пензија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penzija/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 11:58:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пензија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penzija/ 32 32 Најголема пензија во ЕУ има Луксембург, а најмала Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/najgolema-penzija-vo-eu-ima-luksemburg-a-najmala-bugarija/ Sun, 02 Jun 2024 17:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=784145

Просечната месечна пензија на ниво на Европската унија е 1.294 евра, пренесува „Блиц.рс“. Меѓу десетте земји со највисока просечна месечна пензија се Луксембург (2.575 евра), Норвешка (2.438 евра), Данска (2.417 евра), Швајцарија (2.138 евра), Австрија (1.962 евра), Холандија (1.931 евра), Ирска ( 1.906 евра, Шведска (1.838 евра) и Белгија (1.737 евра), објави Евростат.

Од поранешните ју-држави, Босна и Херцеговина е меѓу европските земји со најниска просечна месечна пензија (237 евра или 474 км). Во Бугарија со 226 евра и во Албанија со 131 евро, пониски се просечните месечни пензии од оние во БиХ.

Кога станува збор за другите земји од поранешна Југославија, највисока просечна месечна пензија има во Словенија (692 евра). Во Хрватска пензионерите добиваат 388 евра, а во Црна Гора 291 евро.

Недостигаат податоци на Евростат за Македонија и Косово.

Според последните податоци на српскиот пензиски Фонд, просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45.731 динари (23.000 денари).

The post Најголема пензија во ЕУ има Луксембург, а најмала Бугарија appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна пензија на ниво на Европската унија е 1.294 евра, пренесува „Блиц.рс“. Меѓу десетте земји со највисока просечна месечна пензија се Луксембург (2.575 евра), Норвешка (2.438 евра), Данска (2.417 евра), Швајцарија (2.138 евра), Австрија (1.962 евра), Холандија (1.931 евра), Ирска ( 1.906 евра, Шведска (1.838 евра) и Белгија (1.737 евра), објави Евростат. Од поранешните ју-држави, Босна и Херцеговина е меѓу европските земји со најниска просечна месечна пензија (237 евра или 474 км). Во Бугарија со 226 евра и во Албанија со 131 евро, пониски се просечните месечни пензии од оние во БиХ. Кога станува збор за другите земји од поранешна Југославија, највисока просечна месечна пензија има во Словенија (692 евра). Во Хрватска пензионерите добиваат 388 евра, а во Црна Гора 291 евро. Недостигаат податоци на Евростат за Македонија и Косово. Според последните податоци на српскиот пензиски Фонд, просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45.731 динари (23.000 денари).

The post Најголема пензија во ЕУ има Луксембург, а најмала Бугарија appeared first on Република.

]]>
Нема да се преиспитува членот од Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој ја уредува највисоката пензија во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nema-da-se-preispituva-chlenot-od-zakonot-za-penzisko-i-invalidsko-osiguruvane-koj-ja-ureduva-najvisokata-penzija-vo-drzhavata/ Thu, 18 Apr 2024 15:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=767622

Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставност на членот 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, што значи дека нема да се преиспитува уставноста на одредбата со која се утврдува највисоката пензија.

-Судот утврди дека поведувањето на постапката на 11 мај 2021 година било засновано врз погрешна фактичка состојба и одлучи дека постапката за оценување на уставноста на оспорената одредба треба да се запре согласно членот 47 алинеја 3 од Деловникот, информира попладнево прес-службата на Уставниот суд.

Како што појаснуваат, Уставниот суд ги имал предвид начелата на социјална праведност и генерациска солидарност утврдени со членот 3 од Законот, врз основа на коишто се остваруваат правата во случај на старост, инвалидност, смрт и телесно оштетување во првиот пензиски столб, а со вториот пензиски столб се остваруваат правата согласно со Законот кој го уредува задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Судот, стои во соопштението, во повеќе предмети се произнел дека лимитирањето на највисокиот износ на пензијата, не може да се смета дека е прекумерно или неразумно, бидејќи и покрај ограничувањето, осигурениците на кои се однесува оваа одредба се пензионери со највисоки пензиски примања во земјата.

-По однос на покренатото прашање за пропорционалност и сразмерност во иницијативата Судот ја зема предвид и содржината на членот 16 став 1 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, според кој највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси е износот од шеснаесет просечни плати. Над уплатата на оваа вредност повеќе не се уплатуваат придонеси. Исто така, Судот имаше предвид дека највисоката пензија, како и останатите, согласно оспорениот член 230 од Законот, повторно не се определува и понатаму се усогласува со процентот со кој се усогласуваат и другите пензии, што значи дека не е фиксна категорија и во зависност од економските движења е во постојано зголемување, соопшти Уставниот суд.

Содржината на оспорениот член 230 став 1 гласи: За осигурениците кои не пристапиле во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, највисоката пензија не може да изнесува повеќе од 80 проценти до 2015 година, а по 2015 година не повеќе од процентите утврдени во член 52 став (1) на овој закон од просечната нето плата остварена во Републиката во претходната година зголемена за 2,7 пати. (2) Определената највисока пензија од ставот (1) на овој член повторно не се определува и понатаму се усогласува со процентот со кој се усогласуваат и другите пензии.

Подносители на иницијативата се Зорка Златановиќ, Јадранка Мршиќ и Димитар Пејчиновски, сите од Скопје, преку полномошник Игор Спировски, адвокат од Скопје.

