Пенов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penov/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Mar 2024 12:31:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пенов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penov/ 32 32 Пенов на состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-na-sostanok-so-gradonachalnitsite-od-vardarskiot-planski-region/ Wed, 13 Mar 2024 12:31:09 +0000 https://republika.mk/?p=754398

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска во Кавадарци имаше работен состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион. Со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев и со градоначалниците на општините од регионот се разговараше за начинот на функционирање и одржливоста на регионалниот стационар за згрижување на бездомни животни во Вардарскиот плански регион, изграден со финансиски средства од Министерството за локална самоуправа и донаторска поддршка од швајцарската Влада.

-Вредноста на проектот е 21 милион денари и со изградбата на стационарот во Вардарскиот плански регион се решава овој акутен проблем за 150 илјади граѓани во 9 општини од планскиот регион, затоа е важно општините да соработуваат и да обезбедат негова одржливост, преку заедничко финансирање на неговите функции, беше истакнато на состанокот.

На состанокот се разговараше и за други прашања поврзани со функционалноста на локалната самоуправа, како и за реализацијата на проектите финансирани од буџетската програма за рамномерен регионален развој.

Беше истакната важноста од соработка меѓу општините, но и соработката меѓу централната и локалните власти заради подготовка и финансирање на проекти кои што ќе го подобруваат квалитетот на живеење во општините и ќе создаваат услови за развој.  Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој со средства од буџетот на државата во 2023 година финансираа 135 проекти за развој на планските региони, на општините, на селата и на специфичните подрачја, а се кофинансирани и 192 проекти во општините, финансирани од ИПА инструментот за прекугранична соработка, во вториот програмски период.

-Важна е соработката меѓу општините заради подготовка на поголеми, издржани проекти кои што покрај буџетските средства ќе можат да користат и средства од ИПА инструментот на Европската Унија и други донатори како што е Светска Банка и кои што ќе имаат поголемо влијание на квалитетот на живеење и на развојот на регионот, но исто така ќе гарантираат и одржливост на она што веќе е направено, беше речено на состанокот.

The post Пенов на состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска во Кавадарци имаше работен состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион. Со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев и со градоначалниците на општините од регионот се разговараше за начинот на функционирање и одржливоста на регионалниот стационар за згрижување на бездомни животни во Вардарскиот плански регион, изграден со финансиски средства од Министерството за локална самоуправа и донаторска поддршка од швајцарската Влада. -Вредноста на проектот е 21 милион денари и со изградбата на стационарот во Вардарскиот плански регион се решава овој акутен проблем за 150 илјади граѓани во 9 општини од планскиот регион, затоа е важно општините да соработуваат и да обезбедат негова одржливост, преку заедничко финансирање на неговите функции, беше истакнато на состанокот. На состанокот се разговараше и за други прашања поврзани со функционалноста на локалната самоуправа, како и за реализацијата на проектите финансирани од буџетската програма за рамномерен регионален развој. Беше истакната важноста од соработка меѓу општините, но и соработката меѓу централната и локалните власти заради подготовка и финансирање на проекти кои што ќе го подобруваат квалитетот на живеење во општините и ќе создаваат услови за развој.  Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој со средства од буџетот на државата во 2023 година финансираа 135 проекти за развој на планските региони, на општините, на селата и на специфичните подрачја, а се кофинансирани и 192 проекти во општините, финансирани од ИПА инструментот за прекугранична соработка, во вториот програмски период. -Важна е соработката меѓу општините заради подготовка на поголеми, издржани проекти кои што покрај буџетските средства ќе можат да користат и средства од ИПА инструментот на Европската Унија и други донатори како што е Светска Банка и кои што ќе имаат поголемо влијание на квалитетот на живеење и на развојот на регионот, но исто така ќе гарантираат и одржливост на она што веќе е направено, беше речено на состанокот.

The post Пенов на состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион appeared first on Република.

]]>
Пенов: Работиме на подемократско и потранспарентно управување, како и на подобрување на квалитетот на јавните услуги на локално ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-rabotime-na-podemokratsko-i-potransparentno-upravuvane-kako-i-na-podobruvane-na-kvalitetot-na-javnite-uslugi-na-lokalno-nivo/ Wed, 13 Sep 2023 12:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=681581

Целта на процесот на децентрализација на власта е нивото на одлучување да се приближи до граѓаните за сите прашања кои што имаат директно влијание на нивното секојдневно живеење, токму затоа ја поддржуваме иницијативата на Народниот правобранител за отворање на дебата од аспект на остварување на правата на граѓаните за прашања од локална надлежност, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

-Во 2005 година системот на локалната самоуправа се реформираше суштински, а главниот столб на таа реформа беше децентрализацијата на власта. На тој начин би се овозможило подиректно учество на граѓаните во креирањето на локалните услуги, согласно нивните приоритети, но и подиректен притисок над локалните власти за поефикасно, поодговорно и потранспарентно работење., додаде Пенов.

