перење пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/perenje-pari/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 14:07:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png перење пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/perenje-pari/ 32 32 Си купувале луксуз и недвижнини: Штипска фамилија на социјална помош фатена за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца https://arhiva3.republika.mk/vesti/si-kupuvale-luksuz-i-nedvizhnini-shtipska-familija-na-sotsijalna-pomosh-fatena-za-perene-pari-i-prireduvane-na-igri-na-sreka-bez-litsentsa/ Thu, 28 Nov 2024 14:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=842829

Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера (27.11.), поради постоење на основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ.

Како што додаваат од МВР, во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, беа преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што беа обезбедени бројни материјални докази, а извршени се и претреси кај осомничените, и притоа беа пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.

Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на „Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената. Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на „Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути.
Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош.
Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила, соопшти МВР.

The post Си купувале луксуз и недвижнини: Штипска фамилија на социјална помош фатена за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца appeared first on Република.

]]>

Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера (27.11.), поради постоење на основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ. Како што додаваат од МВР, во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, беа преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што беа обезбедени бројни материјални докази, а извршени се и претреси кај осомничените, и притоа беа пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.
Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на „Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената. Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на „Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути. Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош. Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила, соопшти МВР.

The post Си купувале луксуз и недвижнини: Штипска фамилија на социјална помош фатена за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца appeared first on Република.

]]>
МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-krivichni-prijavi-za-perene-pari-i-prireduvane-na-igri-na-sreka-bez-litsentsa/ Wed, 25 Sep 2024 15:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=819596

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри, против К.А.(57) од Дојран, М.К.(62) од Дојран и Ф.П.(51) од Скопје, сите вработени во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 во врска со член 22 „соизвршителство“ од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.01.2017 до 17.04.2019, сопственикот К.К. во просториите на друштвото организирал приредување на игри на среќа без да поседува лиценца, односно дозвола од надлежен орган, со што противправно се стекнал со парична имотна корист на својата лична сметка.

На оваа сметка и пријавените К.А., М.К. и Ф.П. извршиле уплати во вкупен износ од 102.810.613 денари или 1.671.717 евра. Со ваквото дејствие тие го сториле кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Имено, паричните средства кои биле стекнати од приредувањето на игрите на среќа без лиценца ги пуштиле во легален платен промет, уплатувајќи ги на сметката на пријавениот К.К., кој понатаму ги трансферирал како позајмици кон пријавеното правно лице, кое во најголем дел ги користело за враќање на хипотекарен кредит кон една банка, како и за тековно работење.

The post МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца” appeared first on Република.

]]>

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри, против К.А.(57) од Дојран, М.К.(62) од Дојран и Ф.П.(51) од Скопје, сите вработени во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 во врска со член 22 „соизвршителство“ од Кривичниот законик. Во периодот од 01.01.2017 до 17.04.2019, сопственикот К.К. во просториите на друштвото организирал приредување на игри на среќа без да поседува лиценца, односно дозвола од надлежен орган, со што противправно се стекнал со парична имотна корист на својата лична сметка. На оваа сметка и пријавените К.А., М.К. и Ф.П. извршиле уплати во вкупен износ од 102.810.613 денари или 1.671.717 евра. Со ваквото дејствие тие го сториле кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Имено, паричните средства кои биле стекнати од приредувањето на игрите на среќа без лиценца ги пуштиле во легален платен промет, уплатувајќи ги на сметката на пријавениот К.К., кој понатаму ги трансферирал како позајмици кон пријавеното правно лице, кое во најголем дел ги користело за враќање на хипотекарен кредит кон една банка, како и за тековно работење.

The post МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца” appeared first on Република.

]]>
Рации и апсења во Мадрид: Истрага за перење пари за владата на Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ratsii-i-apsena-vo-madrid-istraga-za-perene-pari-za-vladata-na-venetsuela/ Fri, 05 Apr 2024 17:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=762788

Шпанската полиција уапси две лица и упадна во неколку куќи во Мадрид како дел од истрагата за перење пари за владата на Венецуела, соопшти денеска шпанскиот Врховен суд.

Операцијата е изведена на барање на судијата Хозе Роберто Ринкон, кој ја водеше истрагата со португалските и американските власти, соопшти судот.

Судот додаде дека истражува осомничени поврзани со владата на Венецуела, кои наводно переле пари, давале мито и формирале криминални здруженија, објави Ројтерс.

