Пенелопе Круз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penelope-kruz/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Sep 2022 10:09:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пенелопе Круз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/penelope-kruz/ 32 32 Најновиот филм на Бандерас и Пенелопе Круз „Официјална конкуренција“ утре на Скопје филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/najnoviot-film-na-banderas-i-penelope-kruz-oficijalna-konkurencija-utre-na-skopje-film-festival/ Thu, 15 Sep 2022 10:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=550995

Програмата на 25 –тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал утре (петок, 16 септември) продолжува со филмовите „Официјална конкуренција“ и „Соколово езеро“. Проекциите се одржуваат во Кинотека на Македонија со почеток од 20 и 22 часот. Двата филма се дел од Програмата на светски филм.

„Официјална конкуренција“ е шпанско – аргентинска продукција од 2021 година, станува збор за сатиричната комедија на аргентинските режисери Гастон Дупрат и Мариано Кон и е приказ на креирање филм, брилијантно одигран од Антонио Бандерас и Пенелопе Круз, две икони на шпанскиот филм. Филмот нуди интелигентен увид во суетите и илузиите на филмскиот бизнис. Бизнисмен милијардер, кој е во потрага по слава и општествен престиж, решава да сними уникатен, невиден филм дотогаш. За таа цел ги ангажира најдобрите: ѕвездена екипа составена од многу познат режисер и двајца популарни актери кои не само што се исклучително талентирани, туку имаат и огромно его. И двајцата се легенди, но не се најдобри пријатели. Сочинуваат брилијантен тим што не може да работи заедно. Режисерите Дупрат и Кон прават безмилосна сатира користејќи ги овие ликови, нивниот однос и ситуациите во коишто се наоѓаат за да потенцираат колку е комична филмската индустрија и притоа сурово ја исмеваат.

„Соколово езеро“ (2022) е дебитантскиот долгометражен филм на Шарлот ле Бон е чувствителна, прекрасно снимена и одиграна приказна за созревањето. Филмот е впечатливо дело што постојано ги поткопува и превртува очекувањата од овој жанр на филм, со траги на натприродно, а сепак вешто ја контролира границата меѓу слаткото и страшното. Мешајќи злокобност и веселост, меланхолија и магија, и волшебната хемија меѓу двајцата млади глумци, филмот „Соколово Езеро“ останува долго во мислите.

Освен филмовите, публиката на Скопје филм фестивал во галеријата на Кинотеката има можност да погледне изложбата на плакати од изминативе 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999), и други.

 

The post Најновиот филм на Бандерас и Пенелопе Круз „Официјална конкуренција“ утре на Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Програмата на 25 –тото јубилејно издание на Скопје филм фестивал утре (петок, 16 септември) продолжува со филмовите „Официјална конкуренција“ и „Соколово езеро“. Проекциите се одржуваат во Кинотека на Македонија со почеток од 20 и 22 часот. Двата филма се дел од Програмата на светски филм. „Официјална конкуренција“ е шпанско – аргентинска продукција од 2021 година, станува збор за сатиричната комедија на аргентинските режисери Гастон Дупрат и Мариано Кон и е приказ на креирање филм, брилијантно одигран од Антонио Бандерас и Пенелопе Круз, две икони на шпанскиот филм. Филмот нуди интелигентен увид во суетите и илузиите на филмскиот бизнис. Бизнисмен милијардер, кој е во потрага по слава и општествен престиж, решава да сними уникатен, невиден филм дотогаш. За таа цел ги ангажира најдобрите: ѕвездена екипа составена од многу познат режисер и двајца популарни актери кои не само што се исклучително талентирани, туку имаат и огромно его. И двајцата се легенди, но не се најдобри пријатели. Сочинуваат брилијантен тим што не може да работи заедно. Режисерите Дупрат и Кон прават безмилосна сатира користејќи ги овие ликови, нивниот однос и ситуациите во коишто се наоѓаат за да потенцираат колку е комична филмската индустрија и притоа сурово ја исмеваат. „Соколово езеро“ (2022) е дебитантскиот долгометражен филм на Шарлот ле Бон е чувствителна, прекрасно снимена и одиграна приказна за созревањето. Филмот е впечатливо дело што постојано ги поткопува и превртува очекувањата од овој жанр на филм, со траги на натприродно, а сепак вешто ја контролира границата меѓу слаткото и страшното. Мешајќи злокобност и веселост, меланхолија и магија, и волшебната хемија меѓу двајцата млади глумци, филмот „Соколово Езеро“ останува долго во мислите. Освен филмовите, публиката на Скопје филм фестивал во галеријата на Кинотеката има можност да погледне изложбата на плакати од изминативе 25 години на фестивалот, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999), и други.  

The post Најновиот филм на Бандерас и Пенелопе Круз „Официјална конкуренција“ утре на Скопје филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Пенелопе Круз ја доби шпанската Национална филмска награда https://arhiva3.republika.mk/scena/film/penelope-kruz-ja-dobi-shpanskata-nacionalna-filmska-nagrada/ Wed, 08 Jun 2022 10:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=512601

Пенелопе Круз ја доби Националната филмска награда на Шпанија за 2022 година, соопшти тамошното Министерство за култура и спорт.

Како што е наведено на официјалната интернет-страница, „жирито едногласно ја наградило глумицата за достигнувањата во 2021 година, кои се додадени на сѐ она што го постигнала во нејзината кариера“.

Покрај тоа, Пенелопе Круз е првата Шпанка која ја добила наградата за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Венеција за нејзината улога во филмот „Madres Paralelas“ на Педро Алмодовар. Номинирана е и за четири „Оскари“ низ годините досега.

Со својот огромен талент и извонредните изведби, Пенелопе Круз со десетлетија ја сместува нашата култура на врвот, обjави жирито на Твитер.

Националната филмска награда на Шпанија се доделува секоја година за севкупен придонес во шпанската филмска индустрија.

The post Пенелопе Круз ја доби шпанската Национална филмска награда appeared first on Република.

]]>

Пенелопе Круз ја доби Националната филмска награда на Шпанија за 2022 година, соопшти тамошното Министерство за култура и спорт. Како што е наведено на официјалната интернет-страница, „жирито едногласно ја наградило глумицата за достигнувањата во 2021 година, кои се додадени на сѐ она што го постигнала во нејзината кариера“. Покрај тоа, Пенелопе Круз е првата Шпанка која ја добила наградата за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Венеција за нејзината улога во филмот „Madres Paralelas“ на Педро Алмодовар. Номинирана е и за четири „Оскари“ низ годините досега.
Со својот огромен талент и извонредните изведби, Пенелопе Круз со десетлетија ја сместува нашата култура на врвот, обjави жирито на Твитер.
Националната филмска награда на Шпанија се доделува секоја година за севкупен придонес во шпанската филмска индустрија.

The post Пенелопе Круз ја доби шпанската Национална филмска награда appeared first on Република.

]]>