Во однос на процесот на децентрализација, министерот за локална самоуправа истакна дека секој процес кој што се гради на претпоставки за подемократски и поинклузивен социо-економски развој на државата и на локалната заедница, прави позитивни промени. Динамиката на процесот зависи од многу околности, од свесноста на граѓаните за нивната улога во локалната заедница и инструментите што им стојат на располагање, од подготвеноста на локалните власти да го поттикнуваат граѓанското учество и да ги вклучуваат граѓаните, од капацитетноста на локално ниво, од финансиските средства со кои што располага, од начинот на нивно планирање и реализирање.

-Имајќи ја предвид важноста на сите овие аспекти, за да може општината да одговори на потребите на граѓаните, Министерството за локална самоуправа со голема поддршка од донаторската заедница, од Европската Унија, од швајцарската Влада, од шведската Влада, од УНДП, УСАИД, ОБСЕ и други меѓународни организација, во континуитет спроведува проекти за зајакнување на општинските капацитети. Приоритетот е ставен на механизмите за подемократско и потранспарентно управување со работите од локална надлежност, како и на подобрување и воедначување на квалитетот на јавните услуги. Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за финансии и со УСАИД се работи на подобрување на законската рамка за данокот на имот, како и на зајакнување на капацитетите на општините за поефикасно спроведување на оваа многу важна надлежност, што има директно влијание на финансиските капацитети на општините за обезбедување на локалните услуги., рече министерот.

Пенов истакна дека Народниот правобранител има посебна улога во системот на надзор над работата на органите на локалната самоуправа, покрај надлежните министерства, секое во својата област, Државниот инспекторат за локална самоуправа, Државниот завод за ревизија и Уставниот суд. Институцијата Народен правобранител е многу важна алка во овој систем, затоа што своите наоди и препораки ги гради врз основа на претставките кои што доаѓаат директно од граѓаните.

-Затоа Извештајот на Народниот правобранител е еден од најрелевантните механизми за констатирање на одредени слабости, кој што треба да им помогне на надлежните органи и институции, вклучително и на општините, да ги отстранат, со цел да се обезбедат услови за целосно остварување на правата на граѓаните. Само преку заеднички, координиран и позитивен пристап на сите надлежни институции, вклучително и на локалната самоуправа може да се коригираат слабостите. Во таа смисла важна е проактивната улога на граѓаните, како и институцијата Народен правобранител која што ги претставува нивните интереси, рече министерот за локална самоуправа Пенов на форумот „Соработката на локалната самоуправа со народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“ во организација на канцеларијата на Народниот правобранител, што денеска се одржа во општина Штип.

The post Пенов: Работиме на подемократско и потранспарентно управување, како и на подобрување на квалитетот на јавните услуги на локално ниво appeared first on Република.

]]>

Целта на процесот на децентрализација на власта е нивото на одлучување да се приближи до граѓаните за сите прашања кои што имаат директно влијание на нивното секојдневно живеење, токму затоа ја поддржуваме иницијативата на Народниот правобранител за отворање на дебата од аспект на остварување на правата на граѓаните за прашања од локална надлежност, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. -Во 2005 година системот на локалната самоуправа се реформираше суштински, а главниот столб на таа реформа беше децентрализацијата на власта. На тој начин би се овозможило подиректно учество на граѓаните во креирањето на локалните услуги, согласно нивните приоритети, но и подиректен притисок над локалните власти за поефикасно, поодговорно и потранспарентно работење., додаде Пенов. Во однос на процесот на децентрализација, министерот за локална самоуправа истакна дека секој процес кој што се гради на претпоставки за подемократски и поинклузивен социо-економски развој на државата и на локалната заедница, прави позитивни промени. Динамиката на процесот зависи од многу околности, од свесноста на граѓаните за нивната улога во локалната заедница и инструментите што им стојат на располагање, од подготвеноста на локалните власти да го поттикнуваат граѓанското учество и да ги вклучуваат граѓаните, од капацитетноста на локално ниво, од финансиските средства со кои што располага, од начинот на нивно планирање и реализирање. -Имајќи ја предвид важноста на сите овие аспекти, за да може општината да одговори на потребите на граѓаните, Министерството за локална самоуправа со голема поддршка од донаторската заедница, од Европската Унија, од швајцарската Влада, од шведската Влада, од УНДП, УСАИД, ОБСЕ и други меѓународни организација, во континуитет спроведува проекти за зајакнување на општинските капацитети. Приоритетот е ставен на механизмите за подемократско и потранспарентно управување со работите од локална надлежност, како и на подобрување и воедначување на квалитетот на јавните услуги. Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за финансии и со УСАИД се работи на подобрување на законската рамка за данокот на имот, како и на зајакнување на капацитетите на општините за поефикасно спроведување на оваа многу важна надлежност, што има директно влијание на финансиските капацитети на општините за обезбедување на локалните услуги., рече министерот. Пенов истакна дека Народниот правобранител има посебна улога во системот на надзор над работата на органите на локалната самоуправа, покрај надлежните министерства, секое во својата област, Државниот инспекторат за локална самоуправа, Државниот завод за ревизија и Уставниот суд. Институцијата Народен правобранител е многу важна алка во овој систем, затоа што своите наоди и препораки ги гради врз основа на претставките кои што доаѓаат директно од граѓаните. -Затоа Извештајот на Народниот правобранител е еден од најрелевантните механизми за констатирање на одредени слабости, кој што треба да им помогне на надлежните органи и институции, вклучително и на општините, да ги отстранат, со цел да се обезбедат услови за целосно остварување на правата на граѓаните. Само преку заеднички, координиран и позитивен пристап на сите надлежни институции, вклучително и на локалната самоуправа може да се коригираат слабостите. Во таа смисла важна е проактивната улога на граѓаните, како и институцијата Народен правобранител која што ги претставува нивните интереси, рече министерот за локална самоуправа Пенов на форумот „Соработката на локалната самоуправа со народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“ во организација на канцеларијата на Народниот правобранител, што денеска се одржа во општина Штип.  

