Пентагон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pentagon/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 21:15:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пентагон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pentagon/ 32 32 Пентагон: Корупцијата е главната пречка за влез на Украина во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-koruptsijata-e-glavnata-prechka-za-vlez-na-ukraina-vo-eu/ Sun, 17 Nov 2024 07:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=838678

Главната пречка за влез на Украина во Европската Унија е корупцијата, се наведува во соопштението на канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.

Во соопштението се додава дека освен тоа, корупцијата ја попречува обновата на земјата и привлекувањето странски капитал.

Судии, политичари и функционери беа обвинети за корупција, а Министерството за одбрана беше клучен играч во многу корупциски скандали. Проблемите со корупцијата и владеењето на правото во Украина ќе бидат главната пречка за закрепнување на економијата на земјата по конфликтот и привлекувањето странски инвестиции, се вели во соопштението од канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.

The post Пентагон: Корупцијата е главната пречка за влез на Украина во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Главната пречка за влез на Украина во Европската Унија е корупцијата, се наведува во соопштението на канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.
Во соопштението се додава дека освен тоа, корупцијата ја попречува обновата на земјата и привлекувањето странски капитал.
Судии, политичари и функционери беа обвинети за корупција, а Министерството за одбрана беше клучен играч во многу корупциски скандали. Проблемите со корупцијата и владеењето на правото во Украина ќе бидат главната пречка за закрепнување на економијата на земјата по конфликтот и привлекувањето странски инвестиции, се вели во соопштението од канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.

The post Пентагон: Корупцијата е главната пречка за влез на Украина во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Пентагон смета дека Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-smeta-deka-ceverna-koreja-ispratila-okolu-10-000-vojnitsi-vo-rusija-da-se-borat-vo-ukraina/ Mon, 28 Oct 2024 20:13:46 +0000 https://republika.mk/?p=831831

Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се обучуваат и борат во Украина во следните неколку недели и нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против нив, соопшти Пентагон.

Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг изјави дека некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се верува дека се движат кон рускиот пограничен регион Курск, каде што Русија се бори за да го одбие украинскиот упад.

Синг изјави дека нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против севернокорејските сили.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека одредени севернокорејски воени единици веќе се наоѓаат во регионот Курск.

Руте во Брисел изјави дека распоредувањето на севернокорејските трупи претставува „значителна ескалација“ на вмешаноста на Пјонгјанг во конфликтот во Украина и „опасно проширување на руската војна“.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен ќе се сретнат со нивните јужнокорејски колеги подоцна оваа недела во Вашингтон.

Синг најави дека Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Џонг-хјун ќе разговараат за распоредувањето на севернокорејските трупи во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во октомври рече дека „илјадници“ севернокорејски војници се на пат кон Русија.

Зеленски рече дека врз основа на разузнавачките информации што ги добил, 10.000 севернокорејски војници се подготвуваат да бидат распоредени во Украина на руска страна.

Јужнокорејските медиуми претходно јавија дека Cеверна Кореја ќе испрати вкупно 12.000 војници да се борат во Украина.

The post Пентагон смета дека Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>

Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се обучуваат и борат во Украина во следните неколку недели и нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против нив, соопшти Пентагон. Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг изјави дека некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се верува дека се движат кон рускиот пограничен регион Курск, каде што Русија се бори за да го одбие украинскиот упад. Синг изјави дека нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против севернокорејските сили. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека одредени севернокорејски воени единици веќе се наоѓаат во регионот Курск. Руте во Брисел изјави дека распоредувањето на севернокорејските трупи претставува „значителна ескалација“ на вмешаноста на Пјонгјанг во конфликтот во Украина и „опасно проширување на руската војна“. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен ќе се сретнат со нивните јужнокорејски колеги подоцна оваа недела во Вашингтон. Синг најави дека Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Џонг-хјун ќе разговараат за распоредувањето на севернокорејските трупи во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во октомври рече дека „илјадници“ севернокорејски војници се на пат кон Русија. Зеленски рече дека врз основа на разузнавачките информации што ги добил, 10.000 севернокорејски војници се подготвуваат да бидат распоредени во Украина на руска страна. Јужнокорејските медиуми претходно јавија дека Cеверна Кореја ќе испрати вкупно 12.000 војници да се борат во Украина.

The post Пентагон смета дека Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>
Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-ja-zgolemi-borbenata-gotovnost-na-svoite-sili-poradi-potentsijalnata-zakana-od-iran/ Sun, 29 Sep 2024 15:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=820770

Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран, изјави денеска портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пет Рајдер.

Во соопштението се наведува дека министерот за одбрана Лојд Остин добил извештаи и му дал насоки на својот тим за најновите случувања на Блискиот Исток во текот на викендот.

„Остин и претставници на Министерството за одбрана се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и намалување на тензиите преку одвраќање и дипломатија“, соопшти Пентагон.

The post Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран appeared first on Република.

]]>

Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран, изјави денеска портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пет Рајдер. Во соопштението се наведува дека министерот за одбрана Лојд Остин добил извештаи и му дал насоки на својот тим за најновите случувања на Блискиот Исток во текот на викендот.
„Остин и претставници на Министерството за одбрана се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и намалување на тензиите преку одвраќање и дипломатија“, соопшти Пентагон.

The post Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран appeared first on Република.

]]>
Мисајловски од Пентагон: Продуктивни билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-od-pentagon-produktivni-bilateralni-odbranbeni-konsultatsii-i-potvrdena-makedonsko-amerikanskata-odbranbena-sorabotka/ Fri, 27 Sep 2024 07:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=820069

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и Треша Гуенов, главен заменик помошник на секретарот за одбрана на САД за меѓународни прашања, во Пентагон ги отвориле Годишните билатерални одбранбени консултации.

Како што соопштија денеска од Министерството за одбрана, на отворањето на консултациите министерот Мисајловски ја истакнал суштинската важност на македонско-американската одбранбена соработка, се заблагодарил за значајната поддршка во опремување и модернизација на македонската Армија, за советодавната поддршка во одбранбените реформи, како и за три децениската поддршка и придонес во обуката и вежбовните активности на Армијата и вработените во одбраната.

Мисајловски порачал дека зајакнувајќи ги одбранбените капацитети на нашата земја остануваме посветени на сигурноста и стабилноста на Балканот и пошироко.

Мисајловски ја потврди заложбата на Владата, за доследно исполнување на обврските од последниот Самит во Вашингтон, притоа потврдувајќи ги проекциите на Буџетот за одбраната за 2025 година и модернизација на Армијата и континуитет на започнатите заеднички процеси, се наведува во соопштението од МО.

Во однос на нашиот придонес и посветеност кон колективната безбедност, Мисајловски истакнал дека тоа може да се види преку учеството на армиските припадници во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија, на регионално ниво преку придонесот во мисијата на НАТО на Косово, КФОР и во операцијата на ЕУ, во Босна и Херцеговина, АЛТЕА и мисијата на ООН во Либан.

Билатерални одбранбени консултации се одржале во три сесии, со учество на високи делегации од двете страни на кои се дискутирало за соработката и идните сојузнички приоритети, вклучувајќи го учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалниот мир и безбедност, зајакнување на нашите одбранбени капацитети, како и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт.