The post Нема да се преиспитува членот од Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој ја уредува највисоката пензија во државата appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставност на членот 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, што значи дека нема да се преиспитува уставноста на одредбата со која се утврдува највисоката пензија.
-Судот утврди дека поведувањето на постапката на 11 мај 2021 година било засновано врз погрешна фактичка состојба и одлучи дека постапката за оценување на уставноста на оспорената одредба треба да се запре согласно членот 47 алинеја 3 од Деловникот, информира попладнево прес-службата на Уставниот суд.
Како што појаснуваат, Уставниот суд ги имал предвид начелата на социјална праведност и генерациска солидарност утврдени со членот 3 од Законот, врз основа на коишто се остваруваат правата во случај на старост, инвалидност, смрт и телесно оштетување во првиот пензиски столб, а со вториот пензиски столб се остваруваат правата согласно со Законот кој го уредува задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Судот, стои во соопштението, во повеќе предмети се произнел дека лимитирањето на највисокиот износ на пензијата, не може да се смета дека е прекумерно или неразумно, бидејќи и покрај ограничувањето, осигурениците на кои се однесува оваа одредба се пензионери со највисоки пензиски примања во земјата.
-По однос на покренатото прашање за пропорционалност и сразмерност во иницијативата Судот ја зема предвид и содржината на членот 16 став 1 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, според кој највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси е износот од шеснаесет просечни плати. Над уплатата на оваа вредност повеќе не се уплатуваат придонеси. Исто така, Судот имаше предвид дека највисоката пензија, како и останатите, согласно оспорениот член 230 од Законот, повторно не се определува и понатаму се усогласува со процентот со кој се усогласуваат и другите пензии, што значи дека не е фиксна категорија и во зависност од економските движења е во постојано зголемување, соопшти Уставниот суд.
Содржината на оспорениот член 230 став 1 гласи: За осигурениците кои не пристапиле во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, највисоката пензија не може да изнесува повеќе од 80 проценти до 2015 година, а по 2015 година не повеќе од процентите утврдени во член 52 став (1) на овој закон од просечната нето плата остварена во Републиката во претходната година зголемена за 2,7 пати. (2) Определената највисока пензија од ставот (1) на овој член повторно не се определува и понатаму се усогласува со процентот со кој се усогласуваат и другите пензии. Подносители на иницијативата се Зорка Златановиќ, Јадранка Мршиќ и Димитар Пејчиновски, сите од Скопје, преку полномошник Игор Спировски, адвокат од Скопје.

The post Нема да се преиспитува членот од Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој ја уредува највисоката пензија во државата appeared first on Република.

]]>
По Ковачевски и Спасовски ветува минимална пензија од 20.000 и просечна пензија од 30.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/po-kovachevski-i-spasovski-vetuva-minimalna-penzija-od-20-000-i-prosechna-penzija-od-30-000-denari/ Sun, 07 Apr 2024 13:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=763450

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во изборна единица 2, Оливер Спасовски, денеска се сретна со група пензионери во кино Маџари.

„Денеска сум во Маџари со сограѓаните пензионери, разговараме за европската иднина на државата која заедно ја изградивме. Се грижиме за тие што се грижеа за нас и за државата.

Со меѓугенерациска солидарност до европски пензии и двојна победа на 8 мај за европски живот во Македонија!”, истакна Спасовски во своето обраќање пред пензионерите.

„Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари! Во текот на грејната сезона, во периодот од октомври до март, воведуваме енергетски додаток за пензионерите од 1.500 денари”, најави Спасовски, потсетувајќи дека изминатиот период пензионерите беа вклучени во антикризните пакети за време на енергетската криза.

„Впрочем и антикризните мерки изминатиов период помогнаа на голем број пензионери со ниско примања. А, за оние со најниски пензии ќе обезбедиме посебна картичка „Се грижиме за сите“, со која ќе добиваат попуст до 30 отсто”, рече Спасовски.

The post По Ковачевски и Спасовски ветува минимална пензија од 20.000 и просечна пензија од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во изборна единица 2, Оливер Спасовски, денеска се сретна со група пензионери во кино Маџари. „Денеска сум во Маџари со сограѓаните пензионери, разговараме за европската иднина на државата која заедно ја изградивме. Се грижиме за тие што се грижеа за нас и за државата. Со меѓугенерациска солидарност до европски пензии и двојна победа на 8 мај за европски живот во Македонија!”, истакна Спасовски во своето обраќање пред пензионерите. „Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари! Во текот на грејната сезона, во периодот од октомври до март, воведуваме енергетски додаток за пензионерите од 1.500 денари”, најави Спасовски, потсетувајќи дека изминатиот период пензионерите беа вклучени во антикризните пакети за време на енергетската криза. „Впрочем и антикризните мерки изминатиов период помогнаа на голем број пензионери со ниско примања. А, за оние со најниски пензии ќе обезбедиме посебна картичка „Се грижиме за сите“, со која ќе добиваат попуст до 30 отсто”, рече Спасовски.

The post По Ковачевски и Спасовски ветува минимална пензија од 20.000 и просечна пензија од 30.000 денари appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-minimalna-penzija-od-18-000-denari-e-nepravedno-linerano-zgolemuvane-e-neustavno/ Mon, 14 Aug 2023 12:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=672026

Делегација на пензионерите кои протестираа во Скопје беше примена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на која и ги доставија нивните барања што ги соопштија и на собирот пред МТСП.

Главните барања се усогласување на пензиите со објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и наместо 12.500 денари, минималната пензија да изнесува 18.000 денари.

Четиричлената делегација побара од министерката Тренчевска да се заземе за нив и да ги пренесе нивните барања во Владата. Појаснија дека бараат линерано зголемување од 3.500 денари што ќе влезе во пензијата на сите 336 илјади пензионери во државава, и тоа да не биде еднократен надомест, а потоа да ги добиваат и процентните покачувања што ќе им следуваат.

На почетокот на средбата, кога беа присутни медиуми, Драган Угриновски од иницијативниот одбор, побара Тренчевска да се заложи за нивните барања нагласувајќи дека првпат во историјата пензионерите излегуваат на протест. Претставниците на пензионерите укажаа дека просечната пензија е многу ниска, трошоците се многу големи, особено по одмрзнувањето на  цените и откога се зголеми ДДВ-то.

Министерката Тренчевска им одговори дека ќе ги разгледа нивните барања - и во МТСП и на седница на Влада, но смета дека нивното барање за линеарно зголемување е противуставно, а барањето за минимална пензија од 18.000 денари не е праведно кон пензионерите што овој износ го земаат сега, а имаат 35 или 40 години работен стаж.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/penzionerite-baraat-linerano-zgolemuvane-od-3-500-i-minimalna-penzija-od-18-000-denari/

Посочи дека минимална пензија од 12.500 денари земаат најголем дел од пензионерите кои биле работници со малку стаж и кои земале минимална плата и дека ги немаат исполнето условите за пензија како пензионерите со 35 или 40 години стаж.

И некој што работел 40 години и некој што работел 15 години не може да зема исто. Јас сум за праведност и социјална правда. Не можел некој што се потрошил 40 години, без разлика дали на машина или во државна институција, да го изедначиме со некој што работел 15 години...Сега се бунат тие со најниска пензија, потоа ќе дојдат тие што земаат 17.000 и 18.000 денари пензија. Како ќе го затвориме тој круг, рече Тренчевска.

Во однос на барањето за линеарано зголемување на пензиите, таа рече дека е противуставно и дека таква одлука во 1998 била поништена од Уставниот суд.

Јас ќе се обратам, но и вие како иницијативен одбор обратете се до Уставниот суд дали линеарно зголемување е уставно, додаде министерката.