Полицијата посети четири локации, вклучително и домови во предградијата на Мадрид.

Истрагата е насочена против семејството на венецуелскиот тајкун, објави весникот „Конфидентал“, повикувајќи се на неименувани извори.

The post Рации и апсења во Мадрид: Истрага за перење пари за владата на Венецуела appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција уапси две лица и упадна во неколку куќи во Мадрид како дел од истрагата за перење пари за владата на Венецуела, соопшти денеска шпанскиот Врховен суд.   Операцијата е изведена на барање на судијата Хозе Роберто Ринкон, кој ја водеше истрагата со португалските и американските власти, соопшти судот. Судот додаде дека истражува осомничени поврзани со владата на Венецуела, кои наводно переле пари, давале мито и формирале криминални здруженија, објави Ројтерс. Полицијата посети четири локации, вклучително и домови во предградијата на Мадрид. Истрагата е насочена против семејството на венецуелскиот тајкун, објави весникот „Конфидентал“, повикувајќи се на неименувани извори.

The post Рации и апсења во Мадрид: Истрага за перење пари за владата на Венецуела appeared first on Република.

]]>
Франкфурт избран за седиште на новата агенција на ЕУ за борба против перењето пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frankfurt-izbran-za-sedishte-na-novata-agentsija-na-eu-za-borba-protiv-pereneto-pari/ Fri, 23 Feb 2024 08:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=747244

Советот на ЕУ и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор седиштето на новата Администрација за борба против перењето пари на Унијата (АМЛА), која треба да почне со работа кон средината на 2025 година, да биде во германскиот град Франкфурт.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, АМЛА, која ќе ја има централната улога во ЕУ во спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот, предвидено е да има над 400 вработени.

АМЛА е замислено како тело со директни и индиректни контролни надлежности над правните субјекти и со овластувања за изрекување санкции и казнени мерки.

Новите правила на ЕУ за спречување на перењето пари и борба против финансирањето на тероризмот се дел од регулативата што Европската комисија ја предложи во јули 2021 година. Текстот на Предлог-регулативата беше усогласен меѓу Советот на ЕУ и Европарламентот лани во декември, при што остана да се одреди уште местото на седиштето на АМЛА.

Покрај Франкфурт, кандидати за седиште на АМЛА беа и Брисел, Даблин, Мадрид, Париз, Рим, Рига, Вилнус и Виена, а Еврокомисијата имаше задача да ја оцени подобноста на поднесените кандидатури.

Проценката околу можно седиште на АМЛА, ЕК ја објави минатиот месец, по што врз основа на неа претставниците на Европскиот совет и ЕП синоќа го избраа Франкфурт за седиште на агенцијата.

The post Франкфурт избран за седиште на новата агенција на ЕУ за борба против перењето пари appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор седиштето на новата Администрација за борба против перењето пари на Унијата (АМЛА), која треба да почне со работа кон средината на 2025 година, да биде во германскиот град Франкфурт. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, АМЛА, која ќе ја има централната улога во ЕУ во спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот, предвидено е да има над 400 вработени. АМЛА е замислено како тело со директни и индиректни контролни надлежности над правните субјекти и со овластувања за изрекување санкции и казнени мерки. Новите правила на ЕУ за спречување на перењето пари и борба против финансирањето на тероризмот се дел од регулативата што Европската комисија ја предложи во јули 2021 година. Текстот на Предлог-регулативата беше усогласен меѓу Советот на ЕУ и Европарламентот лани во декември, при што остана да се одреди уште местото на седиштето на АМЛА. Покрај Франкфурт, кандидати за седиште на АМЛА беа и Брисел, Даблин, Мадрид, Париз, Рим, Рига, Вилнус и Виена, а Еврокомисијата имаше задача да ја оцени подобноста на поднесените кандидатури. Проценката околу можно седиште на АМЛА, ЕК ја објави минатиот месец, по што врз основа на неа претставниците на Европскиот совет и ЕП синоќа го избраа Франкфурт за седиште на агенцијата.

The post Франкфурт избран за седиште на новата агенција на ЕУ за борба против перењето пари appeared first on Република.

]]>
Поп и попадика од Грција переле пари кои биле наменети за помош на сиромашни деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pop-i-popadika-od-grtsija-perele-pari-koi-bile-nameneti-za-pomosh-na-siromashni-detsa-2/ Fri, 05 Jan 2024 11:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=729968

Православен свештеник, основач на најголемата грчка невладина организација која се грижи за сиромашните деца, и неговата сопруга се осомничени за перење пари и проневера и против нив е отворена кривична постапка.