На консултациите освен министерот Мисајловски, учествувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик на директорот во Здружениот штаб Ј5, за Европа, НАТО и Русија, бригаден генерал Грант Фосет, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, одбранбено аташе на САД, полковник Даниел Сквајерс, претставници од Здружениот штаб, Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка, Стејт департментот на САД, Командата на САД за Европа и експертските тимови на Пентагон, Министерството за одбрана и Генералштабот на Армија.

За време на посетата на САД, министерот Мисајловски остварил работни средби и со Алтон Буланд , директор за ЕУ и НАТО политика во Канцеларијата на секретарот за одбрана, и со генерал потполковник Џонатан Стабс, Шеф на бирото на националната гарда на САД.

The post Мисајловски од Пентагон: Продуктивни билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и Треша Гуенов, главен заменик помошник на секретарот за одбрана на САД за меѓународни прашања, во Пентагон ги отвориле Годишните билатерални одбранбени консултации. Како што соопштија денеска од Министерството за одбрана, на отворањето на консултациите министерот Мисајловски ја истакнал суштинската важност на македонско-американската одбранбена соработка, се заблагодарил за значајната поддршка во опремување и модернизација на македонската Армија, за советодавната поддршка во одбранбените реформи, како и за три децениската поддршка и придонес во обуката и вежбовните активности на Армијата и вработените во одбраната. Мисајловски порачал дека зајакнувајќи ги одбранбените капацитети на нашата земја остануваме посветени на сигурноста и стабилноста на Балканот и пошироко.
Мисајловски ја потврди заложбата на Владата, за доследно исполнување на обврските од последниот Самит во Вашингтон, притоа потврдувајќи ги проекциите на Буџетот за одбраната за 2025 година и модернизација на Армијата и континуитет на започнатите заеднички процеси, се наведува во соопштението од МО.
Во однос на нашиот придонес и посветеност кон колективната безбедност, Мисајловски истакнал дека тоа може да се види преку учеството на армиските припадници во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија, на регионално ниво преку придонесот во мисијата на НАТО на Косово, КФОР и во операцијата на ЕУ, во Босна и Херцеговина, АЛТЕА и мисијата на ООН во Либан. Билатерални одбранбени консултации се одржале во три сесии, со учество на високи делегации од двете страни на кои се дискутирало за соработката и идните сојузнички приоритети, вклучувајќи го учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалниот мир и безбедност, зајакнување на нашите одбранбени капацитети, како и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт. На консултациите освен министерот Мисајловски, учествувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик на директорот во Здружениот штаб Ј5, за Европа, НАТО и Русија, бригаден генерал Грант Фосет, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, одбранбено аташе на САД, полковник Даниел Сквајерс, претставници од Здружениот штаб, Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка, Стејт департментот на САД, Командата на САД за Европа и експертските тимови на Пентагон, Министерството за одбрана и Генералштабот на Армија. За време на посетата на САД, министерот Мисајловски остварил работни средби и со Алтон Буланд , директор за ЕУ и НАТО политика во Канцеларијата на секретарот за одбрана, и со генерал потполковник Џонатан Стабс, Шеф на бирото на националната гарда на САД.

The post Мисајловски од Пентагон: Продуктивни билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка appeared first on Република.

]]>
Министерот Мисајловски на средби во Пентагон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-misajlovski-na-sredbi-vo-pentagon/ Thu, 26 Sep 2024 07:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=819677

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја предводи македонската делегација за време на работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски, во Пентагон оствари средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика.

Потсекретарот за одбранбена политика, Аманда Дори ги истакна цврстите билатерални односи меѓу двете земји, искажувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната соработка. За време на средбата од страна на потсекретарот Дори беше изразено задоволство за нашата посветеност за модернизација на македонската Армија и за подготвеноста за справување со заедничките одбранбени предизвици, како членка во НАТО Алијансата.

На средбата министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување и порача дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка, согласно Патоказот за соработка во одбраната кој е израз на нашите заеднички одбранбени цели. Мисајловски истакна дека помошта и поддршката која ја добиваме од САД е од големо значење, во насока на зајакнување на националните одбранбени капацитети, модернизација на Армијата и исполнување на меѓународните обврски.

По средбата во Пентагон, министерот Мисајловски го посети Меморијалниот центар „Арлингтон“ во Вашингтон, каде оддаде почит на загинатите американски војници и положи венец на Гробот на незнајниот војник.

Во рамки на посетата, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова и началникот на Генералштабот, генералот Сашко Лафчиски, остварија средба со Треша Гуенов, главен заменик на помошникот секретар за одбрана за меѓународна безбедност, на која се дискутираше за модалитетите за зајакнување на одбранбената соработка.

 

The post Министерот Мисајловски на средби во Пентагон appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја предводи македонската делегација за време на работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски, во Пентагон оствари средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика. Потсекретарот за одбранбена политика, Аманда Дори ги истакна цврстите билатерални односи меѓу двете земји, искажувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната соработка. За време на средбата од страна на потсекретарот Дори беше изразено задоволство за нашата посветеност за модернизација на македонската Армија и за подготвеноста за справување со заедничките одбранбени предизвици, како членка во НАТО Алијансата. На средбата министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување и порача дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка, согласно Патоказот за соработка во одбраната кој е израз на нашите заеднички одбранбени цели. Мисајловски истакна дека помошта и поддршката која ја добиваме од САД е од големо значење, во насока на зајакнување на националните одбранбени капацитети, модернизација на Армијата и исполнување на меѓународните обврски. По средбата во Пентагон, министерот Мисајловски го посети Меморијалниот центар „Арлингтон“ во Вашингтон, каде оддаде почит на загинатите американски војници и положи венец на Гробот на незнајниот војник. Во рамки на посетата, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова и началникот на Генералштабот, генералот Сашко Лафчиски, остварија средба со Треша Гуенов, главен заменик на помошникот секретар за одбрана за меѓународна безбедност, на која се дискутираше за модалитетите за зајакнување на одбранбената соработка.  

The post Министерот Мисајловски на средби во Пентагон appeared first on Република.

]]>
Вашингтон испраќа воени бродови и „ловци“ на Блискиот Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vashington-ispraka-voeni-brodovi-i-lovtsi-na-bliskiot-istok/ Sat, 03 Aug 2024 08:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=802980

САД ќе распоредат уште една ескадрила „ловци“, како и воени бродови и инсталации за противракетна одбрана на копно во Блискиот Исток, се посочува во синоќешното соопштение на Пентагон.

Зајакнувањето на одбранбените способности во регионот следуваат по заканите од Иран и поддржаните од оваа држава групи „Хамас“ во Појасот Газа и „Хезболах“ во Либан.

Американското Министерство за одбрана презема мерки откако Техеран соопшти дека ќе преземе одмазднички дејствија по убиството на лидерот на радикалното палестинско движење „Хамас“ Исмаил Ханија, за што го обвинуваат Израел. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин го одобри испраќањето на крстосувачи и разурнувачи во Блискиот Исток.

„Остин нареди промени во распоредувањето на американските војски за да се подобри заштитата на силите на САД, да се зајакне поддршката за одбраната на Израел и да се обезбеди подготвеност на САД за реакција на сите непредвидени околности“, се вели во изјавата на Пентагон.

