Африка е една од првите 100 меѓукултурно посвоени бебиња во Јужна Африка. Ова уникатна перспектива на Ци го разгорува нејзиниот интерес за темите - како што се „Моќта на пасошот“, „Разновидност“, „Дискриминација“, „Свеста за ментално здравје“, „Еднаквост и вклученост“ и „Одржливост во животот и во уметноста“. Како етаблиран глас во нејзините индустрии, главниот проект на Ци моментално е #TwoArtistsOnePlanet во партнерство со нејзиниот вереник, Холгер Маик Мертин додека го продолжуваат нивниот проект за „споро“ патување низ светот. Instagram: @ceecestravel Email: at ceecestravel@gmail.com Холгер Маик Мертин е аудио уметник и активист за одржливост. Неговата работа се фокусира на трансформација на архитектонските објекти и еколошката околина каде настапува со музички инструменти. Заедно со Филмер и неговата партнерка Ци, тој работи на долгорочниот проект за патување со уметност и одржливост - веќе две и пол години започнуваќи го патувањето во Јужна и Источна Африка, Европа, Балканот и Индија. Холгер соработувал со меѓународно познати музичари и уметници како Jaki Liebezeit (Can), AnnenMayKantereit, Eberhard Kranemann (ex Kraftwerk), Milan Sladek (mime), DJ Marcelle, WDR Rundfunkorchester. Повеќе од десет години предавал и истражувал на Универзитетот за музика и танц во Келн. Тој има создадено неколку ударни инструменти и компонирал неколку дела за WDR Radio, а исто така свирел како импров солист со Staatsphilharmonie Nürnberg. инстаграм: @holgermaikmertin Е-пошта: www.holger-maik-mertin.com Фејсбук страница за #TwoArtistsOnePlanet - @TwoArtistsOnePlanet  

The post „Двајца уметници, една планета“ – Звучен перформанс со Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин appeared first on Република.

]]>
Самостојно претставување на видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/samostojno-pretstavuvane-na-video-instalatsija-vkrsteni-izbori-na-tana-balak-vo-chifte-amam/ Mon, 15 May 2023 18:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=641108

Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај во 20 часот во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект - видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео.
Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”), оформен врз основа на ликовната подлошка на сликарските дела на Тања Балаќ и на анимацијата и визуелните ефекти на Никола Дрвошанов.
Филмот е неодамна селектиран од огромниот број пристигнати дела од страна на стручното жири во рамките на 13. издание на Интернационалниот фестивал за видеоарт „Магмарт“ од Неапол, Италија. На тој начин овој седуминутен филм, заедно со уште 31 сродно дело, стана составен дел од постојаната колекција на музејот „ЦАМ“ и на „Магмарт“, меѓународен фестивал на видеоарт на кој во изминатите години учествувале повеќе од 1.400 уметници од над 80 различни земји од светот.
На отворањето на изложбата во „Чифте амам“ ќе се обратат директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова, и универзитетскиот професор д-р Ивaн Џепаровски.

На границата и на преминот од сликарството кон ангажираниот документарен филм, но и кон уметничкиот видеоарт, може да се толкува последното остварување на Балаќ филмот „Знаци на вкрстување“  (“Crossing Signs”), дело кое е во непосредна творечка и имагинативна врска и со нејзините претходни документаристички и видеоарт остварувања... А тому овој последен филм на Балаќ како да отвора и едно далеку поинтригантно прашање сврзано за односот меѓу уметноста и стварноста, имено,   што се случува кога се остварува вкрстувањето на брзината и на забрзувањето на светот – со возвишеноста и со бавноста на уметноста и на видеоартот? - пишува Џепаровски.

Според него во филмот „Знаци на вкрстување“ како да се остварува постмодерното чувство на возвишеното што нè воведува во еден свет на негативната дијалектика и на фасцинирачката отуѓеност, свет во кој човештвото како да е распнато на крстот на уништувањето – било да станува збор за глобалното еколошко уништување или, пак, за глокалната (глобална ем локална) општествена аномија и безчувствителност.