По истрагата која траеше повеќе од една година, сопругата на свештеникот, одговорна за невладината организација „Кивотос ту Косму“ (Ковчегот на светот), се гони за измама, проневера и перење пари, додека нејзиниот сопруг, свештеникот Антониос Папаниколау се гони за поттикнување на тие злосторства.

Тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 20 години.

Според грчката новинска агенција АНА, извештајот од истрагата покажува дека попот и поадијата имале значителни неоправдани трошоци во име на нивната организација, како што се купување на недвижен имот во Епир, во северниот дел на Грција и повлекување на два милиони евра од средствата на НВО, кои не биле искористени за организацијата.

The post Поп и попадика од Грција переле пари кои биле наменети за помош на сиромашни деца appeared first on Република.

]]>

Православен свештеник, основач на најголемата грчка невладина организација која се грижи за сиромашните деца, и неговата сопруга се осомничени за перење пари и проневера и против нив е отворена кривична постапка. По истрагата која траеше повеќе од една година, сопругата на свештеникот, одговорна за невладината организација „Кивотос ту Косму“ (Ковчегот на светот), се гони за измама, проневера и перење пари, додека нејзиниот сопруг, свештеникот Антониос Папаниколау се гони за поттикнување на тие злосторства. Тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 20 години. Според грчката новинска агенција АНА, извештајот од истрагата покажува дека попот и поадијата имале значителни неоправдани трошоци во име на нивната организација, како што се купување на недвижен имот во Епир, во северниот дел на Грција и повлекување на два милиони евра од средствата на НВО, кои не биле искористени за организацијата.

The post Поп и попадика од Грција переле пари кои биле наменети за помош на сиромашни деца appeared first on Република.

]]>
Поп и попадика од Грција переле пари кои биле наменети за помош на сиромашни деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pop-i-popadika-od-grtsija-perele-pari-koi-bile-nameneti-za-pomosh-na-siromashni-detsa/ Fri, 05 Jan 2024 11:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=729967

Православен свештеник, основач на најголемата грчка невладина организација која се грижи за сиромашните деца, и неговата сопруга се осомничени за перење пари и проневера и против нив е отворена кривична постапка.

По истрагата која траеше повеќе од една година, сопругата на свештеникот, одговорна за невладината организација „Кивотос ту Косму“ (Ковчегот на светот), се гони за измама, проневера и перење пари, додека нејзиниот сопруг, свештеникот Антониос Папаниколау се гони за поттикнување на тие злосторства.

Тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 20 години.

Според грчката новинска агенција АНА, извештајот од истрагата покажува дека попот и поадијата имале значителни неоправдани трошоци во име на нивната организација, како што се купување на недвижен имот во Епир, во северниот дел на Грција и повлекување на два милиони евра од средствата на НВО, кои не биле искористени за организацијата.

The post Поп и попадика од Грција переле пари кои биле наменети за помош на сиромашни деца appeared first on Република.

]]>

Православен свештеник, основач на најголемата грчка невладина организација која се грижи за сиромашните деца, и неговата сопруга се осомничени за перење пари и проневера и против нив е отворена кривична постапка. По истрагата која траеше повеќе од една година, сопругата на свештеникот, одговорна за невладината организација „Кивотос ту Косму“ (Ковчегот на светот), се гони за измама, проневера и перење пари, додека нејзиниот сопруг, свештеникот Антониос Папаниколау се гони за поттикнување на тие злосторства. Тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 20 години. Според грчката новинска агенција АНА, извештајот од истрагата покажува дека попот и поадијата имале значителни неоправдани трошоци во име на нивната организација, како што се купување на недвижен имот во Епир, во северниот дел на Грција и повлекување на два милиони евра од средствата на НВО, кои не биле искористени за организацијата.  

The post Поп и попадика од Грција переле пари кои биле наменети за помош на сиромашни деца appeared first on Република.

]]>
ОЈО со детали за „Синџир“: Приведени 20 лица за даночно затајување и перење пари, буџетот оштетен за 8 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-so-detali-za-sindhir-privedeni-20-litsa-za-danochno-zatajuvane-i-perene-pari-budhetot-oshteten-za-8-milioni-evra/ Mon, 30 Oct 2023 14:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=696352

Во акцијата „Синџир“ која се спроведува од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, опфатени се 26 физички и 28 правни лица кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување и за перење пари.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека при извршените претреси обезбедена е дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка.