Таа рече дека од 2022 досега е направено многу за пензионерите.

Не кажувам дека е пензијата многу голема, но од 9.000 денари минималната пензија сега е 12.500 денари. Новата методологија е направена токму затоа – пензиите да се зголемуваат двапати во годината, како што растат трошоците на живот и како што расте просечната плата, така да се зголемуваат и пензиите, рече Тренчевска на средбата со претставници на пензионерите, а за исходот се  очекува соопштение од Министерството за труд и социјална политика.

The post Тренчевска: Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно appeared first on Република.

]]>

Делегација на пензионерите кои протестираа во Скопје беше примена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на која и ги доставија нивните барања што ги соопштија и на собирот пред МТСП. Главните барања се усогласување на пензиите со објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и наместо 12.500 денари, минималната пензија да изнесува 18.000 денари. Четиричлената делегација побара од министерката Тренчевска да се заземе за нив и да ги пренесе нивните барања во Владата. Појаснија дека бараат линерано зголемување од 3.500 денари што ќе влезе во пензијата на сите 336 илјади пензионери во државава, и тоа да не биде еднократен надомест, а потоа да ги добиваат и процентните покачувања што ќе им следуваат. На почетокот на средбата, кога беа присутни медиуми, Драган Угриновски од иницијативниот одбор, побара Тренчевска да се заложи за нивните барања нагласувајќи дека првпат во историјата пензионерите излегуваат на протест. Претставниците на пензионерите укажаа дека просечната пензија е многу ниска, трошоците се многу големи, особено по одмрзнувањето на  цените и откога се зголеми ДДВ-то. Министерката Тренчевска им одговори дека ќе ги разгледа нивните барања - и во МТСП и на седница на Влада, но смета дека нивното барање за линеарно зголемување е противуставно, а барањето за минимална пензија од 18.000 денари не е праведно кон пензионерите што овој износ го земаат сега, а имаат 35 или 40 години работен стаж. https://republika.mk/vesti/ekonomija/penzionerite-baraat-linerano-zgolemuvane-od-3-500-i-minimalna-penzija-od-18-000-denari/ Посочи дека минимална пензија од 12.500 денари земаат најголем дел од пензионерите кои биле работници со малку стаж и кои земале минимална плата и дека ги немаат исполнето условите за пензија како пензионерите со 35 или 40 години стаж.
И некој што работел 40 години и некој што работел 15 години не може да зема исто. Јас сум за праведност и социјална правда. Не можел некој што се потрошил 40 години, без разлика дали на машина или во државна институција, да го изедначиме со некој што работел 15 години...Сега се бунат тие со најниска пензија, потоа ќе дојдат тие што земаат 17.000 и 18.000 денари пензија. Како ќе го затвориме тој круг, рече Тренчевска.
Во однос на барањето за линеарано зголемување на пензиите, таа рече дека е противуставно и дека таква одлука во 1998 била поништена од Уставниот суд.
Јас ќе се обратам, но и вие како иницијативен одбор обратете се до Уставниот суд дали линеарно зголемување е уставно, додаде министерката.
Таа рече дека од 2022 досега е направено многу за пензионерите.
Не кажувам дека е пензијата многу голема, но од 9.000 денари минималната пензија сега е 12.500 денари. Новата методологија е направена токму затоа – пензиите да се зголемуваат двапати во годината, како што растат трошоците на живот и како што расте просечната плата, така да се зголемуваат и пензиите, рече Тренчевска на средбата со претставници на пензионерите, а за исходот се  очекува соопштение од Министерството за труд и социјална политика.

The post Тренчевска: Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно appeared first on Република.

]]>
Демократскиот сојуз предлага минимална пензија од 300 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/demokratskiot-sojuz-predlaga-minimalna-penzija-od-300-evra/ Mon, 07 Aug 2023 13:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=669656

Демократскиот сојуз соопшти е прва партија која пред седум години предложи минимaлна плата од 300 евра и минимална пензија од 200 евра.

Нагласуваат дека во Парламентот имаше расправа, но не и согласност да се определи минимална плата и покрај тоа што тоа е пракса во ЕУ.

Демократскиот сојуз предлага да се определи минимална пензија од 300 евра и да се дефинира методологија за раст и усогласување на пензиите.

Предлагаме Владата да ги разгледа сите аспекти на оправданите реакции и протести на пензионерите, најитно да ја дефинира минималната пензија и да направи усогласување на пензиите со реалното зголемување на цените, растот на платите и инфлацијата, велат од партијата на Павле Трајанов.

 

The post Демократскиот сојуз предлага минимална пензија од 300 евра appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз соопшти е прва партија која пред седум години предложи минимaлна плата од 300 евра и минимална пензија од 200 евра. Нагласуваат дека во Парламентот имаше расправа, но не и согласност да се определи минимална плата и покрај тоа што тоа е пракса во ЕУ. Демократскиот сојуз предлага да се определи минимална пензија од 300 евра и да се дефинира методологија за раст и усогласување на пензиите.
Предлагаме Владата да ги разгледа сите аспекти на оправданите реакции и протести на пензионерите, најитно да ја дефинира минималната пензија и да направи усогласување на пензиите со реалното зголемување на цените, растот на платите и инфлацијата, велат од партијата на Павле Трајанов.
 

The post Демократскиот сојуз предлага минимална пензија од 300 евра appeared first on Република.

]]>
Буфон оди во пензија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bufon-odi-vo-penzija/ Wed, 02 Aug 2023 16:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=668013

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон објави дека се повлекува од фудбалот.

Па, тоа е тоа момци! Вие ми дадовте сè. Јас ви возвратив. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на своите социјални мрежи приложувајќи видеоклип од моменти за паметење.

Буфон последните две сезони ги помина во Парма, тим од Втората лига на Италија. Претходно, 45-годишниот голман настапуваше за Јувентус и ПСЖ. Вкупно во кариерата одигра 975 натпревари и прими 825 голови. На 429 средби не примил ниту еден гол.

Буфон за Италија бранеше од 1997 година. Учествуваше на 176 средби.

Со Јувентус голманот 10 пати го освојуваше италијанското првенство, пет пати националниот куп и шест пати Суперкупот, со ПСЖ - француското првенство 2018/19 и Суперкупот. Со репрезентацијата на Италија Буфон стана светски шампион (2006).

