Пендаровски дебата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pendarovski-debata/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 17:25:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пендаровски дебата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pendarovski-debata/ 32 32 Дебатата на МТВ никогаш не беше договорена меѓу двата кандидати, тврдат од тимот на Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/debatata-na-mtv-nikogash-ne-beshe-dogovorena-megu-dvata-kandidati-tvrdat-od-timot-na-pendarovski/ Thu, 02 May 2024 16:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=773542

Од СДСМ се обидоа да го оправдаат Стево Пендаровски за отсуството од претседателската дебата на МТВ со противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Откако Силјановска Давкова објави на социјалните мрежи дека дебатира „со празно столче“, од СДСМ настојуваат вината за нереализираната дебата на двајцата противкандидати во вториот круг од претседателските избори ја префрлат врз националниот сервис.

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ, стои во писменото соопштение кое тимот за комуникации на Стево Пендаровски го испрати до медиумите.

Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни.

И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка.

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и попладнево во скопски Центар се осврна на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ.

Пендаровски порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

Знаете дека до сега имаше три дуели меѓу мене и госпоѓата Давкова и се разбира и останатите кандидати во првиот круг и сега попладнево со партискиот сервис МТВ, кој сите ние го плаќаме, организирале дебата во која госпоѓата дебатира самата со себе и како што велат празно столче од другата страна. Знаете зошто го велат тоа? Прво, да ви кажам, дека договор за термин немаше. Последна дебата која е договорена, од трите во вториот круг, ќе биде на шести на Канал 5, а ова мораа да го направат, затоа што е тоа единствен начин Гордана Силјановска - Давкова да излезе како победник во дуел“ порача Пендаровски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ne-se-pojavil-na-debatata-na-natsionalniot-servis-mtv/

The post Дебатата на МТВ никогаш не беше договорена меѓу двата кандидати, тврдат од тимот на Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Од СДСМ се обидоа да го оправдаат Стево Пендаровски за отсуството од претседателската дебата на МТВ со противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова. Откако Силјановска Давкова објави на социјалните мрежи дека дебатира „со празно столче“, од СДСМ настојуваат вината за нереализираната дебата на двајцата противкандидати во вториот круг од претседателските избори ја префрлат врз националниот сервис.

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ, стои во писменото соопштение кое тимот за комуникации на Стево Пендаровски го испрати до медиумите.

Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни.

И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка.
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и попладнево во скопски Центар се осврна на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. Пендаровски порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.