Приведени се 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, а шест лица се недостапни на органите на прогонот.

Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394, Даночно затајување од чл.279 и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.

Од прибраниот доказен материјал, како што е наведено во соопштението, постои основано сомневање дека три лица како организатори заедно со уште други три лица, во текот на 2019 година, во Неготино, создале група што имала за цел вршење на кривични дела „даночно затајување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

На групата, истата 2019 година, припадници станале уште седуммина од осомничените. Во текот на 2020 година на оваа група се приклучиле 11 нови припадници, а во 2021 година припадници станале уште тројца сопственици и управители на правни лица. Организаторите на злосторничкото здружение со намера да ја одбегнат законската обврска за целосно или делумно плаќање данок, организирале основање на правни субјекти во нивна сопственост и преземале сопственост и управување на претходно основани правни субјекти. Тие заедно со припадниците на злосторничкото здружение, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со вкалкулиран ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги или изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со примена на механизмот за пренесен ДДВ, по член 32-а од Законот за ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги за кои знаеле дека не се извршени. Организаторите на злосторничкото здружение ги користеле фактурите за меѓусебно сметководствено затворање на дел или на вкупните обврски на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување и на кривично одговорните правни лица во сопственост и управување на припадниците на злосторничкото здружение кон нив. Врз основа на овие фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги, на банкарските сметки на правните субјекти во сопственост или управувани од организаторите и припадниците на злосторничкото здружение по испоставените фактури најчесто не биле вршени плаќања, а дел од меѓусебните побарувања и обврски сметководствено биле затворани со меѓусебни компензации и компензации со повеќе учесници, се наведува во соопштението.

Од ОЈО ГОКК посочуваат дека осомничените организатори и припадници на злосторничкото здружение во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување сметководствено искажале повисок износ на влезен промет и поголемо даночно побарување преку кое ја намалиле вредноста на излезниот промет и ја намалиле својата даночна обврска или го зголемиле своето даночно побарување. Потоа организаторите на злосторничкото здружение со сметководственото евидентирање на фактурите за наводна продажба на стоки и услуги и со нивното искажување во задолжителните Даночни пријави за ДДВ на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, преку институтот даночен гарант, сметководственото евидентирање го искористиле за противправно преземање на даночниот долг на дел од правните субјекти сопственост или управувани од страна на осомничените припадници на злосторничкото здружение.

На тој начин правните субјекти во сопственост или управувани од осомничените организатори на злосторничкото здружение противправно станале даночни гаранти на правните субјекти сопственост или управувани од припадниците на злосторничкото здружение кои како даночни обврзници имале даночен долг кон Управата за јавни приходи.

Со вака преземените дејствија организаторите на злосторничкото здружение им овозможиле на дел од правните субјекти, сопственост или управувани од осомничените припадници на злосторничкото здружение, пред даночниот орган да не го платат нивниот даночен долг и неосновано да го затворат со лажно даночно побарување на даночните гаранти, велат од ОЈО ГОКК.

Осомничените со сите противправно преземени дејствија не платиле данок со што предизвикале штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра.

Воедно, во временскиот период од 22.10.2020 до 31.12.2021 година, во Неготино, Струмица, Скопје, Штип и во Велес тројцата организатори на злосторничкото здружение и четири осомничени припадници на злосторничкото здружение со цел да го прикријат потеклото на паричните средства и нивното движење, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства и подигале парични средства во готово во вкупен износ 40.046.815,00 денари или 651.168 евра за кои знаеле дека се прибавени со даночно затајување.

За 14 осомничени лица е побарана мерка притвор, а за едно од нив мерка „куќен притвор“. За останатите 12 лица се побарано други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Воедно, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави Барањa за привремена мерка за забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на пет физички и седум правни лица.

За делата што им се ставаат на товар на осомничените согласно одредбите во Кривичниот законик се предвидени затворски казни и тоа за кривично дело „злосторничко здружување“ од чл.394 кога групата има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна е предвидена казна затвор од една до десет години, за кривичното дело „даночно затајување“ од чл.279 доколку износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години и со парична казна и за кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Воедно, согласно чл.28-а од Кривичниот законик во случаите определени со закон, правното лице е одговорно за кривичното дело сторено од одговорно лице во правното лице, во име, за сметка или во корист на правното лице, па така за сторените кривични дела Даночно затајување и Перење пари и други приноси од казниво дело за правните лица се предвидени парични казни.