The post Буфон оди во пензија appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон објави дека се повлекува од фудбалот.
Па, тоа е тоа момци! Вие ми дадовте сè. Јас ви возвратив. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на своите социјални мрежи приложувајќи видеоклип од моменти за паметење.
Буфон последните две сезони ги помина во Парма, тим од Втората лига на Италија. Претходно, 45-годишниот голман настапуваше за Јувентус и ПСЖ. Вкупно во кариерата одигра 975 натпревари и прими 825 голови. На 429 средби не примил ниту еден гол. Буфон за Италија бранеше од 1997 година. Учествуваше на 176 средби. Со Јувентус голманот 10 пати го освојуваше италијанското првенство, пет пати националниот куп и шест пати Суперкупот, со ПСЖ - француското првенство 2018/19 и Суперкупот. Со репрезентацијата на Италија Буфон стана светски шампион (2006).

The post Буфон оди во пензија appeared first on Република.

]]>
Исплатата на јулските пензии почнува денеска https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/isplatata-na-julskite-penzii-pochnuva-deneska/ Mon, 31 Jul 2023 07:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=667131

Пензионерите јулските пензии ќе можат да ги подигнат на шалтерите на банките, зависно од висината на пензиите, на 31 јули и 1 август.

Пензионерите со парите ќе можат да располагаат на 31 јули, без разлика на висината, доколку за тоа ги користат банкарските картички. Односно, пари ќе можат да извадат од банкоматите или да плаќаат во продажната мрежа.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека овој месец има мало доцнење од вообичаено поради тоа што крајот на месецот се поклопи со деновите од викендот.

The post Исплатата на јулските пензии почнува денеска appeared first on Република.

]]>

Пензионерите јулските пензии ќе можат да ги подигнат на шалтерите на банките, зависно од висината на пензиите, на 31 јули и 1 август. Пензионерите со парите ќе можат да располагаат на 31 јули, без разлика на висината, доколку за тоа ги користат банкарските картички. Односно, пари ќе можат да извадат од банкоматите или да плаќаат во продажната мрежа. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека овој месец има мало доцнење од вообичаено поради тоа што крајот на месецот се поклопи со деновите од викендот.

The post Исплатата на јулските пензии почнува денеска appeared first on Република.

]]>
Пензионерите реагираат: Тие си земаат 78 отсто повисоки плати, нам ни доделија само 6,8 отсто повеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/penzionerite-reagiraat-tie-si-zemaat-78-otsto-povisoki-plati-nam-ni-dodelija-samo-6-8-otsto-poveke/ Sun, 30 Jul 2023 17:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=667036

Околу 700 денари плус на сметката ќе добијат пензионерите со најниски пензии, со предвиденото покачување во септември. Од 333.000 пензионери, 94 000 земаат пензија во првата група која ги опфаќа пензионерите до 13 илјади и 300 денари. се вели во прилогот на ТВ 24.

Тука влегуваат земјоделците, примателите на семејна пензија како и лицата со хуманитарната пензија во износ од 6 илјади денари. Настрана од пензионерите што влегуваат во првата група, околу 150 илјади пензионери од таканаречената втора и трета група месецот „го туркаат“ со пензии до 20.000 денари. Точно овие пензионери се најзагрижените и најреволтираните за најавеното зголемување од само 6,8% на пензиите во септември, бидејќи сметаат дека инфлацијата со поголем процент им ја јаде пензијата.

„Ќе значи за четврт бурек и еден јогурт, толку ќе ги покачат ништо друго. Пензионерскиот стандард е никаков“.

„Нема ни пола ќеса да се наполни, а на нив (функционерите) 78% си покачија, па нека ни ги дадат тие нивните 78% на нас, а нека ги земат пензиите од 10 000 и 12 000 денари. Значи најмала, минимална пензија треба да биде 35 000 денари за да можеме да преживееме. Јас ќе добијам 600 денари покачување, со тие 600 денари покачување нека пробаат фунцкионерите да си плаќаат сметки“.

„Јас шест години сум пензионер годишно немам по 1 000ка покачено и како да бидам задоволен. Има некои 100% покачено и која е таа споредба?
„Тоа покачување или порамнување што го кажуваат не знам колкав е бројот отприлика пензии што земаат од 15.000 денари е ништо. Седумстотини денари кај мене ќе биде покачувањето. Сметајте на шест месеци – 700 денари покачување, колку пари се тоа, а истовремено се оди нагоре со цените на јадењето, еве летово може сме спасени ќе смислиш нешто ќе земеш ќе проживееш една недела, но не е само една недела, што потоа“

И додека дел од пензионерите мака мачат да го поминат месецот, Владата се фали, дека пензиите растат, а инфлацијата се намалувала.

„Со септемвриската пензија, 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања.Ова е уште една потврда за успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ, инфлацијата се намалува, платите и пензиите растат.“ – вели Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.

Со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, се донесе нова методологија за пресметување на растот на пензиите. Со неа, усогласувањето на пензиите ќе се прави два пати годишно, во март и септември, а тоа ќе се врзе за порастот на трошоците за живот со 50%, и за просечна плата, исто така во висина од 50%. Последното покачување на пензиите беше во март за 8,4%, се истакнува во прилогот на ТВ 24.

The post Пензионерите реагираат: Тие си земаат 78 отсто повисоки плати, нам ни доделија само 6,8 отсто повеќе appeared first on Република.

]]>

Околу 700 денари плус на сметката ќе добијат пензионерите со најниски пензии, со предвиденото покачување во септември. Од 333.000 пензионери, 94 000 земаат пензија во првата група која ги опфаќа пензионерите до 13 илјади и 300 денари. се вели во прилогот на ТВ 24. Тука влегуваат земјоделците, примателите на семејна пензија како и лицата со хуманитарната пензија во износ од 6 илјади денари. Настрана од пензионерите што влегуваат во првата група, околу 150 илјади пензионери од таканаречената втора и трета група месецот „го туркаат“ со пензии до 20.000 денари. Точно овие пензионери се најзагрижените и најреволтираните за најавеното зголемување од само 6,8% на пензиите во септември, бидејќи сметаат дека инфлацијата со поголем процент им ја јаде пензијата.
„Ќе значи за четврт бурек и еден јогурт, толку ќе ги покачат ништо друго. Пензионерскиот стандард е никаков“. „Нема ни пола ќеса да се наполни, а на нив (функционерите) 78% си покачија, па нека ни ги дадат тие нивните 78% на нас, а нека ги земат пензиите од 10 000 и 12 000 денари. Значи најмала, минимална пензија треба да биде 35 000 денари за да можеме да преживееме. Јас ќе добијам 600 денари покачување, со тие 600 денари покачување нека пробаат фунцкионерите да си плаќаат сметки“. „Јас шест години сум пензионер годишно немам по 1 000ка покачено и како да бидам задоволен. Има некои 100% покачено и која е таа споредба? „Тоа покачување или порамнување што го кажуваат не знам колкав е бројот отприлика пензии што земаат од 15.000 денари е ништо. Седумстотини денари кај мене ќе биде покачувањето. Сметајте на шест месеци – 700 денари покачување, колку пари се тоа, а истовремено се оди нагоре со цените на јадењето, еве летово може сме спасени ќе смислиш нешто ќе земеш ќе проживееш една недела, но не е само една недела, што потоа“
И додека дел од пензионерите мака мачат да го поминат месецот, Владата се фали, дека пензиите растат, а инфлацијата се намалувала.
„Со септемвриската пензија, 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања.Ова е уште една потврда за успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ, инфлацијата се намалува, платите и пензиите растат.“ – вели Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.
Со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, се донесе нова методологија за пресметување на растот на пензиите. Со неа, усогласувањето на пензиите ќе се прави два пати годишно, во март и септември, а тоа ќе се врзе за порастот на трошоците за живот со 50%, и за просечна плата, исто така во висина од 50%. Последното покачување на пензиите беше во март за 8,4%, се истакнува во прилогот на ТВ 24.