The post Пенов: Работиме на подемократско и потранспарентно управување, како и на подобрување на квалитетот на јавните услуги на локално ниво appeared first on Република.

]]>
Пенов: 26 јули – симбол на човечката истрајност и солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/penov-26-juli-simbol-na-chovechkata-istrajnost-i-solidarnost/ Tue, 25 Jul 2023 13:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=665164

Денеска сочувствуваме, но и се гордееме со подвизите на луѓето кои што во тие тешки денови и во годините потоа покажаа дека  човечноста и разумот се најголемата, непобедлива сила. Дека има времиња во кои што императив е опстанокот и напредокот, и тогаш, секое беспоштедно себе давање не е жртва, напротив, тогаш се раѓаат хероите на своето време и секој повод поврзан со одбележувањето на најтрагичниот настан во поновата историја на Скопје буди измешани емоции, на голема болка, но и на восхит и гордост, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов по повод одбележувањето на 60 годишнината од Скопскиот земјотрес на форумот во организација на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

-Современиците на Скопје од тоа време ни оставија во наследство град кој што има потенцијал да се развива во модерен, функционален, урбан центар, град кој што можеше да биде пример во светот. И е пример за тоа како треба, како не треба и како мора да продолжиме. Одговорноста за нашите животи, за просторот и за условите во кои што живееме, за отпорноста на новите предизвици кои што ќе бидат се поизразени заради брзиот развој, растењето на градовите и климатските промени е само наша. Денеска сочувствуваме, но, благодарение на многуте имени и безимени херои од тоа време, имаме на што и да бидеме горди. Ни оставија наследство кое што не може ниту да се купи ниту да се продаде, зашто е бесценето, наша обврска е да го почитуваме и да го негуваме, истакна министерот.

Пенов додаде дека основањето на ИЗИС, со поддршка на УНЕСКО  во 1965 година, беше гаранција дека Скопје ќе се гради на нови, сигурни темели, со почитување на највисоките светски стандарди.

-Во име на таа победа, вредни се да се споменат првите луѓе на градот кои што во тие времиња на најголеми предизвици, покажаа вонредна посветеност и визионерство. Тогашниот претседател на Собранието на Скопје, Благој Попов, кој што ги организираше спасувањето и обновата на Скопје и градоначалникот во следниот мандат, Драгољуб Ставрев кој што имаше визија и кој што даде огромен придонес во изградбата на модерно Скопје, со поддршка на целата меѓународна заедница, рече Пенов.

Министерот за локална самоуправа се заблагодари на постојаниот претставник на УНДП за поддршката во организацијата на големиот број на настани со меѓународно учество по повод одбележувањето на 60 годишнината од скопскиот земјотрес, притоа истакнувајќи ја светската солидарност.

-Генералното Собрание на ОН едногласно ја усвои Резолуцијата за давање помош за реконструкција на тогаш, скоро целосно разурнатото Скопје. Многу сеизмолози, хидролози, урбанисти и архитекти од целиот свет учествуваа во обновата на Скопје. Тоа не се заборава, а тука се да не потсетат улиците-Хелсиншка, Каирска, Осло, основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, Универзалната сала, Тафталиџе и уште многу други материјални и нематеријални сведоци на денот што не рани, ама не направи и многу посилни, подобри, отворени кон светот и отворени за светот, заклучи министерот за локална самоуправа.