Тања Балаќ (Скопје, 1968), од своето дипломирање на одделот за сликарство во 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (ФЛУ) и магистрирањето во 2008 година на истиот факултет, па сè до денес, со иста нестивнувачка енергија се вградува во нашата современа уметничка сцена, постојано стилски и жанровски експериментирајќи, со што успешно го оформува и својот уметнички и својот  професионален статус. Балаќ е активен член на Друштвото на ликовните уметници од 1991 година, а подоцна, во периодот од 2006 до 2013 година, е и негова претседателка. Таа има остварено и многубројни професионални посети надвор од границите на својата земја, а меѓу нив треба да се истакне студиската посета на Париз во 2003 година. Своето професионално и уметничко искуство Балаќ го оформува и постојано го збогатува и надградува и преку учествата на бројни меѓународни фестивали и изложби во Србија, Словенија, Шведска, Бугарија, Германија, Романија, Англија, Австрија, Франција итн., а таму повеќекратно се здобива со низа меѓународни признанија и награди. Покрај своите основни определби во рамките на сликарството, Балаќ, во новиот век, активно истражува и на полето на новите медиуми и на видеоартот, но се пројавува и со свои инсталации и експериментални и документарни филмови.

The post Самостојно претставување на видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај во 20 часот во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект - видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео. Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”), оформен врз основа на ликовната подлошка на сликарските дела на Тања Балаќ и на анимацијата и визуелните ефекти на Никола Дрвошанов. Филмот е неодамна селектиран од огромниот број пристигнати дела од страна на стручното жири во рамките на 13. издание на Интернационалниот фестивал за видеоарт „Магмарт“ од Неапол, Италија. На тој начин овој седуминутен филм, заедно со уште 31 сродно дело, стана составен дел од постојаната колекција на музејот „ЦАМ“ и на „Магмарт“, меѓународен фестивал на видеоарт на кој во изминатите години учествувале повеќе од 1.400 уметници од над 80 различни земји од светот. На отворањето на изложбата во „Чифте амам“ ќе се обратат директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова, и универзитетскиот професор д-р Ивaн Џепаровски.

На границата и на преминот од сликарството кон ангажираниот документарен филм, но и кон уметничкиот видеоарт, може да се толкува последното остварување на Балаќ филмот „Знаци на вкрстување“  (“Crossing Signs”), дело кое е во непосредна творечка и имагинативна врска и со нејзините претходни документаристички и видеоарт остварувања... А тому овој последен филм на Балаќ како да отвора и едно далеку поинтригантно прашање сврзано за односот меѓу уметноста и стварноста, имено,   што се случува кога се остварува вкрстувањето на брзината и на забрзувањето на светот – со возвишеноста и со бавноста на уметноста и на видеоартот? - пишува Џепаровски.

Според него во филмот „Знаци на вкрстување“ како да се остварува постмодерното чувство на возвишеното што нè воведува во еден свет на негативната дијалектика и на фасцинирачката отуѓеност, свет во кој човештвото како да е распнато на крстот на уништувањето – било да станува збор за глобалното еколошко уништување или, пак, за глокалната (глобална ем локална) општествена аномија и безчувствителност.

Тања Балаќ (Скопје, 1968), од своето дипломирање на одделот за сликарство во 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (ФЛУ) и магистрирањето во 2008 година на истиот факултет, па сè до денес, со иста нестивнувачка енергија се вградува во нашата современа уметничка сцена, постојано стилски и жанровски експериментирајќи, со што успешно го оформува и својот уметнички и својот  професионален статус. Балаќ е активен член на Друштвото на ликовните уметници од 1991 година, а подоцна, во периодот од 2006 до 2013 година, е и негова претседателка. Таа има остварено и многубројни професионални посети надвор од границите на својата земја, а меѓу нив треба да се истакне студиската посета на Париз во 2003 година. Своето професионално и уметничко искуство Балаќ го оформува и постојано го збогатува и надградува и преку учествата на бројни меѓународни фестивали и изложби во Србија, Словенија, Шведска, Бугарија, Германија, Романија, Англија, Австрија, Франција итн., а таму повеќекратно се здобива со низа меѓународни признанија и награди. Покрај своите основни определби во рамките на сликарството, Балаќ, во новиот век, активно истражува и на полето на новите медиуми и на видеоартот, но се пројавува и со свои инсталации и експериментални и документарни филмови.

