пензионирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penzioniranje/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 11:01:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пензионирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penzioniranje/ 32 32 Мажите ќе се пензионираат со 63, жените со 58 години: Кина ја зголемува старосната граница за пензионирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mazhite-ke-se-penzioniraat-so-63-zhenite-so-58-godini-kina-ja-zgolemuva-starosnata-granitsa-za-penzionirane/ Fri, 13 Sep 2024 11:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=816025

Кина, како најмладата земја која го најде своето место меѓу најголемите светски економии, планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците од следната година, одлука која ќе важи во следните 15 години.

Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на 55 до 58 години, во зависност од работното место.

Ќе се спроведува од јануари следната година, се вели во најавата на кинеската влада на CCTV.

Сегашната возраст за пензионирање е 60 години за мажи и 50 до 55 години за жени.

Имаме повеќе луѓе кои се на прагот на возраста за пензионирање, така што пензискиот фонд се соочува со голем притисок, па мислам дека сега е време да се дејствува сериозно, рече Ксиуџиан Пенг, виш научен соработник на Универзитетот Викторија во Австралија, кој го проучува населението во Кина.

 

The post Мажите ќе се пензионираат со 63, жените со 58 години: Кина ја зголемува старосната граница за пензионирање appeared first on Република.

]]>

Кина, како најмладата земја која го најде своето место меѓу најголемите светски економии, планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците од следната година, одлука која ќе важи во следните 15 години. Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на 55 до 58 години, во зависност од работното место. Ќе се спроведува од јануари следната година, се вели во најавата на кинеската влада на CCTV. Сегашната возраст за пензионирање е 60 години за мажи и 50 до 55 години за жени. Имаме повеќе луѓе кои се на прагот на возраста за пензионирање, така што пензискиот фонд се соочува со голем притисок, па мислам дека сега е време да се дејствува сериозно, рече Ксиуџиан Пенг, виш научен соработник на Универзитетот Викторија во Австралија, кој го проучува населението во Кина.  

The post Мажите ќе се пензионираат со 63, жените со 58 години: Кина ја зголемува старосната граница за пензионирање appeared first on Република.

]]>
Од следната година во Србија нови услови за пензионирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-slednata-godina-vo-srbija-novi-uslovi-za-penzionirane/ Mon, 11 Dec 2023 08:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=721648

Во Србија од следната година ќе важат нови услови за пензионирање, соопшти Државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

За жените, старосната граница за пензионирање е поместена за два месеци од јануари - возраст од 63 години и осум месеци живот и најмалку 15 години стаж на осигурување.

За мажите се уште важат истите услови - 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување.

Поместувањето на условот за возраст за жените е до 2032 година, кога условите за двата пола ќе бидат еднакви, 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување.

Осигурениците од двата пола можат да го остварат правото на пензија и доколку имаат наполнето 45 години стаж на осигурување, без разлика на нивната возраст.

The post Од следната година во Србија нови услови за пензионирање appeared first on Република.

]]>

Во Србија од следната година ќе важат нови услови за пензионирање, соопшти Државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување. За жените, старосната граница за пензионирање е поместена за два месеци од јануари - возраст од 63 години и осум месеци живот и најмалку 15 години стаж на осигурување. За мажите се уште важат истите услови - 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување. Поместувањето на условот за возраст за жените е до 2032 година, кога условите за двата пола ќе бидат еднакви, 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување. Осигурениците од двата пола можат да го остварат правото на пензија и доколку имаат наполнето 45 години стаж на осигурување, без разлика на нивната возраст.

The post Од следната година во Србија нови услови за пензионирање appeared first on Република.

]]>
Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-frantsija-shtrajk-poradi-predlogot-za-zgolemuvane-na-starosnata-granitsa-za-penzionirane/ Thu, 19 Jan 2023 11:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=598650

Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница.

Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта и други јавни служби се затворени.

На аеродромот „Орли“ во Париз во просек се откажува еден од пет лета.

Во париското метро само една од двете линии со автоматизирани локомотиви без возачи работи нормално.

Се очекува неколку десетици илјади луѓе да се најдат на улиците на Париз, но и во другите градови низ Франција, каде ќе биде присутна и полицијата во случај да се појават ултралевичарски саботери.

Според предлогот што претходно овој месец го претстави премиерката Елизабет Борн, од 2027 година луѓето ќе треба да имаат 43 години стаж за да добијат целосна пензија, наместо досегашните 42 години.

The post Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање appeared first on Република.

]]>

Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница. Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта и други јавни служби се затворени. На аеродромот „Орли“ во Париз во просек се откажува еден од пет лета. Во париското метро само една од двете линии со автоматизирани локомотиви без возачи работи нормално. Се очекува неколку десетици илјади луѓе да се најдат на улиците на Париз, но и во другите градови низ Франција, каде ќе биде присутна и полицијата во случај да се појават ултралевичарски саботери. Според предлогот што претходно овој месец го претстави премиерката Елизабет Борн, од 2027 година луѓето ќе треба да имаат 43 години стаж за да добијат целосна пензија, наместо досегашните 42 години.

The post Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање appeared first on Република.

]]>
Во Турција се отвораат работни места – повеќе од 2 милиони луѓе одеднаш ќе се пензионираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-se-otvoraat-rabotni-mesta-poveke-od-2-milioni-luge-odednash-ke-se-penzioniraat/ Wed, 28 Dec 2022 20:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=591200

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање, што ќе им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Одлуката е донесена на помалку од шест месеци пред изборите во Турција.