The post Пенов: 26 јули – симбол на човечката истрајност и солидарност appeared first on Република.

]]>

Денеска сочувствуваме, но и се гордееме со подвизите на луѓето кои што во тие тешки денови и во годините потоа покажаа дека  човечноста и разумот се најголемата, непобедлива сила. Дека има времиња во кои што императив е опстанокот и напредокот, и тогаш, секое беспоштедно себе давање не е жртва, напротив, тогаш се раѓаат хероите на своето време и секој повод поврзан со одбележувањето на најтрагичниот настан во поновата историја на Скопје буди измешани емоции, на голема болка, но и на восхит и гордост, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов по повод одбележувањето на 60 годишнината од Скопскиот земјотрес на форумот во организација на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. -Современиците на Скопје од тоа време ни оставија во наследство град кој што има потенцијал да се развива во модерен, функционален, урбан центар, град кој што можеше да биде пример во светот. И е пример за тоа како треба, како не треба и како мора да продолжиме. Одговорноста за нашите животи, за просторот и за условите во кои што живееме, за отпорноста на новите предизвици кои што ќе бидат се поизразени заради брзиот развој, растењето на градовите и климатските промени е само наша. Денеска сочувствуваме, но, благодарение на многуте имени и безимени херои од тоа време, имаме на што и да бидеме горди. Ни оставија наследство кое што не може ниту да се купи ниту да се продаде, зашто е бесценето, наша обврска е да го почитуваме и да го негуваме, истакна министерот. Пенов додаде дека основањето на ИЗИС, со поддршка на УНЕСКО  во 1965 година, беше гаранција дека Скопје ќе се гради на нови, сигурни темели, со почитување на највисоките светски стандарди. -Во име на таа победа, вредни се да се споменат првите луѓе на градот кои што во тие времиња на најголеми предизвици, покажаа вонредна посветеност и визионерство. Тогашниот претседател на Собранието на Скопје, Благој Попов, кој што ги организираше спасувањето и обновата на Скопје и градоначалникот во следниот мандат, Драгољуб Ставрев кој што имаше визија и кој што даде огромен придонес во изградбата на модерно Скопје, со поддршка на целата меѓународна заедница, рече Пенов. Министерот за локална самоуправа се заблагодари на постојаниот претставник на УНДП за поддршката во организацијата на големиот број на настани со меѓународно учество по повод одбележувањето на 60 годишнината од скопскиот земјотрес, притоа истакнувајќи ја светската солидарност. -Генералното Собрание на ОН едногласно ја усвои Резолуцијата за давање помош за реконструкција на тогаш, скоро целосно разурнатото Скопје. Многу сеизмолози, хидролози, урбанисти и архитекти од целиот свет учествуваа во обновата на Скопје. Тоа не се заборава, а тука се да не потсетат улиците-Хелсиншка, Каирска, Осло, основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, Универзалната сала, Тафталиџе и уште многу други материјални и нематеријални сведоци на денот што не рани, ама не направи и многу посилни, подобри, отворени кон светот и отворени за светот, заклучи министерот за локална самоуправа.

The post Пенов: 26 јули – симбол на човечката истрајност и солидарност appeared first on Република.

]]>
Пенов: Фотоволтаици за три училишта и градинка во Чаир, се намалуваат трошоците за електрична енергија преку проектите за прекугранична соработка на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/penov-fotovoltaitsi-za-tri-uchilishta-i-gradinka-vo-chair-se-namaluvaat-troshotsite-za-elektrichna-energija-preku-proektite-za-prekugranichna-sorabotka-na-eu/ Tue, 13 Jun 2023 15:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=650950

Со проектот од Програмата за Прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, општина Чаир ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а заштедите ќе може да ги вложи во подобрување на условите во училиштата, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

-Во општина Чаир се поставени фотоволтаици на 3 основни училишта и на една градинка, а Министерството за локална самоуправа од Европската Унија и од Буџетот на државата обезбеди 212 000 евра за реализација на овој проект. Ова се конкретни придобивки од процесот на интегрирање на нашата земја во Европската Унија, кои што директно ги чувствуваат граѓаните.

Од ИПА фондовите на ЕУ, само преку Програмата за прекугранична соработка  со Косово во вториот програмски период се реализирани 15 проекти во вкупна вредност од 5,4 милиони евра, од кои што 4,2 милиони евра се средства од ЕУ. Останатите 1,2 милиони евра се од Буџетот на Министерството за локална самоуправа, кое што го обезбедува националното кофинансирање.