The post ОЈО со детали за „Синџир“: Приведени 20 лица за даночно затајување и перење пари, буџетот оштетен за 8 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во акцијата „Синџир“ која се спроведува од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, опфатени се 26 физички и 28 правни лица кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување и за перење пари. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека при извршените претреси обезбедена е дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка. Приведени се 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, а шест лица се недостапни на органите на прогонот.
Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394, Даночно затајување од чл.279 и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.
Од прибраниот доказен материјал, како што е наведено во соопштението, постои основано сомневање дека три лица како организатори заедно со уште други три лица, во текот на 2019 година, во Неготино, создале група што имала за цел вршење на кривични дела „даночно затајување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
На групата, истата 2019 година, припадници станале уште седуммина од осомничените. Во текот на 2020 година на оваа група се приклучиле 11 нови припадници, а во 2021 година припадници станале уште тројца сопственици и управители на правни лица. Организаторите на злосторничкото здружение со намера да ја одбегнат законската обврска за целосно или делумно плаќање данок, организирале основање на правни субјекти во нивна сопственост и преземале сопственост и управување на претходно основани правни субјекти. Тие заедно со припадниците на злосторничкото здружение, во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со вкалкулиран ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги или изготвувале и сметководствено евидентирале фактури со примена на механизмот за пренесен ДДВ, по член 32-а од Законот за ДДВ за наводно извршени набавки на стоки и услуги за кои знаеле дека не се извршени. Организаторите на злосторничкото здружение ги користеле фактурите за меѓусебно сметководствено затворање на дел или на вкупните обврски на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување и на кривично одговорните правни лица во сопственост и управување на припадниците на злосторничкото здружение кон нив. Врз основа на овие фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги, на банкарските сметки на правните субјекти во сопственост или управувани од организаторите и припадниците на злосторничкото здружение по испоставените фактури најчесто не биле вршени плаќања, а дел од меѓусебните побарувања и обврски сметководствено биле затворани со меѓусебни компензации и компензации со повеќе учесници, се наведува во соопштението.
Од ОЈО ГОКК посочуваат дека осомничените организатори и припадници на злосторничкото здружение во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување сметководствено искажале повисок износ на влезен промет и поголемо даночно побарување преку кое ја намалиле вредноста на излезниот промет и ја намалиле својата даночна обврска или го зголемиле своето даночно побарување. Потоа организаторите на злосторничкото здружение со сметководственото евидентирање на фактурите за наводна продажба на стоки и услуги и со нивното искажување во задолжителните Даночни пријави за ДДВ на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, преку институтот даночен гарант, сметководственото евидентирање го искористиле за противправно преземање на даночниот долг на дел од правните субјекти сопственост или управувани од страна на осомничените припадници на злосторничкото здружение. На тој начин правните субјекти во сопственост или управувани од осомничените организатори на злосторничкото здружение противправно станале даночни гаранти на правните субјекти сопственост или управувани од припадниците на злосторничкото здружение кои како даночни обврзници имале даночен долг кон Управата за јавни приходи.
Со вака преземените дејствија организаторите на злосторничкото здружение им овозможиле на дел од правните субјекти, сопственост или управувани од осомничените припадници на злосторничкото здружение, пред даночниот орган да не го платат нивниот даночен долг и неосновано да го затворат со лажно даночно побарување на даночните гаранти, велат од ОЈО ГОКК.
Осомничените со сите противправно преземени дејствија не платиле данок со што предизвикале штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра. Воедно, во временскиот период од 22.10.2020 до 31.12.2021 година, во Неготино, Струмица, Скопје, Штип и во Велес тројцата организатори на злосторничкото здружение и четири осомничени припадници на злосторничкото здружение со цел да го прикријат потеклото на паричните средства и нивното движење, пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на парични средства и подигале парични средства во готово во вкупен износ 40.046.815,00 денари или 651.168 евра за кои знаеле дека се прибавени со даночно затајување. За 14 осомничени лица е побарана мерка притвор, а за едно од нив мерка „куќен притвор“. За останатите 12 лица се побарано други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Воедно, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави Барањa за привремена мерка за забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на пет физички и седум правни лица. За делата што им се ставаат на товар на осомничените согласно одредбите во Кривичниот законик се предвидени затворски казни и тоа за кривично дело „злосторничко здружување“ од чл.394 кога групата има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна е предвидена казна затвор од една до десет години, за кривичното дело „даночно затајување“ од чл.279 доколку износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години и со парична казна и за кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Воедно, согласно чл.28-а од Кривичниот законик во случаите определени со закон, правното лице е одговорно за кривичното дело сторено од одговорно лице во правното лице, во име, за сметка или во корист на правното лице, па така за сторените кривични дела Даночно затајување и Перење пари и други приноси од казниво дело за правните лица се предвидени парични казни.