The post Пензионерите реагираат: Тие си земаат 78 отсто повисоки плати, нам ни доделија само 6,8 отсто повеќе appeared first on Република.

]]>
Французите ќе се пензионираат на 64 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuzite-ke-se-penzioniraat-na-64-godini/ Thu, 09 Mar 2023 07:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=617511

Францускиот Сенат гласаше за зголемување на старосната граница за пензионирање за две години на 64 години, додека владата се обидува да го промени пензискиот систем во земјата каде се соочени со силно противење од синдикатите.

Мерката беше одобрена со 201 глас „за„ и 115 „против“. Дебатата ќе продолжи подоцна во текот на денов за контроверзниот амандман на законот.

Мнозинството во Сенатот брза да го исполни рокот до недела на полноќ за да го финализира законот.

Либералните политичари изразија гнев по гласањето.

„Вашето име засекогаш ќе биде прикачено на реформата што ќе го врати часовникот речиси 40 години назад“, му рече социјалистката Моник Лубин на министерот за труд Оливие Дусопт.

Работничките синдикати ветија дека ќе вршат притисок врз владата преку организирање протести и штрајкови

The post Французите ќе се пензионираат на 64 години appeared first on Република.

]]>

Францускиот Сенат гласаше за зголемување на старосната граница за пензионирање за две години на 64 години, додека владата се обидува да го промени пензискиот систем во земјата каде се соочени со силно противење од синдикатите.

Мерката беше одобрена со 201 глас „за„ и 115 „против“. Дебатата ќе продолжи подоцна во текот на денов за контроверзниот амандман на законот.

Мнозинството во Сенатот брза да го исполни рокот до недела на полноќ за да го финализира законот.

Либералните политичари изразија гнев по гласањето.

„Вашето име засекогаш ќе биде прикачено на реформата што ќе го врати часовникот речиси 40 години назад“, му рече социјалистката Моник Лубин на министерот за труд Оливие Дусопт.

Работничките синдикати ветија дека ќе вршат притисок врз владата преку организирање протести и штрајкови

The post Французите ќе се пензионираат на 64 години appeared first on Република.

]]>
Ердоган ја укина старосната граница за пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/erdogan-ja-ukina-starosnata-granitsa-za-penzija/ Thu, 29 Dec 2022 09:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=591308

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на помалку од шест месеци пред изборите, одлучи да ја укине старосната граница за пензионирање, која им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите.

Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард.

Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи. Засега не се знае колку ќе чини новиот пензиски систем, а Ердоган најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право на непосредна пензија.

Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.

 

The post Ердоган ја укина старосната граница за пензија appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на помалку од шест месеци пред изборите, одлучи да ја укине старосната граница за пензионирање, која им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат. Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите. Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард. Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи. Засега не се знае колку ќе чини новиот пензиски систем, а Ердоган најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право на непосредна пензија. Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.  

The post Ердоган ја укина старосната граница за пензија appeared first on Република.

]]>
Судиите и јавните обвинители кои наполнија 62 или 64 години заминуваат во пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudiite-i-javnite-obviniteli-koi-napolnija-62-ili-64-godini-zaminuvaat-vo-penzija/ Fri, 01 Jul 2022 13:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=522164

Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република  Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија.

Собранието вчера не ги изгласа измените на Законот за работни односи со кои работниот век на судиите и јавните обвинители ќе им беше продолжен за 3 години, а токму вчера беше последниот рок за гласањето, кое не стигна до пленарната седница поради интерпелацијата за собранискиот спикер, Талат Џафери

Судскиот совет на Република  Македонија известува дека на 407-та седница одржана на ден 01.07.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното: Донесени се заклучоци во врска со Законот за работни односи Донесени се решенија со кои се ставаат вон сила донесените решенија со кои е продолжен мандатот на судиите и решенија со кои се констатира престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија, а согласно измените на Законот за работни односи („Службен весник на РСМ“ бр.151/21) и тоа за следните судии, стои во соопштението од Судскиот Совет во кое со име и презиме се наведени 42 судии на кои им престанува функцијата.

Во изјава за МИА од Судскиот Совет велат дека со ова се испразнуваат местата а претседателите на судовите се должни да ги распоредат.

Од Советот за јавни обвинители, пак, велат дека станува збор за 10 обвинители чии предмети ќе бидат дополнително распоредени.

На педесет и деветтата седница, Советот на јавните обвинители на РМ, ги донесе следните одлуки: Донесени се одлуки за престанок на работниот однос на јавните обвинители: Мери Тромбева јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Елизабета Ристеска јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Сулејман Алијевски јавен обвинител во ОЈО Битола, Снежана Зафирова јавен обвинител во ОЈО Кочани, Елица Илиевска јавен обвинител во ОЈО Скопје, Гордана Смаќоска јавен обвинител во ОЈО ГОКК, Жулиета Карова Бошевска јавен обвинител во ОЈО Битола, Милка Спиркоска јавен обвинител на ОЈО Прилеп, Имран Османи јавен обвинител во ОЈО Скопје и Јован Илиевски јавен обвинител во Јавното обвинителство на РМ, стои во соопштението од СЈОРМ.

Дополнително, на истата седница е донесена и одлука за назначување на јавниот обвинител Пецо Везироски за ВД јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, како и на јавниот обвинител Марјана Илиеска за ВД јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Прилеп.