-Преку ИПА инструментот на Европската Унија се финансираат голем број на проекти во општините, без дополнително да се оптоварат општинските буџети, што е голема придобивка за нас. Со отворањето на преговорите со Унијата ќе се зголемат одговорностите, но и достапните средства за развој на државата и на општините. Ја имаме шансата да направиме историски пресврт за државата и пред се за граѓаните. Нашите граѓани да бидат рамноправни со сите други во Европската Унија, а тоа значи да имаат избор, да работат и да заработуваат подобро, да живеат подобро, додаде Пенов.

The post Пенов: Фотоволтаици за три училишта и градинка во Чаир, се намалуваат трошоците за електрична енергија преку проектите за прекугранична соработка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Со проектот од Програмата за Прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, општина Чаир ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а заштедите ќе може да ги вложи во подобрување на условите во училиштата, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. -Во општина Чаир се поставени фотоволтаици на 3 основни училишта и на една градинка, а Министерството за локална самоуправа од Европската Унија и од Буџетот на државата обезбеди 212 000 евра за реализација на овој проект. Ова се конкретни придобивки од процесот на интегрирање на нашата земја во Европската Унија, кои што директно ги чувствуваат граѓаните. Од ИПА фондовите на ЕУ, само преку Програмата за прекугранична соработка  со Косово во вториот програмски период се реализирани 15 проекти во вкупна вредност од 5,4 милиони евра, од кои што 4,2 милиони евра се средства од ЕУ. Останатите 1,2 милиони евра се од Буџетот на Министерството за локална самоуправа, кое што го обезбедува националното кофинансирање. -Преку ИПА инструментот на Европската Унија се финансираат голем број на проекти во општините, без дополнително да се оптоварат општинските буџети, што е голема придобивка за нас. Со отворањето на преговорите со Унијата ќе се зголемат одговорностите, но и достапните средства за развој на државата и на општините. Ја имаме шансата да направиме историски пресврт за државата и пред се за граѓаните. Нашите граѓани да бидат рамноправни со сите други во Европската Унија, а тоа значи да имаат избор, да работат и да заработуваат подобро, да живеат подобро, додаде Пенов.

The post Пенов: Фотоволтаици за три училишта и градинка во Чаир, се намалуваат трошоците за електрична енергија преку проектите за прекугранична соработка на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Пенов: Данокот на имот е многу важна локална надлежност, има општини кои што покажуваат одлични резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-danokot-na-imot-e-mnogu-vazhna-lokalna-nadlezhnost-ima-opshtini-koi-shto-pokazhuvaat-odlichni-rezultati/ Thu, 18 May 2023 12:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=642292

Колку е важно ангажирањето на локалните власти и на локалната администрација покажува примерот со општина Кавадарци, наплатата на данок на имот ја има зголемено за 100%. Општините Велес, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Илинден, Кавадарци, Кратово, Македонска Каменица, Могила, Свети Николе, Старо Нагоричане, Студеничани, Центар Жупа и Штип,  исто така имаат добри резултати во однос на ажурирањето на податоците, што резултира и со зголемена ефикасност на наплата на даноците, а во општина Арачиново се зајакнуваат капацитетите на организационата единица за администрирање со даноци, со што се исполнети условите за извршување на надлежноста, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на чинот на презентирање на резултатите од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите „Партнерство за поефикасни општини“.

Тој потенцираше дека сите општини вклучени во првата фаза на проектот ја имаат зголемено стапката на наплата на данокот на имот во просек за 34.5%, што придонесува за зголемување на стапката на наплата на сопствените приходи за околу 25%.  

-По алармирањето на некои општини и на градот Скопје дека немаат целосни бази на податоци на даночни обврзници на данок на имот, Министерството за локална самоуправа во соработка со Проектот на УСАИД иницираше конкретни активности за целосна поддршка на општините за подобрување на нивните капацитети за наплата на данокот на имот. Крајно време е да се надминат детските болести. Данокот на имот, наплатата и користењето на средствата во целост е локална надлежност и одговорност. Тоа се пари од граѓаните за граѓаните. Не ја амнестирам централната власт, но, не може одговорностите да се земаат или оставаат според сопствени желби и проценки, рече Пенов.

За таа цел, е формирана посебна работна група со претставници од Министерството за финансии, Министерството за локална самоуправа, Министерството за транспорт и врски, Агенција за катастар на недвижности, Државен завод за ревизија, Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија, ЗЕЛС, град Скопје и општините Илинден и Тетово, која во наредниот период ќе предложи конкретни законски и подзаконски решенија како и начини за размена на податоци меѓу надлежните институции и општините.

- Имаме децентрализиран систем на управување и надлежностите меѓу централното и локалното ниво се споделени. Функционалноста на општините и на градот Скопје има директно влијание на спроведувањето на политиките и на квалитетот на живеење на граѓаните, рече тој.