The post ОЈО со детали за „Синџир“: Приведени 20 лица за даночно затајување и перење пари, буџетот оштетен за 8 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/afera-barselonagejt-ova-e-hatsiendata-za-lubovnitsata-na-borisov-za-koja-e-faten-deka-platil-2-9-milioni-evra/ Fri, 09 Jun 2023 16:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=649717

„Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер.

Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.

Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .

Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму.

Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.

The post Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра appeared first on Република.

]]>

„Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер. Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.
Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .
Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму. Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.

The post Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Грковска – Орландо: САД ќе обезбеди поддршка за Македонија за финансиските истраги и проблемот со перење пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-orlando-sad-ke-obezbedi-poddrshka-za-severna-makedonija-za-finansiskite-istragi-i-problemot-so-perene-pari/ Fri, 03 Feb 2023 12:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=604329

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на САД  оствари средба со Џејсон Орландо, директор на Канцеларијата за техничка асистенција при Министерството за финансии на САД.

На состанокот се разговараше за веќе отпочнатата меѓусебна соработка иницирана од вицепремиерката Грковска и министерот за финансии Фатмир Бесими, со цел да се обезбеди поддршка во градењето на капацитетите, особено во справувањето со проблемите како што се перење пари, финансиски истраги, како и донесување на закон за перење пари. 

Сите овие прашања се опфатени и во препораките на Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата држава во 2022 година.

Вицепремиерката Грковска истакна дека за жал, Македонија не е имуна на феноменот перење пари и се соочува со голем предизвик во борбата против економскиот криминал. 

Таа нагласи дека  подготовката на законското решение за потекло на имот е од големо значење за идентификување и одземање имот, за кој не може да се утврди потеклото, а тоа значително ќе придонесе во борбата против корупцијата и економскиот криминал.

Орландо се осврна на се она што досега е потврдено во насока на заедничката соработка врз основа на добиеното официјално писмо во јуни минатата година потпишано од страна на вицепремиерката Грковска и министерот Бесими.

Тој најави дека се подготвуваат вкупно четири активности за градење на капацитетите согласно искажаните потреби и го поздрави фактот што овие проекти добиваат поддршка од Кабинетот задолжен за политики добро владеење, со што уште еднаш се потврдува силната определба на Македонија во остварување на поставените цели.

На крајот на средбата, соговорниците се согласија дека се неопходни долгoрочни и одржливи решенија, бидеќи само на тој начин може да се постигнат суштински резултати.

The post Грковска – Орландо: САД ќе обезбеди поддршка за Македонија за финансиските истраги и проблемот со перење пари appeared first on Република.

За „перење“ над 400.000 евра уапсени две лица од Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-perenje-nad-400-000-evra-uapseni-dve-lica-od-delchevo/ Wed, 07 Dec 2022 18:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=583113

Штипската полиција денеска ги лиши од слобода К.П.(64) и Д.П.(37), двајцата од Делчево, за кои имало кривична пријава поради сомнение за „перење пари“.

Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје. Притоа, со извршеното кривично дело причинета е материјална штета на Буџетот во износ од 25.502.282 денари, информираат денеска од МВР.

К.П. и Д.П. во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

The post За „перење“ над 400.000 евра уапсени две лица од Делчево appeared first on Република.

Кадиров: Џонсон ќе си оди со „вреќи пари“, со Зеленски водат масовна шема за „перење“ на средствата што ги добива Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-dzonson-kje-si-odi-so-vrekji-pari-so-zelenski-vodat-masovna-shema-za-perenje-na-sredstvata-shto-gi-dobiva-ukraina/ Fri, 08 Jul 2022 14:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=525998

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека Борис Џонсон ќе ја напушти функцијата британски премиер со „многу пари заработени во Украина“.

