Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
The post Прекин на сообраќајот во два правци кај Пепелиште поради активен пожар appeared first on Република.
]]>The post Прекин на сообраќајот во два правци кај Пепелиште поради активен пожар appeared first on Република.
]]>Министерството за одбрана Генералштабот на АРМ ги демантираат изнесените информации, односно непроверени информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на с. Пепелиште.
Имено, припадниците на Армијата односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ,,Пепелиште” се први кои се вклучија во борбата со пожарот.
-Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа на АП „Криволак“ и истите завршија во 10:00 часот. Се работи за две различни локации односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата.
Питомците заедно со останатите армиски припадници до доцните вечерни часови помагаа во гаснење на пожарот и истите продолжија и денеска да го гаснат пожарот на терен и од воздух, се вели во соопштението.
The post Реакција од МО и од Генералштабот на АРМ во врска со започнувањето на пожарот кај Пепелиште appeared first on Република.
]]>-Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа на АП „Криволак“ и истите завршија во 10:00 часот. Се работи за две различни локации односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата.Питомците заедно со останатите армиски припадници до доцните вечерни часови помагаа во гаснење на пожарот и истите продолжија и денеска да го гаснат пожарот на терен и од воздух, се вели во соопштението.
The post Реакција од МО и од Генералштабот на АРМ во врска со започнувањето на пожарот кај Пепелиште appeared first on Република.
]]>Кавадаречки пожарникари заминале да помогнат при гаснење на пожарот во Неготинско, информираат од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.
Во пожарот што го зафати просторот близу неготинското село Пепелиште, интервенираат и пожарникари од ТППЕ Кавадарци. Со три возила, шест пожарникари и цистерна од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, се помага во гаснење на големиот пожар, се додека истиот не се стави под контрола, соопштија од Противпожарната единица.
Пожарот кај Пепелиште има зафатено површина од околу 300 хектари и се очекува да пристигне и хеликоптер за помош при гаснењето.
https://republika.mk/vesti/pozhar-kaj-pepelishte-bez-kontrola-se-shiri-vo-blizina-na-patot-negotino-shtip/
The post Кавадаречки пожарникари ангажирани да помогнат во гаснење на пожарот во Неготинско appeared first on Република.
]]>Во пожарот што го зафати просторот близу неготинското село Пепелиште, интервенираат и пожарникари од ТППЕ Кавадарци. Со три возила, шест пожарникари и цистерна од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, се помага во гаснење на големиот пожар, се додека истиот не се стави под контрола, соопштија од Противпожарната единица.Пожарот кај Пепелиште има зафатено површина од околу 300 хектари и се очекува да пристигне и хеликоптер за помош при гаснењето. https://republika.mk/vesti/pozhar-kaj-pepelishte-bez-kontrola-se-shiri-vo-blizina-na-patot-negotino-shtip/
The post Кавадаречки пожарникари ангажирани да помогнат во гаснење на пожарот во Неготинско appeared first on Република.
]]>Во текот на денот, околу 10.30 часот избувнал пожар на отворено во атарот на с. Пепелиште, во близина на армискиот камп за обука Пепелиште кој е составен дел на армискиот полигон Криволак. Како што информираат од ЦУК, по неуспешниот обид од страна на питомците пожарот да биде ставен под контрола, тој се проширил и се движи во насока кон сртот на Конечка планина (планина Серта) од десната страна на регионалниот пат Неготино - Штип.
Линијата на фронтот на пожарот е подолга од еден километар. Во овој момент не е загрозено населено место ниту има таква тенденција, но пожарот се движи кон два далеководи од кои едниот од 410 киловолти се исклучил самиот а другиот од 110 киловолти е се уште во функција.
Ветрот кој постојано дува менувајќи го правецот дополнително го отежнува гаснењето на пожарот.
Горат носкостеблести растенија, но и мешана шума вклучително и мешана зимзелена шума. Поради сериозноста на пожарот полицискиот хеликоптер кој учествуваше во гаснењето на пожарот кај Велес е пренасочен и веќе почна со дејство врз пожарот кај Пепелиште.
Останатите два полициски хеликоптери се на редовен сервис, едниот ќе биде функционален после понеделник додека вториот кон крајот на август.
Армискиот хеликоптер е ангажиран на редовни армиски задачи во Охрид и нема доволно време истиот да се пренасочи во Скопје, да наполни гориво, да закачи ведро и да се упати кон Пепелиште.
Трите „Ер трактори“ се нефункционални поради недостаток на пилоти, проблем кој се очекува да биде надминат на следната владина седница.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-koj-da-leta-so-er-traktorite-na-dzs-plata-od-300-000-denari-e-uslov-za-vrakane-na-dvajtsata-obucheni-piloti-od-penzija/
Во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Неготино, ТППЕ Кавадарци а во секој момент ќе им се придружат и нивните колеги од Штип како и вработени од Национални Шуми. Воедно во гаснењето се вклучени и вработени од ЈКП Неготино.
Чадот од пожарот се чувствува и во Неготино.
Доколку денеска пожарот не биде изгаснат или ставен под контрола, гаснењето ќе продолжи рано наутро со еден полициски и еден армиски хеликоптер и поголем број на пожарникари.
За секоја промена на терен ќе следи навремена информација.
The post Пожар кај Пепелиште без контрола се шири во близина на патот Неготино – Штип appeared first on Република.
]]>The post Пожар кај Пепелиште без контрола се шири во близина на патот Неготино – Штип appeared first on Република.
]]>Вчера во 17:30 часот 47-годишна жена од с.Пепелиште, неготинско, пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички и психички малтретиран од двајца негови соученици, кои му одземале пари кои ги носел со себе.
Како што пријавила мајката, на 5 декември годинава тие со закана му побарале пари, кои малолетникот следниот ден ги зел од дома и им ги дал, без знаење на родителите.
За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
The post Нов случај на булинг: Го тепале и понижувале, на крај и го ограбиле appeared first on Република.
]]>The post Нов случај на булинг: Го тепале и понижувале, на крај и го ограбиле appeared first on Република.
]]>