The post Самостојно претставување на видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Перформанс на УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски инфлуенсер на годината, Маричиќ турист на годината, а Груби најдобар агент со недвижности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/performans-na-ums-na-vmro-dpmne-kovachevski-influenser-na-godinata-marichik-turist-na-godinata-a-grubi-najdobar-agent-so-nedvizhnosti/ Sun, 05 Mar 2023 12:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=616030

Доблеста и човековата големина се покажуваат со постапки и дела, а не со празни зборови, вели Младен Јаневски, претседател на Комисијата за животна средина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Како политички активна младина, додава тој, го докажуваме ова, со тоа што се одлучивме да не бидеме некој што постојано ќе критикува, туку и некој кој ќе ја пофали успешноста, претприемачкиот дух и визијата за професиите на иднината.

Македонија можеби навидум е мала земја, но истовремено е полна со таленти, кои ја открија тајната на успехот, збогатувањето во најбрз можен рок и оптимизацијата при користењето на социјалните мрежи. Можеби рафтовите со леб во маркетите се празни и народот нема со што да се прехрани, но една таква мала и неважна работа не смее да го засени фактот дека со само 26.000 евра, можат да се купат неколку стотина лајкови на Фејсбук. Наградата за инфлуенсер на годината, заминува кај премиерот Димитар Ковачевски – Таче, за најмногу пари инвестирани во развојот на културата на социјалните мрежи во Македонија, истакна Јаневски.

Можеби на планетата Земја има седум континенти и речиси 200 држави, но тоа не значи дека со силен коалициски капацитет, сервилност и злоупотреба на функцијата, светот не може да биде истражен. Наградата за турист на годината, оди кај вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој покажа дека дипломатијата е само споредна работа за еден светски патник како него.

Во фокусот на секоја успешна држава, каква што е Македонија во последните неколку години, е да се изградат што поголем број на згради и станови. Наградата за најдобар агент со недвижности, заминува кај првиот вицепремиер Артан Груби, за неговите лик и дело, и усовршувањето на преговарачките техники кои му ги донесоа најдобрите цени и зделки дополни тој.

Големината на еден човек, како што рече, се докажува и според способноста за лично докажување во повеќе сфери и области.

https://www.youtube.com/watch?v=T27m_6Q0bXU

Според него, покрај успешната инфлуенсерска кариера што чини само 26.000 евра, премиерот-инфлуенсер докажал дека истовремено може да се биде и совршен менаџер.

Во духот на Европскиот зелен договор, борбата против климатските промени и ургентната потреба за зачувување на планетата, на Димитар Ковачевски му се доделува и дополнителната награда за најдобар менаџер во полето на алтернативните извори на енергија. Семеен бизнис во тесна врска со коалициските партнери е она што и е потребно на Македонија за да обезбеди сигурна иднина, вели Јаневски.

The post Перформанс на УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски инфлуенсер на годината, Маричиќ турист на годината, а Груби најдобар агент со недвижности appeared first on Република.