The post Вашингтон испраќа воени бродови и „ловци“ на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

САД ќе распоредат уште една ескадрила „ловци“, како и воени бродови и инсталации за противракетна одбрана на копно во Блискиот Исток, се посочува во синоќешното соопштение на Пентагон. Зајакнувањето на одбранбените способности во регионот следуваат по заканите од Иран и поддржаните од оваа држава групи „Хамас“ во Појасот Газа и „Хезболах“ во Либан. Американското Министерство за одбрана презема мерки откако Техеран соопшти дека ќе преземе одмазднички дејствија по убиството на лидерот на радикалното палестинско движење „Хамас“ Исмаил Ханија, за што го обвинуваат Израел. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин го одобри испраќањето на крстосувачи и разурнувачи во Блискиот Исток. „Остин нареди промени во распоредувањето на американските војски за да се подобри заштитата на силите на САД, да се зајакне поддршката за одбраната на Израел и да се обезбеди подготвеност на САД за реакција на сите непредвидени околности“, се вели во изјавата на Пентагон.

The post Вашингтон испраќа воени бродови и „ловци“ на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Поради грешка во пресметката, Пентагон испраќа уште две милијарди долари за оружје во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-greshka-vo-presmetkata-pentagon-ispraka-ushte-dve-milijardi-dolari-za-oruzhje-vo-ukraina/ Fri, 26 Jul 2024 11:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=800479

Пентагон утврди дека се направени грешки во износ од две милијарди долари во пресметката за муниција, проектили и друга опрема испратена во Украина, што овозможило да се пронајдат дополнителни две милијарди долари за оружје за Украина.

Како што покажа извештајот на владината сметководствена канцеларија, американското Министерство за одбрана се соочува со тешкотии во прецизната проценка на вредноста на воениот материјал испратен во Украина, поради нејасните дефиниции во пресметката.

На овој начин во 2023 година дошло до грешка во проценката на испратеното оружје и материјали од 6,2 милијарди долари

The post Поради грешка во пресметката, Пентагон испраќа уште две милијарди долари за оружје во Украина appeared first on Република.

]]>

Пентагон утврди дека се направени грешки во износ од две милијарди долари во пресметката за муниција, проектили и друга опрема испратена во Украина, што овозможило да се пронајдат дополнителни две милијарди долари за оружје за Украина. Како што покажа извештајот на владината сметководствена канцеларија, американското Министерство за одбрана се соочува со тешкотии во прецизната проценка на вредноста на воениот материјал испратен во Украина, поради нејасните дефиниции во пресметката. На овој начин во 2023 година дошло до грешка во проценката на испратеното оружје и материјали од 6,2 милијарди долари

The post Поради грешка во пресметката, Пентагон испраќа уште две милијарди долари за оружје во Украина appeared first on Република.

]]>
Пентагон потврди: Напаѓачот на Доналд Трамп немал никаква врска со армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-potvrdi-napagachot-na-donald-tramp-nemal-nikakva-vrska-so-armijata/ Mon, 15 Jul 2024 07:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=796849

Пентагон потврди дека напаѓачот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Томас Метју Крукс, немал врска со војската.

Потврдивме со секој огранок на војската дека нема воена припадност на осомничениот со тоа име или датум на раѓање во која било гранка, активна или резервна компонента во нивните соодветни бази на податоци“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер, пренесе Би-би-си.

Трамп беше повреден во пукање во саботата вечерта за време на митинг во Батлер, Пенсилванија.

Според американската тајна служба, напаѓачот и најмалку еден посетител на состанокот биле убиени, а уште две лица кои присуствувале на состанокот биле тешко повредени.

ФБИ соопшти дека 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој беше убиен, е идентификуван како осомничен за обидот за атентат врз Трамп.

The post Пентагон потврди: Напаѓачот на Доналд Трамп немал никаква врска со армијата appeared first on Република.

]]>

Пентагон потврди дека напаѓачот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Томас Метју Крукс, немал врска со војската. Потврдивме со секој огранок на војската дека нема воена припадност на осомничениот со тоа име или датум на раѓање во која било гранка, активна или резервна компонента во нивните соодветни бази на податоци“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер, пренесе Би-би-си. Трамп беше повреден во пукање во саботата вечерта за време на митинг во Батлер, Пенсилванија. Според американската тајна служба, напаѓачот и најмалку еден посетител на состанокот биле убиени, а уште две лица кои присуствувале на состанокот биле тешко повредени. ФБИ соопшти дека 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој беше убиен, е идентификуван како осомничен за обидот за атентат врз Трамп.

The post Пентагон потврди: Напаѓачот на Доналд Трамп немал никаква врска со армијата appeared first on Република.

]]>
Пентагон: Атентаторот на Трамп нема никаква врска со војската https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-atentatorot-na-tramp-nema-nikakva-vrska-so-vojskata/ Sun, 14 Jul 2024 16:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=796748

Пентагон соопшти дека Томас Крукс кој денеска пукаше врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија, немал никаква поврзаност со војската на САД.

Потврдивме во сите воени служби дека во нивните бази на податоци, осомничениот со тоа име или датум на раѓање нема никаква поврзаност со војската, активната или резервната компонента, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер.

Си-Ен-Ен објави дека во домот и во автомобилот на атентаторот се најден експлозивен материјал. Оружјето, пак, со кое пукал го купил неговиот татко пред најмалку шест месеци.

Федералните агенти кои ја водат истрагата не го објавија мотивот за нападот, но властите го третираат како обид за атентат.

 

The post Пентагон: Атентаторот на Трамп нема никаква врска со војската appeared first on Република.

]]>

Пентагон соопшти дека Томас Крукс кој денеска пукаше врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија, немал никаква поврзаност со војската на САД.
Потврдивме во сите воени служби дека во нивните бази на податоци, осомничениот со тоа име или датум на раѓање нема никаква поврзаност со војската, активната или резервната компонента, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер.
Си-Ен-Ен објави дека во домот и во автомобилот на атентаторот се најден експлозивен материјал. Оружјето, пак, со кое пукал го купил неговиот татко пред најмалку шест месеци. Федералните агенти кои ја водат истрагата не го објавија мотивот за нападот, но властите го третираат како обид за атентат.  

The post Пентагон: Атентаторот на Трамп нема никаква врска со војската appeared first on Република.

]]>
Украина може да пука со американското оружје насекаде во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-mozhe-da-puka-so-amerikanskoto-oruzhje-nasekade-vo-rusija/ Fri, 21 Jun 2024 08:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=789487

Украина може да користи оружје доставено од САД за да пука кон руските сили кои ги напаѓаат украинските војници насекаде преку границата со Русија, не само на руска територија во близина на украинската област Харков, соопшти Пентагон.

Минатиот месец претседателот Џозеф Бајден му даде зелено светло на Киев да употреби оружје доставено од САД врз воени цели во Русија. Сепак, официјалните претставници тогаш рекоа дека одлуката на Бајден се однесува само на цели во Русија во близина на границата со украинскиот регион Харков на исток

The post Украина може да пука со американското оружје насекаде во Русија appeared first on Република.