Од СЈОРМ за МИА велат дека предмети кои досега ги имале обвинителите преминуваат во обвинителството и тоа потоа ќе ги распореди.

Прво треба да се вратат назад, односно да се констатира кој колку предмети вратил, па раководителот кој раководи со Основното или со Вишото обвинителство ги распределува кај останатите обвинители, велат оттаму.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, вчера изјави дека престанокот на работниот однос на судиите и јавните обвинители може да доведе до сериозни последици.

Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работни односи, на 60-тина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот век. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи дека голем дел од постапките ќе треба да почнат одново. Да не заборавиме, не се работи за една или за две постапки, кога се менува судијата во постапката, тогаш процесот започнува одново. Тоа е првата работа. Тука се разбира како Дамоклов меч ни виси и институтот на застареност, дел од постапките кои се во тек, или кои што се движат може да имаат одредена застареност во однос на нивниот правен епилог - рече Тупанчески.

Од Здружение на судска администрација на Република  Македонија реагираат на односот на надлежните државни органи кои, како што наведуваат во нивната реакција „во минута до дванаесет се обидоа да надминат проблем кој не е ниту нов, ниту беше непредвидлив со оглед на тоа што бројот и возраста на судиите им беа познати факти и нема простор за „изненаденост“ од новонастанатата состојба“.

Голем број на судски предмети ќе мора да почнат одново со опасност да настапи нивна застареноста, временски бавните судски постапки уште повеќе ќе се одолговлекуваат со оглед на намалениот број на судии во многу судови. Како врв на сето тоа ќе има суд или судови кои ќе останат и без судии доколку во нив не бидат времено упатени судии од други судови, стои во нивната реакција.

Посочуваат дека уште при јавната расправа по Предлог-Законот за Академија за судии и јавни обвинители која се одржала на 04.10.2019 година во Собранието на Република  Македонија во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, истакнале сериозна забелешка што со предлог-законот воопшто не е направен обид да се искористи потенцијалот на стручните судски службеници со повеќегодишно професионално искуство во судовите.

Кога веќе се овозможува пристап до почетна обука на лица со двегодишно работно искуство на правни работи по полагање на правосудниот испит, неразбирливо е од кои причини е изоставен и не е олеснет пристапот до почетна обука на судскиот кадар кој професионално ги извршува своите работни задачи како судски соработник или советник повеќе години низ сите судски оддели во судовите. Во секоја прилика пред надлежните државни органи во и надвор од правосудството, апелиравме дека овој дел од судската служба можеше и може беспрекорно и со скратена обука да ги извршува сите судски задачи и да го даде својот придонес за поефикасно судство во Р Македонија. За жал сите надлежни државни органи ги игнорираа ваквите укажувања заради што сега во некои судови ќе ја имаме Јустиција но без меч во раката, велат од Здружението на судска администрација.

The post Судиите и јавните обвинители кои наполнија 62 или 64 години заминуваат во пензија appeared first on Република.

]]>

Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република  Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија. Собранието вчера не ги изгласа измените на Законот за работни односи со кои работниот век на судиите и јавните обвинители ќе им беше продолжен за 3 години, а токму вчера беше последниот рок за гласањето, кое не стигна до пленарната седница поради интерпелацијата за собранискиот спикер, Талат Џафери Судскиот совет на Република  Македонија известува дека на 407-та седница одржана на ден 01.07.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното: Донесени се заклучоци во врска со Законот за работни односи Донесени се решенија со кои се ставаат вон сила донесените решенија со кои е продолжен мандатот на судиите и решенија со кои се констатира престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија, а согласно измените на Законот за работни односи („Службен весник на РСМ“ бр.151/21) и тоа за следните судии, стои во соопштението од Судскиот Совет во кое со име и презиме се наведени 42 судии на кои им престанува функцијата. Во изјава за МИА од Судскиот Совет велат дека со ова се испразнуваат местата а претседателите на судовите се должни да ги распоредат. Од Советот за јавни обвинители, пак, велат дека станува збор за 10 обвинители чии предмети ќе бидат дополнително распоредени. На педесет и деветтата седница, Советот на јавните обвинители на РМ, ги донесе следните одлуки: Донесени се одлуки за престанок на работниот однос на јавните обвинители: Мери Тромбева јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Елизабета Ристеска јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Сулејман Алијевски јавен обвинител во ОЈО Битола, Снежана Зафирова јавен обвинител во ОЈО Кочани, Елица Илиевска јавен обвинител во ОЈО Скопје, Гордана Смаќоска јавен обвинител во ОЈО ГОКК, Жулиета Карова Бошевска јавен обвинител во ОЈО Битола, Милка Спиркоска јавен обвинител на ОЈО Прилеп, Имран Османи јавен обвинител во ОЈО Скопје и Јован Илиевски јавен обвинител во Јавното обвинителство на РМ, стои во соопштението од СЈОРМ. Дополнително, на истата седница е донесена и одлука за назначување на јавниот обвинител Пецо Везироски за ВД јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, како и на јавниот обвинител Марјана Илиеска за ВД јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Прилеп. Од СЈОРМ за МИА велат дека предмети кои досега ги имале обвинителите преминуваат во обвинителството и тоа потоа ќе ги распореди. Прво треба да се вратат назад, односно да се констатира кој колку предмети вратил, па раководителот кој раководи со Основното или со Вишото обвинителство ги распределува кај останатите обвинители, велат оттаму. Министерот за правда, Никола Тупанчески, вчера изјави дека престанокот на работниот однос на судиите и јавните обвинители може да доведе до сериозни последици.
Доколку не бидат изгласани измените и дополнувањата во Законот за работни односи, на 60-тина судии и 13 јавни обвинители ќе им престане работниот век. Одењето во пензија на судиите и јавните обвинители ќе значи дека голем дел од постапките ќе треба да почнат одново. Да не заборавиме, не се работи за една или за две постапки, кога се менува судијата во постапката, тогаш процесот започнува одново. Тоа е првата работа. Тука се разбира како Дамоклов меч ни виси и институтот на застареност, дел од постапките кои се во тек, или кои што се движат може да имаат одредена застареност во однос на нивниот правен епилог - рече Тупанчески.
Од Здружение на судска администрација на Република  Македонија реагираат на односот на надлежните државни органи кои, како што наведуваат во нивната реакција „во минута до дванаесет се обидоа да надминат проблем кој не е ниту нов, ниту беше непредвидлив со оглед на тоа што бројот и возраста на судиите им беа познати факти и нема простор за „изненаденост“ од новонастанатата состојба“. Голем број на судски предмети ќе мора да почнат одново со опасност да настапи нивна застареноста, временски бавните судски постапки уште повеќе ќе се одолговлекуваат со оглед на намалениот број на судии во многу судови. Како врв на сето тоа ќе има суд или судови кои ќе останат и без судии доколку во нив не бидат времено упатени судии од други судови, стои во нивната реакција. Посочуваат дека уште при јавната расправа по Предлог-Законот за Академија за судии и јавни обвинители која се одржала на 04.10.2019 година во Собранието на Република  Македонија во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, истакнале сериозна забелешка што со предлог-законот воопшто не е направен обид да се искористи потенцијалот на стручните судски службеници со повеќегодишно професионално искуство во судовите. Кога веќе се овозможува пристап до почетна обука на лица со двегодишно работно искуство на правни работи по полагање на правосудниот испит, неразбирливо е од кои причини е изоставен и не е олеснет пристапот до почетна обука на судскиот кадар кој професионално ги извршува своите работни задачи како судски соработник или советник повеќе години низ сите судски оддели во судовите. Во секоја прилика пред надлежните државни органи во и надвор од правосудството, апелиравме дека овој дел од судската служба можеше и може беспрекорно и со скратена обука да ги извршува сите судски задачи и да го даде својот придонес за поефикасно судство во Р Македонија. За жал сите надлежни државни органи ги игнорираа ваквите укажувања заради што сега во некои судови ќе ја имаме Јустиција но без меч во раката, велат од Здружението на судска администрација.