Премиерот успеа да го земе максимумот од парите што беа испратени како помош за Украина и веќе нема што „да улови“ на тоа место. Обезбеди пензија не само за себе, туку и за своите деца - пишува Кадиров на својот канал на Телеграм.

Според чеченскиот лидер, шемата за кражба на пари од британските даночни обврзници функционира преку Украина, што е најлесниот канал за измама.

Британската финансиска помош се испраќа на сметките на Киев, каде што една десетина навистина оди за потребите навооружените сили на Украина, но останатиот дел се користи од украинските власти без цел и се уплаќа на сметките на лажни компании. И, се разбира, иницијаторот на оваа помош добива огромно парче од колачот. Тоа неофицијално. А, официјално - Борис Џонсон доаѓа во Киев за да го привлече вниманието на друга страна, се ракува со Зеленски и му ветува дека повторно ќе го поддржи, односно дека заедно ќе ги делат парите - вели претседателот на Чеченија.

Како што истакнува Кадиров, украинските власти создале невидена глобална шема за перење и кражба на финансиски средства.

The post Кадиров: Џонсон ќе си оди со „вреќи пари“, со Зеленски водат масовна шема за „перење“ на средствата што ги добива Украина appeared first on Република.

Уапсен Турчин на Аеродром во Скопје, Германија го бара за перење пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-turchin-na-aerodrom-vo-skopje-germanija-go-bara-za-perenje-pari/ Fri, 18 Feb 2022 20:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=460664

Полицијата денеска на Граничниот премин „Аеродром Скопје“ на влез во Република Македонија го лиши од слобода Е.А. од Турција, кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Германија, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека Е.А. е обвинет за случај на перење пари, за што е предвидена казна затвор до десет години.
Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Јавното обвинителство презема мерки и активности за понатамошна постапка.

The post Уапсен Турчин на Аеродром во Скопје, Германија го бара за перење пари appeared first on Република.

Испрале 55 милиони евра за бугарски нарко картел: Почнува судски процес против банката „Кредит свис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/isprale-55-milioni-evra-za-bugarski-narko-kartel-pochnuva-sudski-proces-protiv-bankata-kredit-svis/ Mon, 07 Feb 2022 12:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=455102

Во Швајцарија денеска почнува судски процес против банката „Кредит Свис“ (Credit Suisse), обвинета за перење пари на бугарска криминална група за шверц со кокаин. Според обвинението, банката испрала милиони евра стекнати со криминална активност, од кои дел биле донесени во куфери.

Според Обвинителство, втората по големина банка во Швајцарија и еден од нејзините поранешни вработени не ги презеле неопходните мерки за да ги спречат бугарските шверцери на дрога да скријат и да исперат речиси 55 милиони во периодот од 2004 и 2008 година.

Швајцарските медиуми наведуваат дека огромните суми биле платени лично од Евелин Банев, водачот на групата, а истрагата почнала пред 14 години. Обвинението е на повеќе од 500 страници и се фокусира на поврзаноста на поранешна вработена во банката со Банев и неколку негови соработници, од кои двајца се обвинети.

Второто обвинение е против поранешната вработена во банката, која овозможила перење на парите. Според швајцарските медиуми, таа била родена во Бугарија.

The post Испрале 55 милиони евра за бугарски нарко картел: Почнува судски процес против банката „Кредит свис“ appeared first on Република.

]]>

Во Швајцарија денеска почнува судски процес против банката „Кредит Свис“ (Credit Suisse), обвинета за перење пари на бугарска криминална група за шверц со кокаин. Според обвинението, банката испрала милиони евра стекнати со криминална активност, од кои дел биле донесени во куфери. Според Обвинителство, втората по големина банка во Швајцарија и еден од нејзините поранешни вработени не ги презеле неопходните мерки за да ги спречат бугарските шверцери на дрога да скријат и да исперат речиси 55 милиони во периодот од 2004 и 2008 година. Швајцарските медиуми наведуваат дека огромните суми биле платени лично од Евелин Банев, водачот на групата, а истрагата почнала пред 14 години. Обвинението е на повеќе од 500 страници и се фокусира на поврзаноста на поранешна вработена во банката со Банев и неколку негови соработници, од кои двајца се обвинети. Второто обвинение е против поранешната вработена во банката, која овозможила перење на парите. Според швајцарските медиуми, таа била родена во Бугарија.

The post Испрале 55 милиони евра за бугарски нарко картел: Почнува судски процес против банката „Кредит свис“ appeared first on Република.

]]>