]]>

Украина може да користи оружје доставено од САД за да пука кон руските сили кои ги напаѓаат украинските војници насекаде преку границата со Русија, не само на руска територија во близина на украинската област Харков, соопшти Пентагон. Минатиот месец претседателот Џозеф Бајден му даде зелено светло на Киев да употреби оружје доставено од САД врз воени цели во Русија. Сепак, официјалните претставници тогаш рекоа дека одлуката на Бајден се однесува само на цели во Русија во близина на границата со украинскиот регион Харков на исток

The post Украина може да пука со американското оружје насекаде во Русија appeared first on Република.

]]>
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-soopshti-deka-pochnala-izgradbata-na-privremeno-pristanishte-vo-pojasot-gaza/ Fri, 26 Apr 2024 06:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=771162

Американската војска почна да помага во изградбата на привремено пристаниште во близина на брегот на Појасот Газа за да испорача повеќе помош.

Вклучени се американски бродови, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер додавајќи дека „мислам дека индикации сега се реално, почетокот на мај“ за пристаништето да биде подготвено.

Во меѓувреме, продолжува работата со меѓународната заедница за да се донесат резерви помош во Појасот Газа преку други рути, рече Рајдер.

Американската влада на почетокот на март соопшти дека американската војска планира да помогне во формирање на привремено пристаниште за носење храна, вода и лекови во воената зона во екот на хуманитарната вонредна состојба на палестинската територија.

Планот беше да се изгради пловечко пристаниште во близина на брегот каде што ќе може да се закотват комерцијалните бродови што носат помош. Стоката потоа би била префрлена на други бродови и однесена до пловечка брана. Тие потоа би биле истоварени таму.

Според израелските медиуми, непознати напаѓачи истрелале минофрлачки гранати на привременото пристаниште за време на посетата на вработените во ОН. Осомничени за нападот се палестински исламистички милитанти.

Рајдер ги потврди извештаите дека неколку гранати биле испукани на локацијата, но рече дека тоа немало влијание врз градежните планови и се случило пред американската војска да почне со работа.

Рајдер повторно јасно стави до знаење дека нема планови американските сили да влезат во самиот Појас Газа, кој со месеци е под опсада од Израел по терористичкиот напад во еврејската држава.

The post Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Американската војска почна да помага во изградбата на привремено пристаниште во близина на брегот на Појасот Газа за да испорача повеќе помош. Вклучени се американски бродови, изјави портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер додавајќи дека „мислам дека индикации сега се реално, почетокот на мај“ за пристаништето да биде подготвено. Во меѓувреме, продолжува работата со меѓународната заедница за да се донесат резерви помош во Појасот Газа преку други рути, рече Рајдер. Американската влада на почетокот на март соопшти дека американската војска планира да помогне во формирање на привремено пристаниште за носење храна, вода и лекови во воената зона во екот на хуманитарната вонредна состојба на палестинската територија. Планот беше да се изгради пловечко пристаниште во близина на брегот каде што ќе може да се закотват комерцијалните бродови што носат помош. Стоката потоа би била префрлена на други бродови и однесена до пловечка брана. Тие потоа би биле истоварени таму. Според израелските медиуми, непознати напаѓачи истрелале минофрлачки гранати на привременото пристаниште за време на посетата на вработените во ОН. Осомничени за нападот се палестински исламистички милитанти. Рајдер ги потврди извештаите дека неколку гранати биле испукани на локацијата, но рече дека тоа немало влијание врз градежните планови и се случило пред американската војска да почне со работа. Рајдер повторно јасно стави до знаење дека нема планови американските сили да влезат во самиот Појас Газа, кој со месеци е под опсада од Израел по терористичкиот напад во еврејската држава.

The post Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Шефот на Пентагон ги осуди украинските напади врз руските рафинерии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-pentagon-gi-osudi-ukrainskite-napadi-vrz-ruskite-rafinerii/ Wed, 10 Apr 2024 10:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=764540

Нападите на Украина врз рафинериите во Русија можат да влијаат негативно на светските енергетски пазари затоа Киев треба да селектира други цели, изјави синоќа шефот на Пентагон Лојд Остин.

Тие напади можат да направат домино ефект во глобалната ситуација со енергетиката. И, чесно говорејќи, мислам дека за Украина е подобро да нанесува удари по тактички и оперативни цели кои директно можат да влијаат на тековните воени дејства, изјави Остин синоќа на сослушување пред сенатската Комисија за вооружени сили.

Тим Котон, сенаторот републиканец коментираше на ова дека позицијата на Остин доаѓа од чисто политички причини. „Ми се чини дека администрацијата на Бајден не сака цените на гасот и нафтата да растат во изборна година“, изјави Котон.

Вашингтон досега повеќекратно го повика Киев да запре со нападите на енергетската инфраструктура на Русија.

Украина од почетокот на годината започна кампања со напади на беспилотни летала врз главните складишта со гас и рафинерии на Русија. Последниот напад се случи минатата недел врз една од најголемите рафинерии во земјата лоцирана во Татарстан и одалечена повеќе од 1.300 километри од боиштето во Украина.

Нападите нанесоа сериозна штета врз рафинерските постројки и прозводството на горива во Русија. Според некои западни медиуми, прозводството на бензин во март се намалило за 10 отсто, додека производството на дизел за четири отсто. Аналитичарите предвидуваат дека внатрешниот пазар на земјата во мај може да се судри со недостаток од бензин.

The post Шефот на Пентагон ги осуди украинските напади врз руските рафинерии appeared first on Република.

]]>

Нападите на Украина врз рафинериите во Русија можат да влијаат негативно на светските енергетски пазари затоа Киев треба да селектира други цели, изјави синоќа шефот на Пентагон Лојд Остин. Тие напади можат да направат домино ефект во глобалната ситуација со енергетиката. И, чесно говорејќи, мислам дека за Украина е подобро да нанесува удари по тактички и оперативни цели кои директно можат да влијаат на тековните воени дејства, изјави Остин синоќа на сослушување пред сенатската Комисија за вооружени сили. Тим Котон, сенаторот републиканец коментираше на ова дека позицијата на Остин доаѓа од чисто политички причини. „Ми се чини дека администрацијата на Бајден не сака цените на гасот и нафтата да растат во изборна година“, изјави Котон. Вашингтон досега повеќекратно го повика Киев да запре со нападите на енергетската инфраструктура на Русија. Украина од почетокот на годината започна кампања со напади на беспилотни летала врз главните складишта со гас и рафинерии на Русија. Последниот напад се случи минатата недел врз една од најголемите рафинерии во земјата лоцирана во Татарстан и одалечена повеќе од 1.300 километри од боиштето во Украина. Нападите нанесоа сериозна штета врз рафинерските постројки и прозводството на горива во Русија. Според некои западни медиуми, прозводството на бензин во март се намалило за 10 отсто, додека производството на дизел за четири отсто. Аналитичарите предвидуваат дека внатрешниот пазар на земјата во мај може да се судри со недостаток од бензин.

The post Шефот на Пентагон ги осуди украинските напади врз руските рафинерии appeared first on Република.