]]>

Доблеста и човековата големина се покажуваат со постапки и дела, а не со празни зборови, вели Младен Јаневски, претседател на Комисијата за животна средина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Како политички активна младина, додава тој, го докажуваме ова, со тоа што се одлучивме да не бидеме некој што постојано ќе критикува, туку и некој кој ќе ја пофали успешноста, претприемачкиот дух и визијата за професиите на иднината.
Македонија можеби навидум е мала земја, но истовремено е полна со таленти, кои ја открија тајната на успехот, збогатувањето во најбрз можен рок и оптимизацијата при користењето на социјалните мрежи. Можеби рафтовите со леб во маркетите се празни и народот нема со што да се прехрани, но една таква мала и неважна работа не смее да го засени фактот дека со само 26.000 евра, можат да се купат неколку стотина лајкови на Фејсбук. Наградата за инфлуенсер на годината, заминува кај премиерот Димитар Ковачевски – Таче, за најмногу пари инвестирани во развојот на културата на социјалните мрежи во Македонија, истакна Јаневски. Можеби на планетата Земја има седум континенти и речиси 200 држави, но тоа не значи дека со силен коалициски капацитет, сервилност и злоупотреба на функцијата, светот не може да биде истражен. Наградата за турист на годината, оди кај вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој покажа дека дипломатијата е само споредна работа за еден светски патник како него. Во фокусот на секоја успешна држава, каква што е Македонија во последните неколку години, е да се изградат што поголем број на згради и станови. Наградата за најдобар агент со недвижности, заминува кај првиот вицепремиер Артан Груби, за неговите лик и дело, и усовршувањето на преговарачките техники кои му ги донесоа најдобрите цени и зделки дополни тој.
Големината на еден човек, како што рече, се докажува и според способноста за лично докажување во повеќе сфери и области. https://www.youtube.com/watch?v=T27m_6Q0bXU Според него, покрај успешната инфлуенсерска кариера што чини само 26.000 евра, премиерот-инфлуенсер докажал дека истовремено може да се биде и совршен менаџер.
Во духот на Европскиот зелен договор, борбата против климатските промени и ургентната потреба за зачувување на планетата, на Димитар Ковачевски му се доделува и дополнителната награда за најдобар менаџер во полето на алтернативните извори на енергија. Семеен бизнис во тесна врска со коалициските партнери е она што и е потребно на Македонија за да обезбеди сигурна иднина, вели Јаневски.

The post Перформанс на УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски инфлуенсер на годината, Маричиќ турист на годината, а Груби најдобар агент со недвижности appeared first on Република.

]]>
ДПМ ќе одржи перформанс за финансиска поддршка на настраданите во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dpm-ke-odrzhi-performans-za-finansiska-poddrshka-na-nastradanite-vo-turtsija-i-sirija/ Sun, 12 Feb 2023 16:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=608058

Утре (13.2.2023, понеделник) со почеток во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи перформанс за финансиска поддршка на настраданите во Турција и Сирија, соопштија од посателската асоцијација.

Акцијата ја организира Друштвото на писателите на Македонија заедно со писателот Венко Андоновски.Имено, авторот Венко Андоновски, кој е годинашен добитник на наградата „Стале Попов“ за својот роман „Папокот на светлината“, на петнаесет ликовни платна ќе испише петнаесет одбрани авторски реченици-пораки, кои потоа ќе бидат понудени на хуманитарна аукција на фирмите во Скопје и Републиката за донирање средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

The post ДПМ ќе одржи перформанс за финансиска поддршка на настраданите во Турција и Сирија appeared first on Република.

Предавање и перформанс на британската уметница Дилејн Ле Бас вечерва во МСУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predavane-i-performans-na-britanskata-umetnitsa-dilejn-le-bas-vecherva-vo-msu/ Wed, 01 Feb 2023 08:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=603224

На 1 февруари, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје предавање и перформанс ќе одржи британската уметница Дилејн Ле Бас. Разговорот со неа ќе го води уметникот Никола Узуновски. 

Перформансот се однесува на уметничка практика на Ле Бас, претставена преку проектот„Архивата на Куќата.

Неколку нејзини уметнички дела се составен дел од веќе отворената изложба „Се што ни е заедничко“во МСУ Скопје, која е реализирана во рамки на проектот Манифеста 14 Приштина – Западен Балкан.

Настанот се организира со финансиска поддршка на Британската Амбасада во Скопје.

Дилејн Ле Бас е британска уметница на вкрстени дисциплини и создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови. Таа е една од шеснаесетте уметници кои се дел од Изгубениот рај, Првиот ромски павилјон на Биеналето во Венеција од 2007 година. Нејзините дела се вклучени во Биеналето во Венеција од 2007 година, Биеналето во Прага 2005 и 2007 година, Биеналето Гвангју 2012 година, Националната галерија на уметност Зачета 2013 година, MWW Музеј на современа уметност Вроцлав 2014 година, третото издание на проектното биенале за современа уметност D-O Арк Андерграунд Босна и Херцеговина 2015 година, Биеналето Оф, Будимпешта 2015 година, Проширено меѓународно биенале за современа уметност во Гетеборг.

The post Предавање и перформанс на британската уметница Дилејн Ле Бас вечерва во МСУ appeared first on Република.