The post Судиите и јавните обвинители кои наполнија 62 или 64 години заминуваат во пензија appeared first on Република.

]]>
Синдикат на Клинички центар: Не се јасни причините поради кои не се продолжуваат договорите на здравствени соработници кои наполниле 64 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikat-na-klinichki-centar-ne-se-jasni-prichinite-poradi-koi-ne-se-prodolzuvaat-dogovorite-na-zdravstveni-sorabotnici-koi-napolnile-64-godini/ Wed, 29 Jun 2022 11:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=521113

За Синдикатот на Клинички центар не се јасни причините поради кои Министерот за здравство и некои директори на јавни здравствени установи не го почитуваат Законот и не го продолжуваат договорот за вработување на некои здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж се до нивна 67 годишна возраст, а кои претходно дале согласност работниот однос да им се продолжи.

Основот за продолжување на работниот однос на здравствените работници и соработници, првично произлегува од измените и дополнувањата на чл.104 од ЗРО (Сл. весник број 151 од 6 јули, 2021 година), кои даваат можност за исклучоци од правилото дека работниот однос на работниците им престанува со навршување 64 години возраст и 15 години пензиски стаж заклучно со 30 јуни, 2022 година, доколку таквата можност е предвидена со посебен закон.

Со цел имплементација на исклучоците предвидени во ЗРО и уредување на можноста за продолжување на работниот однос на здравствените работници и соработници, но најмногу до 67 години возраст, усвоени се и соодветни измени и дополнувања во Законот за здравствената заштита со воведувањето на новиот член 204-а (Сл. весник број 178 од 4 август 2021 година).

Општествената оправданост на овие измени и дополнувања е повеќе од очигледна, имајќи ги во предвид постоечките состојби во здравството поврзани со обемот на работата и оптеретеноста на здравствените работници и соработници и хроничниот проблем на недостиг од квалификуван здравствен персонал, а сето тоа, во врска со потребата за обезбедување непрекината, континуирана и квалитетна здравствена заштита.

Се работи за високостручен и дефицитарен кадар кој е исклучително значаен дел во функционирањето на здравствениот систем. Со овие вработени се обезбедува континуитет во стручната дообразба на младите здравствени работници и соработници и се обезбедува повисоко ниво на здравствена услуга. Истовремено, како наставен кадар придонесуваат во научната едукација на здравствените работници и соработници.

Според ставот 1 на членот 204а од Законот за здравствената заштита кој ја уредува оваа проблематика за здравствените работници и соработници е утврдено дека „заради непречено вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствените установи, директорот на здравствената установа по претходна согласност на здравствениот работник односно здравствениот соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување на здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој ги исполнил условите за стекнување на старосна пензија најмногу до 67 години возраст”, а ставот 2 од членот 204-а од Законот за здравствената заштита (ЗЗЗ) утврдува дека „одлуката на директорот за продолжување на работниот однос на здравствениот работник и здравствениот соработник, ја потврдува министерот за здравство.”.

Од ова произлегува дека право на продолжување на работниот однос до најмногу 67 години возраст имаат сите здравствени работници и соработници, од сите јавни и приватни здравствени установи кои ги исполниле условите за престанок на работниот однос согласно прописите од работните односи. Единствен предуслов за остварување на ова право е давањето претходна согласност за продолжување на работниот однос упатено до работодавачот, односно директорот на здравствената установа во која е вработен работникот. Давањето претходна согласност на работникот има правна природа на еднострана изјава на волја за продолжување на работниот однос, која согласно наведениот член го обврзува работодавачот да донесе полноважна одлука за продолжување на работниот однос на здравствениот работник или соработник најмногу до 67 години, а начинот на кој е формулирана одредбата го обврзува министерот за здравство да ја потврди позитивната одлука донесена од страна на работодавачот.

Ниту членот 204-а од ЗЗЗ, ниту пак било која друга законска одредба не им дава право на директорите на здравствените установи и на Министерот за здравство со било каква постапка да го прекинат работниот однос на здравствениот работник или соработник, кој претходно дал согласност за продолжување на работниот однос најмногу до 67 години возраст.

Секое поинакво толкување на членот 204-а од ЗЗЗ, се смета за постапување спротивно на законот и ќе предизвика основ за поведување постапка за заштита на правото на работникот во согласност со закон.

Министерот за здравство и директорите на здравствените установи треба да ја претпостават можната финансиска импликација врз Фондот за здравствено осигурување во случај на поведување поединечни и колективни тужби од страна на засегнатите здравствени работници и соработници, како и за последиците во пружањето на квалитетна и континуирана здравствена услуга на граѓаните.

Синдикатот на Клинички центар ќе застане во заштита на правата на своите членови доколку истите им бидат нарушени поради несоодветна примена на законските одредби поврзани со продолжување на нивниот работен однос согласно Законот.

The post Синдикат на Клинички центар: Не се јасни причините поради кои не се продолжуваат договорите на здравствени соработници кои наполниле 64 години appeared first on Република.