]]>
Пентагон ќе испорачува на Украина проектили со осиромашен ураниум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-ke-isporachuva-na-ukraina-proektili-so-osiromashen-uranium/ Wed, 06 Sep 2023 20:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=679476

Од Пентагон соопштија дека американските власти одлучиле да ја снабдуваат Украина со муниција со осиромашен ураниум.

Како што велат од американската војска, таквите проектили се особено ефикасни против тенкови и оклопни воени возила.

Муницијата со осиромашен ураниум од 120 милиметри е наменета за борбените тенкови „Абрамс“ ветени на Киев како дел од новата транша од американската воена помош вредна 175 милиони долари“, се вели во соопштението на Пентагон.

https://republika.mk/vesti/svet/bajden-sad-isprakaat-31-tenk-abrams-vo-ukraina/

The post Пентагон ќе испорачува на Украина проектили со осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>

Од Пентагон соопштија дека американските власти одлучиле да ја снабдуваат Украина со муниција со осиромашен ураниум. Како што велат од американската војска, таквите проектили се особено ефикасни против тенкови и оклопни воени возила.
Муницијата со осиромашен ураниум од 120 милиметри е наменета за борбените тенкови „Абрамс“ ветени на Киев како дел од новата транша од американската воена помош вредна 175 милиони долари“, се вели во соопштението на Пентагон.
https://republika.mk/vesti/svet/bajden-sad-isprakaat-31-tenk-abrams-vo-ukraina/

The post Пентагон ќе испорачува на Украина проектили со осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>
Пентагон објави грешка во пресметките за помошта на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-objavi-greshka-vo-presmetkite-za-pomoshta-na-ukraina/ Wed, 21 Jun 2023 09:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=653644

Министерството за одбрана на САД ненамерно ја преоценил вредноста на воената помош за Украина за 6,2 милијарди долари. Пентагон во мај објави дека висината на помошта била покачена за три милијарди, но документите се уште еднаш корегирани и се покажало дека разликата била двојно поголема.

Како што се дозна на брифингот за новинарите синоќа, станува збор за книговодствена грешка во пресметката на цената на оружјето и муницијата земени од магацините, а не за реални расходи и не за физички обем на помошта.

Сабрина Синг, заменичка портпарол на Пентагон, изјави дека службениците во министерството уште еднаш ја пресметале вредноста на испораките за Украина согласно финансиските правила и документи на министерствто за одбрана и добиле разлика од 6,2 милијарди долари.

Таа завери дека ова никако нема да влијае на обемот на помошта Украина.

The post Пентагон објави грешка во пресметките за помошта на Украина appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на САД ненамерно ја преоценил вредноста на воената помош за Украина за 6,2 милијарди долари. Пентагон во мај објави дека висината на помошта била покачена за три милијарди, но документите се уште еднаш корегирани и се покажало дека разликата била двојно поголема. Како што се дозна на брифингот за новинарите синоќа, станува збор за книговодствена грешка во пресметката на цената на оружјето и муницијата земени од магацините, а не за реални расходи и не за физички обем на помошта. Сабрина Синг, заменичка портпарол на Пентагон, изјави дека службениците во министерството уште еднаш ја пресметале вредноста на испораките за Украина согласно финансиските правила и документи на министерствто за одбрана и добиле разлика од 6,2 милијарди долари. Таа завери дека ова никако нема да влијае на обемот на помошта Украина.

The post Пентагон објави грешка во пресметките за помошта на Украина appeared first on Република.

]]>
Пентагон направил „сметководствена грешка“ и ја преценил вредноста на воената опрема испратена во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-napravil-smetkovodstvena-greshka-i-ja-pretsenil-vrednosta-na-voenata-oprema-ispratena-vo-ukraina/ Fri, 19 May 2023 07:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=642477

Пентагон ја преценил вредноста на американската опрема испорачана на Украина за околу три милијарди долари, изјавија помошник во Сенатот и претставник на одбраната. Американските медиуми посочуваат дека ваква грешка ја отвора вратата за испраќање повеќе оружје во Украина за борба против руските сили.

Поголема вредност е доделена на оружјето што е одвоено од американските резерви и потоа испратено во Украина, изјавија двајца високи претставници на одбраната. Официјалните лица и помошникот во Сенатот зборувале под услов да останат анонимни.

Најдовме недоследности во тоа како ја оценуваме опремата што и ја дадовме на Украина, изјавил за „Ројтерс“ висок претставник на одбраната.

Изворите додаваат дека Конгресот ќе биде информиран за сметководственото прилагодување.

Официјален претставник на одбраната вели дека постои можност количината на прескапо оружје да се зголеми бидејќи Пентагон ја испитува ситуацијата потемелно.

Пентагон ги користел трошоците за замена за да ја процени помошта за оружје, наместо вредноста на оружјето кога било купено и амортизирано, изјавија високи претставници на одбраната.

Од август 2021 година, САД испратија оружје во Украина во вредност од околу 21,1 милијарди долари од своите резерви.

The post Пентагон направил „сметководствена грешка“ и ја преценил вредноста на воената опрема испратена во Украина appeared first on Република.

]]>

Пентагон ја преценил вредноста на американската опрема испорачана на Украина за околу три милијарди долари, изјавија помошник во Сенатот и претставник на одбраната. Американските медиуми посочуваат дека ваква грешка ја отвора вратата за испраќање повеќе оружје во Украина за борба против руските сили. Поголема вредност е доделена на оружјето што е одвоено од американските резерви и потоа испратено во Украина, изјавија двајца високи претставници на одбраната. Официјалните лица и помошникот во Сенатот зборувале под услов да останат анонимни.
Најдовме недоследности во тоа како ја оценуваме опремата што и ја дадовме на Украина, изјавил за „Ројтерс“ висок претставник на одбраната.
Изворите додаваат дека Конгресот ќе биде информиран за сметководственото прилагодување. Официјален претставник на одбраната вели дека постои можност количината на прескапо оружје да се зголеми бидејќи Пентагон ја испитува ситуацијата потемелно.
Пентагон ги користел трошоците за замена за да ја процени помошта за оружје, наместо вредноста на оружјето кога било купено и амортизирано, изјавија високи претставници на одбраната.
Од август 2021 година, САД испратија оружје во Украина во вредност од околу 21,1 милијарди долари од своите резерви.

The post Пентагон направил „сметководствена грешка“ и ја преценил вредноста на воената опрема испратена во Украина appeared first on Република.

]]>
Пентагон открива колку потрошила Македонија за купување американско оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-otkriva-kolku-potroshila-makedonija-za-kupuvane-amerikansko-oruzhje/ Tue, 16 May 2023 19:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=641525

Во трите години откако стана членка на НАТО, Македонија потрошила речиси 120 милиони долари на американско оружје купено преку американската програма за воена продажба во странство, покажуваат податоците од Агенцијата за безбедносно – одбранбена соработка (ДСЦА) на Пентагон.

Програмата за странска воена продажба претставува еден од двата главни начина преку кои САД им продава оружје на други земји, а подразбира дека Вашингтон учествува како посредник меѓу производителот и купувачот додека во директната комерцијална продажба нема посредник.

Во извештајот „Историска продажба на оружје“ во рамките на програмата за воена продажба во странство што ДСЦА го објави за фискалната 2022 година, Македонија купила воена опрема во вредност од 13.490.993 долари.