Пенов посочи дека Владата, со конкретни мерки го подобри системот на финансирање на локалната самоуправа, зголемени се приходите од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок, а со новиот начин на распределба на средствата преку инструментите за перформанси и за еквилизација, се обезбедува поправедна дистрибуција на средствата.   

-Очекувам дека крајот на 2023 година ќе ги покаже ефектите од овие мерки.

Според податоците од 2022 година за приходите на општините, приходите во општинските буџети во најголем дел се од трансферите од централната власт и донации, или 63,9%. Даночните приходи се на ниво од 27,17%. Капиталните приходи се нешто над 4%.Од вкупните приходи, 50% се реализирани во урбаните општини без градот Скопје, 33,26% во Градот Скопје и скопските општини, а само 14,62% во руралните општини., појасни Пенов.

Најмногу даночни приходи, или 51% се остваруваат во градот Скопје со општините, а најмалку во руралните општини, само 8% од вкупните даночни приходи. Споредено со градот Скопје и скопските општини за 6 пати помалку, или во однос на другите урбани општини за 5 пати помалку.

- Разликите произлегуваат од реалните фискални ресурси со кои што располагаат општините, но и од нивниот фискален напор и капацитети за максимално ефектуирање на приходите од данокот на имот.

Активностите кои што ги реализираат Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, во рамките на проектот на УСАИД, веќе покажуваат резултати, рече Пенов.

The post Пенов: Данокот на имот е многу важна локална надлежност, има општини кои што покажуваат одлични резултати appeared first on Република.

Пенов: Ги опремуваме сите противпожарни единици, обезбедена е заштитна опрема и за вработените во ТППЕ во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и во Демир Хисар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-gi-opremuvame-site-protivpozharni-edinitsi-obezbedena-e-zashtitna-oprema-i-za-vrabotenite-vo-tppe-vo-bitola-prilep-resen-krushevo-i-vo-demir-hisar/ Wed, 17 May 2023 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=641766

Преку програмата за прекугранична соработка со Грција, што ја координира Министерството за локална самоуправа се обезбедени скоро 400 000 евра за да се минимизираат ризиците од шумски пожари  и поплави во регионот, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на примопредавањето на опремата за противпожарните единици во Пелагониски плански регион.

Обезбедена целосна заштитна опрема  за вработените во противпожарните единици во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и во Демир Хисар. Проектот е кофинансиран од Буџетот на Министерството за локална самоуправа, за да можат да се искористат на најдобар можен начин средствата од ИПА инструментот на Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Министерството за локална самоуправа преку програмите за прекугранична соработка, но и преку проектите што се имплементираат со Швајцарската Агенција за развој и соработка, веќе имаат набавено противпожарна опрема и за противпожарните единици во Североисточниот, Источниот и во Југоисточниот плански регион кои што покриваат 27 општини, во Врапчиште се гради нова противпожарна станица, а во Струга се воспоставува одржлив систем за известување и превенција од шумски пожари.

-Ги опремуваме сите противпожарни единици, вработените во противпожарните единици секојдневно се соочуваат со високи ризици по здравјето и по животот заради зачувување на безбедноста на нивните сограѓани и нивните имоти. Нивната соодветна опременост значи заштита на нивното здравје и живот и зголемена ефикасност и успешност во справувањето со огнената стихија.

Министерството за локална самоуправа ги кофинансира сите одобрени проекти и за тие да бидат корисни и за општините и за граѓаните.

-Ќе продолжиме со финансирање и кофинансирање на ваков тип на проекти, затоа што Владата, преку своите политики, парите од Буџетот ги реинвестира во граѓаните.  Човечкиот капитал е најважен, а грижата за луѓето и за нивната благосостојба е еден од најважните услови за развој и на општините и на државата, рече Пенов.

The post Пенов: Ги опремуваме сите противпожарни единици, обезбедена е заштитна опрема и за вработените во ТППЕ во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и во Демир Хисар appeared first on Република.

Пенов: Градот на светската солидарност, Скопје, не заборава, да изградиме систем на мерки кои што ќе не направи поотпорни на последиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-gradot-na-svetskata-solidarnost-skopje-ne-zaborava-da-izgradime-sistem-na-merki-koi-shto-ke-ne-napravi-pootporni-na-posleditsite/ Tue, 16 May 2023 12:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=641385

Природните катастрофи најчесто не зависат од нас, но, сите заедно имаме одговорност да градиме систем на мерки кој што нашите држави и локални заедници ќе ги направи поотпорни во однос на последиците, рече министерот на локална самоуправа Ристо Пенов на конференција во организација на УНДП, по повод 60 годинишнината од земјотресот во Скопје.