]]>

За Синдикатот на Клинички центар не се јасни причините поради кои Министерот за здравство и некои директори на јавни здравствени установи не го почитуваат Законот и не го продолжуваат договорот за вработување на некои здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж се до нивна 67 годишна возраст, а кои претходно дале согласност работниот однос да им се продолжи. Основот за продолжување на работниот однос на здравствените работници и соработници, првично произлегува од измените и дополнувањата на чл.104 од ЗРО (Сл. весник број 151 од 6 јули, 2021 година), кои даваат можност за исклучоци од правилото дека работниот однос на работниците им престанува со навршување 64 години возраст и 15 години пензиски стаж заклучно со 30 јуни, 2022 година, доколку таквата можност е предвидена со посебен закон. Со цел имплементација на исклучоците предвидени во ЗРО и уредување на можноста за продолжување на работниот однос на здравствените работници и соработници, но најмногу до 67 години возраст, усвоени се и соодветни измени и дополнувања во Законот за здравствената заштита со воведувањето на новиот член 204-а (Сл. весник број 178 од 4 август 2021 година). Општествената оправданост на овие измени и дополнувања е повеќе од очигледна, имајќи ги во предвид постоечките состојби во здравството поврзани со обемот на работата и оптеретеноста на здравствените работници и соработници и хроничниот проблем на недостиг од квалификуван здравствен персонал, а сето тоа, во врска со потребата за обезбедување непрекината, континуирана и квалитетна здравствена заштита. Се работи за високостручен и дефицитарен кадар кој е исклучително значаен дел во функционирањето на здравствениот систем. Со овие вработени се обезбедува континуитет во стручната дообразба на младите здравствени работници и соработници и се обезбедува повисоко ниво на здравствена услуга. Истовремено, како наставен кадар придонесуваат во научната едукација на здравствените работници и соработници. Според ставот 1 на членот 204а од Законот за здравствената заштита кој ја уредува оваа проблематика за здравствените работници и соработници е утврдено дека „заради непречено вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствените установи, директорот на здравствената установа по претходна согласност на здравствениот работник односно здравствениот соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување на здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој ги исполнил условите за стекнување на старосна пензија најмногу до 67 години возраст”, а ставот 2 од членот 204-а од Законот за здравствената заштита (ЗЗЗ) утврдува дека „одлуката на директорот за продолжување на работниот однос на здравствениот работник и здравствениот соработник, ја потврдува министерот за здравство.”. Од ова произлегува дека право на продолжување на работниот однос до најмногу 67 години возраст имаат сите здравствени работници и соработници, од сите јавни и приватни здравствени установи кои ги исполниле условите за престанок на работниот однос согласно прописите од работните односи. Единствен предуслов за остварување на ова право е давањето претходна согласност за продолжување на работниот однос упатено до работодавачот, односно директорот на здравствената установа во која е вработен работникот. Давањето претходна согласност на работникот има правна природа на еднострана изјава на волја за продолжување на работниот однос, која согласно наведениот член го обврзува работодавачот да донесе полноважна одлука за продолжување на работниот однос на здравствениот работник или соработник најмногу до 67 години, а начинот на кој е формулирана одредбата го обврзува министерот за здравство да ја потврди позитивната одлука донесена од страна на работодавачот. Ниту членот 204-а од ЗЗЗ, ниту пак било која друга законска одредба не им дава право на директорите на здравствените установи и на Министерот за здравство со било каква постапка да го прекинат работниот однос на здравствениот работник или соработник, кој претходно дал согласност за продолжување на работниот однос најмногу до 67 години возраст. Секое поинакво толкување на членот 204-а од ЗЗЗ, се смета за постапување спротивно на законот и ќе предизвика основ за поведување постапка за заштита на правото на работникот во согласност со закон. Министерот за здравство и директорите на здравствените установи треба да ја претпостават можната финансиска импликација врз Фондот за здравствено осигурување во случај на поведување поединечни и колективни тужби од страна на засегнатите здравствени работници и соработници, како и за последиците во пружањето на квалитетна и континуирана здравствена услуга на граѓаните. Синдикатот на Клинички центар ќе застане во заштита на правата на своите членови доколку истите им бидат нарушени поради несоодветна примена на законските одредби поврзани со продолжување на нивниот работен однос согласно Законот.

The post Синдикат на Клинички центар: Не се јасни причините поради кои не се продолжуваат договорите на здравствени соработници кои наполниле 64 години appeared first on Република.

]]>
Пензиите за јуни ќе се исплаќаат од вторник! https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/penziite-za-juni-kje-se-isplakjaat-od-vtornik/ Wed, 22 Jun 2022 07:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=518289

Пензионерите со јунските пензии ќе може да располагаат од 28-ми месецов. Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување информациите за пензиите да ги достави до банките најдоцна до 27 јуни.

Пензионерите што имаат картички од банкомат може истиот ден да ја подигнат пензијата. Останатите што сакаат на шалтер ќе мора да ја подигнат пензијата во својата група.

Како и досега исплатата на шалтер ќе се врши во 4 групи:

до 11 000 денари да се исплатат на 28 јуни
од 11 000 до 14 000 денари да се изврши исплата на 29 јуни
од 14 001 до 18 000 денари ќе ја добијат пензијата на 30 јуни
над 18 001 денари на 1 јули

The post Пензиите за јуни ќе се исплаќаат од вторник! appeared first on Република.

]]>

Пензионерите со јунските пензии ќе може да располагаат од 28-ми месецов. Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување информациите за пензиите да ги достави до банките најдоцна до 27 јуни. Пензионерите што имаат картички од банкомат може истиот ден да ја подигнат пензијата. Останатите што сакаат на шалтер ќе мора да ја подигнат пензијата во својата група. Како и досега исплатата на шалтер ќе се врши во 4 групи: до 11 000 денари да се исплатат на 28 јуни од 11 000 до 14 000 денари да се изврши исплата на 29 јуни од 14 001 до 18 000 денари ќе ја добијат пензијата на 30 јуни над 18 001 денари на 1 јули

The post Пензиите за јуни ќе се исплаќаат од вторник! appeared first on Република.

]]>
Следува предвремена исплата на мајската пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sleduva-predvremena-isplata-na-majskata-penzija/ Thu, 26 May 2022 08:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=507141

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).

 

The post Следува предвремена исплата на мајската пензија appeared first on Република.

]]>

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година. Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).  

The post Следува предвремена исплата на мајската пензија appeared first on Република.

]]>