Во 2021 година Македонија потрошила рекордни 84.691.923 долари, во 2020 година таа сума изнесува 21,085,360 долари, а во 2019 година на оружје и воена опрема се потрошени 11,012,940 долари.

Само за споредба, во тригодишниот период од 2016 до 2018 година Македонија потрошила едвај два милиона долари (1.959.625 долари) на американско оружје и опрема.

Она што треба да се посочи се измешаните податоци за 2018 година во извештајот за 2022 година. Имено, во ланскиот извештај стои дека Македонија во 2018 година потрошила 4.497.550 долари, а во извештаите за 2021 и за 2020 година се наведува сума од 924.549 долари.

Повнимателна проверка покажува дека се работи за грешка во извештајот за 2022 и дека сумата од 4.497.550 долари во 2018 година ја потрошила Либерија.

Слични „несовпаѓања“ во извештајот за 2022 се појавуваат и во податоците на другите земји од регионот. Така, во делот за Косово се наведува дека во 2018 година земјата купила американско оружје во вредност од шокантни речиси 3,5 милијарди долари.

Споредбата со истиот извештај за фискалните 2021 и 2020 година покажува дека станува збор за грешка бидејќи тие даваат идентична бројка од 3.498.907.386 долари – но за Јапонија, а за Косово има сума од нула долари за дадената година.

Податоците што се совпаѓаат во сите три извештаи се дека во 2019 година Приштина потрошила 2.707.541 долар, проследено со драстичен скок во 2020 година на 11.115.838 долари и уште подрастичен скок во 2021 година до 22.425.205 долари, а во 2022 биле потрошени 16.0918 долари.

Дека ДСЦА направила збрка во бројките за 2018 година во извештајот за 2022 година, покажува и делот за Албанија, Хрватска, Црна Гора – кои се членки на НАТО – како и за БиХ и за Србија.

 

The post Пентагон открива колку потрошила Македонија за купување американско оружје appeared first on Република.

]]>

Во трите години откако стана членка на НАТО, Македонија потрошила речиси 120 милиони долари на американско оружје купено преку американската програма за воена продажба во странство, покажуваат податоците од Агенцијата за безбедносно – одбранбена соработка (ДСЦА) на Пентагон. Програмата за странска воена продажба претставува еден од двата главни начина преку кои САД им продава оружје на други земји, а подразбира дека Вашингтон учествува како посредник меѓу производителот и купувачот додека во директната комерцијална продажба нема посредник. Во извештајот „Историска продажба на оружје“ во рамките на програмата за воена продажба во странство што ДСЦА го објави за фискалната 2022 година, Македонија купила воена опрема во вредност од 13.490.993 долари. Во 2021 година Македонија потрошила рекордни 84.691.923 долари, во 2020 година таа сума изнесува 21,085,360 долари, а во 2019 година на оружје и воена опрема се потрошени 11,012,940 долари. Само за споредба, во тригодишниот период од 2016 до 2018 година Македонија потрошила едвај два милиона долари (1.959.625 долари) на американско оружје и опрема. Она што треба да се посочи се измешаните податоци за 2018 година во извештајот за 2022 година. Имено, во ланскиот извештај стои дека Македонија во 2018 година потрошила 4.497.550 долари, а во извештаите за 2021 и за 2020 година се наведува сума од 924.549 долари. Повнимателна проверка покажува дека се работи за грешка во извештајот за 2022 и дека сумата од 4.497.550 долари во 2018 година ја потрошила Либерија. Слични „несовпаѓања“ во извештајот за 2022 се појавуваат и во податоците на другите земји од регионот. Така, во делот за Косово се наведува дека во 2018 година земјата купила американско оружје во вредност од шокантни речиси 3,5 милијарди долари. Споредбата со истиот извештај за фискалните 2021 и 2020 година покажува дека станува збор за грешка бидејќи тие даваат идентична бројка од 3.498.907.386 долари – но за Јапонија, а за Косово има сума од нула долари за дадената година. Податоците што се совпаѓаат во сите три извештаи се дека во 2019 година Приштина потрошила 2.707.541 долар, проследено со драстичен скок во 2020 година на 11.115.838 долари и уште подрастичен скок во 2021 година до 22.425.205 долари, а во 2022 биле потрошени 16.0918 долари. Дека ДСЦА направила збрка во бројките за 2018 година во извештајот за 2022 година, покажува и делот за Албанија, Хрватска, Црна Гора – кои се членки на НАТО – како и за БиХ и за Србија.  

The post Пентагон открива колку потрошила Македонија за купување американско оружје appeared first on Република.

]]>
Пентагон ги потврди тврдењата на Киев дека соборил руска хиперсонична ракета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-gi-potvrdi-tvrdenata-na-kiev-deka-soboril-ruska-hipersonichna-raketa/ Wed, 10 May 2023 18:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=639448

Украинската армија со помош на американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана Patriot урнал руска суперсонична ракета „Кинжал“ (Х-47, во западна класификација), изјави во вторникот вечерта портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Со тоа го потврди претходно соопштение на Министерството за одбрана на Украина за соборувањето на ракетата.

„Можам да потврдам дека тие урнале руска ракета со помош на системот Патриот. Како што знаете, тој систем е дел од поширокиот спектар на средства за противвздушна одбрана што САД и меѓународната заедница ги доделија на Украина“, изјави Рајдер.

На прашање од новинар дали била погодена точно суперсоничната руска ракета „Кинжал“, тој потврди дека се работи за таква ракета.

Сепак, досега нема потврда на оваа информација од независни извори, а во јавноста досега не се презентирани докази за украинските тврдења.

„Во 2022 рускиот министер за одбрана изјави дека ниту една замја не поседува ракетен систем што може да ја пресретне суперсоничната ракета „Кинжал“ која може да лета со брзина од над шест маха.

„Таква ракета никој не поседува, и суперсонична и со таква брзина и со такви проникнувачки можности… Таа фактички е невозможно да се достигне, и ние со неа нанесуваме удари по особено важни цели“, кажа тогаш Шојгу.

The post Пентагон ги потврди тврдењата на Киев дека соборил руска хиперсонична ракета appeared first on Република.

]]>

Украинската армија со помош на американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана Patriot урнал руска суперсонична ракета „Кинжал“ (Х-47, во западна класификација), изјави во вторникот вечерта портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер. Со тоа го потврди претходно соопштение на Министерството за одбрана на Украина за соборувањето на ракетата.
„Можам да потврдам дека тие урнале руска ракета со помош на системот Патриот. Како што знаете, тој систем е дел од поширокиот спектар на средства за противвздушна одбрана што САД и меѓународната заедница ги доделија на Украина“, изјави Рајдер.
На прашање од новинар дали била погодена точно суперсоничната руска ракета „Кинжал“, тој потврди дека се работи за таква ракета. Сепак, досега нема потврда на оваа информација од независни извори, а во јавноста досега не се презентирани докази за украинските тврдења.
„Во 2022 рускиот министер за одбрана изјави дека ниту една замја не поседува ракетен систем што може да ја пресретне суперсоничната ракета „Кинжал“ која може да лета со брзина од над шест маха. „Таква ракета никој не поседува, и суперсонична и со таква брзина и со такви проникнувачки можности… Таа фактички е невозможно да се достигне, и ние со неа нанесуваме удари по особено важни цели“, кажа тогаш Шојгу.