 -Ако не можеме да влијаеме на причината, сигурно може да влијаеме на минимизирање на последиците. Но, само преку изграден систем на мерки кој што безусловно ќе ги почитуваат сите. Секоја отстапка може да биде платена со човечки живот, а човечкиот живот нема цена. Спомените нека ни бидат поука дека природата знае да биде и безмилосна. Затоа пак, ние, луѓето, треба да бидеме солидарни, благодарни и многу поодговорни, заради нас и за идните генерации кои што еден ден, како и ние сега, ќе раскажуваат што ние направивме за нив.

Според Пенов, разбирливо е Скопје да биде домаќин на еден ваков настан и  на овој начин, уште еднаш, да оддаде признание за огромната помош и поддршка од пред 60 години.

-На 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, само 20 кобни секунди беа причина за 1070 загубени животи во истиот ден, околу 3000 повредени лица, 15 800 срушени домови. За само 20 секунди 85% од објектите во Скопје беа срушени или пак оштетени. Ова не се само бројки,  ова се човечки судбини, чии што семејства и ден денеска со болка се сеќаваат на тој страотен ден, рече тој.

Пенов посочи дека по Резолуцијата на Обединетите Нации, 85 нации од светот учествуваа во директната помош за обнова на Скопје. 

-Со право Скопје го носи епитетот “град на светската солидарност”. Скопје не заборава. Затоа ги имаме улиците, Хелсиншка, Каирска, Осло, основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци .

Скопје, по земјотресот, со голема меѓународна помош, организирана од Обединетите Нации, ја започна својата преродба, во модерен, урбан град.

Пенов посочи дека многу сеизмолози, хидролози, урбанисти и архитекти од целиот свет учествуваа во обновата на Скопје. 

-Од овие професионалци ОН ја формираше и групата задолжена за изработка на новиот урбанистички план на Скопје. Направено е многу. Денеска Скопје е навистина убав и модерен град, на кој му е потребна поголема грижа и посветеност од сите, од надлежните институциите и од граѓаните.

The post Пенов: Градот на светската солидарност, Скопје, не заборава, да изградиме систем на мерки кои што ќе не направи поотпорни на последиците appeared first on Република.

Со отвора новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-otvora-novata-ipa-3-programa-za-finansirane-na-proekti-za-prekugranichna-sorabotka-so-grtsija-vo-vrednost-od-33-milioni-evra/ Fri, 03 Feb 2023 11:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=604267

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и посебниот секретар на Грција за територијална соработка и структурни фондови на ЕУ, Георгиос Зервос, денеска во Солун ја отворија новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, во вредност од 33 милиони евра.

На првиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет за спроведување на новата Програмата меѓу двете земји, беше изразено задоволство од резултатите остварени во вториот програмски период, во кој што се финансирани 62 проекти, со очекување искористеноста на средствата од Европската Унија да продолжи да се зголемува.              

- Оваа програма е многу значајна за Македонија и за Министерството за локална самоуправа затоа што општините, но и институциите и граѓанските организации можат директно да аплицираат за средства од ИПА инструментот на ЕУ и да обезбедат финансирање на важни проекти во општините. Министерството ќе продолжи да работи на зајакнување на своите и на капацитетите на општините за целосна апсорпција  на расположливите средства од ЕУ, рече министерот Пенов.

Министерот за локална самоуправа истакна дека соработката меѓу двете земји  преку ИПА инструментот е важна затоа што во процесот на интегрирање на државата во ЕУ, голем показател за подготвеноста на институциите е и капацитетноста за користење на средствата од ИПА инструментот.

Министерот Пенов изрази очекување дека врз основа на научените лекции, во третиот програмски период ќе се достигне ниво на целосна  апсорбција на средствата и ќе се реализираат проекти кои што ќе ги подобрат условите за живеење на граѓаните во пограничниот регион.

-Во оваа прилика сакам да го поздравам напредокот на работите за изградба на граничниот премин Маркова Нога. Преспа има голема симболика за нашите земји, Македонија и Грција, но овој граничен премин има и голема практична вредност за полесна комуникација на жителите, што ќе придонесе и за развојот на микрорегионот.

The post Со отвора новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра appeared first on Република.

Изборот на Пенов за министер и денеска во Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izborot-na-penov-za-minister-i-deneska-vo-sobranie/ Fri, 28 Oct 2022 07:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=566624

Во Собранието денеска треба да продолжи 88. седница на која ќе се расправа за изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и за изборот на уставните судии.

Предлогот Пенов да биде министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Премиерот Димитар Ковачевски во вторникот од собраниската говорница рече дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво.