Старосната граница за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 за мажи. Сега е нејасно колку ќе ја чини турската држава новиот систем. Но, Ердоган рече дека 2,25 милиони луѓе имаат право веднаш да се пензионираат. Во моментов во Турција има 13,9 милиони пензионери.

Владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган минатата недела ја зголеми минималната плата во земјата, како дел од кампањата за враќање на поддршката кај гласачите погодени од високата инфлација, падот на турската лира и падот на животниот стандард.

Клучните избори за Ердоган ќе се одржат во јуни следната година.

The post Во Турција се отвораат работни места – повеќе од 2 милиони луѓе одеднаш ќе се пензионираат appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање, што ќе им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Одлуката е донесена на помалку од шест месеци пред изборите во Турција. Старосната граница за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 за мажи. Сега е нејасно колку ќе ја чини турската држава новиот систем. Но, Ердоган рече дека 2,25 милиони луѓе имаат право веднаш да се пензионираат. Во моментов во Турција има 13,9 милиони пензионери. Владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган минатата недела ја зголеми минималната плата во земјата, како дел од кампањата за враќање на поддршката кај гласачите погодени од високата инфлација, падот на турската лира и падот на животниот стандард. Клучните избори за Ердоган ќе се одржат во јуни следната година.

The post Во Турција се отвораат работни места – повеќе од 2 милиони луѓе одеднаш ќе се пензионираат appeared first on Република.

]]>
„Живееме подолго, треба да работиме подолго“: Макрон ќе ја зголемува старосната граница за пензионирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ziveeme-podolgo-potrebno-e-da-rabotime-podolgo-makron-kje-ja-zgolemuva-starosnata-granica-za-penzioniranje/ Thu, 27 Oct 2022 06:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=566069

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе ја спроведе контроверзната пензиска реформа која ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање за три години, од сегашните 62 на 65 години, што ќе ги натера младите генерации да работат подолго.

Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон кажа дека промените ќе стапат на сила следната година.

Постои само еден начин тоа да го направиме, доколку сме паметни. Бидејќи живееме подолго, потребно е да работиме подолго. Минималната возраст за целосно пензионирање до 2031 година постепено ќе се зголеми од сегашните 62 на 65 години, изјави францускиот претседател во интервјуто.

Макрон, сепак, кажа и дека е отворен да разговара за возраста за пензионирање со синдикатите и за потенцијални промени.

Сите француски работници добиваат државна пензија.

Неуспехот да се воведат предложените измени ќе значи дека владата ќе мора да го намали износот на пензиите, рече Макрон.

Најавата на Макрон доаѓа откако неговата центристичка алијанса го загуби парламентарното мнозинство во јуни, што го отежнува усвојувањето на законите на неговата влада во Долниот дом на парламентот.

Повеќето опозициски партии, како и синдикатите, се против промените на старосната граница за пензионирање.

Макрон вчера им понуди сојуз на пратениците од конзервативната Републиканска партија за да ги усвојат домашните реформи во парламентот, вклучително и пензиските реформи.

Претходно оваа недела, неговата влада преживеа три гласања за недоверба поттикнати од некои опозициски пратеници од левата и екстремната десница во знак на протест против употребата на специјална уставна моќ за протуркање на буџетските закони низ Националното собрание.

Предложената пензиска реформа предизвика штрајкови и протести низ целата земја кон крајот на 2019 година за време на првиот мандат на Макрон.

The post „Живееме подолго, треба да работиме подолго“: Макрон ќе ја зголемува старосната граница за пензионирање appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе ја спроведе контроверзната пензиска реформа која ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање за три години, од сегашните 62 на 65 години, што ќе ги натера младите генерации да работат подолго. Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон кажа дека промените ќе стапат на сила следната година.
Постои само еден начин тоа да го направиме, доколку сме паметни. Бидејќи живееме подолго, потребно е да работиме подолго. Минималната возраст за целосно пензионирање до 2031 година постепено ќе се зголеми од сегашните 62 на 65 години, изјави францускиот претседател во интервјуто.
Макрон, сепак, кажа и дека е отворен да разговара за возраста за пензионирање со синдикатите и за потенцијални промени. Сите француски работници добиваат државна пензија.
Неуспехот да се воведат предложените измени ќе значи дека владата ќе мора да го намали износот на пензиите, рече Макрон.
Најавата на Макрон доаѓа откако неговата центристичка алијанса го загуби парламентарното мнозинство во јуни, што го отежнува усвојувањето на законите на неговата влада во Долниот дом на парламентот. Повеќето опозициски партии, како и синдикатите, се против промените на старосната граница за пензионирање. Макрон вчера им понуди сојуз на пратениците од конзервативната Републиканска партија за да ги усвојат домашните реформи во парламентот, вклучително и пензиските реформи. Претходно оваа недела, неговата влада преживеа три гласања за недоверба поттикнати од некои опозициски пратеници од левата и екстремната десница во знак на протест против употребата на специјална уставна моќ за протуркање на буџетските закони низ Националното собрание. Предложената пензиска реформа предизвика штрајкови и протести низ целата земја кон крајот на 2019 година за време на првиот мандат на Макрон.

The post „Живееме подолго, треба да работиме подолго“: Макрон ќе ја зголемува старосната граница за пензионирање appeared first on Република.

]]>