The post Пентагон ги потврди тврдењата на Киев дека соборил руска хиперсонична ракета appeared first on Република.

]]>
Осомничениот за протекувањето на доверливите документи од Пентагон ќе биде изведен пред суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osomnicheniot-za-protekuvaneto-na-doverlivite-dokumenti-od-pentagon-ke-bide-izveden-pred-sud/ Fri, 14 Apr 2023 12:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=630793

Приведениот Џек Тешеира, осомничен за протекување на разузнавачки податоци од Пентагон, денеска ќе појави пред суд во Масачусетс.

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер изјави дека протекувањето на доверливи информации е „намерен, криминален чин“. Но, Пентагон досега не одговори како лице со толку низок чин имал пристап до доверливи документи.

Тешеира вчера беше приведен од страна на ФБИ под сомнеж за кражба на американски доверливи информации. Дваесет и едногодишниот припадник на Националната гарда на Масачусетс бил модератор на приватна група во социјалната платформа „Дискорд“, популарна меѓу љубителите на видеоигри, каде споделувал доверливи документи. Тој бил познат под псевдонимот „ОГ“.

Протечените документи се однесуваат на сомнежите на САД за успехот на претстојната украинската контраофанзива, како и за директната или индиректната вмешаноста на други земји во конфликтот.

Според документите, американското разузнавање, наводно, во февруари ја предупреди Украина дека можеби нема да може да собере доволно војници и оружје за нејзината планирана пролетна контраофанзива и дека може „многу помалку“ од наведените цели на Киев за враќање на територијата заземена од Русија.

Во друг документот од февруари, означен како „строго доверливо“ се наведува дека Киев се соочува со значителни „недостиг на генерирање сила и одржување“ и затоа најверојатно ќе оствари само „скромни територијални придобивки“.

Во друг документ од 23 февруари, се истакнува дека требало да се формираат за 12 „борбено веродостојни“ нови бригади, кои би ја предводеле контраофанзивата, опремени со 253 тенкови и околу 1.500 други оклопни возила од различни типови. Три бригади требаше да бидат формирани од Украинците, а останатите девет да се формираат со помош на САД, сојузниците и партнерите. Планираните бригади беа далеку од подготвени во времето кога беа креирани документите, а пет допрва требаше да започнат со обука. Шест бригади имаа половина или помалку од потребната опрема.

Според документите, од 23 март во Украина дејствува европска група специјални сили. Во таа групата „САД/НАТО“, која брои 97 лица, 50 се припадници на британските специјални сили. Групата вклучува 17 лица од Летонија, 15 од Франција и еден од Холандија. Има и 14 Американци.

Посочените земји одбија да ги коментираат таквите наводи, додека Белата куќа призна дека има „мало американско воено присуство“ во Амбасадата на САД во Украина, истакнувајчи оти војниците „не се борат на бојното поле“.

Во протечените документи содржат информации и за снабдувањето на Украина со оружје и кои држави јавно, а кои тајно доставуваат оружје до вмешаните страни.

Украинската воено разузнавачка служба денеска соопшти дека протекувањето на доверливи американски документи нема да има никакво влијание врз планираната офанзива на Киев.

Москва би можела да биде единствената што ќе профитира од протекувањето податоци. Тоа нема да може да влијае на вистинските резултати од офанзивната операција. Аферата нема да има долгорочно негативно влијание врз односите меѓу Вашингтон и Киев, изјави директорот на Украинската воено разузнавачка служба Кирило Буданов.

Воените експерти очекуваат Киев да започне контраофанзива во следните недели за да ја врати територијата која сега е под руска контрола.

Претходно, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека протекувањето на американските тајни документи за судирот во Украина „можеби е измама што Вашингтон свесно ја пласираше со цел на кампања за дезинформации за да ја измами Русија“.

Со оглед на тоа што САД се составен дел од конфликтот (во Украина), каде што всушност водат хибридна војна против нас, можни се такви методи со цел да се измами непријателот, што значи Руската Федерација, истакна Рјабков.

Протекувањето на доверливите документи од Вашингтон беше оценето како „многу висок ризик“ за националната безбедност на САД. Тоа е најсериозно нарушување на безбедноста од 2013 година, кога повеќе од 700.000 тајни документи беа објавени на Викиликс.

Нејасно е дали сите објавени документи се оригинални. Според телевизијата „Си-ен-ен“, соработници на американската влада генерално го потврдиле тоа, но „Вашингтон пост“ кој исто така се повикува на информации од властите, тврди дека дел од документите се изменети.

The post Осомничениот за протекувањето на доверливите документи од Пентагон ќе биде изведен пред суд appeared first on Република.

]]>

Приведениот Џек Тешеира, осомничен за протекување на разузнавачки податоци од Пентагон, денеска ќе појави пред суд во Масачусетс. Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер изјави дека протекувањето на доверливи информации е „намерен, криминален чин“. Но, Пентагон досега не одговори како лице со толку низок чин имал пристап до доверливи документи. Тешеира вчера беше приведен од страна на ФБИ под сомнеж за кражба на американски доверливи информации. Дваесет и едногодишниот припадник на Националната гарда на Масачусетс бил модератор на приватна група во социјалната платформа „Дискорд“, популарна меѓу љубителите на видеоигри, каде споделувал доверливи документи. Тој бил познат под псевдонимот „ОГ“. Протечените документи се однесуваат на сомнежите на САД за успехот на претстојната украинската контраофанзива, како и за директната или индиректната вмешаноста на други земји во конфликтот. Според документите, американското разузнавање, наводно, во февруари ја предупреди Украина дека можеби нема да може да собере доволно војници и оружје за нејзината планирана пролетна контраофанзива и дека може „многу помалку“ од наведените цели на Киев за враќање на територијата заземена од Русија. Во друг документот од февруари, означен како „строго доверливо“ се наведува дека Киев се соочува со значителни „недостиг на генерирање сила и одржување“ и затоа најверојатно ќе оствари само „скромни територијални придобивки“. Во друг документ од 23 февруари, се истакнува дека требало да се формираат за 12 „борбено веродостојни“ нови бригади, кои би ја предводеле контраофанзивата, опремени со 253 тенкови и околу 1.500 други оклопни возила од различни типови. Три бригади требаше да бидат формирани од Украинците, а останатите девет да се формираат со помош на САД, сојузниците и партнерите. Планираните бригади беа далеку од подготвени во времето кога беа креирани документите, а пет допрва требаше да започнат со обука. Шест бригади имаа половина или помалку од потребната опрема. Според документите, од 23 март во Украина дејствува европска група специјални сили. Во таа групата „САД/НАТО“, која брои 97 лица, 50 се припадници на британските специјални сили. Групата вклучува 17 лица од Летонија, 15 од Франција и еден од Холандија. Има и 14 Американци. Посочените земји одбија да ги коментираат таквите наводи, додека Белата куќа призна дека има „мало американско воено присуство“ во Амбасадата на САД во Украина, истакнувајчи оти војниците „не се борат на бојното поле“. Во протечените документи содржат информации и за снабдувањето на Украина со оружје и кои држави јавно, а кои тајно доставуваат оружје до вмешаните страни. Украинската воено разузнавачка служба денеска соопшти дека протекувањето на доверливи американски документи нема да има никакво влијание врз планираната офанзива на Киев. Москва би можела да биде единствената што ќе профитира од протекувањето податоци. Тоа нема да може да влијае на вистинските резултати од офанзивната операција. Аферата нема да има долгорочно негативно влијание врз односите меѓу Вашингтон и Киев, изјави директорот на Украинската воено разузнавачка служба Кирило Буданов. Воените експерти очекуваат Киев да започне контраофанзива во следните недели за да ја врати територијата која сега е под руска контрола. Претходно, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека протекувањето на американските тајни документи за судирот во Украина „можеби е измама што Вашингтон свесно ја пласираше со цел на кампања за дезинформации за да ја измами Русија“. Со оглед на тоа што САД се составен дел од конфликтот (во Украина), каде што всушност водат хибридна војна против нас, можни се такви методи со цел да се измами непријателот, што значи Руската Федерација, истакна Рјабков. Протекувањето на доверливите документи од Вашингтон беше оценето како „многу висок ризик“ за националната безбедност на САД. Тоа е најсериозно нарушување на безбедноста од 2013 година, кога повеќе од 700.000 тајни документи беа објавени на Викиликс. Нејасно е дали сите објавени документи се оригинални. Според телевизијата „Си-ен-ен“, соработници на американската влада генерално го потврдиле тоа, но „Вашингтон пост“ кој исто така се повикува на информации од властите, тврди дека дел од документите се изменети.