Станува збор за значаен ресор за нашите општини кои за една година гледаме дека се наоѓаат во проблеми кои ги водат неспособни градоначалници. Предлагам вистински човек, на вистинско место, во вистинско време. Господинот Ристо Пенов е синоним за успешен градоначалник, за макотрпна работа, за резултати и успех. Тој е потврда за скромност, чесност и работливост. Тој е човек кој интерира, соработува и има визија. За него најдобро говорат капиталните проекти во Скопје, улиците, мостовите, инфраструктурата, километрите нови патишта, тротоари, нови плоштади, поддршка на локалните бизниси и на културата – рече Ковачевски.

Изминатите денови, опозицијата и власта излегоа со спротиставени ставови.Според првите, власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да им помогне на граѓаните таа предлага нов министер, за кој не веруваат дека е добро решение. За пратениците од владејачките партии, Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници.

На денешната седница како втора точка е изборот на двајца уставни судии за кои дебатата заврши и треба само да се гласа. Вчера, претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со новинарите, одговарајќи на прашање дали досега имало ваков случај на пленарна седница да се стави точка за која дебатата не е завршена во собраниската комисија, рече дека за кандидатите за уставни судии се гласа поединечно, но и дека во 2012 година за Буџетот извештајот од комисиската седница го потпишало мнозинството.

Оваа седница, на која на дневен ред се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза и законите за здруженија и фондации и за политичките партии, според Џафери, би требало да продолжи од понеделник.

The post Изборот на Пенов за министер и денеска во Собрание appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска треба да продолжи 88. седница на која ќе се расправа за изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и за изборот на уставните судии. Предлогот Пенов да биде министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини. Премиерот Димитар Ковачевски во вторникот од собраниската говорница рече дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво.
Станува збор за значаен ресор за нашите општини кои за една година гледаме дека се наоѓаат во проблеми кои ги водат неспособни градоначалници. Предлагам вистински човек, на вистинско место, во вистинско време. Господинот Ристо Пенов е синоним за успешен градоначалник, за макотрпна работа, за резултати и успех. Тој е потврда за скромност, чесност и работливост. Тој е човек кој интерира, соработува и има визија. За него најдобро говорат капиталните проекти во Скопје, улиците, мостовите, инфраструктурата, километрите нови патишта, тротоари, нови плоштади, поддршка на локалните бизниси и на културата – рече Ковачевски.
Изминатите денови, опозицијата и власта излегоа со спротиставени ставови.Според првите, власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да им помогне на граѓаните таа предлага нов министер, за кој не веруваат дека е добро решение. За пратениците од владејачките партии, Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници. На денешната седница како втора точка е изборот на двајца уставни судии за кои дебатата заврши и треба само да се гласа. Вчера, претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со новинарите, одговарајќи на прашање дали досега имало ваков случај на пленарна седница да се стави точка за која дебатата не е завршена во собраниската комисија, рече дека за кандидатите за уставни судии се гласа поединечно, но и дека во 2012 година за Буџетот извештајот од комисиската седница го потпишало мнозинството. Оваа седница, на која на дневен ред се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза и законите за здруженија и фондации и за политичките партии, според Џафери, би требало да продолжи од понеделник.

The post Изборот на Пенов за министер и денеска во Собрание appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Пенов ќе остане запаметен и како градоначалникот кој направи булевар кој завршува во куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-penov-kje-ostane-zapameten-i-kako-gradonachalnikot-koj-napravi-bulevar-koj-zavrshuva-vo-kukja/ Mon, 17 Oct 2022 10:32:44 +0000 https://republika.mk/?p=562015

Владата тоне сѐ подлабоко, бекатон политичарот Ристо Пенов не е нов лик, туку човек од транзицијата, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттаму посочуваат дека тој ќе остане запаметен како градоначалникот во чие време беше целосно распродаден имотот на скопјани.

Во време на Пенов се прави најголемиот грабеж во Скопје, се приватизираат Топлификација, Скопски пазар, Градски аптеки, ГТЦ. Пенов како градоначалник ја извади коцката од Плоштад и постави босански плочки кои набргу потоа се искршија. Во време на Пенов поради неквалитетна изведба се оштети Камени мост, од каде во 2002 во Вардар падна Стражарската кула.Ристо Пенов ќе остане запаметен и како градоначалникот кој направи булевар кој завршува во куќа, што е случај со Водњанска, која е една од најтесните грла во Скопје. Пенов не е политичар со кој СДС може да се пофали, но во очај и неспособност, и него се трудат да го претстават како нов лик. За нивна жал, скопјани не забораваат, наведено е во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Пенов ќе остане запаметен и како градоначалникот кој направи булевар кој завршува во куќа appeared first on Република.

]]>

Владата тоне сѐ подлабоко, бекатон политичарот Ристо Пенов не е нов лик, туку човек од транзицијата, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Оттаму посочуваат дека тој ќе остане запаметен како градоначалникот во чие време беше целосно распродаден имотот на скопјани.