пенкала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penkala/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Nov 2022 15:43:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пенкала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penkala/ 32 32 Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/insulin-pak-nema-dijabeticharite-solidarno-si-delat-penkala/ Mon, 14 Nov 2022 15:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=573771

Едни на други си даваат инсулински пенкала. Вака граѓаните со дијабет се снаоѓаат кога нема терапии во аптеките, како што е случај периодов. На годинешното одбележување на Светскиот ден за борба против дијабетот пациентите велат оти дополнителен проблем се термините за преглед на Ендокринологија, оти ги нема, а низ центрите во внатрешноста нема ниту лекари специјалисти во ова поле. Освен на време да има инсулин за сите пациенти, тие бараат државата стратешки да се бори против дијабетот оти се поголем број на деца стануваат пациенти.

Од Асоцијацијата за детски дијабетес потсетија дека повеќе од пет години бараат и чекаат државата да набави сензори за безболно мерење на гликоза во крвта кај децата, што инаку освен маката апаратот да се најде од странство, трошокот годишно е околу 1500 евра.

Според Институтот за јавно здравје, во Македонија, до 2021 година, регистрирани се вкупно 172.949 пациенти со дијагноза шеќерна болест, што укажува дека секој десетти граѓанин боледува од ова сериозно заболување. Само во 2021 година, бројот на новорегистрирани болни со дијабетес изнесувал 7.460 случаи. Според СЗО, во моментов околу 422 милиони луѓе ширум светот боледуваат од шеќерна болест, а секоја година речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво му се препишуваат токму на дијабетесот

Расте бројот на лица што имаат шеќерна болест, не само во земјава туку и на светско ниво. Тоа се должи на животниот стил на светското население и на лошите навики во исхраната, како и на слабата физичка активност.

Но, како што предупредуваат лекарите, бројката е многу поголема, оти има граѓани што ја занемаруваат оваа болест. Дијабетесот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостиг или нарушена секреција на инсулин од панкреасот.

Ризик-фактори за оваа болест се прекумерната тежина, слабата физичка активност и затоа неопходно е да се засили скринингот, но и да се подобрат дијагностичките капацитети. Да се подобри и пристапот до нови иновативни лекови.

The post Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ appeared first on Република.

]]>

Едни на други си даваат инсулински пенкала. Вака граѓаните со дијабет се снаоѓаат кога нема терапии во аптеките, како што е случај периодов. На годинешното одбележување на Светскиот ден за борба против дијабетот пациентите велат оти дополнителен проблем се термините за преглед на Ендокринологија, оти ги нема, а низ центрите во внатрешноста нема ниту лекари специјалисти во ова поле. Освен на време да има инсулин за сите пациенти, тие бараат државата стратешки да се бори против дијабетот оти се поголем број на деца стануваат пациенти. Од Асоцијацијата за детски дијабетес потсетија дека повеќе од пет години бараат и чекаат државата да набави сензори за безболно мерење на гликоза во крвта кај децата, што инаку освен маката апаратот да се најде од странство, трошокот годишно е околу 1500 евра. Според Институтот за јавно здравје, во Македонија, до 2021 година, регистрирани се вкупно 172.949 пациенти со дијагноза шеќерна болест, што укажува дека секој десетти граѓанин боледува од ова сериозно заболување. Само во 2021 година, бројот на новорегистрирани болни со дијабетес изнесувал 7.460 случаи. Според СЗО, во моментов околу 422 милиони луѓе ширум светот боледуваат од шеќерна болест, а секоја година речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво му се препишуваат токму на дијабетесот Расте бројот на лица што имаат шеќерна болест, не само во земјава туку и на светско ниво. Тоа се должи на животниот стил на светското население и на лошите навики во исхраната, како и на слабата физичка активност. Но, како што предупредуваат лекарите, бројката е многу поголема, оти има граѓани што ја занемаруваат оваа болест. Дијабетесот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостиг или нарушена секреција на инсулин од панкреасот. Ризик-фактори за оваа болест се прекумерната тежина, слабата физичка активност и затоа неопходно е да се засили скринингот, но и да се подобрат дијагностичките капацитети. Да се подобри и пристапот до нови иновативни лекови.

The post Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ appeared first on Република.

]]>