„Локомотива“ ќе претстави четири перформанси како дел од заедничката соработка со МОТ и МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lokomotiva-kje-pretstavi-chetiri-performansi-kako-del-od-zaednichkata-sorabotka-so-mot-i-mkc/ Wed, 16 Nov 2022 09:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=574376

Во рамки на 47-то издание на МОТ, Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива, ќе претстави четири перформанси како дел од заедничката соработка со МОТ и Младински Културен Центар Скопје.

Во салата „25 Мај” во МКЦ, вечерва со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведен танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“. Концептот и кореографијата на „Ми треба ново тело“ се на Викторија Илиоска во разговор со Настја Ѕубан и Лаура Стелачи, а изведувачки се Викторија Илиоска и Настја Ѕубан.

Перформансот е копродукција помеѓу Локомотива, Life Long Burning (LLB), Номад Танц Академија Словенија и Викторија Илиоска. Проектот е поддржан од: Министерство за култура на Македонија и Креативна Европа (во рамки на проектот Life Long Burning), информираат од ЦНИУК Локомотива.

Додека во горното фоаје на Кино Фросина утре со почеток во 12 часот ќе има и разговор со уметницата Викторија Илиоска наречен „Дијалог кој недостасува“, кој ќе се реализара во соработка со фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско 10“, а во 19 часот во салата „25 Мај”, публиката ќе има можност да го проследи перформансот „Sad Sam Almost 6” на Матија Ферлин, хрватско-словенечка ко-продукција.

На 18 ноември ќе бидат прикажани два перформанси: „Појавување на изведбата” на Номад танцовата академија од Хрватска, којa на програмата на МОТ е во 20.00 часот во салата „25 Мај”, а веднаш потоа, од 21.00 часот во Гaлеријата на МКЦ, Игор Коруга од Србија ќе го изведе својот соло перформанс „Блискоста на допирот”.

The post „Локомотива“ ќе претстави четири перформанси како дел од заедничката соработка со МОТ и МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на 47-то издание на МОТ, Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива, ќе претстави четири перформанси како дел од заедничката соработка со МОТ и Младински Културен Центар Скопје. Во салата „25 Мај” во МКЦ, вечерва со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведен танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“. Концептот и кореографијата на „Ми треба ново тело“ се на Викторија Илиоска во разговор со Настја Ѕубан и Лаура Стелачи, а изведувачки се Викторија Илиоска и Настја Ѕубан.
Перформансот е копродукција помеѓу Локомотива, Life Long Burning (LLB), Номад Танц Академија Словенија и Викторија Илиоска. Проектот е поддржан од: Министерство за култура на Македонија и Креативна Европа (во рамки на проектот Life Long Burning), информираат од ЦНИУК Локомотива.
Додека во горното фоаје на Кино Фросина утре со почеток во 12 часот ќе има и разговор со уметницата Викторија Илиоска наречен „Дијалог кој недостасува“, кој ќе се реализара во соработка со фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско 10“, а во 19 часот во салата „25 Мај”, публиката ќе има можност да го проследи перформансот „Sad Sam Almost 6” на Матија Ферлин, хрватско-словенечка ко-продукција. На 18 ноември ќе бидат прикажани два перформанси: „Појавување на изведбата” на Номад танцовата академија од Хрватска, којa на програмата на МОТ е во 20.00 часот во салата „25 Мај”, а веднаш потоа, од 21.00 часот во Гaлеријата на МКЦ, Игор Коруга од Србија ќе го изведе својот соло перформанс „Блискоста на допирот”.

The post „Локомотива“ ќе претстави четири перформанси како дел од заедничката соработка со МОТ и МКЦ appeared first on Република.

]]>
Народен театар Битола слави 78 години, за роденденот ќе го изведе перформансот “За нашиот театар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-slavi-78-godini-za-rodendenot-kje-go-izvede-performansot-za-nashiot-teatar/ Mon, 14 Nov 2022 12:21:55 +0000 https://republika.mk/?p=573641

Ансамблот на Народниот театар од Битола, денес, годишнината од основањето ќе ја  одбележи со музичко-сценски перформанс, насловен “За нашиот театар“, кој ќе биде изведен на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“.

