пентраеритритол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pentraeritritol/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 08:40:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пентраеритритол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pentraeritritol/ 32 32 Израелците во пејџерите на Хезболах ставиле пентраеритритол, еден од најмоќните експлозиви кој е бел кристален прав https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraeltsite-vo-pejdherite-na-hezbolah-stavile-pentraeritritol-eden-od-najmoknite-eksplozivi-koj-e-bel-kristalen-prav/ Thu, 19 Sep 2024 08:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=817686

Поради стравот и претпазливоста израелските служби да не им ги хакираат мобилните телефони или да не ги следат нивните движења преку нив, членовите на Хезболах  се префрлиле на постара технолошка скала - пејџери.

Тоа било кардинална грешка. Неколку стотици пејџери беа детонирани  во исто време во различни области на Либан. Повеќе од 4.000 луѓе беа повредени во страшните експлозии, а најмалку 12 лица загинаа.

Стеван Игњатовиќ, пензиониран капетан на воздухопловството за „Курир,рс“ објаснува оти тоа било операција која траела  со месеци.

Околу 5.000 тајвански пејџери биле продадени на Хезболах. Зошто пејџер? Тоа е уред на кој добивате порака на кого треба да му се јавите на фиксен телефон, или едноставно да прочитате порака што ќе ви пристигне. Преку него се одвива еднонасочна комуникација .
Израелците, знаејќи дека Хезболах купил одредена количина од тие пејџери, сфатиле дека нешто може да се направи и направиле нешто. Постои експлозив наречен пентраеритритол. Тоа е тетранитрат. Еден од најмоќните експлозиви. Тоа е бел кристален прав. Израелците прикачиле 20 грама од оваа супстанца на секоја батерија, што е обична батерија АА3. Батеријата се загрева и таа топлина го детонира прашокот и настанува експлозија. Не настрадаа сите оние кои навреме почувствуваа дека нешто не е во ред со уредот, дека премногу се вжештува и кои го тргнале настрана.

The post Израелците во пејџерите на Хезболах ставиле пентраеритритол, еден од најмоќните експлозиви кој е бел кристален прав appeared first on Република.

]]>

Поради стравот и претпазливоста израелските служби да не им ги хакираат мобилните телефони или да не ги следат нивните движења преку нив, членовите на Хезболах  се префрлиле на постара технолошка скала - пејџери. Тоа било кардинална грешка. Неколку стотици пејџери беа детонирани  во исто време во различни области на Либан. Повеќе од 4.000 луѓе беа повредени во страшните експлозии, а најмалку 12 лица загинаа. Стеван Игњатовиќ, пензиониран капетан на воздухопловството за „Курир,рс“ објаснува оти тоа било операција која траела  со месеци.
Околу 5.000 тајвански пејџери биле продадени на Хезболах. Зошто пејџер? Тоа е уред на кој добивате порака на кого треба да му се јавите на фиксен телефон, или едноставно да прочитате порака што ќе ви пристигне. Преку него се одвива еднонасочна комуникација . Израелците, знаејќи дека Хезболах купил одредена количина од тие пејџери, сфатиле дека нешто може да се направи и направиле нешто. Постои експлозив наречен пентраеритритол. Тоа е тетранитрат. Еден од најмоќните експлозиви. Тоа е бел кристален прав. Израелците прикачиле 20 грама од оваа супстанца на секоја батерија, што е обична батерија АА3. Батеријата се загрева и таа топлина го детонира прашокот и настанува експлозија. Не настрадаа сите оние кои навреме почувствуваа дека нешто не е во ред со уредот, дека премногу се вжештува и кои го тргнале настрана.

The post Израелците во пејџерите на Хезболах ставиле пентраеритритол, еден од најмоќните експлозиви кој е бел кристален прав appeared first on Република.

]]>