The post Осомничениот за протекувањето на доверливите документи од Пентагон ќе биде изведен пред суд appeared first on Република.

]]>
„Трениран“ 20-годишник вработен во воена база ги „протече“ тајните американски документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/treniran-20-godishnik-vraboten-vo-voena-baza-gi-proteche-tajnite-amerikanski-dokumenti/ Thu, 13 Apr 2023 08:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=630441

Дваесетгодишно момче, кое работело во воена база, а било голем љубител на оружје, е лицето кое е одговорно за објавување на доверливите американски документи, што поттикна истрага за националната безбедност на САД, јави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд.

Според извештајот на американскиот весник, лицето споделило доверливи информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои делат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесуваат британските медиуми.

„Вашингтон пост“ својот извештај, во кој не го именува лицето, го засновал на разговор со двајца членови на групата на Дискорд, а британски Ројтерс наведува дека засега не може да добие независна потврда на ваквите наводи.

Лицето, според сведоштвата, себе си на Интернет се опишувало како „припадник на старата школа“, додека еден извор на „Вашингтон пост“ го опишува како некој во раните до средината на 20-тите години, кој бил пример за другите членови на групата.

Тој е во форма. Тој е силен. Тој е вооружен. Трениран. Тој е речиси сè што би очекувале од луд филм, изјави еден од членовите на групата, кој имал помалку од 18 години и зборувал под услов да остане анонимен, откако претходно боила обезбедена дозвола на неговата мајка, јави Вашингтон пост.

Дискорд во вчерашното соопштение рече дека соработува со американските власти, откако Министерството за правда на САД минатата недела и официјално отвори кривична истрага.

Пентагон, кој го покрена случајот, во моментов ја проценува штетата предизвикана од она што може да биде најштетното објавување на доверливи американски информации во последниве години, наведуваат британските меидуми.

The post „Трениран“ 20-годишник вработен во воена база ги „протече“ тајните американски документи appeared first on Република.

]]>

Дваесетгодишно момче, кое работело во воена база, а било голем љубител на оружје, е лицето кое е одговорно за објавување на доверливите американски документи, што поттикна истрага за националната безбедност на САД, јави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд. Според извештајот на американскиот весник, лицето споделило доверливи информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои делат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесуваат британските медиуми. „Вашингтон пост“ својот извештај, во кој не го именува лицето, го засновал на разговор со двајца членови на групата на Дискорд, а британски Ројтерс наведува дека засега не може да добие независна потврда на ваквите наводи. Лицето, според сведоштвата, себе си на Интернет се опишувало како „припадник на старата школа“, додека еден извор на „Вашингтон пост“ го опишува како некој во раните до средината на 20-тите години, кој бил пример за другите членови на групата.
Тој е во форма. Тој е силен. Тој е вооружен. Трениран. Тој е речиси сè што би очекувале од луд филм, изјави еден од членовите на групата, кој имал помалку од 18 години и зборувал под услов да остане анонимен, откако претходно боила обезбедена дозвола на неговата мајка, јави Вашингтон пост.
Дискорд во вчерашното соопштение рече дека соработува со американските власти, откако Министерството за правда на САД минатата недела и официјално отвори кривична истрага. Пентагон, кој го покрена случајот, во моментов ја проценува штетата предизвикана од она што може да биде најштетното објавување на доверливи американски информации во последниве години, наведуваат британските меидуми.

The post „Трениран“ 20-годишник вработен во воена база ги „протече“ тајните американски документи appeared first on Република.

]]>
Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, вели портпаролот на Пентагон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojskata-na-sad-ne-obezbeduva-resursi-za-ukraina-da-izveduva-napadi-nadvor-od-nejzinata-teritorija-veli-portparolot-na-pentagon/ Fri, 03 Mar 2023 10:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=615458

Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.

-Можам да кажам дефинитивно дека идејата ние да обезбедуваме резузнавање или инфомации на Украинците за тие да таргетираат локации внатре во Русија е бесмислица, изјави тој откако беше прашан за можна употреба на беспилотни летала од САД во соседна Белорусија.

„Регуларно се консултираме со Украинците за соодветна употреба на опремата што им ја обезбедуваме. Сите показатели укажуваат дека тие продолжуваат да бидат фокусирани на одбрана на својата татковина и борба во Украина“, изјави Рајдер.

Изјавата доаѓа откако вчера во руски медими и на социјалните мрежи се објавија непотврдени извештаи за диверзантски напад во Русија, изведен од страна на руска националистичка милитантна група во областа Брјанск, во село близу руско-укринската граница, а која пристигнала од Украина.

The post Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, вели портпаролот на Пентагон appeared first on Република.

]]>

Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.
-Можам да кажам дефинитивно дека идејата ние да обезбедуваме резузнавање или инфомации на Украинците за тие да таргетираат локации внатре во Русија е бесмислица, изјави тој откако беше прашан за можна употреба на беспилотни летала од САД во соседна Белорусија.
„Регуларно се консултираме со Украинците за соодветна употреба на опремата што им ја обезбедуваме. Сите показатели укажуваат дека тие продолжуваат да бидат фокусирани на одбрана на својата татковина и борба во Украина“, изјави Рајдер.
Изјавата доаѓа откако вчера во руски медими и на социјалните мрежи се објавија непотврдени извештаи за диверзантски напад во Русија, изведен од страна на руска националистичка милитантна група во областа Брјанск, во село близу руско-укринската граница, а која пристигнала од Украина.

The post Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, вели портпаролот на Пентагон appeared first on Република.

]]>