Битолскиот театар како најстар театар во земјава годинава слави 78 години од првиот македонски збор изговорен на театарските штици. На 14 ноември 1944 година е изведена едночинката на Владо Малевски “Ѓоре Магаревски“ во режија на Димче Стефановски.

Денешниот роденден, 78 години непрекината дејност се навистина голема бројка и по тој повод НТБ денес ќе има целодневно чествување.

Одбележувањето ќе започне во 9.30 часотк кога најмладите гледачи ќе го проследат едукативно театарскиот пeрформанс “Зошто го сакам театарот“. Во 19 часот ќе биде отворена изложбата на театарски портрети од ликовниот уметник Кирил Геговски, а во 20 часот за сите вас го приготвивме колажот “За нашиот театар“.

The post Народен театар Битола слави 78 години, за роденденот ќе го изведе перформансот “За нашиот театар“ appeared first on Република.

Маскиран маж, со кацига на главата во вид на овошје изведе перформанс пред Клубот на пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maskiran-maz-so-kaciga-na-glavata-vo-vid-na-ovoshje-izvede-performans-pred-klubot-na-pratenici/ Wed, 06 Jul 2022 13:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=524835

Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници каде што почна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог, чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската Унија.

Тој со кацига на главата во вид на овошје, застана со куфер покрај себе, играше на музика и ја испрати својата порака.

Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот, што веќе се познати во јавноста.

Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.

The post Маскиран маж, со кацига на главата во вид на овошје изведе перформанс пред Клубот на пратеници appeared first on Република.

]]>

Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници каде што почна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог, чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската Унија. Тој со кацига на главата во вид на овошје, застана со куфер покрај себе, играше на музика и ја испрати својата порака. Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот, што веќе се познати во јавноста. Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.

The post Маскиран маж, со кацига на главата во вид на овошје изведе перформанс пред Клубот на пратеници appeared first on Република.

]]>
Четиридневен модно-уметнички и музички перформанс во Центарот за култура во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/chetiridneven-modno-umetnichki-i-muzichki-performans-vo-centarot-za-kultura-vo-bitola/ Fri, 01 Jul 2022 14:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=522202

Вечерва во фоајето на Центарот за култура се отвара концептуалната изложба АЛГА која ќе трае четири денови и претставува симбиоза помеѓу современиот моден дизајн на брендот LOM Label, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика на една селектирана група на ДЏ артисти од Битола со едноставна мисија, да се промовираат локалните уметници и нивното ново создавање со еко порака која е повеќеслојна.

Имено, за модната колекција на LOM Label се употребени природни и алтернативни материјали. Посветено е посебно внимание кон кроењето при изработката на модните парчиња да се создаде минимален отпад, а остатоците од материјали се реупотребуваат за да се изработи ново парче облека или моден додаток.

Овој моден бренд позади кој стои модната дизајнерка Марта Дојчиновска, овој пат се враќа кон нејзината публика со колекција која е составена од фузија на органски, флуидни, нежни и геомериски форми инспирирани од алгите. И тој лајтмотив е исто така тема на уметничките дела на Драган Милованов-познат графити уметник со изразен личен печат во она што го созадава. Неговите дела ја раскажуваат љубовта кон природата, зачувувањето на зелените површини, графитите, уличната уметност, сѐ заедно претопено на уметничко платно со уникатен стил на изразување и силна порака за грижа кон животната средина.

Фокус на АЛГА се организмите алги, флуидните форми како и варијациите на бои кои што алгите ги имаат, нивните бенефити за животната средина  и еко-системот, како и нивниот опстанок во секое годишно време. Од транспарентна бела, сива, свежо зелена па се до црна…бојата и формите на алгата се провлекуваат низ модната колекцијата и ќе се главен двигател и низ уметничките дела”- истакнуваат авторите на изложбата.

Вечерва со почеток во 19.00 часот започнува овој четиридневен модно-уметнички и музички перформанс на кој ќе настапат и диџеите Dejan Dex, Herzel и Chiko.

The post Четиридневен модно-уметнички и музички перформанс во Центарот за култура во Битола appeared first on Република.